You are on page 1of 257

д-р Христо Драгов

БЛАГОРОДНОТО ДЕЛО

НА

ОТЕЦ ЈОСИФ АЛОАТИ

И НА

СЕСТРА ЕВРОЗИЈА АЛОАТИ

+++ ПРВ ДЕЛ +++


Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Превод од бугарски на македонски јазик:


сестра Татјана Атанасова

Лектор: проф. д-р Јадранка Владова

Рецензент: доц. д-р Виолета Мартиновска


Јазична редакција: Катица Трајковска Абјаниќ

Дизајн: Антон Јаковски


Компјутерска обработка: Драган Георгиевски

Портрети: сестра Маргарита Јорданова

CIP – Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска бибилиотека „Св. Климент Охридски”,
Скопје

271.021:282(497.7)
262.1:929(497.7)Алоати, Е.
262.1:929(497.7)Алоати, Ј.

ДРАГОВ, Христо
Благородното дело на отец Јосиф Алоати и на сестра Еврозија
Алоати / Христо Драгов; превод од бугарски на македонски јазик сестра
Татјана Атанасова. – Скопје : Сестри евхаристинки, 2016. – 452 стр. :
илустр. ; 21 см

Вовед за македонскиот превод / Лазар Лазаров: стр. 7-8. – Предговор кон


македонското издание / Татјана Атанасова: стр. 11-14. - Регистар

ISBN 978-9989-57-516-7

а) Алоати, Еврозија, сестра (1859-1920) – Биографии б) Алоати, Јосиф,


отец (1857-1933) – Биографии в) Монаштво – Католичка црква –
Македонија

COBISS.MK – ID 69404682

2
д-р Христо Драгов

д-р Христо Драгов

БЛАГОРОДНОТО ДЕЛО

НА

ОТЕЦ ЈОСИФ АЛОАТИ

И НА

СЕСТРА ЕВРОЗИЈА АЛОАТИ

Сестри Евхаристинки
Скопје
2016

3
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

„ Да сакам, да страдам, да правам сè за Бога, и да го сакам


сето она што Бог го посакува”

о. Јосиф Алоати

4
д-р Христо Драгов

„Го сакам она што Бог го посакува”

с.Еврозија Алоати

5
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Белешка за авторот

За жал историјата не ни дава подетални податоци за


животот на авторот. Единствената достапна информација за
неколкуте оскудни податоци за неговиот живот потекнува
од Пресудата на Врховниот суд на Народна Република
Бугарија во Софија, број 895а, од 3 октомври 1952 година, за
осуда на католички свештеници, богослови и верници што
делувале во спротивност на правилата на тогашното
комунистичко раководство. Во наведениот документ стои
името на д-р Христофор Иванов Драгов, роден на 21.10.1892
година во Одрин (Едрене), Турција, Бугарин, државјанин на
Бугарија, неоженет, неосудуван, со вишо богословско
образование, новинар, што бил трипати осуден на затворска
казна во траење од 12 години, со лишување од секакви права
во рок од 14 години и со целокупно конфискуван имот во
полза на државата.

Ова име и презиме се наоѓа и на меморијалниот


споменик на жртвите на комунизмот во Софија меѓу 7526
други имиња, поставен во 1999 година, осветен од
свештеници на Бугарската православна црква, Католичката
црква и Ерменската црква. Споменикот е дело на авторите
арх. Атанас Тодоров, арх. Димитар Крстев и инг. Цветан
Иванов, а е поставен по решение на Градскиот совет на
Софија.

Според годината на раѓање, сметаме дека токму ова


лице е авторот на книгата, но за жал не е познат датумот
ниту местото на неговата смрт.

6
д-р Христо Драгов

Вовед за македонскиот превод

Македонскиот нациoнален идентитет, како резултат на


соседните пропаганди, бил долго време оспоруван и
негиран. Тоа меѓу другото оставило трага и во некои научни,
книжевни и публицистички дела на автори од соседните
земји од деветнаесеттиот и првата половина на дваесеттиот
век. Пример за тоа е и оваа книга во која авторот наместо
Македонци и Македонија, употребува Бугари и Бугарија за
население, места и настани кои не можат да бидат ништо
друго освен македонски.
За жал остатоци од тие некогашни пропаганди на
соседните земји и ден денес, на почетокот на дваесет и
првиот век сè уште опстојуваат.
Така, со жалење може да констатираме дека Бугарија ја
признава македонската држава, но не и македонскиот народ,
значи не го признава националниот идентитет на
Македонија и на македонскиот народ.
Србија до ден денес ја оспорува црковната
самостојност на МПЦ, независно од тоа што Црквата е
одвоена од државата, во православието сите цркви го носат
националниот предзнак - бугарска, српска, романска и тука
повторно со жалење констатираме дека се оспорува
националниот идентитет на македонскиот народ.
Грција го оспорува името на државата Македонија и на
македонскиот народ нарекувајќи нè Бивша Југословенска
Република.
Имајќи ги предвид овие согледувања, во текстот на
оваа книга за благородното дело на Отец Јосиф чија мисија
главно се одвива во македонските села Богданци, Паљурци,
Стојаково... наместо со вистинското име - Македонија и
македонски народ (Македонци), направено е погрешно
именување: Бугарија и Бугари и таму каде што во суштина
се работи за Македонија и македонски народ.

7
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Затоа во преводот на овој текст секаде каде што


именувањето од страна на авторот не одговара на вистината,
во името на веродостојноста на местата, настаните како и на
учесниците во тие настани наместо Бугари ги именуваме со
вистинското име Македонија, македонски народ, Македонци,
македонски.

проф. д-р Лазар Лазаров


историчар

8
д-р Христо Драгов

Подвиг достоен за длабока почит

Монографијата „Благородното дело на отец Јосиф


Алоати и на сестра Еврозија Алоати” на чудесен,
продуховен, животворен начин ја претставува маченичката
историја и животниот начин на основачите на
евхаристинскиот ред.
Животен подвиг достоен за длабока почит!
Современото живеење одамна ги затемнило
есенцијалните потреби за иманентно, духовно спокојство и
молитвено облагородување на личноста. Оваа монографија е
вистински пример за: себеусовршување, вистински,
практичен, христијански живот, бидејќи „верата без дела е
мртва”. Ова не е теоретска книга со здодевна дидактичност
за христијанските норми, туку поттикнувачки источник за
секојдневно усовршување и напредување во христијанските,
општочовечки добродетели.
„Бидете совршени, како што е совршен Отецот Ваш
небесен” - е лаконската порака на секој ред од оваа
скапоцена книга. Секој час, секој миг да се напредува кон
Светлината на животот!
Современите сестри Евхаристинки постојано го следат
овој подвиг и во ова динамично, современо живеење
претставуваат вистинска светлина која со својата суптилна,
ненаметлива топлина, спасоносно, ни ја оросуваат душата со
радосно спокојство. Сите тие се жртвуваат за спасение на
човековата душа. Нивните страсти ги согоруваат низ
процесот на зацврстување на верата, без сомнеж, како што
воскликнуваше свети Августин: „Верувам, бидејќи е
апсурдно!” Чудото е феномен надвор од логиката на
разумот. Недофатливо, недообјаснето, мистериозно. Затоа е
чудо. Човечката способност за негова егзегеза е ограничена.
Во овие страници не се трага по онтолошкото прашање „кој

9
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

сум, зошто постојам?”, туку се нудат одговори на многу


прашања од секојдневниот живот.Затоа оваа монографија е
капитално дело кое треба постојано да се препрочитува.
Секое ново предоживување е ново духовно осознавање и
повторно раѓање.
Подвигот на отец Јосиф Алоати и сестра Еврозија
Алоати нека бидат незгаслива светлина за богоугоден живот.
Пораките во книгата се многубројни и тие треба да се
пронајдат во неа, тивко, спокојно, крепоносно.

доцент д-р Виолета Мартиновска


универзитетски професор

10
д-р Христо Драгов

Предговор кон македонското издание

Бескрајно сум среќна затоа што ја преведов оваа книга


во чест на нашите мили Основачи, на нашето евхаристиско
дело. Поминав среќни денови заедно со нив низ
преведувањето. Бев присутна со моите мисли долго време во
Торино во светото семејство Алоати. Ги преживував сите
радосни мигови, а маките, страдањата ги плачев заедно со
нив, небаре тоа беше денес. Нивната присутност беше во
мене, до мене, ги чувствував како седат и ме охрабруваат: –
Ќерко, ние сме со тебе секој миг, немој да се чувствуваш
осамена. Исус – во светата Евхаристија е секогаш со тебе,
Света Богородица Евхаристинка е со тебе. Смело чекори
напред, не плаши се од никого, од ништо. Ние бдееме над
нашето започнато дело за прославувањето на Исус – во
светата Евхаристија, секој миг, ве следиме во сè што правите
и како се молите. Колку работите за вашиот духовен
напредок, за духовниот напредок на секој човек, особено на
македонскиот народ што ние посебно го љубевме, го
љубиме и ќе го љубиме сè до крајот на светот. Бидете негова
светлина, покажувајќи му го вистинскиот пат кој води до
Бога во Вечноста. Секој ваш духовен напредок нè весели,
секој ваш неуспех на духовен план нè растажува.
Бидете почесто во разговор со вашиот Младоженец
Исус, во Пресветата Евхаристија, зборувајте со Него,
кажувајте Му сè, бидете искрени со Исус, зашто што и да
криете Тој, сепак, ве гледа и следи во сè и насекаде.
Мили мои ќерки, бидете искрени една спрема друга, на
вашите лица нека нема маски кои ќе ги менувате во
зависност од тоа со кого се среќавате. Единствената маска
нека ви биде искреното чисто лице, чистите очи, чистиот
јазик, мислите, чистото срце полни со љубовта на Вашиот
Исус – во светата Евхаристија кој ве сака најмногу на светот.

11
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Бидете наши следбенички, наши наследнички во сè


што е добро за славата на Божјото Име. Секогаш на ваше
прво место да стои Вашиот Спасител Исус кој деноноќно Ве
чека во Светото хранилиште. Ублажувајте ја Неговата
осаменост посетувајќи го честопати во неговиот храм и ќе
најдете вистински мир за себе и за другите што во светот
никој не може да ви го даде. Секој миг, воздивнувањето да
биде од љубов кон Исуса. Не оставајте место за никого,
зашто во Вашето Срце ќе ве оддалечува од Бога. Вашите
маки, болки, страдања, не кажувајте ги секому, одете пред
лицето на Вашиот Младоженец Исус и Неговата Пресвета
Мајка, паднете на колена, исплачете се, кажете им сè. Тие ќе
ве слушаат, ќе ве утешат и ќе ви помогнат без да разберат
другите што ве мачи.
Го слушав гласот на отец Јосиф кој ми зборува, ме
советува и охрабрува и ми вели: Моја мила ќерко, само
храбро напред! Биди смела во чекорите кои ги одиш по
патот на Исус. Евхаристинскиот пат понекогаш е многу
тежок, но кога ќе се доближиш до целта е пресладок и лесен,
зашто секогаш завршува во прегратките на Исус или
Марија... Чекори смело и шири ја набожноста кон
Пресветата Евхаристија од љубов кон Исус, а денот кога ќе
треба да дојдеш кај нас во вечноста сите заедно ќе дојдеме,
ќе те земеме со нас да се молиме и да пееме вечно заедно
пред престолот на Пресветата Троица, тука ќе има само
молитва, слава и вечна песна, музика која ниеден човек не
може да ти ја земе. Храбро ќерко, само со длабока вера,
надеж и љубов во Бога можеш да ги победиш сите твои
слабости, недостатоци...
Потоа, како да го слушав гласот на мојата мила
Основачка која ми велеше:
– Мила ќерко, гледај со моите очи кон иднината на
мојата мила мала заедница која бескрајно ја љубам поради
Исус – во светата Евхаристија, поради Кого живеев од

12
д-р Христо Драгов

љубов кон Него, кон ближниот, кон твојот македонски народ


кој особено го љубев. Со мојот брат Јосиф дојдов тука не од
личен интерес, туку за спасението на секоја човечка душа,
иако понекогаш требаше многу напори да се направат за да
успеам. Работевме со брат ми не поради светска слава, ами
за да се прослави името Господово. Ја напуштивме нашата
мила татковина Италија и сите најмили во неа, кои толку
многу ги љубевме, но поради навестувањето на Евангелието
дојдовме во Македонија... Ја засакавме како наша втора
татковина. Со љубов, радост работевме меѓу овој толку
добар, а толку неук во религијата македонски народ...
Го засакавме сиот македонски народ како дел од
нашето семејство, се молевме, работевме, а и сега од
вечноста се молиме за него. Бидете среќни и работете за
својот народ, кој навистина е многу измачен. Мила ќерко,
еве овде ние сме сите собрани заедно – со отец Јосиф, отец
Трпчо, и сите сестри Евхаристинки се молиме за вас и за
вашиот напредок на духовно поле. Бидете свети, весели и
радосни навестувачи на Евангелието меѓу вашиот народ, кој
има голема потреба од духовна просвета. Сè уште ми
зборува, ама не можам сè да запишам на оваа хартија.
Работете без одмор за да дојдете во вечниот рај, кај
Бога.
Мили отец Јосиф, мила сестро Еврозија, Ви благодарам
за сè што сте направиле меѓу мојот македонски народ и за сè
што сè уште го правите со вашите молитви. Ве молам вас и
Го молам Семоќниот Бог да ве испраќа секој ден да одите
пред нас, а ние да одиме по вашите стапки, без да
прескокнуваме, без да ги забораваме... Длабоко да ги
втиснеме во нас.
Бидете наша секојдневна светлина во овој свет полн со
лаги, интриги, лицемерие и беззаконие. Секоја буква, секој
збор, точка, запирка ги пишував со најголема љубов, радост
и благодарност. Пишувајќи ги овие реченици, во ова време

13
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

додека ги преведував бев на изворот од кој пиеле отец Јосиф


и сестра Еврозија, изворот на Евангелието, радоста,
љубовта...
Сакам сите Евхаристинки барем еднаш или
неколкупати во текот на денот да пијат од вистинскиот
извор од кој пиеле нашите свети Основачи, а тоа е Исус во
светата Евхаристија и Неговата Мајка Марија – Првата
Духовна Евхаристинка!...
Ми беше голема чест, радост и задоволство да
пишувам за моите Основачи. Секогаш бескрајно благодарна
на милите Основачи, ваша недостојна ќерка Евхаристинка,

сестра Татјана Атанасова

14
д-р Христо Драгов

ПРВ ДЕЛ

Основачите

Прва глава

Детските години на Еврозија Алоати

На 4 мај 1859 г.1 во градот Виластоне, 20 км јужно од


Торино, на патот за Џенова, се родила Еврозија Алоати,
Основачката на монашката заедница на сестрите
Евхаристинки. Уште истиот ден, водата на светото
крштeвање ја измила нејзината душа, а таа го добила името
Еврозија – што означува убава роза. Така во прекрасниот
месец на цвеќето, посветен на Небесната Царица Марија, таа
роза процвета и нејзиниот пријатен мирис сè уште се
разнесува низ Македонија и Бугарија.
Илјада осумстотини педесет и деветта година била
година на војни и немирно време; во сојуз со Франција и со
Наполеон III, италијанскиот народ води војна против
Австроунгарската монархија. Како секоја војна и оваа
предизвикува слабеење на моралот меѓу народот, но
семејството на Еврозија имало многу силни и
непоколебливи религиски традиции, од кои не можело да ги
оддалечи ниедна војна. Освен тоа, Савоја, татковината на
семејството Алоати, секогаш се славела како мајка на
светците.
Таткото на Еврозија бил Петар Алоати, а мајката –
Катерина Кико. Петар бил син на Јосиф Алоати и на

1
Датумите во книгата се дадени според грегоријанскиот календар
(западен/латински обред), освен на местата каде се дадени двата
календари (јулијански/грегоријански) или само јулијански календар
(источен/византиски обред) според посоченото во текстот. (заб. на прев.)

15
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Еврозија Казели од Пико Торинезе. Тие ги имале уште и


овие деца: Мелхиор, Фердинанд, Наталија, Тереза и
Констанца. Последната – Костанца, имала две ќерки кои
станале чесни сестри.
Јосиф Алоати имал фабрика за свила, но истовремено
се занимавал и со земјоделие; долги години тој бил
градоначалник на Виластелоне. Еврозија Казели се
одликувала со својата добрина. Таа особено ја сакала својата
мала внука која го носела нејзиното име, нашата Еврозија,
но немала среќа да ја води по патот на добродетелите,
бидејќи умрела на 72-годишна возраст во 1864 година кога
нејзината внука имала само пет години.
Дедото по мајка Мелхиор Кико, бил човек со искрена
набожност, кој не познавал никаков човечки срам. Кога ќе
ги слушнал ѕвоната на камбаната, звукот кој ги повикува
верниците да ја поздрават Небесната Царица, стариот
Мелхиор каде и да се наоѓал во куќата, во градот, на улица,
паѓал на колена, се крстел набожно и на висок глас ги
изговарал зборовите:
Во името на Отецот и Синот и Духот Свет... Амин.
(Ангел Господов...2) Неговиот пример влијаел врз оние кои
биле близу до него, кои учествувале во молитвите. Во текот
на целиот свој живот Мелхиор Кико постел. Само на крајот
од својот живот, по совет на лекарот, тој земал по неколку
лажици – телешка, кокошкина супа – како лек за неговата
последна болест.
Во последните триесет години од својот живот добриот
и набожен Мелхиор под својот кревет го чувал својот ковчег
за погреб, со неговата облека, свеќи, пари и слично. Секоја
вечер, пред спиење, тој своите молитви ги кажувал пред
црниот ковчег и размислувал за смртта. Тој неколку пати

2
Angelus Domini – Ангел Господов е молитва која ја молат набожните
католици – христијани трипати дневно, во чест на Пресвета Богородица.

16
д-р Христо Драгов

требало да ги замени парите зашто биле исфрлени од


употреба и излегувале нови. Неговата сопруга, Христина
Алоати од Виластелоне, живеела христијански. Неговиот
син Франческо, станал свештеник, а ќерката Гертруда
станала чесна сестра која му се посветила на Бога. И
неговата втора ќерка, Катерина, сакала да стане чесна
сестра, но нејзиниот духовник ја разубедил, објаснувајќи
дека и во семејството може да се живее христијански.
Петар Алоати и Катерина Кико се венчале на 8 април
1856 година. Бог ги дарувал со многубројно потомство и тоа
со синовите: Јосиф, роден на 20 јули 1857 година, Мелхиор,
на 13 ноември 1860 година, Франческо, на 5 август 1868
година. Првородената ќерка била Еврозија, само две години
помлада од Јосиф; Христина била родена на 23 јуни 1844
година, Наталија на 7 декември 1866 година. Освен овие
деца Петар Алоати имал уште две деца кои умреле кога биле
мали.

Служење на Бога во семејството

Кога Катерина Кико, уште како девојка му се доверила


на својот духовник и му ја открила намерата дека сака да му
се посвети на Бога како чесна сестра, добриот свештеник ѝ
одговорил: – Катерина, треба да знаеш дека Бог не сака од
тебе да му служиш како чесна сестра, туку како мајка, која
ќе му се посвети, не само себе си и на своето моминство,
туку и ќе му донесе на свет многубројни служители...
Зборовите на добриот Божји слуга се покажаа како
пророчки, зашто Катерина на Бога и на Црквата им
посветила пет од своите чеда кои - служеле на својата вера
со целосно саможртвување. Јосиф и Мелхиор станале
мисионери Лазаристи; Еврозија и Христина се посветиле
како чесни сестри, а Наталија останала дома да се грижи за
своите родители, посветувајќи му се на Бога низ оваа работа.

17
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Само најмалиот син Франческо, останал кај родителите


живеејќи примерен христијански живот.
Добрата Катерина сите свои деца ги воспитала во
христијански дух и им вдахнала непоколеблива вера во Бога,
љубов кон молитвата и примерна набожност.
Христијанската мајка особено се грижела да ја развие
во срцата на своите деца добродетелта на братската љубов.
Таа ги поучувала да се воздржуваат од навредливи зборови,
да удираат во столови, маси и слично. Кога понекогаш се
удирале од некој предмет, таа ги терала предметот да го
бакнат, наместо да се одмаздат со удар како што прават
некои деца. Исто така Катерина сакала своите деца да ги
челичи и во јадењето. Затоа кога не им се допаѓало некое
јадење, таа им давала од него да јадат повеќе денови едно по
друго, додека престанале да негодуваат поради него. Кога
забележувала некои предзнаци на суета кај своите ќерки, таа
фустаните им ги превртувала наопаку и ги терала така да ги
носат неколку часа. На овој начин, набожната христијанска
мајка се трудела да го искорени во најраната возраст кај
своите деца секој порок или несовршенство.

18
д-р Христо Драгов

Семејството на Петар Алоати3

3
1) Во средината седи: мајката – Катерина Кико; 2) Таткото – Петар
Алоати; 3) Зад мајката, лево – Јосиф; 4) Меѓу мајката и таткото –
Мелхиор; 5) Зад таткото – Еврозија; 6) Лево првиот – Франческо; 7) До
него – Христина; 8) Десно од таткото – Наталија; 9) Мајката го држи в
скут најмалиот син Луиџи, кој наскоро умрел.

19
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Петар Алоати со семејството, откако му се родиле


првите деца, се преселил да живее во Торино, убавиот и стар
главен град на Италија. Ако некому бучниот град му дава
повод за развратност на моралот и за заладување на
религиското чувство, тоа не може да се каже за доброто
семејство на Петар и на Катерина Алоати. Додека таткото се
занимавал со трговија, мајката ги воспитувала децата по
патот на набожноста. Таа често ги посетувала црквите со
кои градот Торино е толку богат. Еден празничен ден,
Катерина во придружба на своите поголеми деца влегла во
катедралата. Од амвонот на олтарот во тоа време проповедал
еден каноник. Темата на неговата проповед била: мисијата
на христијанската мајка. Слаткоречивиот свештеник
истакнал дека христијанските мајки треба да ги следат
светците, кои ги воспитале светлата на Црквата, како света
Моника, мајката на свети Августин; дека најдоброто
наследство што христијанските родители можат да им го
предадат на своите деца, не се состои само во богатството,
почитта и другите богатства, туку во доброто воспитание, во
духот на верата, во вистинската набожност и светиот Божји
страв.
Зборовите на свештеникот се врежале директно во
срцето на набожната мајка и ја сугерирале цврстата одлука
да ги запечати во својот ум и да ги исполнува во својот
живот. По враќањето дома, веднаш со силниот впечаток на
убавата проповед, Катерина седнала и ги напишала главните
мисли на свештеникот во една посебна тетратка.
Другиот ден, по завршувањето на домашната работа,
Катерина ги собрала децата им го прочитала заклучокот од
проповедта и го објаснила завршувајќи го со зборовите:
– Отсега па натаму, мои мили деца, вие ќе треба да го
правите сето она што јас ќе ве учам во името на Господа.

20
д-р Христо Драгов

Од тој ден во семејството Алоати бил воведен ред,


секое утро и вечер сите заедно да ги кажуваат молитвите.
Секоја недела и на празник, Катерина лично на своите деца
им предавала по еден час катехизис.
Такви примери во домот на своите родители гледала
нашата Еврозија. Цели 28 години таа била близу до мајка си,
толку добра и совршена учителка, која своите деца ги учела
не само со зборови, туку и со дела. Отпосле, кога Еврозија
станала втора мајка за своите мали браќа и сестри, во сè ја
следела својата сакана мајка.

Еврозија и Јосиф

Уште како дете, Еврозија покажала одлична


посветеност кон доброто. По својот карактер и таа имала
некои слабости со кои требало да води борба, за да ги
искорени. По природа била гневлива, но употребила таква
сила, што успеала да се ослободи од гневот, иако на лицето
ѝ се појавувала црвена боја, знак на внатрешната борба.
Всушност, мајка ѝ помагала за да го исчисти своето срце од
несовршенство.
Малата Еврозија имала еден жив пример во своето
семејство што ја насочувал кон доброто и благородното. Таа
особено била приврзана кон својот најстар брат Јосиф, со
кого подоцна ќе биде поврзана низ целиот свој живот.
Кога Јосиф, првородениот син во семејството Алоати
имал 6 години, покажал особена наклонетост кон
свештеничкото звање. Негови најсакани игри биле да прави
мали олтари и да си замислува дека веќе е свештеник. Тој
набожно застанувал пред малиот олтар и ја читал светата
Литургија, давал благослов, им пеел песни на Бога, на
Пресвета Богородица и на светците. Со големо задоволство
малиот Јосиф сакал да проповеда, да ги причестува своите
верници, да ги извршува набожно сите работи како еден

21
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

примерен свештеник. Се разбира, сите овие нешта биле


невини и вдахновени од љубов кон Бога и од неговата
голема желба да му служи.
Еврозија, иако имала само четири години многу сакала
да го гледа својот брат кога ја играл улогата на свештеник
толку набожно. Нејзиното најголемо задоволство било да
служи околу олтарот, да го украсува, да го одржува, да биде
чист. Понекогаш таа ги поканувала своите мали другарки да
присуствуваат на таквите детски игри. Сите со голем
интерес го следеле Јосиф и малата соба си ја замислувале
дека е Божји дом и набожно стоеле.
Еврозија и Јосиф биле слични по карактер, затоа биле
приврзани еден кон друг и биле неразделни.
Набожната мајка чувствувала внатрешно задоволство
кога ги гледала своите деца како се занимаваат со свети
мисли и дела. Но, таа тогаш не мислела дека двете нејзини
најстари деца ќе му се посветат на Бога, како свештеник и
чесна сестра. Таа си претпоставувала дека олтарите и
„службите” биле само невина детска игра. Впрочем, децата
пројавувале и други наклонетости: наутро се занимавале со
божествена служба, а навечер украсувале сцени и играле
театар, комедии. Навидум, тие склоности изгледале
контрадикторни и од нив не можело да се изведе заклучок за
идните занимања на децата...
Така растеле Јосиф и Еврозија, првородените деца на
Петар и Катерина Алоати. По една година Јосиф тргнал на
училиште и таму наоѓа нови работи. Тој бил ученик и со
интерес ги учел лекциите, бил еден од најпримерните
ученици. И порано кога Јосиф и Еврозија оделе во
забавиштето на сестрите Розини во Торино, тие биле добри
ученици кои сакале да пеат песни со набожен карактер.
Откако се разделиле со Јосиф, Еврозија го посетувала
забавиштето со помалиот брат Мелхиор.

22
д-р Христо Драгов

Секогаш заедно

Иако во обичните денови Јосиф и Еврозија биле


разделени, во празничните денови тие секогаш биле заедно.
Секоја недела заедно со родителите оделе на прошетка во
околината на Торино. Добрата мајка посветувала посебно
внимание кон првородените деца и секоја пригода ја
користела да им посочува примери за следење и да ги
запознае со последиците на злото.
Катерина Алоати сакала на своите деца да им го
објасни она што би требало да го знаат, секогаш доброто го
фалела и го предлагала, а злото го осудувала. Двете деца, на
таа возраст биле многу љубопитни, сакале да знаат сè и
своите родители ги затрупувале со прашања. Секое прашање
добивало свој одговор, во кој секогаш се потцртувало дека
Бог доброто го наградува, а злото го казнува. Кога на
ливадата ќе забележеле деца што скромно се однесуваат тоа
им оставало голем впечаток, добрата мајка ги покажувала
како добар пример за следење, а лошите примери секогаш
биле осудувани и требало да се одбегнуваат. Така, под
бистрото око на мајката, двете деца напредувале по патот на
доброто, а нивните недостатоци и несовршенства секогаш
биле потцртувани од Катерина Алоати, за Јосиф и Еврозија
да не западнат во големи грешки.
Секоја недела и секој празник по црковните служби,
Петар и Катерина, придружувани од децата оделе на
прошетки во околината на Торино. Едно попладне
родителите биле пријатно изненадени кога го слушнале
разговорот на Еврозија и Јосиф кои стоеле близу до нив. Тоа
било летото Господово 1867. Јосиф бил веќе десетгодишен
ученик во четврто одделение во основно училиште, а
Еврозија осумгодишна ученичка во второ одделение.

23
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Мечтаењата на двете деца

Тој ден било недела, целото семејство се шетало низ


алеите на стариот плоштад „Пјаца д’арми”. Додека
родителите седеле на клупата и разговарале за случките на
денот, таткото го држел малиот Мелхиор за рака, а мајката
го имала во скутот бебето Наталија и ја прегрнувала
тригодишната ќерка Христина. Јосиф и Еврозија се
оддалечиле неколку чекори и со голем интерес набљудувале
еден стар дворец и нешто си зборувале со длабоко
воздивнување.
Петар и Катерина се заинтересирале да слушнат што
зборуваат нивните мали деца:
– Кога ќе пораснеме, му велела Еврозија на својот брат
Јосиф, и ние ќе имаме таква куќа на два ката. Куќата ќе ја
поделиме на два дела; десната страна ќе биде твоја, а левата
моја; на долниот кат ќе има две училишта, едно за машки
деца, а другото за девојчиња. Горе ќе живееме ние двајцата
секој во својот дел.
Јосиф кимнал со главата и го одобрил тоа.
Во исто време, таткото кој со интерес го следел
нивниот разговор се вмешал и рекол:
– Еврозија, што планирате да бидете кога ќе пораснете
големи?
– Тате, јас ќе станам чесна сестра, одговорила
Еврозија, а Јосиф – свештеник.
– Да, да тате, – потврдил Јосиф, – таа е нашата
најголема желба.
Таткото и мајката се погледнале и се пошегувале, без
да посветат посебно внимание на мечтаењата на своите мали
деца. Тие мислеле дека ова било само преодно вдахнување
што може да исчезне кога децата ќе пораснат и кога ќе дојде
време да си изберат професија во животот.

24
д-р Христо Драгов

Сонцето веќе почнало да заоѓа, а мајката му рекла на


мажот дека е време да си одат. Јосиф и Еврозија тргнале
напред и го продолжиле својот сладок разговор. Родителите
ги оставиле децата да се насладуваат на своите пријатни
мечтаења.
Тие мечтаења на Јосиф и Еврозија се оствариле по
дваесет и две години. Во 1889 година кога Јосиф веќе
свештеник и мисионер во Македонија, ја отвора првата куќа
на сестрите Евхаристинки во Солун; сестра му која му
помагала, го споменувала вдаховението што го добила во
1867 година, во Торино, пред дворецот. Примерниот
свештеник му оддава благодарност на Бога, зошто го
удостоил заедно со неговата сестра која многу ја сакал да
работи во Солун, прославен во посланијата на апостолот
свети Павле, за да им ги брише солзите на кутрите сираци и
за Христовата Црква да добие нови членови, кои ќе бидат
подготвени да ѝ служат со сето свое срце и со сета своја
душа.

Градот на Пресветата Евхаристија

Еврозија растела под бистрото око на својата мајка, а


добрината во нејзиното срце се пројавувала со нови знаци.
Всушност, целата атмосфера во Торино секогаш била
благонаклона за развивање на доброто кај народот.
Христијанските традиции, уште од времето на апостолите,
секогаш биле здрави и непоколебливи во главниот град на
Савоја.
Торино се нарекува „град на пресветата Евхаристија”,
заради следното чудо, за кое постојат многубројни
документи. Историчарите раскажуваат дека на 6 јуни 1521
година еден војник водел магаре, натоварено со украсни

25
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

предмети, меѓу кои едно Свето хранилиште4. Кога


животното влегло во градот, паднало на колена, а во тоа
време светиот потир се кренал во воздух, а над него
пресветата Причест блескала со силни зраци. Владиката
Лудовик, трогнат од чудото, направил грандиозна поворка.
Тој, исто така на колена, заедно со целиот народ се молел и
велел: – Господи, остани кај нас! Пред очите на сиот народ,
пресветата Причест се кренала, а за време на молитвата се
симнала во потирот, во светиот калеж (света чаша, потир
заб.на прев.) за Причест. На истото место кога станало ова
чудо, сега се издига, една убава црква – Тело Господово со
натпис на мермерна плоча: – Овде едно животно се најде да
ѝ даде поголема почит на пресветата Причест, отколку
луѓето.
Црквата на света Богородица Утешителка се слави со
своите чуда. Таа била изградена во 1679 година. Еден човек,
слеп од раѓање, кој барал лек за својата болест сонувал дека
една икона на Девица Марија била затрупана од
револуционерите. Девица Марија му го покажала местото и
му наредила да копа и рекла дека кога ќе ја најде ќе
прогледа. Навистина, иконата била пронајдена на
посоченото место, а слепиот прогледал. Истата икона се
наоѓа над олтарот во Црквата Марија Утешителка, а местото
каде што била пронајдена се гледа и до ден денешен,
поклониците доаѓаат и се молат. Таму деноноќно гори
кандило. Таа икона била поставена во новата црква Св.
Богородица Утешителка.
Торино посебно е познат поради „Пресветата
Плаштеница” со која било покриено телото Господово по
симнувањето од крстот. Оваа плаштеница била добиена од
редот на Темпларите кои му ја предале на грофот Амедеј III
Савојски, учесник во Крстоносните војни. Од 1578 г. оваа

4
Свето хранилиште или Табернакул, место во црквата каде се чува
Пресветата тајна Евхаристија во вид на хостија.

26
д-р Христо Драгов

света реликвија се наоѓа во торинската катедрала и


привлекува многубројни поклоници. Свети Карло Боромеј и
архиепископот на Милано оделе пеш до Торино за да ѝ се
поклонат на Светата Плаштеница.5
Катерина била неуморна кога раскажувала за
традициите на Торино. Таа посебно го нагласувала фактот
дека савојската престолнина е градот на пресветата
Евхаристија. Не е чудо што малата Еврозија копнеела да го
прими во своето срце евхаристискиот Исус. Всушност, во
тоа време не било дозволено да им се дава света Причест на
малите деца. Ова прашање било уредено од добродушниот
Папа Пиј X со декретот Quam sungulari од 8 август 1910
година. Според таа наредба, на децата може да им се дава
света Причест штом ќе го разберат пресветиот дар и ако
сакаат да го примат.

Еврозија и Пресветата Причест

Еврозија неколку години по ред имала желба да прими


света Причест. Во својата детска душа таа ја криела
поканата на Спасителот: – Оставете ги децата да доаѓаат кај
Мене. Од друга страна, таа одлично го имала совладано
катехизисот и знаела дека секој христијанин треба барем
еднаш во годината, за Велигден да се причести.
При сето ова, идната апостолка си мислела дека сè
уште е недостојна да го прими Христа во своето срце. Таа ги
употребила сите сили за да ја очисти целосно својата душа
од грешките и од заблудите, од несовршенствата. Дури да се
исповеди, таа мислела дека може да ги повторува зборовите
од Светото Евангелие: – Не сум достоен Господи да влезеш

5
Оваа година, стариот Шустер, исто така одел пеш, за да оди да се
поклони на Христовата Црква.

27
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

под мојот покрив, ама кажи ми само еден збор и јас ќе бидам
излекуван.
Најпосле доаѓа долгоочекуваниот ден. Тој ден бил
Велигден, 23 март 1869 година во црквата Света Тереза кога
Еврозија тукушто наполнила 10 години.
Подготвувањето за овој голем ден започнало уште на
почетокот од големиот пост. Секој ден Еврозија мислела на
среќата што ја очекува на Пасха – да го прими во своето
срце Исус во Евхаристијата. Со приближувањето на
Велигден, чувствувала радост во срцето од слатката мисла
дека најпосле во своето срце ќе го прими Спасителот.
Еве што раскажува за тој среќен ден нејзината најмала
сестра Наталија:
– Мојата сестра Еврозија, воспитувана во христијанска
средина на едно семејство што длабоко верува, беше
подготвувана со голема грижа од нашите родители за првата
света Причест. На Велигден во 1869 г. на 10-годишна
возраст таа го прими Исуса во своето срце со ангелска
предаденост.
Истата година, во неделата на Педесетница – Духови,
Еврозија ја примила и светата тајна миропомазание.

Втора глава

Духовната формација на младата Еврозија

Еврозија растејќи напредувала и по патот на


совршенството. По примањето на светата Причест кога
имала среќа во своето срце да го прими Христа, таа станала
многу набожна, бидејќи чувствувала потреба да биде
посовршена за да му подготви достоен престој во својата
душа на Небесниот Младоженец кого го примала често.

28
д-р Христо Драгов

Нејзината мајка се радувала кога ја гледала својата


ќерка дека пројавува свети чувства и дека се труди секој ден
да биде што е можно посовршена...
Во 1872 година во семејниот живот на Петар Алоати
настапува голема промена. Таа година, Бог на доброто
семејство му подарува нова рожба – последниот син Луиџи.
Но, Божјата промисла на Катерина ѝ испраќа, заедно со
радоста, и едно големо искушение: таа се разболува од
повреда на грбот, оваа болест ѝ предизвикува неподносливи
маки низ целиот нејзин живот кој навистина бил маченички
и завршил во 1911 година кога Бог ја повикал од овој свет.
Во тоа време кога мајка ѝ се разболела, Еврозија имала
13 години. На оваа возраст девојчињата му се радуваат на
животот весело и безгрижно. Но, не било така со нашата
Еврозија која, како најстара ќерка, зазема посебно место во
семејството. Мајката измачена од тешката болест повеќе не
можела да се грижи за потребите на семејството: таа морала
да си избере своја заменичка за чување на своите помали
деца. Само Јосиф бил малку поголем од Еврозија, а сите
други деца биле мали и имале потреба од мајчинска грижа.
Еден ден, мајката ја повикала Еврозија за да ѝ соопшти
дека Бог ја повикува и таа понатаму да се грижи за своите
помали браќа и сестри.
Еврозија тукушто го завршила основното образование
со одличен успех и настојувала да продолжи со
школувањето за да ги развие своите таленти што Бог ѝ ги
дал. Но, тешката болест на нејзината мајка ѝ донела нови
задолженија и идеали.
Кога Јосиф бил 15-годишен, Мелхиор иако помал од
Еврозија се подготвувал да замине за Скарнафиџи за да
пристапи во колеџот на отците Лазаристи. Семејството на
Петар Алоати било благословено од Бога. Тоа имало уште
три помали деца: Христина на 8 години, Наталија на 6
години, а Франческо тукушто ја започнал четвртата година.

29
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Миленичка на Еврозија била малата Христина на која ѝ


слугувала како мајка цели 10 години, додека да пристапи
како чесна сестра во редот на сестрите Сакраментинки6 во
градот Торино. Тука Христина ги минала последните години
од својот живот што бил многу кус и умира како примерна
чесна сестра на 15 октомври во 1883 година.
Наталија и Франческо ги чувствувале мајчинските
грижи на Еврозија цели 15 години т.е. додека станале зрели
за живот, а кога нивната сестра заминала во Македонија за
да му го посвети својот живот на Божјиот повик.
Еврозија имала можност да ги пројави сите свои
душевни и умствени способности како воспитаничка на овие
помали браќа и сестри. Истовремено, таа во својата душа го
развила зародишот на сите христијански добродетели. Така,
таа во својот дом ја минала школата како воспитувач, за да
ги добие педагошките способности кои ги применила на
дело како воспитувачка на младите девици во Македонија.

Во улога на мајка

Еврозија секоја минута им ја посветувала на своите


помали браќа и сестри. Секое утро станувала рано и
помагала во подготвувањето на појадокот за целото
семејство. Редовно ги будела малите во определен час и ги
учела своите први мисли да му ги посветат на Бога за да го
започнат денот христијански. Потоа ги миела и ги
облекувала и заедно со нив на колена пред олтарот на
Пресвета Богородица ја молеле заедно утринската молитва.

6
Сакраментинки се нарекуваат сестрите од редот основан во 1807
година во Рим од сестра Марија Магдалена. Тие деноноќно ја обожуваат
светата Причест за задоволување на навредите кои му се нанесуваат на
евхаристискиот Спасител во светот.

30
д-р Христо Драгов

Еврозија заедно со Христина и со Наталија одела во


црквата каде присуствувале на светата Литургија и се
причестувале секој ден со примерна набожност и добрина,
се враќале дома, појадувале и оделе на училиште.
Секое утро ги испраќала своите сестрички до
училиштето, а попладне за ручек одела да ги зема. Откога ќе
се нахранеле, милата сестра цел час се занимавала со нив, им
приредувала игри, а потоа повторно ги носела на училиште
и повторно одела да ги земе во 4 часот попладне.
По враќањето од училиштето дома, Христина и
Наталија најпрвин јаделе, а потоа Еврозија им помагала да
си ги напишат домашните задачи и да ги научат лекциите за
следниот ден. Кога малите веќе биле подготвени за
училиште, нивната нежна сестра им раскажувала интересни
и соодветни раскази.
Еврозија се грижела и за својата болна мајка, која
поголемиот дел од времето го поминувала во постела и
имала потреба од помош.
Така цел ден била зафатена со домашна работа и кога
нивниот татко навечер се враќал дома, тој бил пријатно
изненаден кога гледал дека сè е во најдобар ред. За време на
вечерата таа ги послужувала.
По вечерата, Еврозија се занимавала малку со децата,
со нивните весели игри и приказни, потоа сите заедно си ја
кажувале вечерната молитва. Родителите оделе во својата
соба, а таа ги подготвувала малите за спиење, едно по едно
им ги покажувала на своите родители, кои нежно ги
бакнувале во челото и им посакувале пријатна и добра ноќ.
Така Еврозија поминувала секој ден, а во секоја недела
и за голем празник програмата се менувала. Рано наутро,
нежната сестра ги носела Христина, Наталија и Франческо
во црква да присуствуваат на света Литургија. Навечер
повторно ги носела во Божјиот дом за света Бројаница и за
благослов со светата Причест.

31
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Двете мали сестри и Франческо многу се приврзале


кон Еврозија и ја сакале како втора мајка. Таа ги учела
катехизис и тој час за нив бил пријатен, бидејќи младата
вероучителка умеела да раскажува многу интересно за
секоја материја, дури и кога таа материја била сува според
својата природа.
Еврозија многу сакала да ги носи браќата и сестрите на
прошетка, така што по патот им раскажувала интересни,
разни приказни, тие прошетки за малите во недела и
празниците станале најинтересната работа.

Наталија за својата сестра

Наталија со најголемо задоволство си спомнува за


мајчинските грижи на Еврозија и ни открива некои од
тајните на нејзината нежна душа:
– Уште од 1872 година – вели Наталија – мојата добра
сестра Еврозија, иако имаше 13 години, се исповедаше кај
набожниот торински каноник, отец Роеро од Монтичели, кој
имаше голем успех со своите проповеди и се јавуваше како
мисионер со голема иднина. Отец Роеро беше исповедник во
парохиската црква Света Тереза во Торино. Под духовно
раководство на тој млад свештеник, Еврозија настојуваше
секојдневно да ја засилува набожноста и започна често да се
исповеда и да се причестува речиси секој ден. Никогаш не
можам да ги заборавам грижите коишто ги вложуваше за
нас. Солзи од сочувство ми доаѓаат на очите кога ќе си
спомнам како клечејќи пред олтарот на Небесната Царица
заедно со нас се молеше наутро и навечер. Ние не го
тргнувавме погледот од лицето на Еврозија, кое за време на
молитвата се преобразуваше и имаше ангелски лик. Кога
бевме во црквата, а Еврозија одеше да го прими Исус во
светата Причест, секое нејзино движење внесуваше почит и
внимание. Така нашата мила сестра изгледаше многу убаво

32
д-р Христо Драгов

особено кога се враќаше од олтарот со полузатворени очи и


со молитвено склопени раце. Мора да признам дека
чувствував благородна завист кога гледав како сестра ми се
враќа така среќна, а нам, бидејќи бевме мали, не ни беше
дозволена оваа среќа...
Најпосле и ние дочекавме да го примиме Исуса во
пресветата Причест. Еврозија нè подготви, и таа ме
придружуваше сè до олтарот при моето прво причестување,
како небесен ангел, на кој му е овозможено да бдее над
невините души...

Мариина девојка

Во сите изминати времиња градот Торино имал


посебна набожност кон Света Богородица. Светилиштето на
Божјата Мајка Утешителка во тој град се користело и сè
уште се користи со посебна почит од верниците. Секој
граѓанин на Торино се гордее да се нарече син на Пресветата
Дева Марија. Посебно торинските девојчиња се предадени
служителки на Безгрешната Дева.
Нашата Еврозија се зачленува при првата можност кај
девојките на Дева Марија, во институтот посебно посветен
на Божјата Мајка. Тоа се случило на 21 јануари 1878 година.
Еврозија тогаш имала 19 години.
Здружението на Мариините девојки било основано
пред околу 100 години, со цел да се прошири набожноста
кон Пресвета Богородица.
Торино и без тоа бил град посветен на Дева Марија, а
ќерките на семејствата се сметале вообичаено за девојки,
посветени на Небесната Царица. Здружението на Марините
девојки поминало во другите градови на Италија и во Рим
веќе било посебно распространето. Еден парохиски
свештеник, началникот на парохијата Свети Тома во
Торино, го основал првото здружение на Мариините

33
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

девојки, околу 1877 година. Еврозија, штом разбрала за


основањето за оваа духовна заедница, побрзала да се запише
како член и веќе на 21 јануари 1878 година започнала
ревносно да дејствува како војник за славата на Марија.
Првото име што го носела ја вдахнало да настојува, со
посебни грижи, да пројавува дека е достојна ќерка на една
таква голема Мајка.
Затоа таа често се охрабрувала, велејќи во себе:
– Една ќерка не е достојна за својата мајка, ако не ја
цени, почитува, љуби и ако не ја следи. За да се почитува
една мајка, треба најпрво да се познаваат нејзините добри
особини: за да се почитува, треба да се придржуваат сите
нејзини совети, за да се љуби, треба секогаш да се исполнува
нејзината волја; за да се следи мајката, треба да биде слична
на сите нејзини добродетели.
Овие сугестии Еврозија секој ден настојувала да ги
спроведе на дело во животот. За да ја запознае подобро
својата Небесна Мајка, таа со големо внимание ги читала
книгите кои ги опишуваат нејзините добродетели, најсакано
чувство ѝ биле набожните размислувања за животот на
Божјата Мајка. За да ја покаже послушноста како ќерка кон
Небесната Мајка, таа си замислувала дека Дева Марија ѝ
зборува преку устата на духовниот татко, на парохискиот
свештеник, на директорот на Мариините девојки и воопшто,
во лицето на секој свештеник, таа гледала навестувач на
Царицата на Ангелите.
Еврозија била особено активна за време на мајската
набожност која никогаш не ја пропуштала. Проповедите на
свештениците за време на оваа набожност за неа биле
вистинско задоволство, зашто во нив се откривале нови
квалитети на милата Небесна Мајка: самата пролет со
нејзините расцутени цвеќиња ѝ давале можност речиси секој
ден да ѝ принесува венец од најубави цветови на својата
Царица: молитвата на света Богородица ја вознесувала кон

34
д-р Христо Драгов

небото каде таа ја гледала Мајката на Исуса, опкружена од


патријарси, пророци, светци и светици. А кога излегувала од
црква, нејзината мисла долго време била упатена кон
саканата Мајка, на која ѝ се посветила на посебен начин
како Мариина девојка, гардистка на Царицата на Ангелите.
Уставот на здружението бил како закон, таа го
исполнувала најточно, зашто мислела дека сето тоа е
најугодно за Пресвета Богородица. Таа си замислувала дека
овој устав ја изразува волјата на Марија.
Секој ден Еврозија размислувала за новата добродетел
на својата Царица и се трудела да ја следи.
Така годините кои ги поминала како Мариина девојка
за неа биле меѓу најслатките во нејзиниот живот.

Меѓу молителките на Пресветата Причест

Еврозија две години била активна во редовите на


Мариините девојки. Од ден на ден сè повеќе растела
нејзината љубов кон Божјата Мајка. Таа секогаш била
најточна во исполнувањето на религиските должности како
католичка и сакана ќерка на Света Богородица. Но, од
Небесната Мајка таа била насочена кон нејзиниот Син кон
кого нејзината набожност секој ден станувала сè посилна.
Пресветата Евхаристија на олтарот се покажува како свет
идеал на набожното добро девојче. Преку Марија се
стремела кон Исуса, а преку Божјиот Син кон предвечниот
Отец.
Во 1880 година исповедникот на Еврозија и на
нејзините сестри Христина и Наталија, преподобниот отец
Роеро од Монтичели бил избран за каноник на црквата Тело
Господово. Вредниот Божји слуга се чувствувал среќно,
бидејќи можел целосно да му се посвети на Исуса во
пресветата Евхаристија која посебно се почитувала во таа
стара Црква. Неговиот духовен началник го назначува за

35
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

директор на сестрите Клањателки, една заедница која си


поставила за задача со цела посветеност да му служи на
евхаристискиот Исус. Како исповедник на трите набожни
сестри, отец Роеро ги убедил да служат со посебна
посветеност кон пресветата Причест. Неговите залагања
дале изобилни плодови: на 8 декември 1880 година,
празникот на Безгрешното Зачнување, Еврозија, Христина и
Наталија се запишале како членки на заедницата Молителки
на пресветата Евхаристија. Овој ден бил еден од најсреќните
денови во животот на трите девојчиња. Тогаш Еврозија
имала 21 година, Христина 16 години, а Наталија а 14
години. Новите обожувателки на Исус во евхаристијата,
биле многу благодарни на Пресветата Мајка, која толку ги
приврзала кон Божествениот Младоженец. Ова посебно
зближување со Исуса го извршило решавачкото влијание во
понатамошниот живот на Еврозија и на нејзините две
помали сестри. Само две години подоцна од овој
незаборавен ден, Христина ќе му се посвети целосно на
Небесниот Младоженец станувајќи сестра во редот на
чесните сестри Сакраментинки во еден манастир во Торино.
И Наталија, најмалата од трите сестри, ќе остане во
татковиот дом каде што ќе му служи на Бога како чесна
сестра во својата куќа, целосно предадена на семејните
грижи, давајќи одличен пример во околината, за да ги
привлече и нив кон Небесниот Младоженец.
Како членови на друштвото, Еврозија, Христина и
Наталија се разликувале во својата набожност, кога имале
можност да коленичат пред изложената света Евхаристија и
да стојат како гардисти на Исуса во пресветата Тајна.
Трите сестри зачувале трогателни спомени од првите
години, кои ги поминале како членови на тоа друштво. Но,
Еврозија како најстара давала пример за набожност.
Наталија зачувала одлични спомени за нејзината
постара сестра како молителка на пресветата Евхаристија:

36
д-р Христо Драгов

– Тогаш – кажува Наталија – пред светиот олтар, за


Еврозија започна нов живот, посветен на Исуса во светата
Причест. Црквата Тело Господово стана нејзино огниште.
Беше пресреќна да присуствува на месечните беседи кои
директорот, отец Роеро ги подготвуваше за членовите на
друштвото. Еврозија блескаше од радост посебно во
деновите кога беше облечена во белата облека на
обожувателките, чекореше гордо и мислите ѝ беа насочени
кон пресветата Причест, носена во набожните поворки. Таа
коленичеше цела потоната во своите мисли за Небесниот
Младоженец во деновите на 40-те часови обожување на
Евхаристијата.
– Ах, колку мили за неа беа светите часови, да го
обожува Царот Небесен.
Сигурно во тие часови на религиски подем, Небесниот
Младоженец својата активна молителка ја подготвувал за
нејзината идна мисија. Тој ѝ дал храброст, да може херојски
да го жртвува своето семејство, татковината и сè најмило, да
може да оди во многу далечна земја за да му служи... Повеќе
од пет години Еврозија водеше борба со себеси, страдаше и
плачеше...
На крајот, сите пречки беа совладани, таа се увери,
дека таква е Божјата волја и кога на 3 феврувари 1888
година, замина за Македонија, нејзината мила насмевка на
усните ѝ беше сведок дека со љубов реши да му служи на
Исуса меѓу набожното македонско население...

Еврозија и Франческо

Кога мајката на Еврозија ја замолила да се грижи за


браќата и за сестрите, најмалиот од нив, Франческо, имал
само 4 години. Неговата мила сестра целосно ја заменила
неговата болна мајка и ниту за миг не се оддалечувала од
својот мал брат. Така Франческо напредувал, се развивал

37
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

умствено и телесно под грижливото око на својата сакана


сестра. Годините минувале незабележливо и дошло време
Франческо да се запише во колеџот Скарнафиџи, каде што
неговите двајца браќа, поголемиот брат Јосиф и Мелхиор, го
завршиле средното образование.
Тогаш тој имал девет години. Но, по една година
Франческо морал да се врати во родниот град Торино за да
го продолжи образованието во една од градските гимназии.
Во тоа време Христина веќе имала четиринаесет
години, а помалата сестра Наталија влегувала во
дванаесеттата година. И двете сестри, иако не биле на иста
возраст, биле сериозни девојчиња, за кои Еврозија немало
потреба да посветува посебни грижи, бидејќи сами оделе по
патот на добродетелта.
Еврозија како најстара сестра требала да му помага на
татка си во трговските работи, при што Франческо бил
оставен сам да се развива слушајќи ја својата совест. Додека
таа помагала во работата на нејзиниот татко, Франческо
растел и наполнил петнаесет години. Кога родителите
виделе дека нивниот најмал син пораснал до критичната
возраст во која човечкото срце ги развива своите
способности, склоноста, која го придружува човекот дури до
гроб, одлучиле да посветат поголемо внимание на неговото
воспитување. Пред сè, тие сакале да го оддалечат од лошите
другари, кои влијаеле опасно врз нежната душа на една
млада личност која штотуку зачекорила во животот.
Нежните, добри родители биле свесни дека во еден голем
град како Торино никогаш нема да недостасуваат лоши
примери и многу страдале заради мислата дека нивниот
Венјамин може да се најде во средина која може да влијае
лошо врз неговото срце.

