You are on page 1of 20

СПОМЕНОТ НА

МАЈКА ТЕРЕЗА
АВТОБИОГРАФИЈА
• Мајка Тереза или Света Тереза од Калкута (Скопје, 26 август 1910 — Калкута, 5 септември
1997) — католичка калуѓерка, добитничка на Нобелова награда за мир и светица во
католичкиот свет.
• Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на 26 август 1910 година, на тогашната улица “Поп Кочина”
број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија. Таа била најмалото дете во
семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Ага е родена во 1904 година, а
Лазар во 1908 година. Податоците за таткото на Гонџа, Никола Бојаџиу, не се расчистени
докрај. Според едни тој бил трговец, а според други аптекарски помошник. Тој бил и член
на Советот на Скопје како единствен католик. Починал во 1919 година. Мајката Драна била
домаќинка и исклучително религиозна жена. Таа потекнува од фамилијата Бернај од
Косово. Нејзиниот татко бил трговец и големопоседник.
.
Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него
владеело правилото да се помогне на секој на кој му е
потребна помош. Драна била вредна жена и за да им
овозможи на децата сигурен живот, по смртта на Никола,
започнала да шие и да везе.
Се верува дека името Гонџа го избрал нејзиниот татко.
Тоа е албанско име и значи пупка или цвет од роза. Кога
таа наполнила седум години тргнала на училиште, прво
во црквата “Пресвето Срце Исусово”, а подоцна и во
државното училиште. Во Католичката црква во Скопје,
каде што била крстена само еден ден по своето раѓање,
ја примила и првата причест. Гонџа, пеела во хор, играла
во црковниот и градскиот театар, танцувала, рецитирала,
свирела мандолина, пишувала поезија.
Во почетокот на XX век, католичката црква Пресвето срце
Исусово во Скопје, била водена од редот на Исусовци.
Отец Фрањо Јамбрековиќ, често на верниците им читал
писма од мисионерки од Индија и Африка и живописно им
го објаснувал животот на мисионерките. На тој начин, тој
одиграл голема улога во одлуката на малата Гонџа да
замине за Индија да го посвети својот живот на Бога.
Конечната одлука да го напушти Скопје ја донела затоа
што на 12 годишна возраст добила повик од Бога.
По 6 години, таа конечно, го напушта родното Скопје.
Заминува за Даблин, Ирска од железничката станица во
Скопје. Заедно со мајката Драна и сестрата Ага заминуваат
за Загреб, од каде, после две недели, Гонџа заминува за
Ирска. Ова е последната средба на Гонџа со своите мајка и
сестра.
МУДРИ МИСЛИ НА МАЈКА ТЕРЕЗА
• „Ако не можеш да нахраниш 100-тина луѓе, нахрани само 1 човек.“
• „Оние кои ги осудуваат луѓето немаат време да ги сакаат.“
• „Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како
лекција.“
• „Не сме сите створени да правиме големи работи. Но, затоа можеме
да правиме мали работи со многу љубов.“
• „Осаменоста и чувството дека не сте сакани е најголемата
сиромаштија.“
• „Не е важно колку работите, важно е колку љубов внесувате
во тоа што го правите.“
• „За да го вратиме мирот, не ни требаат оружја и бомби. Ни
треба љубов и сочувство.“
• „Мирот започнува со насмевката.“
• „Дочекајте се едни со други со насмевка, бидејќи
насмевката е почетокот на љубовта.“
• „Пронајдов еден парадокс. Ако сакате некого до болка, тоа
значи дека болката повеќе нема да постои, туку само
љубовта.“
• „Мирот не постои. Тоа е затоа што заборавивме дека
припаѓаме едни на други.“
• „Што можете да направите за да го промовирате мирот во
светот? Одете дома и сакајте го вашето семејство.“
• „Најдете време за игра, тоа е тајната на вечната младост.“
• „Секој кој ви се приближува нека си оди од кај вас подобар
и посреќен.“
• „Има повеќе глад во светот за љубов и почитување, отколку
за леб.“
• „Не ни се потребни пиштоли и бомби за да се избориме за мир,
потребни ни се љубов и сочувство.“
• „Ако сте обесхрабрени, тоа е знак на гордост бидејќи покажува дека
верувате во сопствените моќи.“
• „Ако им судите на луѓето, немате време за да ги сакате.“
• „Има работи кои ти можеш да ги направиш а јас не, но има работи
кои јас можам да ги направам а ти не; затоа ајде да направиме нешто
убаво заедно”
• „Не дозволувајте никој да замине од вас без да се чувствува подобро
и посреќно. Бидете жив израз на Божјата добрина: добрина на
