You are on page 1of 80

ОС СЕ

 списание за православна вера, култура и образование 


издание број 65, година XVII, Април 2023

www.povardarska-eparhija.org.mk
О КО ОО

ОКЊЕ СОО

Насловна корица: „Христос Седржител“ - црква „Св. Петка“ Велес


Внатрешни и задна корица: Фрескоживописни претстави од Страсната Седмица во црква „Св. Петка“ Велес
ОС СЕ

сод 
† Велигденско послание - Митрополит Повардарски г. Агатангел
† Од бескрајна слобода до бескраен деспотизам
† За благодарноста
† За Светата Дева и Богородица Марија
† Да ја кажувате Исусовата молитва секој ден
† Зошто монасите заминуваат од манастир?
† Свети Агатангел Битолски
† Товит и Товија
† Патот на бракот
† Пијан командир или каде нѐ водат чувствата
† Инфантилност - 4 дел
† Болка и скрушеност
† Верата е допир
† Небо на земјата
† Православен меѓу атеисти
† Што треба да знае православниот христијанин
† Каков верник си ти со таков живот?
† Нови изданија од издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“

 ес 
Списание за православна вера, образование и култура; број 65, Април 2023
Излегува четири пати годишно.
Издавач: Повардарска епархија на Македонската Православна Црква, Велес.
Главен и одговорен уредник: Митрополит Повардарски г. Агатангел.
Уредувачки одбор: протоѓакон Влатко Стоименов, свештеник Јани Мулев,
протоѓакон Васил Ристовски, дипл. политиколог Никола Цилаков,
протоереј Игор Пармачки, ипоѓакон Александар Ѓорѓиевски.
Дизајн и компјутерска подготовка: Никола Цилаков.
Печати: „Европа'92“ - Кочани
www.povardarska-eparhija.org.mk
e-mail: info@povardarska-eparhija.org.mk

А ГА ТА Н Г Е Л
По милоста Божја Митрополит Повардарски,
до свештенослужителите, монаштвото и верните чеда на
Македонската православна црква - Повардарска епархија,
а по повод Воскресението Христово - Велигден,
испраќа мир и благослов од Бога,

Се мачевме Господи и бевме обременети. Додека од нашата


утроба го раѓавме ветрот, спасение на земјата не ѝ доставивме. Но,
Твоите мртовци ќе оживеат Господи, мртвите тела ќе воскреснат!
Разбудете се и ликувајте вие соборените во прав, зашто Божјата роса ги
нахрани сите созданија (Ис. 26, 19). Христос воскресна од мртвите и
стана првороден меѓу умрените (1 Кор. 15, 20).

Драги браќа и сестри!


Воскресението Христово, претскажано од пророците и утврдено
преку проповедта на апостолите, стана аголен камен на сето наше
учење, на сета наша вера и надеж. Сите дела Божји, сите Негови чуда
и зборови, добиваат целосно објаснување и вреднување само преку
Христовото воскресение. Затоа, при секоја неделна богослужба,
Велигден е празникот на кого со радост се сеќаваме и на кого постојано
како православни христијани се навраќаме. Без правилна вера и
живот во Воскреснатиот Господ Исус Христос, човекот засекогаш ќе
остане во канџите на смртта. Спасителот дојде во нашиот свет за да
воскресне како Победител, и да ни го осветли патот што ќе нè одведе
во вечното небесно живеалиште. Он ни ја дарува Благата вест, во која,
како најголема скапоценост, е зачуван Неговиот прекрасен лик. Он го
преобрази и очисти човечкото тело, а откако воскресна од мртвите, го
постави да седи од десната страна на Отецот, со што за навек, ние како
човештво, го добивме своето највисоко и најценето достоинство.

Возљубени мои духовни чеда!


Без Христовото воскресение - сè е само привид и заблуда.
Воскресението е настанот кој ги осветлува и осмислува сите постапки
на Богочовекот. Воскресението е опредметнување на евангелските

4 Број 65, година 17, Април 2023


зборови и поуки, тоа е оверено
сведоштво од Господа дека
смртта е обессилена, дека
светлината засекогаш ќе владее
врз темнината. Ниту една
неволја повеќе не е разорна
и убиствена, зашто човекот е
создаден да постои во вечноста.
Кога целосно ќе навлеземе во
Христовата вистина, кога ќе се
опкружиме и утврдиме во неа,
таа непрестајно ќе расте и ќе се
оплодува во нашата внатрешност,
ќе биде едно со нашата волја,
ќе стане благотворен расад во
нашата душа. Христос е нашето
изобилие, нашиот непресушен
извор на добрина и убавина. Он
секојдневно нè богати со сјајот
што заблеска од гробот. Ние сме
апостолите кои жедно ја чекаат
утехата за своите солзи, ние
сме жените мироносици кои
и во добро и во зло во своите
срца го чуваат својот возљубен
Учител. Без Воскресението
на Богочовекот, без Неговата
чудотворна сила и премудрост,
кој би ги утешил несреќните,
кој би им дал храброст на
обессилените? Ако во светот
не беше внесен неизгасливиот
оган на новозаветната вера,
секој христијански подвиг
ќе ја загубеше својата сила.
Воскресенската светлина, како
со сончевите зраци ги заблескува
сите народи на земјата, а од
пред земјините хоризонти се
истерува мракот кој постојано се
надвиснува.

www.povardarska-eparhija.org.mk 5
Воскресението е сведок дека Бог, во секое време и во секој час, е
постојано со нас присутен. Светата литургија е вечен спомен за смртта и
воскресението Христово. Преку Светата причест стануваме верни чеда и
следбеници на Воскреснатиот Бог. Со вкусувањето на Неговото пречисто
тело и на Неговата чесна крв ние го наследуваме Неговото царство, кое
е изградено врз темелот од љубовта. По воскресението Христово, смртта
престана да биде ужас и проклетство за човековата природа. Повеќе не
умираме како осудени, туку како оние што еден ден треба да воскреснат.
При општото воскресение на мртвите ќе го видиме Бога лице в лице, за
нас смртта не е конечен крај, туку можност за вечен живот и спасение.
Богочовекот е родоначалник на новото човештво, со Неговото
воскресение се отвора патот за воскресение на сета човечка природа,
на секој човек посебно. Во воскресението на Господа го имаме залогот
на нашето воскресение. Христос воскресна и ни подари простување
на гревовите и голема милост. Христос воскресна и го исполни целиот
свет со радост, а на човечкиот род му ја даде правата љубов. Христос
воскресна и ја победи смртта, го уништи пеколот, ја обнови, просветли
и овековечи човечката природа, го спаси светот и сè што дише во него.
Затоа овој ден е ден на деновите, исклучителна ноќ меѓу ноќите, празник
на празниците, радост за верниците.

Возљубени мои Македонци и Македонки!


Не дозволувајте некој да ни го одземе она што сме. По вера сме
биле православни христијани, а по род Македонци, тоа и ќе останеме.
Во последно време нашата татковина Македонија крвари од повеќе
отворени рани, но сега е правиот момент да ги насочиме своите
мисли кон воскресението, да ја сфатиме и усвоиме неговата вистинска
содржина. Само така можеме да бидеме народ на Живиот Бог, само така
ќе го добиеме Неговиот спасоносен благослов. Над нашите глави силно
се надвиснати темните облаци на гревот и неморалот. Упорно некој
сака да нè прекрши и одвнатре и однадвор. Од ден на ден тонеме во
апатија и незаинтересираност за духовната состојба на нашите души.
Секојдневно пред нашите очи се парадира со пароли полни со антиморал
и антихристијанство. Некој горделиво се умислил дека е господар на овој
свет и дека е повикан да управува со нашите мисли и да ги контролира
нашите постапки. Во неговиот демонски план е зацртано целосното
обезличување на личноста, распадот на семејството, уништувањето
на човековиот идентитет и достоинство. Од Бога утврдените норми и
правила, уште од создавањето, треба да се преиспитаат и конечно да
се пречкртаат. Мажот нема да биде повеќе маж, а жената нема да биде
повеќе жена. Некој со сиот памет се дрзнува да си ја земе улогата на

6 Број 65, година 17, Април 2023


моќен седржител. Но како резултат од неговите недела насекаде ќе биде
посеана смртта и несреќата. Ваквите горделивци и духовни чудовишта
упорно работат против човештвото. За нив сè е дозволено, она што е
испревртено и неприродно за нив е достојно за пофалба. Ова според
нив треба да биде и озаконето. Како општество, место да се грижиме за
сè поизразената стапка на чедоморство, или за тоа што нашите млади
луѓе сè помалку стапуваат во брак, што градовите ни остануваат без
млада популација, ние својата духовна енергија ја трошиме на нивните
бесмислици. Селата ни се осипуваат, нивите ни се неизорани, домовите
ни се разурнати, на овие прашања треба да го насочиме нашето
внимание. Во опасни времиња живееме. Сега злото се прогласува
за добро, а доброто за зло. Гревот станува прифатлив за секого и се
прогласува за нешто модерно и нормално. Наместо примери за чесност,
доблесност и одговорност, на младите им се нудат лажни идоли и
антихерои, наместо живот достоен за воскресение, ни се предлага тивко
умирање во бездната на невратот.

Драги браќа и сестри!


Голема е моќта на верата. Кој го има Синот Божји, тој го има и самиот
живот. Не сме сами! Воскреснатиот Спасител, преобразен во Божјата
слава, е постојано присутен меѓу нас. Додека ја гледаме светлината од
Неговото воскресение и самите доживуваме сила и утеха. Иако понекогаш
сме уморни од секојдневните таги, стравови и несигурности, не смееме
никако да заборавиме на новиот живот кој нè очекува. Не смееме да
заборавиме на нашата непосредна заедница, на нашите семејства кои
имаат потреба од љубов и блискост, од радост и утеха. Искрено да му
се предадеме на мирот Божји, кој во татковска сигурност го чува секој
човек на овој свет. Овој Велигден нека ни биде радосна и лична средба
со Живиот Бог. Само споделената радост е вистинска радост! Посакувам
секој од Вас да ја доживее радоста на простувањето. Бог нека Ве исполни
со благодат и нека Ви дава сила за храбро да истраете во сите предизвици
со кои ќе се соочите. Велигденската благодат нека го проникне секое
срце, секоја мајка, секој татко, секое дете, секој слаб и болен човек,
секоја душа која бара надеж и смисла во овој живот.
Господ нека Ве благослови и нека ги излее врз Вас сите Негови
благодатни дарови!

Христос Воскресе! Навистина Воскресе!


Во Велес, на Велигден, 2023-то лето Господово

www.povardarska-eparhija.org.mk 7
ОД БЕСКРАЈНА СЛОБОДА ДО БЕСКРАЕН ДЕСПОТИЗАМ

Ш том некој политичар или невладин активист ќе се повика на


секуларноста на државата и ќе каже дека црквата треба да
се држи настрана од некои битни општествени прашања, тогаш на
сите ни е јасно дека во заднина подмолно се турка некој закон што
вообичаено е спротивен на основниот морал и етика. Секуларноста по
дефиниција е одвоеност на црквата и верските заедници од државата
и се разбира никој од нас не го доведува тоа во прашање, но сепак, од
осамостојувањето на Македонија до денес, некој упорно ја наметнува
и злоупотребува оваа тема.
Секогаш кога црквата или нејзините претставници јавно ќе се
изјаснат или барем ќе се обидат да искоментираат нешто што ги засега
сите во оваа земја, како пепел по вулкан ни се фрла во очи токму оваа
тема, која има цел да ги измести фокусот и вниманието на народот
од основниот наратив што ни се предложува. Според заговорниците
и поклониците на строгата секуларност, општественото уредување,
и духовното здравје на нашата околина треба да им го препуштиме
на некакви политички самозванци, кои патем се сметаат себеси за
неприкосновени и специјализирани да коментираат, одлучуваат и да
го контролираат сето она што посредно и непосредно нè опкружува.
Црквата, според нив, максимум треба да биде декор во општеството,
некаков безличен ентитет окован во ѕидините на храмовите, кому
со закон, а по потреба и со пендрек, треба да му биде забрането и
оневозможено да го каже своето мислење во јавниот простор.
Замолкнувањето на црквата не е некоја нова идеја, впрочем вака
било отсекогаш. Истото тоа го правеле и моќните императори и кнезови,
и обичните велможи и крвавите диктатори, но и т.н. демократи со сите
нивни либерални сфаќања и идеологии. Тогаш кога немало да биде
послушна црквата, почнувале прогонствата, физичките елиминации и
подмолните дворски игри на државните врхушки. Ваква е структурата
на оној што бива опиен од моќта, на горделивците, на оние што мислат
дека знаат повеќе од другите, па затоа и имаат мал капацитет за
соработка. Ваквите луѓе ги протеруваат од својот видокруг сите оние
со кои априори не се согласуваат и спрема кои имаат предрасуди, па
на секој чекор во старт ги шиканираат како небитни и помалку вредни.
Од оваа основа почнува да се гради тоталитарниот дух. Вака, давејќи

8 Број 65, година 17, Април 2023


се во баналноста на злото, биваат оправдувани концентрационите
логори и сите страдања на невините луѓе.
Живееме во време кога либерализмот е прогласен за божество.
Неговата појдовна точка е бескрајната слобода, која на крајот
неминовно завршува со невиден и бескраен деспотизам. Типичен
пример за ова што го зборувам е новиот закон за родова еднаквост, кој
моментално е во фаза на подготовка. Нему му кумуваат сомнителни
невладини организации, заслужни за шареното лудило што со години
нè прогонува, и државата, односно власта оличена во надлежната
министерка, за која сум сигурен дека нема никаква лична идеологија,
туку е контролирана марионета во рацете на добропромислениот и
демонизиран западен прогресивец.
Овде, скриено од очите на јавноста, се прават обиди да биде
преструктурирана не само перцепцијата за светот и човештвото туку
и сето она што е од Бога дадено како природен закон. Она што од
почетокот, од самото божјо создавање е утврдено и благословено,

www.povardarska-eparhija.org.mk 9
сега треба да се поништи и повторно да се пресоздаде. Мажите не
се повеќе мажи, жените не се повеќе жени, а родот и полот не се
природна зададеност, туку се лично и субјективно сознание.
Малку иронично, но на крајот ќе излезе дека кумот е најголемиот
злосторник, бидејќи без дозвола на крштевката избира машко или
женско име, со што трајно го определува родовиот идентитет.
Комично, но лудоста секогаш на крајот завршува во бесмислата.
Овие луѓе, водејќи се од своите месијански заблуди, изгледа не се
ни свесни во каков експеримент ни го втурнуваат општеството. За да
се спроведе ваков радикализам, чесно би било претходно да биде
покажан и презентиран барем еден добар пример, кој колку толку ќе
биде проверен низ искуството, пред да ни бидат заразени децата со
неговата содржина. Работата е сериозна, овде воопшто не станува збор
за некакви човекови права, туку за отворено спротивставување и на
Бога и на природата. Нека не нè замајуваат со некакви феминистички
идеали, со некакви исправања неправди од минатото. Овде намерата
е сè да биде помешано и општеството да се доведе во хаос, а
налудничавоста и настраноста да ја победат нормалноста.
Што да очекува нормален човек од зацарената лудост, која во
својот закон ќе предвиди стриктни казни и репресии? Се разбира,
секој што ќе има спротивно мислење од утврденото ќе биде гонет
и прогонуван. Прогонот ќе биде озаконет, христијаните ќе бидат
повторно по пропис распнувани на крст, а модерните фарисеи
ќе си го манипулираат новиот Понтиј Пилат, кој иако е донекаде
свесен за неправдата што неминовно ќе мора да ја спроведе, сепак
церемонијално, пред очите на целиот народ, ќе си ги измие рацете.
Ова ќе биде нашето секојдневие кога конечно гревот ќе се озакони.
Законот за родова еднаквост е нова фарисејштина, и ништо
друго. Тој во својата суштина е длабоко лицемерство, кое во име на
слободата насекаде ги посадува никулците на смртта и непостоењето.
Од спроведувањето на овој закон единствена добивка ќе имаат
неговите творци и идеолози, кои во име на ситен и гнилежен профит
се подготвени да го претворат во духовна депонија целото македонско
општество. Тие ќе си профитираат, а нам за век и веков ќе ни бидат
извалкани и рацете и душата. Затоа, итно е потребно на ваквите луди,
непроверени и погубни експерименти одлучно да им застанеме на
патот. Пред плиткоумноста, наивноста и глупоста не треба да се молчи,
па макар биле искажани и од една министерка.

10 Број 65, година 17, Април 2023


Покрај сите шокантни настраности со кои е наполнет овој закон,
најмонструозна е одредбата дека дури и малолетници ќе имаат право
непречено да си го определат полот. Не просто да си го сменат, туку да
си го определат. Со ваков човечки распад досега не сме се сретнале.
Оние што треба да одлучуваат и да гласаат за овој закон нека си се
прашаат: Ќе му одобрам ли на своето дете самото да појде во полиција
и да си го промени изводот? Најпрво нека бидат чесни пред себеси,
па потоа нека одлучуваат за сите нас. Интенцијата на овој закон не е
да унапреди некои запоставени права, туку напротив, ќе им нанесе
неправда на сите оние што барем малку држат до основната етика
и морал. Сите ќе бидат повредени: и мажите и жените, и старците и
децата.
Единствениот мотив на нашите политичари што сакаат на мала
врата и нечујно да ни го протнат овој закон е да ѝ се додворат на Европа
и да покажат дека ние сме поголеми Европејци од нив. Ваков мотив
може да се крие само во духовен и интелектуален провинцијалец, кој
излегува покомичен од жабата што ја крева својата нога гледајќи како
го потковуваат коњот. Но нам добро ни е познато дека целта на овие
демонски операции е да се земе душата на народот, да се завладее
и манипулира со неговата свест. Народот треба да биде ставен во
целосна покорност и апатија, да му се уништи сеќавањето, да му се
одземат сите негови проверени уверувања, секоја негова традиција,
неговата чиста вера. Дури тогаш некој ќе може успешно да владее и
со умот и со телото, во секоја смисла, и во духовна и во материјална.
Црквата секогаш им била верна и кротка мајка на Македонците,
таа низ историјата воопшто не се плашела да си ги каже своето мислење
и постојано во доброто да го упатува својот народ. Црквата е совест на
македонскиот народ и нема страв од никого, освен од Бога. Нашиот
темел во изминатите две илјади години се спасоносните евангелски
начела и добропроверените духовни примери на светите отци. Нас
христијаните ништо не може да нè изненади. Ние сме подготвени
на сè. Знаеме дека кнезот на овој свет го мрази човештвото, кое е
создадено според образот божји, и дека никогаш нема да престане
со своите клевети, напади и исмевања. Но Бог е голем, Он нема да
дозволи да погине ниту едно од Неговите најмали созданија.

Митрополит Повардарски
† Агатангел
(Колумна за весникот Нова Македонија)

www.povardarska-eparhija.org.mk 11
За БЛАГОДАРНОСТА
(беседа на Велики Четврток)
Митрополит псковски и порховски ТИХОН (Шевкунов)

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!


