Professional Documents
Culture Documents
Тропар, гл. 8
Имајќи ја светската слава си го оставил светот
"НЕВИДЛИВИОТ" ОД СВЕТИИТЕ
Чудни луѓе се монасите. Попрво, тие не се обични земни луѓе, туку надземни,
кои светлината на својата душа смерно ја кријат под темното одејание. (...)
За светата личност за која се дрзнувам да пишувам, не сум достоен ниту да помислам, а јас
дури и неговото име го носам и го сквернам. Го молам светителот да ми прости, но и да ме
благослови и да ми ја просветли мислата успешно да го завршам пишувањето на ова
негово кратко житие како еден мој најмал дар и благодарност кон него.
Потекнуваме од ист град, па дури и од исто маало, а јас, за жал, не го паметам. Знам дека
кога се воцрковив и кога почнав редовно да одам на црква, да читам духовна литература,
да постам и да се молам, ме споредуваа со некој си Мијалче, а воопшто не знаев дека тој
Мијалче, всушност, е отец Гаврил Светогорецот и дека еден ден ќе се удостојам од Господ
да бидам наследник на неговото име (дај Боже и на начинот на неговиот свет живот, ама
далеку сум јас од тоа).
За него имам слушано уште од моите родители и првите соседи што го познаваа. Ми
раскажуваа дека една година кога дошол во својата родна куќа, ја забележал нашата
детска љубопитност и нѐ викнал кај него дома заедно со другарчето, ни дал бонбончиња и
ни зборувал. Така неколку дена, а потоа заминал и не се вратил повеќе. На моја радост или
жал, тоа е мојата единствена средба со овој свет човек, кој ни бил блиску, а толку далеку.
Во светот
Основно образование, а потоа и гимназија завршил во родниот град. Уште како млад се
одликувал со посебна кротост и послушност. Отсекогаш бил мирен и повлечен, но
истовремено и напреден и современ. Во Штип тој го имал првото популарно фиќо. Од 1944
година бил учесник во НОВ. Во својата единица бил на должност писар, како строго
доверливо лице. Поради големата ревност во службата и примерното однесување бил
предложен и за прием во КПЈ, но поради тоа што „одел во црква”, изостанало примањето
во членство. Се стекнал со чин водник и бил одликуван со орден „Заслуги за народот“.
Во 1960 година се преселил во Скопје и таму доста успешно работел како самостоен
уметник. За време на траењето на студиите и педагошката активност, двапати престојувал
во странство. Најпрво како студент во втора година бил на научен престој во Париз, а потоа
(1959 г.), со група просветни работници бил на светска уметничка изложба во Брисел.
Познатиот штипски уметник, Тодор Максимов, за делата на Мијалче Парнаџиев ќе рече
дека се вистински ремек-дела. Често Максимов го посетувал отец Гаврил и во Лесновскиот
манастир. Но тогаш отец Гаврил повеќе не покажувал никаков интерес за вајарството и за
уметноста воопшто, туку целосно се имал предадено на монашкиот живот.
На Света Гора
Он нас нѐ љуби силно, бидејќи сме Негов род. Иако ние секој час се откажуваме од Бога,
Вo 1963 година го оставил светот и светската служба и заминал со сиот свој живот да Му
служи единствено на Бог. Заминал на Света Гора Атонска. За неговиот престој таму
директно добил благослов од игуманијата на Света Гора – Пресвета Богородица. Се
раскажува дека кога стигнал во монашката држава, дошол на брегот на Белото море и
сакал да се измие. Тогаш здогледал една Жена, Која умилно го гледала. По некое време,
Жената како што дошла така и заминала. Размислил и заклучил дека тоа била Пресвета
Богородица, бидејќи пристапот на жени на Света Гора е строго забранет. Тоа го охрабрило
во неговиот понатамошен подвиг.
На Света Гора му рекле дека може да остане во српскиот манастир Хиландар, кој ужива
статус на автономна српска територија под закрила на Света Гора. Се споменуваат две
случки, кога во две различни прилики сакале да го протераат од Света Гора. Во едниот
случај влегол во една пештера, кадешто еден пајак исплел толку голема пајажина што
гонителите не го виделе, а во другиот случај, пак, го заштитиле змии.