38
д-р Христо Драгов

Важната мисија

Еден празничен ден, Петар и Катерина сакале да си


позборуваат насамо, додека Еврозија, Франческо и Наталија
излегле на прошетка низ околината на градот. Сопругот
изјавил дека за Јосиф и Мелхиор нема никакви грижи,
бидејќи биле на сигурно место во манастирот, исто така и за
Христина и Наталија.
Првата била веќе на деветнаесетгодишна, а втората на
седумнаесетгодишна возраст. Притоа Христина веќе била во
манастирот на Сакраментинките и не само што немала
потреба од родителите, туку со нејзините молитви можела
да им помага на тешкиот пат низ животот. Наталија останала
кај родителите, се покажала како вредна домаќинка и немала
време за ситни и опасни забави.
– Сите мои грижи се свртени кон Франческо – изјавил
Петар Алоати. Ова момче има добри склоности, но ѓаволот
не спие во еден така голем град како Торино. По
темпераментот Франческо е жив и бистар, а ние не можеме
да го држиме постојано затворен дома. Момчето има
потреба и од забави, но треба да се погрижиме тие да бидат
пристојни и безопасни за неговата душа. Катерина, знаеш ли
што сум замислил? Да му дадеме на Франческо еден другар
кој ќе го води насекаде за време додека е слободен од
училиштето. Јас мислам, дека подобар другар нема да
најдеме од Еврозија. Се согласувам да вложам повеќе труд
во дуќанот, да земам дури и помошник, а да ја оставам
нашата најстара ќерка слободна, за да може насекаде да го
придружува својот брат. Колку што гледам и знам, тие
многу добро се согласуваат и нема да му биде непријатно на
момчето да има таков другар. Катерина, дали се согласуваш?
– Да, Петре – одговорила мајката – таква мисла се врти
и во мојата глава. Еврозија, најдобро ќе ја исполни оваа
мисија, а Наталија целосно може да ја замени во

39
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

домаќинството. Другите наши деца Јосиф, Мелхиор и


Христина веќе се на сигурни пристаништа во манастирите.
Вечерта кога Еврозија, Наталија и Франческо се
вратиле дома, таткото им ја соопштил одлуката која ја донел
за другарството меѓу Еврозија и Франческо.
Младото момче било воодушевено од ова, претходно ѝ
се заблагодарило на својата мила сестра за грижите што ќе
ги посвети за него.
И така, кон крајот на 1883 година, Еврозија и
Франческо станале неразделни. Младото момче не
познавало други другари, освен својата сестра. Тие биле
заедно секогаш и ги посетувале оние места што еден
христијанин може да ги посети без опасност за неговата
душа.

Ангелот чувар

Еврозија сето свое време му го посветувала на своето


братче и заедно со него посетувала цркви, музеи и друго.
Заедно оделе на долги излети и присуствувале во
заедничките игри: заедно читале забавни книги, заедно
слушале проповеди и музика. Еврозија се покажала и како
искусен познавач на уметноста. На својот брат му ја
објаснувала убавината на уметничките дела.
Таа за сè што правела барала совет од својот духовник,
а честопати се советувала и со својата мајка, со својот вујко,
кој бил свештеник и со други лица, кои ѝ вдахнувале
доверба.
Еден ден Еврозија и Франческо, пристојно облечени се
шетале низ градот. Во тој миг по улицата поминала една
нејзина пријателка и член на друштвото Мариини девојки,
задолжена да ги надгледува. Без да се срами Еврозија ја
поздравила својата пријателка.

40
д-р Христо Драгов

Следниот ден сосема неочекувано Еврозија била


повикана во парохискиот дом на црквата Свети Тома.
Парохискиот свештеник, кој бил и директор на Мариините
девојки, ја дочекал љубезно и ја прашал:
– Госпоѓице, кажете ми, дали сте Мариина девојка или
ќерка на светот? – Оче, зошто ме прашувате такви работи?
Вие знаете дека јас сум само Мариина девојка и никогаш
нема да бидам друга.– Да, но изгледа дека вие често
излегувате на прошетка со едно момче.
– Оче, навистина, сето тоа е точно, но момчето е мојот
брат, најмалиот од сите тројца.
– Тој е ваш брат?
– Да, оче, мој брат.
– Не верувам, госпоѓице Еврозија.
– Тогаш прашајте го вујко ми, тој е свештеник и секој
ден служи света Литургија во црквата Света Тереза. Ве
молам прашајте го и тој ќе ви ја каже вистината.
– Ќе го прашам, госпоѓице, но сакам да ми ветите дека
веќе нема да излегувате со тоа момче. Инаку ќе бидам
принуден...
– Оче, Ве разбирам што сакате да ми кажете, но јас не
можам да Ви ветам такво нешто, зошто мојот духовник Отец
Х... кој Вие многу добро го познавате, ме задолжи да го
правам ова добро дело кон мојот брат, за да не оди со лоши
другари.
– Госпоѓице Еврозија, тоа се обични извинувања, а јас
сакам да ми дадете поинакво ветување.
– Не можам да Ви ветам такво нешто, почитуван оче,
бидејќи тоа го забранува мојата совест и советот на мојот
духовник. Подготвена сум дури да го вратам медалјонот на
Мариините девојки, кого го сакам како моите очи.7 Со Божја
помош, јас ќе се трудам да бидам секогаш добра ќерка на
Марија, дури и да не бидам член на Мариините девојки.
7
Враќањето на медалјонот значи напуштање на набожното здружение.

41
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Знам дека Пресвета Богородица повеќе ќе ме сака, ако го


претрпам срамот да бидам исклучена од друштвото на
Мариините девојки. Доволно е да се изврши едно добро дело
за да ја чувам чиста душата на мојот сакан брат Франческо.
Откако свештеникот се уверил дека Еврозија зборува
со целосна искреност на својата душа ѝ го дал медалјонот и
рекол: – Добро госпоѓице Еврозија. Јас ќе се распрашам и
штом ќе ја дознаам целата вистина, повторно ќе се видиме...
Неколку дена потоа, директорот на Мариините
девојки, придружен од нејзиниот вујко – свештеник ја
посетил Еврозија дома и ѝ рекол: – Извинете ќерко Еврозија,
зашто Ве навредив. Вие сте во право. Одете по патот по кој
сте тргнале. И никогаш не ја запоставувајте грижата за
душата на помалиот брат. Вашата Небесна Мајка Дева
Марија, ве благословува исто и сите ние ве благословуваме
и ви посакуваме целосен успех во ова свето дело...
По оваа случка, уште цели шест години, Еврозија
продолжила да му служи како другарка на својот брат,
додека тој ја завршил гимназијата, кога веќе наполнил 21
година и веќе зајакнал наспроти светските искушенија.
За ова таа, добива признание од својата мајка за
доброто дело. – Еврозија – сакаше да раскажува Наталија –
за нашиот мил брат Франческо беше котва за спасување. Таа
ја придоби неговата доверба, а со тоа и неговото срце го
раководеше неговиот вкус во сè и му стана најголема
поткрепа во неговите опасни години од животот.
Подоцна братот Јосиф кажуваше:
– Еврозија често ја жртвуваше својата волја, често
откажувајќи се од некое набожно дело или од одмор, за да
може да го придружува својот мил брат на прошетка или на
пристојните забави. Таа знаеше дека со мед се ловат повеќе
муви отколку со оцет...
Бидејќи болеста на нивната мајка била тешка и
неизлечива, татко ѝ решил да ја олесни работата на Еврозија.

42
д-р Христо Драгов

На помош повикал една возрасна жена. По неколку години,


раскажувала Основачката на сестрите Евхаристинки, таа
започнала да се однесува како господарка во куќата. Бидејќи
таткото бил многу зафатен во дуќанот, ништо не гледал што
се случува, а туѓата жена, си додавала, измислувала некои
работи, посебно сакала да ја клевети и осрамотува Еврозија.
Таткото многу добро си ја познавал својата ќерка и
нејзините добродетели, но честото повторување на
клеветите влијаело и тој почнал да ја опоменува. За
Еврозија, која многу си ги сакала своите родители ова било
голема пречка. Од една страна таа гледала дека крајот на
нејзината мајка се наближува, а од друга забележала дека
лукавата жена чека со нетрпение да стане господарка во
куќата на Петар Алоати. Наместо да прибегне кон омраза,
Еврозија се молела на Небесната Мајка да го просвети
нејзиниот татко. Петар бргу ја забележал својата грешка и ја
отстранил озборувачката од својата ќерка. Така во
семејството повторно завладеал мирот.

По патот на совршенството

Еврозија секој ден сè повеќе пројавувала голема љубов


кон Пресвета Богородица и кон Нејзиниот Божествен Син.
Таа целосно се предала во рацете на Спасителот и сакала во
целосно да ја исполнува Неговата волја. Но, нејзината љубов
кон Исус уште не била исчистена, во неа имало уште нешто
суетно. Божествениот Младоженец наскоро ја очистил таа
љубов на Еврозија и ја упатил кон совршенство.
Светците истакнуваат дека кога Христовата љубов
гори во срцето кај некој христијанин, таа има потреба од
гориво, за да се разгори. Тоа гориво е ближниот. Бог сака
Него да Го сакаме најмногу од сè, но сака оваа љубов да им
се дава и на другите. Затоа, секоја душа, која гори од љубов
кон Бога и кон Исус, сака да го запали тоа чувство и во

43
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

другите, така што целиот свет да се запали од едно нежно


чувство кон Творецот. Токму тоа го сака Христос кога вели
во Евангелието: – „Јас дојдов на земјата за да ја распалам
Божјата љубов и ништо друго не сакам, освен да ја запалам
таа љубов во сите срца”.
Всушност Еврозија, била запалена од љубовта кон
Христа која ја ширела со вистинска спасувачка предаденост.
Таа секогаш си ги спомнувала зборовите на свети Винко
Паолски кој вели:
– Божјата љубов е оган, а предаденоста е нејзиниот
пламен. Ние се лажеме ако велиме дека Го сакаме Бога, а
немаме предаденост за Божјата љубов која во суштина е
средство.
Еврозија ова го покажала кон нејзиниот љубен брат
Франческо. Таа сакала и него да го запали со таа чиста
љубов кон Бога која горела во нејзиното срце.

Залагањето на Еврозија

Но, тоа не било доволно за предаденоста на Еврозија.


Таа сакала Бог да биде во поголем круг на луѓе.
Таа ги употребувала сите можни средства за ширењето
на Божјата Љубов меѓу луѓето. Во 1885 година имала
можност да ја исполни својата желба. Во тоа време
парохиската црква Света Тереза имала потреба од учителка
која требала да им предава катехизис на малите девојчиња.
Еврозија скокала од радост кога дознала за оваа пријатна
вест и веднаш се претставила кај парохискиот свештеник и
се понудила на услуга. На Божјиот слуга му била позната
оваа нејзина посветеност и тој го примил со големо
задоволство нејзиниот предлог. Оваа посветеност на младата
апостолка ѝ била позната на заедницата и штом се дознало
дека таа ќе им предава катехизис на девојчињата,
христијанските мајки побрзале да ги испратат своите деца.

44
д-р Христо Драгов

Уште од првиот ден, училницата била полна со слатки


девојчиња, кои не само што ја слушале со големо внимание,
туку и со големо задоволство. Еврозија со својот благ
карактер и со љубовта кон ученичките, успеала да ги
привлече кон себе и да ги упати кон Спасителот.
Новата активност на Еврозија некои луѓе ја осудувале
на неуспех, но бројот на ученичките секој ден се зголемувал,
а тоа сведочело дека учителката има големи плодови од
своето големо залагање за Божјата љубов.
Неуморното залагање на Еврозија, нејзината мајчинска
нежност кон малите ученички, кои се натпреварувале да ја
покажат својата заинтересираност за катехизисот дало плод:
сите совесно ги учеле лекциите и со големо внимание го
слушале објаснувањето на својата мила учителка.
Познавајќи ги човечките слабости и природната
расеаност на малите ученички, вредната учителка не го
пропуштала мигот да го придобие нивното внимание со
интересни и поучни раскази кои им ги раскажувала на крајот
од секоја лекција. Таа, возвишените вистини за верата, ги
објаснувала со интересни раскази што уште повеќе се
запечатувале во паметта на малите ученички. Учителката
знаела и умеела да поттикне интерес со натпревар меѓу
своите послушни ученички, зашто одвреме-навреме им
давала икони како награда за нивната пројавена активност
во изучувањето на катехизисот. Таа особено ги
привлекувала кон себе поумните девојчиња, засилувајќи им
ја набожноста, а истовремено имала начин како да ги
развесели, радосни и задоволни да си одат кај своите
родители.

Вероучителка

Нејзината најстара сестра Наталија, која имала


можност да ги оцени нејзините способности како учителка

45
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

по катехизис, еве како ја опишува нејзината дејност: –


Еврозија се залагаше многу како вероучителка и блескаше
од радост, бидејќи на тој начин можеше да му служи на
Божествениот Учител. Таа беше строга и бараше од
ученичките не само да ги учат наизуст вистините на верата,
туку сакаше уште и да ги разберат. А за да им го објасни тоа
подобро, се служеше со најсоодветни методи. Посебно беше
среќна кога имаше случај да подготви некое девојче за прва
света Причест.
Посветеноста на Еврозија кон малите души беше за
секоја пофалба. Таа се служеше со мали средства, со кои
постигнуваше големи резултати. Една набожна жена ѝ дала
неколку бројаници за молење, благословени од владиката.
Тие убави бројаници им ги разделуваше на примерните
ученички како поттик за набожна молитва. Освен тоа,
сакаше да им дава христијански книги за да ги читаат дома.
Книгите минуваа од рака в рака и таа правеше многу други
добри дела.
Се разбира, предавањето катехизис не била единствена
грижа на Еврозија која била запалена од љубовта Божја. Таа
сакала на своите мали ученички да им ја покаже љубовта
кон Исус во пресветата Евхаристија. Особено нејзината
посветеност била голема, кога девојчињата ги подготвувала
за примањето на пресветата Причест. Каква стрпливост,
каква мајчинска љубов пројавува таа, за да ги исчисти
малите души од сите несовршености и да му ги предаде на
божествениот Спасител чисти и непорочни. А таа
предаденост и таа љубов на Еврозија кон Исус – Евхаристија
секогаш давала изобилни плодови. А малите души, по
правило по светото причестување, се разликувале од своите
другарки со своето добро поведение и со предаденоста кон
Божјата слава.
Парохискиот свештеник, како и мајките на малите
ученички, го благословувале Бога, зашто им дал еден таков

46
д-р Христо Драгов

ангел-чувар, кој ги водел нивните души по патот на


спасението.
Оваа апостолска дејност на Еврозија продолжила
повеќе од две години, додека на почетокот од 1888 година
Бог ја насочил кон нејзиното поле за работа – мисијата во
Македонија.

Трета глава

Гласот на Бога

Видовме дека уште како дете, Еврозија чувствувала


посебен повик кон посовршениот живот. Во редовите на
Мариините девојки, како молителка, како учителка на
своите браќа и како учителка по катехизис на малите
девојчиња во прв ред, секогаш ја барала Божјата слава:
набожноста кон светата Причест, предаденоста за спасение
на душата на ближниот, активната набожност – сето ова, ја
правело чесна сестра во цивилна облека. Но, таа била чесна
сестра и по душа, зашто никаква световна љубов не
проникнала во нејзиното чисто срце. Навистина, таа многу
ги сакала своите родители, им се посветувала на своите
браќа и сестри, но нејзиното срцето било посветено на
Небесниот Младоженец, на преблагиот Христос.
На 28 октомври 1883 година, Еврозија пристапила во
третиот ред на св. Фрањо.8 Откако поминала една година
како послушничка, на 30 октомври 1884 година таа дала
завет да го живее светиот устав на терцијарите. Освен тоа,
таа му ветила на Бога дека ќе ја чува девственоста.

8
Третиот ред е здружение од световни лица кои сакаат да живеат колку е
можно повеќе во духот на монашкиот живот. Најпрочуен трет ред е овој
основан од свети Фрањо Асишки. Членовите на овој ред се нарекуваат
терцијари.

47
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Таа се трудела да ги следи посветените души на Бога


во сè, на чесните сестри кои целосно се откажале од светот и
од неговите суети. Кога била дома молитвите секогаш ги
кажувала во определено време, одела на света Литургија не
само во неделите и на празниците, туку и во обичните
денови, речиси секој ден се причестувала.
Световните радости и забави воопшто не го
привлекувале срцето на Еврозија, иако за да го зачува својот
брат од искушенијата на светот, била принудена да го
придружува на веселбите и забавите кои имале чиста
намера. Таа своето срце никогаш не го отргнувала од својот
Небесен Младоженец кого веќе го одбрала.
Еврозија честопати помислувала дали би било подобро
да влезе во некој манастир и целосно да му се посвети на
Бога и на Божествениот Учител. Во здружението на
Мариините девојки, во редовите на сестрите Клањателки на
светата Причест и во третиот ред на свети Фрањо таа
чувствувала дека е поблиску до Христа, но не била
задоволна во целост, бидејќи Божјиот глас ѝ рекол дека
треба целосно да се предаде во рацете на Исуса и само Нему
да му припаѓа.
Еврозија чувствувала голема одговорност, бидејќи
била задолжена да се грижи и за нејзиното семејство.
Таткото, кој треба да се грижи за егзистенцијата на
многубројното семејство, не можел да посвети доволно
време на воспитувањето на своите деца; мајката, поради
својата болест, морала постојано да лежи во постела, не
можејќи да работи никаква домашна работа. Еврозија, како
најстара сестра, требало да ја замени својата болна мајка не
само во домаќинството, туку и во грижата за воспитувањето
на своите помали браќа и сестри.
Така, иако имала голема желба целосно да му се
посвети на Бога во некој манастир, таа, од друга страна,
чувствувала дека е многу потребна и дома.

48
д-р Христо Драгов

Но, годините минувале, малите браќа и сестри


пораснале и станале независни во животот.
Јосиф, првенецот во семејството Алоати веќе бил
мисионер, член на монашката заедница на Лазаристите. Од
1882 година тој работел со апостолска предаденост во
Македонија, меѓу македонското население. Мелхиор,
помладиот брат на Еврозија, исто така му служел на Бога во
конгрегацијата на Лазаристите, Христина која пет години
била помлада од Еврозија уште во 1882 година влегла во
манастирот на сестрите Сакараментинки каде Му служела на
Бога само неколку години. Наталија, најмалата сестра,
пораснала и ја наследила Еврозија. Најпосле, Венјамин, шт
осемејството го знаело како Франческо веќе го завршил
школувањето и бил созреан телесно и умствено.

Ослободена од домашните обврски

Значи, Еврозија можела да мисли дека е ослободена од


домашните обврски, затоа што сестра ѝ Наталија успеала да
ја замени во домаќинството. Во оваа состојба, започнала
почесто да мисли на својот повик. Таа веќе решила да влезе
во манастирот, но сè уште не можела да се определи каде да
влезе. Имала наклоност и сакала да влезе во монашките
редови кои се контемплативни и активни за благородни
цели. Но, како одлична христијанка, Еврозија не сакала да
прави ништо без да го праша својот духовен раководител.
Таа, на својот духовен татко му ги кажувала сите свои
душевни преживувања, искрено го отворала своето срце; ги
искажувала со чисто срце своите набожни желби поттикнати
од Божјата благодат.
Еврозија го барала својот пат, а духовникот мудро ја
советувал зашто сакал недвосмислено да го слушне гласот
Божји. Со текот на времето, мислата за монашкиот живот сè
повеќе го заземала срцето на набожната Еврозија.

49
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Понекогаш се обесхрабрувала и барала од својот


исповедник утеха и водство. Еднаш, наоѓајќи се во слично
душевно расположение, таа му кажала на својот духовен
татко:
– Оче, годините минуваат, а јас сè уште не можам
конечно да се решам за мојот повик, во однос на редот. Кога
ќе остарам, нема да ме примат во ниедна монашка заедница.
Духовникот кој сакал да ја испроба истрајноста на Еврозија
ѝ одговорил:
– Мила ќерко, ако Господ навистина сака да станеш
чесна сестра, Тој ќе ти покаже да најдеш манастир, во кој ќе
Му се посветиш. Ако пак не најдеш таков манастир, Бог
може да основа една заедница само за тебе... Биди стрплива
и остави да се погрижи Небесниот Отец.
Еврозија ги ислушала со големо внимание зборовите
на својот духовник и нашла утеха во нив. Загатнувањето од
свештеникот за една нова заедница ѝ направило особено
голем впечаток. Како што ќе видиме понатаму, овие зборови
на духовникот се покажале пророчки.

„Заедница само за тебе ...”

Зборовите кои ѝ ги кажал духовникот: „Господ ќе


создаде заедница само за тебе...” не ѝ излегувале од мислите.
Таа си замислувала нејасно дека некогаш може да застане на
чело на некој монашки ред за девојки, за да го води по патот
кон рајот, но нејзината идеја сè уште не била зрела и
поконкретно не се оцртувала. Сепак, набожната девица
чувствувала голема духовна радост, кога била преокупирана
со овие набожни мисли за Бога.
Во тоа време, имало момчиња кои копнееле да ја најдат
својата семејна среќа, поврзувајќи ги деновите со неа, која
била прочуена во целиот град Торино по својот примерен
живот и со своите христијански добродетели. Освен тоа,

50
д-р Христо Драгов

Еврозија имала убав лик и била од добро семејство. Имало


повеќе момчиња кои сакале да ја добијат раката на Еврозија,
но се повлекле кога разбрале дека нема да најдат единство
во срцето на најстарата ќерка на Катерина Алоати. Но, едно
примерно момче настојувало повеќе од другите. Тој бил
добар христијанин и се исповедал кај истиот свештеник кој
бил духовник на Еврозија.
Доброто момче сторило сè за да ја добие раката на
Еврозија, но таа љубезно му одговорила дека решила својот
живот да му го посвети на Небесниот Младоженец и да Му
служи како чесна сестра.

Небесниот младоженец

Духовникот на Еврозија бил од оние набожни


свештеници кои се појавуваат како вистински помошници
на Бога во водењето на своите духовни чеда. Тој добро ја
познавал Еврозија – дека е избрана душа, украсена со
христијански добродетели, која им служи како пример на
верниците, за да ги отфрли од земските добра и да ги насочи
нивните погледи кон небесната вселена. Таквите души,
меѓутоа, според изобилните поуки од црковната историја,
можат да прават добро во секоја професија. Во аналите на
Католичката црква има богати примери кои докажуваат дека
спасението на ближниот и посветувањето на сопствената
душа е можно и во манастир, како и во светот.
Па, и самата Еврозија, која посветено го читала
животот на светците, знаела дека сите патишта можат да
водат кон Бога. Примерот на Марија и Марта, сестрите на
Лазар од Евангелието постојано ѝ бил пред очите. Нејзиниот
духовен раководител повеќепати ѝ ги објаснувал поуките од
тој пример, кажувајќи дека некои набожни жени го добиле
звањето на Марта – да работат во семејството за
посветување на своите души, вршејќи ги обичните домашни

51
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

работи, други, пак, повикани кон поголемото совршенство,


треба да го напуштат светот, далеку од светот да слушнат за
Христа.
Дали да биде Марта или Марија – честопати си го
поставувала ова прашање Еврозија. Со години таа му
служела на Бога во улогата на Марта, без да биде сигурна
дека тоа е крајната цел определена од Исус. Понекогаш, во
мигот на душевната возвишеност, таа мислела дека е
повикана да го следи примерот на Марија, но немала јасни
знаци за Божјиот повик.
Но, фактот дека Еврозија свесно ги отфрлила чувствата
на доброто момче, на духовникот му претскажувал дека таа
би го одбрала монашкиот живот. И овде изборот секогаш не
е лесен: искусниот свештеник знаел дека и во монашкиот
живот има разновидни правци, зашто Католичката црква
располага со градина од звања кои им соодветствуваат на
разновидните плодови на религиските редови. На
духовникот му било јасно, во врска со Еврозија, дека
постојат чесни сестри кои својот живот го посветиле во
контемплација, други својата цел ја наоѓаат во олеснувањето
на страдањата на ближниот, трети својот повик го откриваат
во христијанското воспитување на младите, четврти
поминуваат мориња и океани, за да им помагаат на
мисионерите во евангелизацијата на паганите, петти своите
грижи им ги посветуваат на болните, сирачињата,
лепрозните, старите и др.
Ниту на свештеникот, ниту на Еврозија, не им било
јасно сè уште за патот, по кој треба да тргне таа. Меѓутоа,
овде на помош им дошол постариот брат на Еврозија, Јосиф.
Ракоположен во свештенички чин уште во 1882 година, тој
бил испратен од своите началници во Македонија, за да
служи во мисијата посветена на духовните потреби на
македонските католици во Солун и во цела Македонија.

52
д-р Христо Драгов

Отците Лазаристи веќе направиле многу добро во тој стар


град, во кој некогаш проповедал свети апостол Павле.
Отец Јосиф со голема љубов служел во Македонија, по
стапките на своите претходници. Началник на братот на
Еврозија бил отец Бонети, парохиски свештеник во Солун.
Тој честопати разговарал со отец Јосиф за духовните
потреби на македонските католици.9

Отец Јосиф раскажува за звањето на Еврозија

Во една беседа, одржана пред сестрите Евхаристинки


во 1902 година во селото Паљурци, Македонија, отец Јосиф
го раскажува следното:
Еден парохиски свештеник отец Бонети ми рече:
„Оче, создадете ни месни сестри”...
На почетокот не разбрав што сакаше да ми каже отец
Бонети. Но, десет месеци подоцна, на 25 август 1884 година
во 14 часот, започнав да го молам Крсниот пат10 во старата
Католичка црква, кога немаше никој. Пред четвртата
постојка во кое Исус Христос е натоварен со крстот, кога на
патот за Голгота ја среќава својата љубена мајка, слушнав
некаков внатрешен глас, како да доаѓаше од Исуса и Марија.

9
О. Август Бонети, апостолски делегат во Цариград, е роден на 3
септември 1831 година, во околината на градот Аоста во северна
Италија. Се школувал во градот Мондова, завршувајќи со одличен успех.
Потоа станал офицер, но наскоро го слушнал Божијот повик и влегол во
монашката заедница на отците Лазаристи. По неговото ракополагање, во
1859 година бил испратен во Солун, каде служел цели 28 години. Во
1866 година бил назначен за началник на солунската мисија на отците
Лазаристи. Во 1887 година о. Бонети бил назначен за Апостолски
делегат во Цариград, служба која ја извршувал до својата смрт. Починал
на 19 август 1904 година.
10
Побожност во Католичката црква за време на Великиот пост за време
на која, верниците се поклонуваат пред 14 икони (постојки) што ги
претставуваат последните мигови на Господ Исус Христос.

53
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Не можам да ви го опишам чувството што го почувствував


тогаш. Стоев цел час и кога станав, се почувствував
просветен, поткрепен и уверен дека Бог сака да основа нова
заедница од сестри кои треба да бидат под покровителство
на Пресвета Богородица и да се наречат Евхаристинки, а
мојата сестра Еврозија да биде Основачка, нивна
Началничка... Но, бидејќи свети Павле вели дека и сотоната
понекогаш може да се јави како ангел на светлината, му се
помолив на Бога да ми даде видлив знак дека Тој тоа
навистина го бара од мене. Во мене почувствував нешто
необично, како сугестија дека овој знак ќе мора да му го
откријам на својот началник, отец Бонети и да го сторам она
што тој ќе ми го каже. Крсниот пат го продолжив и го
завршив, а потоа немав храброст да одам кај мојот началник.
Следниот ден, на 26 август, во истото време попладне
повторно го измолив крсниот пат и молев Бог да ме
просвети. Почувствував внатрешна поткрепа и штом излегов
од црквата се упатив кон кабинетот на отец Бонети.
Тој не се зачуди од тоа што му го открив, туку ми рече:
– Нели ви реков, дека треба да ни создадете месни
сестри?
Во тој миг зборовите што ми беа кажани пред 10
месеци ми станаа јасни. Јас веднаш одговорив и прашав:
– Добро, но која ќе застане на чело?
– Вашата родена сестра Еврозија.
– Но, дали ќе се согласи?
– Пишете му на нејзиниот исповедник и замолете го да
ја праша за нејзиното звање...
Отец Јосиф, поткрепен од зборовите на својот
началник, одлучил да започне со остварувањето на големото
дело. Уште истот ден тој му напишал писмо на духовникот
на Еврозија, излагајќи му сè што доживеал за време на
молењето на крсниот пат на 25 август и во следните денови.
За да ја спознам подобро волјата Божја, заклучува отец

54
д-р Христо Драгов

Јосиф, Ве молам да ги поттикнете моите родители и


роднини, како и другите набожни души, да измолат
деветница во чест на раѓањето на Пресвета Богородица, да
се молат и да се причестуваат за моите намери.

Гестот на христијанската мајка

Духовникот на Еврозија, штом го добил писмото на


мисионерот, веднаш ја исполнил зададената задача, околу
наближувањето на празникот Раѓање на Пресвета
Богородица, 8 септември.
Предупредувајќи ја Еврозија, отишол кај нејзината
мајка сè ѝ раскажал. Тешко болната мајка, која лежела во
постела решително рекла:
– Нека биде по Божјата волја!
Потоа, гледајќи со очите кон небото, таа додала:
– Јас веќе му посветив две од моите деца на Бога, тие
служат во редот на мисионерите Лазаристи: една моја ќерка
е чесна сестра во редот на сестрите Сакраментинки. Ако Бог
ја сака и Еврозија, јас со сето срце му ја давам, бидејќи таа е
Негова пред да биде моја.
Така бил подготвен патот на Еврозија кон нејзината
иднина и полезната дејност за народот. Братот и мајката
биле придобиени, духовникот исто така ја поткрепил
идејата.

Последната пречка е отстранета

Но, решавачкиот час сè уште не дошол. Еврозија, која


посебно го љубела својот татко, морала да го побара и
неговиот совет.
Петар Алоати бил веќе мошне стар, но продолжувал и
натаму да се грижи за своето семејство, раководејќи со
сопствените фабрики. Сите свои деца многу ги сакал, но

55
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Еврозија ја сакал посебно, бидејќи била вистинска


домаќинка во куќата. Освен тоа, таа била многу полезна и во
фабриката за тестенини, десна рака на својот татко;
учествувала во продавањето на стоката и ги водела
трговските сметки...
Еврозија не сакала да го разочара својот татко и да го
лиши од својата скапоцена помош во трговските работи.
Меѓутоа, таа била убедена, дека ако Бог решил да ја повика
кон посовршен живот, тој ќе ѝ даде средства за да ја
исполни оваа цел. Стариот Петар сè повеќе чувствувал дека
силите го напуштат. Навистина, Еврозија неуморно му
помагала на својот татко, но таа не можела да ја прифати
целата работа врз себе и да му дозволи на татка си да се
предаде на одмор кој го заслужил со својот долгогодишен
труд.
Но, Еврозија продолжувала да работи во магацинот на
својот татко. Таму никој не можел да ја замени. Летото 1885
година стариот Петар се разболел од пневмонија во мошне
опасна форма; животот му бил во опасност. Тој оздравел од
болеста, но веќе не можел да си ги поврати силите кои ги
имал порано и да работи во магацинот, како порано. Целата
тежина на работата паднала врз плеќите на Еврозија. Таа по
цел ден работела во магацинот, а наутро станувала еден час
порано, жртвувала од сонот за да оди на света Литургија и
да се причестува.
Во едно писмо од нејзиниот брат, отец Мелхиор до
сестрите Евхаристинки, вака ја опишува работата што ја
вршела Еврозија во тоа време:
– Еврозија по цел ден беше во фабриката, каде требаше
да ги надгледува работниците, да купува материјали за
производството, да продава стока на големо и на мало, со
еден збор да се занимава со сè друго, освен со тоа што го
сакаше што ѝ беше длабоко во душата. Но секогаш му беше
верна на своето гесло. „Го сакам она што Бог го посакува” –

56
д-р Христо Драгов

таа достоинствено го носи својот крст, со духот и со срцето е


кај својот брат Јосиф и кога не може лично да му помогне во
неговата мисија таа го поткрепува со своите молитви, а
посебно со своите жртви.
Во 1887 година татко ми, чувствувајќи го посилно
бремето на староста и мислејќи дека Франческо нема
квалитет и желба да го прифати врз себе претпријатието и
дека неговата ќерка Еврозија, се жртвува за работа која не ѝ
е блиска, одлучил да земе заслужен одмор и да ја продаде
фабриката.
И навистина, таткото својата одлука ја исполнува и
така се отстранува и последната пречка за повикот на
Еврозија.

Средбата на братот и сестрата

Во текот на 1887 година отец Јосиф, братот на


Еврозија, го придружува својот владика за време на
последното патување од Париз и Рим. На враќање,
мисионерот поминува низ Торино и се задржува неколку
дена во родниот град, каде отците Лазаристи имаат свој
манастир.
Кога Еврозија дознала за тоа, следниот ден рано наутро
се јавила во црквата, за да присуствува на Литургијата,
служена од нејзиниот брат и да ја прими пресветата Причест
од неговите раце. По службата таа оди да се поздрави со
својот брат во собата определена за разговори со цивилни
лица. Притоа Еврозија била зафатена со мислата за своето
звање. Таа го запаметила она што нејзиниот брат ѝ го кажал
пред три години, но се чудела, зошто веќе не настојувал за
мисијата да основа монашка заедница на сестри за
Македонија. Во личната средба со својот брат, таа сакала да
добие просветлување по ова животно прашање, кое веќе се
вгнездува во нејзината свест.

57
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Еврозија и братот седеле еден наспроти друг и


разговорот започнал. Таа ја искористила можноста да го
праша за предлогот, што ѝ го предложил уште во 1884
година.
– Мила сестро – одговорил отец Јосиф – одлучив да те
оставам сама да се определиш за своето звање, затоа веќе не
ти пишував за ова прашање. Но штом сама ми прозборе за
ова, ќе ти кажам дека моја желба е да дојдеш во Македонија,
ако е таква Божјата волја. Се радувам со сето срце што ми
поставуваш такво прашање и ќе се молам на Бога што
поскоро да дојдеш и да ме најдеш во Солун.
Овој разговор меѓу братот и сестрата имал големи
последици. Еврозија веќе била подготвена да замине за
Македонија, но за поголема сигурност, решила уште еднаш
од Бога да побара просветување, па потоа решително да
тргне по патот предодреден за неа.
По заминувањето на отец Јосиф, Еврозија уште
посрдечно му се молела на Бога за да го зацврсти нејзиниот
повик.
Еден ден таа му кажала на својот исповедник:
Оче, во нашиот град има еден свет човек – дон Боско.
Дали ми дозволувате да одам кај него да побарам совет за
мојот повик?
Исповедникот го искористил случајот, за да ја испроба
послушноста на своето духовно чедо и ѝ рекол:
– Ти дозволувам да одиш кај дон Боско, но ти
забранувам да зборуваш за својот повик. Ќе одговараш на
прашањата што тој ќе ти ги постави.
– Но што ако не ме праша за мојот повик?
– Ти ќе молчиш.
– Тогаш ќе биде бескорисно да го вознемирувам.
– Ќе одиш да го посетиш дон Боско, но добро
запамети, забрането ти е да зборуваш за повикот. Ќе
одговараш само тоа што ќе те праша.

58
д-р Христо Драгов

Пред неколку години Еврозија му дала завет на


послушност на исповедникот. По силата на тој завет, таа оди
да го посети дон Боско кој ја дочекал како татко прашувајќи
ја за нејзиниот вујко дон Кико, за нејзините родители, а
посебно за нејзината мајка, која лично ја познавал. Божјиот
човек ја благословил и ја испратил.
Таа имала мошне силна желба да го праша дон Боско
за одењето во Солун, но од послушност не се осмелила да го
постави ова прашање.
По средбата со дон Боско, Еврозија се вратила кај
исповедникот, за да го извести за својата бескорисна посета.
Но, таа наизглед бескорисна посета ѝ овозможи да
направи херојски чин на послушност.
Нејзниот духовен отец конечно се уверил во нејзината
послушност и во тоа дека Бог навистина ја повикува да му
служи во Македонија.

59
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Св. Иван Боско

Делото на дон Боско

Таа во себе ја потхранувала идејата да се посвети на


мисијата во Македонија, особено многу го почитувала дон
Боско и неговото дело, што во тие денови било во својот
расцут. Но Еврозија чувствувала особена желба да го проучи

60
д-р Христо Драгов

делото на Марија Маѕарело, помошничката на дон Боско и


Основачка на конгрегацијата Марија Помошничка.11
Основачот на толку богоугодни заводи, дон Боско,
меѓу другите свети задолженија, не ја заборавил и убавината
на Божјиот храм. Тој изградил три прекрасни цркви од кои
најпозната е Света Богородица Помошничка во Торино,
уште наречена и Мадоната на дон Боско. Таа прекрасна
црква била основана без пари. Дон Боско нашол 1500
италијански лири за да го купи местото, но кога бил
поставен камен темелникот во 1864 година, тој во својот џеб
имал само половина лира. При сето ова големиот светец
храбро се зафатил со работа. Речиси од секаде почнала да
пристигнува помош. Светиот Отец, Папата Пиј IX ја
поддржал идејата и наредил црквата да ѝ се посвети на
Пресвета Богородица Помошничка; кнезот Амедеј Савојски

11
Додека светецот, кого сега го почитува целата Католичка црква, го
усовршувал своето дело, посветено на најзапоставените момчиња,
Марија Маѕарело се грижела за спасението на малите девојчиња од
народот. Вдахновена од Бога, таа ревносна Божја служителка основала
една работилница со црквичка каде ги собрала сиромашните девојчиња
од село Вал де Морнезе, во едно предградие на Торино, им предавала
катехизис и ги учела да шијат. Во почетокот тој завод бил многу
скромен, но дон Боско, мисионерот на новото време, ги посветил своите
грижи, за да го дополни своето сопствено дело, посветено на момчињата.
Марија Маѕарело, по сугестија на светецот, одлучила да го усоврши
својот завод и да му даде форма на монашка заедница. Идејата се
остварила на 5 август 1872 година, кога Марија Маѕарело, заедно со
своите духовни ќерки, примила монашка облека. Заедницата била
наречена конгрегација на ќерките на Марија Помошничка, денес е една
од најактивните и брои околу 5000 сестри во цел свет. Освен редот на
Салезијанците и на ќерките на Марија Помошничка, дон Боско основал
трета заедница од мирјани и мирјанки. Последните живееле во светот и
од нив светиот основач барал само да работат за спасение на ближниот
преку молитви, совети, милостина и слично. Оваа цивилна заедница го
добива името Салезијански помошници и денес брои повеќе од 500.000
членови.

61
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

го поставил првиот благословен камен. Во јуни 1864 година


прекрасниот храм на Света Богородица бил готов и се
извршило осветувањето на кое се собрале илјадници луѓе.
Се разбира, нашата Еврозија била една од најголемите
почитувачи на новиот храм и присуствувала при
осветувањето заедно со своето семејство. Потоа, секоја
година, активно учествувала во деветдневната молитва во
чест на Пресветата Богородица Помошничка, молејќи се за
покровителството на Божјата мајка за добивање на
благодати.

Четврта глава

Пророштвото на свети Иван Боско

Во почетокот на месец мај 1887 година во својата


постојана молитва кон Небесната Царица, Еврозија молела –
пред да заврши месецот, посветен на Божјата Мајка, таа таа
да прими знак за Божјата волја околу нејзиното звање.
– За оваа своја молитва – пишува отец Мелхиор – таа
ништо не му кажала на својот исповедник и уште помалку
на други лица, и во квечерината на 23 мај, празникот на
Пресвета Богородица Помошничка, Еврозија заедно со
сестра ѝ Наталија и со неколку братучетки, оди во храмот на
Валдоко за да присуствува на конференцијата на
Салезијанските помошници.
По завршувањето на Литургијата, Еврозија се
подготвила да си оди дома, но братучетките ѝ рекле: - Ајде
да одиме во сакристијата да му бакнеме рака на дон Боско. –
Не – одговорила Еврозија – да си одиме. Има толку многу
народ кој сака да го поздрави дон Боско. Ризикуваме да ни
ги искршат коските, без да имаме среќа само да го видиме
Божјиот човек.

62
д-р Христо Драгов

Но, братучетките настојувале упорно да одат, а за да не


остане сама Еврозија си направила пат меѓу народот и
влегла во сакристијата. Дон Боско бил на другиот крај од
сакристијата, наспроти влезната врата: отстрана го држеле
двајца свештеници; други свештеници правеле место и ги
пуштале верниците да му бакнуваат рака на Божјиот слуга.
Штом Еврозија влегла во сакристијата дон Боско
веднаш ја препознал и ја повикал по име да дојде кај него.
Вцрвенета од срам меѓу мноштвото луѓе Еврозија се
приближила до Божјиот човек, а тој ѝ прошепотил.
Ти си барала знак од Света Богородица и таа ти го дава
преку мене. Оди во Солун и стави се на располагање на
твојот брат Јосиф, прави така како што ќе ти каже тој. Но,
пред да заминеш, дојди повторно кај мене, бидејќи сакам
нешто да ти кажам.
Наталија и братучетките биле љубопитни и сакале да
дознаат што ѝ рекол дон Боско на Еврозија, но таа го
зачувала тоа во своето срце и никому не кажала... Еврозија
побрзала да го посети дон Боско според неговата желба.
Овојпат таа била сосема слободна и му кажала сè што
сакала. Дон Боско со големо внимание ја ислушал и ѝ кажал
дека оваа е Божјата волја. Тој ја советувал, давајќи ѝ некои
практични совети. Потоа ѝ рекол: – Сега клекни на колена за
да ти го дадам мојот благослов. Еврозија паднала на колена
и светиот човек ја благословил.
Пред да замине, на збогување, дон Боско ѝ рекол на
Еврозија: – Пред да заминеш ти ќе дојдеш повторно и ќе ме
видиш, но јас нема да можам да те благословам.
Веќе сигурна во Божјата волја – продолжува отец
Мелхиор – Еврозија започна да се подготвува за
заминувањето. Таа предвидуваше дека многу ќе страда, кога
ќе ги остави своите родители, но цврста во своето гесло, таа
најде сила да се раздели од најмилото, по донесувањето на
својата одлука. Таа си најде сопатничка и го определи

63
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

терминот 3 февруари 1888 година како ден за тргнување од


Торино. Кон средината на јануари дон Боско тешко се
разболе, а Еврозија не можеше да го посети. На 31 јануари
светецот беше повикан од Бога за да ја добие својата
Небесна награда. На 1 февруари Еврозија отишла да го
посети дон Боско, но ги видела само неговите посмртни
останки. Пророштвото се случи: дон Боско не можеше да ја
благослови Еврозија...
Подоцна, Еврозија често им зборувала на своите
духовни ќерки, на сестрите Евхаристинки за средбите со дон
Боско.
– Отидов кај него со полна вреќа стапчиња против
мојот повик. Тој ги ислуша едно по едно и како да ми ги
читаше мислите, секогаш ми одговараше со зборовите: –
Знам... знам... но братот твој има потреба од тебе... Ти ќе
основаш една заедница од месни сестри... ќе имаш деца и
девојчиња да ги воспитуваш... Затоа биди внимателна кон
советот кој ти го давам: „Omnia videre, pauca corrigere, multa
dissimulare” (Сè гледај, малку поправај, многу прикривај).

Погребот на дон Боско

Црквата на Пресвета Богородица помошничка се


полнела со народ. Веста за смртта на дон Боско брзо се
раширила не само во Торино, туку и во околните села. Од
раните зори прекрасниот храм почнал да се полни со народ
од сите слоеви на заедницата, богати и сиромашни, мажи и
жени, граѓани и селани, деца и старци; сите брзале со
последна почит да се поклонат пред смртните останки на
светецот.
Еврозија за миг имала можност да ги види
незаборавните црти на тој Божји човек кон кого чувствувала
особена почит, бидејќи светата Божја Мајка го одбрала него
да ѝ го открие патот по кој требало да тргне за да ја исполни

64
д-р Христо Драгов

својата мисија. Во нејзиното паметење сè уште одекнувале


татковските зборови на дон Боско:
– Ти ќе ме видиш, но јас нема можам да те
благословам.
Да, Еврозија го видела измаченото лице на светителот,
но неговите очи веќе биле изгаснати, устата му била без
глас, рацете неподвижни, телото почивало во прегратките на
неизбежната смрт. Да, навистина – овие раце не можеле да
се кренат за благослов, оваа златна уста не можела да ги
изговори слатките зборови: „Benedicat te”... (Да те
благослови...).
Длабока тага го опфатила срцето на Еврозија, очите ѝ
се насолзиле, душата го почувствувала недостигот од татко,
од кого очекувала поткрепа и охрабрување, пред да го
направи најважниот чекор во својот живот.
Но, црквата продолжила да се полни со народ: сите се
упатувале кон посмртниот одар на светецот за да му го
кажат своето последно „збогум”. Еврозија морала да се
тргне, за да им даде можност и на другите да го видат
мртвото тело на големиот човек, дон Боско. Застанала во
еден агол од црквата и се молела со тивка длабока молитва
кон Пресвета Богородица, покровителка на таа црква...
Торино никогаш не доживеал таков ден, црквата на дон
Боско никогаш не видела толку богомолители, бидејќи до
вечерта поминале 40.000 луѓе за да се поклонат пред
посмртните останки на Божјиот слуга.
Еврозија се упатила полека дома, мислите ѝ биле со
дон Боско со последните зборови кои ги слушнала од него,
кои ставиле крај на нејзиното колебање за нејзинот повик.
Случката со пророштвото на дон Боско за Еврозија
била последниот доказ за Божјата волја врз нејзиниот
необичен повик. Тој не се збунил кога ѝ кажал дека не ќе
може да ја благослови. Исто така ѝ ја кажал вистината дека
нејзиниот брат има голема потреба од неа за да основа

65
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

монашка заедница. Внатрешно убедена и спокојна,


поткрепена од Божјата благодат и од покровителството на
Дева Марија, таа достоинствено и широкоградо ја исполнува
кон Бога својата голема жртва, разделбата од својот топол и
мил татков дом, од саканите родители, од браќата и
сестрите, вујкото, роднините и пријателите, од својата мила
татковина, толку богата со прекрасни цркви и светилишта за
да оди во непозната земја.
На 2 февруари 1888 година во Торино се забележува
необично движење. Овој ден бил определен за погребот на
дон Боско. Тоа било величествено: присуствувал целиот
град, 20.000 луѓе ги придружувале посмртните останки на
големиот покојник до местото Валсаличе, во околината на
Торино, каде се наоѓа семинаријата на отците Салезијанци.
Не постојат документи со кои би се докажало дали
Еврозија била присутна на погребот на дон Боско. Но сето
ова ѝ оставило голем впечаток, бидејќи таа му должела
многу на овој свет Божји слуга преку чија уста Света
Богородица ѝ го открила нејзиниот повик.

На пат за Солун

Подготовките за патувањето веќе биле договорени.


Секој петок имало параброд од Џенова за Солун. Особени
грижи околу патувањето вложиле сестра Виченца Пучи,
началничката на Милосрдните сестри во Торино, како и
сестрата Елисавета Пучи, началничка на истите сестри во
Солун.
Духовникот на Еврозија претходно предупредувајќи го
вујкото за ова заминување, ја повикал за да ѝ даде благослов
и согласност. Мајката на Еврозија, исто така, била
предупредена да ја прифати оваа голема жртва. Останал
уште таткото да даде согласност. Со оваа мисија се зафатил
преподобниот отец Џакарди.

66
д-р Христо Драгов

Еврозија со голема мака го добила одобрението на


татка си речиси еден месец пред своето заминување за
Македонија. Доказ за ова е следното писмо, кое таа му го
напишала на својот брат Мелхиор со датум од 6 јануари
1888 година. Во писмото, меѓу другото, се вели: „Денес на
мојот мил татко му ја соопштив веста за моето заминување.
Тој спокојно ми ја даде својата согласност. Моли се за него и
за Франческо, Бог да им даде сила, да им помогне
широкоградо да ја поднесат жртвата на разделбата и гледај
ако можеш на 3 февруари да бидеш тука за да ги утешиш”.
Најпосле дојде толку многу очекуваниот ден 3
февруари. Уште рано наутро Еврозија, во придружба на
својата сестра Наталија, оди на света Литургија во црквата
Тело Христово каде што за последен пат се причестува.
Од црквата таа веднаш се вратила дома и влегла во
собата на своите родители. Трогателен бил мигот кога
Еврозија паднала на колена и го барала благословот на татка
си и мајка си, како и на својот вујко, дон Кико. Сите
плачеле, само Еврозија била спокојна и љубезно се
збогувала. По збогувањето, со насмевка на устата се упатила
на станицата каде сестра Виченца Пучи ја чекала за да
замине заедно со неа до Џенова. Во големиот пристаништен
град тие пристигнале попладне и чекале до 17 часот за да се
качат на бродот кој требало да ги однесе во Солун. На
пристаништето, таа забележала група милосрдни сестри кои
ја испраќале госпоѓицата Кончета, назначена за учителка во
тамошниот пансион. Еврозија и Кончета набрзо се
спријателиле и го оставиле багажот во кабината. Потоа
излегле на палубата со очите свртени кон брегот, каде што
стоеле Милосрдните сестри и чекале бродот да тргне. Точно
во 18 часот се огласила сирена и бродот тргнал кон југ.
Бродот почнал да забрзува сè повеќе, а Џенова сè помалку се
гледала во очите на двете сопатнички.

67
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Еврозија и Кончета се тргнале настрана и ги размениле


своите мисли за идната мисија.
– Кажете ми – ја прашала Кончета – зошто го
оставивте овој убав и мил град со вашите родители и
богатства, за да заминете во еден далечен град? Впрочем,
Вие не сте како мене сиромашна и напуштена, јас одам во
Солун за да работам во училиштето кај познатите сестри.
– Мила Кончета – одговорила Еврозија – јас одам кај
познати. Таму е мојот мил брат Јосиф, кој е свештеник
мисионер. Тој ме повика за да му помогнам во неговата
мисија.
– Но, со што ќе му помагате? Да не е задолжен да им
помага на Италијанците во Солун?
– Не, драга Кончета, нему му е доверена мисија да се
грижи за духовното спасение на Македонците.
– Навистина? Дали вашиот брат го знае јазикот на
тамошното население?
– Да, знае, тој ми напиша писмо дека и мене ќе ме
подучува за да го научам и јас.
– Знам, ние нема да бидеме заедно?
– Ние ќе поминеме заедно една година, додека не го
научам македонскиот јазик.
Додека двете сопатнички така разговарале им се
приближил еден морнар и им соопштил дека вечерата е
готова. Во трпезаријата биле само капетанот, лекарот и
неколку офицери. Еврозија и Кончета набрзина вечерале и
отишле во кабината, бидејќи биле многу изморени, па
легнале да спијат.
Бродот пловел меѓу Корзика и Италија; морето било
многу разбрането, а Кончета која не била свикната да патува
со брод ја фатила морска болест.
Еврозија станала, се облекла и почнала да ѝ помага на
својата пријателка, советувајќи ја да лежи.

68
д-р Христо Драгов

Потоа ја оставила Кончета да се одмора, а самата


излегла надвор на палубата за да си ја каже утринската
молитва. На исток сонцето веќе изгреало, како голем огнен
јазик на хоризонтот, бродот пловел по силните води на
Тиренското Море; морските птици летале во близината.
Речиси сама на палубата, Еврозија ја почувствувала
убавината на природата и го отворила молитвеникот за да ги
упати кон Бога своите први молитви.
Прелистувајќи ги страниците, таа видела една мала
тетратка од 16 страници, напишани со ситен и јасен ракопис
на својот брат Јосиф. Во листовите било напишано, односно
толкувано објаснувањето на химната „Мојата душа Го
велича Господа” (Лк. 1.46-55) напишана од отец Јосиф за
приватна употреба.
Еврозија со голема страст го прочитала толкувањето на
Мариината песна којашто ѝ оставила силен впечаток, поради
што во целиот нејзин живот оваа тетратка ѝ била
најсаканото четиво. Таа во неа ја открива целата програма на
својот живот во службата на Бога. Секој збор од тоа
толкување длабоко се запечатил во нејзината душа, бидејќи
таа отсекогаш била посебно наклонета кон Пресвета
Богородица која ја чувствувала како своја Мајка.