Денешниот ден ни зборува за различноста помеѓу личноста
која е на патот кон Бога и личноста која е на патот далеку од Бога.
Што е разликата помеѓу бестелесниот дух кој го нарекуваме ангел
и бестелесниот дух кој го нарекуваме демон? Денешниот ден ни
зборува за една голема мистерија и еден од најголемите клучеви за
човековото постоење. Оваа мистерија и клуч, како и разликата помеѓу
демонот и ангелот, помеѓу слугата и непријателот Божји, можат да
се најдат во еден единствен збор – „Евхаристија“ (на грчки) или, во
превод, „Благодарност“ („благодарење“).
Душата која е способна да благодари кон Бога ќе биде спасена.
Душата која не е способна да благодари на Бога – занемарувајќи го
животот кој од Него го добила, занемаруваќи ги сите благослови, и
искушенијата кои на таа душа ѝ даваат мудрост – се осудува себеси на
истата судбина на која и наблагодарните духови, бестелесните битија
кои ги нарекуваме демони, се осудиле себеси. И неблагодарниот се
прави себеси како демон, и како Јуда. Ако во Четвртокот внимателно ја
слушавте вечерната и утринска богослужба за евангелските случувања
во петок, многупати ги слушнавте зборовите: „неблагодарен Јуда“,
„неблагодарен еврејски совет“ и „неблагодарно човештво“.
Евхаристијата е благодарење, заедничка служба за благодарност
кон Бога. Тоа мораме да го сфатиме, осетиме и искусиме, дури и
ако човечкиот живот – од секојдневно и световно гледање – е тежок
и напорен. Не е случајно што во едно од денешното старозаветно
читање го слушнавме разговорот на Јов и Господ Бог. Јов бил човек кој
претрпел страшни искушенија, од лишување и загуби. Бог го прашува:
Каде беше кога ја основав земјата (Јов. 38,4)? Кога вие самите влеговте
во овој живот, од небитие во битие? Можете ли да се замислите
себеси без Божјиот план за вас? Не, не можете. И не ви преостанува
ништо друго, освен да верувате во Божјата љубов; да верувате како
и апостолот Павле што око не виде, што уво не чу, што во човечкото
срце не дојде, тоа Бог го приготви за оние што го љубат (1.Кор. 2,9).
И Јов во своето срце ја пронашол евхаристијата – благодарноста кон

12 Број 65, година 17, Април 2023


Бога, заедница на Телото и Крвта Христови, кон кои сите денес ќе
пристапиме, а во која што суштина се зборовите на Спасителот: зеде
леб во Своите свети, пречисти и непорочни раце и откако заблагодари
– за крстот, за ругањето, отфрлањето, предавството од Неговите
ученици и страдањата кои го чекале; за тоа што ќе се случи со Неговото
Царство во иднина – после тоа, Он го прекрши лебот и им даде на
Своите ученици со чаша вино, со Тело и Крв (Лк. 22,19-20).
Во тоа е суштината на молитвата, суштина на христијанството –
молитвата, еден од светите отци ги кажал овие искучителни зборови.
Луѓето многу често прашуваат: „Како да се молиме? Што е молитвата?
Научи нѐ да се молиме“. Овој свет отец многу едноставно одговорил:
„Да се молиш значи да благодариш“. Едноставно и јасно. Но, наша
задача е да ги сфатиме овие зборови кои овој голем подвижник ги
кажал, а кои произлегле од неговото аскетско искуство, од неговата
мудрост и од сѐ што искусил и сфатил; преземете од неговото срце,
кое било исполнето со Божја благодат.
Дали сме благодарни на Бога? Нека секој си одговори на тоа во
своето срце. И ако си одговориме искрено и чесно, ќе се сетиме дека
нашето срце може да биде благодарно кон Бога, но може да биде и
рамнодушно; може да биде и полно со гнев и неблагодарност. Изборот
зависи од самите нас. Не постои ништо пострашно – а тоа го знаеме од
сопственото искуство – од неблагодарноста.
Колку родителски срца биле скршени кога со ужас сведочеле што
детето кое го одгледале, бескрајно сакале, на кое му дале сѐ од себе,
но во кое не успеале да го всадат чувството на благодарност, немало
благодарност за сѐ што направиле. Но, не можете да ги направите
благодарни.
Јуда направил гест на благодарност – надворешен гест: го бакнал
својот Учител, но срцето му било исполнето со зло, гнев, непријателство
и неблагодарност. Но разбојникот, на кого се сеќаваме во истиот
напев во службата за неблагодарниот Јуда, одеднаш го исповедал
целиот свој живот додека страдал на крстот и видел Човек, исто така
распнат. Гледајќи го големото Господово смирение, кротост, љубов
и благодарност кон Бога, тој во Него го препознал Синот Божји и тоа
што многу, многу студенти на теологија не можат да го препознаат –
го препознал како Човек на Кој би можел да се обрати за прошка на
своите гревови; препознал во Него, во овој збунет и презрен, распнат
Цар на Вселената, Син Божји, и рекол: Спомни си за мене, Господи,
кога ќе дојдеш во Царството Свое. Овој разбојник пател, но во неговото

www.povardarska-eparhija.org.mk 13
срце немало гнев против Царот на Вселената; немал гнев против Оној
кој дозволил тоа страдање да му се случи нему, на разбојникот.
Луѓето имаат различни таланти, ама на сите им е даден
талантот на благодарноста. Само, некои го закопуваат во земја, а
други ги зголемуваат и стократно ги враќаат на Бога. Пазете се од
неблагодарни луѓе! Ако видите неблагодарна личност, молете се за
неа, не осудувајте ја, зашто осудувајќи ја паѓаме во истиот грев, а и
така сме многу често и самите неблагодарни на Бога, на своите сакани,
дури и на најблиските, на други познати луѓе, а и на нас непознати. Но
пак, пазете се од неблагодарни луѓе. Родители, учете ги своите деца
да бидат благодарни. Ова е најважната работа која можеме да им ја
всадиме. Не зборувам од надворешно знаење. Туку духовно, своите
деца морате да ги научите на вера и благодарност, а сѐ останато ќе
им биде дадено. Но, ако се противите, и сметате дека благодарноста
треба сама да расте во срцата на вашите деца, многу се лажете. Ѓаволот
нема да седи со скрстени раце, но ќе почне да ја всадува својата

14 Број 65, година 17, Април 2023


каректеристична неблагодарност во срцата на вашите деца. Ќе ги
соберете плодовите од своето недејствување, и најстрашните човечки
грешки – неблагодарењата, кои ќе ве вознемират и ужаснат. Дури
после долги и страшни искушенија, кога многу малку од тоа може да
се промени, вашите деца ќе ги признаат своите грешки. Но, како што
добро знаете, тоа секогаш е прекасно.
Истото важи и за нас, во нашиот однос кон Бога. Нема претерано
да морализираме, оти сите знаеме што Господ очекува од нас. Смирено
и кротко, Он вели: Сине мој, дај ми го срцето свое. Тогаш замолчи и
не зборувај повеќе. Сепак, кажал што очекува од човек. Создавајќи
благодарност во себе, создаваме духовен живот во себе и постануваме
синови и ќерки Божји; стануваме христијани. Пристапувајќи кон
Светиот путир, главната работа која христијанинот кој се подготвувал
за причест ја доживува е чувството на благодарност кон Бога за сѐ
познато и непознато, за сето тоа што го разбираме и не го разбираме,
што Господ му го дава на светот и нам. Во тоа е или нашата вера или
нашата невера.
А што се однесува на другите луѓе, тоа е како што еднаш рекол
архимандритот Јован (Крестјанкин): „Треба да ги сакаме луѓето, а
дали тие нѐ сакаат нас или не – не е наша грижа“. Овде можеме да
ја повториме истата работа – треба да им бидеме благодарни на
сите луѓе кои ќе ги сретнеме на нашиот животен пат, а дали тие ни се
благодарни или не, дали ја покажуваат својата благодарност или не (а
срцето тоа непогрешливо го фаќа) исто така не е наша грижа, колку и
да е болно тоа да се каже. Ние треба да водиме сметка, како што вели
отец Јован, за тоа ние да бидеме благодарни, без оглед на сѐ.
Нека на сите ви е честит Велики Четврток и фактот дека денес
сите ќе ја прославиме таа благодарност кон Бога, таинствена, а толку
важна за привремениот и вечниот живот на човекот, Евхаристијата –
заедницата на Телото и Крвта на Господа и Бога и Спасителот наш Исус
Христос. Амин!

Превод: Свештеник Драги Гаштарски

www.povardarska-eparhija.org.mk 15
ЗА СВЕТАТА ДЕВА И БОГОРОДИЦА МАРИЈА
Свети Јован Златоуст

С ите празници во чест на мачениците, кои потсетуваат на


блесокот на ѕвездите, се достојни за внимание. Како ѕвезди на
небото стојат непоколебливо на небото, и според различното
растојание се претставуваат како една поголема од другата, и го
осветлуваат сиот круг на земјата, при што една и иста ѕвезда за
Индијците е видлива, а за Скитите не се сокрива, на континентот
блеска, и морето го осветлува, и им го покажува патот на морепловците,
нивните многубројни имиња ние не ги знаеме, но на убавината и на
нивниот блесок се восхитуваме – така и секој од светите. Всушност,
иако нивните остатоци се затворени во гробовите, но нивната сила не
се ограничува на поднебесните предели. А дека кажаното е вистина,
ти можеш да се убедиш на дело. Палестина ги има останките од
Авраам, а неговиот шатор го зема местото на рајот, затоа што Бог, Кој
таму го осуди Адама, овде беше примен од патријархот во вид на
гостин. Една пештера ги содржи во себе коските на Јосиф, и краиштата
на вселената се восхитуваат на неговите подвизи во Египет. Мојсеевиот
гроб останува за нас непознат, но без оглед на тоа и неговата смрт се
возвестува за тоа, дека тој со жезлот го разделил Црвеното море. Каде
е погребан Исаија не знаеме, а сета Црква според неговото пророштво
возгласува: „Ете, Дева во утробата ќе прими и ќе роди Син“ (Иса. 7,14).
Даниил во Вавилон е погребан, и за цела земја возвестил: „Ете како да
оди на облаци Синот човечки“ (Дан. 7,13). Ананија и децата кои беа со
него во Вавилон починаа; но сета вселена според нивниот пример
секојдневно повикува: „Благословете го, сите дела Господови, Господа“
(Дан. 3,57). Језекиил во Персија бил предаден на земјата, но повикува
со херувимите: „Благословена е славата на Господа од своето место“
(Језек. 3,12). На тој начин ѓаволот не добил никаква полза, умртвувајќи
го Адама во рајот, затоа што Бог преку смртта им ја отворил на
праведниците вратата кон полната слобода. Но, колку и да се достојни
за восхит гробовите на светите, меѓутоа, ништо не е толку славно, како
денешниов празник. Авел се спомнува поради жртвата, Енох е
почитуван затоа што му угодил на Бога, Мелхиседек се слави над сите

16 Број 65, година 17, Април 2023


затоа што потсетува на
образот Божји, Авраам е
пофалуван поради верата,
Исаак е превознесуван
поради својот Првообраз,
Јаков е уважуван поради
борбата, Јосиф е почитуван
за своето целомудрие, Јов е
ублажуван за трпението,
Мојсеј е благословуван како
законодавец, Исус Навин е
прославуван како воен
началник, Сампсон е
убажуван како собеседник
Божји (оној кој зборува со
Бог), Илија се посведочува
како ревнител, Исаија се
изобразува како богослов,
Даниил е почитуван како
мудрец, Језекиил служи како
предмет за восхит како
созерцател на тајните, Давид
се прославува како отец на
таинството по плот, Соломон
заслужува восхит како
Мудрец; но ништо не може да
се спореди со Богородица Марија. Оној, Кого сите тие го виделе во
загатки, самата таа го носела во утробата воплотен; и ништо не го
попречило неискажливиот домострој на Бог Словото. Бременоста?
Но, страдањето е материјално, а Словото е туѓо на страдање и
бременост. Длабочината на таквото понижување? Но, Божеството не е
ограничено. Нечистотија? Но, откако ја преобразило, Тоа не примило
нечистотија, и воплотувајќи се во неа, и раѓајќи се од неа, не се
осквернило, туку напротив, човекољубието поголема слава му
принесува на Царот. Раѓањето? Но, тоа не го намалило Оној, Кој е
беспочетен. Поврзаното со раѓање воплотување? Но, божествената

www.povardarska-eparhija.org.mk 17
природа не претрпела измени. Он имал мајка по плот, но Он не го
изгубил тоа својство, дека бил без мајка по божество. Јаслите? Но, Он
не се лишил од прегратките на Отецот. Пештерата? Но, Троица никогаш
не го оставила престолот. И така, кај луѓето не може да се најде ништо
слично, како Богородица Марија. Прегледај го, човеку, со мислите сето
создание и види, има ли нешто рамно или поголемо од Света
Богородица Марија? Обиколи ја земјата, погледни го морето, испитувај
го воздухот, испитувај ги со мислите небесата, размисли за сите
невидливи сили и кажи, има ли некое друго слично чудо во целото
создание? Небесата ја објавуваат славата Божја, ангелите служат со
страв, архангелите се поклонуваат со трепет, херувимите, не
поднесувајќи – треперат, серафимите не пристапуваат, но, летајќи
наоколу со трепет, воспеваат: Свет, свет, свет е Господ Саваот! Сета
земја е исполнета со Неговата слава“ (Иса. 6,3)! Морето се стресе од
Неговиот глас, облаците со трепет му послужија со кочијата при
вознесението на небесата; сонцето, не поднесувајќи ги Неговите
понижувања, се помрачи; адот од страв ги исфрли умрените. Стражата
од страв, кога Те видела, паднала ничкум, планината со Твоето доаѓање
почнала да чади, трновата грмушка, не поднесувајќи да те гледа, се
запалила, Јордан откако се исплаши, се врати назад, морето се
исплаши од жезолот, па се раздели, потчинувајќи се на Господовиот
удар, жезолот Аронов поради изобразување и против својата природа
расцвета, огнот во Вавилон се посрамотил од бројот на Троица. И ете
наброј ги сите овие необични појави, и проникни со восхит во победата
на Дева: Имено, Оној Кого сето создание со страв и трепет го воспевало,
Него Таа самата необјасниво го зачнала во својата утроба. Преку неа
блажени се сите жени: женскиот род повеќе не се наоѓа под
проклетство. Таа имала таква фиданка, благодарение на Која ги
надминала според славата и ангелите. Исцелена е Ева, зауздана е
египтјанката, погребена е Далида, предадена на заборав е Језавела,
заборавена е Иродијада: сега имињата на сосема други жени служат
како предмет за внимание. Пофалувана е Сара, како обработена нива
на народите, со чест е удостоена Ревека, како итра посредничка на
благословот, достојна за внимание е и Лија, како мајка по плот на
прародителот, пофалувана е Девора, која и покрај женскиот пол ја
водела војската, ублажувана е и Елисавета, бидејќи благодатно го

18 Број 65, година 17, Април 2023


примила биењето на срцето на Претечата во нејзината утроба, достојна
за поклонение е и Марија, затоа што стана мајка, и слугинка, и облак,
и брачна одаја, и кивот за Господа. Таа била мајка, затоа што го родила
Оној Кој посакал да биде роден; слугинка – затоа што мораме да ја
признаваме нејзината природа, која проповеда за даруваната ѝ
благодат; облак – затоа што од Светиот Дух го зачнала Оној, Кого без
болки го родила; брачна одаја – затоа што во неа пребивал Бог Словото,
како во брачна одаја; кивот – затоа што таа не го носела законот, а го
сместила во себе Законодавецот. Затоа да ѝ речеме: „Благословена си
ти меѓу жените“: ти самата си ја исцелила маката на Ева, самата си ги
избришала солзите на расплаканата, самата си принела цена за
искупување на светот, тебе самата ти бил доверен скапоцениот бисер,
ти самата си зачнала без похот и си родила без болки, самата си го
родила Емануил, како што Он Самиот благоволил. „Благословена си Ти
меѓу жените, и благословен е плодот на Твојата утроба“ (Лука 1,42), не
семе – туку цвет, не страст – туку блесок, не создание – туку сопрестолен
на Отецот, не слуга – туку сонце, не песок – туку Оној, Кому му се
поклонуваат, не создание – туку Искупител, а не должник.
„Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на Твојата
утроба“! Доволно за сите те пофалил пророкот, кој воскликнал: „Ете,
Дева во утробата ќе прими“. Тој укажал на чудото и премолчил за тоа,
на кој начин ќе се изврши. „И ќе роди Син“. Укажал на раѓањето, но не
го нарекол незаконско. „И ќе му дадат име: Емануил“ (Иса. 7,14).
Раскажал за тајната и згрмел за името. „Што значи: со нас е Бог“ (Мат.
1,23). Го претскажал родениот Бог и ги замолкнал устите на Јудеите.
„Со нас е Бог“, и згаснала заблудата, со нас е Бог, и обрезанието е
ограничено, со нас е Бог, и демоните побегнале, со нас е Бог, и ѓаволот
е ничкосан, со нас е Бог, и купелот (крштелен) не престанува да
преродува, со нас е Бог, и царевите ја чуваат побожноста, со нас е Бог,
и црквите се претесни од многу народ, со нас е Бог, и смртта стана сон,
со нас е Бог, и мртвите, радувајќи се на слободата, воскликнуваат: „Не
ангел, ни застапник, туку Самиот Господ дојде и нѐ спаси“ (Иса. 13,9)!
Нему слава во сите векови.

Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев

www.povardarska-eparhija.org.mk 19
ДА ЈА КАЖУВАТЕ ИСУСОВАТА МОЛИТВА СЕКОЈ ДЕН
Архимандрит Георгиј Капсанис

К олку почесто христијанинот ја кажува умствената Исусова


молитва „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене
грешниот/грешната“, толку повеќе ќе ја прима благодатта на Светиот
Дух, мир во душата, просветление во умот и сила за да се успее во
секојдневната борба на животот.
Оваа молитва не може секој да ја кажува, доколку ја нема
благодатта на Светиот Дух, бидејќи словото Божјо вели: „Никој не може
да Го нарече Исуса Господ, освен преку Светиот Дух“ (1.Кор. 12,3).
Значи, ниту еден човек не може да Го нарече Исус Христос – Господ
и Бог, освен ако ја има благодатта на Светиот Дух.
Благодатта на Светиот Дух ја примивме при нашето Свето
Крштение.
Сите крстени христијани се духоносци, но може да ја имаат
благодатта во нив закопана и недејствена или жива, да ги осветува и да
ги облагодатува.

20 Број 65, година 17, Април 2023


Човек кој не се моли, кој не живее во Црквата, кој не се исповеда,
кој не се причестува, кој не ги запазува заповедите Божји, а е крстен, ја
има благодатта на Светиот Дух во себе, но недејствена.
Не дејствува благодатта.
Штом човек ќе почне да се моли, да се исповеда, да се причестува,
да врши дела Божји, заповедите Божји, почнува благодатта да дејствува,
и човекот се просветлува, осветува, очистува и спасува.
Умствената молитва „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј
ме мене грешниот“ многу ни помага за да можеме и ние да ја имаме во
нас благодатта Божја дејствителна и за да ја чувствуваме.
Наутро кога се будиме, заедно со вообичаените секојдневни
молитви „Цару небесен... Пресвета Троица... Отче наш...“, да ја кажуваме
повеќе пати и умствената молитва, осенувајќи се со крсниот знак:
„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот“.
Во текот на денот колку што можеме: „Господи Исусе Христе, Сине
Божји, помилуј ме мене грешниот“.
Кога имаме некое искушение, некоја лоша мисла ни доаѓа во
умот: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот“,
за да замине оваа лоша мисла.
Кога имаме некоја грижа, некоја безнадежност, некоја тешкотија,
веднаш да кажуваме: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме
мене грешниот“, со смирение, со вера, и ќе дојде мирот во душата.
Штом во семејството ќе се случи некој скандал, некоја поделба,
некој неред: „Господи Исусе Христе, помилуј нѐ“, „Господи Исусе Христе,
просветли ни ги децата“, „Господи Исусе Христе, помири нѐ“, и ќе дојде
благодатта, благословот и мирот.
Сите христијани кои ги советувавме да ја кажуваат оваа молитва,
а особено кога во семејството има проблеми, сите ни кажаа дека со
молитвата целото семејство се смирува, децата се просветлуваат, светот
станува подобар и доаѓа поблизу до Христа.
Сега кога ќе си заминете од Света Гора, сочувајте го, ако сакате,
како една скапоцена придобивка тоа, колку што можете почесто да се
обидувате да ја кажувате умствената молитва: „Господи Исусе Христе,
Сине Божји, помилуј ме мене грешниот“.
Не мора човек да е заклучен во својата соба или да е во црква.

www.povardarska-eparhija.org.mk 21
И во автомобилот додека вози, и на патот додека чекори, и на
работа додека работи, може да го има својот ум во Бога и да се моли:
„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот“.
Постои една многу убава книга, која ви препорачувам да ја
прочитате, се вика „Богобарател“ (или „Раскази на еден поклоник“),
која го опишува животот на еден руски поклоник, којшто во минатиот
век, имајќи голем копнеж за Бога во своето срце, посака да го научи
методот на оваа молитва.
Патуваше на многу места и најде свети старци кои го подучија на
оваа добродетел.
Ако ја читате оваа книга, ќе видите и вие како треба да се кажува
оваа молитва, и се разбира, не само со устата, туку и со умот и со срцето.
Бидејќи кога молитвата е во срцето, тогаш е почиста, автентична,
вистинска, и тогаш ѝ носи и голем мир на душата.
Ако сакате, пробајте и ќе видите, колку мир ќе дојде во вашата
душа и колку радост ќе добиете.
Можете сите, мали и големи, да ја научите оваа умствена молитва:
„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот“.
Во Црквата имаме орудија за да бидеме среќни, но не ги
користиме, затоа и немаме радост во нашиот живот.
Но, ако ја имаме умствената молитва, ќе имаме и вистинска
радост.
Ви посакувам добар пат и благословот Божји да биде секогаш со
вас.