Ги посетил сите манастири на Света Гора, а најмногу се задржал во рускиот скит „Камена“.
Таму се подвизувал во една пештера како послушник на 84-годишниот руски монах, отец
Татјан Иванов,кој тешко се разболел, па отец Гаврил морал да го однесе во матичниот
манастир Свети Пантелејмон. Таму, во манастирската болница, по околу два месеца, отец
Татјан се упокоил во Господ, а скитот го наследил монахот Гаврил.
На Литургија и Причест најчесто одел во манастирите Хиландар и Свети Павле, каде што
поради неговиот исклучителен тивок карактер го добил називот „Невидливиот“, затоа што
ниту го гледале кога доаѓа, ниту кога си заминува; единствено можеле да го видат кога
пристапувал да се причести со светите и спасоносни животворни Тајни Христови. Бил
замонашен во грчкиот манастир Свети апостол Павле со монашко име Гаврил, по големиот
небесен војсководец и архистратиг Гаврил.
Целото време додека престојувал на Света Гора избегнувал контакти со луѓе. Сметал дека
зближувањето со Бог најдобро може да се оствари преку оддалечување од луѓето.
Меѓутоа, неговиот престој таму не траел долго. Неговото барање да му се даде грчко
државјанство, услов за останување засекогаш на Света Гора, не му било одобрено, па затоа
морал да се врати во својата родна земја.
Кога ќе фател некоја болва, не ја убивал. Ја пуштал во природата и само ќе речел: „Сѐ што
дишенека Го фали Господа“, иако целото негово тело било изнарането од убодите на болви.
Држел најстрог пост. Никогаш не јадел јадења со масло, а јадел само по една просфора во
седмицата. Во празничните денови, од послушание кон црковните правила, само го
топнувал прстот во кандилото и го оближувал. Покрај тоа, за да биде неговиот подвиг уште
поголем, а и како што самиот кажувал, за „постојано да се потсетува на Господ и да Му
благодари“, на панталоните, на монашкиот појас, кој постојано го носел, и на чевлите
одоздола си зашил ситни камчиња. За овој негов подвиг се дознало дури по неговото
упокојување. Никогаш не користел греење и сијалица.
Иако многу строго постел и бил многу слаб, поседувал голема виталност и енергија. Никако
не сакал да се вози во автомобил, па затоа најчесто одел пеш. Одел многу брзо. Одел пеш
од манастирот до Пробиштип, Злетово, па и до Штип, кој е оддалечен од Лесново околу
четириесетина километри. Се зборува дека ангели му помагале полесно да ги совладува
овие далечини. Така, во еден случај, еден свештеник од Струмица го пресретнал долу во
Злетово и му понудил да влезе во колата за да не се мачи да се качува пеш. Отец Гаврил
одбил и заминал пеш преку гората. Кога свештеникот пристигнал во манастирот, се
вчудовидел кога го видел отец Гаврил како стои пред портите и го пречекува.
Близу до пештерата каде што се подвизувал имало една полјана. Еден ден, на полјаната си
играле коњи, кои биле гласни и му пречеле во молитвата. Не издржал, па излегол и ги
изгонил. Но кога се вратил, во ќелијата здогледал змија. Си рекол: „Така ти е, Гавриле. Ти
пречеа коњите, сега Господ ти испрати змија. Не ја гони и ќе живееш со неа“. Така и
направил. (Јас мислам дека Оваа случка е од света гора)
Искушенија
Бидејќи живеел во време на антитеизам, често бил изложуван на искушенија од
световните луѓе кои не ја почитувале светоста на Православната вера и манастирот. Така,
еднаш една просветна работничка сакала да организира световен концерт во манастирот,
на што отец Гаврил не се согласувал. Но, поради нејзината упорност и настојчиви молби,
тој се повлекол и отишол на молитва. Само што се наместила бината и почнала
приредбата, се излеал обилен дожд и сите се распрснале. И уште многу други слични
примери.