Мојата душа Го велича Господа

Малата тетратка станала најсаканото богатство за


душата на Еврозија. Таа е зачувана како документ за
духовното усовршување на оваа богоизбрана душа. Нема да
биде неважно овде да го запишеме ова толкување кое
одиграло толку голема улога во животот на идната сестра,
Основачка на монашката заедница на сестрите
Евхаристинки.
1. И рече Марија: „Мојата душа го велича Господа”.
Нека го возвеличи душата моја Господа. Да, душо моја,

69
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

должна си да го возвеличиш. Еве ја целта за која си


создадена од Бога. Ти си должна да го возвеличиш со својот
ум, барајќи повеќе да го спознаеш, преку живата вера,
верувајќи во сите вистини кои Тој ги открил преку црквата.
– Ти си должна да го возвишиш преку својата љубов
која треба да биде чиста и безгрешна.
– Ти си должна да го возвеличиш преку својата служба
за Него во секој миг готова да ја исполниш неговата
пресвета волја.
– Ти си должна да го возвеличиш преку своето звање,
кое треба да биде постојано во службата на Господа.
– Всушност, така нека го возвеличи мојата душа Бога.
И мој дух се зарадува во Бога, Спасителот мој.
– Ако ти душо моја, го возвеличиш Господа со твојот
ум, со твојата љубов и со твоето звање – ти самата ќе се
зарадуваш со онаа иста радост, која ја исполни душата на
Марија, кога ги произнесе овие зборови. Таква е радоста на
оние души, кои му се посветуваат на Господа со умот, со
љубовта и со својата служба. Нивната радост не прилега на
земната, чија цел се само материјални нешта, т.е. суштества,
а се однесува на Бога, кој е почеток и крај на секоја радост.
Всушност што е мојата душа која се зарадува во Бога, и кој е
тој Бог?
Мојата душа, спасена од самиот Бог, се зарадува во
Него, бидејќи Тој е нејзиниот Спасител.
2. Бидејќи Тој милостиво погледна врз понизноста на
слугинката своја; и еве отсега ќе ме нарекуваат блажена сите
поколенија.
– Бог погледна на Марииното смирение и ја ослободи
од понижението во кое беше како суштество, – и ја крена до
највисокото стапало по Бога кога ја удостои да стане Мајка
на Бога. Затоа поради оваа единствена и исклучителна
привилегија, Марија потврдува дека ќе ја наречат блажена
сите народи, бидејќи таа е единствена која ја најде

70
д-р Христо Драгов

благодатта пред Бога. Таа нема да се предаде на никакво


друго суштество на земјата.
Душо моја, Бог погледна и на твоето смирение. Иако
тој не те издигна до височината до која беше крената
Марија, сепак те награди да му бидеш премила невеста,
штом си му се посветила целосно нему.
Радувај се, душо моја, во твојот Спасител, бидејќи
погледна на твоето смирение и многу те крена. Да, целосно
биди само Исусова, душо моја, живеј, диши, страдај и
умирај само за него, сакај и стори сите да го сакаат Исуса. И
сите поколенија ќе те почитуваат, бидејќи заедно со Марија
ќе го најдеш вистинското блаженство кое е самиот Бог.
3. Силниот ми направи големи дела и свето е Неговото
име. Големи и бескрајни биле добрите дела кои Бог ги
покажал на Марија. Затоа, таа со право, изјавува, дека
силниот во неа направил големо дело. Бидејќи, само Бог, кој
е семоќен, може да го направи ова во Марија. Со длабока
почит и благодарност таа се зарадувала во својата душа.
Како Марија и јас треба да се радувам, бидејќи Бог
погледна на смиреноста на мојата душа, која е негова
слугинка и во неа изврши големо дело. Да, ќе повторувам
заедно со Марија: свето е неговото име; свето е името на
мојот Бог, на мојот пресладок Исус! Секогаш во моето срце
и во мојата душа ќе го носам тоа преслатко име, кое
причинувало најголема наслада на Марија. Јас ќе се трудам
ова да го направам, да го запознаат и да го сакаат тоа
преслатко име сите кои сè уште не го познаваат и не го
сакаат!
4. И милоста Негова е од колено на колено за оние, кои
се плашат од него. Божјата милост, која оди од колено на
колено за тие, кои од Него се плашат не е широка само како
морето и безгранична како вселената, туку е уште и
бескрајна како Бога. Таа се простира до последниот од

71
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

човечкиот род, зошто насекаде има Божји чеда, кои се


плашат од него.
Душо моја, ако сè уште не си меѓу оние кои го сакаат
Бога, кои живеаат само од неговата љубов, биди барем меѓу
оние кое се плашат од него, кои живеат со светиот страв
Божји.
5. Тој покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние,
што се гордеат со мислите во срцата свои. Бог не би можел
да изврши поголемо дело од откупувањето на човекот,
бидејќи навистина тоа е дело на Божјата сила, т.е. на самата
сила и крепост Божја. Тој моќно ги распрсна горделивите во
нивното срце. Со смиреноста и понижувањата на својот
Единороден Син кој станал човек и жртва за луѓето, Бог
Отецот го победи кнезот на овој свет и другите непокорни
духови, кои беа возгордеани и кажаа во своите срца: Ние сме
богови, затоа ние не сакаме Бог да царува над нас. На тој
начин, Бог нè ослободи од ропството на ѓаволот и нè
направи свои чеда и наследници на вечното Небесно
Царство.
Затоа, величај Го, душо моја, Твојот добар Отец
небесен, Кој за Спасител ти го даде својот син, Исус
Христос.
6. Ги симна силните од престолот, а ги воздигна
смирените. По првородениот грев, кога сатаната стана цар
на земјата, царуваше горделивоста и високомерноста кои ја
сочинуваат сета сила на кнезовите од овој свет. Но Исус,
гонејќи ги со своето смирение горделивите, т.е. сатаната и
неговите слуги, ги симна силните од престолите. Затоа Исус,
зашто е Цар на смиреноста ги возвеличи понизните, при што
ги направи да царуваат со него. Марија е Царица на овие
смирени души, бидејќи таа е првата која Исус ја воскренал
на највисоко достоинство, а по неа го кренал нејзиниот
свршеник Јосиф, апостолите и безбројното мноштво светци,
бидејќи беа смирени, беа кренати за славата на Бога.

72
д-р Христо Драгов

7. Гладните ги исполни со добра, а богатите ги


отпушти празни. Исус Христос дојде на земјата, за да го
проповеда сиромаштвото т.е. ослободувањето од себеси и од
сите нешта: затоа Исус се роди како сиромашен и лишен од
сè. Тие кои се ослободуваат од себеси и од светот, а за кои
светот мисли дека се лишени од сè, Исус ги обдарува со
блага т.е. со седумте дарови на Светиот Дух, кои се: страв
Божји, набожност, совест, сила, наука, разум и мудрост. Тој
им дарува духовна радост, мир во срцето, Божјо
пријателство и вечно царување со Бога што го надминува
секое друго богатство, бидејќи ова е почеток, извор и
содржина на секое блаженство.
Оние пак, за кои светот мисли дека се богати, зашто
поседуваат материјални нешта, чест и слава, од Исус
Христос биле испратени со празни раце, т.е. лишени од
неговата благодат.
8. Го прифати Израилот, Својот слуга, сеќавајќи се на
милоста. Израил, значи Божји народ; со ова име се нарекува
секој кој му припаѓа на Божјиот народ, т.е. тој народ кој Бог
го одбрал да биде Негов. Тој по природа е милостив кон нас
кутрите грешници кои, заедно со Адам, сме Го навредиле.
Бог ни Го испратил својот единороден Син, кој стана роб за
сите нас и страдаше за нашите гревови, за да нè откупи од
ропството и да нè направи наследници на вечното Небесно
Царство. О, неизмерна добрина!
О, бескрајна милост на Бога кон нас, кутрите
грешници!
9. Како што им зборуваше на татковците наши – на
Авраама и на семето негово довека. Оваа голема милост за
нашето вечно спасение Бог ја откри и им ја јави на
патријарсите и пророците што започнаа од Авраам!
Ова големо ветување се исполни пред големото дело
на откупувањето. Да биде секогаш слава на Оца и Сина и на
Светиот Дух сега, секогаш и во сите векови. Амин.

73
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Еврозија во Солун

Со големо задоволство го прочитала толкувањето на


песната на Богородица, применувајќи го за себе заклучокот.
Но, на бродот забележала раздвижување, патниците
започнале да излегуваат на палубата за да вдишат чист
воздух.
Таа се вратила кај Кончета, која почувствувала некое
олеснување штом другарката започнала да ја забавува со
пријатен разговор. На тој начин времето им минувало
незабележливо, иако патувањето морало да продолжи уште
долго време, додека бродот застанувал на разни
пристаништа, за да растовари стока и да натовари друга.
Кончета оздравела и ја придружувала својата другарка
на палубата, така заедно се молеле, а потоа разговарале за
набожни работи и копнееле за својата идна активност.
Најпосле, на 13 февруари изутрина, двете другарки се
разбудиле, кога бродот влегувал во солунското
пристаниште, многу живо, иако било рано. Италијанските
морнари го кренале своето знаме за да го поздрават Солун.
Еврозија и Кончета биле многу возбудени кога пред нивниот
поглед го виделе убавиот град.
Бродот полека влегувал во пристаништето и застанал
на некое растојание од брегот. Еврозија и нејзината другарка
забележале дека на крајот се белеат корнетите на
Милосрдните сестри кои со нетрпение ги очекувале.
Сестрите се качиле на едно кајче и се упатиле кон бродот.
По четврт час тие биле кај гостинките и сестрински се
поздравиле.
Разговарајќи весело со сестрите, Еврозија и Кончета се
качиле во кајчето кое ги однело на брегот.

74
д-р Христо Драгов

Еврозија во заедницата на Сестрите

По половина час, Еврозија и Кончета веќе биле во


заедницата на Милосрдните сестри, радосно дочекани од
сите. Овде Еврозија била пријатно изненадена, кога го
видела својот мил брат отец Јосиф, кој дознал за нејзиното
пристигнување и со нетрпение ја чекал. Средбата била
многу трогателна. Началничката, сестра Елисавета12 била
сведок на радоста на Еврозија и на отец Јосиф, кога се
виделе во престолнината на Македонија – Солун.
Уште истиот ден, отец Јосиф им напишал писмо на
своите родители и со нив ја споделил радоста за
пристигнувањето на Еврозија во Солун.
„Тебе Боже Те фалиме”, – пишува отец Јосиф. – Ова
утро, во осум часот, во солунското пристаниште влезе
параходот што ја носеше милата Еврозија. Во десет часот
имав среќа братски да ја поздравам. Немам зборови со кои
би можел да ѝ се заблагодарам на Божјата промисла за сè
што стори за повикот на Еврозија. Јас сум сигурен дека таа
ќе продолжи да раководи сè, бидејќи признавам дека јас сум
ништо и ништо не можам сам да направам. Милиот дон
Боско, кој го благословил ова дело на евхаристискиот Исус,
ќе продолжи да го благословува од небото и да се застапува
пред Пресветото Срце Исусово за да не ја лишува Еврозија и
нејзините другарки од сето она што ќе им биде потребно.
Иако е нескромно од моја страна би го замолил дон Боско да
го направи со мене тоа што го стори Илија со Елисеј, би го
замолил да ми го даде својот дух. Но како и да е, веќе ја
12
Сестра Елисавета Пучи во Солун пристигнала во 1880 година кога
имала одвај 20 години. Во 1885 година таа била назначена за Началничка
на милосрдните сестри во Солун и како таква била многу активна како
во болницата, така и во училиштето. Се одликувала со својата набожност
кон Светата Причест. Таа многу ги сакала Македонците и помогнала при
основањето на монашката заедница на сестрите Евхаристинки.

75
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

измолив оваа молитва, бидејќи кога го отворив весникот со


портретот на тој мил светец, неколку пати го бакнав и
воскликнав: О, дон Боско, дај ми го твојот дух! Всушност,
тој ќе биде над Евхаристинките и ќе ги води да ги следат
неговите чекори – чекори на вистински светец. За смртта на
дон Боско јас не можев да плачам, ама му завидувам...
Еврозија е бескрајно задоволна и спокојна. Ја доверив на
сестра Пучи и сестра Августина, последната ќе ја учи
македонски. Јас ќе ѝ дадам еден духовен раководител од
кого ќе биде многу задоволна... Храбро, мили мои, сите
наши надежи да ги вложиме во евхаристискиот Исус...
Нашите молитви Бог ќе ги услиши, многу души ќе се спасат,
а ние ќе ги спасиме нашите... Храбро, најпрвин да биде
Божјата волја, а потоа нашата.
Отец Јосиф се зафатил да ја подготвува својата сестра
за големото дело, да основа заедница на сестрите
Евхаристинки што била наменета да им служи на духовните
и материјалните потреби на македонските католици.
Началникот на Лазаристите во Солун имал можност често да
ја следи нивната набожност. Погоре споменавме дека отец
Бонети прв му сугерирал на отец Јосиф дека е потребно да
се основа една месна монашка заедница која исклучиво ќе
му се посвети за опслужувањето на Македонците католици.
Сега идејата на отец Бонети била пред остварување:
Еврозија која требала да биде задолжена за таа мисија, веќе
била во Солун.
Во согласност со сите сестри, била донесена одлука
Еврозија да остане една година кај Милосрдните сестри, за
да го научи македонскиот јазик и да се подготви за
возвишената мисија.
На следниот ден, на 14 февруари 1888 година, на
празникот Сретение Господово, отец Јосиф вообичаено
служел света Литургија во црквата Безгрешно Зачнување кај
Милосрдните сестри. По Евангелието, тој многу убаво

76
д-р Христо Драгов

проповедал на македонски јазик, за македонските верници и


ученички кои се воспитувале во пансионот. Еврозија со
нежност ги слушала зборовите на својот брат, иако не ја
разбирала содржината на проповедта.
По Литургијата, отец Јосиф сам им ја претставил
својата сестра на ученичките Македонки, им објаснил дека
Еврозија е повикана од Бога, дека ја оставила својата
татковина и своите мили родители, за да се посвети на
мисијата, да им служи на Македонците и да ги придобие за
Католичката црква.
Еврозија, со својата скромност, им оставила силен
впечаток не само на ученичките, туку и на сестрите. Една
сестра која имала можност уште првиот ден да се запознае
со Еврозија вака го искажала својот впечаток:
- Еврозија ми остави впечаток на личност која може да
поднесува страдања и искушенија, но дали ќе ја има
потребната иницијатива за да ја исполни мисијата, која што
ќе ѝ се наложи? Фактите докажаа дека мојот прв впечаток
беше точен, зошто многупати сум ја посетувала сестра
Еврозија во Солун, а таа секогаш ми зборуваше со солзи во
очите за своите работи, но христијанската храброст не ѝ
дозволуваше разочарувањата да ги зема како крајна точка.
Што се однесува за иницијативата, Еврозија никогаш не
сакаше да прави ништо сама, без да ѝ се предаде целосно на
Божјата волја, која во сè ја раководеше.
Отец Јосиф веднаш започнал со работата, тој самиот ѝ
предавал на својата сестра македонски јазик и се радувал за
нејзиниот напредок. А началничката, сестра Елисавета
Пучи, станала вистински ангел-чувар на Еврозија, давајќи ѝ
совети од своето искуство, зашто за неа била не само
искрена пријателка, туку и вистинска духовна мајка. Сестра
Елисавета, која имала искуство во монашкиот живот многу ѝ
помогнала на Еврозија при основањето на заедницата на
сестрите Евхаристинки.

77
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Успехот на Еврозија во изучувањето на македонскиот


јазик

Уште не поминале два месеца од пристигнувањето на


Еврозија во Солун, таа покажала таков успех во изучувањето
на македонскиот јазик, поради што сестра Елисавета ја
задолжила да им предава и други предмети на ученичките.
Ученичките биле мошне изненадени кога забележале дека
учителката веќе добро го зборува нивниот јазик. Тие не
можеле да замислат дека Еврозија претходно не го учела
македонскиот јазик и каде живеела пред да пристигне во
македонската престолнина.
Еве како го опишува својот впечаток од првиот час на
Еврозија во одделението најстарата од сестрите
Евхаристинки, сестра Евгенија, која тогаш била во
пансионот заедно со уште седум други Македонки:
- Сестра Елисавета ја воведе Еврозија во одделението и
најави: овде се сирачињата, а меѓу нив седумте Македонки
за кои веќе ти зборував. Еврозија ни рече да излеземе од
клупите и да се доближиме до неа. Таа нè прегрна и нè
бакнуваше една по една, а потоа заплака од сочувство.
Сестра Елисавета, исто така со насолзени очи додаде: овие
се првите Македонки кои ти ги доверувам, за да ги
направиш добри христијанки... Сестра Еврозија врз мене
остави длабоки, неизбришливи впечатоци, како и врз моите
другарки. Од нејзиниот нежен и мил поглед плачевме од
радост. Кога го гледав тоа мило лице и благиот поглед, се
сетив за мајка ми, со која се разделив пред три месеци. Како
некој внатрешен глас да ми рече: Оваа ќе биде твојата мајка
понатаму. Тоа излезе точно, зашто Еврозија беше моја мајка
не само кога бев ученичка, туку и потоа, кога станав сестра
Евхаристинка, па и до нејзината смрт, нашата Основачка
беше за сите нас најмила и најнежна мајка...

78
д-р Христо Драгов

Петта глава

Повикот на Јосиф Алоати

Еврозија кога пристигнала во Солун, ја наоѓа земјата


подготвена за големото дело за кое таа требаше да послужи
како инструмент во Божјите раце. Оваа подготовка била
направена, пред сè, од нејзиниот сакан брат соучесник во
отворањето на заедницата на сестрите Евхаристинки.
Во историјата на Католичката црква има многу
примери кога брат и сестра му се посветуваат на Бога и
заемно си помагаат за секое набожно дело. Така работеле
свети Бенедикт и света Сколастика. Исто така, при
основањето речиси на секоја монашка заедница, активно
работеле мажи и жени, исполнети со една иста идеја. Свети
Фрањо Асишки ѝ помогнал многу на света Клара за да го
основа редот на Клариските, света Јоана Шантал била
потпомогната од свети Фрањо Салешки, Луиза де Мариак со
помош на свети Винко Паолски ја основа заедницата на
Милосрдните сестри.
Исто така заедницата на сестрите Евхаристинки е дело
на брат и сестра – Јосиф и Еврозија.
Откако го проследивме животот на Еврозија до
населувањето во Солун, да дадеме куси белешки и за
нејзиниот брат, кој го подготвил патот кон остварувањето на
големото дело на Евхаристинките.
Јосиф Алоати е роден на 20 јули 1857 година во
Виластоне крстен во истиот ден, во црквата на свети Иван
Крстител. Мајката Катерина, сакала да има дете, за да му го
подари на Бога. Уште додека била во благословена состојба,
таа ѝ го посветила детето, кое очекувала да го роди, на
Пресвета Богородица. Раѓањето на Јосиф било поврзано со
големи маки за мајка му, имало потреба да се повика лекар.
За несреќа, Катерина паднала во рацете на еден лажен лекар

79
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

кој се послужил со лажни документи, за да се претстави како


човек од медицината. Навистина, потоа лажниот лекар бил
откриен, но било доцна бидејќи малиот Јосиф морал да ги
носи последиците за време на сиот свој живот. Левото око
на новороденото дете било сериозно повредено.
Иако со недостатокот на своето око, Јосиф бил
одличен ученик во основното училиште, а подоцна се
запишал и во гимназија, во 1872 година. Лекарите го
прегледале и констатирале, дека поради голем напор на
десното око, му претстоела голема опасност.
Со голема жал, трудољубивиот Јосиф морал да ја
напушти гимназијата, да се откаже од науката која многу го
привлекувала. Тој бил принуден да ѝ се посвети на друга
професија и дедо му го назначил за директор во една своја
фабрика за свила во градот Виластелоне. Идниот мисионер
херојски ја исполнувал зададената задача, тој дури започнал
да ги проучува трговските науки, но сепак чувствувал дека
индустријата не е неговиот повик.
Набожното момче чувствувало голема желба кон
Божјата служба, неговиот идеал бил да стане свештеник, за
да ја посвети својата душа и да му помага на ближниот по
патот на вечното спасение. Двете години што Јосиф ги
поминал во фабриката, биле исполнети со душевна борба,
зашто тој копнеел да стане слуга на Христа, но овој копнеж
изгледал далечен и недостижен, зашто неговото болно око
не му дозволувало да ја продолжи својата наобразба, за да
може да стане свештеник.
Јосиф не се разочарувал поради тоа, целата надеж ја
оставал во Бога. Тој често му се молел на Бога да го направи
достоен да стане негов слуга, препорачувајќи се и во
молитвите на своите блиски за истата цел. Верата на
момчето била непоколеблива. Тој не заборавал своите силни
молитви да ги упатува и до Божјата Мајка, бидејќи бил
убеден, дека Марија никого не го отфрлила.

80
д-р Христо Драгов

Излекуван од Лурдска Богородица

Во тоа време многу се пишувало за чудата што ги


правела Света Богородица во Лурд.13
Градот Торино е многу блиску до француската граница
и сè што се случувало на оваа страна, многу ги интересирало
неговите жители. Како што чекале безбожниците да слушнат
што ќе речат француските филозофи по злобните прашања,
така и верните католици очекувале со задоволство сè што им
испраќала другата Франција, првородената ќерка на црквата.
Јосиф имал една година и неколку месеци кога во сиот
свет се прославила скромната Бернардета Субиру. Неговите
набожни родители со интерес ги следеле јавувањата во Лурд
и го благословувале Бога зашто во векот на безверството им
дал таква поткрепа на своите верни синови. Петар и неговата
сопруга често зборувале за Лурдските јавувања. Кога Јосиф

13
Скромната француска овчарка Бернадета Субиру од 11 февруари до 16
јули 1858 година била сведок на осумнаесет јавувања на Пресвета
Богородица во пештерата Масабиел, близу до градот Лурд во Јужна
Франција. Девица Марија му се јавила на набожното девојче во бела
облека со две рози на нозете. На последното јавување, запрашана од
Бернардета, Божјата Мајка одговорила: Јас сум безгрешно зачната.
Многу луѓе присуствувале на јавувањето. По наредба на Дева Марија,
Бернардета копала во пештерата со раката и избил извор чија вода се
покажала чудотворна, лековита. Таму се извршуваат безбројни чудеса,
проверувани од лекарите според законите на науката. Духовните власти,
секогаш благоразумни во слични моменти, јавувањата и чудата ги
подложиле на строги научни испитувања. Монсињор Лоренс, епископ од
Тард, назначил една комисија од највидни духовници и лекари кои го
извршиле бараното истражување.
Дури на 18 јануари 1862 година истиот владика им дозволил на
верниците да ја почитуваат Божјата Мајка под името Света Богородица
Лурдска. Лекарите ги констатирале првите чудотворни излекувања,
отстранувајќи го секое сомневање преку анализата на водата која се
докажала природна и лишена од минерални состави на кои може да им
се припишат чудата.

81
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

наполнил 7 години, лурдското светилиште било посетувано


од верници од сите страни на светот.
Несреќниот ученик ја напуштил гимназијата во 1872
година, но се надевал дека Света Богородица Лурдска ќе му
помогне, бидејќи истата Божја Мајка му го спасила видот и
на својот прочуен заштитник Анри Ласер.
Јосиф си земал вода од Лурд. Сите негови блиски
роднини започнале деветдневна молитва на Дева Марија
Лурдска, секој ден, тој си го миел окото со чудотворната
вода. Тој имал голема вера, дека ќе оздрави и не останал
излажан во неговата надеж. Кон крајот на деветдневната
молитва на 23 јуни 1873 година, кога ги надгледувал
работниците во фабриката за свила, тој со своето лево око
забележал една работничка, која земала помалку свилени
нишки отколку што треба. Јосиф изненаден го затворил
своето десно око и останал без здив, извикувајќи:
– О, чудо, јас гледам! О, света Девице, ти благодарам!
Веста за излекувањето на Јосиф се раширила бргу меѓу
роднините, сите ѝ биле благодарни на Пресвета Богородица
за ова вистинско чудесно оздравуање.
Есента, во 1874 година Јосиф бил примен во колеџот
во Скарнафиџи, за да го продолжи своето образование.
Таму тој можел да се запише на Филозофскиот
факултет кој успешно го завршил во 1877 година.

Јосиф одговара на Божјиот повик

Оваа година, Божјиот повик уште посилно почукал во


срцето на Јосиф и тој решил целосно да му одговори на
Господовиот повик. Редот на отците Лазаристи му се чинел
најсоодветен за неговото звање. Уште како ученик, тој имал
можност да ја процени благотворната работа на овие вредни
мисионери. Понекогаш имал можност да разговара со
мисионери од истиот ред што се вратиле од далечните

82
д-р Христо Драгов

краишта. Јосиф ја имал прочитано биографијата на свети


Винко Паолски, Основачот на редот на Лазаристите и со
голем интерес ги следел доживувањата на славниот светец
кој бил запленет од разбојници и однесен во Тунис каде што
бил продаден на еден рибар, потоа на еден лекар и најпосле
на еден савоец кој го спасил во 1607 година. Авантурата на
Основачот на редот многу го заинтересирала 20-годишниот
Јосиф и му ја сугерирала идејата и тој да стане мисионер, за
да ги придобие душите на неверниците за Бога.
Раскажувањето на мисионерите кои се вратиле од Кина или
од Индија, описите на далечните земји во мисионерските
списанија – сето тоа во душата на Јосиф раѓа неодолива
желба и тој да тргне по патот по кој одел свети Винко и кој
го следеле и неговите ученици. Некаква нејасна мисла му
претскажувала на студентот, дека тој е предодреден да го
проповеда словото Божјо во далечните земји. Но, изгледа
дека во неговото младо срце посебно место имала Кина. Тој
знаел дека тој народ е еден од најстарите и дека имал силна
древна цивилизација. Можеби, не му била туѓа и идејата да
стане маченик за верата. Во 1870 година Кинезите убиле
неколку мисионери и 10 милосрдни сестри во градот
Тјенцин, а оваа случка ја поттикнала во многу мисионери и
сестри желбата за мачеништво. Тој се допишувал со своите
родители и им ги соопштувал сите поважни доживувања,
наоѓајќи во нив утеха, но и сила за Божјите дела за кои имал
намера да ги изврши.

Јосиф Лазарист

Најпосле, тој донел судбинска одлука да влезе во редот


на Лазаристите. Неговите учители и наставници имале
можност да ги проценат карактерот, набожноста и неговата
желба за духовни подвизи и, без да се двоумат, му ја
исполниле желбата.

83
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

И есента во 1877 година 20-годишното момче влеголо


во новицијат на отците Лазаристи во Киери, недалеку од
Торино. Конечно тој се почувствувал целосно среќен,
бидејќи можел да му се посвети на Бога и да му ја даде
својата безрезервна служба преку сиот свој живот. Уште во
првите денови на својата послушност испратил едно писмо
на своите родители, напишано со восхит, во кое ја опишува
својата бескрајна радост, зашто влегол како нов борец во
духовната војска на Исуса раководена од отците Лазаристи.
Родителите му одговориле и ја споделиле радоста со својот
првороден син.
Далеку од светот и од неговите убавини, Јосиф имал
можност целосно да се запознае себеси и да направи
програма за својот иден мисионерски живот. Честите
духовни вежби, конференциите на неговите духовни
учители, набожното четиво, секојдневното причестување,
истрајната молитва – сето тоа била содржината на животот
за послушниот Јосиф во годината на искушувањето. Во тие
денови на посветеност, тој си го напишал геслото што решил
да ги следи преку сиот свој живот: „Amare, patire, e fare tutto
per Dio. E il solo mio volere, e il mio desio” („Да сакам, да
страдам, да правам сè за Бога. Тоа е мојата единствена
желба, мојот единствен копнеж”.).
Годината на искушувањето завршила успешно. Јосиф
сфатил дека неговото звање е да му служи на Бога во редот
на Лазаристите. Во 1878 година тој бил испратен во Торино
во домот на Лазаристите да студира Богословија – неговата
последна научна етапа пред свештеничкиот чин. И овде
Јосиф, веќе како монах, имал можност да ја пројави својата
длабока набожност, а истовремено да напредува во науката
која е неопходна за Божјите слуги, особено во деновите на
целосно одрекување.
За среќа, зачувано е едно писмо што ни дава јасен
преглед за набожноста на младиот богослов. Писмото носи

84
д-р Христо Драгов

датум од 30 октомври 1879 година и е напишано до неговите


родители, по повод неговите монашки завети.

Љубовта кон Исуса

Ќе ви соопштам една радосна вест! – пишува Јосиф


Алоати. – Сè уште не ја знаете, нели? Јас сум затвореник.
Ах, да можете да ме видите. Сиот сум заврзан, по рацете,
нозете и вратот... но сепак можам да ви напишам и да ви го
предадам ова писмо преку една мала врата, која знам да ја
отворам, за да ви соопштам дека сум затворен, но мојот
затвор е толку сладок и пријатен, така што е целосна среќа
за мене... Можеби ќе ви се присторат туѓи овие мои зборови,
но тие изразуваат еден факт. Вчера јас го понудив моето
тело, за да биде задолжено и натоварено со синџири, а сега
сум толку задоволен, толку среќен, што мојот затвор – ако
може така да се изразам – ми е најмил од секоја слобода, од
сите задоволства и богатства со кои располага светот.
Дојдете да видите и ќе се уверите, зашто ви ја зборувам
самата вистина. О, нека е илјадапати благословен Бог кој ми
испраќа таква среќа! Нему му ги должам овие благодати, ова
блаженство... О, слатки пранги, јас ве бакнувам и ве сакам,
вие сте ми мили, зошто ме заврзавте со Небесниот
Младоженец! Така воскликнува мојата душа, опиена од
среќа на сите им ги раскажува чудесата Господови, заедно
со саканата од Песна над Песните: „Го најдов својот љубен,
го прегрнав и нема да го напуштам. А добриот Исус
одговара: - Дојди љубена моја свршенице, моја гулабице. А
душата одговара на оваа покана: Исус ѝ ја остави својата
љубов, а таа се затвора сета во него и го моли својот
Младоженец да ја приврзе така што никој да не може да ја
раздели... А добриот Бог ја врзува душата со пријатните
пранги на љубовта, со златните пранги, украсени со три
скапоцени бисера: чистота, сиромаштво и послушност кон

85
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

која додава и еден мал бисер, со натпис: Истрајност. Еве


мили мои, тоа е историјата на мојот затвор и веридбата на
мојата душа со слаткиот Исус”.
Трогателното писмо кое Јосиф им го напишал на
своите родители по повод неговиот монашки завет ни ги
открива тајните на неговата чиста душа. Само човек кој му е
целосно предаден на Бога, може да мисли и да пишува така.
Ова е мистичната љубов кон Исуса, која ја вкусуваат само
избраните срца. Авторот на писмото се појавува како
вистински поет пред неговите чувства стојат песните кои ги
напишале прочуени поети за благодарност на земната
љубов. Такви чувства испробал Јосиф Алоати како студент
по богословија во текот на четири години.
Но, се наближувал денот кога тој требало да се вброи
во духовната војска на Божествениот Младоженец и воен
началник. Ова големо доживување за отец Јосиф настапува
на 23 септември 1882 година. Тој ден добил свештенички
чин и веќе копнеел, како ќе му служи на Христа како
апостол во далечни земји.14
Неговите копнежи го носеле во бескрајниот човечки
океан, кој се вика Кина. Мислата често го носела во таа
таинствена земја, вечно изучувана и никогаш неразбрана
наполно. Уште пред да стане свештеник, Јосиф му напишал
молба на својот главен началник во Париз и го замолил да го
испрати во Кина, како војник на мисијата. Бидејќи не добил
негативен одговор, тој мислел дека неговиот предлог бил
примен со благонаклоност. На 8 октомври 1882 година кога
главниот началник го повикал во францускиот главен град,
тој бил уверен дека нема да биде испратен во Кина, па дури
14
Отец Јосиф бил ракоположен на 23 септември 1882 година од
архиепископот на Торино – монсињор Лоренцо Гаталди. Тој ја служел
својата прва Литургија на 24-годишна возраст, во истата година во
црквата на мисионерите во Торино, опкружен од својот татко, вујко,
браќата и сестрите. На осмиот ден тој служел во својот роден град
Виластоне.

86
д-р Христо Драгов

им загатнал за ова на своите блиски. Кога се збогувал со


неговата мајка, таа му рекла: – Синко, ако заминеше за
задоволство, почит или за богатство, би те задржала. Но,
знам дека ти бараш само души... Е, добро, оди, оди таму каде
што те вика Господ преку твоите началници... Довидување
во небото.
Отец Јосиф веднаш заминал за Париз и се јавил кај
својот началник отец Фијат. Последниот го поздравил за
свештеничкиот чин и го прашал за брат му Мелхиор, исто
така Лазарист.
Тој љубезно му одговорил и чекал началникот најпосле
да го произнесе името на земјата, во која ќе го испрати како
мисионер. Но, началникот не го кажал очекуваното име на
Кина, туку само му загатнал, дека еден мисионер треба
секогаш да биде подготвен да ги исполнува заповедите кои
ќе ги добие од својот началник, поставен од Бога.
– А, оче – одговорил младиот свештеник, – првата
добродетел на еден монах, мисионер е да му биде послушен
на својот началник.

Вие ќе одите во Солун - Македонија

– Добро сине, – додал началникот – јас решив да ве


испратам на Исток, но не на Далечниот. Вие ќе одите во
Солун, главниот град на Македонија. Нашата тамошна
мисија има потреба од вредни свештеници како вас. Јас сум
убеден дека и во Македонија ќе можете да направите нешто
за Христовото Царство...
Отец Јосиф видливо разочаран, малку молчел; но потоа
спомнувајќи си за монашкиот закон, според кој преку устата
на началникот говори Бог рекол:
– Штом е ова волјата Господова, ќе ја исполнам со
радост и задоволство...

87
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

На 19 октомври истата 1882 година тргнал за Солун од


марсејското пристаниште, на 27 октомври бил во Цариград,
а оттаму, на 30 октомври 1882 година, отец Јосиф
пристигнал во солунското пристаниште. Багажот му бил
многу лесен и тој многу лесно го носел. Во куферот имало
само три книги: Молитвеникот, Следи Го Христа и
Божествената Комедија од Данте Алигиери...15
Потоа за помалку од еден час, тој радосно бил дочекан
од отците Лазаристи, затоа редно е да ја изложиме накратко
дејноста на тој ред во Македонија, а особено во Солун.16

Делото на отците Лазаристи

Позната е дејноста на отците Лазаристи во Цариград за


време на Унијата. Ова многупати било изложувано од
современици и од компетентни историчари затоа нема да се
задржуваме на него.
И во Солун, како и во Цариград, отците Лазаристи
биле активни дејци за соединување на црквите. Во едно свое
излагање до Институтот за распространување на верата отец
Тјурок, Лазарист и католички свештеник, парох во Солун,
соопштува, дека во август 1858 година, група Македонци од
Кукуш го замолиле да испрати до монсињор Брунони,
папски претставник во Цариград, една адреса, со молба да
му се предаде на Светиот Отец Папа во Рим. Ова била
првата македонска официјална постапка за унија со Рим,
отците Лазаристи во Солун се чувствувале среќни, зошто

15
Отец Јосиф пројавувал и поетски талент. Нотесот му бил ишаран со
стихотворби на италијански јазик. Освен тоа, тој напишал и една цела
поема во чест на света Еврозија, небесната покровителка на неговата
сакана сестра. Поемата е напишана грижливо во еден тефтер. Таа
претходно е посветена од милост, адресирана до Еврозија Алоати.
16
За среќа, во врска со ова прашање имаме едно убаво излагање од отец
доктор Јероним Стамов, печатено во 1934 година во зборникот „Солун”.
Ние ќе се ограничиме да го резимираме излагањето на отец Стамов.

88
д-р Христо Драгов

Бог ги наградил да ги примат првите македонски


претставници. Во оваа молба имало 78 потписи, од кои 4 на
свештеници. Силните Македонци, кои одлучиле да ги
отфрлат прангите на византиското духовно ропство, му
изјавиле на отец Тјурок: – Ние сме многу стари, за да ја
оствариме унијата... Вие треба да ги насочите вашите очи
најмногу врз нашите деца; ние ви ги доверуваме, образувајте
ги така да можат да послужат како здрава основа на оваа
нова зграда.
Отец Тјурок решил да ја исполни желбата на
потпишаните Македонци и уште истата година во Солун
отворил оддел за Македонците во тамошното француско
училиште. За издршка на македонските деца тој побарал
помош од странство. По желба на родителите децата, освен
македонскиот јазик, го учеле и францускиот.
Од година на година, бројот на Македонците се
зголемувал, а отците Лазаристи решиле да отворат
македонско училиште. За таа цел, тие ги искористиле
уредувањето на двете добротворни институции кои ги
раководеле Милосрдните сестри, во соработка со отците
Лазаристи, во местото Зејтинлик, околу два километра
северозападно од Солун, недалеку од патот за Бугарија. Ова
се случило во 1864 година. Добрите отци имале намера да ја
прошират зградата, да изградат голема зграда за гимназија,
но недостигот од парични средства не им дозволува да го
остварат ова дело.

Дејноста на отец Бонети

Овде е местото да спомнеме за отец Бонети и за


неговата дејност, за нас веќе познат од раскажувањата на
отец Јосиф за повикот на Еврозија.
Не случајно, тој вреден Божји слуга, му ја сугерирал на
отец Јосиф идејата да ја задолжи својата сестра Еврозија, за

89
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

остварувањето на ова благородно и полезно дело за народот.


Отец Бонети бил целосно предаден на идејата да им служи
на Македонците, така што ќе ги издигне на културен план и
ќе ги изедначи со другите народи кои имаа постара култура
и посилни традиции. Тој, македонското дело го примил од
рацете на отец Тјурок и со голем успех го продолжил. Токму
кај отец Бонети, началникот на отците Лазаристи во Солун,
во 1867 година се родила идејата за грандиозната
македонска зграда во Зејтинлик. Борејќи се со сите
тешкотии, со недостигот од парични средства, со интригите
на Грците, со сомневањата на турските власти итн.,
покровителот на отец Јосиф Алоати и на Еврозија, во 1883
година, неколку месеци по пристигнувањето на нашиот отец
Јосиф, започнал изградба на училиштето и на занаетчиската
школа во Зејтинлик. Градбата била завршена во 1885 година,
имала величествен изглед – трикатна голема зграда,
приспособена за сите потреби на едно модерно училиште,
заобиколено со големи градини.

Просветното дело на Лазаристите

Училиштето било отворено во 1886 година со 57


ученици. Од нив 11 биле момчиња и го посетувале
занаетчискиот оддел во кој се изучувале следниве занаети:
шиење, кондураџиство, дрводелство, готвење и
градежништво. Гимназиите учеле според тогашните
програми, при што посебно внимание му се посветувало на
изучувањето на францускиот јазик. При отворањето,
учителскиот персонал бил составен од 8 члена. Четворицата
биле Французи, двајца Италијанци, еден Македонец и еден
Полјак. Македонско-католичката училишна зграда во
Зејтинлик постоела 28 години, од 1886 до 1914.

90
д-р Христо Драгов

Шеста глава

Новиот апостол во Македонија

Во почетокот на месец ноември 1882 година, отец


Јосиф пристигнал во Солун. Тој ја наоѓа почвата подготвена
за својата идна мисионерска дејност. Пред сè, тој овде го
наоѓа својот сонародник отец Бонети. Навистина, истиот за
ова време, како началник на отците Лазаристи во Солун,
најмногу грижа посветил на просветата на Македонците. Во
ова време била созреана идејата за изградба на оваа
прекрасна зграда во Зејтинлик. Зградата почнала да се гради
идната година. Но, набожниот парохиски свештеник во
Солун не заборавил дека заедницата на Лазаристите, пред
сè, е мисионерско дело. Отците Лазаристи знаеле дека
делата на мисијата можат да бидат плодоносни не само во
далечните краишта, туку и овде на Истокот, каде што
населението е христијанско, но има потреба од усовршување
по Божјиот пат, како што често католичките краишта имаат
потреба од проповеди, поучување, насочување кои се
извршуваат од многу редови од католичките монашки
заедници преку таканаречените внатрешни мисии.
Отец Бонети, всушност, го дочекал својот сонародник
најљубезно и изразил голема доверба кон него.
Отец Јосиф Алоати бил во цветот на својата младост.
Неговите 25 години го поттикнале кон подвизи од љубов
кон Небесниот Цар. Тој оставил едно богато семејство, за да
може целосно да му се посвети на Бога. А во тоа
посветување тој ја наоѓа среќата на својот живот.

Отец Јосиф го изучува македонскиот јазик

Тој чувствувал, пред сè, голема потреба добро да го


научи македонскиот јазик, за да проповеда и добро да го

91
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

разбере македонското население. Затоа, тој веднаш си ги


обезбедил потребните учебници и речници и пристапил
енергично кон работа. Одвреме-навреме одел кај
македонските учители по македонски јазик да ги прашува
како точно се изговара определен збор за да се навикне, што
е најтешкото за туѓинците кои сакаат да го зборуваат точно
тој јазик, кој има звуци тешки за изговор од секоја европска
уста.
За кусо време, отец Јосиф започнал да ги разбира
полесните текстови на македонски јазик, на пример
Евангелието и апостолските посланија. Но, тој знаел, дека
читањето на македонски книги не е доволно за еден
мисионер кој сака да ѝ донесе добри плодови на
македонската Божја нива. Затоа решил да прибегне кон едно
ефикасно средство – да се пресели да живее во некое
македонско село за да зборува само македонски јазик. За таа
цел тој се населил во домот на еден селски свештеник и таму
поминал неколку месеци. Успехот бил забележителен. Тие
кои лично се познавале со отец Јосиф, тврдат, дека
македонскиот јазик му станал втор мајчин јазик и дека го
зборувал со истата вештина како и месните жители.
По овој прв успех, младиот мисионер сакал да биде
што е можно поблиску до своите духовни чеда. Заради
своите верници одлучува да го жртвува и она, за кое бил
приврзан во детството – латинскиот обред. Во едно писмо
напишано до неговите домашни на 4 октомври 1883 година
отец Јосиф пишува:

Венјамин на Исуса

– Да бидеш свештеник, тоа значи да бидеш Венјамин


на Исуса. Нема благодат што тој не би ја исполнил, нема
молитва која нема да биде слушната. Јас ова го испробав
многу пати за време од неколку месеци во мојата духовна

92
д-р Христо Драгов

служба. Затоа од една страна многу сум радосен за оваа


голема љубов на добриот Бог, но од друга страна се срамам,
кога размислувам, колку малку одговарам на Божјата
поткрепа. Потребно е целосно да станам Македонец. Како
може тоа да се случи? Кога ќе го примам расото, но и
обредот на Македонците. Е, добро, ако е таква Божјата
волја, јас ќе ја направам и оваа жртва, колку и да биде тешка
за мене. Началниците ми рекоа да ја научам светата
Литургија на црковно-словенски јазик... Но, пред да го
напишам ова писмо, отец Бонети ми соопшти дека има
потреба од свештеник во Сехово, каде немало... Така што,
само што ќе ја научам црковно-словенската Литургија ќе
треба... Молете се... Молете се...
Кажете ѝ на Еврозија дека има и друго нешто, за што
ќе треба да се разбереме... во разговор во четири очи... за
што се однесува... таа ме разбира... ако не сака да остане со
рацете во клопчињата... се однесува за малите мили
Македончиња.
На овој начин речиси неколку месеци по
пристигнувањето во Солун, отец Јосиф Алоати е подготвен
за мисијата, на која ќе ѝ го посвети сиот свој живот. Се
забележува дека 11 месеци, откога стапнал на македонско
тло, тој веќе мислел за големата задача која ќе ѝ ја наложи
на својата мила сестра Еврозија. Тој веќе им навестил дека
ќе им ја даде на Македончињата.
На 23 септември 1883 година отец Јосиф го напишал
следното писмо од село Стојаково до својот собрат во
Солун, до отец Деноа:

Отец Јосиф ги засака Македонците

„Нека е благословен Бог!” Јас веќе никогаш не би


сакал да се разделам од своите мили Македонци, бидејќи
гледам дека може да се направи многу добро, ако со нив се

93
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

постапува како добар градинар. Добриот градинар не се


задоволува само да сее, туку треба да ги напојува своите
сеидби, за да растат и да даваат изобилни плодови. Јас би
сакал да бидам тој градинар, но што би можел да направи
само еден градинар, ако градината е мошне голема и ако има
потреба од внимателно обработување. Колку повеќе се
доближувам до овие добри луѓе, толку почесто ми доаѓа
мислата дека треба, по можност, што поскоро да се
подготват добри мисионери, за да им проповедаат, да
основаат училишта, а особено да средат во некој поголем
центар еден манастир со двајца-тројца монаси, со една
црквичка, во која ќе се служи на црквено-словенски обред,
да го проповедаат словото Божјо и одвреме - навреме да ги
посетуваат селата, за да ги подучуваат селаните.
Овие луѓе се добри, тие сами сакаат да го слушнат
Божјото слово и се соблазнуваат кога гледаат дека ги
оставаат без свештеници. Најважно е човек да знае да ги
посетува и да ги придобие со своето искрено срце. Јас се
обидувам да го правам токму тоа, а тие пројавуваат таква
доверба кон мене, така што за мене би била голема среќа ако
можам да се посветам за нивното духовно добро.
Тоа што го кажувам за свештениците, се разбира дека
важи и за Милосрдните сестри. Училиштата, исто така, би
придонеле, затоа што децата се многу умни и послушни.
Сестрите би можеле да ги посетуваат болните, за да дадат
можност да се слави христијанското име.
Сега мошне добро ги разбирам зборовите на нашиот
Спасител: - Жетвата е голема, но работниците се малку.
Зошто не можам да го покачам својот глас, за да ме слушнат
свештениците кои немаат многу работа!? Бидејќи не можам
да им ја сугерирам својата посветеност, да дојдат да работат
на оваа Божја нива, која нема ниту еден работник! Што се
однесува до мене, со Божјата благодат, јас сум подготвен да

94
д-р Христо Драгов

преземам најголеми жртви за овие кутри души откупени со


крвта на нашиот Господ.
Молете се за мене, мои мили браќа, а исто така и за
моите сакани Македонци, кои заземаат големо место во
моето срце. Молете се, началниците да испратат во најскоро
време свештеници, зашто е крајно време. Молете ѝ се
посебно на добрата Божја Мајка, која толку многу ги сака
душите. Повеќе време не ми останува да Ви пишувам, а
чувствувам дека би можел да Ви кажам уште толку многу
работи! Поздравете ги од моја страна милите браќа, а
особено владиката Младенов и отец Бонети: кажете им дека
денес проповедав и сите пројавија желба да ги искористат
поуките.
Како што се гледа од ова ценето писмо, отец Јосиф
тргнува решително по патот на свети Павле, на светиот
Основач на редот и оној на сите светци. Од љубов кон
Христа, тој сака да биде работник во неговата голема
градина, останата без свештеници. Тој со голема светост се
грижи за своите верници кои ги засака како свои деца, мисли
за нивните деца, ги фали за нивната будност и послушност.
Иако млад и уште нов во мисионерската работа меѓу
Македонците тој сфаќа, дека македонскиот народ ја цени,
пред сè, искреноста и е подготвен за неа да помине низ
средината на огнот, за да ја докаже довербата кон оној, кој
му служи со отвореност, со исполнето срце и со љубов за
вечното спасение на стадото.

Првата проповед на македонски јазик

Отец Јосиф прв се впуштил во едно необработено поле


во духовна смисла. Тој ги изнесува своите први проповеди
на македонски јазик и наоѓа кај своите слушатели
најсрдечна подготовка за да го слушнат Божјото слово и да
го исполнат.

95
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Во скромното село Стојаково, меѓу Гевгелија и Дојран,


младиот проповедник се исполнува со предаденост кон
Божјото Царство и сака да привлече кон себе многу
свештеници. Но, веќе мисли и за својата многу сакана сестра
Еврозија, која зборува за саканата дејност на Милосрдните
сестри. Можеби тој уште нема јасна претстава за иднината
на заедницата на сестрите Евхаристинки кои ќе ја основаат
двајцата по седум години, но сигурно копнеел да ја види кај
себе како раководи некое детско училиште и како ги
посетува болните.
Меѓутоа, Божјата промисла ги определила отец Јосиф
и неговата сестра Еврозија, за едно големо дело кое барало
поголема подготовка, како што ќе докаже блиската иднина.
Видовме дека отец Јосиф бил подготвен да ги направи
сите жртви за спасението на своите мили Македонци; тој
бил подготвен дури да го промени својот обред, жртва која
можеби била и најголема за него.
Тој ги направил потребните постапки пред своите
началници и во Рим за промената на обредот и околу Божиќ
1883 година веќе ја добил потребната дозвола, за да го
прими источниот обред кога ќе биде најдобро време за тоа.
Отец Јосиф сакал добро да се подготви за да ја служи првата
Литургија на црковно-словенски обред, на Велигден 1884
година, по можност, во сослужение со владиката
Младенов.17

17
Неговото високо преосвештенство Лазар Младенов е роден во град
Банско на 11 јули 1854 година. Татко му бил богат човек, во 1864 година
го доверил за воспитување кај милосрдните сестри во Солун. Тој влегува
во монашката заедница на отците Лазаристи во 1873 година; по две
години ги дал своите завети, а во 1881 година бил ракоположен за
свештеник и веднаш испратен во Солун, каде предавал математички
науки во гимназијата на Лазаристите. На 12 јуни 1883 година отец Лазар
бил назначен за Владика и бил ракоположен на 6 август во Цариград од
ерменскиот католички патријарх, неговото блаженство Азаријан, во
сослужение со неговото високо преосвештенство Нил Изворов,

96
д-р Христо Драгов

Меѓутоа, владиката требало да се бори со подлоста на


Грците, кои се служеле со сите средства, за да ги
компромитираат католиците и нивното духовништво пред
турската власт. Во октомври 1883 година епископот
Младенов направил обиколка низ католичките села.
Околу Велигден во 1884 година имал големи
непријатности во селото Богданци. Поради клевети на
Грците, турската власт ја затворила Католичката црква во
селото. Владиката ги направил потребните постапки пред
власта за да биде црквата отворена. По многу перипетии
најпосле солунскиот валија ја дал потребната дозвола. Отец
Јосиф имал чест и задоволство лично да го однесе писмото

цариградски администратор за македонските католици, и владиката


Михаил Петков, апостолски намесник во Тракија, ракоположен на 10
април 1883 година. На церемонијата присуствувал и отец Јосиф Алоати.
Новиот владика, придружен од владиката Нил Изворов и од отците
Бонети и Јосиф, заминале во Солун, пристигнувајќи на Успение
Богородично. Солунското пристаниште било преполно од католици. Се
образувала процесија, на чело со владиката во архиерејските одежди.
Толпата народ се упатила кон Католичката црква, каде била испеана
песната „Тебе Те фалиме, Боже”. Се појавиле некои недоразбирања,
владиката Младенов се сместил во Рим; на 23 јули 1895 година бил
назначен за апостолски намесник во Македонија. Владиката Епифан
Шанов, роден на 18 октомври 1849 година во Казанлак. Владиката
Младенов починал во Рим за време на светската војна.
Владиката Лазар Младенов бил првиот апостолски намесник за
католиците Македонци во Македонија. Првиот источно-католички
архиепископ за Бугарите католици бил владиката Јосиф Соколски,
одвлечен од Русите. Вториот бил владиката Рафаел Попов, следбеник на
Соколски, починат во 1876 година. Третиот владика на источните
католици бил владиката Нил Изворов, монах од Света Гора Атонска, кој
ја примил Католичката вера во 1872 година. По препорака на отец
Бонети, бил назначен во 1876 година за администратор на католиците од
источен обред. Унијата имала таков успех меѓу Тракијците во Тракија и
во Вардарска Македонија, што неговата светост, Папата Лав XIII во 1883
година назначил двајца помошници на владиката Изворов, во лицето на
владиката. Михаил Петков и Лазар Младенов.

97
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

од валијата кај неговото високо преосвештенство Младенов.


Тој пристигнал во Богданци на Велипеток. Подржан од
писмото, владиката посакал соработка со околискиот
началник за да се избегнат инцидентите. На Велигден,
придружен од свештениците и верниците, владиката се
упатил кон црквата; а неколку војници го одржувале редот.
Неговото високо преосвештенство ја отклучил црквата и
верниците влегле внатре. Веднаш била испеана
благословената химна: „Тебе те фалиме, Боже наш”.
Литургијата била служена од владиката во
концелебрација на присутните свештеници, меѓу кои бил и
отец Јосиф, кој првпат служел според црковно-словенскиот
обред. По Литургијата, владиката, отец Јосиф и парохискиот
свештеник посетиле неколку католички семејства.

Обиди за атентат врз владиката

Победата на католиците ги разбеснила нивните


противници, особено Грците. Тие побарале начин да се
одмаздат и не бирале средства. Еден селанец – прв
чорбаџија, го поканил на гости владиката и свештениците
што го придружувале. Поканата била прифатена со
задоволство од љубезниот пастир. Кога гостите пристигнале
во куќата на чорбаџијата, таа била полна со селани. По кусо
време, ги понудиле со кафе. За ова време неговото високо
преосвештенство забележал нешто посебно; еден по еден
сите гости ја напуштале куќата. Кога владиката и
свештениците што го придружувале останале сами и им
понудиле уште едно кафе. Но, владиката ја одбил поканата и
си излегол, упатувајќи се кон куќата на парохискиот
свештеник, која била многу далеку.
На кривината крај една стара ограда, отец Јосиф
забележал еден поднаведнат вооружен човек, кој ја насочил
пушката кон групата околу владиката. Отец Јосиф за миг

98
д-р Христо Драгов

застанал меѓу владиката и злосторникот, мислејќи во себе: -


Ако злосторникот стрела, нека го погоди моето тело, но
владиката да се спаси. Храбрата постапка на отец Јосиф го
вчудовидела човекот и тој не се осмелил да пука.
Владиката и свештениците кои го придружувале,
пристигнале здрави во парохискиот дом. Со голема брзина
се проширила веста за атентатот врз владиката и за смелата
постапка на отец Јосиф кој го спасил владиката од очевидна
смрт. Католиците му благодариле на Бога затоа што го
спасил, нивниот сакан Пастир. Еден од селаните се обратил
кон неговото високо преосвештенство Младенов и му рекол:
– Дедо владика, навистина Бог Ве чува, зашто денес Ве
спаси не од една туку од две ѓаволски проби. Второто кафе
кое Ви го принесоа во куќата на чорбаџијата било отровно.
Ако го испиевте, ќе умревте и Вие и свештениците. Меѓутоа
јас сум уверен дека ѓаволот нема да се обесхрабри и по
вториот неуспех. Да видиме до какво зло сега ќе прибегне?
Истиот ден попладне, во селото Богданци пристигнал
парохискиот свештеник од село Ѓавато и го замолил
владиката да ја посети неговата парохија и таму да служи
Литургија на Светлиот понеделник.
Коњите биле веќе подготвени за пат, кога пристигнал и
парохискиот свештеник од село Михалево, кој исто така го
поканил владиката. Неговото високо преосвештенство
Младенов, внатрешно чувствувал и повеќе сакал да замине
за Михалево, иако ова село било подалеку од Ѓавато. Во
Михалево народот го дочекал најсвечено својот пастир кој
служел Литургија на Светлиот понеделник, во сослужение
со отец Јосиф. Владиката проповедал добро, објаснувајќи го
значењето на големиот празник. Тој и отец Јосиф
престојувале во Михалево до Светлиот четврток кога
заминале за Гевгелија, каде во овој ден имало пазар. Кога
пристигнале во градот, ги сретнал еден богданчанец и им
рекол: – Дедо Владико се уверив дека Бог насекаде Ве чува.