Архимандрит Георгиј Капсанис, катигумен на светогорскиот


манастир Григоријат
(Текстот е од магнетофонски запис, од разговор со еден поклоник
во 1983 година)

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев


https://www.vimaorthodoxias.gr/theologikos-logos-diafora/archim-georgios-kapsanis-ti-
noera-proseychi-na-tin-lete-kathe-mera/?utm_source=dlvr.it&utm_medium=facebook

22 Број 65, година 17, Април 2023


www.povardarska-eparhija.org.mk 23
ЗОШТО МОНАСИТЕ СИ ЗАМИНУВААТ ОД МАНАСТИР?
Митрополит Димитриј Киријаку

Н из црковната историја ја гледаме појавата, монасите да ги


прекршат нивните завети и да ја соблечат ангелската схима - да
не даде Бог! Ова се случува во секој манастир. Во житијата на светителите
ја гледаме оваа духовна трагедија како се одигрува многу пати, дури и во
братствата на големи старци, како свети Антониј Велики; дури и светите
апостоли се соочувале со овој проблем. Но сега, како е можно за еден
монах, кој се заветил пред Бога дека ќе се откаже од светот во интерес
на вечноста, очевидно да ја заборави неговата вера и да изврши такво
духовно страшно дело на бунт против истиот Бог, Кому претходно му
го посветил својот живот? Како е можно монах да си замине од својот
манастир?
Одговорот на ова прашање е многу едноставен. Монахот доаѓа
во манастир затоа што има призив, и благодатта Божја е онаа која го
повикува во манастир. Ако благодатта го напушти монахот, тогаш тој си
заминува од манастирот. Не е ништо сложено. Постои одредена „азбука“
во монашкиот живот, која ја нарекуваме духовен закон. Ако монахот
го следи духовниот закон, тој ќе биде покриен, и благодатта Божја ќе
продолжи да пребива во него до крајот на неговиот живот, и славно
ќе го воведе во идниот живот. Ако тој го презира духовниот закон, ќе
биде изгубен. Следењето на оваа „азбука“ не е сложено, и не бара
големи подвижнички усилби; тоа едноставно те воведува да избереш.
Пред падот, Бог му дава на монахот многу прилики за покајание; но,
доколку, монахот избере да ги игнорира овие прилики и продолжи во
непослушание на духовниот закон, тогаш Божјата благодат го напушта
монахот. Тој не може да остане во манастирот затоа што, повеќе или
помалку, тој е изгонет од благодатта Божја. На пример, некогаш се
случува монахот да си замине од манастир во текот на Великиот пост.
Во евангелието слушаме: „Овој род се истерува само со молитва и пост“
(Мат. 17,21). Во манастирот постои монашка заедница која работи
на изгонување на своите демони. Меѓутоа, ако монахот не сака да ги

24 Број 65, година 17, Април 2023


изгони своите демони, и тврдоглаво ги чува овие демони во себе,
тогаш самиот се изгонува, заедно со демоните. Не е игуменот оној кој
ги изгонува монасите, туку поскоро, монахот кој е победен од желбата
да го напушти манастирот и да ги погази своите завети; ова искушение
го победува затоа што тој повеќе не е покриен од Божјата благодат,
поради неговото упорно непослушание на духовниот закон. Ако монахот
се одвои од Бога, тоа се гледа преку неговото одвојување од неговиот
старец, неговиот игумен, кој во суштина е гласот на неговата совест. Тој
не сака да се соочи со гласот на својата совест. Истото се случува дури
и во парохиските храмови, кога некои верници го избегнуваат својот
исповедник (духовник) затоа што не сакаат да се соочат со нивната совест.
Но, во манастирите сѐ е поголемо, затоа што тоа е христијански начин на
живење фокусиран на заедницата. Едноставно кажано, благодатта Божја
го напушта монахот затоа што монахот ја изгонува од себе благодатта.
Пред да се случи тоа Бог му дава повеќе прилики. Сум го видел овој
процес и се восхитувам колку е тоа точно што ни ги предаваат нашите
свети отци: Му се дава прилика, тој ја презира, ја губи благодатта. Или,
му се дава шанса, се поправа, и може да стане дури и посилен од тоа
што бил, па дури и поголем да стане, бидејќи некои од нашите светители

www.povardarska-eparhija.org.mk 25
некогаш беа големи грешници. После пропуштањето на овие прилики за
поправање повеќе пати, конечно Божјата благодат се исцрпува бидејќи
монахот продолжува да го игнорира гласот Божји, т.е. гласот на неговата
совест, тогаш овие продолжителни повици за будење ќе му бидат за
осуда; тој го изгонува Бога од себе.
Под овие околности, откако монахот ќе замине и откако благодатта
ќе го напушти, манастирот ќе биде најлошото место на светот, а игуменот
ќе биде најлошата личност на светот, според гледањето на монахот,
во зависност од тоа колку монахот духовно застранил. Ова гледање е
потпалувано од демоните кои влегле во него, и од неговата очајничка
потреба да го избегне гласот на совеста преку избегнување на старецот.
Многу е лесно сето ова да се избегне: Само да ја исполнуваме
духовната азбука: исповедај се, и кажувај ги молитвите. Доколку ти,
како монах, не одиш на исповед, ти се одделуваш од својот старец. И
тогаш ќе паднеш. Како што велат светителите, демоните градат гнездо
врз неисповеданите помисли на монасите. Неисповеданите помисли
загнојуваат и ги прават дури и најголемите монаси подложни на демонски
замки, додека, пак, монахот кој искрено се исповеда, е заштитен од
послушанието, и по молитвите и раководството на старецот.
Зошто монахот не би се исповедал искрено кај старецот, кога ова
е од суштинско значење за духовниот живот? Гордост. Како што вели
свети Јован Лествичник, гордоста му претходи на падот. Горделивиот
монах почнува да ги покажува своите способности за расудување, и да
им верува на сопствените судови, па дури и да си кажува на себе дека не
му треба ни старец, па ниту Бог.
Се вели во Писмата: „Сине мој... не му верувај на своето сфаќање“
(Изрек. 3). Ова е особено применливо кога личноста е упорна во
неследењето на Божјите заповеди. Ако монахот си верува на своето
разбирање додека е во состојба на непослушност, тогаш тој всушност им
верува на демоните, бидејќи тие му го зазеле срцето. Иако монашкиот
живот е за очистување на срцето, исто како и целата Црква. Еднаш штом
демонот ќе влезе во срцето на монахот или јеромонахот, тој не само што
заборава сѐ што научил, туку дури и сѐ што проповедал. Но, доколку
благодатта Божја конечно пак дојде во срцето на монахот, по Неговата
милост, бидејќи знаеме дека постојат блудни синови, тогаш бунилото се
намалува, и монахот почнува да размислува почисто.

26 Број 65, година 17, Април 2023


Монахот не може да го напушти манастирот без да биде во голема
опасност од пропаст, бидејќи дал завети пред Бог и пред луѓето. Еднаш
штом е замонашен, монахот не може да престане да биде монах до
крајот на вековите. На оној Ден, тој ќе биде суден како монах, било
во слава, било во осуда. Традиционално, во многу православни земји,
монасите кои ја напуштиле Великата схима дури не се ни погребуваат на
селските гробишта по нивното упокојување, туку попрво се погребувани,
без свештеничко опело, надвор од црковните гробишта. Ова укажува
на реалноста на монашките завети пред очите Божји. Свештениците
и ѓаконите може да бидат расчинети или суспендирани, но монахот
никогаш не може да биде размонашен.
Сите имаме чуено за еден настан кој се случи во XX век, со еден
светогорски монах од манастирот Григоријат: Овој монах паднал преку
процесот кој беше опишан погоре, и се вратил во светот. Се оженил за една
млада жена и добиле дете. Никој не знаел за неговата тајна од минатото.
Еден ден, додека се спремале за спиење, монахот лежел на креветот
без маица, а неговиот син си играл до него. Гледајќи кон неговиот татко,
детето невино прашало: „Што е ова, тато?“ покажувајќи кон неговиот
стомак. Бидејќи немало ништо на кожата на таткото, родителите биле
вчудовидени, и упорни да сфатат кон што покажува детето. „Може ли
да ја забележиш формата?“ - го прашале детето, и тоа почнало со прстот
да ги исцртува ознаките на схимата, врз градите на татко му. Младата
мајка се вознемирила и побарала да знае што се случува, и зошто детето
гледа невидливи форми од монашка схима на неговите гради. Тогаш
монахот признал сѐ. Богобојазливата жена веднаш побарала од него да
го напушти домот и да се врати во манастирот, додека не паднал гневот
Божји врз нејзиното семејство, како плод на монашкото предавство.
Одеднаш монахот бил потресен, се покајал, т.е. се вратил во манастирот
каде што живеел до крајот на неговиот живот. Тој велел дека имало три
причини поради кои се покајал и се вратил во манастирот: Прво, бидејќи
ништо од она што го правел не било благословено; сѐ што се обидувал
било катастрофално постојано, додека бил во светот. После сѐ, како би
можел да бара благослов од Оној кого го предал, а кој друг би можел
да даде благослов освен Бог? Втората причина за неговото враќање
било она што го раскажавме, кога неговиот син ја исцртувал схимата врз
неговата кожа, и трето, фактот што неговиот старец постојано одржувал
комуникација со него и го охрабрувал да се врати.

www.povardarska-eparhija.org.mk 27
Кога еден монах ќе замине од манастир, тој ќе наоѓа многу различни
причини зошто морал да замине, иако во исто време, тој комплетно ќе
ги заборави сите исклучителни причини поради кои требало да остане:
неговата љубов кон нашиот Спасител, кон монаштвото, неговиот призив
кој водел кон замонашување уште на почетокот, и страшната закана од
губење на неговата вечна душа. Таква е темнината во која непријателот
го става разумот на паднатиот монах. Тој е во една таква крајна заблуда,
што се чини дека е друга личност, која сега е збунета не само за духовните
работи, туку дури и за земните. Преку сведоштвата за однесувањето на
паднатите монаси, станува јасно дека Божјата благодат му дава светлина
на разумот, бидејќи гледаме колку мрачен станува истиот разум кога
го напушта благодатта. Токму како што светите отци ни го опишале тој
процес.
Монахот знае дека го напуштила благодатта, дури пред да биде
извршено напуштањето: знае дека ја изгубил благодатта; тој дури и ќе го
признае тоа. Но тогаш, штом е оставен, монахот почнува да се оправдува
себеси, дури и потонува во себесожалување како обид да се оправда за
своите дела; а сето тоа е една голема прелест, голема себеизмама. Ова
му се случува на монахот: ја губи Божјата благодат, паѓа во прелест, и го
напушта манастирот.
Истиот тип на напуштање се случува исто така и со луѓето во светот.
Зборуваме за две различни нивоа, но постојат многу православни
христијани кои отпаѓаат во светот. Истата приказна: отпаѓаат затоа што
не сакаат да се соочат со нивната совест. Свети Јован Богослов вели:
„на луѓето повеќе им омиле темнината отколку светлината, затоа што
нивните дела се лоши... тие не сакаат да дојдат во близина на светлината
за да не бидат откриени нивните дела“ (Јован 3,19). Тоа се случува
насекаде. А толку е едноставно. За нас, кои го гледаме тоа, и го гледаме
целиот процес, тоа е многу просто, како што веќе реков: токму како што
ни опишале светите отци.
Свети Јован Лествичник, во 26 скалило, ни вели: „Зошто Бог
украсил некои со дарови и чудотворни способности, штом предзнаел
за нивните идни падови?“ А тој му одговорил: „За да ги предупреди
сличните духовни мажи, за да се види дека имаме слободна волја, и за
да ги направи оние кои паднале без извинување, во денот на Судот“. Ова
се многу отрезнувачки и страшни зборови.

28 Број 65, година 17, Април 2023


Но, никогаш да не губиме надеж во враќањето на нашите браќа.
Секогаш мора да се надеваме, и секогаш да се молиме, та оние кои
паднале да не завршат како Јуда, туку како Петар, во вистинско покајание.
Би можеле да напишеме цела книга за тоа што ги води монасите
да го напуштат манастирот. Многу отци зборуваат за големата опасност
од ова дело, како и силната болка што ја предизвикува. Светиот апостол
Павле, великиот Богоносец, вели на оваа тема: „Многу пати сум бил
во опасност по пустини, бродолом, сум бил каменуван, тепан, но
најтешкото од овие нешта е што бев меѓу лажни браќа, оние кои одеа
со нас по ист пат, но нѐ напуштија (види: 2.Кор. 11,24-27). Всушност,
ова е тагата која е многу длабока за еден старец. Како и да е, не треба
да се обесхрабруваме. Ако лесно се соблазнуваме, тогаш тоа е знак за
слаба вера. Главно, не треба да бидеме вознемирени, бидејќи треба
да запаметиме дека ѓаволот работи на тоа, да посее зло исто така во
Црквата, како што велат Оптинските старци: „Каде е ѓаволот, ако не во
Црквата?“ Но, нашиот Спасител е посилен. Да ја положиме нашата надеж
во Него и да се молиме горешто, та Он да ја закрилува Неговата Црква и
Неговите свештени манастири. Ќе завршам со зборовите на свети Петар
Дамаскин за употребата и злоупотребата на дарот на слободната волја:
„Сите ги примаме Божјите благослови подеднакво. Но, некои од
нас, примајќи оган Божји, т.е. Неговиот збор, стануваат меки како восок,
додека други како глина, цврсти како камен. А ако не го сакаме Него, Он
не присилува никого од нас, туку како сонцето Он ги испраќа Неговите
зраци и го осветлува целиот свет, и оној кој сака да Го види, Го гледа,
додека, пак, оној кој не сака да Го види, не е принуден од Него. И никој
не е одговорен за ова лишување од светлината, освен оние кои не сакаат
да ја имаат. Бог го создал и сонцето и окото. Човекот е слободен да ја
прима или не сончевата светлина. Истото е вистина и тука. Бог ја испраќа
светлината на познанието како зраци врз сите, но Он исто така ни ја дава
и верата како око. Оној кој сака да прима знаење преку верата, го чува
преку неговите дела, исто така Бог му дава повеќе подготвеност, знаење
и сила“.
Свети Петар Дамаскин (Добротољубие)

Превод од англиски јазик: Свештеник Јани Мулев


Изворник: The spiritual watch, March-April 2017, Volume 1, Issue 2

www.povardarska-eparhija.org.mk 29
НЕДЕЛА НА ПРАВОСЛАВИЕТО, ЦРКВА „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВЕЛЕС

КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА, ЦРКВА „СВ. ВМЧ. ДИМИТРИЈ“ КАВАДАРЦИ


30 Број 65, година 17, Април 2023
НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК, ЦРКВА „СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ“ ВЕЛЕС

НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА, ЦРКВА „СВ. ВМЧ. ДИМИТРИЈ“ ВАЛАНДОВО

www.povardarska-eparhija.org.mk 31
СВЕТИ АГАТАНГЕЛ БИТОЛСКИ

Н а празникот на кој Светата православна црква го чествува


споменот на Светиот новомаченик Агатангел Битолски, Неговото
Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски, кој го носи името на
овој маченик, отслужи Божествена архиерејска Литургија во храмот „Св. Кирил
и Методиј“ во Велес во сослужение на бројно свештенство од Повардарската
епархија.
Со празнично слово и именденска честитка од името на целиот клир
и целото паство на Повардарската епархија се произнесе протоереј Љупче
Миланов, кој му посака на Митрополитот Агатангел како и досега, успешно
да долголетсвува на почвата Господова, и уште долги години да биде пример
за ревносно извршување на Словото Божјо и ревносната љубов кон својот
македонски народ.

По завршувањето на Литургијата беше осветен и прекршен славскиот


колач и беше послужена трпеза на љубовта.

На многаја лета, владико свет!

32 Број 65, година 17, Април 2023


www.povardarska-eparhija.org.mk 33
ТОВИТ И ТОВИЈА
Свештеник Јани Мулев

В о Стариот Завет сретнуваме книга за Товит, во која се работи


за татко и син кои имаат слично име, па насловот на книгата се
однесува на двајцата, бидејќи и двајцата се автори, и двајцата се херои
во книгата.
Книгата се спомнува кај древните автори од првите векови:
Климент Римски, Учењето на дванаесетте апостоли, свети Поликарп,
Климент Александриски, Иринеј, Кипријан, Иларион, свети Амвросиј,
блаженииот Августин, блажениот Јероним, во римските катакомби има
често пати претстави од оваа книга, а конечно соборот во Картагина во
397 одлучува оваа книга да се почитува како канонска.
Се смета дека е напишана 150-250 години пред раѓањето Христово,
но врз основа на постар ракопис. Ова тврдење се базира на фактот што
во книгата се спомнува царот кој владеел во 700-680 пред Христа.
Историјата на Товит започнува со неговото заробување во асирскиот
град Ниневија. Авторот ни раскажува дека Товит уште од детството чекорел
по патот Господов во својата татковина, но и сега во заточеништво, во
прогонство, повторно меѓу своите сонародници се истакнувал по својата
богобојазливост, по својата милостивост, и неговиот уникатен подвиг, да
се грижи за покојните, да ги погребува оние кои немало кој да ги погребе,
иако тоа било дури и забрането во тој период, а Товит го ризикувал својот
живот за да им угоди на покојните. Еднаш, додека погребувал некој
мртовец, тој ослепел. Но не ја изгубил верата, туку останал цврст во ова
искушение. Потоа ги зафатила голема сиромаштија, така што и неговата
жена морала да работи надвор од домот. Товит останал непоколеблив,
иако жена му го исмевала за неговата вера, бидејќи и покрај неговата
побожност, како да биле оставени на милост и немилост, како да биле
од Бога заборавени.
Раскажувањето овде преминува на друга сцена, на Сара, идната
сопруга на нивниот син Товиј. Таа се молела за да ја избави Бог од
големото искушение кое ја снашло. Имено, имала во домот демон кој ги
убивал сите нејзини свршеници, и веќе никој не сакал да се жени за неа.
Во тоа време и Товит се моли, Бог да го земе од овој живот, а истовремено
34 Број 65, година 17, Април 2023
го советува и својот син да живее
побожно, и му заповеда да го најде
Гаваило, нивниот роднина кој му
должел извесна сума. Младиот
Товиј иако се плашел да оди на
толку долг пат во непозната земја,
сепак тргнал, а во вид на маж го
придружувал архангелот Рафаил.
На патот, Рафаил и Товиј уловуваат
од реката Тигар една риба, од која,
по заповед на ангелот, Товиј ги зема
срцето, црниот дроб и жолчката.
Двајцата стигнуваат кај таткото
на Сара, и ангелот го советува Товиј
да ја побара Сара за жена, како што
и се случило, и нејзините со радост
му ја дале. Младоженците се молеле во собата, покадиле со срцето и
дробот на рибата, и демонот избегал, па така преживеал Товиј, и ја зел
Сара за своја жена. Товиј останува кај неговите дедо и баба а ангелот оди
кај Гаваило да го земе долгот.
Во меѓувреме родителите на Товиј се загрижиле, затоа што толку се
забавил по патот.
Товиј, со благослов на својот дедо се враќа дома со Сара и со ангелот
Рафаил, и настанува голема радост за сите, а уште поголема затоа што
Товиј со жолчката од рибата го исцелил и својот слеп татко. Кога сакале
да го наградат човекот, т.е. ангелот, тој им се прикажува вистински пред
нив, и ги советува за понатаму.
На крајот од книгата се зборува за судбината на Ниневија и за
крајот на Товит и Товија.
Оваа книга е поучна, вистинско богатство за духовното и практичното
живеење. Зборува за добродетели, милостина, молитва, пост, страв
Божји, љубов кон луѓето, трпение во маките и надеж во Бога - тоа се
главните карактеристики на книгата. А во сето ова се гледа промислата
Божја, и се нагласува конечниот триумф на доброто над искушенијата,
многу и разновидни. Издигнувањето на молитвата кон Бога, вистинското
значење на бракот е сликовито опишано.

www.povardarska-eparhija.org.mk 35
За Бога се говори како за личносен Бог, за еден Бог, Создател на сѐ,
Бог на Израилот, Семоќен и вечен, и никој не може да избега од Неговите
раце. Промислата Негова го чува светот, сѐ се случува по Негова волја,
Он испраќа искушенија, за да нѐ испита. Бог е праведен, Татко, милостив.
За човекот се зборува библиски, дека е создаден од Бога и треба да
живее како и другите народи. Има возвишен призив, а Бог возвраќа за
нашите дела. Бракот се смета за извор на светост и тогаш е благословен,
кога започнува со молитва. Бракот е свештен, во него треба да се влегува
со чиста совест, а оние кои ја злоупотребуваат светоста на бракот, т.е.
влегуваат во него само од телесни побуди, се предаваат себеси на
демонот (Асмодеј), демонот кој ја уништува брачната љубов. Сите
претходни сопружници стапувале во брак од страст, а не од љубов, и без
благослов Божји, па затоа умирале. Товиј го започнал бракот со молитва
за благослов од Бога. Затоа и добил благослов, и демонот си заминал.
Сопружниците треба да си ги надополнуваат слабостите и да се сакаат
еден со друг, и да се почитуваат.
Достоен за пофалба е животот на Товиј, како и на татко му Товит.
Заради нивната длабока вера во Бога и посветеност на Бога и на
ближните.
Зошто е искористена риба за чудесното исцеление?
Рибата на грчки се вика ИХТИС – акроним од Исус Христос Син Божји
Спасител. Затоа кога ја уловиле рибата и ја изеле – тоа е пророштво дека
од Христос ќе се храниме, а црниот дроб и срцето се органи поврзани
со крвта - што значи дека со Крвта Негова ќе се избавиме од демонската
власт. Исто така и самото кадење ги означува нашите молитви и
присуството на Светиот Дух, што значи дека не избегал демонот само од
органите на рибата, туку и од молитвите на сопружниците, од нивниот
правилен однос кон бракот.
Жолчката го претставува Евангелието, кое за верните е слатко, а
за неверните горчливо, кое го просветлува и осветлува секој кој доаѓа
во светот. Како што Товит го доби видот преку жолчката, така и духовно
слепите луѓе прогледуваат преку Евангелието Христово, со негово
читање, изучување и практикување.