лицето, добрина во очите, добрина во насмевката.“
ГОВОР ЗА ХУМАНОСТА НА
МАЈКА ТЕРЕЗА
• „Вистинската глад во светот не владее помеѓу
сиромашните, туку помеѓу богатите. Секој може да даде
парче леб на гладен човек и да му го наполни стомакот. Но,
луѓето на овој свет се осамени, незадоволни, нивните
животи се празни, а срцата им гладуваат. Богатите луѓе
честопати се во полоша ситуација од сиромашните во
смисла на духовност, самотија и глад во срцето. За да ги
нахраниме, мораме да им дадеме љубов. Моментално, тоа е
најголемата потреба во светот.“
НАГРАДИ КОИ ГИ ДОБИЛА
МАЈКА ТЕРЕЗА
• 11 август 1962 година – Награда Падма Шри од претседателот на Индија
• 31 август 1962 година – Награда Мегсејсеј во Филипини
• 6 јануари 1971 година – Папата Павле VI ѝ ја доделува наградата за мир „Папата
Јован XXIII”
• 16 октомври 1971 година – Награда Џон Ф. Кенеди
• 15 ноември 1972 година – Награда Џавахарлал Нехру
• 25 април 1973 година – Темплетон награда за извонредни заслуги во хуманитарната
работа
• 1977 година – Титула Доктор Хонорис Кауза по Теологија на Универзитетот
Кембриџ
• 1978 година – Балцанова награда за хуманост и мир меѓу луѓето
• 10 декември 1979 година – Нобелова награда за мир
• 22 март 1980 година – Награда Барат Ратна (Скапоцен камен) –
највисоко државно признание на Индија
• 27 јуни 1980 година – Прогласена за почесен граѓанин на Скопје
• 24 ноември 1983 година – Орден за заслуги од кралицата Елизабета II
• 1985 година – Претседателски медал за слобода доделен од
претседателот на САД Роналд Реган
• 1996 година – Прогласена за почесен државјанин на САД
• 5 јуни 1997 година – Конгресен златен медал на САД
• .
ЛОРЕТО
• Сестрите од Лорето се дел од Институтот на Пресвета Богородица, од 1609 година основан
од дваесет и четиригодишната Мери Вонд. Таа и нејзините први придружници го основале
првото училиште во Св. Омер (сега во Франција), во куќа која што сѐ уште постои, но е
приватно живеалиште. На 18-годишна возраст, водена од желбата да стане мисионерка,
Гонџа го напушта својот дом и родното Скопје за да се приклучи на сестрите од Лорето, во
Даблин, Ирска. Таму, го избира името Тереза по својата патронка Св. Тереза од Лизје. Го
изучила англискиот јазик, бидејќи сестрите од Лорето го употребувале тој јазик кога
предавале во училиштата во Индија. Иако нејзиниот престој во Даблин бил краток, сестрите
ја паметат како „многу мала, срамежлива и тивка”.
• На 1 декември 1928 година од Ирска тргнува со брод за Индија. Завреме на едномесечното
патување ја пишува песната „Проштевање” (оригинално напишана на хрватски јазик под
наслов „Опроштај”) во која ги изразува своите размислувања и чувства за напуштањето на
родното Скопје и фамилијата и за патувањето во далечната и непозната Индија. Во Калкута,
Индија пристигнува на 6 јануари 1929 година.
• На 25 мај 1931 година во Дарџилинг го дава својот прв завет како сестра Тереза. Работи како
професорка по географија и по веронаука во училиштето Св. Марија во Калкута.
Беатификација и Канонизација
• По неколку годишна борба со болест на срцето и белите дробови, Мајка Тереза, почина на 5
септември 1997 година на возраст од 87 години. Во знак на благодарност, индиската влада, на 13ти
септември, организира погреб со највисоки државни почести.
• Две години по нејзината смрт, Папата Јован Павле II, ја започнува диоцезиската фаза од процесот за
беатификација и канонизација.
• По беатификацијата на Мајка Тереза, која на 19 октомври 2003 ја извршил папата Јован Павле
Втори, таа ја добила титулата Блажена Мајка Тереза, која ја носела сè до нејзиното прогласување за
светица откако црквата официјално утврдила дела има изведено и второ чудо. На 17 декември 2015 г.
Ватикан потврдил дела папата Франциск го признал второто нејзино чудо со лечењето на човек од
Бразил со повеќе тумори на мозокот. Папата ја канонизирал Мајка Тереза на 4 септември 2016 на
плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан пред десетици илјади луѓе, меѓу кои 15 службени делегации
1.500 бездомни лица од цела Италија. Свеченоста се пренесувала во живо на ватиканската
телевизија и на интернет.
Македонската делегација на канонизацијата
на Мајка Тереза во Ватикан
ИЗРАБОТИЛЕ

• ХАРИТИНА ВЛАВЧЕСКА
• ИВОНА КУНОСКА

You might also like