99
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Разбрав, дека оној разбојник кој не успеал да Ве убие во


Богданци, одлучил ова нечисто дело да го изврши во Ѓавато.
Таму Ве чекал заедно со тројца злосторници. Ако во
неделата заминавте за Ѓавато, сигурно денес нема да бевте
меѓу живите. Но, затоа пак Бог им го даде заслуженото. Еден
селанец му соопштил на кајмакамот за поставената заседа
врз Вас. Биле испратени војници, кои ги фатиле
разбојниците и ги убиле на самото место.
Така Божјата промисла по третпат го спасила животот
на владиката и на отец Јосиф за време на велигденските
празници во 1884 година.

Обиколка низ селата

Неговото високо преосвештенство Младенов,


придружуван од отец Јосиф, ги продолжил пастирските
посети низ македонските села. Во почетокот на месец јули
тие се вратиле во Солун. Овде го посетил еден грчки
архимандрит и изразил желба да стане католик. Тој бил
интересен човек, знаел неколку странски јазици и читал
католички списанија, од каде ја запознал вистинската вера.
Неколку дена потоа, тој станал католик. Отец Јосиф се
запознал добро со архимандритот и го зацврстил во верата.
Кон крајот на јуни, двајцата отишле во Ениџе-Вардарско,
каде имало панаѓур на Петровден. Католиците излегле
надвор од градот да ги дочекаат гостите и ги однеле во
домот на парохискиот свештеник. На вториот ден од
Петровиот празник, Црквата била полна со народ, така што
многумина останале надвор, зашто немало место. Народот ја
пеел Литургијата. По Евангелието архимандритот
проповедал слово за свети Петар како темелен камен на
Вселенската Црква, положен од самиот Исус Христос.
– По Литургијата – пишува отец Јосиф – посетивме
неколку семејства и се вративме кај парохискиот свештеник.

100
д-р Христо Драгов

Таму нè чекаа двајца туѓинци, кои љубезно нè поздравија и


ни кажаа дека нè чека кајмакамот. Ние отидовме кај него и
дознавме дека ѓаволските непријатели ни кроеле некоја
интрига. Огорчени од срдечниот прием кој ни беше
приреден во Ениџе-Вардарско, непријателите на католиците
нè обвинија дека сме го нарушиле општествениот ред, пред
кајмакамот. Тој ни изјави дека сме уапсени и ни забрани да
се вратиме во домот на парохискиот свештеник. Кога дознаа
за ова, неколку видни луѓе се јавија кај кајмакамот и
гарантираа за нас. Тие му изјавија дека во Солун нè чекаат
нашите началници. Турскиот чиновник ни кажа да си одиме
таму од каде што сме дошле. Во квечерината нè испрати во
Солун, со кола во конвој од двајца добро вооружени
стражари. Патувавме цела ноќ; утрото пристигнавме во
градот. Нè одведоа во една стара зграда, тоа беше
солунскиот затвор. Кога влеговме внатре, чуварот нè воведе
во една стара ќелија на првиот кат, ни даде по една рогозина
и си излезе, заклучувајќи ја вратата. По неколку часа,
чуварот дојде во ќелијата и му предадов една куса стара
белешка со која ги известив нашите началници, дека сме во
затвор. Началникот на отците Лазаристи, веднаш по
добивањето на мојата белешка, отишол кај конзулот и кај
валијата на Солун. Тој ветил дека набрзо ќе нè ослободи, но
сепак требаше да чекаме до доцна вечерта, кога пристигнаа
телохранителот на конзулството и еден мој собрат, кои нè
ослободија.
По два дена, Владиката нè испрати во истиот град,
осигурени со писма до кајмакамот од конзулот, од валијата и
од владиката. Пашата го опоменал својот чиновник за
неговата лекомисленост и му наредил да го признае
архимандритот за заменик на владиката во Ениџе-Вардарско
и како таков да го почитува.

101
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Католиците во Ениџе-Вардарско биле воодушевени од


својата победа. По два-три дена, отец Јосиф се вратил во
Солун, оставајќи го архимандритот на негово место.

Седма глава

Наложените последици од духовното ропство

При опишувањето на апостолската дејност на отец


Јосиф во македонските села низ Македонија, ќе бидеме
принудени да изнесеме пред читателите една неубава слика
за состојбата пред 80 години. Од излагањето на активниот
католички мисионер ќе дознаеме многу жални факти што ни
се познати и од други извори.
Кој ја читал „Мајка Бугарија” од отец Неофит Бозвели,
Спомените на „Софрониј Врачански” и други современи
текстови, има поим за страшната расипаност која
фанариотското духовништво ја сеело и низ Бугарија.
Потврдено е низ многубројни документи дека
македонскиот народ сакал да се ослободи од фанариотската
патријаршија само поради распуштениот живот на грчките
високи духовници во Бугарија. Г. Димитров во својата книга
„Кнежество Бугарија” изнесува потресни подробности за
скандалите кои ги правеле грчките владици врз
добродушното македонско население, на кои тие им служеле
како вистински волци во овчи кожи. Десетици грчки
владици биле истерани од македонското население поради
нивниот крајно неморален живот.
Ќе наведеме само еден пример кој се однесува на
Македонците од Кукушко кои први ги подадоа рацете кон
Рим за да побараат соединување кое ќе ги ослободи од
срамното ропство на фанариотската патријаршија.
Димитров изнесува дека за време на 1848 година, за
Полјански (Дојрански) епископ бил назначен Мелетиј. Во

102
д-р Христо Драгов

него немало вера, срам; тој бил страшен среброљубец и


голем блудник, кога одел по куќите во посета, зборувал
најбезобразни и бесрамни зборови, во митрополијата живеел
исто така скандалозно.

Молбата на кукушани до Папата Пиј IX

Поради скандалозниот живот на владиката, на 12 јули


1859 година, кукушани испратиле до Папата Пиј IX една
молба, со која го молеле да бидат примени под закрилата на
Католичката црква. Молбата на кукушани е еден прекрасен
документ, затоа ќе си дозволиме да цитираме некои делови
од него, зачувувајќи го записот. Документот е земен од
книгата на г. Јордан Иванов – „Бугарите во Македонија” –
издадена во 1917 година.
„Ние, долупотпишаните - пишуваат кукушани - жители
на Епархијата Полјана (Дојран) со наше големо
незадоволство, со длабок и неизмерен срам, принудени сме
пред целиот свет да ја исповедаме нашата источна
православна вера, која достигна денес до таква состојба која
не може да се опише. И толку подлабоко е нашето страдање
и душевно потресување со што ние докажуваме дека злото
го надмина нашето трпение. Ах! Оние кои беа должни за
светлината и изворот на спокојот на христијанската
добродетел, речиси нашите први пастири и црквени
началници со друго име наречени наши архиепископи, со
нозете ги газат законите и тајните на црквата. А оние кои ги
посвоиле црковните имоти се неколку лица облечени со
свештеничка облека кои немаат ниту вера, ниту совест, ниту
карактер, луѓе властољупци, честољупци, оддадени на
среброљубието и кои за интерес ќе направат секаков вид
лошотија.
Како што Патријаршискиот цариградски собор (синод)
се состои од такви лица, се разбира дека и по епархиите се

103
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

испраќаат епископи запознаени во сè како оние кои ги


испраќаат и ним им ги продаваат епархиите за поголема
цена. Целта на овие епископи не е да го учат стадото
Христово, ниту да се грижат за неговите духовни потреби,
туку единствено да собираат пари, законски и незаконски, и
да ги испраќаат во Фанар - во Грчката патријаршија, за
своите покровители. Од нив народот, не само што не добива
никаква духовна корист, туку претрпува уште и огромна
материјална и морална штета и големи скандали од нивното
распуштено и неморално живеење. Со еден збор, такви
епископи се тежина и тажна рана на стадото Христово.
Впрочем, од ова грчко духовништво особено страда нашиот
македонски народ... Еден од најпрочуените по своето
развратно живеење е и нашиот досегашен епископ Мелетиј...
Ние се жалевме трипати до црковната власт против тој волк
во овчја кожа, но таа никако не сакаше да слуша.
Затоа ние, за да можеме да си ја зачуваме нашата вера
цела и неповредена, како што ја примивме од нашите предци
и да се чуваме себеси од расипаното и развратното грчко
свештенство, ние цврсто одлучивме да го оставиме и да ја
признаеме неговата светост, Папата Пиј IX и неговите
наследници, апостолскиот престол за духовен Началник над
нас...”

Од ова уништувачко излагање за грчкото духовништво


во Македонија се гледа дека македонското население
најмногу се соблазнувало од неморалниот живот на своите
пастири и разбрало дека така не може да живее еден
христијански епископ, поради што и самото такво учење се
сметало за грешно.

104
д-р Христо Драгов

Првите чекори на Бугарската православна црква

Праведноста бара да се признае дека по основањето на


Егзархијата, со султанскиот ферман од 28 февруари 1870
година работите во Бугарската црква тргнале кон подобро.
Особено соблазните што ги правеле високите грчки
духовници биле отстранети. Меѓутоа, борбата што требало
Егзархијата да ја води против закоравените фанариоти не му
дозволувала на бугарското духовништво своите грижи да ги
насочи кон религиското просветување на народот.
Всушност, во мигот кога отец Јосиф Алоати ги
посетувал селата во Македонија, тој ја опишувал нивната
духовна состојба. Бугарската православна црква имала
многу сериозни грижи во слободна Бугарија. Самата
бугарска управа требало да се справи со тешката задача да
го организира воскреснатото бугарско кнежество по
петвековното турско ропство. Во ова време Бугарија
доживувала силни болни кризи. Повикана за нов живот по
деветмесечната војна меѓу Русија и Турција, Бугарија била
признаена како самостојно кнежество по Берлинскиот
договор, потпишан на 1/13 јули 1878 година. Првите
граѓански и политички наредби биле поставени од рускиот
кнез Черкаски. Новоизбраниот кнез, Александар Батемберг,
пристигнал во Бугарија во јуни 1879 година. Во Бугарија
започнале борби меѓу партиите, кнезот не знаел каква
управа да назначи; Русија се замешала во Бугрија како во
свој дом; кнезот влегол во конфликт со либералната управа,
на чело со Драган Цанков. Во април 1881 година младиот
кнез, со помош на рускиот генерал Ернорт, извршил
државен удар, сменувајќи го Трновскиот Устав. Кнез
Александар Батемберг не можел да управува без Уставот и
бил принуден да биде востановен од народот на 7/20
септември 1883 година. Русија му се налутила на кнезот и ги
повикала своите генерали од Бугарија. Таква била

105
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

политичката положба во Бугарија во мигот, кога отец Јосиф


ги обиколувал македонските села.
Од друга страна, и Бугарската православна црква била
целосно зафатена со грижите за организирање на новото
кнежество Бугарија. Пред сè, бугарските владици земале
активно учество и во политичката управа на земјата;
владиците (на број 11) всушност биле пратеници во
Државното народно собрание; некогашниот егзарх Антим
бил избран за претседател на истото Собрание; трновскиот
митрополиот Климент направил прв предлог во првото
Големото народно собрание да се избере за кнез Александар
Батемберг; на 24 ноември 1879 година митрополитот
Климент бил назначен за премиер, по конфликтот на кнезот
со либералите кои имале мнозинство во првото обично
народно собрание; митрополитот Симеон Преславски бил
избран за претседател на второто Големо народно собрание
отворено на 1 јули 1881 година; кон крајот на 1882 година
софискиот митрополит Мелетиј бил осуден од Светиот
синод и бил испратен во заточеништво во Рилскиот
манастир; егзархот влегол во конфликт со рускиот генерал
Соболев, тогашен министер за надворешни работи во
Бугарија. Се гледа јасно дека Бугарската православна црква
во тоа време била премногу ангажирана во Бугарија за да
може да мисли за религиската просвета на бугарското
население зад границата.
Најпосле, тие и да сакале – се мисли на високите
бугарски духовници, не можеле ништо да сторат во
Македонија, бидејќи турската управа гледала со недоверба
кон сè што е бугарско, кон сè што е егзархиско.
Фанариотските владици ја искористиле состојбата што била
создадена по Руско-турската војна и по ослободувањето на
Бугарија за да ги поттикне турските управници против
нивните државјани Бугари. Меѓутоа, некои големи сили ги
поддржувале Грците против Бугарите за да го ослабнат

106
д-р Христо Драгов

руското влијание на Балканот што имало длабоки корења во


Бугарија.
По ваквото расветлување на нештата, ќе ни станат
посфатливи тажните факти кои ни ги изнесува отец Јосиф во
писмата до своето началство за духовната состојба на
православните Македонци во Кукушко и во Гевгелиско.
Излагањето на активниот католички мисионер е скапоцен
документ којшто ќе го искористиме за да ја опишеме
состојбата која ја наоѓа тој во споменатите области и што го
вдахнало со сите свои сили да го насочи неукото, но добро
население на патот на вистинското христијанство, што
Фанар толку многу го беше расипал.

Излагањето на отец Јосиф

Откако накусо ја опишавме положбата во Бугарија во


првите денови по нејзиното ослободување, тешките борби,
што требаше да ги води кнезот, управата, високото
духовништво и народот, за да се зацврсти добиената
слобода, како и интригите и клеветите на фанариотската
патријаршија за да го држи потчинето македонското
население во Македонија, да фрлиме поглед и врз
религиската положба во селата и во градовите кои отец
Јосиф Алоати ги посетувал во септември 1883 година, т.е. во
она време, кога цела Бугарија била зафатена од грижите за
своето постоење, неколку дена по донесувањето на
Трновскиот устав, кога Русија, ослободителката на Бугарија,
пројавувала кон нејзиниот кнез и кон управата голема
недоверба и непријателство.
Поседуваме едно опширно излагање од отец Јосиф до
главниот началник на Лазаристите, отец Етјен Фијат во
Париз. Текстот носи датум 3 октомври 1883 година и е
напишан во Солун. Во првите денови на септември истата
година отец Јосиф, придружен од неколку милосрдни

107
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

сестри, отишол да посети неколку села во Гевгелиско кои им


биле доверени на духовните грижи на отците Лазаристи.
Претходно, тој поминал три месеци во градот Кукуш, главен
центар на Унијата во Македонија.
По враќањето во Солун, неговиот началник, отец
Бонети, му наредил да испрати извештај за она што го видел
и чул за време на својата обиколка во споменатите села.
Отец Јосиф ги изложил подробно и во целост објективно
своите впечатоци.
- Делот од Божјата нива, – раскажува – која таткото на
големото христијанско семејство ни го довери скоро, се
наоѓа во најлоша положба. Вие сами ќе се уверите во тоа
кога ќе ги прочитате деталите што ќе Ви ги соопштам и ќе
видите, каква духовна расипаност натрупал врз кутриот крај
грчкиот раскол.
За време на своето тримесечно престојување во Кукуш
јас видов со сопствени очи работи што можат да
предизвикаат солзи во најнечувствителното срце, но во
својата обиколка во Гевгелиско, а токму во селата
Стојаково, Шлопинци, Моин и Богданци18, јас бев несреќен
сведок на една состојба што би изгледала неверојатна, ако
човек не ја види лично... Милосрдните сестри, кои ги
придружував, од своја страна ми соопштија необични
констатации, кои самите ги направиле.

18
Во австриската и во турската топографска карта на Македонија
различно се предаваат имињата на споменатите села во текстот. Турците
ги нарекувале Моин, Сехово, Шлопинци, Богданци, а Австријците
Мојана, Џеово, Шлоп и Богданци. Селото Моин е распространето околу
4 км западно од Гевгелија; Богданци 7-8 км североисточно од тој град;
Сехово 3 км југоисточно од Гевгелија и Шлотинци 3 км југо-западно од
Сехово.

108
д-р Христо Драгов

Фаталниот грчки раскол за Македонија

Ќе започнам со религиската положба на народот. Не


можете да замислете, почитуван оче, во каква бездна од
незнаење ги потопил нашите несреќни Македонци грчкиот
раскол. Овде ќе зборувам за најелементарните познавања по
верското прашање и вистините за спасението. Има ли нешто
поелементарно и поедноставно од крстењето? Добро, од 100
души одвај еден или двајца знаат да се крстат како што
треба и тоа според правилата на грчкиот обред. Велам, „како
што треба” зашто сите прават едно механичко движење на
раката, без да кажат ниту збор; тоа нема ништо заедничко со
знакот на крстот. Целата набожност на ова достојно за
сожалување население се состои во повторување – безброј
пати, на прекрстување, во бакнување на иконите, секоја
недела да се посетува Литургијата; но не да се моли, туку да
разговара од почеток до крај на Литургијата, како на пазар.
Обично тие се причестуваат на големите празници, ќе си
помислите, штом се причестуваат дека треба и да се
исповедаат. Впрочем, некои се исповедаат на смртниот час,
но сепак повеќето не се исповедуваат. Светата Литургија,
светата исповед, светата Причест, сè што е свето пред очите
на верата, за нив е мртва буква, запечатена книга, поради
негрижата и неукоста на нивните кутри духовни пастири.
Затоа, никако не е за чудење тоа што овие луѓе за време на
светата Литургија се држат непристојно на свето место,
правејќи сè наопаку; се молат кога не треба, а не се молат
кога е задолжително. Заблудени од Грците, тие
присуствуваат на светата Литургија како на жална
гимнастичка вежба, често се поклонуваат и едно по друго се
крстат.
Што се однесува за причестувањето, тие се сосема
неуки, ништо не знаат околу значењето за оваа Пресвета

109
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

тајна. Прашав повеќемина од нив, што мислат, што добиваат


кога се причестуваат.
– Конка! – одговараат.
– Но, што има во таа конка.
– Не знам, можеби посветен леб.
– Но, тогаш каква разлика има меѓу конката и
нафората, која ви ја дава попот, после светата Литургија?
– Не знам, можеби конката е свет леб со вино, а
нафората без вино. Слушнав вакви одговори, не само од
возрасни мажи и жени, туку и од некои свештеници!

Децата побараа леб и немаше кој да им даде...

- Еден поп кој не знаеше си да го напише името,


бидејќи беше Грк, не го познаваше добро јазикот на
населението, му даде таков одговор на едно 12-годишно
момче на прашањето што го постави... На место е
оплакувањето на пророкот Еремија: – Децата побараа леб, а
немаше кој да им даде. Истата неукост царува и околу
другите тајни на верата, на пример, за Пресвета Троица. Ако
ги прашаш колку богови има, еден ќе ви одговори – не знам,
вториот – два или три- а можеби и четири.
Како што не знаеја дека има еден Бог во три лица, така
не знаеја да одговорат на прашањето „кој ги создал”. Истото
може да се каже и за другите вистини на верата. Тие знаат
само кој е Христос, Пресвета Богородица и светците; за
мнозина од нив, свети Димитриј или свети Михаил се
поголеми и од Исус Христос.
Што се однесува, пак, на главните христијански
прослави, тие ги знаат само нивните имиња, а објаснувањата
се длабока тајна. Ах! Треба да се оплаче судбината на ова
добро население кое византиското духовно ропство го
потопи во длабоко незнаење за верските прашања! И сепак,
Грците се осмелуваат да се нарекуваат цивилизација на

110
д-р Христо Драгов

источните народи. Целта на Грците била да го фрлат во


незнаење македонскиот народ, за да го поробат.
Ова ќе го разберете, кога ќе ви раскажам сцена на која
бев сведок. Точно ќе ви ја опишам.
Имаат обичај, на Велигден сите да се причестуваат,
мажи, жени и деца. Кој би помислил, дека при овој случај
светиот храм се претвора во вистинско бојно поле! Уште
пред да се прочита Евангелието, толпата народ се нафрла
кон двете странични врати на иконостасот, викајќи, туркајќи
се, извикувајќи највулгарни зборови, дури почнуваат и да се
тепаат. Црквата беше преполна. Сите сакаа да се доближат
до иконостасот, за време на Светата Литургија се слушаа
најскандалозни караници. Првите со сите сили требаше да ги
зачуваат своите места, до кои беа стигнати. Вознемиреноста
не можеше да се опише. Од сите страни викаа толку силно,
така што гласот на свештеникот и хорот воопшто не се
слушаше; имаше страшна врева во црквата. Најпосле
настапи мигот на причестувањето. Наеднаш храмот небаре
беше нападнат и заземен од толпа престапници која се
бореше со тупаници за првите места. Тоа беше навистина
страшна глетка на светото место. Кутриот свештеник,
притиснат од сите страни, измислил начин на причестување,
ако не достоен, тогаш барем посоодветен. Тој извади една
икона од иконостасот и преку отворот започна да ја дели
светата Причест. Луѓето почнаа да викаат – секој сакаше
што поскоро да се причести. Во тоа време, клисарот го чукна
свештеникот за раката и му кажа дека треба да го причести
порано. Несреќниот свештеник не знаеше каде да се сврти.
Тој трчаше од една страна на друга со светиот потир во
рацете, без крпа, оставајќи секој од причестените да си ја
избрише устата како може, со ракавот или со нешто уште
понечисто. Колку пати скапоцената крв Исусова падна на
земјата и беше згазната во таа невидена бркотница! Со
мокри усни од евхаристиската крв, многупати излегуваа

111
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

веднаш од црквата; видов повеќе мажи веднаш запалуваа


цигара пред вратата и водеа весел разговор без да го
почитуваат Бога, кој штотуку Го имаа примено. Пред оваа
неочекувана за мене глетка, која првпат во животот ја видов,
јас треперев како лист; си го покрив лицето со двете раце, за
да не гледам таква одвратност на светото место. Штом
излегов од црквата, отидов во својот стан и легнав на
креветот, повеќе мртов отколку жив. Овој ден беше
најнесреќениот во мојот живот.

Македонците се добри и чесни луѓе

Колку да се неуки нашите мили Македонци по


религиските прашања, треба да се признае дека тие се добри
и чесни луѓе. Грците можеа да ги направат неуки во
вистината на верата, но нè и да го изменат нивниот карактер.
Ние лесно можеме да ги насочиме по вистинскиот пат, ако
успееме во доволна мера да им го дадеме небесниот леб на
вистината, за кој се гладни, но не го наоѓаат. Впрочем, со
Божјата благодат, може да се направат многу добрини меѓу
ова чесно население. За жал, ни недостигаат работници во
Божјата нива, а соработниците на сатаната се многубројни.
Навистина е тажно, кутрите Македонци ни ги подаваат
рацете за помош... Меѓутоа, Грците ја продолжуваат својата
вообичаена тактика за да ја фатат пљачката која се
исполнува од нивните раце... лаги, клевети, интриги, пари,
особено парите се добро средство, за да се натераат Турците
да ги апсат невините луѓе, а да ги ослободуваат од затворот
виновниците...

Македонците се жедни за просвета

Македонците се жедни за просвета. Колку пати ми


имаат кажано: – Ние сме заблудени овци, ние сме како

112
д-р Христо Драгов

слепи, имаме потреба од просвета... Кутрите луѓе, за


оплакување се!
Родителите своите деца ги воспитуваат речиси како
неми суштества, така како што биле воспитувани и самите.
Затоа, ова му прави голема болка на човек кога гледа мајки,
сосема неуки за најосновните задолженија кон своите
рожби. Татковците остаруваат со грижата за материјалните
работи, без да мислат за спасението на својата душа и за
душата на своите деца. Се надеваме дека ќе дојде време,
кога родителите ќе бидат посветени со евангелското учење
на своите деца. Колку голема промена би настанала тогаш!
Колку ќе се прероди оваа земја! Но, за да се случи ова, по
секоја цена треба мисионерите и Милосрдните сестри да
станат воспитувачи на децата од двата пола.
Добро средените и раководени училишта би станале
вистински расадници за христијански родители кои би
станале првите апостоли во семејствата, а нашата
семинарија во Солун, во исто време, ќе подготви добри и
свети свештеници.
Колку е пријатно да се гледа со духовни очи идната
жетва на душите, за која двата реда на свети Винко Паолски
– Лазаристите и Милосрдните сестри – треба да им ги
посветат најпредадено своите грижи, своите благородни
жртви.

Благодарност од Македонецот

Овде Божјата нива ќе биде многу плодна зашто, како


што реков, ако Македонците денес се така неуки во верските
прашања, тоа се должи на недостојното поведение на
нивните духовни угнетувачи – Византијците. Бидејќи,
повторувам, Македонците се многу интелигентни и жедни за
просвета. Затоа, тие се полни со благодарност кон оние што
ги просветуваат. Може да изјавам, поучен од искуството,

113
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

дека тие многу ги почитуваат нашите мисионери и


Милосрдните сестри, ги сметаат за високи созданија, за
ангели, кои слегле од небото за да ги просветуваат по патот
на спасението. Со ова се објаснуваат напорите на нашиот
началник, отец Бонети и на владиката Младенов за основање
мисија во најдобриот центар на католицизмот. Дај Боже оваа
замисла што поскоро да се оствари! Колку поскоро, толку
подобро.
Ви реков, почитуван оче, Македонците се жедни за
просвета. Секој ќе се увери во ова кога ќе го види нивното
однесување за време на проповедта; тие се највнимателни
зашто чувствуваат вистинска потреба од Божјето слово. Тие
слушаат внимателно, можат да го повторат секој збор од
проповедта. Дури и без проповеди, може да направиме
многу добри дела, кога ќе ги посетиме селата. Децата
доаѓаат кај нас, како некогаш при Спасителот. Сите имаат
ангелски лица, во очите може да се види нивната чиста
душа. Колку е лесно овие деца да се научат добро да му се
молат на Бога, да се заинтересираат за главните вистини за
Верата. Она што им се кажува на децата, го слушаат и
возрасните. Не е чудо што после овие разговори родителите
ни кажуваат: Колку сме среќни! Колку нè сака добриот Бог!
И ние исто ќе Го сакаме. Зборувајте ни често за Него, многу
често: ќе ве слушаме со сето срце, секогаш ќе ве слушаме!
А кога се разделуваме од нив, тие ни велат, како
Христовите ученици во Емаус:
– Ах, останете кај нас, драги оче, ќе направиме сè што
ќе ни кажете! Без вас не можеме да направиме ништо, зашто
сме неуки. Нашите свештеници не знаат да ни зборуваат
така. Други, пак, ме поканија да им бидам парохиски
свештеник. Им одговорив не сум Македонец.
– Тоа не е важно! – одговараат.
– Но, јас не ја знам вашата Литургија.

114
д-р Христо Драгов

– Ништо, ќе ја научите... Кога ќе научите, дојдете кај


нас, ќе Ве чекаме. Колку ќе бидеме среќни.
Видовте почитуван оче, колку се добри Македонците.
Дали не би било грев да не направиме ништо за нив, што
можеме со мисиите, со духовните вежби, со училиштето
итн. Јас од моја страна, решив да им се посветам ним,
телесно и духовно да ја извршам и најголемата жртва, да го
сменам својот обред и да го примам нивниот, за да бидам
целосно нивен. Вака, нема ли да го наследам нашиот Господ
Исус Христос, кој се роди и зеде човечка природа за да нè
спаси? Ова ќе го направам почитуван оче, штом ќе добијам
дозвола од Вас и Рим. Мислам дека така ќе работам
поплодоносно за соединувањето на Македонците, чекајќи
евангелските работници да го исполнат недостатокот од
свештеници по селата. Познавам едно село, во кое нашите
католици посетуваат туѓа црква, зашто немаат свој
свештеник, а нивниот храм прилега на вистинско трло. Ќе се
потрудам да се зголеми, колку ќе ми биде овозможено. Но,
што би можел да направи еден мисионер сам, во една земја,
во која педесет апостоли би биле малку?

Потреба за работници во Божјата нива

Во вториот дел од излагањето, отец Јосиф ни дава


податоци за свештениците во гореспоменатите села. Тој
констатира дека грчкиот раскол многу влијаел врз
понижувањето на интелектуалното ниво на свештенството.
Грчкиот раскол – вели тој – направи многу лош
подарок за Македонците. На Запад, еден свештеник, без
оглед на тоа на кое социјално скалило припаѓа, има голем
авторитет. Сосема спротивно се забележува на Истокот –
попот, обично излезен од народните слоеви, не добива
повеќе почит по своето ракоположување. Тоа не е чудно,
зашто грчките владици, помалку гледаат на науката и на

115
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

добриот карактер на избраниот свештеник, отколку на


заокружената сума која се бара за неговото ракополагање.
Доволно е да се плати во број; што ќе стане потоа, може да
му се каже и на последниот човек кој се претставува: Влези
во свештеничкото племе! И тој се издига на тој висок чин од
кој треперат и самите ангели. Вчерашниот кондураџија го
остава шилото, ковачот својот чекан, за да го стави
епитрахилот. Што зборувам? Не, тој ништо не остава, само
се здобива со нов занает, бидејќи за него свештенството е
вистински занает што го купил со пари, го применува за
печалење пари.
Човек би помислил дека чита големи патриотски слова
на отец Неофит Бозвели во „Мајка Бугарија”.
И навистина отец Неофит вели:
– Синот: Друго освен непросветени попови и
светогорски испосници во кутрата Бугарија не се наоѓа.
Освен нив, нема друг кој ќе нè купи од грчките владици,
како нем добиток.
– Мајката: Но тие што се, попови испосници, или
површни грчки владици, разбојници и јаничари што ве
купуваат за да ве запопуваат и да проповедаат? Ох, какво е
ова купено отровно попување и бесно испосничко
лудување?
– Синот: Каква им е стоката, таква им е и продажбата!
Облечени во попски и во испоснички долги облеки, со долги
бради, седнати на коњи со седла, убаво хранети, крстосуваат
по селата прскајќи, собираат жито, јачмен, ‘рж, просо,
пченка, овес, лук, кромид, репа, праз, зелка и пиперки, бел и
црвен грав, леќа и сè што ќе посакаат, овошје, волна, јариња,
кози и сè што ќе им дадат... Еве ги грчките попови и
духовници, народни искористувачи, таканаречени
светогорски испосници...
– Мајката: Но зошто им даваат?

116
д-р Христо Драгов

– Синот: Бидејќи секој од нив носи и покажува


заповедничко писмо, со кое му се заповедува секому, од
стадото им подарува за спасение на нивните души...
– Замислете – продолжува отец Јосиф, – каков ќе биде
таквиот свештеник пред олтарот! Јас бев личен сведок на
таква глетка: има зошто да плачат сите ангели кои го
опкружуваат. По шестдневниот чисто материјален живот, во
кој ниту еднаш не стапнал во црква, тој влегува дури без да
се поклони, дури без почит со еден поглед кон
евхаристискиот Исус, бидејќи е неспособен да ја вкуси
Неговата мистична љубов. Всушност, тој влегува во црквата
како занаетчија во својот дуќан. Светата недела му
напоменува дека треба да го вежба и својот втор занает и ќе
го вежба, можеби, полошо од првиот... Барем ако може да се
каже: овој човек не е свештеник, само ја имитира светата
Литургија. Гледај, не! Тој е свештеник, тој навистина служи
Литургија, но каква Литургија! Ако со него има друг
свештеник, заедно да служат двајцата, тој разговара со него,
ако е сам разменува зборови со клисарот... Не се ли тоа
коментарите на извадокот од „Мајка Бугарија”:
Синот: Кутрите што паднале во неукоста и
неблагословени рожби, сами не знаат од кој род, јазик и вера
се, само малку грчки буквар, осмогласник и донекаде
Псалтирот го познаваат на грчко-брблив јазик, така што
едни им плаќаат на грчките владици по 1500 и повеќе гроша,
купувајќи да станат попови...
Според тоа, заклучокот кој отец Јосиф го дава: Еве
свештеник, каков го создаде расколот на Фотиј и на
неговите наследници: свештеник без вера, без набожност,
без наука, обесчестувач на светите Тајни...
Не настојувал напразно нашиот вреден апостол толку
многу за отворање семинарии и за воспитување на нови
поколенија свештеници. Дури и Божјите слуги кои го
примиле соединувањето заедно со своето заведено

117
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

население, немале можност да се издигнат на таква


височина, каква што била потребна за еден таков висок чин
меѓу луѓето. Старите свештеници, со сета своја добра волја
не можеле да ја исполнат својата служба така како што
прилега на Божјите слуги. Останало уште многу да се сака,
за да се почитува Исус во Причеста со потребната почит.

Неук, но добар свештеник

Таква состојба нашол отец Јосиф во македонските села


кои ги посетувал. Но, не било сè така црно. Тој е уверен дека
Христовата жетва ќе биде изобилна, но се потребни
работници, добри жетвари. – Ќе го споменам, – продолжува
отец Јосиф – името на свештеникикот – отец Стојан кој ни е
многу предан. Иако не учел, тој има здраво расудување и
цврста жива вера. Тој е вистински апостол на соединението
и неговата предаденост привлекува кон католичкото. Да
даде Бог и други слични работници, за да се зацврстуваат
новите католици. Инаку, работата ќе му остане напразна.
Неколку души, кои ги придобил, се вратија во грчкиот
раскол, зашто не можеа да му се спротистават на грчкото
соблазнување. Ние имавме едно село со околу 3000
католици, но расипаните Грци ги излажаа со пари и
привлекоа голем дел од нив. Пред некое време, јас го
посетив ова село и дознав со какви подли средства се
служеле Грците. Ах! Јас можев само да ронам солзи на
местото, црквата беше изгорена од Грците. Оваа црква,
изградена од камења, која беше мошне голема, исчезна за
една ноќ. Таа стана жртва на пламенот, дури и Светото
хранилиште. Моето срце се кинеше од болка од помислата
за ова светогрдие.

118
д-р Христо Драгов

Бедата на месните цркви

Најпосле, отец Јосиф го запира својот поглед врз


месните цркви кои биле многу бедни.
– Ова не се цркви – вели – туку вистински трла.
Најбедните цркви во Франција и Италија, во споредба со
овие, се вистински бисери. Видов две цркви кои беа за
жалење. Преку распуканите покриви слободно влегуваат
ветерот и дождот. Таванот е полн со пајажини. Иконостасот
е направен од груби штици, а трите врати се прави,
покриени со нечисто и искинато платно. На иконостасот се
залепени стари икони со различни размери и бои, исто и
светата над светиите не е многу чиста...
Ова е една старозаветна слика достојна за
оплакувањата на еден пророк Еремија.
Но, Божјиот слуга не се ограничил само на плач и
лелекање. Божјото лозје требало да се обработи со мотика.
– Нашите добри сестри – продолжува отец Јосиф – беа
длабоко нажалени од бедата што ја видоа во овие две цркви.
Штом се вратија во Солун, побрзаа да купат свеќници,
платна за Олтарите, садови и вази за цвеќиња. Зошто не
можеме да ги посетиме и другите цркви: сите имаа потреба
од помош? Не можеме да мислиме на нивното целосно
преуредување, бидејќи за тоа е потребна голема сума, но се
надеваме на помош од Божјото Провидение, да го дочекаме
најпотребното. Преку овие бедни цркви, моите мисли се
пренесуваат на толкуте цркви што во Франција и во Италија
се во изобилство, дури и цели богатства од свештеничка
облека, кои се неискористени, осудени да гнијат во
шкафовите и кои се преназначени само да го задоволат
љубопитството на туристите. Колку би сакал да ги обиколам
сите овие цркви и на колена да посакам барем еден стоти дел
од тие излишни, а ќе можам да дадам изобилни дарови за
нашите сиромашни македонски цркви, бидејќи она што на

119
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

друго место е непотребно, тука би било вистинско


богатство... Би сакал да бидам богат како цар, да градам
цркви и училишта насекаде, да кревам болници итн. за да им
помогнам на тие кутри луѓе, кои нè чекаат со раширени
раце, за да добијат од нас, телесно и душевно здравје...
Велам телесно здравје, зашто кога ќе се заинтересираме за
телесните потреби на кутрите селани, полесно ќе ги
придобиеме нивните срца. Ова се зборовите и мислите на
самиот свети Винко. Го видов најпосле доброто што го
направија нашите сестри одејќи од село во село, за да им
делат на селаните лекови, не само на католиците, туку и на
православните Грци и Турци; сите доаѓаа од различни
страни. Сестрите немаа ниту една минута за одмор. Каде
поминуваа, тие предизвикуваа вистинско воодушевување
меѓу населението; не сакаа да ги пуштаат да си одат.
Големата толпа ги придружуваше и надвор од селото,
благословувајќи ги, дури и солзи пролеваа од сочувство. Во
многу села ги сакаа за учителки и болничарки. Со големо
задоволство слушав некои добри Македонци како ми
кажуваат: - Ако во секое село имаше сестри и отци како вас,
сите ќе станевме католици; но зашто ве нема, Грците се
посилни и тие ја добиваат земјата. Но, иако овие зборови
многупати ме плашеа, тие ми најавуваа и тага, зошто немаме
можност да ги задоволиме желбите на тој добар народ.
Сведок на оваа жалосна состојба, немајќи можност да
испрати работници на Божјата нива, владиката Младенов е
духовно многу скршен и подготвен, без да се обесхрабрува
од неуспехот, да побара работници во поголем број, за да ги
задоволи потребите на мисијата која му е доверена.

120
д-р Христо Драгов

Осма глава

Отец Јосиф како парохиски свештеник во село


Гавалјанци

Обиколката низ македонските села му ја открива на


отец Јосиф целата духовна ништожност во која живеело
несреќното население. По враќањето во Солун вредниот
мисионер не знаел за одмор, своите грижи ги посветил за да
биде полезен на кутрите христијани кои останале без
пастири. Младиот свештеник горел од желба да биде меѓу
своето сакано македонско население и да започне да работи
активно за неговото религиско просветување.
Тој се подготвувал сестрано и по една година веќе бил
на своето место – парохиски свештеник во селото
Гавалјанци. Ова село се наоѓа северозападно од градот
Кукуш, близу до Арџанското езеро.
На 10 февруари 1885 година отец Јосиф напишал
опширно писмо до главниот началник на отците Лазаристи
во Париз, отец Фијат. Ова писмо содржи докази за условите
во кои бил сместен младиот мисионер во почетокот на
својата апостолска дејност, кон крајот на 1884 година.
– Порано – пишува тој – немав среќа да Ви напишам за
моите сакани Македонци. Меѓутоа, денес чувствувам желба
ова да го сторам. Младиот свештеник најподробно ја опишал
состојбата во Божјата нива во која бил повикан да работи.
Уште од првите редови на неговото писмо се гледа дека
духовниот татко не се интересира само за душата, туку и за
телото на своите верници. Село Гавалјанци, впрочем, било
чифлиг; неговите жители немале никакви имоти, биле
принудени да работат за својот господар, биле среќни, ако
тој не бил завладеан од ниски страсти и ако им оставел од
плодовите на трудот, само толку, колку да не умрат од глад.

121
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

– Кога велам чифлиг – пишува отец Јосиф – треба да


разберете дека зборувам за голема беда. Господар е еден
Евреин. Селото се наоѓа на пат десет часа до Солун. Целата
рамнина е пуста, лишена од секакви растенија. Нема ниту
едно дрво, а насекаде се издигаат голи планини чии врвови
изгледаат како купишта урнатини. Вистинска глетка на
опустошеност. На запад се наоѓа едно езеро, богато со риба.
Благодарение на риболовот, кој е главен занает на
населението, може да се извади главната прехрана. Човек би
помислил дека се наоѓа во времето на патријарсите;
семејствата имаат од 10 до 12 членови, а едноставноста е
нивниот најдобар украс.
Црквата во Гавалјанци била мошне убава, но сè уште
не била средена, населението било многу сиромашно, мошне
набожно, не можело да си купи ниту масло потребно за
кандилото. Отец Јосиф, од своите скромни средства требало
да купи масло, свеќи и вино за света Причест. Набожниот
пастир го нашол Телото Господово затворено во дрвена
кутија, покриена со прав и пајажина; тоа оригинално Свето
хранилиште било ставено во една дупка на ѕидот. Веднаш
заминал за Солун и купил свеќници, убаво Свето
хранилиште и други свети предмети.
– Гавајланци нема училиште, нема дури ни една
колиба за живеење на свештеникот. Но јас не можам да се
жалам, бидејќи и нашиот Господ, кога бил на земјата, немал
покрив, ниту камен, за да ја стави својата глава. Но, јас
чувствувам големо спокојство, кога ја гледам предаденоста
на овие кутри луѓе. Сите се натпреваруваат кој прв ќе му го
предложи својот скромен дом на мисионерот и кој ќе му
даде една рогозина и груба покривка за спиење. Тие со сето
срце исполнето ми го принесуваат својот леб од јачмен и
чистата вода. Лубениците и дињите речиси се единствена
храна на ова сиромашно население. По вечерата,
започнуваме разговор и јас се обидувам да го посеам во

122
д-р Христо Драгов

нивните души семето на верата. Тие жедно ме слушаат и се


трудат на дело да ги исполнат поуките. Не можам да ви
покажам, многу почитуван оче, колку среќно се чувствувам
овде. Ова ме прави среќен и прави да ги заборавам
тешкотиите и оскудноста за да се приспособам кон овој
начин на живеење, сосема различен од мојот досегашен
живот. Навистина сега можам да кажам заедно со свети
Павле: „Се исполнив со утеха, преизобилувам со радост,
покрај сите наши маки”. (2 Кор. 7,4) Не можам да се
ограничам само во својата служба на парохиски свештеник,
зашто мислам, Христос ми вели како некогаш на своите
ученици: „Оставете ги децата нека доаѓаат кај Мене”. Затоа
ги собрав сите селски деца во една соба, која нема таван,
под, ниту прозорци. Светлината влегува низ сламата, која ја
покрива собата. При вакви услови јас сум среќен, зашто
децата ќе научат достојно да ги примаат тајните на
покајанието и Причеста. На Божиќ имав голема утеха да ги
гледам како се приближуваат со своите родители до Божјата
трпеза. Затоа требаше да поминам долги часови во
исповедалницата. Овие добри селани толку многу се плашат
да не останат неисповедани што одвај ми останува малку
време за мојот скромен ручек. Истото задоволство го имав
во едно село, на две милји од Гавалјанци; селаните дојдоа да
ме повикат да ги исповедам за да можат, како што велат тие,
првпат достојно да се причестат.
Како што се гледа, фамозната пропаганда, за која
Византијците толку често ја обвинуваат Католичката црква,
се состои во примерниот живот на католичкиот свештеник и
во неговиот неумерен труд секогаш без полза да ја задоволи
духовната глад на своите верници.

123
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Сите трчаат кај отец Јосиф

Апостолската дејност на отец Јосиф се прочула во


околните села. Побожното македонско население било
жедно за свештеник, како и селото Гавалјанци. Во неделите
и во празниците скромната црква се полнела не само од
месните жители, туку и од блиските села: Маловци,
Михалово, Ени-Кој, Вергетор и др. Особено биле активни
жителите на село Михалово, кое се наоѓало три километри
северозападно од Гавалјанци. Првите луѓе на ова село го
посетиле отец Јосиф и му го дале документот носејќи ги
потписите на сите глави од семејствата, со кој изразиле
желба да влезат во пазувите на Католичката црква.
Апостолската дејност на отец Јосиф не се исцрпувала
со многубројните грижи на духовните потреби на верниците
и учењето на децата: тој требало да стане и лекар, имал
малку слободно време што го употребувал да ја изучува
народната медицина од специјален учебник доставен од
странство. Тој сакал да ги лекува и телата на своите
верници.
По својата местоположба, селото Гавалјанци
претставувало центар за апостолска дејност на работливиот
свештеник. Придружен од еден верен колега, месен
католички поп од старата школа, отец Јосиф ги посетувал
блиските села и се грижел за убавото подготвување на
црковните служби. Еден ден, на пат за Солун, отец Јосиф и
поп Стојко минувале крај селото Женско – Аврет Хисар, на
8–10 км југозападно од Кукуш, на пат за Солун. Отец Јосиф
предложил да влезат во селото. Поп Стојко го прифатил
предлогот и двајцата католички свештеници се упатиле
таму. По патот разбрале дека селаните биле скарани со
својот поп, кој цели шест месеци ги лишувал од секаква
црковна служба. Било тоа во квечерината на празникот свети
Јован Златоуст. Двајцата католички свештеници влегле во

124
д-р Христо Драгов

црквата и останале избезумени од бедната состојба. Подот


бил нерамен и земјен, ѕидовите биле црни како во
ќумурџиски дуќан, олтарот бил од груб неизделкан камен и
покриен со нечисти платна, наместо свеќници имало цевки
од тенекија извалкани од восок, така што буквите не можеле
да се прочитаат. На Олтарот имало ламаринена кутија за
кафе, а во неа се чувало Пресветото Тело Господово.

Беда, Беда....

Можете да си го претставите моето разочарување – му


пишува отец Јосиф на својот началник, – кога ја отворив
кутијата внатре, завиткана во нечиста хартија, ја видов
пресветата Причест. Бидејќи сакав да служам света
Литургија, побарав света чаша и ја најдов во една камара на
ѕидот. Навистина беше сребрена, но веќе беше ја изгубила
својата форма. Светата чаша не можеше да се држи
исправена, бидејќи основата ѝ беше искршена. Надворешно,
светата чаша изгледаше нечисто, но и во внатрешноста не
беше подобра. Беше црна, а на дното имаше сунгер со истата
боја. Јас се двоумев, дали да служам со вакви недостојни
предмети за Бога, но требаше да останам поради силната
желба на населението кое сакаше да има света Литургија.
Искушенијата ме доведоа далеку од мојот роден крај.
Подножјето на олтарот претставуваше голема дупка,
исполнета со груби камења, од грчкиот поп. Кога ја облеков
одеждата, се приближив до олтарот, зашто мислев дека
стапнувам на здрава почва... Но, ах! Нозете почнаа да ми се
нишаат, а јас требаше да се фатам за олтарот, за да не
паднам...
Читателот ќе забележи, дека примерниот свештеник
жали, пред сè, за недостојните услови во кои е поставен да
живее Божјиот Син на Олтарот. Срцето му се кинело при
оваа глетка, што го следела речиси во селата кои ги

125
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

посетувал. Не е чудно, зошто Тој ѝ го дал името на


пресветата Евхаристија на монашката заедница што ја
основал заедно со својата сестра. Евхаристинките требало
посебно да се грижат за благообразноста на Божјиот храм и
за достојно земно живеалиште на Христа во пресветата
Причест.
По светата Литургија, жителите на селото Женско не
знаеле како да им се заблагодарат на двајцата католички
свештеници. Тие биле трогнати од нивната набожност пред
олтарот, која ги опфатила и самите селани, бидејќи првпат
во својот живот присуствувале на толку набожно служена
света Литургија. Првите луѓе од селото го замолиле отец
Јосиф да остане кај нив, или да му дозволи на поп Стојко –
да ја имаат големата утеха барем во недела и на празниците
да присуствуваат на Божјата служба.
Сето ова се случило во првата половина на ноември
1884 година. Отец Јосиф им ветил дека ќе им ја исполни
желбата на добрите селани откако ќе оди во Солун и откако
ќе добие одобрение од своите началници – отец Бонети и
епископ Младенов.
Уште истиот ден, отец Јосиф и поп Стојко пристигнале
во Солун, поднеле извештај на своите началници за она што
го направиле во селото Женско. Отец Бонети и владиката ја
пофалиле посветеноста на свештениците и ги поттикнале да
бидат доследни на Божјето дело.

Епископ Младенов служи во село Женско

Еден месец потоа, на празникот свети Никола


Мирликиски, на 6/19 декември 1884 година црквата во село
Женско била сосема преобразена. Свеќниците, дискосот,
одеждите, Светото хранилиште – сè блескало од чистота.
Божјата служба овојпат не била служена од свештениците,
туку лично од епископот Лазар Младенов, во сослужение на

126
д-р Христо Драгов

неколку свештеници. Кутрото и бедно население, ретко


гледало владика во својата скромна црква, затоа сите – мали,
големи биле на светата Литургија, немало место во црквата
за сите богомолители. Големата толпа го исполнувала
плоштадот и соседните улици. Прославата на големиот
празник била уште повозвишена, бидејќи се случил
вистински настан во овој ден. Владиката го ракоположил за
свештеник ѓаконот Димитар.
По светата Литургија, кога владиката им го претставил
новиот парохиски свештеник, назначен за селото, радоста на
селаните била бескрајна. Тие сакале да се заблагодарат, но
солзите ги задушувале нивните зборови. Отец Јосиф потоа
имал можност да зборува со селаните, а еден од нив, со
евангелска едноставност му рекол: – Оче, владиката е
вистински творец. Сите грчки свештеници, собрани заедно,
не можат да ни дадат поп, како што ова го стори дедо
владика, кој ни го даде милиот отец Димитар. Друг селанец,
веќе побелен старец, изјавил: – Од радост плачев кога
владиката го ракополагаше нашиот свештеник. Бев толку
трогнат кога ги слушнав зборовите на владиката кон новиот
Божји слуга, зашто поп Димитар за мене ќе биде не само
парохиски свештеник, туку и најмил син!
И навистина! Отец Димитар многу се разликувал од
грчките попови кои дотогаш му служеле на скромното
население во село Женско. Понатаму во своето писмо, отец
Јосиф уште еднаш ја истакнал потребата од свештеници, за
доброто на македонското население. Самиот тој бил
парохиски свештеник во село Гавалјанци, а поп Стојко ја
исполнувал истата служба во село Михалово, но имало
толку многу села, кои сакале католички свештеници.
На патот за Солун, двајцата свештеници требало да
чекаат на станицата воз за Карасули, наспроти Арџанското
езеро, на три часа пат од село Гавалјанци. Тие патувале пеш
до станицата, а кога пристигнале дознале дека возот доцни

127
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

два часа. Поп Стојко познавал едно семејство во село


Карасули и предложил да го посетат. Штом пристигнале во
куќата, селаните се собрале да ги видат. За време на
разговорот за душата, времето минало незабележано.
Свештениците се подготвиле да одат на станицата, но
селаните не сакале да ги пуштат. Отец Јосиф успеал да се
ослободи, ветувајќи им дека ќе сврати во Карасули некој
ден, на враќање од Солун.

Отец Јосиф служи во Карасули

Навистина, откако останале два дена во Солун,


мисионерите се качиле на возот и се упатиле за Карасули.
Било петок. Земјата била покриена со бела снежна покривка.
Возот тешко се движел. Откога двајцата отци стигнале на
станицата, се упатиле кон куќата на познатото семејство,
чевлите со мака ги ваделе од лепливата кал. Отец Јосиф
имал дозвола од владиката да служи света Литургија во
недела во село Карасули. Целото население ги молело да
служат света Литургија. Месниот поп со незадоволство ја
исполнил желбата на населението, им го предал приборот за
света Литургија на мисионерите. Отец Јосиф одржал
проповед по Божјата служба, а целото население го слушало
со примерна набожност. Во понеделникот попладнето,
целото село ги испратило апостолите, кои заминале кон
своите почитувани парохии.
На крајот од своето писмо, отец Јосиф му се
заблагодарил на неговиот началник отец Фијат за
подароците, испратени од него за македонската мисија на
отците Лазаристи.
Тој испратил и една молба до својот началник,
проткаена со нежна љубов кон пресвета Богородица: сакал
да му испратат една голема статуа за Лурдската пештера, за
да ја постави во карпите на селото Ѓавото кои биле слични

128
д-р Христо Драгов

на оние во Лурд. Тој сакал, света Богородица да биде


покровителка на Македонија.19
Најпосле, отец Јосиф го завршува своето писмо барајќи
од својот началник да му дозволи да состави, на македонски
јазик, еден катехизис за свештениците и да преведе некоја
историја на Фотиевата шизма.

Деветта глава

Отец Јосиф целосно ѝ се посветува на Македонија

И покрај сите лишувања и незгоди кои отец Јосиф ги


искусил меѓу своите верници, тој уште повеќе се приврзал
кон сиромашното население кое во неговото лице гледало
вистински апостол. Македонците од овој крај никогаш не се
чувствувале посреќни во исполнувањето на своите
религиски должности. Тие се почувствувале како преродени
во религискиот однос и кога работливиот свештеник им го
објаснувал светото Евангелие или им читал од апостолските
посланија, сите со својот дух се пренесувале во онаа среќна
епоха кога Христос и неговите ученици го проповедале
Словото Божјо пред смирените и нажалените на овој свет.
Сиромашните македонски селани навистина се
чувствувале понижени и натажени. Оставени да живеат во
незамислива немаштија, често лишувани од секојдневниот
леб, населени во живеалишта во кои на други места и
добитокот не го затворале, експлоатирани како робови од
нивните господари, презрени од нивните политички и
духовни угнетувачи. Несреќните Македонци се чувствувале
презрени пред Турците и Грците кои биле господари над
нив. Нивните свештеници, повеќето Грци, ги презирале и ги
третирале како претставници на најниското племе.