36 Број 65, година 17, Април 2023


www.povardarska-eparhija.org.mk 37
ПАТОТ НА БРАКОТ
О. Спиридон Василакос

И саак и Ревека одат, за да


стасаат до љубовта. Тие
чекори се значајни. Денес луѓето
сили, ќе го натераат човекот
не само да оди, туку и да се
задлабочи. Во патувањето на
не одат заедно во една врска, Ревека и Исак гледаме нешто: тие
одат сами по патеките на егоизмот живееле секој во својата област и
и затоа не можат да се сретнат. меѓу нив имало огромна дистанца.
Многу пати роптаме заради Тоа станува реално во односот
осаменост, друг пати поради на луѓето, во потесниот живот и
недостаток на комуникација, но душите. Потребно да го изодиме
никој од нас реално не гледа каде тоа растојание, реално е потребно
стои. Божјото слово е откровение да се потрудиме да патуваме. Ќе
за човекот. Неслучајно сето тоа треба да влеземе во еден пат на
што ни го дава е вистина, Божја величање, чест, светост и сето
вистина. И преку таа Божја тоа врз почвата на Божјата волја.
вистина ја гледаш вистината на Кога излегуваме од Божјата волја,
човекот. кога се оддалечуваме од Божјата
Ќе се задржиме на тоа љубов, тогаш го губиме не само
патување кон љубовта. Една многу другиот човек, туку и сопственото
тешка патека, која можеме да ја јас. Тоа го преживуваме
наречеме крстосница. Патека која секојдневно. Но што значи „да се
Евангелието постојано ни ја нуди. сретнеме со другиот во Божјата
Само следејќи ја таа патека можеш волја?“ Тука особено е потребно
да се најдеш себеси. Можеш да го внимание. Многу пати слушаме
сретнеш другиот човек и реално за Божјата волја и повторно не ја
да бидеш во заедница со Бог. разбираме. Секојдневно велиме
Тешка патека, тешките патеки се „да биде Волјата Твоја“, а не
прекрасни, тие се најубавите, тие знаеме што претставува Божјата
нема никогаш да ги заборавиме, волја. Ајде да видиме што е тоа
тие кои ни даваат опит, кои ги реално.
активираат внатрешните душевни

38 Број 65, година 17, Април 2023


Да застанеме на зборовите
на светителот. Денес со
целокупната современост би
рекле дека бракот треба да е
во склад со размислувањето
на духовниот отец, затоа што
многу пати еден човек кој има
Божја благодат, има благодат
Свети Игнатиј испраќа на свештенство, го носи крстот
послание до св. Поликарп епископ на духовното наставништво,
Смирненски. Двајца големи длабоко нѐ познава, може да
богоносни отци на Црквата, види многу повеќе нешта од тоа
апостолски отци и маченици – што го гледаме ние. Особено да
секој од нас да посвети внимание внимаваме на тоа. „Така бракот
на посланијата на светите отци. ќе биде во согласност со Божјата
Реално во нив ќе се воодушевиме волја“. А не како резултат само
на богатството на духовните на човековата плотска желба. На
преживувања и добродетели, крај, бракот, односите на луѓето
ќе се насладиме на таа љубов имаат чисто плотска основа,
која светите отци ја имале меѓу кое Црквата не го отфрла, не го
себе. Затоа што пред едниот да игнорира, туку го благословува.
испрати послание на другиот, Црквата го благословува еросот на
заедничареле преку љубовта во луѓето. Ако читаме, ако сакаме да
Христос. Иако живееле одвоени, ги изучиме брачните молитви, ќе
се чувствувале дека се блиску и го разбереме и ќе го осознаеме.
иако заедничарењето било тешко, Но се вели: побудата да не е само
заедно биле преку молитвата плотска, бидејќи ако нема љубов,
и Литургијата. И тие белези на ако ја нема Божјата благодат,
духовното заедничарење ги многу брзо таа плотска основа
гледаме во таквите посланија. ќе пропадне и вниманието ќе се
Свети Игнатиј му испраќа сврти кон друг човек. Основата на
писмо на св. Поликарп и вели: една врска не е само на плотските
„Тие кои сакаат да се желби. Гледаме со колку голема
оженат, тоа треба да го мудрост отците на Црквата го
направат со согласност на разгледуваат тоа прашање.
епископот, така бракот да биде Доведи го тој човек пред Бог, да
во согласност со Божјата волја, а ја видиме неговата длабочина и
не како разултат единствено на душа. Тоа да не го игнорираме. Да
плотската желба“. внимаваме. Секогаш започнува

www.povardarska-eparhija.org.mk 39
со надворешните и површни луѓе во кои нема место за Бог.
работи и состојби и никогаш не Определениот пат на егоизмот
стасуваме до длабочината. Една е толку силен, што Бог не го
врска без душа е осудена, една собира и кога Бог не е во него,
врска без душа е мртва врска. нема место и за друг човек. Кога
Ако човекот секогаш тргнува од го нема човекот, Бог не влегува.
душата, од неговата длабочина, и Кога Бог не влегува, човекот не
се држи до тоа кое го култивирал се вклопува. Затоа многу пати
во својата душа, работите ќе нема ниту комуникација, ниту
бидат многу поразлични во разбирање, взаемно битисување,
животот и во односите. Додека ниту соживот. Св. Јован Златоуст
сега сѐ е обратно. Сѐ е површно, бракот го нарекува Таинство на
надворешно, плотско материјално љубовта. Тоа кое Стариот Завет
и душата отсуствува потполно, ни го зборува за Ревека и Исак.
затоа сѐ е мртво. Дали Црквата Се подвизувале, се бореле, оделе
го поставува на периферија заедно, ја почувствувале светоста
еросот или желбите кои човекот на личноста на другиот и стасале
може да ги има кон другиот? до височината на љубовта.
Не, се разбира! Или слободата Светителот вели – домот е мала
на човекот? Исто така, не. Во црква. Имајќи предвид дека не
древните богослужбени текстови, само духот, туку и врската – кога ќе
пред да започне Таинството Брак, ја почувствуваш светоста на твоето
свештенослужителите поставувале битие, во личноста на другиот,
прашање и следувал одговор од сигурно ќе ја почувствуваш и
младоженецот и невестата. Со светоста на врската и ќе разбереш
своја слободна волја ли се случува дека таа врска е Црквата и затоа
тоа? Го сакаш ли тој човек? големиот поет Зеферис вели:
Слободно треба да го сакаш, да „Љубов, каде ти е црквата?
го посакуваш и да ти е убаво. Ти Одбивни ми се веќе метосите!“
се допаѓа ли? Видете колку вешто Одбивни ми се сурогатите.
и грижливо Црквата ги восприема Љубов каде е ти е црквата?
сите аспекти на човекот. Сакаш Љубовта е Литургија, љубовта
ли слободно, ја сакаш ли, ти се е таинството, кое го пројавува
допаѓа ли? Ако реално ја сакаш, човекот, кое го издига човекот.
сакаш и ти, тогаш не останувај Денес нашите односи
само на тоа. Дали се помоли? се срушени, во врските сме
Искрени ли се твоите намери? несреќни, лути, оболени сме.
Тогаш во таа врска има место Зошто? Затоа што нема место за
и за Бог, затоа што има врски и Бог во нашите односи. Затоа што

40 Број 65, година 17, Април 2023


не ја чувствуваме светоста на Го прашале:
човекот и затоа не можам да се - Кое е најсветото место во
предадам на љубовта. Подготвен човековото тело?
ли си да ја дадеш на другиот И тој одговорил:
не само раката, парите, куќата, - Рамото.
колата, туку и рамото? Сите замолкнале. Не
Еднаш прашале еден старец очекувале таков одговор.
на Света Гора. Тој зборувал за
светоста на човековото тело. Кој - Рамото, старче, тоа ли е
одделил време да почувствува најсветото место на нашето тело?
колку е свето телото на човекот? - Зошто?
Тоа кое Бог го создал, го допрел - Затоа што на него се
со својата благодат и го напоил со положува крстот.
неа. Можеме ли да почувствуваме - А кој е мојот крст?
какво е нашето тело? Можеме ли - Раката на сопругата, раката
да разбереме какво е телото на на детето, раката на пријателот,
човекот? Бог го создал со Неговите раката на братот, раката на
раце и тоа го гледаме во Црквата, човекот, таму се потпира. И ние
во Тајната Крштение, во Тајната таму се потпираме.
Миропомазание, во Тајната Денес ништо не издржуваме,
Елеосвештенство, во Тајната Брак, затоа што секој од нас сѐ потпрел
во Тајната Свештенство. Човекот на рамото на својот егоизам и така
е удостоен со Божја благодат се чувствуваме потполно сами.
да го држи во раце Самиот Бог, Светите икони можат многу
насекаде да го има благоуханието да ни кажат. Внимателно да ја
на Пресветиот Дух, насекаде да го разгледаме иконата на св. 40
има печатот на Божјата благодат. маченици во ледените води на
Човекот се удостојува не само како езерото. Многу пати се крстиме,
свештеник да го држи Христос во ја целиваме иконата, но не
рацете, туку и да се причестува со гледаме на што се поклонуваме
Него, да го прима Христос во себе и тоа го правиме формално.
и така да си го разбираме телото Во тој момент се создава една
и неговата светост. Го прашале врска со светото изобразување
старецот за светоста на телото, тој на светителот. Светителот во тој
кој си го посветил животот да се час може да ти покаже многу
дава, затоа што тоа е монаштвото работи. Гледаме св. 40 маченици,
– и бракот, и христијанството, да тие св. 40 замрзнати, голи тела,
се даваш до светост на животот, до во езерото има сцени – гледаме
светоста на таинството на човекот. старец со бела коса и бела брада

www.povardarska-eparhija.org.mk 41
што поткрепува млад човек, кој присуство. Но и во тој момент
паѓа и млад човек што поткрепува од таинството еден се држи со
старец, кој паѓа, гледаме еден друг, свештеникот со едната
со друг се поткрепуваат и сите рака ги држи нив, а со другата
заедно Бог ги овенчува со венец Евангелието, односно едниот
и им дарува благодат од небото. се држи со другиот и заедно се
Се потврдува стихот на поетот. држат за Христос.
„Рамо до рамо двајцата ја
издржуваат тежината од тоа Св. Јован Златоуст вели:
што престои“. Го дадовме ли бракот е таинство и образ на
рамото на другиот да се задржи, Црквата и Христос. Го разбираме
љубовта, душата за да се нахрани? ли тоа? Како Христос ја сака
Тоа е Божјата волја. Ако го нема Црквата и се жртвува за неа, така
тоа тогаш сме надвор од Божјата и човекот еден за друг. Големи
волја. Ние многу пати се даваме нешта, силни таинства, страшни
на другите работи кои нe се тешки. состојби. Но нашиот најголем
И не само сопругот на сопругата, неуспех е што не ги живееме тие
но и родителот на детето и таинства, затоа што не го следиме
братот на братот. Многу пати ја тој пат.
поткупуваме совеста: „Му дадов! Секојдневно се губам и
Отидов и му дадов!“ Тоа е добро, ништо не правам за таа загуба.
но другиот човек не ја сака колата, Како е можно да го најдам
за да се придвижи, не ги сака другиот човек? Начинот на
парите за да излезе од една тешка живот ми покажува дека живеам
положба, другиот човек сака рамо во самоуништување – како
за да се потпре, сака друштво е возможно да утешам, да
за да прошета, сака душата да заштитам, да дадам нешто на
си ја стопли, сака Бог да диши. другиот човек? Долго живеам во
Тоа е телото, тоа е Црквата, тоа е таква состојба.
врската, тоа е бракот. И кога не Човекот треба да застане со
сме во тоа, надвор сме од Божјата духовна чистота, да се принесе
волја. себеси, да се открие, да се
Да си спомнеме нешто од исповеда, да се жртвува, да ја
Тајната брак. Орото на Исаија не прифати одговорноста. Тогаш
е само тоа, Исаија игра од радост, ја исполнува Божјата волја.
затоа што го гледа пророштвото, Кога останува во состојба на
кое Светиот Дух му го дал, дека се придобивка или плотска состојба и
воплоти преку ликот на Пресвета е надвор од Божјата волја. Надвор
Богородица, во нејзиното од Божјата волја никој нема да го

42 Број 65, година 17, Април 2023


преживее таинството на љубовта, младоженецот). На крај кога
никој нема да го почувствува тоа ќе видиме во Тајната Брак, каде
негово доживување. Човекот едниот го стапнува другиот тоа е
се подвизува да ја прифати испит на нашата вистина. Затоа
одговорноста, да биде искрен кон што јас се женам, имам за цел
другиот, неговите намери треба да го настапам другиот со мојот
да бидат свети, тоа е крстот, не е егоизам, да бидам над него, да го
лесно. Кога човекот ќе го понесе ограничам. Додека во тој момент
тој крст, тогаш живее во Божјата навистина некој кој би требало
волја. Тогаш се случува она што да нагазам е мојот егоизам. Никој
се случило на свадбата во Кана друг.
Галилејска. Христос вели: Што Ќе завршам со стих од Елит:
немате? Вино? Што имате? Кој е Третиот кој секогаш
Вода. Донесете вода да ја оди со тебе? Кога бројам, само
претворам во вино! И кое вино? јас сум и ти со мене, но кога ќе
Трудот на човекот. Трудот треба да погледнам напред по белиот
е чесен. Тогаш Бог ќе ја претвори пат, секогаш има Некој, Кој
водата на неговиот труд, потта на оди со тебе. Тој стих јавно е
душата, во борбата да стане чесно, посветен на патувањето кон
во вино, односно ќе му даде Емаус, каде помеѓу двајцата
друго помирување, благоухание, ученици одеднаш се појавува
сладост, ќе му го даде тоа, кое Распнатиот Бог, нивниот
реално ќе му ја засити жедта и ќе Воскреснат Учител. И додека
се зарадува неговата душа. биле сами, така се чувствувале,
Во апостолското четиво ненадејно Христос застанал меѓу
апостолот кажува многу работи нив. Истото се случува и во една
и на крај ѝ вели на жената: и ти врска, кога луѓето се борат чесно
почитувај го трудот, крстот, и се принесуваат себеси, за да го
кој ќе го понесе, борбата, која задржат другиот. Одвојуваат од
мажот ќе ја води. Таму исто себе за да го нахранат другиот.
така ги искривуваме зборовите Ако односите стасаат до таа
на апостолот – а жената да се висина на љубовта, тогаш таму
плаши од мажот. И едниот го човекот веќе не чувствува, дали се
настапува другиот. (Во Грција и двајца или тројца...
на Кипар во време на читање
на апостолското четиво при
зборовите „а жената да се Превод:
плаши од мажот“ има традиција Протоереј Игор Пармачки
невестата да го нагазува

www.povardarska-eparhija.org.mk 43
Пијан командир, или каде нè водат чувствата
Михаил Хасминскиј, кризен психолог

Н еспорно е дека светот без чувства би бил досаден. Луѓето


би се претвориле во бесчувствени биороботи, кои кон сè
пристапуваат логички. Никој не би можел да сочувствува со другиот,
ниту пак да се порадува за него. Луѓето взаемно би дејствувале само
по принципот: „Ти мене - јас тебе“, кон изборот на партнерот би
пристапувале строго рационално. Очевидно е дека за човекот да живее
со полноцен живот, неопходно му е и да чувствува, и да ја применува
логиката. Така, во некои ситуации ние не им даваме слобода на
своите чувства, ги држиме под контрола, расудувајќи логички дека
покажувањето на чувства сега е неуместно и непрактично. Во други
ситуации пак, напротив - чувствата имаат значајно поголемо влијание
на нашето однесување, отколку разумот. На пример, во состојба на
вљубеност. И првото, и второто е нормално. Важно е чувствата и
расудувањето да се наоѓаат во некој баланс, индивидуален за секој
човек, и тие меѓу себе да хармонизираат.
Но токму во ова и се наоѓа коренот на многу наши проблеми:
многу често кај нас нема никаков баланс меѓу логиката и емоциите.
Чувствата не само што преовладуваат, туку тие РАКОВОДАТ со нашиот
живот. Во овој текст ние подетално ќе ја разгледаме оваа појава, ќе се
обидеме да разбереме зошто потчинетоста кон чувствата е проблем,
какви се нејзините причини и како треба да се реши истата.
Како што веќе кажавме, човекот дејствува и во сферата на
логиката, и во сферата на чувствата. Да ја разгледаме логичката сфера:
таа повеќе или помалку е објективна. Овде на луѓето не им е така тешко
да се разберат еден со друг. Истражувајќи некој проблем и расудувајќи
при тоа логично, наоѓајќи се во дијалог, тие многу веројатно можат
да дојдат до некој објективен заклучок. Се разбира, таа објективност
не е стопроцентна, затоа што сите наши мисли исто имаат во некоја
мера субјективен карактер, отпечаток на нашата личност. Но главното е
дека секој има возможност да го разбере размислувањето на другиот,
да се согласи со неговата логика, признавајќи ги за точни тие докази
кои првиот ги наведува, или пак, обратно, да ја отфрли таа логика и
да го убеди својот соговорник во својата правичност, наведувајќи
ја потребната информација по прашањето кое се разгледува. Како