Целосно бил посветен на работата за обнова на конаците. Бидејќи било атеистичко време,
некои знаеле и да го потценуваат и да се подбиваат со отецот, па му ги попречувале
работите. Поради тоа, често морал лично да оди во Малешевијата и да приговара, а морал
и таму да преноќува. Во еден таков случај, било зима и било доста ладно. Дошол во
фабриката, ама немало никој. Имало фудбалски натпревар и сите работници биле во
просторијата со телевизорот. Бидејќи не го интересирало тоа, морал да ги почека во
работилницата. Било доста студено. Одеднаш, само од себе се запалила печката, толку
силно што кога се вратиле работниците, го пофалиле дека се сетил да го запали за да им
биде топло, но тој знаел дека огнот не е од него, туку дека Господ му го дал како утеха.
Кога почнал со работа околу манастирот, немал пари. Но Самиот Господ ги праќал луѓето
да донираат и да помагат, па дури и чуда правел за да му помогне. Се зборува дека иако
постојано трошел пари за материјали, неговото конто во банката не се намалувало. На кој
начин, само Господ знаел.
– обнова на монаштвото;
Имал воспоставено односи со многу значајни личности од светот, меѓу кои и британската и
шведската кралица. Имал лични контакти и со тогашниот американски претседател Роналд
Реган, британскиот дипломат Маргарет Тачер и многу други. Неговата преподобност била
почитувана и надвор од нашата Црква. За тоа сведочат многумина, а посебно впечатливо е
сведоштвото на блаженоупокоениот Патријарх Српски Павле, кога од просториите на
Патријаршијата во Белград го здогледал отец Гаврил, па ги извикал сите да дојдат до
прозорецот, со зборовите: „Дојдете да видите светител како оди на земјата!“
Пред да дојде на Света Гора, Српската Православна Црква сакала да го направи нејзин
владика, а бил многу близок и со отец Емилијан Симонопетриски, кој во тоа време бил
игумен на Метеорите. Тој сакал да го задржи отец Гаврил како игумен на еден од
тамошните манастири, а подоцна го барале за игумен и на скитот Свети Харитон
Исповедник во Ерусалим.
Благодатни дарови
Исто така, додека биле во манастирот на Матка, им се случило следното искушение. Рано
наутро, околу два часот по полноќ, според светогорскиот обичај, отец Гаврил и отец Кирил
служеле Божја служба во храмот. Штом излегле од храмот по молитвениот труд, дошла
полиција со цел да ги протера од манастирот. Отец Гаврил стоел со бројаницата додека
полицајците настојувале да го напуштат манастирот. „Излегувајте од манастирот, бргу
соберете си ги работите и да ве нема“, биле нивните зборови. А отец Кирил на тоа рекол:
„Добро, манастирот е за монасите, како вие нè протерувате, па ние го чуваме
манастирот...“ „Ма, да не ве гледаме, излегувајте!“ И едниот полицаец го подбутнал отец
Кирил, а тој паднал на земјата и просолзил. Отец Гаврил само молчел и со наведната глава
се молел. „Утре повторно ќе дојдеме и да не ве најдеме тука“, порачале полицајците и си
заминале.
Меѓутоа, ноќта толку многу наврнало снег, што целиот град Скопје бил блокиран и никој не
одел на работа, ни децата не отишле на училиште, туку сите го чистеле снегот по улиците. А
отец Кирил му рекол на отец Гаврил: „Гавриле, гледаш ли, мојата солза не падна напразно.
Ајде сега нека дојдат да нè прогонат“. Но, гледајќи ја Божјата промисла во сѐ, тие го
напуштиле манастирот и водени од Божјата грижа и заштита, се населиле во манастирот
Свети Гаврил Лесновски, многу славен манастир, изграден од преподобниот Гаврил во 11
век.
Имал голема љубов кон верниот народ. Често ги собирал луѓето за големите празници и им
држел сеноќни бденија. Бил строг кон себе, а благ кон другите. Сите ги поучувал на
кротост, љубов, долготрпеливост, самопожртвуваност, ревност за Бог, вера, молитва. Ги
поучувал какви треба да бидат како христијани во општеството за достоинствено да Го
сведочат Христос преку своите однесување, облекување, говор и дела. Младите ги
поттикнувал да учат и да завршат што повисоки школи. Родителите ги поучувал да ги
воспитуваат децата во православен дух, а Старите што повеќе да одат на црква и со себе да
ги носат и внуците. Дејствувал според зборовите на свети апостол Павле: „За сите станав
сè, та по каков и да било начин да спасам некого“ (1. Кор. 9, 22).