19
Подоцна отец Јосиф изградил Лурдска пештера и во село Паљурци.

129
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Ваквата положба продолжувала со векови. Никој друг,


туку еден византиски архиепископ, Теофилакт Охридски,
духовен поглавар на Македонците, сметал дека е
заробеништво да се живее меѓу македонското население кое
требало да го раководи по патот на спасението, а од кое се
гнасел, бидејќи „мирисало на кожа”.
Меѓутоа, колку и да било сиромашно ова население,
тоа било способно да го оцени спасителното учење на
Евангелието. Луѓето, иако живееле во голема сиромаштија,
чувствувале дека Христос и неговите апостоли ја
проповедале радосната вест, токму на луѓе како нив.
Освен овие понижени Македонци кој друг би можел да
ги разбере зборовите на Спасителот кога гледајќи како
богатите ги пуштаат своите приноси во ризницата, а
вдовицата која пуштила само два денари, најмалите монети,
рекол: „Вистина ви велам, оваа бедна вдовица од сите
повеќе пушти; сите овие дадоа прилози на Бога од својот
вишок; таа пак пушти сè што имаше во својот живот” (Лк.
21,1-4). Приказната за богатиот и сиромавиот Лазар, исто
така, го утешувала сиромашното население кое ја оценувало
Божјата праведност која дава секому според неговата
заслуга.
Според тоа, не е чудно, зошто сиромашното
македонско население чувствувало посебна приврзаност кон
Христовото учење што им ги олеснувало сите нивни
страдања. Но, што гледало тоа во лицето на своите грчки
духовници? Вистински волци во овчи кожи. Оние кои
требало да ги пасат овците и јагнињата Христови повеќе се
грижеле за млекото, волната и за нивното месо, отколку за
спасението на нивните души.
И еве Божјата промисла им испраќа вистински
апостоли, како нив сиромашни и лишени од сè, кои живеат
со нив во нивните скромни колиби, го делат со нив лебот од

130
д-р Христо Драгов

јачмен, деноноќно работат за нивното спасение, без да


бараат да им се плати за тоа, а напротив даваат кога имаат.
Тогаш се разбира зошто населението се приврзува кон
новите благовестители, во кои гледаат вистински ученици
Христови. Со ова се објаснува големиот успех на отец Јосиф
и на неговите собраќа меѓу македонското население.
Апостолите се чувствуваат среќни меѓу своите
верници. Ова јасно се гледа од писмата на отец Јосиф. На 23
април 1885 година тој повторно му пишува на отец Фијат.
Писмото е пишувано во Солун, каде отец Јосиф бил поканет
од отец Бонети и од епископот Младенов, за да земе учество
во прославата на Илјадагодишнината на свети Методиј,
словенски просветител.
– Треба да побрзам да се вратам кај моите мили овци
во Гавалјанци. Иако ги познавам од скоро, јас ги сакам со
сето срце. А моите премногу сакани јагниња, т.е. децата од
новото училиште, ах, тие ме очекуваат со нетрпение исто
како моите болни кои не сакаат друг лекар освен мене. Ќе
летнам кај нив. Што се однесува на жртвите, јас мислам, не
сум се поштедил за спасението на моите мили Македонци.
Религиозно и телесно станав Македонец и навистина станав
таков дури и во ноктите на рацете и нозете. Нашиот Господ
ми даде благодат да се навикнам на сите незгоди, големи и
мали, во овој нов живот за мене.

Желба за заеднички живот

Но, жртвувајќи се за спасението на своите верници,


отец Јосиф мислел и на својот духовен живот. Тој се
исповедал пред својот началник дека најголемата жртва која
одвај можел да ја поднесе била лишувањето од заеднички
живот. Далеку од своите браќа по монашко звање, тој се
чувствувал како скршена гранка од дрвото и како да бил
лишен од заедничкиот живот на монашката заедница. Тој

131
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

бара од отец Фијат да му испрати што е можно поскоро еден


собрат во мисионерската работа. Тој собрат би му бил
полезен за духовниот живот, а и за неговото апостолско
дело. Отец Јосиф се уверил, дека без точното исполнување
на монашкиот устав една мисија би била лишена од
големата чест, од Божјиот благослов; ова убедување го
добил уште во Семинаријата и знаел дека надвор од
заедничкиот живот, уставот не може да се исполни како што
треба.
– Ако до денес – вели отец Јосиф – Бог има
наклонетост да го благослови скромниот почеток, составено
од еден мисионер, што не би сторил тој, кога двајца или
тројца ќе се соединат во Неговото име? Тогаш, убеден сум,
ние ќе правиме чуда, делото на соединението ќе се зацврсти
и ќе се прошири, како една градина, која дава повеќе
плодови, кога повеќе е работена и наводнувана. За време на
велигденските празници имав утеха да ги видам сите мои
верници во Гавалјанци, од 7 години до старци на 110
години, како се исповедаат, а некои ова го правеа првпат.
Овој набожен пример зафати и други, дојдени од трите
соседни села. Бог да биде благословен!
Големиот почитувач на Пресвета Богородица Лурдска,
на која ѝ должел за враќањето на својот вид и своето
свештеничко звање, зборува и во ова писмо, упатено до
началникот, со кого ги делел сите свои радости и таги. Отец
Јосиф изјавува дека им станал мил на своите верници и со
своите грижи за нивното телесно здравје. Овие нови грижи,
Бог ги благословил, и тие дале изобилни плодови. Во зимата
1884/85 година беснеела епидемија на вариола во Гавалјанци
и во околните села. Благодарение на Бога и на безгрешното
зачнување на Дева Марија, епидемијата поминала безболно
во Гавалјанци и во околината. Кај потешките случаи, отец
Јосиф не земал природни лекови, туку користел вода од
Лурдската пештера. Затоа тој мислел, дека би било многу

132
д-р Христо Драгов

убаво ако некаде во Македонија има изградено место за


поклонување на Лурдската Дева. Отец Јосиф ја повторува
својата молба да му се испрати една икона од јавувањата во
Лурд. Всушност, Лазаристите во Солун изградиле една мала
пештера од камења до парохиската црква. Статуата на
Пресвета Богородица Лурдска, во природна големина,
требало да биде поставена и благословена при
започнувањето на мајската набожност. Набожноста кон
Света Богородица Лурдска сè повеќе се ширела на исток, а
отец Јосиф од неа очекувал големи резултати за делото на
соединението.
Сепак, главната мисла на отец Јосиф била насочена во
село Гавалјанци кое станало негово второ родно место. Со
голема радост пишува дека направил една мала лотарија во
Солун, за да собере пари за изградба на училиште во
Гавалјанци. – Веќе собрав 12 турски лири. Тоа е малку, но
јас се надевам дека и од ова малку нашиот Господ може да
направи многу. Сите селани ми ветија дека ќе донесат
камења колку ќе треба за зградата која наскоро ќе почне да
се гради. Ќе се потрудам да зачувам малку место за живеење
на собратот кој ќе дојде да живее со мене во овој дворец на
сиромаштијата. Знаете, многупочитуван оче, дека до сега јас
немам сопствено живеалиште и живеам кај моите селани,
кои ми даваат еден по друг леб и една рогозина и сè што ми
е неопходно. Но, нивното добро срце кон мене и мојата
љубов кон нив ме прават да ги заборавам природните
потреби. Секој мисионер, кој сака да ја заработи славата на
апостолатот во овој крај, треба еднаш засекогаш да се
откаже од удобностите, но и од крајно неопходните нешта.
Никој не треба да прави илузија во тој однос. Признавам
дека природата и самољубието понекогаш ми сугерираат
лажни ветувања, но јас се молам, зашто Господ, кој покрај
моите слабости, ми направи чест да ме повика да го следам,

133
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

никогаш да не дозволи да погледнам назад, штом еднаш сум


го ставил ралото на нивата.
Овие жртви кои отец Јосиф ги поднел во името
Господово дале изобилни плодови. Тој во своето писмо ја
искажува својата голема радост, дека делото на
соединувањето постојано напредува. Шест нови македонски
села изразиле желба да се вратат во пазувите на Католичката
црква. Но, недостигот од свештеници не дозволува да се
задоволат потребите, посебно духовните потреби на
населението. Сè уште отец Јосиф се чувствувал и имал право
да си ги спомне зборовите на Христа за изобилната жетва и
недостигот од работници. Тој се потпира на молитвите на
децата, на овие мали земни ангели, за да испрати Бог повеќе
свештенички звања. Сите нови католици од Гавалјанци и
околните села, а исто така и селаните кои веќе ја
симпатизирале Католичката црква, сакале да ги посети
владиката Лазар Младенов и го замолиле отец Јосиф да се
активира во оваа насока.

Илјадагодишнината од смртта на свети Методиј

Епископот Младенов и отец Бонети го поканиле


вредниот апостол на Македонците да земе учество во
прославата по повод Илјадагодишнината од смртта на
словенскиот просветител, свети Методиј.
Треба да се каже дека солунските браќа секогаш се
славеле со голема почит меѓу католиците, а особено меѓу
Словените. Латинскиот животопис на свети Кирил, напишан
наскоро по смртта на Божјиот слуга, кој починал во 869
година потврдува дека Римјаните на чело со Папата, свети
Кирил го сметале за свет човек, папскиот библиотекар
Анастасиј, кој лично се познавал со свети Кирил, исто така
го нарекува свет маж; истата почит му била давана и на
свети Методиј, постариот брат на Кирил.

134
д-р Христо Драгов

Во поново време, особено големиот Папа Лав XIII се


прославил како голем почитувач на словенските
просветители. Во 1880 година Папата Лав XIII издал
енциклика „Grande Munus” со која наредил светите браќа
Кирил и Методиј да се слават во целата Католичка црква.
Во 1885 година целиот словенски свет ја празнувал
Илјадагодишнината од смртта на свети Методиј. На 6 април
во сите цркви на словенските земји се правеле големи
свечености во чест на словенскиот апостол.
Во Солун, како и во сите други градови, празнувањето
на свети Методиј било многу свечено. Солунските католици
ја имале оваа радост и утеха зашто го славеле големиот
светец во неговиот роден град. Чувствата на тие кои славеле
биле толку возвишени, бидејќи овие католици светите браќа
ги сметале за коска од својата коска и крв од својата крв.
Какви чувства го вдахнувале отец Јосиф во овие
свечености? Тој сам ни го кажува тоа во вториот дел од
писмото што го видовме погоре.
Не можам да го завршам ова мое писмо – му се обраќа
отец Јосиф на својот началник Фијат – без да Ви кажам
неколку зборови за големиот јубилеј кој го славевме на 18
април, оваа година. Празнувањето беше со свечена
архиерејска служба, проследена со мала семејна веселба.
Заради недостиг од средства за македонската црква
која била толку потребна за сегашните услови, владиката
Младенов служеше свечена Литургија во малата црква на
Лазаристите. Уште во осум часот наутро, при радосниот
звук на камбаните, црквата беше полна со верници кои, иако
од разни обреди и народности, имаа една душа и едно срце и
се воодушевуваа од големата идеја на големиот и свет Папа
Лав XIII.
„Да биде едно стадо и еден пастир”.

135
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Отец Јосиф восхитен од источниот обред

„Епископот облечен во прекрасни одежди помина меѓу


народот кој се поклонуваше со почит и примаше благослов
од владиката. Новиот француски конзул, господин Де Сент
Мари, присуствуваше во парадна униформа на архиерејска
служба која траеше цели три часа. Треба да се искаже
пофалба за овој конзул и за неговите католички колеги
зашто тие повеќе сакаа да присуствуваат на католичката
прослава, отколку на православната.
По проскомидијата на споредниот олтар, владиката
беше облечен од свештениците; ставањето на секој дел од
одеждата беше проследен со особено прекрасна молитва,
составена од свети Јован Златоуст. Не можам, а да не го
искажам својот восхит од поучните церемонии на источниот
обред, особено од благословувањето, кое владиката му го
дава на народот, пред започнувањето на Божјата служба.
Држејќи во рацете, во едната рака свеќник со три свеќи, кои
се крстосуваат, за да ги симболизираат трите божествени
лица, владиката во другата рака држи свеќник со две свеќи,
кои ги прикажуваат двете Христови својства; тој двата
свеќника ги крстосува три пати: вдесно, влево и во
средината; благословувајќи го духовното лозје, т.е. Неговата
црква.
Колку прекрасна е исто така и церемонијата на входот
со Евангелието која е востановена за спомен на Христовите
проповеди. Владиката, го претставува Христос облечен
величествено, слегува од олтарот и им го покажува, на
верниците Евангелието, извикувајќи: „Премудрост!
Прости!” Кога се моли „Верувањето” свештениците го
држат околу главата на владиката покровот со кој се
покриват даровите за Света Причест. Оваа церемонија е
прекрасна и нè учи дека верата го отргнува од нашите очи
превезот кој ни ги сокрива тајните на Божеството. Сите

136
д-р Христо Драгов

верници, дојдени од четирите страни на светот,


олицетворени во владиката, кој ја претставува целата Црква,
го молат „Верувањето” под полуотворено небо и кога се
соединети преку истата вера, во едно живо тело, мистичното
Тело на Црквата... Потоа се осветуваат Пресветите дарови,
со висок глас; зборовите се произнесуваат од владиката и
свештениците кои заедно служат; потоа го креваат во вид на
крст дискусот и светиот потир, симболите на Христовата
жртва, смртта на крстот за гревовите на светот. Колку се
убави и трогателни молитвите кои тогаш ги моли ѓаконот, за
да ги поттикне верниците кон молитва! По причестувањето
на владиката, свештениците го примаат од неговите раце
телото Господово во вид на леб и вино; ова ја симболизира
Тајната вечера на Величетврток. Жртвопринесувањето е при
крај. Но во спомен на христијанските гозби на првите
векови, владиката пред да влезе во олтарот, на верниците им
раздава нафора што ја благословува за време на службата, по
молењето на зборовите: „Лебот наш насушен дај ни го
денес”, од молитвата „Оче наш”.
Треба да додадам, почитуван оче, не затоа што јас како
македонски свештеник зедов учество во служењето на
светата Литургија, туку затоа што ова е вистина; сите овие
церемониии со својата набожност и сериозност се својствени
за источната Литургија”.
- Заборавив да ви кажам – продолжува отец Јосиф –
дека по Евангелието, владиката на македонски јазик
проповедаше едно прекрасно слово. Мотото му беше:
„Скапоцена е пред Господа смртта на Неговите светци”.
Владиката ја истакна убавината и вредноста на славниот
словенски апостол кој им дал живот и благодат на сите
словенски народи.
Ние не ја празнуваме Илјадагодишнината од неговата
смрт, туку неговото вистинско раѓање на небото. Владиката
кажа големи желби за враќање на неговите сонародници во

137
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Рим, од кој ги раздели подлата рака на Фанарот речиси од


времето кога Римската црква ги доби за Исуса Христа. Тој
заврши кога рече дека треба да имаме особена набожност
кон светите браќа Кирил и Методиј. Потоа, владиката
произнесе неколку зборови на француски за верниците од
латински обред, кои беа присутни. Да се надеваме Бог, преку
покровителството на светите браќа Кирил и Методиј, ќе ни
даде средства за придобивање на добрите Македонци; духот
на молитвата е духовно оружје на Божјите слуги;
предадените свештеници, кои ќе служат како орудие на
Божјата промисла за извршување на чудеса и добивање
парични средства, кои се потребни за благообразноста на
Божјата служба. Што се однесува до мене јас имам голема
надеж во Вашите молитви и тие на двете духовни семејства
на свети Винко и како што Ви реков, во молитвите на
малите деца. Јас сум сигурен, дека сите заедно соединети во
молитва, ќе го придобиеме Пресветото Срце Исусово кое,
трогнато, ќе се отвори за да ги прими овие души и да ги
исчисти со својата прескапоцена крв. На крајот отец Јосиф ја
повторува својата молба за дозвола да ја преведе од
француски на македонски јазик историјата на Источната
Црква и да состави катехизис за свештениците.
Видовме дека отец Јосиф бил во мошне добри односи
со својот владика, епископот Младенов, кој бил многу
задоволен од неговата апостолска дејност. Истовремено отец
Јосиф ја започнал својата евангелска дејност во Македонија,
а епископ Младенов застанува на престолот на солунската
епархија.

138
д-р Христо Драгов

Десетта глава

Отец Јосиф го придружува владиката во Пастирската


обиколка

Во едно писмо што отец Јосиф го испратил до својот


началник во Париз, отец Фијат, го опишува отворањето на
куќата и црквата во Гевгелија.
- Нашата мисија, – пишува отец Јосиф – и покрај сите
пречки кои се создаваат, напредува. Напредокот е постојан и
се случува без шум. Особено Гевгелија ни дава многу утеха;
ова место е на пат да стане нов центар на католичката
дејност, сличен на Кукуш. Уште епископот Нил Изворов
мислел за Гевгелија, но тој успеал да изгради само една куќа
во тој град.
Во 1886 г. неколку семејства од Гевгелија посакаа да ја
примат Католичката вера. Во согласност со владиката
Младенов одлучив да им отворам една црквичка. Јас
апелирав на братската љубов на францускиот народ кој
секогаш ја оправдува својата титула „најстара ќерка на
црквата”. И навистина, брзо добивме помош. Се најдоа
набожни души кои ми ја ветија својата соработка во
изградбата на црквата. Веќе бевме ја почнале изградбата
кога се појави страшна бура.
Беше 26 јуни кога домаќинот дојде лично да ни
заповеда да ја запреме изградбата, заплашувајќи не со затвор
или со затворање на работникот кој би се осмелил да работи
на градбата. Требаше да ја запреме работата на половина.
Можевме, како свети Павле исто да кажеме: „Нè
прогонуваат, гонат, но не загинуваме”. Сакаа да ја запрат
изградбата на материјалната црква Божја, но се крена
духовен храм врз кој не може да дејствува човечката рака.
Денес во Гевгелија има повеќе од 80 католички семејства.

139
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Апостолската дејност на отец Јосиф дала изобилни


плодови: Бог ги благословил неговите напори и му дал
радост која го исполнувала неговото срце и покрај сите
лишувања на кои се изложувал во сиромашните македонски
села. За време од пет години тој извршил чуда во овој
напуштен крај.
Поседуваме едно писмо од отец Јосиф, напишано во
Солун, на 14 август 1887 година, адресирано до отец Фијат
во Париз: – Ќе ви раскажам, почитуван оче, – пишува отец
Јосиф, – за големите прослави во Кукуш по повод празникот
на светите браќа Кирил и Методиј, на 11/23 мај оваа година
од владиката Младенов.
Неколку дена пред празникот, владиката беше поканет
официјално од жителите, со писмо потпишано од нив, да го
посети Кукуш, каде што 388 семејства го очекуваа, како што
децата го очекуваат својот татко. Владиката со задоволство
ја прими поканата и на 22 мај, во квечерината на празникот,
тој се збогува со пашата и замина со кола, придружен од
својот секретар и од двајца коњски стражари. На еден час
растојание од Кукуш првите луѓе на градот качени на коњи
го дочекаа и го поздравија, па се вратија брзо во Кукуш за да
му соопштат на населението дека владиката дојде.
Епископот Младенов беше изненаден кога виде пред
градот голем број луѓе кои го чекаа на чело со
свештениците, со првенците од градот, со учителите и
децата од училиштето. Сите викаа со восхит:
„Добре дојде, мил пастиру!”
Народот пееше химни и главите ги наведнуваше со
почит, за да прими благослов од владиката.
Владиката со сето срце му благодареше на Бога кога ги
гледаше остварени своите желби, зашто беше првпат да биде
пречекан од населението без страв од непријателите.
Толпата го придружи епископот до скромната куќа
што му беше одредена за стан. Таму тој ги облече своите

140
д-р Христо Драгов

најубави одежди и се упати на чело на процесијата кон


црквата, каде служеше свечена Литургија. По Евангелието,
пастирот проповедаше слово пред своите верници кои го
слушаа со внимание. Тој истакна дека за време на своето
патување во Франција и Рим се уверил дека сите католици
во Европа ги сакаат своите браќа по верата во Македонија, а
особено ја нагласи татковската нежност кон нив на Светиот
Отец Папа Лав XIII. Владиката ги повтори зборовите кои му
ги кажал врховниот Првосвештеник и им го даде, во негово
име, благословот на верниците.

Процесија до Епископијата

По Литургијата, владиката беше придружен со


процесија до епископијата. Штом ја слече одеждата, многу
народ влезе кај него, коленичеше и бараше негов благослов.
Народот му поставуваше разни прашања за неговото
патување низ Европа и за Католичката вера. Владиката
љубезно им одговараше на сите, а народот му благодареше
на Бога што им дал таков пастир.
По големите свечености во Кукуш, кои со радост го
исполниле отец Јосиф, тој го придружувал владиката во
неговата Пастирска обиколка.
Два дена по празникот во Кукуш, видни луѓе од село
Грбашел, на два часа растојание североисточно од градот, го
поканиле владиката да го посети нивното село. На
Вознесение Господово жителите на Грбашел имале големо
задоволство да го видат владиката во нивната црква, каде
служел свечена Литургија во концелебрација со дванаесет
свештеници, дојдени од околните католички села.
Епископот Младенов одржал поучно слово, и го слушале, со
голема набожност, жителите на селото и гостите. Владиката
сакал да посети и други села, но некоја итна работа го
повикала во Солун.

141
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

На 18 јули пастирот можел да ја продолжи својата


обиколка. Најпрво тој бил поканет во село Стојаково,
источно од Гевгелија, на патот за Дојран. Владиката заминал
со воз, придружен од отец Јосиф. Истата вечер пастирот
пристигнал во селото каде што бил пречекан со радост од
целото население: децата наредени во редици пееле набожни
песни. Следниот ден, празникот света Недела, патронен
празник на парохиската црква во Стојаково, владиката
служел архиерејска Литургија и одржал пофално слово за
света Недела, што била многу почитувана од населението.
Во селото имало 180 католички семејства и тие
претставувале необична глетка со својата набожност.
Следниот ден, црквата повторно била исполнета, а
верниците со внимание го ислушале и второто слово на
својот пастир кој зборувал за тоа дека секој христијанин
преку своето крштение станува храм Господов, олтар на
Христа, врз кој треба да се принесува жртва на мирот и на
братољубието. Но, истиот ден, 20 јули, една непријатна вест
ја нарушила општата радост: еден од најголемите
добротвори на месното училиште, 100–годишен старец
умира набожно, поткрепен со сите тајни на верата.
Владиката посакал сам да го изврши погребот, во
сослужение со пет свештеници.
Отец Јосиф во своето писмо накусо го опишува
погребниот обред и уште еднаш ја искажува својата љубов
кон источните церемонии. Тој го искажува својот восхит од
убавото слово на владиката, во кое ги поканил верниците да
не заборават дека постои смрт и со убави зборови го
пофалил покојниот, кажувајќи им на учениците да служат
литургии за спасението на душата на својот добротвор. Сите
од црквата излегле длабоко трогнати од словото на
владиката.

142
д-р Христо Драгов

Владиката во село Пирава

Следниот ден, на 21 јули, кога дознале дека владиката


се наоѓал во село Стојаково, жителите на село Пирава, два
километри северозападно од Валандово, пристигнале во
Стојаково, за да го поканат епископот Младенов да ги
почести со неговата посета. Иако Пирава била оддалечена од
Стојаково, пет часа со коњ, владиката со задоволство ја
примил поканата, дотолку повеќе, затоа што му биле
познати страдањата кои жителите на ова село ги
поднесувале за Католичката вера. Две години пред тоа,
католиците биле заплашувани и апсени од страна на грчкиот
владика. Тој ги наклеветил Македонците дека одржуваат
врски со своите сонародници во кнежеството Бугарија каде
што точно во тоа време се извршило соединување со
источна Румелија, која дотогаш Турците ја сметале за своја
област. Познато е дека во 1885 година Турците сакале да ѝ
објават војна на Бугарија поради соединувањето со источна
Румелија, но големите сили тоа не го дозволиле. Сепак, во
неослободените македонски места турските власти на
секаков начин му се одмаздувале на невиното македонско
население. Грчките владици ја искористиле оваа прилика за
да ги ограбат македонските цркви, било да се тие егзархиски
или католички. Грчкиот владика, придружен од турскиот
заптија, пробал со сила да ја заземе црквата свети Ѓорѓи во
Пирава. Но, населението, водено од примерот на
мачениците, застанало пред својата црква и храбро му
кажало на заптијата: - Стрелајте во нашите гради, ние нема
да си ја предадеме својата црква. Нека станеме маченици!
Исус кој е скриен во Пресветата Причест ќе ни помогне. При
оваа решителност на католиците, началникот на заптијата
требало да отстапи, но грешниот грчки владика не признал
пораз. Откако со сила не можел да завладее со католичката
црква, тој прибегнал кон светогрдие, наредил некоја вечер

143
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

да ја запалат црквата свети Ѓорѓи. Така, храмот на


пиравчани за една ноќ бил претворен во пепел. Но владиката
сè уште не бил задоволен. На негова наредба, по неколку
месеци, било запалено и училиштето во село Пирава. Како
врв на вандализмот и на престапните маневри истиот
владика го наклеветил кутрото католичко население дека
самото ги запалило црквата и своето училиште! Турските
власти, насочени против Македонците, лесно поверувале во
овие клевети и затвориле голем број католици. Владиката
Младенов ги употребил сите напори за да ги спаси невино
осудените. Населението му останало бескрајно благодарно
за неговото христијанско братољубие.

По две години

Две години по тие грчки интриги, истите видни луѓе


пристигнале и во село Стојаково, за да го поканат владиката
да го посети нивното село.
Иако поминаа низ тешки прогонувања, – бележи отец
Јосиф – жителите на село Пирава ѝ останаа верни на
Католичката вера; можам да кажам по овие искушенија дури
и повеќе се зацврстија во верата.
Владиката ја исполнил желбата на своето измачено
стадо и отишол во Пирава, каде бил дочекан како вистински
татко. Уште истиот ден, владиката го ставил потписот за
изградбата на новата црква; сите го дале својот скромен
придонес, но бидејќи тоа не било доволно, владиката ветил
дека и тој ќе додаде од своите средства.
Неколку дена потоа, на 24 јули, сабота, жителите на
село Милетково, оддалечено два часа југозападно од Пирава,
откај Вардар, го поканиле владиката да ги посети. Желбата
им била исполнета, а тие радосно го дочекале владиката,
бидејќи прв пат во селото служел владика.

144
д-р Христо Драгов

Следниот ден, во недела, владиката Младенов бил


поканет во село Балинци, половина пат меѓу Пирава и
Милетково. И овде пастирот бил срдечно дочекан, служел
архиерејска служба во која зборувал за должностите на
христијанинот кон Бога и кон ближниот. Поканите биле
многубројни, а владиката не можел сите да ги прифати,
затоа што времето не му дозволувало. Но самите селани
брзале да одат кај него и да му ја бакнат татковската
десница.
На 31 јули, недела, една група луѓе од Богданци го
посетила владиката и го поканила во своето село. Следниот
ден, епископот служел свечена Литургија во црквата во
Богданци која била исполнета не само од католици, туку и
од Грци и од православни.
По три дена, владиката придружен од отец Јосиф
заминале за Гевгелија, при што патем го посетиле и селото
Ѓавато, каде што католиците немале црква, бидејќи турските
власти, поттикнувани од месните Грци, ја затвориле.

Во Гевгелија

Штом пристигнале во Гевгелија, владиката бил


поканет да ги посети католиците во Сехово, половина час
јужно од градот. Овде тој служел архиерејска Литургија и го
ракоположил за свештеник ѓаконот Ѓорѓи, кого жителите на
село Миравци го сакале за парохиски свештеник.
Ракополагањето на свештеникот уште повеќе ја зголемило
прославата, поради што во црквата имало многу народ. По
Литургијата, епископот одржал беседа за достоинството на
свештеникот.
По некое време, владиката се разболел од треска, но
населението не престанувало да го кани по селата. Иако
болен, со висока температура, пастирот го посетил село
Шлопинци, половина час јужно од Сехово. На денот на

145
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

свети Пантелејмон, владиката служел свечена Литургија во


Шлопинци, зборувајќи им на селаните за потребата за
лекување на душата преку светата исповед. Истата вечер тој
го посетил село Моин, околу еден час западно од Гевгелија.
Овде бил непријатно изненаден кога видел како изгледа
црквата во оваа село: била изградена од штици, висока два
метри и долга четири, само со врата без прозорци и била
поцрнета од чад. Владиката ги утешил кутрите селани,
уверувајќи ги дека наскоро ќе имаат достојна црква.
Истиот ден, 19 август, владиката се вратил во
Гевгелија од каде заминал за Солун. Иако пастирската
посета по селата траела околу три месеци, сепак владиката
не успеал да ги посети сите села, во кои бил поканет.
Епископот Младенов требало да се врати во Солун каде го
чекале важни црковни работи, а освен тоа требало да
размислува и за жителите на село Перлега, кои станале
католици и сакале свештеник.

Промените во католичките села

Отец Јосиф бил трогнат од тоа што додека го


придружувал владиката имал можност да ги види промените
што настанале во сиромашните, македонски, католички села,
кои при својата прва посета ги нашол во многу сиромашна
религиозна положба. Очигледно било дека Бог ги
благословил неговите мисионерски напори штом неговата
апостолска дејност дала такви плодови. Тој го завршува
своето писмо со следните зборови:
„Како што гледате почитуван оче, нашата мила мисија
дава одлични надежи, иако живееме во најголема беда”.
Бог ги благословил напорите на отец Јосиф во
Македонија. Биле доволни само неколку години за целосно
да се преобрази овој крај; растела набожноста во црквите,
духовниот живот на кутрото население се насочило по патот

146
д-р Христо Драгов

на христијанството, исповедувањето и причестувањето се


извршувале со голема почит и набожност; а свештениците,
водени од примерот на светиот апостол, секој ден
напредувале сè повеќе кон совршенството. Се покажало дека
жетвата била изобилна, повеќе отколку што можело да се
претполага; секој ден нови села ја искажувале својата
подготвеност да се присоединат кон Католичката црква.
Отец Јосиф работел многу, но сепак не можел да ги
задоволи сите духовни потреби на заинтересираното
население. Во секое свое писмо до своите началници, тој ја
истакнува потребата од работници на Божјата нива.
Природно е дека при оваа положба тој често мислел на
својата сестра Еврозија која сакал да ја повика кај себе за да
му помага.
Видовме дека уште во август 1884 година, додека го
молел крстниот пат во солунската црква, Бог му вдахнал
дека сестра му Еврозија ќе треба да биде Основачка на една
монашка заедница на сестри кои треба да се грижат за
духовното усовршување на македонските девојчиња. Тој за
ова му пишал на духовникот на Еврозија и му посочил што
треба да стори. Оттогаш, оваа идеја го мачела неговиот ум и
решил да ја оствари. Најпосле, отец Јосиф дознал дека
Еврозија била подготвена да одговори на Божјиот повик.
Останало да се направат неопходните чекори пред
генералната управа на отците Лазаристи, за да се добие
потребното одобрение. Отец Јосиф напишал писмо до отец
Фијат и го добил очекуваниот одговор од Париз. Неговата
радост била голема. На 18 септември 1887 година тој му
пишува на својот главен началник.

Одобрение за Еврозија

– Уште не изминаа 15 дена откако го добив Вашето


писмо од 27 август, кое ме исполни со радост и задоволство,

147
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

зашто ми дадовте дозвола да ја повикам во Солун мојата


сестра Еврозија. Веднаш му напишав писмо на нејзиниот
духовник, кој одамна ја подготвува за ова. Му пишав и на
својот брат, Мелхиор, да ги подготви моите родители за
жртвата која Бог ја сака од нив. Да биде благословен Господ
во вечни векови! Ѝ кажав за Вашето писмо на добрата
сестра Пучи и таа ми рече дека ќе Ви напише, бидејќи и таа
сака тука да дојде една сестра, од која има потреба и дека таа
ќе ја придружува до Солун сестра ми Еврозија. Можам, да се
надевам дека наскоро ќе ја видам во Солун подготвена
целосно да се посвети на спасението на кутрите македонски
девојчиња и така да ја исполни милостивата задача, која ќе ѝ
ја постави Спасителот Исус Христос.
Цврсто сум убеден дека таа ќе ѝ се посвети на
набожноста на пресветата Причест меѓу македонските жени;
таа ќе ги употреби сите свои сили за да ги научи да го
сакаат, да го познаваат и предадено да му служат. Тогаш, о
Исусе, Твоето Царство ќе се прошири меѓу милите
Македонци, како и меѓу другите источни народи. Зашто,
како што има меѓу нив силни жени, ќе се возобнови векот на
мачениците; тогаш ќе настапи времето на исповедниците со
кои некогаш Истокот толку многу се славеше! Да дојде
Царството Твое, Господи!
Меѓутоа, иако потонат во слатки копнежи за идната
религиско-просветна дејност на сестра си Еврозија, отец
Јосиф уште со поголема предаденост му служел на Бога како
апостол меѓу македонското население во Македонија.

Отец Јосиф се грижи за Солун

Отец Јосиф се грижел за сè што е на слава Божја, тој не


ја заборавил и мисијата во Солун, кога му соопштува на отец
Фијат дека е крајно потребно да се изгради или откупи во
Солун дом за епископот, како и црква за католиците од

148
д-р Христо Драгов

источниот обред. Тој целосно бил предаден на Божјата


промисла. Но најмногу го интересирало ширењето на
Божјето Царство во македонските села.
– Молете се, почитуван оче – пишува во истото писмо
до отец Фијат – молете се за кутриот грешник, но ќе му
помогнете кога ќе му го испратите одамна посакуваниот
собрат. Се надевам дека меѓу толку мисионери ќе најдете
една душа, подготвена да им се посвети на Македонците.
Дали е можно поради недостиг на мисионери да пропаднат
илјадници души! Го кажувам ова затоа што поради недостиг
на свештеници, поголемиот дел од нашите македонски
католици се осудени да живеат во мракот на незнаењето. Ве
уверувам, Почитуван оче, дека не претерувам. Од нашите
вкупно 58 села, одвај една четвртина имаат среќа да видат и
слушнат одвреме -навреме еден свештеник; којзнае, само
една дванаестина од нив имаат можност да се исповедат
барем еднаш во годината. Ах! Зошто другите да останат без
да можат да се исповедаат и без да видат ниту еден
мисионер! Кога го гледам сето тоа, солзи ми течат од очите
и често голема болка ми го притиска моето срце. Ако
настојував покрај себе да го видам брат ми, Мелхиор, што
би сакал со најголема радост; сепак сеедно дали ќе биде тој
или некој друг. Доволно е да ми ја исполните мојата молба,
за која Го молам Бога и да ми испратите собрат по Ваш
избор, кој би бил подготвен да се посвети за спасението на
Македонците...

Еврозија се подготвува за големото дело

Во друго писмо до отец Фијат, напишано во Солун на


17 февруари 1888 година отец Јосиф пишува:
– Задоцнив со писмото за да ви ја соопштам радосната
вест. Мојата мила сестра Еврозија, која ја чекав долго време,
најпосле пристигна во Солун за да ѝ се посвети целосно на

149
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

мисијата за Македонците. Бог, кој ја беше избрал од


нејзината тригодишна возраст, па наваму го поддржуваше
нејзиното звање, давајќи ѝ сила да ги совлада сите пречки.
Поткрепена од Божјата благодат и од покровителството на
светците, чиишто мошти ги носеше врз своите гради, таа не
се исплаши од морската болест, иако првпат патуваше по
море; сега таа е спокојна и подготвена да изврши сè што ќе
посакаат од неа добрите сестри. Додека се пројави Божјата
волја, сестра ми ќе учи македонски јазик, ќе ѝ помага на
сестра Августина во воспитувањето на македонските
девојчиња, кои ги има шеснаесет, при што со нив ќе
подготвува свети одежди за сиромашните цркви во
Македонија.
Додека Еврозија се подготвувала со целосна
предаденост за високата мисија со која Бог требало да ја
задолжи, отец Јосиф работел активно за остварување на
својата цел.

Обилната жетва на Божјата нива

- Што се однесува до нашата мисија во Македонија –


пишува тој во истото писмо – слава на Бога, сè оди добро; не
може да се посака нешто подобро. Во почетокот на
божиќните пости јас одев по селата и проповедав во шест од
нив: во Стојаково работев од утро до вечер, цели осум дена;
потоа во село Богданци, каде престојував пет дни и на други
места. Имав задоволство Божиќ да го празнувам во село
Гавалјанци, во кое не бев дошол повеќе од една година. Кога
ги видов од далеку сиромашните куќи на ова село, ме обзеде
неискажана радост; да го видев мојот роден град не би се
радувал толку.
Во истото време, отец Даниел, римски воспитаник на
Конгрегацијата за вера, проповедал во четири села околу
Пирава; во кукушкото село Алексово исповедал друг

150
д-р Христо Драгов

свештеник. Со тоа, првпат биле исповедани жителите на 11


села; речиси сите ја исполниле својата религиозна должност.
На свештениците им требало многу време, затоа што било
потребно на селаните да им се објаснуваат првите вистини
на верата. Откако ја исполнил својата задача, отец Јосиф се
вратил во Солун.
И во ова писмо посветениот апостол настојува да се
испратат работници во Христовата нива. Епископот
Младенов му доверил да подготви едно младо момче за
свештеник, кое требало да го замени стариот свештеник во
село Ѓавато.
Владиката Младенов Божиќните празници ги поминал
во Кукуш. Првиот и третиот ден на Раѓањето Христово
служел Литургија во црквата Света Богородица, а вториот
ден во црквата Свети Ѓорѓи. Селото Богданци, половина час
источно од Гевгелија, сакало да се присоедини кон
Католичката црква; дотогаш само 32 семејства биле
соединети. Отец Јосиф ја молел света Богородица, чиешто
име го носело селото, да ги привлече и другите во пазувите
на свети Петар.
Апостолската предаденост на отец Јосиф од ден на ден
станувала сè поактивна и попосветена, постојано мислел на
Македонците, на тоа како да им го олесни спасението.
Воодушевен од љубовта кон Бога и кон душите, тој упатил
индиректна молба и до Светиот Отец, Папа Лав XIII за да не
ги заборави македонските католици.
– Дозволете ми, почитуван оче – му пишува тој на отец
Фијат – да ве прашам со детска искреност, дали сте му
кажале на Светиот Отец, кога му ги врачивте даровите од
двете духовни семејства на свети Винко, да се сети на своите
Македонци, особено на оние од Солун, каде што епископот
Младенов сака да изгради црква под покровителство на
словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
Се надевам, дека ова сте го сториле и дека неговата светост,

151
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Папа Лав XIII ќе ја задоволи нашата најголема потреба. Во


Солун имаме 40 католички семејства, а немаме ниту една
црквичка, каде би можеле да се соберат за Литургија и други
служби. Ах, да имаме барем една црквичка, колку добро би
можеле да сториме!
Отец Лобриј, за време на својата последна посета, ја
виде куќата што владиката Младенов би сакал да ја купи, ни
остана само слатката надеж дека, можеби, наскоро оваа куќа
ќе биде наша. Ако ова стане реалност, ќе има многу да Му
благодариме на Бога. Тогаш ќе бидеме на врвот на својата
среќа, нашите Македонци ќе блескаат од радост која ќе им
ги отвори очите за верата и вратите на Црквата и на
Царството Небесно.
Овие денови отидов да им предавам веронаука на
ученичките кои доаѓаат кај сестрите и ги повикав
девојчињата да ги поканат своите родители да
присуствуваат на Литургијата идниот ден, посветена на
празникот Сретение Господово. Дојдоа многу родители,
иако немаа желба да влезат во латинска црква. Колку
многубројни би биле богомолителите кога би имале
Источно-католичка црква.
И така, вредниот Божји слуга мислел на сè; духот му
бил во Солун и во многубројните села добиени за
соединување, во Европа, за да бара помош за духовните
потреби на Македонците и во Рим, пред нозете на Светиот
Отец, и насекаде, од каде можел да очекува помош за
верниците коишто Бог му ги доверил.
Но посебно мислел на Македонците во селата. Во
секое свое писмо тој ја искажувал својата радост поради
промените што настанале таму.

152
д-р Христо Драгов

Радоста во село Пирава

Селото Пирава му дало можност да му соопшти една


радосна вест на отец Фијат. Во септември 1888 година, тој
пишува дека во Цариград пристигнал султанскиот ферман за
изградба на црква во тоа село, бидејќи Грците пред три
години го изгореле нивниот храм.
Отец Јосиф, полн со задоволство, на 23 јули заминал
сам за Пирава за да им ја соопшти радосната вест на
селаните и да им го врачи султанскиот документ. Целото
село се радувало за ова. Сите глави на семејствата се собрале
во куќата на свештеникот каде бил прочитан ферманот.
Петмина видни луѓе на селото биле задолжени да се грижат
за изградбата на црквата и да ја чуваат касата. Веднаш било
отворена книга за потпишување и сите ветиле дека ќе дадат
свој придонес, било одлучено побрзо да се почне со
кревањето на ѕидовите. Следниот ден, отец Јосиф и
парохискиот свештеник отишле во реката и први ги
извадиле камењата. Нивниот пример извршил влијание врз
сите други: селаните се натпреварувале во носењето камења.
На 29 јули бил изграден олтарот, на местото каде требало да
се изгради црквата. Двајцата свештеници служиле Литургија
на која присуствувале сите жители на селото, отец Јосиф
одржал слово и ги поканил верниците да ја забрзаат
работата. По Литургијата, стари и млади, големи и мали,
мажи, жени и деца започнале со работата: сите носеле
камења, кој на грб, кој со кола, кој на штица, кој во
кошница. Едно дете плачело зошто не можело да носи
големи камења, за да го смири, татко му му дал една
кошница, во која ставил камења и детето гордо ја носело. Во
текот на целиот ден продолжило носењето на камењата, а
утрото ѕидарите започнале со изградбата на црквата. На 12
септември ѕидовите веќе биле кренати, а на Крстовден, 14
септември, епископот Младенов, по настојување на

153
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

селаните, свечено го благословил камен - темелникот на


црквата. Воодушевувањето на населението било огромно.
Владиката брзо се вратил во Солун, зашто некое ново
село сакало да ја прими Католичката вера. Благодарение на
напорите на сите, а особено на неуморната дејност на отец
Јосиф, во текот за само еден месец осум села ја примиле
Католичката вера.

Трњата во духовната градина

Се разбира, ѓаволот не мирува, така што апостолската


дејност на отец Јосиф не личела на рози без трња;
непријателите на Соединувањето, потпомогнати од Русија се
бореле против католиците со секакви клевети, интриги и со
многу пари.
На 27 октомври 1888 година отец Јосиф пишува дека
изградбата на црквата напредува и дека треба да биде
завршена за петнаесет дена; се надевал уште дека владиката
ќе може да ја освети на Раѓањето Христово.
Отец Јосиф уште соопштува дека грчкиот владика
заедно со попот кој му помогнал во палењето на црквата и
училиштето, биле повикани пред судот Господов. Многу
непријатели на Католичката вера се преобратиле, од волци
станале јагниња и активно помагале во изградбата на новата
црква. Во Пирава останале само три семејства, приврзаници
на фанарската патријаршија, но тие не можеле да направат
ништо против општото воодушевување за Католичката
црква. Населението можело да ги искористи материјалите од
изгорените згради за новите градби.
На крајот, отец Јосиф ја искажува својата целосна вера
во Бога. Божјата промисла е силна – пишува тој – неговите
средства се неисцрпни, неговите амбари секогаш се полни.
Најпосле, ние не работиме за себе, туку за Него, за Него
сакаме да изградиме пристоен дом.

154
д-р Христо Драгов

ВТОР ДЕЛ

Монашката заедница на Сестрите Евхаристинки

Прва глава

Подготовка на големото дело

Отец Јосиф и сестра му Еврозија веќе можеле да


пристапат кон основањето на монашката заедница, на сестри
Евхаристинки што му било сугерирано од Бога на отец
Јосиф за време на незаборавениот крстен пат, измолен во
Солун на 25 август 1884 година. Идејата веќе била созреана
за дејствување: послушните орудија на Бога, Јосиф и
Еврозија, веќе биле на местото, каде што требало да ги
положат темелите на ова големо богоугодно дело; отец
Јосиф добро ги познавал добрите луѓе, каде што требало да
работи неговата сестра, како одговорна сестра на монашката
заедница. Еврозија верна на своето гесло – Го сакам она што
Бог го посакува - одлучила да се посвети на новото дело.
Бидејќи се однесувало за монашката заедница, сета
тежина за основањето, раководењето и неговото успевање
требало да легнат на плеќите на Еврозија. Отец Јосиф пред
сè бил мисионер. Служел во парохиската црква во Солун и
одвреме-навреме ги посетувал селата, за да ги задоволи
духовните потреби на заостанатото македонско население.
Видовме, со каква предаденост ги исполнувал своите
должности, наоѓајќи време за сè што барала Божјата слава.
Еврозија, требало да ги вложи сите свои напори, сите
свои грижи, целиот свој живот на новата монашка заедница,
што требало да биде основана. Таа имала можност во
пансионот на Милосрдните сестри во Солун да се запознае
со македонските девојчиња за кои требало да биде заемно
Божјо Провидение. И уште првите денови, таа ги засакала

155
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

тие девици, миленички на Бога, поради своето искрено срце,


кое знае да ги сака своите добротвори и потполно да им се
посвети. Тие девојчиња во неа ја гледале својата мајка. Тие
знаеле дека Еврозија, ќерка на богато семејство, млада,
надарена со убава надворешност, стројна, целосно здрава и
лишена од секаков недостаток, ги презрела задоволствата на
светот, го напуштила домот и семејството, саканата
татковина, добрите другарки и сонародници, за да дојде во
Солун и да го посвети својот живот на овие сакани
девојчиња, да им биде учителка, покровителка, мајка... Се
разбира, Еврозија сето тоа го правела од љубов кон Бога и
ближниот за спасението на овие девојки, кои Бог ги дал, за
да ги сака како свои рожби и ништо повеќе - како деца на
нејзиниот мил Исус...

Осумте македонски девојчиња

Осумте македонски девојчиња, кои Еврозија требаше


да ги поучува во вистината на верата, ја засакале уште
првиот ден како мајка. Учебната година поминала во
извонредни духовни радости и целосно задоволство. Од ден
на ден таа чувствувала сè поголема љубов кон населението,
за чие духовно спасение беше одлучила, да го посвети
животот.
Сестра Евгенија Симитчиева, една од нив, на следниот
начин го искажува својот впечаток:
– Тогаш јас бев дете на возраст од девет години и
чувствував дека госпоѓицата Еврозија поседуваше многу
добродетели, а главно умееше да им пренесува на
слушателите. Таа успеа да ми ги вдахне чувствата, кои треба
да ги има една добра христијанка, особено светиот и
постојан страв да не го навреди Бога дури и со најмала
грешка. Таа ми вдахна голема љубов кон Бога и ближниот.
Но, госпоѓицата Еврозија вложуваше големи напори за да не

156
д-р Христо Драгов

подготви, достојно да се подготвиме за нашето прво


причестување. Тоа беше голема случка за нашиот детски
живот, за кое добрата учителка во текот на подготовката
цели два месеца, секој ден ни предаваше веронаука по еден
час. Учителката умееше да се приспособува на детскиот ум
и секое нејзино толкување на верските вистини беше кратко,
јасно и лесно разбирливо.

Еврозија ги посетува католичките села

Отец Јосиф имал можност да ја гледа својата сестра и


да ја охрабрува, но и да ѝ раскажува за религиозната
положба во македонските села. Тој ги изложувал своите
радости и таги за време на својата апостолска дејност и ја
советувал да ги посети македонските села, за да го види
лично населението, за духовното добро за кое одлучила да
посвети сè.
Еврозија нестрпливо чекала да настапи летниот
распуст, за да ја исполни желбата, да ги посети селата, во
кои нејзиниот брат развивал толку плодна апостолска
дејност. Веднаш по завршувањето на учебанта година, таа со
воз заминала за Гевгелија. По разгледувањето на градот се
упатила кон блиското село Сехово, а оттаму отишла во
Стојаково, а потоа во Богданци. По обиколувањето, Еврозија
се вратила во село Стојаково каде престојувала подолго
време, бидејќи сакала добро да го научи македонскиот јазик,
кој толку многу ѝ бил потребен за мисијата, што Бог ѝ ја
дал. Таа престојувала два месеца во Стојаково, во
семејството на месниот свештеник отец Петар, каде со
задоволство е примена.
Отец Јосиф по неколку пати во годината ги обиколувал
селата, за да го исповедува населението и да ги подготви за
достојно примање на пресветата Причест. За време на
својата обиколка, тој имал прилика да ја посети својата

157
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

сестра во Стојаково, задржувајќи се кај неа две недели т.е.


седум дена пред празникот на светите апостоли Петар и
Павле (Петровден) 29 јуни (стар календар) исто толку
денови пред Успение на Пресвета Богородица (15 август).
Во селото Стојаково, Еврозија времето не го минувала
во одмор, туку ги собирала девојчињата и им предавала
веронаука дневно по еден час. Одвреме-навреме таа ги
посетувала блиските села и ги поучувала во верата малите
момчиња и девојчиња. Месните католици се зачудиле, кога
виделе како една туѓинка така добро го владее нивниот јазик
и пројавувала толку голема предаденост за религиозното
просветување на децата, чија доверба успеала да ја придобие
со својот карактер.
Во првите денови на месец септември 1888 година
Еврозија се вратила во Солун со одлични впечатоци од
Стојаково и другите села, кои ги посетила за време на
летото. Таа имала голема надеж за успехот на своето дело,
бидејќи се убедила дека македонските деца се многу
интелигентни и со задоволство ги практикувале нејзините
поуки, а исто така и нивните родители гледале со голема
доверба во нивната вероучителка. Во текот на новата учебна
година, Еврозија пак била задолжена за обучување на
македонските девојчиња, но таа не се задоволувала само со
предавање, туку во слободното време Еврозија ја посетувала
кујната, болницата, пералната, работилницата и
сиропиталиштето. Истовремено ја посетувала болницата
каде, поминувала некое време, со љубов грижејќи се за
болните, им давала прва помош пред да пристигне лекарот.
Таа помагала и во диспанзерот, каде исто така се покажала
како милосрдна сестра.

158
д-р Христо Драгов

Првите Евхаристинки се подготвуваат

Преданоста на Еврозија не останала незабележана од


активните македонски католици. Не само ученичките, но и
тие кои го завршиле училиштето сè повеќе се приврзувале
кон неа, ја посетувале и ја засакале како вистинска мајка.
Така брзо разбрала дека Бог ѝ ги праќа овие млади души, за
да послужат како темелни камења за идната религиска
монашка заедница која Бог ѝ ја дал да ја основа во Солун.
Еврозија била бескрајно благодарна на Бога оти ѝ
праќа толку духовни радости, израмнувајќи го патот кон
големото дело, кое таа сакала да го создаде во Македонија.
Младите девици, кои сè повеќе се приврзале кон неа
пројавиле желба да ѝ помогнат за основање на заедницата,
изразувајќи цврста одлука да се препуштат под нејзиното
раководство и да бидат првите Евхаристинки.
Еврозија веќе гледала дека Бог го помага скромниот
почеток на нејзиното дело, и затоа побрзала да ја сподели
радоста со својот сакан брат. Отец Јосиф исто така
почувствувал голема радост, убедувајќи се дека делото за
кое копнеел толку години, било на пат да се оствари. Но,
тогаш започнале пречките. Навистина работничките веќе
биле подготвени. Еврозија не жалела труд, за да ги подготви
за достојно исполнување на нивниот повик, но требало да се
најде и погодно семејство, каде што подготовката ќе биде
целосно остварена. Началничката на Милосрдните сестри,
мајка Елисавета Пучи ги употребила сите свои напори, за да
го олесни делото на отец Јосиф да биде духовен раководител
на првите пионерки на богоугодното дело. Тој не само што
ги исповедувал, туку и секој ден им го толкувал катехизисот
и од време на време им држел духовни беседи за да ги
подготви за нивната идна мисија.

159
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Големиот добротвор

Сепак Еврозија, мислела дека не може да се постави


вистинска основа на монашката заедница на
Евхаристинките, ако не се здобие со посебна куќа, соодветна
за неа. Таа имала посебна надеж во лицето на својот вујко,
свештеникот дон Франческо Кико, кој служел во Торино и
побрзала да му напише, за да му ја соопшти радосната вест,
дека Бог благословил да ги собере првите сестри и идната
заедница. Дон Франческо поитал да ѝ одговори на Еврозија
и да ја зарадува со својата одлука за да испрати пари за
купување на првата куќа за заедницата на сестрите
Евхаристинки.
Еврозија обземена од радост веднаш го известила отец
Јосиф за ветувањето на набожниот вујко. Сега веќе отец
Јосиф можел да пристапи кон најважното - купување на
потребната куќа. Провидението му помогнало и за кратко
време тој нашол куќа каква што барал. Таа се наоѓала во
францускиот реон на Солун, недалеку од католичката црква,
и во соседство со училиштето на Милосрдните сестри.
Куќата била сопственост на една вдовица. Таа не била многу
голема, но можела да послужи после неколку поправки за
оваа цел за која е наменета. Вдовицата се согласила да ја
продаде куќата за 878 турски лири. Кон крајот на месец
октомври отец Јосиф го платил капарот, а во ноември ја
добиваат целата сума од дон Франческо Кико и куќата
станува сопственост на неговата заедница. За да може да им
служи за оваа цел требало да се приспособат за монашката
заедница и да се изгради црквичка за сестрите. Бидејќи
зимата наближувала, реновирањето било одложено за
пролетта.