44 Број 65, година 17, Април 2023


резултат на ова, кај луѓето се појавува можноста да се договорат, да
дојдат до решавање на проблемот, што во основа ги задоволува сите.
Сега ќе ја разгледаме сферата на чувствата. Оваа сфера е апсолутно
субјективна. Ако ние се обидеме на некој начин да определиме, што
ние подразбираме под чувствената перцепција на конкретен човек,
ние можеме да кажеме дека тоа е некој вид „проекција“ на тој човек на
површината од нашиот светоглед. Еден и ист човек може кај различни
луѓе да предизвикува дијаметрално спротивни чувства. Некому тој ќе му
се покаже како зол и непријатен, а друг ќе рече: „Добар човек, веднаш
се гледа дека е добродушен“. Истовремено, ни првиот, ни вториот човек
нема да можат да ги објаснат своите чувства.
Ако двајца говорат за чувствата, тие никогаш нема да дојдат
до заеднички заклучок, затоа што кај секого овие чувства се свои. Да
потенцираме, чувствата на другиот не може да се разберат потполно,
или дури во некоја голема мера. Не можеме нив (емоциите) да ги
почувствуваме исто како што тоа ќе го направи другиот човек, или пак
да ги преживееме како него. И никако не можеме да ги измериме.
Да, ние можеме во поголем или во помал степен да ги разбереме
постапките на човекот во конкретната ситуација, неговата мотивација,
но не и неговите чувства, зашто чувствата, за разлика од логичкото
размислување, се ирационални. Ние сме во заблуда кога велиме дека
ги разбираме чувствата на другиот. Ние можеме (и тоа не секогаш) само
да си претставиме себеси, што ние би почувствувале кога би се нашле во
иста таква ситуација. Но, истовремено можеби - и тоа се случува многу
често - другиот човек да има сосема други емоции, друг вид на чувства,
дури и дијаметрално спротивни на нашите. На пример, невозможно е
да се разбере болката на другиот, зашто сите имаат различен праг на
болка, и тоа, што за нас е сосема подносливо, за другиот може да биде
причина за губење на свеста. Исто така, невозможно е да се разбере
воспримањето на вкусот, мирисот, звукот на другиот човек, или како
што вели поговорката: „За вкусовите не се дискутира“.
Освен тоа што чувствата се ирационални и субјективни, тие можат
и да измамат. Многу лесно е да бидеме измамени, како од своите
сопствени чувства, така и од нашата перцепција во однос на чувствата
на другиот. Зошто? Затоа што, на пример, велејќи „те сакам“, секој во
овој збор става нешто свое, некое свое разбирање на љубовта. А оној,
кому му се адресирани овие зборови, се разбира, ги сфаќа поинаку, на
свој начин, зашто не може да има две еднакви чувства кај разни луѓе.

www.povardarska-eparhija.org.mk 45
А доколку станува збор за толку сложена состојба, како љубовта...
Како љубов може да се разбираат дури максимално спротивставени
работи. Еден вели: „Таа ми е потребна, јас не можам без неа. Таа за мене
е како наркотик, а тоа значи дека јас ја сакам“. А друг ќе рече поинаку:
„Јас за неа сум спремен планини да превртам. Јас сум подготвен нејзе
во сè да ѝ попуштам, да ги жртвувам своите интереси и амбиции, само
таа да биде среќна, зашто јас ја сакам“. Што конкретно подразбира
секој човек со зборот „сакам“, никому, освен нему самиот (а и тоа
не секогаш), до крај не е јасно. На крајот, сакале или не сакале, ние
неретко сме измамени од своето гледање на чувствата на другиот, и тоа
во определен степен е неизбежно.
Но, зошто ние се мамиме не само во однос на туѓите, туку и во
однос на своите чувства? Како прво, затоа што тие се непостојани.
Тие постојано се менуваат. Денеска ни изгледа едно, утре истото
ќе го гледаме поинаку. Денеска ние зборуваме за љубовта, утре за
рамнодушност и раздразнување во однос кон еден и ист човек... Значи,
време е да се разделиме? А што ќе почувствуваме задутре? Можеби, ќе
се вратат претходните чувства... а можеби и не.
Како второ, ние се мамиме со своите чувства затоа што го
сакаме тоа. „Ах, не е тешко да ме измамат, јас постојано самиот
се мамам“ (Пушкин). Ние потполно можеме да си ги вметнеме на
себеси посакуваните чувства за определена ситуација, а понатаму да
дејствуваме водејќи се, не од логиката, а од тие чувства. И често така
постапуваме, „ги правиме“ своите емоции сами, според својата желба.
Сите секти се изградени имено на оваа измама од чувствата.
Сектантите се индуцираат еден со друг со своите емоции, со своите
„особени“ претстави за светот, за Бога: еден човек му раскажува на
другиот за своите чувства во однос на смислата на животот, верата,
Творецот, притоа многу убедувачки, за својот нереален свет во кој тој
живее, претставувајќи си го за реален... На овој начин тој влијае на својот
собрат-сектант, постепено му всадува и нему исти чувства, ист поглед на
светот и на себе; понатаму, гледајќи ги во него истите чувства, што и кај
себе, тоа го смета за потврдување на нивната „правилност“. Како краен
резултат, сите членови на сектата влијаат еден на друг, како последица
на тоа нивните лажни претстави за вистинитоста се засилуваат, и тие
така и живеат во својот имагинарен свет, обидувајќи се во него да ги
вовлечат сите луѓе што ги опкружуваат.
Најочевиден заклучок од сите овие расудувања е следниот:
при решавање на важните прашања - како создавање и зачувување

46 Број 65, година 17, Април 2023


на семејството, воспитувањето на децата, изборот на животните
приоритети - не смееме да им се доверуваме само на чувствата. Да се
живее само според чувствата - тоа е ќор-сокак. Ние нема да ја гледаме
реалноста.
За да го појасниме ова, ќе наведеме неколку примери.
1. „Мене ми се ЧИНИ, дека јас не сум полош од другите. (Да
обратиме внимание на зборот „ми се чини“). Јас навистина ова го
ЧУВСТВУВАМ. Да, јас не можам да го поткрепам ова со факти, со логика,
но јас никому нема да му дозволам во тоа да се сомнева!“ (Ова, особено
е вообичаено чувство при развод).
2. „Мене ми се ЧИНИ, дека јас во оваа конфликтна ситуација
знам повеќе отколку другиот, дека јас правилно ја оценувам истата. Јас
ова не можам да го објаснам, не можам да го докажам, но јас тоа го
ЧУВСТВУВАМ, имам такво внатрешно чувство“.
3. „Мене ми се ЧИНИ, дека во оваа сфера имам неверојатен
талент. Јас ова го ЧУВСТВУВАМ, и не се во право сите оние кои не сакаат
да го признаат мојот талент, кои не сакаат да видат дека јас сум гениј.
Јас многу страдам од тоа што ме потценуваат“.
4. Човек кој се наоѓа во психијатриска болница, искрено себеси
се смета за Наполеон, нему така му се ЧИНИ. Тој не се исмејува над
другите, а вистински се смета себеси за Наполеон. Тој се ЧУВСТВУВА
како Наполеон, без разлика на тоа што освен него, никој друг не го
гледа така.
5. „Мене ми се ЧИНИ (повеќе од тоа, јас себеси успешно се
убедувам во тоа), дека јас го сакам тој човек. Јас во тоа сум уверен(а)“.
- „Зошто си решил(а) дека го (ја) сакаш?“ - „Јас тоа го ЧУВСТВУВАМ!“
- „А тебе ти се допаѓа неговиот (нејзиниот) однос кон себе? Ти само
погледни како тој (таа) се однесува кон тебе!“ - „Зошто се потребни тука
твоите расудувања? Јас подобро од сите знам за себе, јас ЧУВСТВУВАМ,
дека го (ја) сакам. И ЧУВСТВУВАМ, дека тој (таа) ме љуби!“ - „Тој (таа) те
изневерува, не те смета за човек, сака да си замине од тебе!“. - „А јас
ЧУВСТВУВАМ дека сепак ме сака, дека сигурно ќе се врати кај мене. И
јас ќе го (ја) чекам“.
(продолжува...)

Превод од руски јазик:


М-р Александар Ѓорѓиевски

www.povardarska-eparhija.org.mk 47
ИНФАНТИЛНОСТ: ДА СЕ ОСТАНЕ ВО ДЕТСТВОТО
ИЛИ ДА СЕ СТАНЕ ВОЗРАСЕН?
(4 дел)

Позитивни карактеристики на инфантилните мажи

Не смее да се тврди дека инфантилните луѓе се така лоши во сè. Тие


имаат предоволно позитивни црти. Тие се непосредни, во секојдневниот
живот човек може да се договори со нив, лесно наоѓаат заеднички јазик
со децата. Во односите со спротивниот пол се романтични, умеат убаво
да зборуваат и да расудуваат, подготвени се на спонтани постапки
и изненадувања. Често инфантилите се креативни и творечки луѓе.
Нивниот однос кон животот е лесен и безгрижен, не се сосредоточени на
проблемите. Генерално, инфантилите умеат да добијат задоволство од
животот. Дури може да се создаде впечаток дека тоа се идеални мажи.
Но таа леснотија и безгрижност, која е одлика на нивното животно
расположение, често излегува дека е некомпатибилна со семејниот
живот, кој е наполнет не само со радости, но и со тешкотии. За жал,
инфантилните мажи се многу проблемaтични во однос на семејниот
живот. И тие позитивни црти, кои го прават пријатно општењето со
инфантилите, на пример, во периодот на додворување, предизвикуваат
мноштво негативни последици при судирање со сложеностите, кои се
неизбежни во животот на секое семејство.

Видови на инфантилни мажи

Психолозите издвојуваат два вида на инфантилни мажи.


Првиот вид се типичните „мамини“ синови, кои остануваат вечни
деца и имаат потреба во постојана грижа од мајка си и едноставно го
менуваат старателот од мајка си на друга жена (која е времена или
постојана).
Притоа, „маминиот“ син обично воопшто не е послушно дете. Иако
тој некогаш и се преправа како послушно дете, сепак, почесто излегува
дека инфантилот е домашен тиран - полн со каприци, со многу барања и
лесно се навредува.
Таквиот маж е нетрпелив, невоздржан во изразувањето на
своите чувства, егоистичен, често неоправдано жесток, импулсивен,
неодговорен.
48 Број 65, година 17, Април 2023
Има и „мамини“ синови со слаба волја, неспособни, кои немаат
желба да ѝ се спротивстават на жената и се согласуваат во сè со неа.
За инфантилниот маж од ваков вид, идеална ситуација ќе биде
успешен премин од старателството на мајка си под старателство на
сопругата. Сепак, за неговата сопруга нивните односи можат да станат
извор на огромно количество проблеми и негативни чувства.
Но, „мамините“ синови често остануваат сами по смртта на
родителите, не успевајќи да создадат семејство. За таквите случаи
спасение се роднините или пријателите кои се способни да им помогнат
и да ги поддржат.
Современата изопачена реалност е таква, што мажите со ваков
вид на инфантилност можат да ја сменат сексуалната ориентација, да ја
земат на себе улогата на изнежнет хомосексуалец, наоѓајќи си потпора
кај партнер од машки пол.
Вториот вид се самоуверените инфантили, кои ја одрекуваат
својата инфантилност.
Овие инфантили имаат потреба од постојана поткрепа на својата
самооценка. Сепак, не можат да ги издржат односите со самодоволна
и уверена во себе жена. А и барањата на зрелите жени со нормална
самооценка се доволно високи - инфантилните мажи не ми се соодветни.
Затоа самоуверените инфантилни мажи си наоѓаат за себе жени
кои се слаби по дух, неуверени во себе или кои немаат побарувања,
кои ја признаваат машката превосходност над себеси. Таквата жена е
подготвена да се восхитува на таков маж, со тоа создавајќи му пријатна
самооценка на инфантилот.
Но, самиот инфантилен маж многу брзо престанува да ја цени и
почитува таквата жена. Некогаш доаѓа до откриен презир. Тука почнуваат
навредите, понижувањата, прељубите.
Сепак инфантилот не брза да ги прекине ваквите односи, зашто
во нив наоѓа бескраен извор на самоутврдување. Неретко таквиот маж
„оди“ кај уверени во себе љубовници, а потоа на својата жена ѝ ги
прераскажува деталите од своите врски, дури и интимните моменти, и
може да побара совет од нејзе. Или, пак, секој пат ја убедува сопругата
дека „ѓаволот го излажал“, дека таа е единствена за него, и само кога таа
ќе му прости, тој почнува сè одново. Ваквите „игри“ можат да траат со
години.
Се случува инфантилниот маж толку силно да ја отфрла одговорноста
од себе, па жената да ја прави виновна во сè - имено таа е причината за
неговите прељуби, или пак за неговото насилство (се случува и тоа). За
да го зачува својот добар имиџ инфантилот може апсолутно да претера

www.povardarska-eparhija.org.mk 49
со лагите, но притоа, сам ќе верува дека тој се однесува совршено
правилно.
Двата вида на инфантили многу силно се плашат од прекори на
своја адреса, па затоа се обидуваат да ја скријат својата инфантилност од
општеството. И ваквото „камуфлирано“ поведение создава дополнителни
сложности во односите, зашто не признавајќи ја својата погрешност,
својата незрелост, инфантилите се лишуваат себеси од можноста да се
изменат.

Причини за машката инфантилност

Како што веќе беше кажано, причина за одложеното созревање,


при кое потполно зрел човек продолжува да си „игра“, пред сè се
социјалните процеси.
Во современото општество се култивира потрошувачки однос кон
оние кои нè опкружуваат, се става акцент на младоста и безгрижноста.
Затоа доволно типична појава за современите луѓе е отсуството на
желба да созреат, за да ги избегнат сложностите или досадните работи
од возрасниот свет, несакањето да се мачат себеси со возрасни дела.
Релативната леснотија на животот и достапноста на разни видови забава,
придонесуваат кон тоа созревањето да стане незадолжително.
Има и историска позадина кај машката инфантилност.
Еманципацијата и феминизмот доведоа до тоа, да исчезнат барањата
кон мажите да соодветствуваат на имиџот на силен, уверен човек, кој е
должен да го заштитува, издржува, поддржува семејството, грижливо да
се однесува кон жените како кон послаби личности кои имаат потреба во
потпора. Овој процес се случува во целиот свет.
Во нашата земја (Русија, заб. прев.) типичното поведение на
половите посебно се изменило после Втората светска војна: значително
се нарушил соодносот меѓу мажите и жените. Многу жени останале
без мажи, многу не можеле да се омажат затоа што буквално немало
мажи. Како резултат на тоа, се изменило сознанието на жените кои биле
принудени да живеат самостојно, без потпора од мажите. Повоените
силни жени воспитуваат исти такви самодоволни ќерки. И веќе не мажите
се грижат за „слабиот пол“, туку жените се однесуваат кон мажите на
еднакви основи или пак дури снисходливо, од позиција на увереност.
Овој најчесто од сè наследен стремеж на жените да градат однос
со емоционално незрели мажи, да ги штитат, да се грижат за нив, се
нарекува синдром на Венди (според ликовите од книгата за Петар Пан).
Ваквите врски се разновидност на емоционална зависност. Доминантните

50 Број 65, година 17, Април 2023


сопруги самите ги инфантилизираат мажите, кои ја губат потребноста да
бидат силни и престануваат да се сметаат себеси обврзани да прават
нешто.
Сепак, основна причина за незрелото поведение на „Петар
Пановите“ се особеностите при воспитувањето.
Мажот може да остане инфантилен, ако бил воспитуван од
хипергрижливи родители (пред сè од мајката), и уште повеќе, ако тој
немал пример на силен маж (такото отсуствувал или бил со слаба волја).
Инфантилноста може да стане избор на човек со детска психичка
траума (на пример, насилство) или траума при созревање - ако во
периодот на созревање некоја несреќа многу длабоко се врежала во
душата на човекот, тој може да реши да го „сопре“ самото созревање.
И многу честа причина на инфантилност е баналната разгаленост,
која сега добива размер на општествена катастрофа.

Превод од руски јазик:


М-р Александар Ѓорѓиевски

www.povardarska-eparhija.org.mk 51
ШТО ДОНЕСУВААТ БОЛКАТА И СКРУШЕНОСТА
Свети Никодим Светогорец

С епак, алатката која е поостра од која било секира и која може да го отсече
и извлече тој злобен корен на гревот е болката на срцето, како што
споменавме погоре, како и скрушеноста и тагата на душата, а болката ќе ти спомне за
оние седум предмети за кои зборувавме во „Совет до покајникот“:
1. Како си згрешил против Бога и Божјите природни совршенства со своите
гревови; 2. како се покажа дека сте неблагодарни за толку многу безбројни придобивки
што Бог ги направи за вас; 3. како извршивте срамна неправда и покажавте презир
кон откупувањето што Синот Божји го изврши преку своите многубројни страдања
и сопствената крв; 4. како ти, со гревовите што си ги направил си нанел штета на себе
и привремено и вечно; 5. како го изгубивте Бога и Божјата благодат на посвојување и
оправдување што ја имавте; 6. како си останал без вечно небесно блаженство и 7. како
со своите гревови си стекнал вечен пекол и вечни маки.
А таа болка, како што рековме погоре, треба, пред сè, да биде толку голема,
толку поразителна и огромна, како болката на мајката што го губи своето единственo
дете или својот сакан сопруг, или како болката нанесена од меч или големо шило или
колку е болно да ти се залепи трн во ногата, за што зборуваше Давид: Се јадосував кога
ме боцна трнот на гревот (Пс. 31,4). Така што болката и тагата со своето бреме ти го
гмечат срцето што го крши и го тера понекогаш да воздивнува, а понекогаш да плаче.
Затоа авва Исак рекол дека „покајанието е скрушено и смирено срце“ (Беседа 81), и
пак: „Покајанието подразбира напуштање на претходното и тагување за него“ (таму).
А Јован Лествичник вели: „Покајанието е силно вознемирување на цревата и опипливо и
болно камшикување на душата“ (Беседа 5, За покајанието).

Болката во срцето треба да биде непрестајна


Таа болка и тага на срцето треба да бидат непрестајни, како што е непрестајно
и покајанието. Затоа ти, брате, треба постојано да ја имаш таа болка во срцето. Зашто,
ако ја имаш таа болка, имаш и покајание, а штом таа болка ти истече од срцето, веднаш
си отиде и покајанието, како што вели Георгиј Коресиј, заедно со другите теолози.
Затоа божествениот Исак рекол дека „ниту една добродетел не е повозвишена од
покајанието, зашто и делото на добродетелта никогаш не може да биде совршено без
него“ (Писмо 55).1

1 И св. Марко вели: „Ако (Господ) одредил покајание до смрт, тој што вели дека совршено се покајал пред
смртта се ослободува од заповедта, отстранувајќи ја смртта од него. Со други зборови, ниту малите ниту големите не
го завршуваат своето покајание до смрт“ (Беседа за покајанието).

52 Број 65, година 17, Април 2023


Од кои причини болката треба да биде постојана?
Од три причини болката во срцето и покајанието треба да бидат непрестајни:
пред се заради тоа што гревот се нарекува смртен, што е човекот, штом ќе го изврши,
достоен да биде физички убиен од Бога и повеќе не е во овој живот (исто како што
древниот закон ги казнуваше смртните гревови со телесна смрт), и така да биде фрлен
во вечниот пекол. Бог, пак, од љубов кон човештвото, не го убива физички, туку го
остава жив, за да се покае за гревот што го направил во текот на целиот свој живот,
како што вели свети Марко Подвижник: „Кој еднаш се удостоил за смрт, законот го
убива, а кој живее во вера, живее поради покајанието“ (Беседа за покајанието). Затоа,
откако ќе падне во грев, човекот веќе не може да биде невнимателен до крајот на
својот живот, тој е должен да тагува, да боледува, да се кае и да се грижи за својот
грев секој ден, дури и ако добил прошка од неговиот духовник. Исто така, пророкот
Давид, иако Бог му прости преку пророкот Натан за двата гревови што ги направи и
иако претрпе долготрајна казна поради нив во вид на отпадништвото на Авесалом,
неговиот син, кој го избрка од неговото царство, тој не кренал прст ниту подоцна да
се грижи за покајанието и да плаче за тие гревови до крајот на животот. Затоа рекол:
Ќе го објавам своето беззаконие и ќе се грижам за твојот грев (Пс. 37,19), а на друго
место, пак, вели: Секоја вечер ќе ја перам постелата моја, леглото со моите солзи ќе го
наквасувам (Пс.6.7). Давид го нарекува креветот, местото каде што извршил прељуба,
а бесилката, местото каде што ја донел одлуката за смртта на невиниот Уриј, како што
толкуваат некои учители. Така апостол Петар, кога и да го чуеше петелот, се сеќаваше
на одрекувањето со кое згрешил, па се каел и плачел, како што вели свети Климент,
неговиот ученик. Затоа божествениот Златоуст вели: „Плачи кога грешиш... и прави го
тоа постојано, бидејќи тоа е исповед; не биди весел денес, а утре мрачен, па повторно
весел, туку секогаш живеј во плач и скрушеност. Зашто кажано е дека се блажени тие
што плачат (Мат. 5,4), односно тие кои непрестајно плачат. Секогаш правете така,
грижете се за себе и тагувајте со своето срце, како што би плачеле за загубата на синот“
(Петта беседа на Второто послание до Коринтјаните).