Чуда
Отец Гаврил се удостоил уште за време на овој живот да биде носител на благодатта на
Светиот Дух и сведок Божји. Покрај многуте дарови што ги поседувал, Себлагиот Бог му го
дал и дарот на чудотворство и исцеление преку молитвата. Има многубројни примери за
чудотворноста на неговата молитва. Ќе споменеме само некои од нив.
Внукот на едно негово духовно чедо бил многу болен и требало да замине на тешка
операција, за која докторите не гарантирале дека ќе остане жив. Во тие тешки моменти на
тага, духовното чедо заборавило на својот духовен отец, но пред самиот ден на
операцијата, во крајно бунило, добила просветлувачка помисла да отиде кај дедо Гаврил
(како што многумина го нарекувале) и веднаш тргнала. Пред портите ја дочекал отец
Гаврил со зборовите: „Оди си дома, твојот внук е здрав“. И кога се вратила дома, ѝ кажале
за чудесното исцеление на нејзиниот внук, на што многу се чуделе и самите лекари.
Исто така, едно дете сѐ уште е жив сведок дека по молитвите на отец Гаврил неговиот јазик
се ослободил и тој почнал да зборува. Тоа дете, по име Ѓорѓи, од едно струмичко село, не
можело да зборува, па неговите родители честопати го носеле кај отец Гаврил за да се
помоли за него. Еднаш, кога го однеле кај него за време на Вечерната служба, тој го однел
детето во храмот и му прочитал молитви. Наредниот ден отец Гаврил служел Света
Литургија и цело време се молел за детето. Откако се причестило и откако завршила
Литургијата, детето ги подигнало рацете нагоре и рекло: „Мамо!“ Сите присутни во храмот
се израдувале и зачудиле, и Му оддале слава на Бог, Кој прави чуда преку Своите
служители.
Во манастирот се наоѓа и една чудотворна икона на Пресвета Богородица. Поточна, тоа е
фреската на задниот јужен столб во црквата. Пред неа се молел за еден свој близок кој
многу пиел. Ја молел Пресветата да му даде знак дека му ги простува гревовите. Одеднаш
се појавил пламен од фреската, чии траги и денес се видливи.
Преподобниот бил многу милостив и човекољубив кон ближните. Еднаш, дошло некое
семејство со трчање и во паника, бидејќи некоја кола го удрила нивниот син. Тогаш отец
Гаврил влегол во храмот, веднаш започнал да се моли и подолго време не излегол. Кога
излегол, им рекол: „Одете, детето ќе биде дома здраво и живо. Ама тоа е, сте работеле во
недела. Внимавајте на неделата и богослужбата. Работевте ли денес?“ Тогаш тие му
одговориле: „Работевме, работевме…“ „Е па, другпат нема да работите во недела“ – им
одговорил отецот.
Потоа, долго време немало дожд во Лесново, па селаните дошле да го замолат отец Гаврил
да Му се помоли на Бог за да им испрати дожд. „Дојдете, ајде, сите да се молиме на Бог…“,
им рекол, и среде молитва, за чудо и радост на сите, започнало да врне дожд. Селаните
започнале да му благодарат за молитвите, а отец Гаврил скромно им се обратил со
зборовите: „Никогаш не си ги препишувајте чудата на себе… Не сум тоа јас… Манастирот е
чудотворен и свет, а и тие што доаѓаат добиваат исцеление!”(Вакви случаеви да се моли за
дожд и неговата молитва да биде услишана имало повеќе.)
Хиротонија
На 12-ти јануари 1990 година, со Евангелието, кое постојано го читал, и со крстот на гради,
а во раката – бројаница, мирно Му ја предал својата душа на Бог. На неговиот погреб
присуствувале неколку владици и многубројно свештенство. Бил погребан зад олтарниот
дел на манастирот, покрај својот телесен татко и духовен син, отец Кирил.
Во вечноста