160
д-р Христо Драгов

Втора глава

Скромниот почеток на сестрите Евхаристинки

Цела зима Еврозија и нејзините први другарки, четири


на број, се подготвувале засилено за официјалното отворање
на првиот Евхаристински дом на сестрите Евхаристинки во
Солун. Реновирањето на зградата напредувало, и сите се
надевале дека осветувањето на новото семејство, ќе биде во
текот на месец март 1889 година. Но, зградата сè уште не
била готова. Во едно писмо од сестра Еврозија до нејзините
родители со датум 1 мај 1889 година таа во детали го
опишува осветувањето на Евхаристинскиот дом. - Нашата
намера беше - пишува сестра Еврозија - да влеземе во
новиот дом на Благовец, по западен календар, но не беше
уште готов и одлучивме да го одложиме уште за 12 дена, т.е.
до Благовец по источен обред, но и тој ден не беше
определен од Бога. Милата сестра Пучи овие денови
требаше да замине за Цариград. Таа замина нерасположена и
таму легнала болна. Не можам да опишам колку маки
претрпев тогаш. Никако не сакав да го започнам делото без
својата љубена началничка, а вестите за неа беа непријатни.
Навистина велат дека болеста не била опасна, сепак
нејзиното оздравување одело бавно, многу бавно. Јас не
знаев што да правам, но одлучив да не започнам без неа.
Сите го чувствуваа нејзиното отсуство и молеа од Бога, за
нејзино побрзо враќање. Бог ги послуша нашите молитви и
на Цветници добивме телеграма, во која ни соопштија дека
тргнала на пат. На Велипонеделник го имавме задоволството
да ја прегрнеме. Таа наполно не беше оздравена, но сепак
беше добра.
Владиката Младенов одлучил да замине на
Величетврток во обиколка на селата. Сестра Пучи се сретна
со него, за да го среди прашањето за осветувањето на

161
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Евхаристинскиот дом. Владиката дојде на Велјасреда


вечерта и ја благослови нашата домашна црквичка и домот
за да може на следниот ден - Величетврток да ја служи
светата Литургија во него, посветена на Евхаристискиот
Исус.20
Моите другарки и јас за прв пат се причестивме под
видот на леб и вино и тоа на денот на основањето на
пресветата Евхаристија. Сите го видовме заедно со
владиката Младенов прстот на Провидението во условите
дека делото на сестрите Евхаристинки се основа во толку
голем ден на годината. Ве уверувам дека никој не мислеше,
дека така ќе се среди работата. Уште во средата претпладне
владиката не беше одлучил, а попладнето истиот ден го
одложи своето заминување на обиколка по селата за
четврток попладне, наместо утрото. Ако беше заминал
Владиката утрото, којзнае уште колку време требаше да
чекаме. Да биде благословен Бог, кој благоволи да ни
покаже на овој начин дека го покровителствува од небото
нашето дело. Службите во среда и четврток, иако скромни,
беа многу трогателни. На Велики четврток заедно служеа
владиката и отец Јосиф. Владиката проповедаше убаво.

20
Сестра Еврозија на 1 октомври 1891 година побарала и писмено
одобрение од владиката Младенов од Институтот. Владиката одговара
со убаво писмо, со датум 6 октомври истата година. Тој напоменува дека
неколкупати ја одобрувал монашката заедница на сестрите
Евхаристинки, но со задоволство и писмено ќе го направи тоа, за да
одговори на молбата на Основачката. - Бидејќи добро ни е познато - вели
владиката - дека главна цел на монашката заедница е да ги спечали
душите за единството на Христовата црква преку запознавањето,
љубовта и службата на нашиот Бог Исус Христос, скриен во Тајната на
Љубовта Своја и бидејќи се грижат внимателно за воспитанието и
образованието на девојчињата, а исто го доставуваат потребното на
бедните селски цркви и на свештениците за службата Божја со
задоволство го даваме своето одобрение.

162
д-р Христо Драгов

Забележавме дека на света Причест имаше дванаесет души,


т.е. четири сестри и осум девојчиња.21
По службата влеговме во домот, каде имаше уште
многу работи за средување. Затоа работевме во петок и
сабота, а во недела, Велигден најпосле се сместивме во
евхаристинскиот дом. Ние бевме на број четири сестри: една
Македонка Ирина на 18 годишна возраст, една Германка
Адела 17 год., една Италијанка од Сицилија Тереза 19 год. и
јас. Следниот четврток пристигна од село Богданци петта
кандидатка, на 15-16 годишна возраст Пулхерија, многу
посветена, иако млада.
Го исполнивме својот мал правилник и си живеевме
како риби во вода. Милата началничка секој ден нè посетува.
Отец Јосиф доаѓа да служи света Литургија, предава лекции
и од време на време држи беседи. Секој ден ни дава тема за
размислување на македонски јазик. Мојот мил брат е
духовник и директор на монашката заедница, но јас
продолжувам да се исповедувам кај отец Деноа.22
На Велигден, 9/21 април, сестрите заедно со
Основачката влегле во својот нов дом. Отец Јосиф служел
свечена Литургија по источен обред, сите заедно со восхит
го запеале „Христос Воскресе” среќни што се посветиле на
Евхаристискиот Исус за воскресението на македонскиот
народ, кој лежел во сенката на смртта.

Евхаристинскиот дом на Безгрешното Зачнување

На 9/21 април, имало нова прослава во манастирот на


сестрите Евхаристинки. По едно совпаѓање таа година
католиците од двата обреда ја празнувале во еден ист ден

21
Сестра Еврозија овде алудира на 12-те апостоли на Тајната вечера.
22
Во црквичката била уредена мала пештера на Дева Марија Лурдска,
кон која отец Јосиф имал голема набожност. За време на месец мај секоја
сабота се служела света Литургија на нејзиниот олтар.

163
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Пасхата. Отец Јосиф служел свечена Литургија на источен


обред, а Основачката на заедницата како и другите присутни
верници набожно се причестиле. Истиот ден куќата била
именувана евхаристински дом на сестрите Евхаристинки на
Безгрешното зачнување. Основачот по овој повод, одржал
убаво слово, во кое го истакнал значењето на ова
именување. Тој нагласил дека сестрите треба да бидат
следбенички на Пресвета Богородица, која била првата
Евхаристинка. Тие треба пред сè да бидат достојни,
Мариини ќерки за да станат верни невести на
Евхаристискиот Исус. А бидејќи како што знаеме, света
Богородица се јавила во Лурд за да можат верниците
подобро да го запознаат Евхаристискиот Исус и да го сакаат,
сестрите Евхаристинки требало да негуваат посебна
побожност кон Лурдската Пресвета Богородица.
По прославата народот се разотишол по своите домови.
Сите биле радосни дека во Солун се поставени основите, на
новата монашка заедница, од која очекувале набожни дела
за духовното усовршување на католиците од источен обред,
особено на децата од двата пола.
Според идејата на отец Јосиф и неговата сестра
Еврозија, мисијата на сестрите Евхаристинки не се
ограничила само на обожувањето на светата Причест. Во тоа
тие ја следеле другата сестра на Лазар - Марта, која Му
служела на Христа.
Така Евхаристинките, во својата дејност, требало да ги
соединуваат делата на Марија и Марта, да го обожуваат
Исуса, но истовремено и да му служат на својот ближен во
името на Христа. Во тој однос Евхаристинките се слични на
Милосрдните сестри во западната црква, но само со таа
разлика, што вторите имаат за главна цел да служат на
болните и сиромашните, а Евхаристинките имаат особена
цел: евхаристинскиот култ, воспитанието и образованието на
децата и нивното поучување во христијанската наука.

164
д-р Христо Драгов

Правилникот на Евхаристинките

Во истото писмо сестра Еврозија продолжува: - Ќе ме


запрашате, каков е нашиот правилник и како живееме во
монашката заедница? Ќе ви одговорам: стануваме во 5
часот, молитва на црковно-словенски јазик, размислување на
македонски, света Литургија на црковно-словенски, во 7
часот и 15 минути, појадок со црно кафе, до 9 часот
слободно време за средување на куќата; од 9 до 11 часот
задолжителни занимања; во 13 часот и 30 минути духовно
читање за евхаристискиот Исус; шиење црковна облека;
Бројаница; крстен пат; во 17 часот и 30 минути второ
размислување; 18 часот и 30 минути вечера; во 20 часот
молитва и во 21 часот легнување. Спиење на сламеници,
соблекувајќи ја само горната облека. Ве уверувам дека ми е
толку добро на мојот сламеник како да спијам на мека
постела.
Каква сум сега? Послушничка, Евхаристинка. Можеби
по една година ќе ја облечам облеката на професките23, а
моите другарки се кандидатки...
Четирите другарки на Еврозија кои ја положиле
основата на новата монашка заедница, требало да поминат
неколку месеци како кандидатки, а потоа послушнички.
Послушништвото траело пет години, од кои две биле
посветени на подготвувањето за примање на ангелската -
така се нарекува облеката на сестрите кои дале завети.
Останатите три години требало да дадат можност на
сестрите да започнат со сите служби во монашката заедница
и на крајот достојно да ги положат светите завети.
Последните се полагале за една година и се обновувале
секоја година на дваесет и петти март празникот Благовец.
Еврозија која со својот брат станала Основачка на
заедницата на сестрите Евхаристинки, ја облекла
23
Професка се нарекува сестра, која има положено монашки завети.

165
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

послушничката облека на 9/21 април кога се поставени


основите на монашката заедница.
Во едно писмо до своите родители, со датум на 26
септември 1889 година, Еврозија ја опишува церемонијата
на нејзиното облекување во ангелска облека. Пишува: - На
дваесет и први септември, Раѓањето на Пресвета Богородица
по источен обред, една од моите другарки се облече во
облеката на послушничка, а јас таа на професката. Меѓутоа
заветите ќе ги положи, ако е таква Божјата волја идната
година на Велигден. Моето име ми беше променето и ми се
даде друго име - премногу мило за мене, а верувам и на вас -
Марија Христина Исусова. Пред Литургијата, отец Јосиф ми
ја благослови облеката и превезот ставени врз масата сред
црквичката. Откако заврши службата, си ја земавме облеката
и отидовме да се облечеме. Потоа се вративме во црквичката
и присуствувавме на свечената Литургија. За да биде
Литургијата посвечена, служеа тројца свештеници - отец
Јосиф и отците Епифан и Димитар... Малку пред
причестувањето по метанијата коленичевме пред олтарот и
гласно ги произнесов пробните завети за послушност,
сиромаштво и целомудрие. За време на причестувањето
свештеникот ми рече: Дојди Маријо Христина Исусова.
По источната Литургија на истиот олтар, отец Галино,
служеше Литургија по западен обред, за благодарност на
пресветата Причест. Така што одвреме-навреме имам среќа
да видам како во нашата црквичка се служат двата обреда.
Не можам да ви искажам, што чувствувам во овие денови,
бидејќи и двата обреда ми се мили: во едниот сум родена и
го сакам како семејството и својата татковина, а другиот го
прегрнав од љубов кон Исуса и го сакам како што невестата
ги сака родителите и домот на Младоженецот. Можете да си
претставите, какви чувства возбудуваат во мене двата
обреда...

166
д-р Христо Драгов

Бидејќи тој ден владиката бил болен, сестра Еврозија


со сестра Пучи, отишле во епископијата и се претставиле на
владиката во новата облека.

Сестра Агнија

Сестра Марија Христина Исусова, која станала


началничка, за своја прва помошничка ја имала госпоѓицата
Ема Канети од Бреша - Италија, која била учителка кај
Милосрдните сестри во Солун и на 6 август 1889 година
пристапила во новата монашка заедница. Таа исто така
добила одобрение од своите началници да го забрза
процесот на својата проба. Уште на 6 август Ема можела да
ја облече облеката на послушничката и откако направила
духовни вежби под раководство на отец Јосиф, на 15/28
август, таа ја примила евхаристиската облека и била
именувана од Основачот сестра Марија Агнија Исусова.
Следната 1890 година на 15/28 август, таа ги положила
светите завети.
И така новата монашка заедница веќе го започнала
нормалниот живот. Сестра Марија Христина Исусова била
назначена за началничка на сестрите Евхаристинки, а сестра
Марија Агнија - нејзина помошничка и учителка на
кандидатките и послушничките. Но, сестра Елисавета Пучи,
началничка на Милосрдните сестри во Солун, продолжувала
да биде ангел - чувар на новата монашка заедница и ја
упатувала новата началничка, сестра Марија Христина
Исусова по патот на монашкото совршенство.
Основачите на монашката заедница секогаш
истакнувале, дека таа припаѓа на семејството на свети
Винко, и навистина отец Јосиф, како Лазарист, бил духовен
син на големиот светец на милосрдието. Еврозија исто така
во почетокот била поверена на грижите на сестра Пучи,
началничка на Милосрдните сестри во Солун. Кај овие

167
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

сестри таа имала можност побрзо да оди по патот на


совршенството. Сестра Пучи, по наредба на своите
началници, ги употребила сите свои сили, за да го зацврсти
делото на Евхаристинките кои биле гранка од нејзиното
поверено раководство на монашката заедница на
Милосрдните сестри.

Отец Франциско Ксавериј

Со тоа објаснува, дека отец Фијат, главен началник на


отците Лазаристи во Париз, го охрабрувал отец Јосиф за
неговото богоугодно дело. Исто така, отец Лобри24
визитатор на Лазаристите во Цариград, придонел многу за
успехот на Евхаристинките. Бидејќи отец Лобри
истовремено бил директор на Милосрдните сестри во
Цариград, кон него се обратила нашата Еврозија, за да бара
совети за својот духовен живот и добивала морална
поткрепа од вредниот мисионер, чии писма до сестра Марија
Христина Исусова сведочат дека тој бил нејзин вистински
духовен татко.
Овде ќе ви приложам неколку од неговите писма, што
наизглед го покажуваат тоа, а истовремено ни даваат една
претстава за чистата и деликатна душа на сестра Еврозија.
Во едно писмо од десетти декември 1890 година отец
Лобри пишува: – Причестувајте се во мир - бидејќи како што
ми пишувате, Вашата чувствителност Ве остава спокојна за
молитва, навикнете да живеете соединета со нашиот Господ.
Замолете ја сестра Пучи добро да ви го објасни
соединението со Исуса Христа, за да можете со љубов да го
следите Христа во вашите мисли, чувства и дела... Се

24
Отец Лобри бил роден 1849 година во северна Франција. Уште како
мал пристапил во заедницата на отците Лазаристи. Во 1866 година бил
испратен во Цариград како помошник - визитатор и оваа должност ја
исполнувал цели 47 години. Починал на 3 ноември 1933 година.

168
д-р Христо Драгов

радувам дека се оди добро кај вас. Доверба, радосна доверба


секогаш...
Една година подоцна на 26 октомври 1891 отец Лобри
и пишува на сестра Еврозија: - Вашето писмо ми зборува
благодарност од Бога за благодатите, кои Ви ги испраќа, за
љубовта, што ја пројавува кон Вас. Да, Исус Ве сака со
посебна љубов: – Вашето писмо ме убедува наполно во тоа.
Бескорисно е да разберете сè, што јас гледам во вашата
душа. Вие треба само да се покорувате на целосно смирение.
Ви кажувам пред сè од името на Господа: да биде мирот со
Вас. Примете го овој мир, а за да го зачувате тој мир, дајте
му го смирението како чувар. Смирението – еве тоа, што
треба да го практикувате.
Смирение во секоја паника, тревога, при секое
неспокојство, веднаш да кажете на Исус: во Тебе ја ставам
целата своја доверба, Ти се потчинувам, така што доволно не
се обеспокојувам.
Смирение при секое судење за Вас, кое Ве
обесхрабрува. Тогаш кажувајте: Господи, дозволи да ме
земеш таква каква што сум; благодарам Господи; направи
така моето срце да биде соединето со Тебе.
Пројавувајте смирение, кога Ви доаѓа мислата дека
мисијата која Ви е доверена, не одговара на Вашите сили.
Тогаш кажувајте: Господи, јас сама не избрав, јас треба само
да се потчинувам; се предавам цела на Тебе, за да постапиш
со мене според својата Света волја.
Смирувајте се кога Ви доаѓа мислата, дека сте расеани
во Божјата служба. Тогаш кажувајте: Господи, твојот
Спасител ми забрани да се обеспокојувам и ми кажа да се
ограничам и да кажувам, дека сакам да ти служам најверно...
Се нарекувате Евхаристинка, но во Евхаристијата пред сè се
истакнува смирението во љубовта Христова...

169
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Трета глава

Отворањето на сиропиталиште

На 20 декември 1889 година, сестра Елисавета Пучи ги


доверила на сестра Еврозија првите осум Македонки кои
требало да се воспитуваат во евхаристинскиот дом на
Безгрешната Дева Марија. Нивните имиња се следните:
Катерина Гелова од Кукуш, Марија Костадинчева од село
Стојаково, Зујца Катова од село Богданци, Елена
Симитчиева од село Сехово, Елена Кафадарова од село
Пирава, Елисавета Павлова и Катерина Раменлиева од град
Ениџе-Вардарско и Ана Павлова од село Пирава.
Со овие осум девојчиња се отворил институтот за
воспитание на сестрите Евхаристинки. Трите од нив се:
Марија Костадинчева, Елена Симитчиева и Елена
Кафадарова кои станале сестри Евхаристинки. Првите
штитенички на сестрите го образувале јадрото на идното
сиропиталиште.
Што чувствувал за ова време отец Јосиф?
Во едно писмо до своите домашни со датум 23 април
1890 година, т.е. една година по основањето на монашката
заедница на сестрите Евхаристинки тој пишува:
Малата монашка заедница на сестрите Евхаристинки,
слава на Бога, оди добро. Сите се здрави, задоволни, весели
исполнети со добра волја. Во почетокот на годината,
семејството се зголеми најпрво со 8 сирачиња, а подоцна со
уште едно, на 7-годишна возраст. Тоа е основата на
македонското сиропиталиште, кое што мислиме да го
отвориме, ако дозволи Бог. Јас навистина верувам, дека Бог
не само што го одобрува ова дело, но го сака, за последното
сираче ми даде јавен знак и еве како. Владиката Младенов,
ја беше препорачал малата Марија, но освен препораката ми
се претстави и малото девојче, облечено многу сиромашно, а

170
д-р Христо Драгов

со устата како да ми кажуваше: Сакам леб и облека. Кутриот


јас, што сè уште ги броев на прсти турските лири, што ги
определив за вселувањето на првите сирачиња и кое ми
остануваше да го потрошам за нив, немав ништо во џебот.
Си го почешав тилот и се двоумев, дали да го примам и
новото сираче... Но добриот Исус, кој како добар домаќин
секогаш мисли на нас, направи така што во тој момент на
двоумење добив препорачано писмо. Го отворам и во него
наоѓам една нова банкнота од 100 франка, испратена од
отците Картузијанци во Гренобл... Ги благословив милите
добротвори и го примив сирачето. Веднаш одговорив на
благодатта, дека неговите 100 франка ги добивме на време и
дека малото сираче ќе го наречам со неговото име Рене-
Марија...

Сираче подарок од небото

Како и секоја година, така и во 1890 година за време на


велигденските пости, отец Јосиф ги обиколувал католичките
села во Македонија, за да го подготви населението за
достојна пасхална исповед и причестување.
По завршувањето на обиколката, тој се вратил во
градот Кукуш качен на кола, за да се врати во Солун. По
патот тој забележал човек, кој од една нива викал по
кочијата да запре. Во тоа време едно девојченце, држејќи ги
во рацете своите чевлички, трчало изморено кон псалтот
(црквениот пеач – заб. на прев.). Го фатил за рака и го однел
кај колата претставувајќи го на отец Јосиф и изјавил дека тоа
е сираче. Псалтот го примил за милост во својата куќа, но
бидејќи бил сиромав, не можел да го чува.
– Вие сте милостив човек - изјавил псалтот - не можете
ли да го земете ова сираче и да го доверите на сестрите
Евхаристинки и на Вашата мила сестра Еврозија, за да му
биде мајка?

171
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Отец Јосиф го сожалил кутрото девојче и кога го


погледна пасхалното јагне, кое го носел во колата му рекол
на сирачето: – Овде има уште едно местенце за тебе... Дај ја
раката за да те качам во колата... Дојди тука кај јагнето...
Сирачето светнало од радост, скокнало во колата.
Отец Јосиф го поздравил псалтот и рекол на коларот да
тргне кон Солун. Истиот ден на 22 март, при заоѓањето на
сонцето, колата влегла во Солун и се упатила кон
манастирот на сестрите Евхаристинки. Сестра Еврозија
излегла да го дочека својот брат, а тој ѝ рекол:
– Сестро, ти носам пасхално јагне и еден подарок од
небото, ова кутро девојченце.
Малото девојче пораснало и не сакало да се оддели од
своите добротворци, посветувајќи го животот во служба на
Бога како верна Евхаристинка.
Секое од сирачињата кои Бог ѝ ги испраќал на сестра
Еврозија си имало своја тажна историја. Интересен е
следниот случај.

Знакот на Божјото Провидение

На 13 јуни 1891 година, само што ја служел


божествената света Литургија во црквичката на сестрите,
отец Јосиф разговорал со својата сестра. Точно во 7 и 30
часот, една сестра се појавила на вратата и ја повикала
началничката во собата за гости. Таму ја чекала една
сиромашна жена, која во рацете носела нешто завиткано во
стари алишта. Сестра Марија Христина набргу разбрала,
дека завитканото во крпи, било дете, девојче од една година.
Сиромашната жена изјавила, дека сирачето е дете на
нејзината покојна сестра. Сестра Еврозија го открила детето
и забележала дека тоа било изнемоштено и не давало надеж
за живот. Таа го сожалила и многу сакала да го прибере, но
се двоумела, сакала да се советува и со својот брат. Отец

172
д-р Христо Драгов

Јосиф бил во недоумица: од една страна гледал, ако се врати


девојчето ќе го испрати во сигурна смрт, ако се прими во
манастирот, може да му се продолжи животот уште за
неколку дена.
Додека братот и сестрата се советувале и не знаеле што
да одлучат, некој тропнал на вратата. Тоа бил курирот на
отците Лазаристи кој донел препорачано писмо адресирано
до отец Јосиф.
Тој внимателно го прочитал писмото и го потцртал
следниот дел пред својата сестра: – Сумата која ви ја
испраќам, е само еден дел, што сум го определил за новото
милосрдно дело, кое сте го започнале.
При еден ваков знак на Божјото Провидение, двајцата
веќе немале причина да се двоумат и го примиле девојчето
во сиропиталиштето.
Потоа отец Јосиф ја прашал жената дали детето е
крстено.
– Да почитуван оче, крстено е одговори таа и се вика
Фани, еве го и крстниот лист.
И така малата Фани била примена во манастирот, а
отец Јосиф ѝ го дал името Јозефина. Таа сега била добра
христијанка и со својот сопруг и децата живеела во Софија.
Кон крајот на 1890 година во сиропиталиштето имало
веќе 18 штитенички.
Сестра Еврозија се радувала зашто Бог го благословил
нејзиното дело и ги намножил кандидатките за заедницата, а
исто така ги намножил штитеничките и сирачињата.
Сфатила дека сиропиталиштето треба да се прошири,
кажувајќи му на отец Јосиф за неопходноста да се купи уште
една куќа и да се прошири манастирот.
Отец Јосиф одговорил:
– Сестро, Бог кој ни ја даде оваа куќа, ќе ни подари и
друга штом ни ги испраќа овие сирачиња, за кои веќе овде
нема место...

173
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

- Така мислам и јас, одговорила уверено сестра


Еврозија. Куќата на југ од манастирот припаѓа на монсињор
Бонети. Бидејќи тој многу го сака нашето дело, верувам дека
ќе ни ја подари. Јас веќе зборував со сестра Пучи за ова и се
надевам, дека ќе успееме.
Овде треба да забележиме дека отец Бонети за ова
време веќе не бил парохиски свештеник во Солун, како што
го познаваме, туку Светиот Отец Папа му доверил уште една
повисока должност. Тој бил веќе ракоположен за владика и
во текот на месец јуни 1887 година бил назначен за
Апостолски делегат во Турција.
Сестра Пучи му напишала на монсињор Бонети во
Цариград и добила позитивен одговор: со големо
задоволство владиката им ја подарил куќата на сестрите
Евхаристинки за нивното хумано дело.

Сиропиталиштето свети Јосиф

Сестра Еврозија наредила да се извршат поправки во


новата куќа и уште есента 1890 година во неа го вселила
сиропиталиштето свети Јосиф.
Во едно писмо до својот брат, отец Мелхиор, со датум
2/14 јануари 1891 година сестра Еврозија вели: - Сега да ја
видат нашата куќа прилега на вистинска институција,
меѓутоа не однадвор, зошто се губи меѓу двете куќи и би
требало да се бара со фенер, како што се вели и тоа среде
бел ден, но штом ќе влезеш внатре, ќе видиш дека таа е
доста голема и пространа. Те уверувам, пред моите очи таа
прилега на домот на Божјото Провидение25 во Торино, иако
е многу, многу помала. Ние не ја напуштивме својата стара
куќа, во која сме родени. Во куќата во која што ни ја подари
монсињор Бонети ги вселивме моите мали македонски

25
Малата куќа на Божјото Провидение, основана од свети Јосиф
Котоленго.

174
д-р Христо Драгов

сирачиња. Ние ги направивме нашите две куќи да се


зближат разрушувајќи го ѕидот и на тој начин добивме 20
квадратни метри.
Во друго писмо сестра Еврозија пишува: Наскоро
градината ќе биде вистински земен рај. Сега имаме една
украсна лоза, која ја покрива терасата и веќе заврзува
плодови. Има две праски и една црничка, која изгледа
вековна, две рози и други дрвја. Гледајќи дека сè добро оди
и е прекрасно, Бог очекува да види и други цвеќиња во
дворот, затоа ви се препорачувам во вашите молитви, за да
се расцветаат овие цвеќиња и да дадат плодови за вечноста...

Почитта на отец Фијат Бонети кон делото

Мислите на сестра Еврозија оделе и кон добротворите


на новиот институт. На 17 јуни 1892 година, отец Фијат,
главен началник на отците Лазаристи во Париз, пишува
писмо, адресирано до македонското сиропиталиште во
Солун.
– Драги ќерки - пишува отец Фијат - Ви благодарам за
добрите желби на празникот и за топлите молитви, кои ги
упатувате постојано до Бога за мене. Човек да се моли за
добротворите е долг, кој Бог го наградува со изобилен
благослов кон оние, кои вечно го извршуваат својот долг. Ви
ги посакувам мили ќерки сите овие благослови, за да станете
добри христијанки, и насекаде, каде се наоѓате да сеете
поуки, набожност и работа, труд - сите овие добродетели,
кои ви се препорачуваат во вашето мало сиропиталиште.
Нека од небото ве благослови свети Винко, за да живеете во
благосостојба и да се зголеми вашиот број... – Нашите
сирачиња - одговара отец Јосиф на своите домашни на 27
ноември 1891 година - ни даваат многу утеха. Јас не се
сомневам, дека некои од нив ќе станат добри мајки и
сопруги, а други - достојни сестри Евхаристинки. Човек

175
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

чувствува задоволство да ги гледа и слуша: тие се толку


мили и послушни, трудољубиви и набожни. Очигледно се
гледа дека Бог ни го дава својот благослов. Тие ја сакаат
Католичката вера како што нежните ќерки си ја сакаат
својата мајка. Иако се сè уште мали, тие се подготвени да
жртвуваат сè, дури и животот за својата вера. За да ви дадам
еден пример, ќе ви раскажам за подвигот на малата Ана, 8-9
годишно девојче, чиј чичко, фанатик и непријател на
католиците, ја измамил, кога ѝ кажал дека нејзината сестра е
болна на умирање и сакала да ја види уште еднаш. Милото
девојче со плачење нè напушти и замина во своето село.
Кога пристигнала таму, таа разбрала дека била измамена, за
да биде отргната од нашето сиропиталиште. Чичкото, грчки
фанатик, ѝ рекол да се прогласи за Гркиња, да се врати во
грчката црква и да го посетува месното училиште. Но малата
Ана категорично одбила. Тогаш чичко ѝ со сила ја истерал
во едно чисто грчко село. Ана изјавила јавно дека била
католикиња и ѝ напишала на Еврозија две-три писма, за да ја
примат повторно пак во сиропиталиштето. Таа кришум
избегала кај една своја роднина и од таму дошла во Солун.
Ние ја примивме со голема радост. Сега Ана е среќна и не
сака да нè напушти. Не би се збунил ако еден ден таа стане
сестра Евхаристинка.
На тој начин, делото на отец Јосиф и сестра Еврозија
го користело Божјиот благослов. Тоа пораснало значително
само за една година од своето постоење. Скоро и втората
куќа не била доволна да ги собере сирачињата, кои Исус им
ги праќал на грижите на набожните сестри.
Отец Јосиф и сестра му често зборувале за развојот на
новата заедница и размислувале за начинот како да направат
ново проширување. Тие сакале да го преместат
сиропиталиштето во некое од селата, а манастирот во Солун
да служи за сестрите и за училиште, кое имале намера да го
отворат за децата што доаѓаат.

176
д-р Христо Драгов

Четврта глава

Чифлигот Паљурци

Отец Јосиф, кој редовно ги посетувал католичките


села, за да ги утешува жителите со верата, констатирал дека
би било многу корисно, ако се пренесе барем
сиропиталиштето во некое од тие села. Така сестрите
Евхаристинки сакале да бидат поблиски до населението, за
душевното спасение кому му го посветиле целиот свој
живот. Со својот пример, тие би можеле да влијаат врз
добрите селани, а истовремено би го искористиле своето
слободно време за поука на децата во вистините на верата.
Работата на сиропиталиштето во село би била полесна, тоа
би имало подобри услови да се развива и прима не само
девојчиња, туку и момчиња, кои подоцна ќе станат добри
домаќини и работници на манастирскиот имот.

Провидението испраќа средства

Сестра Еврозија често зборувала со својот брат за ова


прашање и ја одобрувала неговата идеја. Се разбира
Основачите на монашката заедница во ова време не
располагале со пари, за да купат некој соодветен селски
имот, но тие својата надеж ја насочиле во Провидението,
надевајќи се, дека тоа нема да ги напушти.
Воодушевен од новата идеја, отец Јосиф започнал да ги
распрашува селаните, за да најде некој погоден имот.
Најпосле се нашол саканиот погоден случај. Во 1892 година,
еден турски бег од Солун одлучил да го продаде својот
голем имот, кој се наоѓал во месноста Паљурци меѓу
Гевгелија и Дојран. На околу 6 километри северозападно од
последниот град. Тој имот располагал со 20 илјади декари
обработлива земја, ливади, пасишта и шуми. Чифлигот имал

177
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

население од 14 македонски семејства, кои во 1885 година ја


примиле Католичката вера. Кутрите селани, ги обработувале
нивите на бегот и добивале минимална награда за својот
напорен труд. Тие располагале со една црквичка под
покровителство на свети Ѓорѓи. Одвреме-навреме
католичкиот свештеник од село Стојаково, оддалечено 8
километри југозападно од чифлигот, одел да служи света
Литургија во црквата во Паљурци.

Купување на имотот

Отец Јосиф порано знаел за Паљурци, бидејќи неколку


години едно по друго го посетувал за време на големите
празници - Раѓањето Христово, Велигден, свети Петар и
Павле (Петровден), и Успение на Пресвета Богородица, за да
ги исповедува и причестува верниците. Штом дознал дека
чифлигот се продава, отец Јосиф веднаш согледал дека
немало подобро место за сиропиталиштето. Тој се сретнал
со бегот во Солун и го запрашал за цената и продавањето на
имотот. Турскиот богаташ побарал една умерена сума, со
која уште повеќе го охрабрил вредниот мисионер за неговата
желба да го купи чифлигот. Но, во тој момент касата му
била сосема празна. И покрај тоа тој не губел надеж, туку
покренал постапка пред своето настојништво, за да добие
одобрение да го купи имотот.26 Се разбира таквото
одобрение му било дадено со задоволство и тој започнал со
работа. Сестра Еврозија, која била во тек со постапките на
својот брат била воодушевена од идејата и со радост се
придружила за остварување на неговото благородно дело.
Основачите најпрво им напишале на своите родители, кои

26
Постарите сестри раскажуваат дека за купувањето на чифлигот, отец
Јосиф го одредил во траење од шест недели да прават Адорација
(Поклонување) пред светата Причест секој ден, за да се пројави Божјата
волја.

178
д-р Христо Драгов

им изјавиле дека се подготвени да им го испратат делот што


им следи од наследството. Тие добиле и од други
добротвори и сумата почнала да се собира. Најголема
великодушност и во овој случај искажал нивниот вујко,
каноникот дон Франческо Кико, кој им испратил значајна
сума за тоа време, сума од 40 илјади златни италијански
лири. И така, само во рок од неколку месеци, Божјото
Провидение му ги испратило на отец Јосиф потребните
парични средства за купување на чифлигот Паљурци.
Но со тоа не биле совладани сите тешкотии. Неколку
македонски богаташи вознемирени од ниската цена за
купување на големиот имот, побарале да го добијат и му
предложиле на бегот многу поголема сума од таа која тој ја
барал од отец Јосиф. Отец Јосиф не губел надеж дека ќе го
купи чифлигот. Тој дознал за напорот на македонските
богаташи да го излажат и испратил свое доверливо лице да
се сретне со бегот и да го убеди да го продаде својот имот на
отец Јосиф. Пратеникот лесно го убедил Турчинот дека
другите купувачи не можеле наеднаш да му ги избројат
парите, а требало да ги чека за целосно исплаќање барем три
години. Отец Јосиф напротив ја поседувал целата сума и
можел, веднаш да ја плати, штом ќе се склучи договорот.
Бегот веднаш прифатил зошто имал потреба од пари, а
останатите купувачи, како што му објаснил пратеникот на
отец Јосиф, не можеле да платат веднаш. И на тој начин отец
Јосиф и сестра Еврозија станале законски наследници на
чифлигот Паљурци, договорот бил склучен на Успение
Богородично, 15 август 1892 година.
Таа зделка била добивка не само за купувачот, туку и
за самиот продавач, зошто тој кој предлагал најголема цена
бил исто Турчин кој набрзо умрел, оставајќи им на своите
наследници не само голем имот, туку и големи долгови.
Освен тоа кандидатот на чифлигот бил сточар и располагал
со големи стада овци. Ако го купел, имотот би го претворил

179
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

во пасишта и на тој начин кутрите католици требало да се


разотидат, а нивната црквичка би се претворила во трло.

Секоја шајка си има своја историја

Откако го купиле чифлигот, отец Јосиф и сестра


Еврозија го посетиле. Двајцата дошле до заклучок дека
имотот бил соодветен за нивната цел, но тие не можеле
веднаш да го земат, затоа што наемникот имал право да го
користи уште една година, при што просториите не биле
соодветни за сиропиталиште и требало да се направат многу
промени и доградби. Отец Јосиф и наемникот се договориле
веднаш да започне доградбата. И навистина, градежната
работа започнала забрзано и напредувала толку брзо, што
кон крајот на октомври 1893 година, зградата била веќе
покриена. Но, тогаш се јавиле пречки. Купувачите чија
надеж била осуетена, подбуцнати од влијателниот Турчин,
почнале да коваат интриги преку власта за да го спречат
остварувањето на благородното дело. Покрај тоа, околните
гркомани, кои не можеле да го поднесат католичкото дело,
што требало да започне во село Паљурци, испратиле барање
до гевгелискиот кајмакам, село Паљурци кое било под
негова власт и тој прибегнал кон вообичаените маневри, со
кои некогаш се служеле Турците при слични случаи. Кон
крајот на октомври, кога надворешната работа на градбата
веќе била при крај, а ѕидарите веќе ја малтерисувале
внатрешноста, кај нив дошол еден полицаец, придружен од
цивилни службеници и ги запрашал дали имаат одобрение за
изградба на куќата. Претприемачот немал такво одобрение и
бил принуден да ја запре работата и да ги распушти
ѕидарите.
Отец Јосиф и сестра му биле многу огорчени од тоа
самоволие на турските власти, бидејќи требало да ја остават
цела зима куќата недовршена, изложена на бури и снегови.

180
д-р Христо Драгов

Во текот на целата зима во 1893/94 година, отец Јосиф


требало да оди по солунските конаци за да добие одобрение
да ја доврши започнатата градба. После долги напори и
парични жртви, најпосле тој го добил бараниот документ.
Пролетта 1894 година, градежната работа продолжила, но
повторно била прекината, зашто непријателите на
католиците успеале повторно да ги убедат турските власти,
дека градбата не требало да се доврши.
Непријатно изненаден од овој ориентален поредок,
отец Јосиф не се разочарал, туку ги продолжил своите
напори за да може барем да ја поправи старата зграда во
чифлигот, која била речиси готова да се сруши. Се разбира,
ниту непријателите на Католичката вера, ниту расипаните
турски управници овој пат не можеле да најдат предлог за да
ја запрат поправката на старата зграда за да не се сруши.
Кога Основачката отпосле им зборувала на сестрите за овие
непријатности, често повторувала: „Секоја шајка има своја
историја”.
Летото 1894 година старата зграда веќе била
реновирана, а отец Јосиф и сестра Еврозија, одлучиле да го
испратат целиот персонал на летување во Паљурци на
имотот на монашката заедница на сестрите Евхаристинки
т.е. сестрите, кандидатките, послушничките и сирачињата. И
навистина, по завршувањето на учебната година сестрите и
сирачињата пристигнале во Паљурци и се сместиле да
живеат таму преку летото. Овде сестрите се чувствувале во
благопријатна атмосфера за своето духовно усовршување,
зошто имотот бил осамотен и далеку од секаков градски
шум. Сирачињата ја почувствувале благодатта на чистиот
воздух. Просториите скоро биле приспособени да служат за
своите нови намени. Една од просториите била искористена
за црквичка. Сестрите набрзо можеле да се посветат на
своите занаети и се чувствувале душевно освежени сред

181
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

убавата природа. Сирачињата трудољубиво работеле на


зададената работа и своите религиозни должности.
Речиси незабележливо поминало летото. Началничката
по советувањето на отец Јосиф, одлучила да ги остави
сирачињата со неколку сестри во Паљурци да живеат
постојано, а останатите чесни сестри, заедно со
кандидатките и послушничките да се вратат во Солун, во
својот манастир.
Но, се случиле непредвидливи настани, кои сосема ги
измениле плановите на Основачите. Наместо да се вратат во
Солун, чесните сестри, кандидатките и послушничките
требало да останат уште цели две години во Паљурци, а
евхаристинскиот дом на Безгрешната Дева Марија стоел
заклучен дури до октомври 1896 година.

Петта глава

Отец Јосиф на Меѓународниот евхаристиски конгрес во


Ерусалим

По основањето на евхаристинскиот дом на


Безгрешната Дева Марија во Солун и по купувањето на
чифлигот во село Паљурци, гаранција за идниот развој на
младата монашка заедница на сестрите Евхаристинки, отец
Јосиф и сестра Еврозија речиси истовремено заминале во
две различни насоки, за да ги посетат главните градови на
христијанството - Ерусалим и Рим.
Отец Јосиф одамна сакал да го посети Божјиот гроб, за
да се помоли на светите места за секој христијанин, места за
успехот на мисијата во Македонија, на која одлучил да ѝ го
посвети својот живот. Освен тоа, монашката заедница на
сестрите Евхаристинки што го започнало своето постоење
во поволни услови, му ја налагале набожната мисла да ја

182
д-р Христо Драгов

пројавува својата преданост кон евхаристискиот Исус, чие


име го носела монашката заедница.
Во мај 1893 година имал можност да ја оствари својата
голема желба: тој имал можност да присуствува на
Деветтиот меѓународен евхаристиски конгрес во Ерусалим.
Во тоа време евхаристиските конгреси биле новина.
Дванаесет години пред тоа, се одржал првиот таков конгрес
во градот Лил, Франција. Успехот бил неочекуван. Следните
евхаристиски конгреси се одржувале во Авињон во
Франција, Лиеж - Белгија, Фрибург - Швајцарија, Тулуз -
Франција, Париз - Франција, Аверс - Белгија. Првиот
евхаристиски конгрес се одржал во Неапол, од 19 до 22
ноември 1891 година.
Отец Јосиф ги следел со најголем интерес
опишувањата на евхаристиските конгреси во француските и
италијанските католички весници.
Деветтиот меѓународен евхаристиски конгрес бил
одреден да се одржи во Ерусалим, во мај 1893 година. Овој
конгрес бил првиот кој требало да се одржи во една
некатоличка средина и тоа во метрополата на
христијанството, осветена од престојувањето на Спасителот.
Овој настан имал извонредно значење за Католичката црква.
Светиот Отец Папа Лав XIII, кој тогаш го празнувал својот
50-годишен епископски јубилеј, пројавил особено внимание
кон Конгресот. Тој сакал на некој начин лично да
присуствува, и го назначил за свој пратеник францускиот
кардинал Ланженио.
Но, тогашната меѓународна ситуација изгледала многу
комплицирана и многумина, мислеле дека Конгресот нема
да успее. И навистина, околу Божјиот гроб се развиле
најстрасни политички и религиозни полемики. Ерусалим е
центар на сите христијански и кривоверски исповедувања.
Не само христијаните - католици, православни и
протестанти, но и отпадниците - несторијанци, евтихити,

183
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

монотелити и други се претставени во Ерусалим. Грчкиот


цариградски патријарх секогаш гледал со завист во успехот
на католиците во Палестина. Протестантите пак од сите
гранки поседувале во Ерусалим училиште, болници и други
добротворни установи.
Но, и католиците во 1893 година биле добро
претставени во Ерусалим. Таму се наоѓал латинскиот
патријарх, Фрањевците со своите цркви. Биле претставени и
католиците од источните обреди – Грци-Мелхити, Ерменци,
Сиријци и Маронити. Католиците требало да се борат
наспроти сите други сојузници против нив.
Освен тоа, во Ерусалим се применувале различни
политички влијанија: на Англија, Русија, Германија и др.
Турската влада настојувала да се држи неутрално помеѓу
толку големи сили, кои применувале влијание во државата
на султанот. Според тоа, изгледало многу ризично да се
свика евхаристискиот конгрес токму во Ерусалим. Меѓутоа
Светиот Отец успеал, да ги усогласи сите тешкотии и
Деветтиот меѓународен евхаристиски конгрес се одржал во
Ерусалим и имал голем успех.27
Поседуваме две писма од отец Јосиф за неговото
учество на грандиозниот Конгрес. Првото писмо е со датум
12 мај. Напишано во светиот град и адресирано до
солунскиот началник на отците Лазаристи.

Моите очи го видоа Ерусалим

– Моите очи го видоа Ерусалим! - воскликнува отец


Јосиф на самиот почеток од писмото. Нека добриот Бог на
Евхаристијата биде илјадапати славен. Тој ми даде овде
големи утехи, што не можам да ги искажам со зборови. Пред

27
Бугарското католичко списание „Поклоник” од јули 1938 година
пишува дека на истиот конгрес од Бугарија присуствувале Епископите
Роберт Менини и Михаил Петков, како и неколкумина свештеници.

184
д-р Христо Драгов

сè добриот Исус ме благослови мене и моето патување, што


беше среќно во секој однос.
Понатаму отец Јосиф пишува, дека морето од Смирна
до Бејрут било многу мирно. Тој пристигнал во Бејрут на
деветти мај и бил многу убаво дочекан од тамошниот
началник на Лазаристите, отец Буви, кој го прошетал низ
градот му ја покажал куќата на Милосрдните сестри.
На 10 мај, во 18 часот и 15 минути, тој заминал со
египетскиот брод од Бејрут за Јафа, каде пристигнал на
единаесетти мај во девет часот утрото. Уште во десет часот
тој служел Литургија во црквата на отците Фрањевци
непосредно после папскиот делегат, кардинал Ланженио.
Таму тој се запознал со халдејскиот владика Калкук и со
монсињор Солер од Монтевидео, главен град на Република
Уругвај, Јужна Америка. Заедно со последниот владика,
отец Јосиф патувал со железницата од Јафа до Ерусалим. Тој
тргнал од пристаништето уште истиот ден, во 14 часот и 25
минути попладне, а во 18 часот веќе бил во Ерусалим. Овде
владиката и отец Јосиф се разделиле: последниот
престојувал во германскиот дом, раководен од отец Шмит,
каде бил дочекан многу љубезно.
Следниот ден, во петокот на 12 мај, отец Јосиф
пишува: Денес имав среќа да го видам и да го бакнам
Божјиот гроб, Голгота, каменот на помазанието и разните
места, сврзани со објавувањето на Пресвета Богородица, на
Магдалена, со откривањето на светиот Крст и др. Не можете
да си замислите колку длабок впечаток ми направи посетата
на Божјиот гроб и на Голгота. Моите усни многупати беа врз
каменот, под кое почивало телото Исусово...
Исто така ги посетив нашите мили сестри, на кои им
ветив, дека ќе служам света Литургија кај нив еден од овие
денови. Имав среќа да го посетам и владиката од Лиеж, кој
ме прими мошне љубезно и во мене остави неизбришливи

185
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

впечатоци. Исто така се запознав со двајца свои пиемонски


сонародници, свештеници во Ерусалим.
- Утре - продолжува отец Јосиф - во 15 часот и 30
минути попладне, сите католички владици и свештеници, ќе
одиме свечено да го дочекаме апостолскиот делегат, тоа ќе
биде една сугестивна церемонија. Молете се, впрочем за да
биде сè најдобро и успешно. Јас од своја страна сум убеден
дека Конгресот ќе донесе голема религиозна корист, особено
за соединението на црквите.
Поздравете ги сите браќа и сестри. Особено поздравете
ги од мене сите сестри Евхаристнки. Кажете им дека сакав
да им напишам, но не успеав. Имајте ја добрината да им го
прочитате ова писмо... Кажете им на децата кај
Милосрдните сестри и на Евхаристинките да се молат за
успехот на Конгресот, а особено за моите намери. Прашајте
ги дали им пишала мојата сестра и ако има писма од неа
нека ми ги испратат. Молете се и вие сакани началници, за
овој кутар грешник. Јас од моја страна, ќе го направам
истото пред Бога во сите места, што тој ги благословил со
своето свето присуство...

Религиозната восхит на отец Јосиф

На 14 мај, недела отец Јосиф, напишал од Ерусалим


едно поопширно писмо до сестра Агнија, заменичка на
сестра Марија Христина Исусова, која во тоа време била во
Рим.
- Еве ме – пишува тој - се наоѓам во светиот град!..
Нека биде благословен илјадапати прељубениот наш Исус!
Двапати веќе ги видов и бакнав најсветите прагови на
Ерусалим. - Божјиот гроб на Голгота. Што и да каже, еден
верник кога ги посетува овие свети места, го обзема света,
набожна и слатка почит, помешана со чиста љубов, така што
усните молчат, и челото и устата се наведнуваат за да ја

186
д-р Христо Драгов

бакнат Светата земја и светите камења. Телото и душата не


сакаат да се одделат од овие свети места. - Какви чувства
искусив јас! - и не можам да разберам дека некој може да не
го искуси истото, бидејќи, кога верата во срцето е жива, не
може да биде поинаку. При самата помисла дека одам по
земјата, по која одел Исус, таму каде тој разговарал со
луѓето, правел чуда, каде плачел и страдал, за да нè спаси,
оваа мисла ме тера да одам насекаде со голема почит и ја
полни мојата душа со света радост, хранејќи ја со прекрасни
совети и слатки одлуки, кои никогаш не ме напуштаат.
Некогаш Евреите кажуваа: „Да бидам заборавен и јазикот да
ми се исуши, ако те заборавам, о Ерусалиме!” Но ако ти
кажуваа така пред откупувањето, што треба денес да
чувствува христијанинот, кој овде го добил своето вечно
спасение?.. Не, никогаш никој христијанин не треба да го
заборави овој свет град, кој му носи сакани спомени. Зарем
во Ерусалим Христос не го направи чудото над чудата, кога
ја востанови пресветата Причест, во која ни се дава за храна
и пиење? Само овој спомен треба да го држи жив споменот
за Ерусалим во секое христијанско срце. Да, така е. Затоа би
сакал да им кажам на сите христијани и безброј светци.
Понатаму отец Јосиф го опишува своето патување. Тоа
траело цели 12 дена. Било предвидено бродот од Месажери
Маритим - да пристигне во Јафа на 18 септември, т.е. два
дена по завршувањето на Конгресот. Меѓутоа чувствувал,
дека добриот Исус сака тој да присуствува при отворањето
на Конгресот. Во Бејрут отците Лазаристи го посоветувале
да се качи на друг брод. Плаќајќи уште 10 франка, тој можел
да пристигне на време во Ерусалим...

Дочекот на Апостолскиот делегат

Во сабота, 13 мај, отец Јосиф се претставил попладне


на латинскиот патријарх и отаму заедно со сите свештеници

187
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

и владици отишле да го дочекат делегатот кај јафската


врата... – Не можам - продолжува отец Јосиф - да ја опишам
оваа прекрасна церемонија, што беше вистински пример за
нашата вера во земјата на неверниците. Во 17 часот сите беа
собрани околу јафската врата: патријархот, капитулот,
високите државници на власта со нетрпение го очекуваа
претставникот на Папата... Музиката го најави
пристигнувањето на кардиналот. Напред го носеа крстот, по
него поворка од гавази и војници и на крајот самиот делегат.
Толпата народ, во длабока тишина, од двете страни ги
исполнуваше улиците, прозорците, балконите и покривите
на сите куќи, а потоа со радосни ракоплескања сите го
поздравија кардиналот. При средбата, патријархот со малку,
но восхитувачки зборови, му посака добредојде на
кардиналот, кој одговори со срдечни зборови. Потоа
патријархот и делегатот срдечно се поздравија, последниот
беше облечен во одежди и си го зазеде местото под
балдахинот. Тогаш имаше бурни ракоплескања на Светиот
Отец и на кардиналот. Започна со „Te Deum” испеан во хор
од целата толпа. Се пееа Magnificat, Ave Maris Stella, Tu es
Petrus. Треба да се забележи, имаше толку многу народ, што
сите, ние кои одевме зад балдахинот, како да бевме дигнати
од своите места од толпата.
Отец Јосиф потоа пишува дека и самите владици не
можеле да бидат забележани од толпата дури до Божјиот
гроб, каде процесијата застанува и каде повторно се испеале
„Te Deum” и „Magnificat”. На крајот кардиналот Ланженио
го дал папскиот благослов.
На 14 мај, недела, отец Јосиф го посетил господинот
Де Пелерин, претседател на поклонението. До 16 часот тој
останал во својот стан за да се одмори. Тогаш отец Шмит го
однел да го посети местото, каде според преданието, било
отсечено дрвото, од кое бил направен светиот Крст.

188
д-р Христо Драгов

Нашата радост е на небото

И во Ерусалим Основачот не ги заборавил своите


духовни чеда и пишува на сестра Агнија:
– Слава на Бога, добар сум со здравјето. Како се моите
мили сестри Евхаристинки? Дали се весели? Кажете им
секогаш да бидат радосни во Господа. А што прават моите
мили Македонки? Дали продолжуваат да се молат за моите
намери за Конгресот. Дали знаете нешто ново за мојата
сестра? Кога ќе се врати? Што прави во Рим? Јас ви кажав сè
што знаев, кажете ми сега што знаете вие. Ако има писмо од
сестра ми, испратете ми го, зошто не е можно да се вратам.
Штом сум тука, ќе останам додека посетам и видам сè.
Молете се и кажете им на другите да се молат за мене.
Бидете мила мајка за сите, да бидат радосни. Заменувајте ги
колку можете, отсутните татко и мајка на Евхаристинското
семејство. Утешувајте се вие и утешувајте ги нив, кажувајќи
им, дека таа е во Рим, а јас во Ерусалим за доброто на ова
семејство и за неговиот успех во духот на Евхаристискиот
Исус.
И така: „Sursum corda!” - Срцата горе! Нашата радост
е во Небото, а нашето единство - пред нозете на Исус и
Неговата Света Тајна на олтарот. Затоа ви препорчувам на
вас и на сите сестри - Анастасија, Ифигенија и четирите
послушнички - сестрите Пулхерија, Ана, Елена и Ефимија,
две нешта: постојана молитва пред Бога, света, братољубива
и слатка радост, правејќи и поднесувајќи сè, за да Му
угодите на милиот, чист и Божествен Младоженец,
таинствениот Исус...”