Покајанието не ги брише белезите и трагите на гревот


Друга причина зошто болката во срцето и покајанието треба да бидат непрестајни
е тоа што секој грев е како рана и, дури и да се залечи раната, белегот, лузната и трагата
од раната остануваат во душата и не можат целосно да се избришаат во овој живот,
како што велат повеќето, па дури и сите теолози. Имено, оној што еднаш украл, или
извршил прељуба или убил, повеќе не може преку покајанието да стане толку невин и
толку чист, како никогаш да не украл, да не блудничел или пак како никогаш да не убил.
Затоа, колку пати и да се сеќава на гревот што го направил и да ги види трагите
и белезите од неговите рани, не може грешникот да не тагува поради нив, да не плаче
и да не се покае, дури и ако претпоставиме дека само неговите рани се излекувани.

www.povardarska-eparhija.org.mk 53
Понатаму, белезите и раните на сите гревови неизбришливо остануваат во душата, како
што рековме, а посебно белезите од телесните гревови. Затоа и свети Василиј Велики
во својата Беседа за девството вели дека покајанието може да донесе простување на
гревовите на некој маж или жена кои го нарушиле девството и згрешиле, но не можат
да направат расипаниот да биде како нераспаднат и девица. Затоа предизвикува тага
во текот на животот на оние кои блудничеле или оние кои блудничат. „Покајанието,
се разбира, ги простува гревовите, но бидејќи не може да го натера расипаниот да
биде како нерасипан, тој плаче до крајот на животот. Зашто како може корумпираниот
да стане некорумпиран? И како може она што некогаш било рането од страста,
задоволството и алчноста да стане како она што не било рането, кога трагите на
расипаноста остануваат засекогаш во душата и телото?“, на крајот во својата Беседа
за покајанието он вели: „Заздравувањето е можно и по раната, но лузната останува“.
А божествениот Григориј вели: „Не може да се вратиме на стариот пат, дури и да го
побарале тоа со многу воздишки и солзи од кои раните тешко зараснуваат, а ние не само
што веруваме дека лечат, туку сакаме и белезите да се измазнат, затоа што мене самиот
ми треба човекољубие“ (Беседа за крштевање). А исцелување се нарекува затворањето
на раната, која Бог ја ветува и преку Еремија. Еве, јас ќе им донесам оздравувње и
исцеление (Ерем. 40,6). А св. Атанасиј Велики вели: „Кој се кае, престанува да греши, но
има белези од раните“. А Кирил Ерусалимски го вели следново: „На телото остануваат
трагите од гревовите, бидејќи како што, раната во телото напредува, белегот останува
дури и ако е излечено, така гревот ги храни и душата и телото и трагите од раните
(Поука за огласените 18). Но и Исидор Пелусиот истото го вели: „Немој, бидејќи си
слушнал дека нам ни е дадено покајанието, без страв да тргнеш да правиш грев, небаре,
еве секако ќе ми биде простен, но знај пред сѐ, многумина немале време да се покајат
за своите гревови туку, во текот на самиот грев, тие биле подложени на казна, а освен
тоа, знајте дека покајанието обично долго ги лекува страстите, бидејќи многу напор,
пост, бдение, милосрдие и молитви и сè слично се неопходни за да се залечат раните
што се појавиле порано. И конечно треба да имаме на ум и ако телото се исцели од
болеста, белезите остануваат и сведочат за неа, зашто не е исто здраво тело и лекувано
тело, ниту пак е исто крпена и нова облека, па макар и со најголемата вештина за шиење
да е донесена до состојба да воопшто не се познава каде била оштетена“ (Послание
на Касиј 147). А божествениот Златоуст, иако вели: „Кога Бог ги брише гревовите,
Он не остава белег, ниту остава да остане трага, но со здравјето дарува и убавина“
(Беседа за Покајанието која почнува со зборовите „Иако вчера вас ве оставив“), тој го
кажува тоа за бескрајната Божја љубов кон човекот, а не за покајанието, кое само по
себе тоа не може да го направи. Затоа што тој таму повторно вели, како да го толкува
она што е кажано: „Не може покајанието само по себе да го очисти гревот, туку се
случува затоа што неискажливо со покајанието се меша Божјата љубов и Неговата
бескрајна благост“2 согласно тоа и божествениот Јован Посник во своето 19 правило
2 Висарион Макрис во Православно исповедање, заедно со другите, толкува како Златоуст сака да каже дека
белезите не остануваат во овој живот, туку во идниот.

54 Број 65, година 17, Април 2023


вели: „Дете кое е расипано од некој друг не стапува во свештенство, затоа што, иако
не згрешил поради несовршеноста на својата возраст, неговиот сад сепак бил скршен
и станал бескорисен за света служба“. Тоа и Бог сака да го покаже со своите зборови
преку пророкот Амос: Израилевата девојка згреши, нема кој да ја подигне (Амос 5,2).
Затоа и во Старечникот читаме дека Макариј Велики постојано тагувал и плачел затоа
што како мало момче украл неколку краставици од некоја бавча.
Третата причина за непрестајна болка и непрестајно покајание е дека ниеден
човек праведен или грешен не може да остане безгрешен и слободен од смртни или
гревови што се простуваат. Кој ќе се пофали дека има чисто срце, или кој ќе се осмели
да каже дека е чист од гревот? (Изреки 20,9), бидејќи секој час и секој ден грешиме,
некогаш со збор, некогаш со лоши помисли, со богохулење, и така го гневиме Бога.
Затоа сите сме должни секојдневно во срцето да имаме болка и секојдневно да се каеме
за нашите гревови и да бараме простување од Бога не само за гревовите во минатото,
туку и за денешните и секојдневни гревови. Заради тоа и свети Исак, имајќи го тоа на
ум вели: „Главната мисла на ова поглавје е да знаеме дека во текот на сите дваесет и
четири часови сме должни да се каеме“ (Слово 50)3.

Колку добро носи болката во срцето


Ако и понатаму, брате, во срцето носиш толку силна, како што рековме, и
непрестајна болка, знај дека таа болка ќе ти донесе големо добро на твојата душа, зашто
ќе ги собере умот и срцето заедно, и нема да им допушти да се сеќаваат на гревот, со
што природно е умот да се насочува и кон болката на екстремитетите. Таа болка ќе
предизвика твоето срце да го поврати отровот и коренот на гревот кој го проголтала,
омекнувајќи го, смирувајќи го и брзо ќе го одвои од страстите и наклонетоста кон
гревот кој го примила. Зашто срцето на грешникот е тврдо, скаменето, непокорно и не
чувствува болка, не може да се смири, ниту да омекне како што е напишано: Тврдото
срце ќе го зафати тешка болка (Сирах. 3,27). Таа болка се чини дека е пред Господа
Саваот и се фаќа за Него за брзо да ги прости гревовите, како што е запишано: Мојот
суд е од Господа и мојата болка е пред Господ (Ис. 49,4).

Начинот на живот на покајникот и виновникот, треба да биде различен од


начинот на живот на невиниот
И Давид вели: Види го моето смирение и трудот мој, и прости ги сите мои
гревови (Пс. 24,18), и пак: Срцето скрушено и смирено, Бог нема да го презре (Пс.
50,19). Таа болка ќе те наведе да го смениш и своето јадење, и пиење, и одење и сонот
3 А св. Марко оди уште понатаму и вели: И да претпоставиме дека никогаш не грешиме доброволно (што
не е можно) само поради прародителскиот грев треба да се каеме пред Бога: „Оној кој некогаш стана достоен за
смрт со закон е усмртен, а кој е жив во вера е жив поради покајанието (Беседа за Покајанието)“. Во врска со ова и
свети Григориј Солунски вели: „Покајанието е и почеток, и средина и крај на христијанското живеење, и затоа и пред
крштевањето, и на самото крштение и после крштението покајанието се бара од нас и ние сме должни да го имаме“
(Беседа за предвечерието на Богојавление). Затоа и ти постојано треба да го молиш Бога, брате, заедно со Давид,
велејќи: Господи исцели ја душата моја, зошто ти згрешив (Пс.40.5), но да го молиш со топло срце, зашто по зборовите
на свети Марко: Сеќавањето на Бога е срдечна болка што се јавува поради побожност“ (Погл. 131).

www.povardarska-eparhija.org.mk 55
и целиот начин на живот кој си го имал пред да згрешиш. Зашто така им доликува
да живеат оние што се каат, смирено, односно во жалост, во сиромаштија, пред
сѐ поради тоа што и болните немаат исти начин на живот како здравите, како што
вели свети Григориј Ниски (во Беседа за покајанието): „Невозможно е да се каже за
болниот дека води ист начин на живот како здравиот, зашто еден е начинот на живот
на болниот, а друг е на здравиот...“ Така живее телесно болниот, а ти, кој си душевно
изнемоштен, кој поседуваш бестелесен лекар и притаено признаваш и покажуваш
слабост, и престани да се закопуваш во страстите за истите да не се рашират и да
преминат целите во оток, туку вразуми се и познај се самиот себе“. И повторно:
„Ветивме покајание, но не се трудиме тоа да го покажеме на дело, туку живееме исто
како и пред гревот, зашто покажуваме иста ведрина и иста облека и големо уживање
на трпезата и долготраен сон и опуштање на нашата слободна волја, и непрестајно
занимавање и грижа што душата ја наведуваат да заборави на сопствената грижа. И
само го носиме името покајание, бесплодно и без дела“. Освен тоа, оние кои се наоѓаат
под казна и во смртен грев не треба да се радуваат и да имаат подеднакво ведар живот
каков што имаат другите луѓе што не се како нив, како што вели пророкот Осија: „Не
радувај се, Израилу, и како народ не бидете весели, зашто си направил блуд, го напушташ
својот Бог (Ос. 9,1). Истото го вели и свети Јован Лествичник: „Едно воздржување
доликува на недолжните, а второто на виновните, зашто првите телесното движење го
имаат како знак, додека другите до својата смрт и неволно и неотповикливо го носат
до крај“ (Беседа четиринаесета: За угодувањето на стомакот). Потоа таа болка ќе те
наведе да станеш монах или пак да живееш монашки живот, па макар и да живееш
во светот. А таа болка и тага не се горчливи, затоа донесуваат разочарување (зашто
безнадежните болка и тага треба да ги отфрлиш, бидејќи се од лукавиот), туку се
слатки и шират радост, зашто се помешани со надеж за спасение, со преслатко
умиление, солзи и чистење на совеста. И кога ќе помислам на своето умиление, се
зачудувам, како таканаречениот плач и тага, содржат во себе радост и веселба, како
мед помешан со саќе. И зошто тоа ни го кажува? За тоа дека главниот дар Господов
без сомнеж умилува, во душата тогаш нема неблаги сладости, кога Бог тајно ги теши
смирените срца“ (Беседа седма „За плачот“). Накратко, таа болка ќе ги искорени од
твоето срце сите лоши особини и грешни навики и ќе ти донесе вистинско покајание
кое според божествениот Григориј Ниски, е исчезнување не само од грешните дела и
постапки, туку и расположение и наклонетост на срцето, неговите помисли и напади
на разумот. „Зашто тоа е покајанието, исчезнување на тоа што било претходно, а
што било направено со дело или според расположението дошло во умот“ (Беседа за
покајанието). О, таа преслатка болка која ја донесува вистинското покајание, преку
божествената благодат, О, болка радосна, која човекот го прави неподвижен, или тешко
подвижен на зло! О, блажена болка, која донесува блаженство без мака. Дозна, брате,
како да ги отсечеш фиданките и гранките на гревот, со одлучно воздржување од грев,
и дозна како од срцето да го искорениш гревот со силна и непрестајна болка. Сега

56 Број 65, година 17, Април 2023


дознај и како во своето срце, наместо ранетите диви дрвја, треба да насадиш питомо и
плодоносно дрво, наместо голема злоба - љубов, наместо гордост - смирение, наместо
стомакоугодие - воздржување, наместо среброљубие - великодушност и милостина,
наместо суровост - кротост, наместо телесни страсти - девственост и целомудрие,
наместо неправедност и крадење - праведност и несебичност, наместо завист и омраза
- љубов и братољубие, а наместо првиот престап против Божјите заповеди - нивно
чување и извршување. Зашто за спасение и за вистинско стекнување на вистинско
покајание не ти е доволно, брате, само од срцето да ги извадиш корењата на гревот, а
во меѓувреме просторот во своето срце да го оставиш сув, а да не го засадиш со добри
билки и дрвја, зошто ако срцето повторно го оставиш суво, од него пак ќе изникнат
трња и диви дрвја, односно страсти и гревови. Затоа и Духот Свети те советува, преку
псалмопејачот Давид да бегаш од злото и да правиш добро: Тргни се од злото и прави
добро (Пс. 33.15)4.
Најпосле, бидејќи во своето срце ќе ги насадиш тие доблести, треба колку можеш
повеќе да ги чуваш, сѐ додека не фатат корени, односно, благодарение на навиката,
да станат твои особини, како што порано твои особини биле страстите и гревот, и
додека не процветаат и донесат плод за спасение, вистинско покајание и простување
на твоите гревови. Бидејќи ако не ги сочуваш и не се погрижиш за нив, ѓаволот кој
сее какол ќе дојде додека ти спиеш и пак ќе посее какол во твоите сопствени гревови
согласно евангелските зборови во кои се вели: „Царството Небесно е како човек што
во својата нива засадил добро семе, а кога луѓето ќе заспијат доаѓа нивниот непријател
и сее какол во пченицата и заминува (Мат. 13,24). Зашто, ако не ги чуваш грижливо
своите добродетели, страстите повторно ќе ти се вратат во срцето. Затоа отците за
страстите велат дека повторно сакаат да се вратат. А бидејќи се враќаат и просторот во
срцата нема да биде обработен и подготвен за нив, тие пуштаат корени подлабоки од
порано и така второто станува полошо од првото, како што вели Господ (Мат.12,45).
Но тоа никогаш да не ти се случи, возљубен.
Наведените четири работи претставуваат, брате, одлики на вистинското
покајание. Со нив можеш да стекнеш вистинско покајание, за кој дар Црквата го
моли Господ, зборувајќи во некои молитви: „Те молиме да нѐ доведеш до вистинското
покајание“. Тоа се плодовите и последиците на вистинското покајание и преку нив
можеш да се увериш дека Бог вистински ги простил твоите гревови и се помирил со
тебе.

Превод: Свештеник Ѓоко Белчовски

4 Затоа и свети Григориј Ниски вели: „Насладата те разболе? Постот ја лекува насладата. Дали со својот
разврат ѝ наштети на душата? Нека целомудреноста ти стане лек за сите болести. Богатството и алчноста го запалиле
и стоплиле умот? Милостината нека те испразни од вишокот, зашто давањето ги исчистува богатите. Нас нѐ има
оштетено и земањето на туѓи работи? Нека одземеното се врати кај својот господар. Лажењето нѐ доведе блиску до
смртта? Да се посветиме на вистината и нека таа ја оттргне опасноста (Беседа за покајанието).

www.povardarska-eparhija.org.mk 57
ВЕРАТА Е ДОПИР
Проф. д-р протоереј-ставрофор Радован Биговиќ

Д енес, многу зборови се преценети и го изгубиле своето


значење. Меѓу нив е и поимот за вера. Овој поим луѓето го
сведуваат на обична човечка вера.
Во „постхристијанската епоха“, за „постмодерниот човек“, верата
станала за „добронамерните луѓе“ - збир на добри принципи, за
„моралните луѓе“ - збир на морални прописи, за „побожните луѓе“ -
вршење на религиозни ритуали, за „патриотите“ - дел од националната
традиција, за „модернистите“ - симбол за конзерватизам, за
„научниците“ - симбол на мракот и незнаењето, за „трговците“ – духовна
корист, за „тажните“ - утеха. Да веруваш, значи да прифатиш некои
принципи, ставови, вистини, вредности, без испитување, докажување
и проверување. Верата луѓето често ја разбираат како „увереност“,
„уверување“ или „убеденост“. Да бидеш верник значи да бидеш убеден
поддржувач на некое учење, доктрина или идеологија.
Да се верува, значи да се прифати некое учење, космологија без
логички и емпириски докази. За некои луѓе, да веруваш во Бог, значи
да веруваш во Бог како идол кој ја благословува и штити нивната моќ и
имот. За „услужливите“ и псевдоинтелектуалците да се верува значи да
се прифати, а не да се разбере.
„Верувај и не истражувај“ (парола со непознато потекло)! Некои
ја сметаат за „квинтесенција на метафизиката“ (Христо Јанарас).

58 Број 65, година 17, Април 2023


Верата овде е слепа, апсолутно почитување на авторитет. Таквата вера
е идеолошка основа на секој тоталитаризам: идеолошки, политички,
религиозен.
„Без неволја нема богослужба“ (народна поговорка). Луѓето често
веруваат и го бараат Бога за време на страв, војна, несреќа, елементарни
несреќи, страдање, болест, немаштија. Кога тие периоди ќе поминат тие
се враќаат на животот што нема никаков допир со Бог. Веруваат кога им
треба нешто, а кога ќе помине тоа повторно почнуваат да живеат како
Бог да не постои. Има луѓе кои не веруваат во Бог, но се кажуваат дека
се религиозни. Сакаат да поминат во црквата (кога нема никој внатре).
Тоа им е „угодно“. Тогаш наоѓаат „мир и спокојство“. Верата е еден вид
на рекреативно задоволство во „свети“ и „возвишени“ нешта.
Во цивилизацијата каде основната смисла на животот е што повеќе
да се произведе, и што повеќе да се потроши, верата е неопходна и
корисна за националните интереси, за семејството и општеството. Таа
ги прави луѓето добри и чесни. Ако си „добар“, Бог те наградува, а ако
си „лош“, Бог те казнува. Така се разрешува цела човечка (не)правда.
Верата е многу битна за воспитувањето на децата и на младите. Од
неа се очекува да ги „дресира“, да бидат покорни и послушни. Верата
е терапија, помош и утеха, гаранција за индивидуалната среќа и
задоволство. За некои верата е само „каранфил за ревер“. Тие веруваат
во тоа што се плаќа најдобро. Верата некои ја толкуваат како „традиција“
и „убав обичај“ (денеска се обврзуваме на она што било некогаш, на
стилот на егзистенција што бил во минатото).
Што не е верата? Верата не е интелектуално знаење, ниту
повремено религиозно чувство кое доаѓа и си оди. Предметот на верата
не се апстрактните идеи, туку конкретни личности во кои човекот има
доверба. Верата не е некое мислење, морален пропис, убедување кое
се темели на расудувањето. Верата не е механичко повторување, или
рецитирање на она што се научило, ниту пак е прифаќање на теории за
работи за кои всушност ништо не се знае.
Постмодерниот човек ја разбира верата како некогашен стил на
егзистенција, како нешто „вчерашно“. Верата е конзерватизам, нешто
што е спротивно на модерноста. Денеска се обврзуваме на она што било
вчера. Верата не е научна вистина, друштвена навика или национална
традиција. Верата не е впечаток или чувство, оптимизам за животот,
задоволена потреба за сигурност. Сепак, од сето тоа, има нешто што е.

www.povardarska-eparhija.org.mk 59
Што е верата? Верата е доверба, личен однос.
Верата е дар од Бога. Верата е живот, однос на јас – ти. Верата е
допир, средба со Христос, доверба во Христа.
Да веруваш значи „да го стекнеш Светиот Дух“ (Св. Серафим
Саровски). Верата не е приватна потрага по вистината, туку прифаќање
на Вистината.
Верата е прифаќање на Христовиот поглед кон нас, прифаќање на
другите луѓе, на работите околу нас, на човештвото, на историјата, на
свемирот, на Самиот Бог.
Верата е светлина која го проникнува и осветлува целиот живот.
Верата е искуство, однос, комуникација. Таа може да биде
посредна и непосредна. Постепена. Верата е доверба во Евангелието
(Свети Николај) и во Христовата радосна и спасоносна вест.
Да веруваш значи да имаш доверба во Бога, доверба во
сведоштвото на праотците, пророците, апостолите, светителите.
За христијаните не е суштинско прашање: дали веруваш во Бога,
туку дали веруваш во Бог кој се откри, се вовремени и се вопростори, за
кого зборува и сведочи Црквата.
Верата не сум јас и неговите проблеми и потреби. Верата е
екстатична.
Да веруваш значи да се биде за другите. Човекот што верува, тој не
припаѓа на себе, туку на Оној во кого верува.
Вистинската вера е слободна затоа што го ослободува човекот од
себе, од сите нешта и предмети.
Верата е „принос“, дарување. Кој највеќе верува, тој највеќе дава.
Верата е љубов. Таа не бара ништо. Ако се дава за нешто да се
добие, не се добива ништо, а се губи сѐ. Ако се дава сѐ, а не се очекува
ништо, тогаш и се добива сѐ.
Верата, како и љубовта, е самозаборавање, одрекување од своето
Јас, и „излегување од себе“.
Верата е надеж, „потврда на невидливото“ (Евр. 11, 1).
Верата е сопственост само на човечките суштества.
Верата е тежнеење, копнеж, надежно исчекување на нешто што е
посакувано (Александар Шмеман).
Во „светот без другиот“ верата постојано е отсутна – присутноста
на Другиот кој сам може да го направи животот вреден и значаен.
Верата е допир со другиот.
Современиот човек се претвора и себеси во религија, се
апсолутизира самиот себеси и неговите блиски. Гради идентитет врз

60 Број 65, година 17, Април 2023


себе. Да веруваш значи да се откажеш од себеси и од своето (од своето
„јас“, својата нација, партија, култура, идеологија) и да соживееш не со
себството, туку со Бога.
Луѓето често му служат на Бог и на другите. Верата ги тера да
служат на Бога и на ближниот.
Кога луѓето денес ќе речат дека веруваат во еден Бог под тоа обично
се подразбираат сите богови. Да се верува во единиот библиски Бог –
Света Троица – значи да се верува во единствениот Бог кој ги исклучува
сите други. Затоа верата во Христа се означува како „теснограден
фанатизам“, а суеверието како „поширок поглед“ на светот.
Христијанската вера претставува единство, синтеза, рамнотежа на
онаа и на оваа страна, на Бог и човекот, на душите и телата, на верата
и разумот. Верата во воплотениот Бог – Логосот е вера во создавачката
сила на разумот. Да веруваш и делуваш неразумно противречи на самата
природа на Бога (Бенедикт XVI).
Постмодерниот „клуб на себични“ (мразливци, грабливци, алчни,
самољубиви) го претвораат и Бога во „пазарен производ“ кој се нуди и
„моделира“ за потреба на клиентите. „Гладните во изобилие“ црковната
вера ја мерат според тоа што таа прави за човекот (за нацијата, партијата,
државата, светот) а не по тоа што таа претставува. За христијанската вера
е побитно да се биде, отколку да се има.
Луѓето денеска често ја трансформираат Црквата во религија,
потоа религијата станува култура, па културата - политика и на крајот таа
се влева во пазарот. Купувам, значи, постојам! Сѐ, па и „религиозните
добра“ се наоѓаат во пребогатиот супермаркет на псевдодуховноста.
Затоа тие постојано нешто бараат од Бога, тргуваат со него. Бараат тој да
ја врши нивната волја, да ги реализира нивните планови, наместо тие да
ја творат волјата Божја. Во време на „глобална“ тортура и сиромаштија,
да веруваш значи да живееш за другите, да ги сакаш другите и да делиш
со нив сѐ.
Верата е човековиот дијалог со Бога, со природата и со другите
луѓе.
Верата е стил на живот, а не еден дел од животот.