Блажените часови на отец Јосиф

Од 13-15 мај во Ерусалим се молела свечена


претконгресна тридневна молитва. Жалиме што не

189
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

поседуваме други писма од отец Јосиф од Ерусалим, за да ги


приложиме овде. Има современи опишувања на прославите,
кои ги искористивме.
На 16 мај, кардинал Ланженио одржал убав говор по
повод официјалното отворање на конгресот. Тој потцртал,
дека неговата мисија била мирољубива и дека Светиот Отец
Лав XIII особено ги почитувал источните цркви, кои се
првородените ќерки на Божјата црква. Кардиналот исто така
истакнал дека христијанскиот исток има заслуги пред Бога
за зачувувањето на христијанските догми, за соборите, за
црковните отци, за исповедниците и мачениците, за
славните Основачи на монаштвото и друго. Говорот на
кардиналот бил ислушан со воодушевување од сите
присутни, меѓу кои имало многу христијани од разделените
цркви. Во истиот дух зборувале и следните оратори:
патријархот на Грците - Мелхити Јозев и латинскиот
патријарх на Ерусалим, монсињор Пиави.
Цели осум дена додека траел Конгресот, секој ден се
служеле литургии на источен обред, на грчки, арапски,
словенски јазици и друго.
На Конгресот биле одржани говори и читани реферати,
во кои се истакнало исто мислењето на источната и
западната црква околу догмата „вистината” на пресветата
Причест. Посебен впечаток оставил говорот на отец Арсениј
Пелегрини, игумен во римскиот манастир свети Василиј на
Гротаферата близу Рим. Тој истакнал дека Папата Лав
тринаесетти многу настојувал за одржувањето на чистотата
на грчкиот обред во манастирот.
Конгресот бил затворен на 21 мај, празникот на
Педесетница - Духовден. Кардиналот - делегат одржал
говор, пригоден за празникот апелирајќи за соединување на
сите христијански цркви во една. Потоа се испеала песната
„Te Deum”, а папскиот делегат ги благословил со пресветата
Причест.

190
д-р Христо Драгов

Воопшто, Деветтиот меѓународен евхаристиски


конгрес во Ерусалим имал голем успех и дејствувал многу за
зближување меѓу Католичката и Источната црква.
Отец Јосиф имал убави спомени од овој конгрес. Десет
години потоа, во една беседа, одржана пред послушничките,
на тема – „Скриениот живот на Исус Христос од Назарет”,
тој изјавил:
- Ах, колку набожен и сосредоточен се почувствував,
кога во 1893 година имав среќа да ја посетам Светата земја,
а особено Ерусалим, Витлеем и Назарет. Во своето срце и
својот дух сè уште се наоѓам во последниот град и честопати
многу ми е мило да си спомнам на тие блажени часови, кои
ги поминав во светата назаретска куќа и во работилницата
на свети Јосиф, каде служев двапати света божествена
Литургија!...

Шеста глава

Сестра Марија Христина Исусова во Рим

По едно среќно совпаѓање, на 11 мај 1893 година, кога


отец Јосиф испратил писмо од Ерусалим за да каже дека
среќно пристигнал во светиот град, сестра Марија Христина
Исусова во Рим, втората престолнина на христијанството,
поднела молба до светата Конгрегација за верата за да добие
одобрение и охрабрување за младата монашка заедница, на
чие чело била поставена. Сестра Еврозија била придружена
од сестра Елисавета Пучи, која пројавувала најголем интерес
кон развојот на делото на сестрите Евхарситинки.
Во молбата упатена до кардиналот Ледуховски,
префект на Конгрегацијата за вера, потпишана од сестра
Марија Христина Исусова, како началничка на сестрите
Евхаристинки, раскажува од долгото искуство, што го
добиле католиците мисионери во Македонија, заклучиле

191
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

дека за да се прероди во религијата овој изоставен народ и


да се придобие за соединувањето со Рим, најефикасно
средство би било издигнувањето на религијата во
семејството. Според тоа, се налагало да се основа една
монашка заедница на жени, кои ќе помагаат на мисионерите,
просветувајќи ги духовно девојчињата и мајките.
Милосрдните сестри подолго време ја исполнувале успешно
оваа мисија, особено на Исток. Истите сестри имале надеж
да постигнат еднакви резултати и меѓу Македонците во
Македонија, за да ги придобијат кон верата. Но, разликата во
обредот и приврзаноста на населението кон својот обред,
како и неговата непросветеност по религиозните прашања,
го правеле недостапен кон сугестиите на религиозното
просветување. Истото население ги примило сите
материјални добивки од дејноста на Милосрдните сестри од
западниот обред, но не го отворало своето срце кон нивните
верски сугестии.
Според тоа, потребата од основање на една монашка
заедница од сестри била сè поголема, да го прими источниот
обред, со неговите особености и строгости на постот, како и
да се приспособи кон месните услови. Со Божја помош, по
совладувањето на многу тешкотии, тој почеток е остварен. -
Една мала монашка заедница, - вели во молбата - на која јас,
недостојната сум поставена на чело, пред четири години се
основа во Солун, под покровителство на Милосрдните
сестри, од кои таа доби и живот. Иако мошне тешко да се
добијат звања за ова дело, особено поради големите разлики
на обичаите и обредот, сепак една Германка, две Италијанки
и една Македонка пристапија во монашката заедница и
образуваат едно мало јадро од четири чесни сестри; имаме
четири послушнички, веќе добро подготвени, и една
кандидатка; последните пет се Македонки. Се подготвуваат
и други за звања, меѓу кои и од Европа. Иако монашката
заедница сè уште е во својот почеток, Бог видливо ја

192
д-р Христо Драгов

благослови нејзината дејност, давајќи позитивни резултати.


Ние веќе успеавме да контактираме со населението од
македонските села, посветувајќи се особено врз издигањето
на Евхаристинскиот култ, кој бил многу занемарен во
тукашните цркви. Родителите ни ги доверуваат своите ќерки
со голема доверба, дваесет од нив веќе се наоѓаа во нашиот
дом во Солун; тие би биле во многу поголем број, ако
имавме поголем простор.

Под водство на отците Лазаристи

Понатаму во молбата излага, дека сестрата имала


посебни причини да му ја врачи истата молба на кардиналот
префект на Конгрегацијата за вера. Монашката заедница на
сестрите Евхаристинки, вистински била потчинета на
големото семејството на свети Винко Паолски, но истата
имала голема желба, бидејќи покровителството на главниот
началник на Милосрдните сестри да биде призната како една
потреба за идниот живот на институтот на сестрите
Евхаристинки. Оваа потреба произлегува од фактот, дека
монашката заедница имала големо расположение да биде
потчинета на отците Лазаристи. Освен тоа, во тешките
услови, во кои живеат католиците во Турција, било потребно
европско покровителство, кое отците Лазаристи полесно
можеле да го имат. Најпосле, со текот на времето,
монашката заедница на сестрите Евхаристинки можела да се
развие и во други области, населени со Македонци, надвор
од македонската католичка епархија. Со оглед на сето ова,
началничката на сестрите Евхаристинки ја моли Неговата
Еминенција да ја даде својата согласност, за да може
монашката заедница и понатаму да ја исполнува својата
мисија официјално, како што е изложено - кога ќе се дочека
развојот на делото, за да може да бара негово формално
одобрение. Официјалното поттикнување требаше да дојде од

193
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

главниот началник на Милосрдните сестри, за да може


монашката заедница да ги користи сите аспекти на ова
покровителство. Навистина главниот началник на
Милосрдните сестри секогаш се покажувал како добар татко
кон новата монашка заедница, која ја дополнувало среќно
мисијата на Милосрдните сестри, но едно охрабрување од
Светата столица би било мошне посакувано за него.
Веќе знаеме, колку многу се грижел отец Фијат, главен
началник на отците Лазаристи и на Милосрдните сестри, за
мисијата во Македонија. Тој сам го овозможил основањето
на монашката заедница на сестрите Евхаристинки, зошто
отец Јосиф како Лазарист, бил негов потчинет, а исто и
сестра Елисавета Пучи. Началничката на Милосрдните
сестри во Солун, сестра Еврозија не само што добила
охрабрување, но и прва помош од истата сестра Пучи; отец
Август Бонети, отец Лобри имаат најголемо заслуга во
основањето на монашката заедница на сестрите
Евхаристинки.
На 22 март 1893 година отец Лобри ѝ пишува на сестра
Марија Христина Исусова, дека зависноста на монашката
заедница на сестрите Евхаристинки од семејството на свети
Винко Паолски е можна само, ако за тоа даде своја
согласност главниот началник на Лазаристите и ако Рим, го
одобри тоа. Веројатно е, дека согласноста на отец Фијат
била барана писмено од началниците на Евхаристинките во
Турција.
Таа молба која сестра Марија Христина Исусова ја
врачила на кардиналот Ледуховски на 12 мај 1983 година
била поткрепена со опширно излагање - реферат за
долгогодишната дејност на монашката заедница на сестрите
Евхаристинки.

194
д-р Христо Драгов

Подготовка на младото поколение

Во тој извештај се истакнува дека за да се постигнат


резултатите во Македонија треба претходно да се подготви
младото поколение, зошто возрасните се обземени од разни
предрасуди и убедувања. Најважна била потребата
религиозно да се воспитат младите. Фанар го потопил
македонскиот народ во длабоко незнаење, затоа населението
сега пројавувало голема желба за просвета. Бидејќи мајките
биле лишени од просвета, не можеле да си ги исполнат
природните задолженија кон своите рожби, се налагало на
набожните души да ги заменат, отворајќи училишта,
сиропиталишта и друго.
Понатаму во извештајот се опишува накратко, како
била основана монашката заедница на Евахристинките, а
исто и сиропиталиштето. Се излага целта на заедницата:
сестрите се нарекуваат Евхаристинки, зошто нивната цел е
да го познаваат и да го сакаат Исус и да Му служат во
пресветата Причест. Тие се грижат, преку воспитувањето на
децата, да биде познат и сакан Исус во пресветата Тајна.
Сестрите Евхаристинки пред сè настојуваат да се
посветат самите себе: како гранка од големото дрво,
посадено од свети Винко, тоа се Милосрдните сестри, но со
источна облека, обред и обичаи. Сестрите работат за
посветување на ближниот, воспитувајќи ги децата во
претшколска возраст, училиште, работилници, со неделни
собирања на девојките, жените и друго. Тие се грижат за
примерното однесување на службите во црквите, ги
снабдуваат со украсување, одежди, свеќници и друго.
Во извештајот се потцртува дека монашката заедница
на Евхаристинките вистински е потчинета на главниот
началник на отците Лазаристи. Тие искрено сакаат да
припаѓаат и формално на семејството на свети Винко.
Конкретно, началничката на Евхаристинките сака нејзината

195
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

духовна заедница формално да биде потчинета на главниот


началник на отците Лазаристи, кого го сметаат за свој
духовен татко и кој има право да биде назначен во
управувањето од цариградскиот визитатор. Сестрите
Евхаристинки да се користат од сите предности,
индулгенции, привилегии и сите духовни добра од кои се
служат Милосрдните сестри. Но, тие да не се во никаква,
зависност од Милосрдните сестри, кои ги почитуваат и
уважуваат и чии примери настојуваат да ги следат.
Што се однесува до монашките завети, сестрите
Евхаристинки сакаат да живеат во духот и правилата на
свети Винко, т.е. заветите да им се едногодишни. Само во
однос на четвртиот завет на Милосрдните сестри -
милосрдието, Евхаристинките го исполнуваат во таа смисла
Исус да биде познат и сакан преку воспитувањето на
младите и низ други слични дела. Најпосле кон извештајот
се додава програмата на сестрите.

Брзиот одговор на кардинал Ледуховски

Сестрите Марија Христина и Елисавета Пучи биле


добро примени во Рим. Молбата на началничката била
дадена во комисијата на Конгрегацијата за вера од еден
набожен духовник, монсињор Џиноки. Проширувањето на
верата исто било во срцата на сите духовници во
Конгрегацијата за вера, затоа одговорот бил добиен
необично брзо. Уште на дваесетти мај, кардинал
Ледуховски, префект на Конгрегацијата, одговорил со
благонаклоност на сестра Марија Христина Исусова.
Видовме дека во молбата не се барало формално
одобрение на монашката заедница, за кое сè уште не биле
исполнети соодветните услови, но поттикнување на
неговото продолжување. Во писмо со датум 20 мај 1893
година под број 639 кардинал Ледуховски вели: „Иако не е

196
д-р Христо Драгов

можно да се одобри формално Вашето дело, тоа не може да


биде пречка, зошто Вие и Вашите другарки треба да
продолжите да правите добри дела со најдобри резултати.
Затоа Ве благословувам и ќе молам за вас Бог да ви даде
изобилни благодати и Ви посакувам секое добро од
Господа”.
Владиката ја презентирал молбата на сестра Марија
Христина пред Советот на Конгрегацијата и ѝ врачил
охрабрувачко писмо со овие утешни зборови: „Еве ова значи
дека Рим го дозволува постоењето на Вашата монашка
заедница. Затоа одете и работете, што поскоро да го добиете
неговото формално одобрение”.
Овде треба да се објасни дека Врховната управа на
Католичката црква, поучена од своето многувековно
искуство, секогаш постапува со благоразумност, особено
кога се однесува за одобрение на религиски заедници.
Монашката заедница на отците Лазаристи била основана за
време на 1625 година од свети Винко Паолски, а одобрена
од Папа Урбан VIII во 1623 година. Заедницата на отците
воскресенци, која работи и во Бугарија била основана во
1836 година, удостоена со пофално бреве (папско писмо) во
1860 година и конечно одобрена на 10 март 1888 година.
Заедницата на отците Лазаристи била основана во 1720
година и била одобрена на 15 мај 1741 година. Редот на
отците Капуцини бил основан во 1538 година, а во 1619
година Папата Павле V му дал крајна организација
ослободувајќи го од потчинетоста на конвентуалците и му
дал сопствен генерал (генерален началник во црковен ред –
заб. на прев.). Заедницата на отците Успенци е основана во
1845 година и одобрена на 26 ноември 1864 година. Истото
важи и за девствените монашки заедници. Така на пример:
монашката заедница на Милосрдните сестри била основана
во 1620 година од свети Винко Паолски и госпоѓицата
Маријак, одобрена во 1668 година.

197
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Така црквата секогаш пројавува благоразумност при


формалното одобрение на религиозните заедници, но
никогаш не доцни да ги признае нивните добри дела и да ги
поттикне, како што направиле и со монашката заедница на
сестрите Евхаристинки на 20 мај 1893 година.

Приватна аудиенција кај Светиот Отец Папа Лав XIII

Сестра Марија Христина Исусова често повторувала на


своите духовни ќерки: „Во траење од само 15 дена, јас видов
речиси сè што другите го гледаат со години”. Таа
престојувала во престолнината на христијанството само две
недели, од дванаесетти до дваесети и седми мај 1893 година.
И навистина, таа со право можела да каже, дека видела
многу нешта, кои другите ги гледаат за подолги години.
Пред сè оваа година била јубилејна: еден од
најголемите папи - Лав XIII го празнувал својот епископски
јубилеј.

Грандиозниот јубилеј на Лав XIII

„Глетката беше таква - пишува еден современик - што


перото не може да опише”. Од сите страни на
христијанскиот свет дошле поклоници да го поздрават
својот заеднички Татко. Од тогаш секој ден Папата примал
нови поклоници. Владетелите од сите страни се
натпреварувале да го поздрават Римскиот Првосвештеник.
Претпоставуваме дека најинтересно за сестра Еврозија
било поклонувањето на 150 Русини од источниот обред,
предводени од лвовскиот архиепископ, високо
преосвештениот Сембратович, бидејќи нејзиниот сакан брат,
отец Јосиф, припаѓал на истиот обред, и самата таа, со
своите сестри Евхаристинки, го молела Часословот на

198
д-р Христо Драгов

црковно-словенски јазик и се служела со богослужни книги


издадени од истите Русини.

Беатификацијата на петмина маченици

Најпосле, сестра Еврозија имала среќа да присуствува


и на беатификацијата, на блажените петмина Божји слуги:
Доминиканците - маченици за верата Петар Санс, Фрањо
Серано, Хоакин Ројо, Иван Алкобер и Фрањо Диаз. Тие
умреле за верата во Кина за време на 1746 година.
Беатификацијата се извршила на 14 мај. Тој ден црквата
свети Петар и нејзиниот плоштад биле исполнети со
поклоници, меѓу кои беше и нашата сестра Марија Христина
Исусова. Може да си претставиме, какви впечатоци добила
по овој повод Основачката на Евхаристинките, уште повеќе,
зошто таа знаела, колку многу нејзиниот брат, отец Јосиф,
имал намера најпрво да оди како мисионер токму во Кина.

Писмото на сестра Еврозија

Поседуваме едно писмо, напишано од сестра Еврозија


на 21 мај 1893 година од Рим до нејзините родители. Таа ги
објаснува причините, поради кои сакала да остане уште
неколку денови во Рим, и ја опишува ауденцијата која ја
имал со сестра Еврозија и Елисавета Пучи 83-годишниот
старец.
– Веќе Ви напишав, дека имав среќа да го видам
Врховниот првосвештеник и да му ја бакнам раката и тоа
веднаш штом пристигнав во Рим. Меѓутоа во средата на 17
мај за наша голема среќа, бевме примени на приватната
аудиенција од Светиот Отец. Не можам да ви опишам, сè
што вкуси моето кутро срце во тој момент. Папата се покажа
извонредно љубезен. Ми постави илјада прашања за
македонската мисија, за Солун, со еден збор се

199
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

интересираше за сè. Доста време ми ги држеше рацете и


љубезно ми кажа, дека сум изгледала многу млада, за да
застанам на чело на една штотуку основана монашка
заедница. Одговорив дека не сум толку млада, колку што
изгледам, дека веќе имам 34 години. Светиот Отец се
насмевна и ми рече: - Добро, добро одете напред мила ќерко.
Ве благословувам со сето срце.28 Почитуваниот старец ја
стави раката врз главата и ме благослови. Во тој момент во
моите мисли никого не го заборавив, побарав благослов од
Светиот Отец не само за мене и македонската мисија, но и за
моето семејство, за сите роднини и добротвори и за сите кои
ми се препорачуваат.
Му благодарам на Бога за благодатта, што ми ја даде.
Чувствувам, дека посетувањето на Светиот Отец и неговиот
благослов ми дадоа полет и сега сум подготвена да направам
сè за успехот на македонската мисија.
Така сестрите охрабрени, го напуштиле Рим и
заминале во Париз, за да се сретнат лично и со главниот
началник на отците Лазаристи, отец Антонио Фијат.
Прочуениот старец веќе не слушал и требало да му
зборуваат со рог или писмено. Отец Фијат ја дал својата
согласност, монашката заедница на сестрите Евхаристинки
да биде потчинета на отците Лазаристи, со главен началник
цариградскиот визитатор на истите отци - тогаш отец Лобри.
И така, среќни поради успешното завршување на својата
мисија, така што Рим и Париз одговориле благонаклонето на
нивното барање - потчинетоста на монашката заедница на
сестрите Евхаристинки на отците Лазаристи - сестрите
Еврозија и Пучи тргнале по обратниот пат, поминувајќи низ

28
Сестра Марија Христина раскажувала на своите сестри Евхаристинки
подоцна за оваа аудиенција. Кога Папата ѝ рекол дека е мошне млада, за
да застане на чело на монашката заедница, таа одговорила: „Ваша
Висока Светост, има лек за ова: секој ден остарувам”...Светиот Отец се
насмевнал во знак на одобрение.

200
д-р Христо Драгов

Торино, каде сестра Марија Христина за последен пат го


видела својот татко и својот долгогодишен исповедник.
Од Торино тие заминале со воз за Цариград при што
навратиле и во Софија, каде сестра Еврозија една ноќ
преноќевала во манастирот на сестрите Јозефинки на
улицата Лавале. Потоа преку Цариград тие се вратиле во
Солун, каде сестра Еврозија требало да се бори со нови
тешкотии околу постоењето на младата монашка заедница.

Седма глава

За оние што го сакаат Бога... Сè се претвора во добро

Кон крајот на летото 1893 година, отец Јосиф и сестра


Еврозија се вратиле во Солун, поткрепени од Бога за своето
големо дело: Ерусалим и Рим ги инспирирале двајцата
Основачи да бидат добри во започната работа и да не го
жалат својот труд. И навистина наскоро им била дадена
можност да се борат со непредвидливи пречки, кои ги
совладале со целосно пожртвување и херојска храброст.
Веќе кажавме дека купувањето на чифлигот Паљурци
сосема не било по вкусот на месните гркомани и турските
богаташи. Едните се инспирирале од религиозниот
фанатизам и од грчката идеја, а другите не можеле да се
помират со мислата, дека од нивни раце се загубил еден
таков имот, што можеле да го купат евтино. Затоа грчките и
турските бегови си подале рака за да го уништат
благородното дело во Паљурци. Откако виделе, дека
интригите и клеветите не ги дале очекуваните резултати,
непријателите на евхаристиското дело прибегнале до уште
позастрашувачки средства: тие одлучиле да се послужат со
пушките и јатаганите на разбојниците.
Во тоа време во Македонија беснееле разни
разбојнички банди, кои биле на располагање на секој кој им

201
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

плаќал, особено ако чувствувале зад својот грб поткрепа од


месната власт. Гркоманите и турските богаташи се
послужиле со една таква банда, за да ја постигнат својата
пеколна цел: да ги избркат од Паљурци сестрите
Евхаристинки. Турските бегови сакале да се намали цената
на чифлигот, откако од таму ќе бидат отстранети сестрите
Евхаристинки, за да го купат со поприфатливи услови. Тие
му сугерирале на одговорниот на бандата, дека нема да биде
казнет, да го нападне Паљурци и да ја одвлече сестрата
началничка, за која после можел да добие голем откуп.
Гркоманите и беговите знаеле дека отец Јосиф секои
петнаесет дена оди во Паљурци, за да ги исповеда сестрите,
штитеничките и верниците. Во летото 1895 година, во
Паљурци биле сите сестри Евхаристинки, заедно со
штитеничките. Била донесена одлука кон крајот на октомври
неколку сестри со послушничките да се вратат во
солунскиот дом, а во Паљурци да останат другите сестри со
сирачињата.
На 23 септември 1895 година, отец Јосиф повторно
пристигнал во Паљурци. Нападот на чифлигот било решено
да биде извршен ноќта спроти 26 септември, дознавајќи со
сигурност, дека отец Јосиф нема да биде во манастирот.
И навистина, веднаш после пладне на 25 септември,
придружен од еден чувар на Паљурци, тој се упатил за
Гевгелија. Сестрите и сирачињата завршиле со вечерата и
биле излезени во дворот на новата зграда. Двајцата чувари
седеле во ходникот до надворешната порта чекале да им
донесат вечера. Веќе мракот почнал да се спушта.
Во тој момент, пред вратата се појавиле три лица
вооружени до заби со сомнителна надворешност. На
чуварите им се претставиле дека се качаци на тутуновата
режија, кои ги гонеле бандитите. На прв поглед чуварите не
забележале ништо необично во тоа, бидејќи во тоа време
качаците и криумчарите често воделе вистински битки, а

202
д-р Христо Драгов

населението било навикнато да ги слуша нивните


пукотници. Меѓутоа, злосторниците ги покажале своите
вистински намери, заповедувајќи на чуварите да не се
движат. Еден од нив дури ја насочил својата пушка. Друг
бил оставен пред уличната порта да ги заштитува своите
другари, а третиот главниот на бандата - влегол во дворот со
сабја во раката и заповедал на сите сестри и девојчиња да се
приберат во големата соба и да седнат. Настанала голема
бркотница: децата почнале да врескаат, сестрите исплашени
занемеле од страв. Разбојникот го мавтал својот јатаган и ги
заплашувал до смрт секој кој ќе му се спротивставил. Со
закрвавени очи ги гледал сестрите.

Храброста на сестра Еврозија

Во тој момент сестра Еврозија, висока и храбра,


станала и гонејќи го злосторникот кон вратата, држејќи се
цврсто за вратата рекла: – Што сакаш од сестрите? Ајде оди
си!
Во истиот момент, сестра Анастасија и Евгенија, се
охрабриле и почнале да ја влечат навнатре, за да ја затворат
вратата. Тогаш разбојникот ја фатил силно за левата рака
сестра Еврозија, а со десната го размавтал силно на сите
страни страшниот јатаган. Предводникот на разбојниците
почнал силно да вика и двајцата другари се појавиле во
собата. Чуварите не можеле да мрднат, бидејќи разбојниците
ги држеле пушките вперени кон нив.
- Каде е коконата? - запрашал злосторникот, обраќајќи
се кон сестра Еврозија. - Коконата сум јас! - одговорила
храбрата сестра.
Тогаш разбојникот се обратил кон својот другар, кој ги
следел чуварите и го запрашал нешто на турски. Последниот
одговорил: – Не знам дали е таа.

203
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Во тој момент, еден од чуварите успеал да избега и се


затворил во трлото. Разбојникот кој го следел, испукал еден
куршум, но не го повредил. Тогаш започнал да стрела и
злосторникот кој стоел надвор пред вратата.
Предводникот, кој ја тегнел за ракавот сестра Еврозија
за да ја одвлече, се исплашил од стрелањето, мислел дека
дошла полиција. Веднаш ја пуштил началничката и почнал
да бега кон вратата. Неговиот другар го повлекол во бегство
и едниот од чуварите.
Сестра Еврозија, се израдувала од помошта на Божјото
Провидение, што се појавило речиси чудотворно во тој лош
час, ги охрабрила сестрите и децата и ги натерала сите да се
соберат во стариот конак. Потоа ги заклучила вратите.
Чуварот кој успел да се спаси од рацете на разбојниците,
веднаш бил испратен во село Богданци, за да ја извести
власта.
Во тоа време, сестра Еврозија, влегла кај сестрите и
започнала со нив да ја моли светата Бројаница, а потоа
литаниите. Никогаш сестрите не се молеле со толкава
прибраност, зошто таа вечер сите биле очевидци, како
Божјата Мајка ги заштитила и ги спасила од рацете на
злосторниците. По молитвите, настанало заедничко
спокојство и сестрата началничка наредила сите да си легнат
и да останат во тишина. А таа заедно со сестрите Анастасија
и Евгенија останале да бдеат цела ноќ.
Во ноќната тишина се слушнал однадвор еден глас,
познат на сите. Тоа бил гласот на чуварот кој бил одвлечкан
од разбојниците. Сестра Еврозија се израдувала кога го
слушнала гласот, зошто се уверила, дека нема да има
никаква човечка жртва од разбојничкиот напад. Веднаш му
било отворено на стариот служител, кој ги раскажал своите
страдања со злосторникот. Тој бил изведен надвор од
чифлигот во насока на Гевгелија. Но, разбојниците после
својот безуспешен напад не биле сосема спокојни за својата

204
д-р Христо Драгов

судбина, зашто претпоставувале дека вториот чувар, кој се


спасил од нивните раце, е отиден во селото Богданци да ја
повика полицијата. Заробениот чувар го искористил
моментот кога бандата минувала покрај една долина, успеал
да се скрие од разбојниците и се вратил здрав во манастирот.

Грижите на сестра Еврозија

По враќањето на чуварот Иван, сестра Еврозија отишла


да се одмори. Но, сонот ѝ бегал од очите, нејзиното срце
било обземено со најразлични мисли. Од една страна, таа
Му се заблагодарувала на Бога, бидејќи била убедена дека
таа која во литаниите се повикува како заштитничка на
христијаните, притрчала на помош, кога ја повикале
нејзините верни служители. Од друга страна, началничката
мислела за свои потчинети сестри и за нејзините поверени
мали деца. Таа видела дека сестрите и сирачињата многу се
исплашиле и не знаеле, дали разбојничкиот напад нема да
има лоши последици по здравјето на некоја сестра или некое
дете. Сепак утешните мисли надвладеале во срцето на
началничката. Случката со разбојниците јасно ја убедила
дека Бог ја дава својата поткрепа на делото што се раѓа на
сестрите Евхаристинки.
Таа разбрала дека Бог сака чифлигот Паљурци да биде
искористен за целта за која бил предназначен, а токму за
замисленото сиропиталиште. Инаку си мислела таа,
Провидението немаше да го спаси делото, без да се пролее
капка крв, иако тројца крвожедни разбојници успеале да
влезат во манастирот, каде пред нив стоеле само
незаштитени жени и деца. Сега за последен пат сестра
Еврозија се убедила, дека за оние, кои Го сакаат Бога, сè се
претвора во добро, како што вели апостолот во своето
послание до Римјаните.

205
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Уште во утринските часови, пристигнала полицијата


од Богданци да го испита случајот. Новината за
разбојничкиот напад брзо се проширила и многу Турци од
блиските села отишле да ја искажат својата радост за
избавувањето на коконата. Треба да се истакне, дека
турското население, особено од сиромашната класа, многу
ги сакало католичките мисионери и сестрите Евхаристинки.
Сите кои живееле во Турција, знаат дека турскиот народ
воопшто е благороден и сочувствува со човечките страдања.
Отец Јосиф, кој често ги посетувал околните села во траење
од десет години, бил познат на населението како добротвор
и лекар. Честопати сиромашните Турци барале од него
лекови за своите семејства и секогаш ги добивале бесплатно
и од љубов кон Бога. Освен тоа, Турците знаеле дека отец
Јосиф и сестра му произлегуваат од богато семејство, се
жртвуваат, за да служат на Бога и сиромашните луѓе. Кога
отец Јосиф ги обиколувал селата, а особено кога одел во
Паљурци, Турците си велеле: - Добриот челебија пак дојде.
Турчинките особено ја сакале сестра Еврозија и имале таква
доверба во неа, како да поседувала сила лечејќи ги болните.
Тие ја нарекувале „Баш Хекимка” или „Големата лекарка”
радувајќи се многу кога дознале дека Бог ја избавил од
големата несреќа. Уште повеќе кога го виделе раскинатиот
ракав. Добродушните Турци си мислеле, дека можеби,
разбојниците не мислеле да извршат убиства на незаштитени
жени, но сигурно тие имале намера да ја одвлечат сестра
Еврозија, а потоа да бараат голема сума пари за откуп во
турски лири. Турците искрено се радувале, бидејќи Божјето
Провидение ги спасило сестрите од големата несреќа и
искажале подготвеност да бдеат за нивната сигурност.

206
д-р Христо Драгов

Основачите го менуваат својот план

Разбојничкиот напад спроти Крстовден, 1895 година ги


принудува отец Јосиф и сестра Еврозија да ги изменат
своите планови. Во почетокот тие имале намери да го
остават во село Паљурци само сиропиталиштето, а
послушничките и кандидатките, придружени од своите
наставнички, да се вратат во Солун. Сега, тие одлучиле сите
да останат во Паљурци. Солунската куќа била привремено
затворена. Пред сè, сестра Еврозија се зафатила да ги
приспособи просториите за нивните потреби. За првпат,
целата монашка заедница, требало да ја помине зимата во
тоа осамено село. Треба да се истакне, дека зградите не биле
многу удобни за живеење, затоа што самите газди, двајцата
браќа, турски бегови не живееле таму. Тие имале свој
претставник, Македонец од Гевгелија Поне Додуклиев, кој
живеел на чифлигот и го надгледувал. Главната зграда -
таканаречен конак - била на три ката, но двата ката биле
приспособени за амбари. Во тие катови имало само една
соба за живеење, доста мала, одредена за чуварот. Само на
третиот кат имало четири соби за живеење. Една друга
зграда, која била од греди и кал, била реновирана и
приспособена за живеење.
Тие згради можеле да бидат речиси доволни за
сиропиталиштето, за кое во почетокот и биле назначени. Но,
по одлуката да останат во Паљурци и работата на
послушничките станала доста сложена. Било очигледно,
дека просториите нема да бидат доволни. По напуштањето
на чифлигот од Поне Додуклиев, отец Јосиф таму го вселил
Италијанецот Салватор, кој живеел со своето семејство во
конакот и имал должност да ја надгледува градежната
работа.

207
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Летото 1895 година, сестра Еврозија го ослободила


Салватор и таа раководела со сè. Таа го повикала мајсторот
Атанас од Кукуш и работата тргнала на подобро.
А сега да видиме како сестрите Евхаристинки ги
поминале првите години во Паљурци. Денес Паљурци не
постои, страшните војни го разрушиле, од манастирот нема
ни трага, само рушевини кои сведочат дека овде некогаш
имало живот. Меѓутоа, името Паљурци е нераскинливо
сврзано со монашката заедница на сестрите Евхаристинки,
тоа е вистинската лулка на истата монашка заедница. Со
него се сврзани најмилите спомени на сестрите и
штитеничките. За среќа, сè уште има многу сестри кои
живееле во Паљурци. Друг, помал број биле живи сведоци
на тешкотиите на началничката во првите години од
основањето на манастирот и чифлигот.

Осма глава

Опис на манастирот во Паљурци

Чифлигот Паљурци се наоѓа на околу седум километри


северозападно од Дојран. Најблиските села: Хамзал се наоѓа
два километра североисточно, Хоџа обас два и пол
километри северно, Воловец четири километри источно,
Деведџили шест километри јужно и Побрег пет километри
југозападно. Паљурци од исток е заграден со планината
Кара-Бали, чијшто највисок врв е Дуб (535 метри) и се наоѓа
околу три километри западно од Дојран. На запад се издига
планинската месност Чинарли Даг, која е пониска и помалку
стрмна. Покрај Паљурци тече малата притока на реката
Чинарли. Од исток и од запад чифлигот е заграден од
соседните села со добро зачувани шуми.

208
д-р Христо Драгов

Манастирот во Паљурци

209
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Одете кај Јосиф

Сестра Доминикија Прочкова го дава следниот опис на


манастирот во Паљурци: - Зградата има форма на буквата П.
Прв нè дочекува домаќинот на куќата, свети Јосиф. Во
средината на дворот се издига мермерен пиедестал, со
статуата на светецот и со натпис: „Одете кај Јосиф”, а
подолу пишува: „Отец Јосиф Алоати, недостоен слуга ја
постави”. Статуата, како што се гледа од натписот, беше
поставена со најголема свеченост од нашиот Основач во
месец мај 1905 година. Во својата проповед која по тој повод
ни ја одржа со жар, отец Јосиф ги истакна зборовите на
фараонот за Јосиф, синот на Јаков кој станал спасител на
Египет: „Одете кај Јосиф!”
Оддесно на дворот, до самата влезна врата, се наоѓа
Лурдската пештера. Погледот на Дева Марија бил свртен
кон манастирот. Во подножјето на пештерата кривулка мало
поточе, како да сака да ги потсети посетителите на
Масабиелската рекичка. Пештерата е покриена со зеленило
од бршлен и околу неа се обраснати миризливи трендафили.
Треба да биде така, зашто Таинствениот трендафил, Дева
Марија, си избра за пиедестал еден трендафил во
Масабиелската пештера. Честопати овде ја молевме мајската
набожност.
Да влеземе во манастирот. Собата за прием е во
десното крило на зградата – меѓу просториите за
надворешните лица, кои особено летно време масовно го
посетуваат манастирот. Од собата за прием минуваме во
одделението за сестрите без заклетва. Еве го кабинетот на
нашата мајка и библиотеката. Потоа дневната соба на
сестрите, а лево е трпезаријата. Во дното се кујната,
фурната, складовите, сиропиталиштето. Убави сончеви
зраци ги покриваат собите со југозападна положба.

210
д-р Христо Драгов

Се сеќавам дека во 1897 година кога ме прими мајката


-Основачка, откако ме подари на Бога во малата црквичка,
ме одведе во собата за игра. Имав шест и пол години.
Најсилен впечаток ми остави едно големо распетие на ѕидот.
Првпат одблизу видов крст. Исус Христос, овенчан со трнов
венец и целиот покриен со рани од кои како да течеше свежа
црвена крв, а неговото лице на умирање толку ме трогна што
срцето ме здоболе од жал. Најпосле ги прашав своите мали
другарки: - Кој е овој човек и зошто е закован на крст? Тие
среќни дека знаат повеќе од мене ми одговорија: „Тој е Исус
кој умре за нас. Лошите луѓе го заковаа на крстот”.
На спротивниот ѕид имаше прекрасна икона на Дева
Марија, која со својата наметка покрива едно момче. Колку
надеж вдахнуваше во моето младо срце оваа мила слика!
Сега сме во средината на зградата и минуваме по
југозападна насока, по еден темен ходник што го
нарекувавме црниот ходник. Десно од него е големата
спална на сестрите кои се враќаат од селата за време на
распустот на духовните вежби. Лево се собите за облека и
собата за болни. Во левото крило е новицијатот –
просторијата за послушничките. Ја минуваме спалната и се
запираме во собата за работа. Има девет послушнички,
прибрани пред Божјата присутност, кои работат.
Свети Јосиф е покровител на новицијатот, а неговиот
лик е на прво место. Има прекрасно олтарче – на Дева
Марија и голема икона посветена на Срце Исусово.
Евхаристиското Срце Исусово, Безгрешната Дева Марија и
свети Јосиф беа основната набожност за која нè поучуваше
нашата мила учителка, сестра Агнија.
Првите сончеви зраци ја осветлуваат оваа благословена
соба. Пролет е. По прозорците има неколку саксии со
темјанушки. Еден ден, кога бев послушничка, влезе нашата
мајка Основачка и насмеана рече:

211
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

„Oh, che bei pensieri hanno le nostre novizie. Voglio


sperare che anche i pensieri delle loro menti sono cosi belli”.
Ох, какви прекрасни темјанушки имаат нашите
послушнички! Сакам да верувам дека и нивните мисли се
толку убави како овие цвеќиња.

Црквата

До новицијатот се наоѓа кабинетот на сестра Агнија,


учителката на послушничките. Во нејзината соба се наоѓа
прозорче кое гледа кон црквата, точно наспроти олтарот.
Колку пати ја гледавме нашата мила учителка како го крева
перденцето за да му се моли на Исуса. Непосредно до
нејзиниот кабинет е трибината за хорот на нашата црква.
Слегуваме од новицијатот и веќе сме во клисарницата која ја
нарекувавме – црквен трем. Овде, во еден агол, е статуата на
свети Винко Паолски, апостолот на милосрдието.

212
д-р Христо Драгов

Црквата во Паљурци

213
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Од неговата лева страна се наоѓа иконата на свети


Антон Падовански, а од десната страна свети Роко, кој нè
чува од заразни болести. Црковната врата е меѓу иконите на
света маченица Христина и света маченица Еврозија.
Наспроти се наоѓа статуата на детето Исус од Прага.
Најпосле, еве нè во црквата. Таа се наоѓа на исток од
просториите. Од двете страни има високи кружни прозорци
со витраж. Таа е изградена во византиски стил, со црковни
столови и иконостас. Иконите се уметнички обработени од
Амалија Гросо, сестра на сопругата на Франческо, братот на
нашите Основачи. На царските двери е насликано
Благовештението на Дева Марија, десно Исус Христос кој
држи отворено свето Евангелие напишано на црковно-
словенски: „Јас сум мир на светот”. До него се наоѓа свети
Иван Крстител, а по него се светите Петар и Павле. Од лево
на царската врата се наоѓа иконата на Дева Марија
Утешителка, до неа е Светото семејство, а на крајот е света
великомаченица Христина, покровителка на нашата
Основачка. Горе, над царските двери, се наоѓа Тајната
вечера и крстот кој допира до таванот. Во вториот ред ги
гледаме иконите на свети Ѓорѓи, свети Димитриј, света
Варвара, свети Никола и други. На десната страна е иконата
на Дева Марија Лурдска која сега се наоѓа во црквичката во
Софија. Иконостасот е во небесно сина боја со златни
декорации. Светиот престол, иако е дрвен, има мермерна
боја. Светото хранилиште е направено според планот даден
од нашиот Основач: златен ковчег со стакло од предната
страна, а внатре со свилено перде кое се крева за
изложување на светата Причест. Светиот потир е поставен
на Престолот и Го обожуваат херувимите со златни крила.
Над Светиот престол има балдахин со четири столбови и
темно црвена драперија. Намерата на отец Јосиф беше од
балдахинот да се спушта еден гулаб, но тој не можеше да го
оствари својот план. О, кога би можел овој свет храм да

214
д-р Христо Драгов

зборува, какви ли тајни би ни открил!... Колку молитви и


воздишки слушнал Исус во тоа свое живеалиште!...
Од црквата излегуваме во дворот на сестрите
профески, кои сè уште немаат дадено завети. Овде се
простираат алеи разнобојни цвеќиња. Од левата страна е
овошната градина, полна со јаболка, дуњи и сливи. Во
внатрешноста на градината се наоѓа дворот на
послушничките. Во едно мало светилиште, сокриено од
безброј саксии со цвеќиња, е поставена статуа на
чудотворниот медалјон на Дева Марија која ѝ се јавила на
една скромна послушничка, блажената Катерина Лабуре.
Нашата Основачка ни раскажуваше кога била во Париз,
сретнала една сестра која била другарка на блажената.
Ја прашала: – Што имаше карактеристично во оваа
чесна довереничка на Дева Марија?
А сестрата одговорила:
– Ништо особено, освен тоа што беше многу скромна и
многу ја сакаше Дева Марија.
Таа додаде: – Еве што ја привлекува врз нас Божјата
милост – смирението.
Оваа статуа е подарок на грофицата Рикарди од
Торино – добротвор на нашата монашка заедница.
Низ градината тече една рекичка која се дели на два
дела: првиот го продолжува својот тек низ средниот двор
пред Лурдската пештера, а вториот свртува по алеите на
сестрите профески. Овде нема вештачки фонтани, затоа има
чист и свеж воздух. Величествените тополи кои се креваат
гордо, како да ги покануваат жителите на ова таинствено
прибежиште да го воздигнат својот ум и своите срца кон
Творецот: Горе срцата!
Од сите страни манастирот е опколен со дворови и
градини. Во детскиот двор има натстрешница за игра на
децата при лоши временски услови, а честопати во летото
служеше и како трпезарија. Секое дете си имаше своја мала

215
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

градина со цвеќиња која самото ја негуваше. Сестра Агнија


многу често ги обиколуваше овие градинки за да ги
поттикне децата на работа и да ги навикнува на љубов кон
убавото...

Домаќинскиот двор

Еве нè во домаќинскиот двор и во кокошарникот. Овде


се наоѓаат сите видови домашни птици. Околу чешмата се
плискаат и се нуркаат во водата бели и сиви пајки. Понатаму
мисирот ја раширил опашката во вид на ладало, пристапува
гордо и надуено, како да нема сличен на него. Малите пајки,
мисирчиња, кокошките, квачките со многубројни пилиња
шетаат низ дворот. Индиските пригрбени кокошки му даваат
разнообразие на ова птичје царство. Стотици гулаби
прелетуваат во воздухот. Понатаму зајачињата весело
потскокнуваат и грицкаат со апетит пресни лисја од зелките
или свежа тукушто искосена трева...
Останува да зборувам и за земјоделската колонија.
Зградата има еден кат со пет соби: една за игра, две спални,
една соба за надзорникот и трпезарија. Има осумнаесет
момчиња. Колонијата е под покровителство на свети Исидор
– земјоделецот. На оваа страна се наоѓа амбарот за житото,
гумното, шталата за коњите, кравите, воловите, прасињата.
Насекаде се одржува хигиена. До колонијата се наоѓа кулата
на турските војници, испратени од управата да го
обезбедуваат селото...

Убавата природа

Сега да излеземе од манастирската ограда и да


направиме една прошетка по планинските височини за да ѝ
се порадуваме на убавата природа. Пред нас на исток се
зеленее прекрасниот рид со дабови дрвја. По рамнините на

216
д-р Христо Драгов

ридот се забележува Чуката, покриени големи ниви со


пченка и со многубројни овошни дрвја: калинки, смокви,
бадеми и ореви. Од огромна фонтана извира изобилна вода
за вадење на пченката и на зеленчуковата градина.
Широкиот пат ќе нè однесе право до Чуката, во црквичката
на Света Богородица Утешителка. Оттука глетката е
прекрасна. Пред нас се простира целото село. Манастирот е
заобиколен од сите страни со расцутени градини и со
величествени тополи... На крајот од селото се белее црквата,
изградена во 1857 година, годината на раѓањето на нашиот
Основач. Кој би помислил дека во таа црква по толку години
ќе ечи неговиот глас на распален проповедник? Таму
почиваат и нашите три мили сестри, првите македонски
сестри: Петрина Костадинова, сестра Елисавета и сестра
Вера Танева. Вечна им памјат! Господи, дај им вечен покој!
Пролет е. Сè е зелено: ниви, ливади, лозје, градини...
Целото поле е ишарано со цвеќиња. Двете грамади: малата и
големата – белеат и синеат од расцутените велигденчиња,
кокичиња и синчецот, а ливадите жолтеат од шафран. Меѓу
дабовите се кријат скромни темјанушки, а само
благопријатната миризба ги издава... Птиците весело скокаат
по дрвјата и ја пеат својата бескрајна песна на Создателот.
Воздухот е свеж, ароматичен, пријатен... градите дишат
длабоко, а очите не можат да се наситат со оваа омаена
глетка...

Малата чешма

Но да го продолжиме патот кон исток. Веќе сме на


неколку километри од селото. Не бараме ниту патишта, ниту
патеки, туку чекориме по миризливата трева и весело
собираме треви за народната медицина: планински чај,
жалфија, мента, подбел, столисник и др. Други, пак, им се
радуваат на цвеќињата и прават букети од божур, јаглика и

217
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

други цвекиња, а трети собираат јагоди... Се качуваме


повисоко и се наоѓаме на падините од планината Кара–Бали;
овде има студен извор, кој населението го нарекува „Малата
чешма”. Оваа вода е канализирана и оди не само во селото,
туку и во куќата. Водоводот е направен од средствата на
Катерина, мајката на нашите Основачи, во 1907 година.
Дотогаш честопати во летните горештини страдавме за вода.
Кога водоводот беше готов, нашата мајка-Основачка не само
што нè посоветува, туку и нè задолжи секој ден да ја
кажуваме малата Бројаница за душите во чистилиштето
(нешто што се прави и до денешен ден) и секогаш кога ќе
полниме вода од чешмата да кажуваме по една кратка
молитва за душите во чистилиштето. Таа ни велеше: „Кога
вие ќе ја згаснете својата жед, згаснете ја и нивната која е
многу поголема од вашата”.

Пављурци или Паљурци

Веќе е време да се искачиме на стрмната планина Кара


- Бали покриена со густи шуми од дабови и букови дрвја. На
врвот има урнатини. Старите кажуваат дека тоа биле
урнатини на некаков манастир на свети Павле – апостол на
Македонија; и оттука селцето го носи името Пављурци, што
потоа преминало во Паљурци. И навистина, зградата по
форма личи на црква. Еден мисионер од Солун, отец Денуа,
беше зел за спомен една тула. Каква величествена слика.
Оттука се открива целото Дојранско поле на југ со своето
прекрасно езеро. Градот Дојран изгледа како да се искачил
на височина, а пред него се простира синото езеро, во кое
пловат безбројните кајчиња на риболовците. Подалеку се
простира Кукушкото поле и се белее прочуената црква свети
Ѓорѓи што е единствено останата од грчкото опустошување
во 1913 година.

218
д-р Христо Драгов

За жал, треба да ја напуштиме оваа прекрасна


планина… Слегуваме низ планината. Во долините тече
изобилна вода и постои убава чешма. Кога бев дете често
доаѓавме тука на екскурзија и го поминувавме цел ден во
природа. На југозапад се наоѓа селото Богданци, 6 км од
Паљурци, со своите бескрајни лозја, црници и со
прекрасната месност Чести јавори. Подолу, по текот на
Вардар, се белеат безброј селца искачени по неговите
брегови: Богородица, Шлопинци, Мрзенци, Смоквица,
Ѓавото и др. Еве се гледа и локомотивата која ги поминува
сите овие села и се губи во пазувите на Криволак и
Демиркаписката клисура. Кон север се гледат убавите села:
Фурка, Горни и Долни Волован. Од нив нè дели старата река
која по целото свое течение е украсена со џиновски јавори,
под чии студени сенки се одмараат стадата овци. Таму се
наоѓа воденицата која често ја посетувавме во неделните и
празничните прошетки.
Да преминеме на спротивната височина наречена
Клисе Каран или Црквен рид. И овде се забележуваат
урнатини од црква и се забележуваат гробишта. Кажуваат
дека овие урнатини се последица на војната. Долу шуми
реката… Студениот ветер ги ниша лисјата на високите
јавори и навестува слатка меланхолија… Птиците летаат од
гранче на гранче… Колку убаво се размислува овде!… Овде
како сè да ти зборува за Бога!… Навистина, царот Давид
сигурно бил на некое слично место кога го составил својот
убав псалм 103, Благословувај го душо моја Господа во кој
ја воспева убавината на природата. Си спомнувам кога бев
мала – одевме на прошетка по овие места, без да знам уште
што е тоа размислување овде имав мисли кои ми го
расположуваа срцето од љубов кон Бога.
Сонцето е во својот залез, заоѓа и ги испраќа своите
последни запалени зраци над манастирот кој небаре е во
пожар! Збогум Паљурци! Збогум земен рају! Нема веќе да те

219
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

будат утринските звуци на манастирската камбана и убавото


пеење на псалмите на чесните сестри… Веќе нема да те
радуваат ѕвонливите гласчиња на децата, нема да те
вознемируваат злокобните стенкања на топовските
грмотевици, уништувачи на убавото на светот!....

Деветта глава

На работа во село

Описот од претходната глава на Паљурци ни даде јасна


претстава за овој манастир кој не може никогаш да се
заборави од оние што имале среќа да го видат, а уште повеќе
да живеат таму, под покровителство на милата Основачка,
сестра Марија Христина Исусова. Сега да видиме што
работеле таму сестрите во овие среќни времиња за нив.
Ќе ѝ дадам збор повторно на истата сестра која
особено многу се залага да ги собере сите традиции.
– Имав среќа да поминам цели деветнаесет години во
тој Назарет, од кои единаесет години како штитеничка, а
останатите како сестра. Нашите Основачи имаа цел да ни
дадат христијанско религиозно воспитување, кое почиваше
врз Божјиот страв, што е почеток на мудроста и врз љубовта
кон Бога и ближниот. Тоа се истакнуваше и во правилникот
на штитеничките. Овде идејата за Бога не беше само една
апстрактна вистина. Тој навистина присуствуваше во овој
дом. Во секоја соба висеше крст или некоја набожна икона.
Табли овде-онде по ѕидовите и по коридорите со натпис: Бог
те гледа! им напомнуваа на станарките дека окото на Бога
нè следи... Уште со будењето, наутро им се напомнуваше
оваа вистина. Децата стануваа при повикот: Да живее Исус!
А сите одговараа: Засекогаш во нашите срца! И нивното
прво дело беше прекрстувањето и кусата благодарна
молитва до Бога, кој нè чувал преку ноќта. Секојдневно

220
д-р Христо Драгов

присуствуваа на божествената Литургија, често се исповедаа


и се причестуваа – христијански должности, што ќе ги
исполнуваат цел живот.
По појадокот, сестрите и децата започнуваа со чистење
и со уредување на куќата. Тие беа распоредени по собите на
секоја ѝ беше определено што треба да прави. Немаше слуги
однадвор. Геслото беше: „Молитва и работа” и немаше
време за губење.
Во осум и триесет часот започнуваа училишните
обврски до 11 часот, а попладне од 14–16 часот. По една
мала ужина и кусата игра од 16 и 30 часот до 18 и 30 часот
се изработуваа домашните вежби. Освен македонскиот,
штитеничките го изучуваа и италијанскиот јазик.

Сиропиталиштето како стручно училиште

По завршувањето на третиот гимназиски клас, децата


исклучиво се занимаваа со рачна работа – везење.
Сиропиталиштето имаше изглед на стручно училиште.
Посебно внимание се посветуваше на везењето, кое многу се
ценеше. Везењето беше како мал фонд за сиропиталиштето.
Госпоѓи од Солун и од Гевгелија ни го испраќаа сето она
што сакаа рачно да им биде изработено да го направат
штитеничките. Последните излегуваа од сиропиталиштето
добро подготвени, за да се справуваат со тешкотиите на
животот, за да станат добри домаќинки и мајки. При сето
ова, на некои сираци, по завршувањето на рокот за престој
во сиропиталиштето, сестрата Основачка им даваше скромен
чеиз и ги вдомуваше. Можеме да ја посочиме Јозефина.
Првиот камен на сиропиталиштето и која сега се наоѓа во
Софија. Велика Димкова, Слава Вангелова, сега покојни,
Софија Кеклешова, сега во село Богданци и многу други.
Нашата Основачка беше срдечно добра и весела.
Добродетелта ни ја претставуваше како нешто лесно за

221
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

практикување: – Како што лесно се усвојуваат лошите


навики, така може лесно да се усвојат и добрите, ако
навреме се зафатиме со нив.
Монашката заедница на сестрите и сиропиталиштето
беа слични на семејство. А нејзините односи кон сите беа
мајчински. Таа не беше строга, но немаше ни слаб карактер.
Благоразумна и тактична, немаше потреба никогаш да
отстапува од своите дадени наредби.
Сестра Еврозија многу настојуваше децата да бидат
надгледувани, така што тие немаа можност да грешат.
– Ние ќе одговараме пред Бога за гревовите на децата,
направени поради нашата негрижа – кажуваше таа во своите
поуки до сестрите. Тие треба многу да се надгледуваат, а
малку да се казнуваат. Ако од децата ги отстраниме
условите за грешење, нема да има потреба често да ги
казнуваме.
Таа повеќе сакаше сестрите да отсуствуваат од своите
набожни вежби, отколку децата да останат без надзор. Во
текот на единаесет години, само еднаш видов како нашата
Основачка удри дете и го казни, а тоа беше поради тоа што
детето беше фатено во кражба, што му станала навика. Уште
ми е пред очите сликата кога сестрата Основачка ја повика
виновната пред сите и со важен и строг тон ја опомена. Ја
удри по рацете и нареди да ѝ стават една бела капа што
виновната ја носеше цел месец. Лекцијата беше многу силна
и немаше потреба да се повтори, ниту со истата штитеничка,
ниту со други.