Извор: Радован Биговиќ, Црквата во современиот свет,


Белград: ХКЦ - Службен весник, 2010, 9-14.
Превод: Андријан Ѓорѓиев, студент на Теологија

www.povardarska-eparhija.org.mk 61
НЕБО НА ЗЕМЈАТА

Еден ден, кога дојде време за служба, еден инок (монах) стана да
оди во црква, како и секогаш, но за жал, тогаш ѓаволот се исмеваше
со него, велејќи му преку помисла: „Каде одиш? Во црква? А зошто? Да
добиеш леб и вино? А ќе ти речат дека тоа се Телото и Крвта Господови –
ајде бре, не се изложувај себеси на потсмев. Овој брат поверувал во хулата
на ѓаволот и не отишол во црква. Браќата пак, го чекаа, зашто имаше таков
обичај, да не се почнува со молитвата додека сите не се соберат. Со оглед
на тоа дека го немало, браќата отишле по него, мислејќи дека нивниот
брат можеби се онесвестил. Кога го нашле во ќелијата, го прашале зошто
не оди во црква. И покрај срамот, тој им признал: „Извинете браќа, јас
како и обично станав и почнав да се спремам за во црква, но ми се појави
мисла и ми рече дека она по кое одам не се Телото и Крвта Христови,
туку обичен леб и вино. И така, ако сакате да дојдам со вас, излечете ја
мојата болна помисла кон светата Причест“. Тие сепак му рекоа: „Станувај,
доаѓаш со нас, а ние ќе го молиме Бога, Он да ти ја открие Божествената
сила која престојува во Светата Црква“. Монахот стана и отиде со неговите
браќа во Црквата. По долгата молитва на браќата кон Бога, молејќи на
нивниот брат да му се јави силата на Божествените Тајни, започна
службата, а братот го поставија во средината на црквата. И до крајот на
службата тој не престана да лее солзи и да го покрива своето лице. По
службата го запрашаа: „Ако Бог ти открил нешто, раскажи ни, за и ние да
имаме корист од тоа“. А овој, плачејќи почна да им раскажува: Кога се
пееше канонот, кога беше прочитано апостолското чтение и кога излезе
ѓаконот да го чита Евангелието, видов како се отвори покривот над нашите
глави и небото цело се гледаше, па секој збор од Евангелието беше како
пламен и се вознесуваше на небесата. А кога се заврши со читање на
Светото Евангелие и кога свештениците излегоа од олтарот, држејќи ја
Светата Причест, видов повторно како се отвора небото и слезе оган, а
со огнот имаше мноштво на свети ангели, и меѓу нив две небесни лица
чијашто убавина беше неопислива. И блескаа како молња, а меѓу нив
имаше и мало Дете. Светите ангели стоеја околу Светата трпеза, а над неа
стоеја две лица, со Детето помеѓу нив. А кога светите молитви завршија
и свештениците се приближија да го прекршат лебот за Причеста, видов
како две лица го држат Младенецот за рацете и нозете, и земаа нож, и Го
заклаа, па ја истурија Неговата Крв во путирот, го расекоа Неговото Тело,
и го положија над лебот, а лебовите се претворија во Тело. Кога браќата

62 Број 65, година 17, Април 2023


пристапуваа да ги примат светите Дарови, им се даваше Тело, а кога тие
изговараа: „амин“ – се претвораше во леб, тоа што беше во рацете нивни.
Кога пристапив и јас, мене ми беше дадено Телото, па затоа не можев да
го вкусам и се слушна глас: „Зошто не земаш? Зарем не го бараше тоа? А
јас реков: „Биди милостив кон мене Господи! Јас не можам да го јадам
Телото!“ И ми беше одговорено: „Кога човекот би можел да зема Тело,
Тело и би му се давало, како што виде и ти самиот, но затоа што никој не
може да јаде месо, Господ нареди во Причеста да се зема леб. И така,
дали со вера го примаш она што го држиш во рака?“ А јас реков: „Верувам,
Господи“. И кога го кажав ова, Телото што го држев во раката стана леб,
па благодарејќи му на Бога ја примив светата просфора“. И кога заврши
службата и свештениците отидоа на своите места, повторно го видов
Младенецот помеѓу две животни, а кога свештениците ги употребија
Светите Дарови, видов како повторно се отвора покривот на црквата и
Божествените сили се вознесуваат на небесата“. Слушајќи го ова, браќата
се потсетија на Апостолот кој зборуваше: „Нашата Пасха, Христос, се
жртвува за нас“. И со љубов појдоа кон своите ќелии, прославувајќи и
фалејќи го Бога, Кој прави големи чуда.

Од Древниот Патерик.

Превод: Андријан Ѓорѓиев, студент на Теологија

www.povardarska-eparhija.org.mk 63
САМ ДОМА: ПРАВОСЛАВНИТЕ ПОМЕЃУ АТЕИСТИТЕ

П осле покајанието и исповедта почнуваме да се менуваме, се


свртуваме кон Бога, Црквата, стануваме подобри, поискрени, почесни
и среќни луѓе. Живееме потполно нов живот. Меѓутоа нашите домашни не се
променија, останаа исти – неверни. Како да се однесуваме кон нив во разни
ситуации во текот на секојдневниот живот, особено ако си единствен верник
во семејството? Како да ги привлечеме во верата кон Бога? На ова прашање
одговара отец Роман Колесников.

Верата не се раѓа во контроверзии


- Отче Романе, се случува еден православен да е осамен меѓу домашните.
Брачните партнери може да имаат различна вера. Кога правите отстапки, а
кога ја браните својата вера?
- Мислам дека во такви ситуации верата само станува изговор за меѓусебна
кавга и да инсистираме на своето. Овде е многу важно да размислиме: да го
браниме Бога или себе? Длабоко сум убеден дека во современиот свет, каде
апсолутно е се измешано, нема спор за верата како таква.
- Но, тие и претходно се карале?
- Едноставноста на старите луѓе, за која читаме во житијата на светиите,
нас денес не ни е својствена. Спорот за верата е можен само со чисти и
првобитни намери, кога човекот всушност го бара Бога, а не се става себеси во
прв план. Забележав дека темата за верата најчесто ја открива конфликтната
природа на внатрешната семејна ситуација. Докажувајќи ја исправноста на
Православието, човекот всушност ја покажува својата доминантна позиција
или својата посебност. Мажот и жената имаат право еден на друг, а верата
само станува причина за повторно да разговараат.
- Како се однесуваат во слични ситуација?
- Верувам дека пред сѐ потребно е да се запамети дека со Бога не смее
да се подигрува, Он ја има сета сила и способност да се заштити Себе. Немојте
да мислите дека црковноста на нашиот соговорник зависи од нашите зборови.
Верата е дар од Бога, која се дава одозгора, човекот не ја прима ако не сака.
Евангелието зборува: „Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога“.
Всушност чистотата на срцето е гаранција, услов и основа за богопознанието.
Во споровите не се раѓа чистотата на срцето, таа се раѓа во внатрешноста на
духовниот живот. Понатаму, пред сѐ, мораме да разбереме дека Бог е во
состојба да се заштити Себе, и друго, мораме да запамтиме дека проповедта
не е во нашите зборови, проповедта е првенствено во нашето однесување.

64 Број 65, година 17, Април 2023


Мажот е покрај телевизорот, а жената покрај иконата
- Но, се случува однесувањето на верникот да е тоа што создава проблеми.
На пример, жената почнува да оди во црква, пости, се моли наутро и навечер,
понекогаш и одбива да биде во близина на својот неверен сопруг.....
- Да, тоа може да го изнервира семејството. Кога ме прашуваат луѓето како
да се однесуваат во такви ситуации, им давам примери од раните христијани.
Многу од нив беа робови и не го ставија својот господар пред фактот дека
имаат утринска или вечерна молитва, но и покрај скриениот приказ на верата,
успеаја да го освојат светот. Што ги направило поинакви? Пред сѐ, понизно
однесување. Меѓутоа, во современиот свет, однесувањето на христијаните
често се поврзува со чисто надворешни манифестации: крсниот знак, постот,
молитвата... Секако, сето тоа е важно, но не треба да се заглавува во ова и
да се мисли дека благодатта може да се постигне само со такви постапки.
Време е да поминеме на ново, повисоко ниво: да го читаме Евангелието и да
го прифатиме патот на Христовиот живот.
- Сепак, земете, на пример, едноставна ситуација: мажот гледа ТВ, а
жената сака да се моли во тишина. Кој треба да попушти?
- Тешко е да се даде општ совет, многу зависи од карактерот на
сопружниците, од тоа каков компромис наоѓаат. Јасно е дека семејството е
заедница на двајца возрасни, во која мажот има свое верување, а жената
свое. Да, мажот има право да гледа телевизија навечер и не треба да го
вознемируваат. Но, и жената има право да застане пред иконата и да се
моли. Во секој случај, мораме да постапиме по својата совест и да видиме
што е корисно за семејството. Ако вашето однесување предизвикува бура од
несогласување, можеби е вредно да се препуштите на нешто, на пример, да го
ослабнете постот или да не го прочитате целосно правилото. А, во некои случаи
треба да инсистирате на своето. Личноста во секој случај треба самостојно да
одлучи што да прави.

Што ги лути роднините?


- Можеме ли да кажеме дека главната работа е да се зачува мирот во
семејството? Да избегнуваме контроверзии по секоја цена?
- По секоја цена? Не, не може тоа да го направиш. Има фундаментални
работи. Мора смирено да објасните што е суштинско за вас, за што не можете
да правите компромиси. Можеби на некој во семејството не му се допаѓа
што имате икони? Ова не е причина да ги извадите од дома. Можеби некој е
огорчен што постиш? Ова не е причина да почнеш да јадеш сѐ. Но, како што
покажува искуството, неверните роднини најчесто се огорчени, не поради
иконите и постот, туку поради нашето амбивалентно однесување. Тие гледаат
дека тоа што го зборуваме и тоа што го правиме се потполно различни работи.
Говориме, на пример, за љубов, за трпение, но и самите се нервираме и ги
осудуваме другите.
- Но, што ако иконите, кандилата, молитвата ги нервираат другите
членови на семејството?
www.povardarska-eparhija.org.mk 65
- Во нормално семејство, неверниот сопруг ги почитува иконите и
светњите на жената. Во тешки ситуации сето тоа го лути човекот, бидејќи веќе
е опседнат од борбата со верата. Вие самите мора јасно да разберете што
добивате со отфрлање на црковните светињи. Во некои околности би требало
да имате храброст и да се залагате за молитва, кај другите – да се моли во
отсуство на личноста или да се учи молитвата напамет. Морате да запамтите
дека пред вас е образ Божји, само што на мажот не му е дадено да верува. Како
што тинејџерот ја отфрла помошта од родителите, не гледајќи дека тие прават
сѐ за него, така и возрасните ја отфрлаат Божјата присутност и потребата за
Црквата, не гледајќи ја Божјата промисла во својот живот.

Личниот пример е поважен од било кој збор


- Дали вреди да се обидете да ги преобратите најблиските во вашата
вера? Како вие го правите тоа?
- Тоа треба да го направите со своето однесување. Понекогаш им
поставувам прашање на парохјаните: ако човек првпат дојде во црква и ве
праша како може да се спаси, што ќе му одговорите? Повеќето не знаат, за
многумина верата е одење во црква, исповедање, причестување, читање
правило. Сетете се како во Евангелието младичот го праша Господа за тоа и
Господ му ја кажа заповедта. Тоа е она на што треба да се фокусираме и да
ги преобратиме неверниците во Православната вера, не по надворешното
однесување, туку по погледот на светот. Господ нас нѐ повика, не на свеќи и
икони, туку на нов начин на живот.
- Значи, треба да делуваме со лични примери?
- Да, но понекогаш е добро да зборуваме за верата, бидејќи многумина
современи луѓе живеат во незнаење, грешат и не знаат дека тоа е грев. Ако ви
се даде прилика, можете да разговарате со нив за тоа што Бог благословува, а
што не.

Како се залагате за Бога


- Ако детето од едниот родител слушне дека Бог постои, а од другиот
дека го нема, зарем тоа нема да ѝ наштети на неговата психа? Дали да се
бориме за православно воспитување на детето влегувајќи во конфликт?
- Мораме да се бориме за децата. Ако сакаме да влијаеме и да им бидеме
интересни на своите деца, треба да се развиваме. Меѓутоа, подигањето на
детето не е наметнување на родителот, и суштината на прашањето не е кој прв
ќе каже дека Бог постои, туку малиот човек ќе ги види возрасните како живеат
по верските убедувања и Божјите заповеди. Детето само ќе научи да разликува
вистина од лага, а не е секогаш лошо ако слушне различни мислења. Но, пред
сѐ, потребно е детето да види дека зборовите на верниот член на семејството
не отстапуваат од неговите постапки.

66 Број 65, година 17, Април 2023


- Дали треба да влезам во верски расправии со моите роднини ако тие ги
испровоцираат? Што да одговорите кога даваат наводни научни податоци за
постанокот на светот или како аргумент за подршка на атеизмот се повикуваат
на смртта на невини деца?
- Мислам ако таквата провокација е само начин да се забавувате, тогаш
можете да се насмеете и да го свртите разговорот во друг правец. Кога е збор
за научните докази, најчесто се цитирани од обичните луѓе, чиј начин на живот
ги поттикнува да се одречат од Бога. Ако зборуваме за смрт на доенчиња, тогаш
не можеме да ја знаеме Божјата промисла. Има многу ситуации во животот
кога не ја разбираме логиката на Бога, а јас како свештеник не се плашам да
кажам дека не го знам одговорот на прашањето за смртта. Одговорите што ги
слушнав не ме задоволуваат: по правило звучат многу едноставно и храбро,
и тоа од устата на оние кои не изгубиле деца. Имаме познат свештеник кој
веќе долго време нема деца. Луѓето доаѓаат кај него со молба да се моли за
дарба на дете, тој врши Божествена проскомидија, тие добиваат деца, но тој
самиот останува без деца. Не знам зошто е вака, зошто Господ на едни не им
дава деца, а на други им ги одзема, но тоа не е директен доказ дека Бог не
постои. Едноставните одговори се добри за првачињата, возрасните треба да
разберат дека животот е многу потежок.
- Што ако блиските луѓе се потсмеваат или едноставно се потсмеваат со
верата и светите работи во ваше присуство?
- Овде треба да се залагаме за Бога. Едно е кога се работи за невина
провокација, друго кога е исмевање на светото. Во најмала рака, овие
разговори треба да се прекинат!

Мажот се молеше и ја најде вистината


- Дали луѓето кои имаат семејни проблеми поради својата вера често ви
се обраќаат за совет? Можете ли да им помогнете?
- Сопружниците мора да имаат цврста намера да ја разберат ситуацијата
и да не го добијат спорот. Да претпоставиме дека жената доаѓа и кажува дека
мажот ѝ забранува да се моли. Во разговорот се дознава дека таа не готви,
не чисти, ги занемарува децата, а таа е цело време во црква. Дали е тоа така
можно? Прво треба да се занимавате со семејството, па со сѐ останато. Во
деветте години од мојата пракса, не се сеќавам во чиста форма на спорови за
верата, искрени трагања по Бога во семејни дискусии.
- Можете ли да дадете примери кога верските спорови во семејството
завршиле добро?
- Знам само за едно семејство кое имаше искрена желба да ја открие
вистината. А споровите се решени со преобраќањето на нејзиниот сопруг во
православието.