Поттик за доблести

Меѓутоа, за насочување и поттикнување кон


добродетелта, секоја недела штитеничките добиваа оценки.
На заслужните им се даваа добри оценки со кои на крајот од
учебната година си купуваа убави предмети, како книги,

222
д-р Христо Драгов

бројаници, статуи, играчки и друго... Се разбира, тие што


имаа повеќе добри оценки си ги избираа поубавите и
поскапите предмети. А што чувствуваа оние кои на крајот од
неделата или од учебната година требаше да враќаат од
своите добри оценки!
Се сеќавам, кога и јас требаше да вратам десет такви.
Кога сестрата рече: – Врати ми десет добри оценки!
Мојата честољубивост беше толку возбудена и
вознемирена, дури свеста ми се сврте.
На децата не им недостигаше семејна радост.
– Детето нема потреба само од храна и облека. Нему
му треба топлина и радост, посебно на сираците.
Нашата Основачка беше надарена од Бога со едно
кревко, нежно срце, способно да ги загрева овие мали
суштества, кои ја опкружуваа. На нејзиното лице секогаш
имаше слатка насмевка која ги отвораше срцата. Таа
измислуваше разни убави забави со кои ги радуваше децата,
особено на празниците. Се сеќавам како секоја година за
Божиќ нè изненадуваше со нешто ново. Еднаш ќе направи
убава елка со подароци. Другпат некој стар дедо од селото,
облечен како Дедо Мраз, ќе донесе вреќа со подароци за
добрите деца. Понекогаш една мала количка беше водена од
невидлива рака, а внатре беше малиот Исус, кој носел
подароци. Или убава пештера, до неа бунар, од каде наместо
вода, кофата вадеше подароци. Но, сестра Еврозија не
сакаше децата да се радуваат само на подароците, туку
сакаше најмногу да ја ценат духовната радост која се
чувствува со чиста совест од исполнета должност. Затоа
настојуваше децата секогаш добро да се подготвуваат за
празниците. Грижата за ова ја имаше сестра Агнија. Таа
доаѓаше секој ден кај децата за поучување. Го следеше
нивниот напредок и им ги даваше оценките на крајот од
неделите. Уште во почетокот на божиќните и велигденските
постови таа им напоменуваше дека не треба да очекуваат

223
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

само подароци од Исус, туку дека и тие од своја страна


треба да Му поднесат нешто како добрите мудреци и
пастири. И така, секоја се натпреваруваше да направи повеќе
добри дела, трудољубиви молитви, повеќе послушност,
повеќе милост и заедно помагање меѓу другарките, почесто
посетување на Исус во Светата Тајна. Така нè учеа на
доблести и кога доаѓаа празниците, внатрешната душевна
радост се хармонизираше со надворешната.

Тивка ноќ! Света ноќ!

Посебно ни беше мила традиционалната полноќна


Литургија на Божиќ. Тивка ноќ! Света ноќ! Каква
таинственост... Црквата блескаше од светлина. Со каква
набожност ја слушавме светата Литургија, служена од отец
Јосиф! Со големо внимание и трогнати до солзи го слушавме
неговото огнено слово... Особено бевме среќни кога нè
причестуваше и ни го даваше Исус... Тоа беа мигови на
духовна наслада...
Божиќ ни беше многу мил празник уште повеќе затоа
што на вториот ден го празнуваме именденот на отец Јосиф.
Колку среќен се чувствуваше милиот старец кога во
квечерината на празникот сите сестри и деца го
заобиколувавме за да му ги изразиме нашите честитки и
искрените желби! Тогаш сите се чувствувавме како во
семејна средина. Децата секогаш прикажуваа една мала
претстава по тој повод што ја искористуваше за да ни даде
вредни совети. Тие спомени се толку мили што времето
лесно не ги брише.
За Нова Година нè очекуваше нова радост. Обично
отец Јосиф отсуствуваше, но тогаш нашата мајка го
заменуваше. Сè уште се сеќавам на убавата честитка што ни
ја испрати во 1905 година по нашите искажани желби:
– Деца мои, вие ми посакувате многу убави работи: здравје,
долги години и сè што сакам. Мој ред е да ви упатам и јас една

224
д-р Христо Драгов

убава желба, а тоа е напишано во цифрите на 1905 година. Бројот


1 да ве потсетува дека има еден Бог и дека треба да живеете во
Неговото присуство. Бројот 9 да ве потсетува на деветте ангели.
Бројот 0 дека не треба да направите никаков грев во нашата куќа.
А бројот 5 ни ги покажува петте рани на Исус. Во нив треба да ја
поминете оваа благодатна година која Бог ни ја дава.
Другпат, пак, по истиот повод, ни ја искажа следната
честитка: – Мили деца, оваа година Бог сака да нè искуша. Како
што гледате, подароците кои ви ги давам се далеку од оние што ви
ги дадов во изминатите години. Но, јас ги додавам кон нив и
моите срдечни желби. Јас молам за моите мили деца три нешта:
Sanita, Santita, Sagezza – здравје, светост и мудрост. Тоа е
вистинското богатство за душите. Потоа го бакнуваше секое дете
со родителски бакнеж. Така во интимност и срдечност се
поминуваа овие свети божиќни и новогодишни празници.

Крстот Христов

Меѓутоа, Исус понекогаш ни го носеше и својот крст. 1905


година имаше толку студена зима, а таква, како што раскажуваа
постарите, немало од пред 15-20 години. Снегот се трупаше
постојано, а патиштата беа затрупани. Се наближуваше Божиќ, а
ние секој ден го очекувавме нашиот сакан духовен татко да дојде
од Солун, зашто без него празник немаше. Се молевме, но Бог
како овојпат да не нè слушаше... Каков страв!.. Каков ужас!... Што
ли му се случило?... Нашата Мајка Основачка по неколку пати во
денот доаѓаше да ни препорачува да се молиме, Бог да го чува по
патот од лошите луѓе и од дивите ѕверови кои при големите
студови и снегови се толку опасни. Веќе сме приквечер пред
Божиќ... Уште го нема!... Голема тревога... неспокојство, плачење,
кога еве, околу 21 часот вечерта се разнесе веста како молња:
Отец Јосиф пристигна! Сцената се смени. Сè се претвори во
радост! Но, во каква состојба пристигна тој? Целиот покриен со
снег и вкочанет од студ. На многу места, низ големите наноси
снег, паѓал во снегот го губел патот и по некое чудо се спасил.

225
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Штитеничките од сиропиталиштето Свети Јосиф,


фотографирани во Паљурци во месец март 1902 година

226
д-р Христо Драгов

Откако малку се затопли, веднаш почна да исповедува.


Колку и да беше мало селото, сепак требаше да ја ислуша
исповедта на 80-90 души. За нас, сестрите и децата не остана
време.
Другпат, повторно за Божиќ, во 1906 година, нашата
Основачка стана жртва на својата мајчинска љубов. Секоја
година пред Божиќ, таа заминуваше за Солун. Секогаш
патуваше со коњ, но овојпат реши да проба со еден пајтон,
што беше ни го подарил началникот на Зејтинлик, отец Казо.
Беше 18 декември. Времето беше студено, но не
замрзнато. Сестрата началничка го поминала Богданци и се
упатила кон Вардар. Но, токму тука било кобното место...
Еден силен ветар го превртел пајтонот. Сестра Еврозија
паднала, а тркалото ѝ минало преку ногата. Таа се
онесвестила. Со голема мака пајтонџијата успеал да ѝ ја
ослободи ногата, ја качил на пајтонот и веднаш ја однел кај
сестрите во Гевгелија. Сестрите ништо не знаеле за тоа што
ѝ се случило. Тие ја дочекале весело, но кога требало да се
симне од пајтонот, дознале дека ударот бил страшен... Ја
ставиле на постела и помогнале колку што можеле. Какви
болки и маки доживеала, може човек само да си замисли!
Цела ноќ била во несвест. Каква болка за неа и нејзиното
духовно семејство на Бадник!
За ова таа ни зборуваше подоцна, дека на часовникот
на раката гледала дека ниедна минута не минала без болка.
Штом дознала за настанот, сестра Елисавета Пучи
пристигнала во Гевгелија за да ѝ помогне на сестрата да
замине што е можно побрзо во Солун. Таму, под нејзините
мајчински грижи и трудољубивата лекарска помош, сестра
Еврозија поминала цели два месеца. Ногата ѝ ја ставиле во
гипс. По четириесет дена ѝ го извадиле гипсот. Но, ногата
почнала да се свиткува. Тогаш почнале да применуваат
други болнички методи. Колку страдала, само Бог знае!
Сестра Пучи се грижела како нежна мајка... Другите сестри,

227
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

исто така, биле многу љубезни со неа. И покрај нејзиното


големо предавање на Божјата волја, таа многу тешко ја
доживувала разделбата од своето мило духовно семејство, а
сестрите, за да ја утешат, постојано ја посетувале. Една ѝ
читала нешто, друга молела заедно да ја кажат светата
Бројаница, трета разговарала со неа. Така минувале овие
бескрајни денови на страдање со нејзина и наша заслуга.
А за ова време, што правеа нејзините духовни ќерки во
Паљурци? Најтажна беше сестра Агнија која толку многу ја
сакаше нашата Основачка. На Божиќ, по светата Литургија,
кога по обичај отидовме кај пештерата на Исус, немавме
никакви подароци. Тогаш таа, голтајќи ги своите солзи, ни
рече: – Деца мои, оваа година Исус ни го донесе најубавиот
подарок од сите подароци – својот крст и трновиот венец.
Нашата мајка, наместо да е меѓу вас, да ве радува, Исус ја
стави на крстот. Да ја примиме од неговите татковски раце
оваа болка. Да Го помолиме што побрзо да биде нејзиното
оздравување!
И навистина, започнаа редици деветодневни молитви
за оваа намера: на свети Јосиф, на света Богородица
Нажалена, на света Богородица Утешителка и на кој ли уште
не светец. Бог се смилува над нашите молби и ја добивме
благодатта. По два месеца, за празникот Благовец, нашата
мајка се врати повторно меѓу нас. Сестра Елисавета Пучи и
сестра Марија, нејзините болничарки, ја придружуваа...
Отидовме да ја пречекаме надвор од селото... И трчавме по
колата... Но, гледај, кога се симна во дворот, потпрена на две
патерици, сите се расплакавме, иако нè уверуваше дека
ногата не ја боли.
Поминаа уште неколку месеци така, додека најпосле
таа се ослободи од патериците и се служеше со едно
бастунче, кое подоцна го остави.

228
д-р Христо Драгов

Нежноста на мајката

Сестрата беше посебно добра и нежна кон болните,


било да беа сестри, било да беа деца. Секој ден ги
посетуваше и нејзиниот прв збор, наутро, како и последниот
збор навечер, бараше извештај за нив. Нејзиното нежно
мајчинско срце многу страдаше, особено при тешки случаи
на болест, зашто манастирот беше оддалечен од центарот, а
немавме можност да држиме домашен лекар. Колку пати со
ризик за своето здравје дури и за својот живот, таа лично ги
придружуваше болните сестри и деца до Гевгелија или до
Солун.
Нашата Основачка многу ги сакаше децата и со големо
задоволство им предаваше веронаука – катехизис. Зафатена
со толку важни работи, таа знаеше да жртвува од своето
скапоцено време, за да им се посвети ним. За време на
рачната работа од 14 часот попладне до 15 часот таа ги
занимаваше децата со некое привлечно морално четиво, кон
кое ги додаваше и своите слатки зборови. Умееше да нè
забавува, па често нетрпеливо ја чекавме, а кога
отсуствуваше ни беше најголемата мака.
Таа за себе ја зачува деликатната и пријатна должност
да ги подготвува малите деца за првата света Причест и сама
да ги раководи во нивната вежба што ја правеа за случајот.
О, колку се чувствувам радосна, зошто и јас бев
подготвена од неа!
Таа сакаше децата да се навикнат со време на честото
примање на светата Причест. И за ова таа самата беше жив
пример, бидејќи секојдневно се причестуваше. И кога во
1905 година излезе Енцикликата на Папа Пиј Х за честото и
секојдневно причестување на децата, почвата беше веќе
подготвена и веднаш се пристапи кон исполнување желбата
на Светиот Отец.

229
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Еден нејзин копнеж за почитување на Евхаристијата


беше да организира процесија со светата Причест. Беше
нејзина најголема желба, Исус-Евхаристија свечено да го
обиколува ова селце што навистина требаше да Му направи
радост. Дури во 1910 година таа го виде исполнувањето на
својот план.
Во април 1910 година, на Томина недела, Исус првпат
излезе свечено носен од неговото високо преосвештенство
Епифаниј Шанов во концелебрација со отците Јосиф, Емил
Казо, Трифун Јорганџиев, Иван Николов и други. Можеби
имаше 10–12 свештеници, сите со црковни одежди. Немаше
музика, но невини детски гласови, одекнуваа надалеку...
Сестрите ја придружуваа светата Причест со големи бели
запалени свеќи...
Мажи, жени, деца од околните христијански села
Богданци, Стојаково, Богородица, Пирава и од Гевгелија се
собираа и сите во бескрајни редици, двајца по двајца, одеа
најнабожно и во религиозна тишина.
Имаше четири олтари, од кои едниот во подножјето на
могилата Чука, другиот во црквата света Богородица
Утешителка, третиот во полето меѓу нивата, а последниот во
дворот на манастирот, пред споменикот на свети Јосиф. Кај
овој олтар држеше проповед отец Јосиф, кој ги толкуваше
зборовите на свети Иван: „Господ мој и Бог мој”.
Процесијата заврши во црквичката на сестрите во знак на
благодарност и со благослов. Тоа беше еден вистински
триумф на светата Причест.
Луѓето со голема желба го очекуваа овој ден,
кажувајќи:
– Сега разбираме дека светата Причест е нешто големо,
гледајќи каква чест ѝ се дава.
– Денес го видов Господ – извикна еден човек од
селото кој порано не беше многу религиозен христијанин.

230
д-р Христо Драгов

– Така, среќно го минавме времето во Паљурци до


Балканската војна – заврши нашата соговорничка, а на
лицето ѝ блесна радост поттикната од овие мили спомени.

Десетта глава

Дон Франческо Кико

Додека отец Јосиф и сестра Еврозија се грижеле да ја


организираат новооснованата заедница, нивните мисли биле
зафатени со преуредувањето на чифлигот Паљурци. Од
Торино пристигнала жална вест: нивниот вујко, дон
Франческо Кико починал во Торино на 14 март 1894 година.
Дон Франческо Кико може да се смета за Соосновач на
заедницата на сестрите Евхаристинки на која ѝ помогнал со
совети и молитви, особено со својата парична помош, како
што рековме во претходните глави. Без благородната помош
на овој посветен католички свештеник можеби делото на
отец Јосиф и сестра Еврозија немаше толку брзо да се
развие. За среќа, поседуваме една брошура, посветена на дон
Франческо Кико, издадена од Торинското Филолошко
друштво, така што можеме да дадеме повеќе биографски
податоци за најголемиот добротвор на сестрите
Евхаристинки.
Франческо Кико, братот на мајката на отец Јосиф и
сестра Еврозија, се родил на 1 октомври 1820 година во
градот Ракониџи, близу до Пиза. Татко му бил трговец и се
викал Мелхиор Кико, а мајка му била Христина Алоати. Тој
своето образование го стекнал во градот Карманола и
пристапил во редот на босоногите отци Кармелитанци каде
што дал завет на 23 септември 1843 година и добил
свештенички чин. Потоа тој бил назначен за професор по
филозофија и математика и ги предавал овие предмети во
градот Асти и во пустината Ландо.

231
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Дон Франческо Кико бил образован. Се занимавал не


само со филозофија и математика, туку и со многу други
науки, како што се физиката, хемијата, ботаниката,
хигиената, агрономијата и др. Младиот научник целото свое
слободно време го посветувал на многубројните науки кои
го интересирале. Но, неговото здравје наскоро се влошило и
тој се почувствувал кревок за да го продолжи строгиот
монашки живот. По советите на своите духовници и
лекарите требало да бара одобрение од Рим да го напушти
редот и да живее како обичен свештеник.
Бараната молба била одобрена со папска дозвола од 14
март 1854 година и дон Франческо се определува како
обичен свештеник во Торино, каде што практично ја
спроведувал својата свештеничка должност, а истовремено
се предал на литературните интереси и на собирањето ретки
книги. За кусо време, ја здобил почитта на највидните лица
во старата италијанска престолнина кои барале совет од него
за најважните прашања. Со својот примерен свештенички
живот дон Франческо наскоро добива таков авторитет меѓу
учените луѓе што тие со него ги делеле сите иницијативи.
Во тоа време, во Италија интелигенцијата многу се
занимавала со филолошки проучувања. Во сите градови се
основале заедници кои имале цел да го изучуваат минатото
на Италија. Торино, славната престолнина на Савоја, не
можело да заостане во тој однос. Се образувала група од
филозофи во која дон Франческо земал активно учество.
Оваа група на 4 април 1868 година го основала
Филолошкото друштво во Торино. Дон Кико бил еден од
неговите иницијатори. Наскоро заедницата се проширила и
на 15 јануари 1871 година била отворена и женска секција.
Тој стекнал голема почит од своите колеги и во јуни истата
година бил назначен за советник на Филолошкото друштво,
а по неколку месеци бил и негов благајник. Тогаш започнала

232
д-р Христо Драгов

неговата сестрана дејност како филолог, свештеник и


делегат на женската секција.
Дон Кико бил полиглот и сето свое знаење го посветил
на изучувањето јазици и тоа не само на европските –
францускиот, германскиот, англискиот и шпанскиот, туку на
арапскиот, рускиот, па дури го изучувал и меѓународниот
јазик волапјук (претходник на есперанто заб. на прев.).
Целото свое слободно време дон Кико го посветувал на
науката. Тој имал многу кратко време за одмор, а сето
преостанато време преведувал, изучувал граматики,
составувал речници. Како член на Филолошкото друштво
дон Кико бил најактивен. Никогаш не отсуствувал од
состаноците. Секогаш земал учество во дискусиите и
неговото мислење имало најголем авторитет. Тој најсовесно
ја исполнувал својата професорска служба, а неговите
часови биле особено добро посетувани.
– Дон Франческо Кико – се вели во брошурата –
свештеничката облека ја носеше со достоинство и
убедување. Иако живееше во светот без посебна
свештеничка служба, тој водеше чист живот и со својот
пример ги поттикнуваше и другите да живеат христијански.
Секогаш строг кон себеси, тој беше љубезен со своите
соговорници и често раскажуваше интересни анегдоти.
Неговите колеги често велеле:
– Ако црквата имаше многу свештеници како дон
Франческо Кико, никогаш немаше да се наруши хармонијата
меѓу световната и црковната заедница.
Тој секогаш се пројавувал како голем добротвор и не
оставил без поткрепа ниту едно благородно дело. Му
подарил многу ценети книги на Филолошкото друштво, а
неколку години пред смртта му подарил на Институтот на
дон Боско не помалку од 10.000 тома. Во светот тој живеел
како монах, не си угодувал ниту во јадењето, ниту во

233
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

спиењето, а парите кои ги добивал како професор и издавач


на книги, ги раздавал за добротворни цели.
Особено голема активност дон Франческо Кико
пројавил како делегат на Филолошкото друштво во женската
секција. Сите признаваат дека без неговите напори таа
секција не би постоела. Уште пред основањето на женската
секција во 1871 година дон Кико бил нејзин неофицијален
раководител, а во 1878 година бил назначен како делегат на
Друштвото во таа секција. Неговата дејност како делегат
била толку плодотворна што италијанскиот крал, по предлог
на министерот на народна просвета, го назначил за Кавалер
на редот на италијанската круна.
Дон Франческо Кико ја поттикнувал во творењето
претседателката на женската секција, госпоѓицата Џулија
Молино Коломбини која напишала многу книги за
образованието на жените и многу почитувани песни. Дон
Франческо не бил само делегат на женската секција, туку и
нејзин советник, покровител и поттикнувач. Тој не можел да
поднесува злоупотреба и не бил многу строг кон слабите.
Женската секција им давала дополнително образование на
девојките. Затоа нејзината улога во достоинство на жената
во Торино била голема.

234
д-р Христо Драгов

дон Франческо Кико

235
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

По смртта на проф. Џакомо Џибело, потпретседателот


на Филолошкото друштво, Управниот совет во февруари
1890 година едногласно го избрал дон Кико на негово место.
Меѓутоа, тој не можел долго време да ја исполнува оваа
должност. Старата болест повторно го нападнала, а неговиот
изнемоштен организам сега повеќе не можел да се
спротивставува толку силно како во младоста. Тој
потклекнал пред тежината на болеста и на 14 март 1894
година во 14 и 30 часот, по тешки маки кои траеле цели три
месеца, му го предал својот дух на Бога на 74-годишна
возраст.
Филолошкото друштво ја почувствувало големата
загуба со неговото заминување. На 29 март 1894 година
редовното општо собрание на членовите на друштвото,
претседателот кавалер Џачинто Чибрарио, во својот говор
меѓу другото изјавил: – Сите дела на Филолошкото друштво
за последните 23 години даваат јасни докази за неговата
плодотворна дејност. Во нашето друштво тој беше сакан
колега и учител. Живееше со идеали и ги делеше нашите
мисли за љубовта кон татковината и човештвото. Во нашето
друштво, освен свештеникот дон Кико, веќе во есента на
животот, можевте да видите професори како незаборавениот
доктор Џибело, голобради студенти, офицери и работници.
Оваа необична глетка, направи длабок впечаток на
писателот Едмондо де Амичис кој го овековечи во своите
текстови. Исто така, бразилскиот император дон Педро со
задоволство седеше на клупите заедно со скромните
работници... – Во ова друштво сите го засакаа дон
Франческо Кико кој се одликуваше со својата љубезност,
својата благоразумност, своите просветени совети.
Во знак на жалост, собранието одлучило еден ден да се
прекинат предавањата во машката и женската секција;
местото потпретседател, на Филолошкото друштво, на кој

236
д-р Христо Драгов

бил избран Дон Кико на 10 февруари 1894 година останало


празно цела година.
При доделувањето дипломи во женската секција во мај
1894 година директорката на секцијата, госпоѓа Делмиција
Лазарини, одржала еден говор во кој ги истакнала заслугите
на покојниот. Таа меѓу другото изјавила:
– Дон Франческо Кико веќе не е меѓу живите! Овие
зборови навистина нанесуваат жал, но тие нè потсетуваат на
бескрајното пространство на мирот, каде добрите и
избраните го наоѓаат саканото спокојство по тешките борби
во животот; тој беше добар и ги сакаше младите како
најдоброто дело на Создателот. Тој беше избран, зашто ја
сакаше вистината како зрачење на Божјата Премудрост.
Свештеникот на таа вера, чиј закон јас го наоѓам прекрасно
изразен во тие зборови кои познатиот Де Амичис ги упати
кон торинските девојки:
– Ако си несреќна – Јас те оплакувам.
– Ако си слаба – Јас те заштитувам.
– Ако ме навредуваш – Јас ти проштевам.
– Ако ме мразиш – Јас те сакам.
– Дон Франческо беше со несреќните и слабите луѓе.
Неговите зборови беа зборови на прошка и љубов. За дон
Кико жената беше едно слатко Божјо создание, кое Творецот
ја подарил за другарка на мажот. Тој во нејзината насмевка
откриваше делови од Божјата благодат, а во нејзиниот
поглед наоѓаше бескрајни богатства на жртвување, вера и
добродетели...
Таков бил дон Франческо Кико пред очите на тие кои
го познавале одблиску. Таков останал и во сеќавањата на
неговите внуци, отец Јосиф и сестра Еврозија. Тој бил
пионер на верата и просветата, затоа кога неговата внука му
напишала писмо и ги изложила потребите за раѓањето на
тогашната заедница на сестрите Евхаристинки, тој не се
двоумел да подари од своите скромни средства една сума

237
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

значителна за тоа време, со која била купена првата куќа во


Солун. Споменот за добрите дела на дон Франческо Кико
никогаш нема да бидат избришани од срцата на ниту една
Евхаристинка.

Единаесетта глава

Семејството Алоати за монашката заедница на сестрите


Евхаристинки

На 22 јануари 1898 година, отец Мелхиор му ја


соопштил тажната вест на отец Јосиф: стариот Петар Алоати
бил тешко болен веќе го примил и Елеопомазанието за
болни. Неколку дена потоа, отец Јосиф добил од отец
Мелхиор поштенска картичка со која му се соопштува дека
здравствената состојба на татко му се влошила. Најпосле на
27 јануари, сестра Виченца Пучи му ја соопштила на отец
Јосиф тажната вест: истиот ден душата на Петар Алоати
одлетала во рајот.

Смртта на еден праведник

Во едно писмо од јануари 1898 година, отец Мелхиор


му пишува на својот брат во Солун:
– На 29 јануари ги погребавме посмртните останки на
татко ми. Не ти испратив телеграма за оваа тажна вест,
зашто се плашев дека телеграмата може да пристигне
порано од писмото и таа многу ќе ве натажеше, тебе и
Еврозија. Се надевам дека и вие двајцата сте принеле жртва
во животот на овој одличен татко и дека со вашите молитви
ќе направите сè за да го забрзате влегувањето на неговата
прекрасна душа во рајот. Сега ќе ти дадам повеќе
подробности за оваа света смрт.

238
д-р Христо Драгов

Минатата недела, на 23 јануари, по Елеопомазанието и


папскиот благослов, состојбата на татко ми многу се
подобри. Тој поспокојно ги помина деновите: понеделник,
вторник и среда, лежејќи во постелата, целосно помирен со
положбата и готов за смрт. За цело време на боледувањето
ниту еднаш не се пожали на болките кои ги чувствувал во
долгите часови, особено ноќе, бидејќи беше во безсознание.
Никогаш не пројави никакви знаци кога ги примаше
непријатните лекови, ниту пак желба за што и да било.
Единствено тажно беше тоа, бидејќи не можеше да се моли,
како што сакаше, а требаше да ги повторува нашите куси
молитви. Тој беше среќен кога го посетуваше свештеник и
го примаше со блаженство неговиот благослов. Ноќта
спроти четврток 27 јануари, околу 9 часот, состојбата
ненадејно му се влоши. Ме повикаа кај него и не го
напуштив повеќе. Јас го поттикнав, го натерав да повтори
некои куси молитви и на крајот го прашав дали има нешто
што му ја мачи душата.
– Ништо – ми одговори тој. Го повикав да побара
прошка од Бога за сите негови грешки и да го жртвува својот
живот за да ја задоволи Божјата правда. Потоа му дадов
разрешување на гревовите...
Во понеделникот, на 24 јануари го искористивме
неговото кусо подобрување и кога сите бевме во неговата
соба – со искучок на Франческо, кому му испративме
телеграма – го замолив татко да ни го даде својот благослов
на сите нас, присутни и отсутни. Тој нè бакна сите еден по
еден, ја бакна твојата фотографија и фотографијата на
Еврозија, а мама му велеше: „Бакни ги овие фотографии и
замисли си дека ги бакнуваш Јосиф и Еврозија”.
Дојде лекар и го најде речиси во безнадежна состојба.
На излегување ми рече: – Во прашање се само неколку часа,
ќе умре од срцев удар.

239
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Попладне, кога ѕвонеше камбаната за Ангел Господов,


сите станавме и ја кажавме молитвата. Татко јасно
одговараше. Потоа мама гласно ја молеше молитвата на
Светото семејство, а тој ја повторуваше. Некој му рече да се
прекрсти, но тој не слушна или не разбра. Но, неколку
минути потоа, сам се прекрсти. Откако седнавме тој нè
запраша: „Нема ли да ручате? Веќе е време”.
Кој имаше желба за ручек? Сепак, отидовме малку да
каснеме набрзина, но Наталија и Емилија веднаш нè
повикаа. Во 12 и 45 часот дојде отец Џанарди. Ние ги
оставивме сами, а татко последен пат се исповеда. Потоа
свештеникот седна до него и остана до неговата смрт. Околу
14 часот татко веќе не можеше да зборува. Требаше устата
да му се отвора за да му се стави лажичка со освежителната
течност.
Отец Џанарди ја започна молитвата за тие што умираат
што заврши до самата смрт, а настапи точно во 17 часот.
Навистина татко веќе не можеше да зборува, но неговата
уста шепотеше молитва. Околу 16 часот за последен пат се
прекрсти. Од 16 до 17 часот беше сосема неподвижен во
креветот. Собата се полнеше со роднини. Сите коленичевме,
освен мама која седеше, се молевме. Во 16 и 45 часот дојде
сестра Пучи со една своја другарка. Заедно со неа му ги
кажував на татко последните молитви. Така тој издивна,
опкружен од синовите и ќерките на свети Винко Паолски.
Сестра Пучи прва рече: „Почина!”
Потоа отец Џанарди ги почна посмртните молитви.
Мама изгледаше како сликата на нажалената Мајка Божја.
Не можам да ја опишам трогателната сцена, кога сите еден
по еден ги бакнуваа веќе посмртните остатоци на татко.
Сите плачевме, освен мајка, која страдаше најмногу. Ги
тргнав мама и Наталија од креветот на починатиот, а
роднините полека, полека си излегоа.

240
д-р Христо Драгов

Потоа отец Мелхиор, помогнат од жените, го намести


покојникот и му стави распетие во рацете. Околу 19 и 30
часот, пристигна Франческо од Кјаваца. На 28 јануари
попладне отец Мелхиор и Франческо го облекуваа
покојникот и го ставија во ковчегот. Отец Мелхиор многу
жалел што не го фотографирал умрениот, кој изгледал не
како умрен, туку како жив.
Погребувањето на Петар Алоати било импресивно: 65
Мариини девојки во бела облека и 11 свештеници оделе
пред погребната поворка. Други 10 Мариини девојки со
свеќи в раце се наредиле покрај колесницата. Зад колата
оделе многубројни роднини, пријатели и познати, како и
членовите на католичкото работничко друштво со своето
знаме. Погребната церемонија пристигнала во парохиската
црква свети Петар и Павле, каде што се извршил ритуалот.
Посмртните останки биле погребани на новите гробишта во
обичен гроб, според желбата на покојниот. Истиот ден,
вечерта бил отворен своерачниот тестамент на покојниот.

Сестра Еврозија дознава за жалната вест

Со писмо од 1 февруари 1898 година, датирано од


Зејтинлик29, отец Јосиф ѝ ја соопштува тажната вест на
својата сестра во Паљурци. Писмото започнува со следните
многу силни зборови: „Страдањата Христови, Неговата
смрт, нека бидат запечатени во нашите срца”.
Откако соопштува за писмото од сестра Пучи за смртта
на нивниот татко, тој продолжува: „Ова е една од нашите
најголеми и најтешки жртви, зашто сме далеку и ја немавме
утехата, како Мелхиор и Наталија, да присуствуваме на
смртта на нашиот татко, за да ги слушнеме неговите

29
По 13 години, поминати во Солунската парохија, отец Јосиф бил
преместен од своите началници во 1896 година во семинаријата на
Зејтинлик, како професор по богословија и филозофија.

241
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

зборови, да го бакнеме последен пат неговото чело и да му


ги затвориме очите, како што се вели. Да, повторам, ова е
најголемата и најтешка жртва, но Господ, знае колку го
сакавме и со колкава мака се разделивме од него со телото,
ако не со духот, за да му се потчиниме на Божјиот повик, ќе
ни даде сила и благодат, за да ја поднесеме оваа загуба, не
само како христијани, туку и како лица, посветени на Исус,
нашата единствена љубов. Смело, сестро и откако ќе се
олесни природата со солзи, клекни пред крстот со Дева
Марија која ја даде жртвата на својот Божествен Син кажи,
ти со неа:
– Нека биде не мојата, туку твојата волја.
Потоа како добри чеда, да го исполниме својот прв
долг кон татко: да му помогнеме со сите средства, посебно
со молитви, литургии и причестување за неговата душа”.
Понатаму отец Јосиф му вели на свештеникот да служи
осум дена Литургија за душата на покојникот; да се извршат
многу причестувања за истите цели, да се раздаде леб на
сиромашните.
Во истото писмо отец Јосиф го искажува уверувањето
дека нивната мајка херојски ќе го поднесе овој удар со
помош на Господа.

Франческо во село Паљурци

Една година по смртта на својот татко, во март 1899


година, Франческо заедно со својата сопруга Емилија и со
нивната тригодишна ќерка Марија, се преселиле во селото
Паљурци, за да им помагаат доброволно на братот и
сестрата при управувањето на купените имоти во чифлигот.
Франческо, роден на 5 август 1868 година во Торино, се
оженил во 1890 година со госпоѓица Емилија Гросо, која му
ја родила единствената ќерка Марија, на 26 јуни 1896
година. Тие цели 10 години поминале кај сестрите

242
д-р Христо Драгов

Евхаристинки во Паљурци, т.е. од март 1899 година до март


1909 година. Франческо работел бесплатно како управник на
чифлигот, сакајќи со својот труд да ја помогне мисијата во
Македонија. Иако не бил богат, Франческо се откажал во
полза на сестрите Евхаристинки од правото за наследство од
имотот на братот и сестрата.
Потоа тој станал управител на Земјоделската колонија
во село Паљурци, за која понатаму ќе дадеме повеќе
подробности.

Марија Алоати

Марија, сега госпоѓа Бофа, зачувала најмили спомени


од селото Паљурци. Таа продолжува и денес да ги сака
сестрите Евхаристинки и да им помага на секаков начин.
Особено има заслуги за собирање на документите кои
послужија како материјали за сегашната книга. Во едно
писмо до сестра Марта, со датум 8 септември 1933 година
Марија пишува: – Колку пати ми кажуваше: „Мила
Мариучија!”, така што при мислата за ова ми станува
пријатно. Поминав десет години како дете во убавото село
Паљурци, каде под раководство на своите мили родители, на
тета и на чичо, се научив да Го сакам Бога. Таму, во ова
прекрасно село на Македонија, во кое толку мали души се
воспитуваа и упатуваа кон рајот, поминав десет години меѓу
лица кои толку многу ме сакаа! Милите девојчиња! Сигурно
се сеќавате кога им бевте учителка, колку пати доаѓав да ја
прекинувам нивната лекција... Се сеќавам, ова како да беше
еден прекрасен сон!
Сега чичо и тета се на небото и таму ѝ се радуваат на
наградата за толку работи... За Паљурци... веќе ништо не се
слуша. Дали се сеќаваат сестрите и поранешните
штитенички на мене? Иако не ви пишувам често, јас не
можам да ги заборавам десетте години што ги поминав во

243
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Македонија, за кои често ви зборувам. Сега не останува


ништо, освен да го правам тоа што Бог ни го определи: вие
да врвите по стапките на светите Основачи, а јас да живеам
со другарот кој ми го даде Бог, трудејќи се да ја исполнувам
Неговата волја.

Отец Мелхиор Алоати

Тој бил десна рака на Основачите на монашката


заедница на сестрите Евхаристинки. Имавме случај досега
да искористиме многу нивни писма. Ги има цели купишта и
сведочат дека десетици години тој живеел со животот на
монашката заедница.
Во оваа глава, во која ги собравме спомените околу
членовите на семејството Алоати, со нивните односи со
сестрите Евхаристинки, ќе додадеме само некои биографски
белешки за – „Чичкото на Евхаристинките”– како што сакал
сам да се нарекува.
Мелхиор Алоати е роден на 13 ноември 1860 година во
градот Виластелоне. Тој учел заедно со својот брат Јосиф во
Скарнафиџи, Киери и Торино. Истовремено со него
постапил во 1877 година во новицијатот на отците
Лазаристи во Киери, а бил ракоположен две години по
својот брат – на 20 септември 1884 година, од кардинал
Алимонда, архиепископот на Торино. Следниот ден отец
Мелхиор ја служел својата прва Литургија во парохиската
црква света Тереза, во која сите сестри и браќа го направиле
своето прво причестување.
Во 1890 година тој бил назначен за прокуратор – јавен
обвинител на Торинскиот манастир на отците Лазаристи, а
потоа бил избран и за провинцијал. Во 1902 година отец
Мелхиор имал среќа да го посети село Паљурци, а по
враќањето во Торино упатил повик за собирање помош за
делото, добивајќи добри резултати. Во 1914 година, по

244
д-р Христо Драгов

повод 25-годишнината од основањето на монашката


заедница на сестрите Евхаристинки, отец Мелхиор заедно со
својот брат Франческо, повторно го посетил Паљурци и тие
ги поткрепиле Основачите со своите мудри совети и со
благопријатната помош30.

о. Мелхиор Алоати

30
Во 1903 година, отец Мелхиор го придружувал својот брат Јосиф на
аудиенцијата кај папата Пиј X, а во 1887 година, заедно со отец Јосиф и
епископ Младенов бил примен од папата Лав XIII.

245
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Христијанската смрт на Катерина Алоати

Отец Мелхиор имал тешка задача да им ја соопшти


веста за смртта на мајка им. Писмото е датирано на 18
февруари 1911 година и започнува вака:
Телеграфот веќе ви ја соопшти загубата на нашето
богатство – мајка. Но, тоа не е загуба, сега имаме една
покровителка, една светица на небото која сигурно се моли
за нас и ни подготвува место во Татковината во која нема
веќе да се разделиме... Милата мајка беше здрава, на 29
јануари дури го прослави празникот на свети Фрањо
Салешки во домот на Франческо, каде се чувствуваше
среќна, опкружена со своите чеда. На 30 и 31 јануари исто
беше добро и присуствуваше на светата Литургија во
црквата свети Петар и Павле. Во среда, на 1 февруари, таа се
разболе и до сабота изгледаше дека болеста е настинка во
слаба форма. Неделата, на 5 февруари утрото, добив една
белешка од Наталија во која ми пишуваше дека мама
поминала една неспокојна ноќ. Таа ме молеше да испратам
една сестра – Назаренка за следните ноќи. Желбата ѝ ја
исполнив…
Болеста на мајка ми се влошуваше и во понеделникот
на 14 февруари, во 18 часот лекарот рече дека имало голема
опасност. Следниот ден, рано утрото, отидов да го повикам
каноникот Фасини, новиот парохиски свештеник во црквата
свето Срце Мариино. Истовремено беше болна и Наталија.
Свештеникот дојде веднаш и ги исповеда мама и Наталија.
Тој ни рече дека на мама треба да ѝ се даде Елеопомазание.
Франческо отиде во црквата и порача да ги донесат
потребните предмети. Во осум и триесет часот
евхаристискиот Исус влезе дома. Се причестија мајка ми и
Наталија, последната за духовна поткрепа. Утрото дојде
уште една сестра Назаренка и околу 10 часот на мама ѝ беше
дадено Елеопомазание за болните и папскиот благослов. Таа

246
д-р Христо Драгов

ги прими светите тајни со видлива радост. И ги подадов


вашите фотографии. Таа ги бакна и ми рече:
– Напиши им дека ги поздравувам и дека од рајот ќе се
молам за нив.
Вечерта во мое присуство му кажа на духовникот:
– Се исповедав, ги примив последните свети тајни и
папскиот благослов, го молам Бога да ме прими кај себе. Би
ми било жал, ако треба да се вратам назад, но нека биде
Божјата волја.
Од тој ден таа беше посетувана од роднините и од
блиските пријатели и за сите наоѓаше по еден убав збор. Во
средата состојбата се влоши, кашлицата се засили.
– Сите кои ја видоа – продолжува отец Мелхиор – беа
со впечаток на нејзиното спокојство и молитвено
расположение. Немаше потреба да ја потсетуваме за
молитва, зашто сама се молеше постојано, дури требаше да ѝ
кажеме да прекине за да не се измори многу... Во саботата
попладне отидов дома. Мама бладаше. Таа беше зафатена со
мислата да направи поклонение во Лурд. Сакаше да ѝ ги
донесат алиштата. Јас се свртев и ја прашав:
– Мамо, дали сакаш да одиш на поклонение во Лурд?
– Не – ми одговори таа.
– Каде сакаш да одиш тогаш ?
– Во рајот... мојата мисија е завршена... сакам да одам
во рајот...
– Добро е – додадов јас – што сакаш да одиш во рајот,
но ние жалиме што нè оставаш...
– Не зборувајте за тоа... имам желба за рајот... толку ќе
се молам за сите вас... таму ќе направам многу повеќе за вас
отколку овде...
Ноќта во 2 и 30 часот, на 15 февруари, Катерина
Алоати, почина. На 17 февруари беше извршен нејзиниот
погреб.

247
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Тажната вест во Паљурци

Тажната вест братот и сестрата ги најде во Паљурци.


Истиот ден, за време на часот определен за обожување на
пресветата Причест, отец Јосиф во молитвите на сите сестри
и штитенички им ја препорачал душата на својата мила
мајка. Тој започнал со зборовите на праведниот Симеон:
– Денес со мир, може да го отпуштиш твојот слуга,
Владико... Кој ги ставил во устата на својата покојна мајка,
истакнувајќи со тоа, дека ја завршила својата мисија. Потоа
тој ги опишал нејзините добродетели, потцртувајќи дека таа
дала на Црквата пет од своите деца. Катерина Алоати пред
сè многу ја сакала македонската мисија на своите деца и им
ветила дека од небото ќе се моли за нејзиниот успех.
Отец Мелхиор, пак, на следниот начин го резимирал
животот на својата мајка: – Таа Го сакаше Бога, а го мразеше
гревот со сето свое срце. Постојано беше водена од духот на
верата. Ги направи најголемите жртви со херојство од љубов
кон Божјата слава и спасението на душите. Согласна на
Божјата Љубов спокојно ги поднесуваше сите искушенија во
животот. Откако ја исполни својата мисија на сопруга и
мајка, долги години копнееше по Небесната татковина и
полна со заслуги, со насмевка на устата, му ја предаде
својата чиста душа на Бога на 15 февруари 1911 година, на
76-годишна возраст. Нејзината сакана мисла беше:
– Во нашата куќа нека влезе каква било несреќа, но
никогаш да не влезе смртниот грев.
Покојната многу ги сакаше сестрите Евхаристинки и ги
изразувала своите чувства во секое писмо до своите мили
чеда Јосиф и Еврозија. Во денови на потреба, Еврозија
барала поткрепа од својата мајка, а таа секогаш била
подготвена да ѝ даде морална и материјална помош. Во 1895
година сестра Еврозија се пожалила на мајка си дека
претприемачот лошо ја изградил куќата во Паљурци и дека

248
д-р Христо Драгов

таа може да падне. Ја посоветувале да ја урне и повторно да


ја изградат. За ова имала потреба од помош. Мајка ѝ
испратила 11.000 франци и во едно писмо ја утешила.
– Храбро мила ќерко, се гледа дека Бог ја сака мисијата
во Македонија, бидејќи е означена со знакот на Крстот. Сите
Господови дела поминуваат низ Голгота. Храбро. Кој Го
следи Христа по овој пат сигурно ќе стигне до спасителниот
брег... Мили деца, вие работите за Бога и бидете сигурни
дека Господ ќе ги награди великодушно вашите жртви.
Во друго писмо, со датум од 13 јули 1904 година
мајката по повод нејзиниот именден, празникот на света
Христина, по деветдневна молитва ѝ пишува на Еврозија.
– Премила и љубезна ќерко – пишува мајката – вчера
видов во календарот дека на 14 овој месец започнува
деветдневната молитва на света Христина чие име го носиш
ти, мило чедо. Да, мило мое, колку слатки и горчливи работи
ми спомнува ова! Нема да пропуштам да ти кажам и
писмено дека твојата сакана мајка секогаш мислам дека си
присутна со другите свои мили рожби. Вие сте далеку со
вашите тела, но моето срце, мојот дух е секогаш со вас.
Добриот Бог, кој наредил така, ги има своите тајни наредби,
а нам не ни останува ништо друго освен да наведнеме глава
и да кажеме: „Fiat” (Нека биде!). Еден ден, се надевам на
Божјото милосрдие, ние ќе бидеме сите повторно собрани со
вашиот мил татко, со вујко ти и со роднините таму, во
блаженото царство на рајот кај Бога, наша последна цел.
Храбро! Секој со мир да го носи својот крст, а тебе, мила
ќерко, која Господ ја одбра за мила невеста сигурно животот
не ти е полн со рози. Но, ти си Христова свршеница. Како
може твојот живот да е послан со рози кога твојот
Младоженец е распнат на крст, ќе се насладуваш и ќе бидеш
среќна само со Него.

249
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Наталија Алоати

Оваа глава ќе ја завршиме со помладата сестра на


Основачите – Наталија. Родена на 7 декември 1867 година,
починала на 14 мај 1924 година. Наталија живеела далеку од
светот и уште како дете му ја посветила својата невиност на
Бога. Таа им била поткрепа на родителите и на браќата, ги
сакала сиромашните и децата. Често мислите ѝ биле во
Паљурци а кога не можела со друго да им помогне на братот
и сестрата, пламено се молела на Бога за да успее нивното
големо дело.

Дванаесетта глава

Развојот на монашката заедница на сестрите


Евхаристинки

Бог го благослови делото на отец Јосиф и сестра


Еврозија и брзо започнало да се развива. Годината 1900
можела да се смета за година во која развојот на монашката
заедница станал очигледен. Се појавиле кандидатки од
различни места. Сестра Еврозија, придружена од сестра
Стефанија, го посетила градот Кукуш, каде што
Милосрдните сестри на свети Винко имале училиште и
сиропиталиште. Неколку од штитеничките мечтаеле да
стапат, како сестри, во новата монашката заедница. Први
биле Ана Заова и Невена Николова, чијшто пример извршил
влијание врз нивните другарки, така што бројот наскоро се
зголемил.

Отворање на домот во село Богданци

Кон крајот на септември 1900 година, по молба на


двајца католички свештеници во село Богданци, како и по

250
д-р Христо Драгов

настојувањето на многу стари католички семејства, во


селото бил отворен првиот дом на сестрите Евхаристинки –
евхаристински дом на детето Исус.
Село Богданци, во Гевгелиско е распространето на
левиот брег од Вардар. Околу 1900 година тоа имало 900
куќи. Неговото население било мешано од Македонци,
Турци и Грци. Меѓу македонските егзархисти и гркоманите
се водела лута борба. Жителите се занимавале со
одгледување свилена буба и со лозарство.
Сестра Магдалина, била една од првите сестри во
Богданци, и раскажува за тешкиот почеток на монашката
заедница во тоа село.
– Во зимата толку многу капеше од оџакот, што
требаше да стоиме со чадори крај огништето. Најубавото
катче, една мала собичка, ја зачувавме за живеалиште на
Евхаристискиот Исус – за домашна црквичка. Таа куќичка
му беше посветена на детето Исус.
Сестрата Основачка сама ги однела своите три духовни
ќерки: сестра Анастасија, сестра Магдалина Костадинчева и
сестра Елисавета Магдинчина во село Богданци и ги
сместила под наем во куќата на Христо Костанаров, братот
на сестра Петрина, едно од најстарите католички семејства.
Куќата била мала и не толку удобна. Но, сестра Еврозија
сакала монашката заедница и секоја негова куќичка да се
основаат врз светото сиромаштво. Таа често кажувала дека
монашките заедници се поздрави во сиромаштво отколку во
раскош.
– Сестрите – продолжува сестра Магдалина – веднаш
се зафатија со работа. Дотогаш имаше само учител за
католичките деца. Сега работата се распредели. Ние ги
зедовме сите девојчиња и малите деца, на број околу стотина
поголемите момчиња останаа кај учителот, господин Гоне
Џишев, воспитувач од Зејтинлик. Постоеше една друга
неудобност за сестрите: училиштето беше многу далеку,

251
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

беше потребно половина час да се оди по овој пат, сестрите


и децата требаше да го минуваат четирипати дневно. Беше
најтешко кога дуваше силниот вардарски ветар. Колку пати
ангелите чувари на овие први Евхаристинки мисионерки им
ги броеја чекорите! И покрај сите неудобности, добриот дух,
мирот и радоста кои царуваа во овој евхаристински дом, ги
пленуваа сите надворешни лица. Сестрите беа многу сакани
од населението. Сестрата им дозволуваше на сестрите во
првата година, кога отвораше некоја куќа, да го посетуваат
населението во нивните куќи, за да се запознаат и да ги
привлечат нивните срца, а потоа посетите се дозволуваа
само за болните и нажалените.
– По неколкугодишен престој во куќата на Христо
Костанаров, сестра Еврозија купи место од Манолови до
самата парохиска црква и таму во 1902 година изгради мала
куќичка со четири соби, кујна, двор и градина. Истата
година за празникот на Безгрешно зачнување, влеговме во
новоизградениот дом.
Откога се среди куќата, се потрудивме да го уредиме и
училиштето. Последното не беше модерна зграда, туку една
голема просторија, преградена.
Со голема мака набавивме средства, за да преградиме
во нив неколку соби и да го ставиме неопходното.
Училиштето добро се развиваше. Го посетуваа дури и
девојчињата од повидните егзархиски семејства. Се
погриживме да ја украсиме и црквата, која беше далеку од
тоа да биде достојна за храм Божји. Но, овде во оваа црква,
посветена на нашите просветители свети Кирил и Методиј,
кон кои отец Јосиф имаше голема набожност, во малиот
Витлеем, ја служеше својата прва црковно-словенска
Литургија заедно со владиката Младенов на 20 април,
Велигден, во 1884 година. Колкупати овде тој со жар ги
држел своите проповеди! Во 1909 година заедно со двајца

252
д-р Христо Драгов

свои собраќа, мисионери тој држел осумдневни духовни


вежби од кои произлегле плодни резултати.

Сестра Еврозија ги посетува домовите по селата. На пат


за село Богданци 1902 година

253
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Оваа скромна црквичка ја има среќата да остане цела


од топовските гранати и денес сè уште постои, во која
служел отец Кирил Тодоров. Училиштето беше затворено од
српските власти во 1914 година, а куќата во 1915 година за
време на Првата светска војна. Како објект таа сè уште
постои.

Евхаристински дом на Пресвето Срце Исусово во


Гевгелија

Отворањето на овој дом станало со преместување на


новицијатот од Солун во Гевгелија, во септември во 1901
година.
Првите сестри биле: сестра М. Агнија, учителка на
послушничките, сестра Анастасија, сестра Евгенија и трите
послушнички: сестра Марта Костинарова, сестра Августина
Заова и сестра Надежда Николова.
На почетокот сестрите ја зеле под наем куќата на
Глигор Ичов, каде престојувале 4–5 години. А потоа се
преместиле во скромната куќа на дедо Миро, која имала
четири убави соби, претсобје, кујна и подрум. Исто така
имало и двор со градина.
Овде сестрите живееле до 1911 година, кога отец Јосиф
и сестра Еврозија ја купиле куќата на Андонови. Оваа куќа
била двокатна и имала седум соби, големо претсобје, кујна,
подрум и една голема просторија за одгледување свилени
буби, голем двор и градина.

254
д-р Христо Драгов

Тројцата браќа низ македонските села. Од лево на десно:


о. Јосиф, о.Мелхиор, и Франческо

255
Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати

Училиштето било отворено во 1902 година кога


конечно новицијатот се сместува во Паљурци, каде се
наоѓала, главната куќа. Тогаш во Гевгелија биле: сестра
Петрина Костанарова, сестра Ефросина Кофадарова и сестра
Онорина Казалис. Последната била Италијанка. Училиштето
се преместило во големата масивна двокатна зграда на
Мисијата. Имало голем двор, црквата се наоѓала во дворот.
Во истата зграда живеел и архиерејскиот намесник. Во
парохијата служеле двајца католички свештеници.
Првите години училиштето било масовно посетувано и
бројот на ученичките достигнал од 120–130. Меѓу нив имало
девојчиња од семејствата на повидни личности. Потоа
бројот се намалил до триесет и пет и во последните години
бројот повторно се зголемил како во првите. Ова
зголемување и намалување на бројот на ученичките се
должи на политичките влијанија во Македонија. Како и да е,
сестрите биле почитувани, а нивното образование било
многу ценето. – Родителите често им кажувале на своите
деца ќе те испратам на училиште кај сестрите за да станеш
човек.

Мало ателје во Гевгелија

Во 1911 година во градот Гевгелија сестрите основале


едно мало ателје, под раководство на сестра Онорина, која
била дипломирана шивачка. Имало пет сестри: сестра
Онорина, сестра Ефросина, сестра Макрина, сестра Луиза и
сестра Евдокија.
Гевгелиската куќа била затворена привремено само за
време на Првата светска војна, во 1916 година кога бил
евакуиран градот Гевгелија. Сестрите се прибрале кај
сестрите во Скопје. Во 1919 година куќата била повторно
отворена. Останале здрави од војната само ѕидовите без
врати и прозорци. Внатре постоела и една голема земјанка.

256
д-р Христо Драгов

Но, француските војници помогнале да се реновира куќата,


колку да може да сe живее. Две–три години по ред наместо
стакла на прозорците, сестрите имале мушами и кога
успеале да ја довршат, ги снашла друга несреќа. Во 1923
година се случил голем земјотрес, кој урнал многу куќи, а
нивната куќа била урната во целост. Слава на Бога што
ниедна од сестрите не настрадала! Две години живееле во
бараки. Благодарение на великодушната помош на Неговата
светост Папата Пиј XI, куќата била повторно поправена и
денес таа повторно постои и во неа се моли останатиот мал
број католици во овој македонски град.
Би можело многу да се каже за трите доблесни сестри
кои се наоѓаат таму, а тоа се сестрите: Маргарита Ујунџиева,
Марија Непорочна Попова и Роза Љушева, кои херојски се
жртвувале за да прават добро. Според сведочењата на
нивниот многупочитуван владика Дионисиј Нијаради, оваа
мала евхаристинска светилка ја осветувала и поддржувала
мисијата во овој мил македонски крај.

257

You might also like