Превод: Протоѓакон Васил Ристовски

www.povardarska-eparhija.org.mk 67
ГЛАВА 8: КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ КОН
ЧОВЕЧКИТЕ НАУКИ?
„Луѓето после падот во грев почнале да ја обработуваат земјата,
им станала неопходна облека и стекнале многубројни потреби, со кои е
следен нашиот земски пат, со еден збор, им станал потребен материјален
развој и тежнеењето кон него е главна одлика на нашиот век.
Науките се плод на нашиот пад, производ на нашиот оштетен паднат
разум. Ученоста е собирање и чување впечатоци и знаења кои луѓето ги
стекнале за време на паднатиот свет. Ученоста е светилник на стариот
човек, светилник со кој „мракот на темнината во векови се чува“.
Искупителот на луѓето им го вратил оној Светилник кој Создателот
им го дарувал при создавањето, а од кој тие се лишиле после својот пад во
грев. Овој Светилник е Духот Свет, Он е Дух на Вистината, Он учи на секоја
вистина, ги испитува длабочините Божји, открива и објавува тајни, исто така
дарува познавање на материјалното, кога е тоа потребно, заради духовна
корист на човекот. На учениот човек кој сака да се научи на духовна мудрост
апостолот му остава како завештание: „Никој нека не се лаже; ако некој
од вас мисли дека е мудар во овој свет, нека стане безумен, за да биде
мудар“ (1.Кор. 3, 18). Точно! Ученоста не е мудрост во вистинска смисла
на зборот, туку е само мислење на мудроста. Познанието на Вистината
која Бог им ја открил на луѓето и која е недостапна на човечкиот паднат
разум се заменува во ученоста со нагаѓање и претпоставки. Мудроста
на овој свет во кој почесни места заземаат многу пагани и незнабошци
е по самите свои начела во директна спротивставеност со духовната
божествена мудрост. Не може истовремено да се биде следбеник и на
едната и на другата: човекот мора да се одрече од едната. Паднатиот човек
е „лага“ и од неговите паметувања е создаден „лажен разум“, т.е. начин
на мислење, собирање на лажни поими и познанија кои само изгледаат
разумно, а во суштина се лутање и ридање, опседнатост на умот, оштетен
со смртна рана од гревот и падот. Оваа болест на умот во потполност се
открива во философските науки“ (Св. Игнатиј Брјанчанинов 4, 6).
„Господ нам уште овде ни отвори влез во Царството Божјо, а ние
бараме бедни трошки од вистината во науката, философијата и било каде,
само не во Евангелието и не кај светите отци кои Евангелието го оствариле
во својот подвиг. Мизерни сме ние луѓето. Сами себе се осудуваме
на несреќно полуживотинско постоење, а притоа и уште другите ги
обвинуваме за животните тешкотии“ (Игумен Никон 6, 112).
„Ги прашав науките што вие му давате на човекот? Човекот е вечен
и неговото сопствеништво треба да биде вечно. Покажете ми го тоа вечно
сопствеништво, тоа сигурно богатство кое со себе би можел да го понесам
на онаа страна од гробот! Досега гледам само знаења кои се даваат, така
68 Број 65, година 17, Април 2023
да се каже, на заем, кои се завршуваат со земја и не можат да постојат
по раздвојување на душата од телото. За што служи изучувањето на
математика? Нејзиниот предмет е материјата. Тој го открива познатиот
облик на законот на математиката, го учи човекот да смета и да мери,
да ги применува пресметките и мерките за задоволување на потребите
на земскиот живот. Таа укажува на постоење на бесконечна големина
како на идеја надвор од границата на материјата. Точното познавање и
одредување на оваа идеја логички е невозможно за секое разумно, но
ограничено суштество.
...Тогаш физиката и хемијата се вртат во иста материја, шират
сознанија за нејзината употреба со цел задоволување на минливите
земски потреби на човекот и човечкото општество. Помалку позитивна
од споменатите науки е философијата со која паднатиот човек особено
се гордее. Природните науки постојано се потпираат на материјалното
искуство, со него ја потврдуваат точноста на прифатените теории, без
кои, нема докази во науката. Философијата е лишена од радикалното
средство за убедување со искуството. Мноштвото различни меѓусебно
неусогласени системи, кои противречат еден на друг, веќе само по себе го
разобличува човечкото мудрување и покажува дека тоа нема позитивно
знаење на вистината.
Колку простор во философијата е даден на произволноста,
фантазијата, измислиците, красноречивото говорење кои не ги трпи
прецизната, одредена наука! При сето тоа философијата е обично со себе
многу задоволна. Со нејзината залажувачка светлина во душата обилно
влегуваат умисленост, вообразеност, надменост, суета, презир кон
ближните. Заслепениот свет како своја ја опсипува со пофалби и почести.
Задоволувајќи се со спознанија кои му ги овозможува философијата
човекот не само што не стекнува правилни поими за Бога, за самиот себе,
за духовниот свет, туку се заразува со извртени поими кои го расипуваат
умот, го прават неспособен за општење со Вистината заради тоа што е
оштетен и заразен со лага: „Зашто светот со својата мудрост не Го
позна Бога во Неговата премудрост; Бог благоволи со безумството
на проповедта да ги спаси оние што веруваат“ (1.Кор. 1, 21), говори
апостолот.
„Телесното мудрување е смрт, а духовното мудрување – живот
и мир; бидејќи телесното мудрување е непријателство против Бога;
на законот Божји тоа не му се покорува, ниту, пак, може“ (Рим. 8, 6-7),
бидејќи не му е својствено.
„Браќа, пазете некој да не ве заведе со философија и со празна
измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не
по Христа - во Кого се сокриени сите сокровишта на премудроста и
познавањето“ (Кол. 2, 8, 3).
Поради тоа што философијата е рожба на човечкиот пад, таа му
ласка на овој пад, го маскира, го чува и го храни. Таа се плаши од учењето
на Вистината како од своја смртна осуда. Состојбата во која философијата

www.povardarska-eparhija.org.mk 69
го доведува нашиот дух е состојба на себеизмама и душевна погибел,
што е потполно очигледно од горенаведените апостолски зборови, кои на
сите оние кои сакаат да стекнат вистинско познание од Бога им заповеда
да го отфрлат знаењето кое им го дава мудрувањето на паднатиот род
човечки. „Никој нека не се лаже“ говори тој, „ако некој од вас мисли дека
е мудар во овој свет, нека стане безумен, за да биде мудар“ (1.Кор. 3, 18).
А вистинската философија (љубомудрие) се содржи само во
Христовото учење. Христос е Божја Премудрост (1.Кор. 1, 30). Кој
бара премудрост надвор од Христа - се одрекува од Христа, ја отфрла
премудроста, стекнува и усвојува лажен разум, предел на отпаднатите
духови. За географијата, геодезијата, лингвистиката, книжевноста и
другите науки не вреди ни да се зборува - сите тие се заради земното:
човечката потреба за нив престанува со престанок на земскиот живот, а за
повеќето и многу порано. Ако сето време од земскиот живот го употребам
за стекнување знаења кои завршуваат со земскиот живот, што ќе понесам
со себе преку границата на грубата материјалност?... Науки! Дајте ми, ако
можете да дадете нешто вечно, дајте ми го она што никој не може да ми
го одземе и што е сигурно, достојно да се нарече човечка сопственост!
Науките за ова молчат“ (Св. Игнатиј Брјанчанинов 5, 557-559).
Во делата на верата и спасението не се бара философија, туку
простодушно и покорно прифаќање на предаденото... Својот мал ум треба
да се изгази со нозе, еве, како што на сликата архангел Михаил го гази
сатаната, а сатаната е ум на бунтовничко и бесплодно размислување од
кој всушност потекнуваат сите револуции и во семејствата и во Црквата...
Нека не мислат луѓето дека во областа на верата нема философија...
Не, збир на вистини на верата претставува најскладна, највозвишена,
најутешна и најинспиративна философија, вистински систем каков не
претставува ниеден друг философски систем. Само што до созерцание на
овој систем не може да се дојде наеднаш. Да се созерцува овој систем
вистината треба да се прифати како чиста вистина, онака како што таа
се предава, без празно размислување и треба да се смести во срцето...
Кога ќе се соберат сите вистини, тогаш свеста изострена со молитва ќе
го согледа нивниот склад и ќе се насладува со нив. Оваа премудрост е
сокриена за навек!
Некои зборувањето, на пример хегелско, го слушаат трпеливо до
крај иако во него ништо не сфаќаат. Нека така постапуваат и со вистините
Божји. Разликата ќе биде во тоа што овде секоја вистина е сфатлива, а на
крајот душата ќе заблеска со голема светлост на која ѝ нема слична. А таму
(во философијата) е и во средината и на крајот најбезизлезна темнина“
(Св. Теофан Затворник, Писма за христијанскиот живот, писмо 93).
„Некогаш бев толку наивен што сакав да ја запознаам душата на
курсеви по психологија. Колку глупости човек прави во младоста кога
нема раководител! Ете, и јас навистина бев како во непроодна шума.
„Кнезот на овој свет“ така ги заслепува луѓето да одат како слепи пипајќи
и затоа постојано одат од една бара во друга...

70 Број 65, година 17, Април 2023


Науката е лага кога нејзините факти се прифаќаат како апсолутна
вистина, затоа што утрешната наука ќе ја негира денешната. Уметноста
е главно свесно фалсификување. Политиката секогаш била полна со
измами, лаги и престапи, овде сѐ треба да се сфати „обратно“, а она што
се нарекува „живот“ е суета над суетите, потполна суета, а што е главно,
ужасно ситничарење, празнина и лага без крај. Со еден збор, „епоха на
лагата“, царство на кнезот на овој свет...“ (Игумен Никон 12,110).
Непрестајно се менуваат и обновуваат формите на човечките
зборови. И ако. Но, само во сите овие благоглаголиви дела ретко или
воопшто не го среќаваме она што ја изразува суштината на христијанството,
како на пример: „И Словото стана тело и се всели во нас, полно со
благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на
Единороден од Отецот“ (Јн. 1, 14), „Он сам ги изнесе нашите гревови на
дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за
правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“ (1.Петр. 2, 24), „Затоа,
како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот –
смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден
човек, оти сите згрешија“ (Рим. 5, 12) и друго, тогаш знајте дека тоа има
лажен правец и немојте да го подражавате.
Науките брзо напредуваат. И нека напредуваат. Но, ако тие
допуштаат заклучоци спротивни на откривањата на вистината како што
се: сѐ настана затоа што Бог рече и би, заповеда и се создава, или кога
телото се враќа во земја од коja е земено, духот ќе отиде кај Бога Кој го
создал - знајте дека науките свртиле кон патот на лагата и не одете по нив.
Секаде се зголемува животниот комфор. И ако. Но, знајте однапред
дека ова никако не може да ја измени вистината дека тесната врата и
тесниот пат водат во живот и дека оној кој би почнал да проповеда
спротивно на ова би проповедал лага. Не го слушајте.
Се прецизираат форми на взаемни односи (хуманост,
цивилизираност). И ако. Но, никој нека не ве измами вас со ласкање дека
од љубов кон ова вистината треба да подаде рака на лагата, духот на
плотта, Христос - на Велијар. Кој би почнал ова да го тврди нема вистина
во него. Немојте да имате ништо со него.
Сѐ се измислува за да се зацврсти благосостојбата на земјата. И ако.
Но е несомнено дека ова никогаш нема да дојде дотаму да не се укаже
потреба за очекување на ново небо и нова земја по ветувањето Божјо -
чувајте се од таквиот.
Така е во сѐ! Утврдете во себе сознание за духот на верата и
христијанскиот живот и чувајќи го непоколебливо отфрлувајте сѐ што не е
во согласност со него. Ова сознание нека биде во вашиот дух како карпа
меѓу морските бранови...“ (Св. Теофан Затворник 9, 210).

Превод: Сашко Кузманов

www.povardarska-eparhija.org.mk 71
„КАКО МОЖЕШ ДА СЕ СМЕТАШ ЗА ВЕРНИК, КОГА ВОДИШ ТАКОВ
НАЧИН НА ЖИВОТ? ЗОШТО ТОА ТИ Е ПОТРЕБНО?“

Вера Черемухина

Јас одамна се сомневав дека има такво мислење за мене, но се


обидував да не обрнувам внимание и да се направам дека тоа
не се однесува за мене. Но, на крај, мораше да дојде до тоа... Еднаш,
седевме со А., девојка од мојот близок круг на пријатели, пиевме
каберне, дискутиравме за Анџеј Вајда и Пазолини и одеднаш таа,
неочекувано ми рече: „Слушај, а ти како можеш да се сметаш за верник,
кога водиш таков начин на живот? Зошто тоа ти е потребно?“
Всушност, јас одамна очекував нешто слично на ова. Чекав кога
некој, попрво од приврзаниците на атеизмот, нема да се воздржи и ќе
праша: „Како можеш да пиеш коњак, да ставаш сјај на усните, да родиш
вонбрачно дете - и да бидеш верник?“ Но, ќе ми го постави ова прашање
не за да ме навреди мене лично, а за во моите разнишани оправдувања
да најде потврда во тоа, во што одамна е убеден: „Православната Црква
е собрание на лажливци и лицемери“...
Впрочем, не е изненадувачки да се слушнат вакви прашања од
своите сограѓани, кои, како и јас, израснале во земја каде што со децении
се насадувала безбожноста. А и зошто да зборуваме за атеистите, кои
се стремат кон посрамување на Православието, кога и ние самите,
воцрковени луѓе, често го „креваме плафонот“, повеќе претпочитувајќи
ги пријатните илузии отколку реалноста. „Јас стопроцентно имам
доверба кон својот педијатар, таа е православна“, - со восхит ми
раскажува една другарка, не сакајќи да признае дека и православниот
лекар може да згреши во дијагнозата. А и јас често паѓав во таа замка,
сметајќи дека сите луѓе во храмот се безгрешни...
Враќајќи се кон мојот разговор со А., за мене беше малку
неочекувано да слушнам прекор и сомнеж за лицемерие. И затоа,
неколку пати трепнувајќи, јас ѝ напоменав на мојата другарка, дека
верувам затоа што Бог постои независно од моето лошо однесување и
дури независно од тоа, дали верувам во Него или не.
Впрочем, мојата соговорничка одамна беше запознаена со
логичките заклучоци и докази за постоењето на Бога - од Анселм
Кентербериски до Емануел Кант. И дури е запознаена со моите сопствени
аргументи. „Океј“ - ми рече А., „да прифатиме дека Бог постои. Но,

72 Број 65, година 17, Април 2023


доказите за битието на Бога не укажуваат на некоја определена религија
или конфесија... Еве, човекот се убедил дека Бог постои и после тоа, тој
си ја избира таа религија, која нему му е најудобна. Тогаш, зошто да ја
избере Православната вера, ако во неа има толку многу ограничувања?
Постојат многу далеку полиберални култови“. Повикувајќи се на своето
искуство, ѝ одговорив: „Ситуацијата кога човек верува во Бога, но не
знае каде е Он, не е ситуација на избор, а ситуација на барање. Не ја
бараш таа религија, во која тебе ќе ти биде поудобно, а таа, каде што ќе
ја најдеш вистината. Таа, во која има најмалку противречности“.
И овде настапи тишина, затоа што А., без разлика на
универзитетското образование и перфектното знаење на формалната
логика, никако не можеше да ги прифати моите заклучоци и не правеше
голема разлика меѓу изборот на вера и изборот на фустан во продавница.
Пред сè, нашиот проблем беше не толку во обемот на докази, колку во
тоа што мојата соговорничка никогаш не била во ситуација на избор на
вера. И таа говореше за изборот повеќе теоретски, а додека јас повеќе
од половина живот го проживеав како неверник.
Моето семејство не само што не веруваше во Бога, туку и
беше агресивно антирелигиозно. Родителите активно ме воспитуваа
во атеистички дух - ме водеа во Музејот на историја на религијата и
атеизмот, каде што кустосите со голема подготвеност ни ги демонстрираа
орудијата за мачење од средновековната инквизиција; навечер мама
читаше на глас фрагменти од книгата „Децата и религијата“, во која
живописно беа опишани баптистите кои не ги пуштаат децата во школо,
или пак духоборците1, кои ги изгонувале демоните од бебињата со
ремен и вжештено железо... Никој не се обидуваше да ме привлече кон
Црквата, но сепак кога имав 9 години, татко ми како превентивна мерка
ми го даде изданието на „Библија за верници и неверници“. Страниците
во книгата беа разделени на два дела: од лево беше испечатен текст
од Стариот Завет во синодска редакција, а од десната страна имаше
зајадливи коментари и аргументи, кои можеа да бидат убедливи само
за дете од второ одделение. Јас не се спротивставував, ги прифаќав
тврдењата на учените атеисти, а кога станав возрасна, потполно се
согласив со постулатот дека во религијата доаѓаат само затоа што
психолошки е поудобно да се следат некои правила и да се живее во
свет, каде што однапред се познати одговорите скоро на сите прашања.

1 Руска етноконфесионална група која се појавила кон крајот на XVIII в. Нивното учење
ги отфрлува сите обреди на Православната Црква, и е блиско на англиските квекери.

www.povardarska-eparhija.org.mk 73
Изгледа јас така и би живеела со ова убедување, ако не го
почувствував присуството на Бога во својот живот. Често се случува да
слушнам: „...и тогаш јас дојдов кон Бога“. Кај мене беше поинаку - Он
Самиот ми пријде, правејќи чудо во мојот живот. Јас само Го повикав,
замолувајќи Го за помош... Јас разбирав, дека Бог, ако Он навистина
постои, нема никакви причини да ми помогне, но сепак Го замолив.
Јас имав дисграфија2. По руски јазик секогаш имав подарена
тројка. Јас ги знаев напамет правилата, многу читав, препишував книги
во тетратки - но сето тоа беше попусто: грешките остануваа и буквите
„у“, „и“, „б“, „в“ и „д“ ги ставав во сосема произволен ред. Мозокот се
откажуваше да ѝ ги испраќа на раката правилните сигнали. Но, јас ја
кажав првата молитва во мојот живот: „Господи, ако Ти постоиш, јас
не барам докази“. И напишав диктат за кој добив петка. И за тој, и за
следниот. Откако завршив со образование, некое време работев како
коректор. Тоа не беше последната молитва, јас уште многу пати така се
молев и веднаш добивав помош.
Јас верував, но уште не одев да се крстам, затоа што заедно со
увереноста во постоењето на Бог, во мене имаше и сомнеж за тоа,
каде е Неговиот дом. Во своите потраги јас не сакав да ме надвладеат
емоциите и чувствата. Мене ме привлекуваше јудаизмот, и јас се
сомневав дали е точно тоа дека дошол Месијата или уште не. Се
сомневав дури и во Евангелието, читав апокрифи3, барав спомнувања
за евангелските настани во римските пишани извори... И на крајот
од краишта, дојдов до скоро научен заклучок дека настаните, кои се
изложени и спомнати од разни автори и датираат приближно од првите
три века после Христовото Раѓање, имаат многу поголема веројатност,
отколку многу „историски факти“ кои влегле во школските учебници. Но
и со христијанството не беше така едноставно: православни, католици,
лутерани - сите тврдат дека светлината на Вистината им се открила
само ним. За да сфатам каде е Вистината, ми требаа години. Впрочем,
протестантизмот многу брзо ме оттурна: претерано е логичен, и од тоа
имав чувство на извештаченост. Отприлика со истото ме збунуваше
и католицизмот. Несомнено, нашата вера се определува не само со
2 Дисграфија - делумно оштетена способност за пишување, не поврзана со
интелектуалните можности на човекот. Симптомите се специфични: човекот прави еднакви и
повторливи грешки во пишувањето.
3 Апокриф (на грчки значи „скриен, таен“) книжевно дело со религиозна содржина
(јудејска или христијанска), кое е посветено на настани и лица од Стариот и Новиот завет, но кое
не е вклучено и признаено од Црквата поради непотврдено авторство или пак содржи еретичко
учење.

74 Број 65, година 17, Април 2023


текстови, туку и со црковното предание. Сепак, читајќи за историјата
на расколот меѓу Источната и Западната Црква, католичките текстови за
чистилиштето, додавањето на „филиокве“ во Симоволот на верата, јас
сè повеќе доаѓав до заклучокот дека овде имало допишување на корпус
свештени текстови во согласност со човечката логика и со перцепцијата
за справедливоста. Точно е тоа дека во католичките храмови секогаш
ми беше добро и спокојно, но јас за физички или духовен комфор ли
одев таму? Јас ја барав Вистината.
За да сфатам со умот каде е Вистината ми беа потребни 8 години.
Со срцето јас тоа го почувствував порано, но исто како и А., мене ме
збунуваше несовпаѓањето - како луѓето кои ја спознале Вистината, кои
направиле решителен чекор кон спасението, соединувајќи се со Христа
во Евхаристијата, можат со своите постапки да Ја газат Вистината?
И само откако дојдов во Црквата, јас сфатив како...
Човекот има родители. Тие го поучуваат него да прави добро,
притоа човекот го осознава тоа и внатрешно е согласен со родителските
поуки. Но, ако се случи да му биде тешко или невозможно да ги почитува
родителските поуки, тој ќе ги наруши - еден, втор или трет пат. Но, без
разлика на своето непослушание, човекот нема да почне да се смета
за сирак. Никаде нема да исчезне знаењето за тоа дека родителите
постојат. И дури ако родителите го раздразнуваат синот со своето
огорчување поради неговото непослушание, тој нема да престане да ги
љуби. А сега наместо зборот „родители“ ставете го името на Творецот,
и тогаш ќе добиете одговор на прашањето, зошто постои тој јаз меѓу
нашата вера и нашето дело...
Верувам, како умеам. Можеби, мојата вера е мртва, но... не
судете за неа според моите постапки.
Девојка со многу обелено лице и радикално црна коса
(припадник на емо супкултурата) се прекрстува кога поминува покрај
храм. Малечка бабичка, која ги кара жените кои влегуваат во храмот во
пантолони, да ја види таа девојка сигурно не би ја пуштила во храмот, а
ќе ѝ рече: „Прво измиј се“.
Признавањето на православниот Символ на верата не го прави
никого свет и безгрешен во еден миг! Тоа е шанса, која значи дека ние
конечно сме ја виделе подадената ни Рака. А дали сме подготвени како
одговор да ја подадеме раката? Се случува години да поминат пред да
ја направиме оваа постапка.
Превод од руски јазик:
М-р Александар Ѓорѓиевски

www.povardarska-eparhija.org.mk 75
В
о периодот меѓу излегувањето на
64-от и 65-от број на нашето
списание „Православна светлина“,
издавачката дејност на Повардарската
епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ ја збогати
својата богата ризница со уште едно ново
издание. Станува збор за книгата „Старец
Тадеј“. Преводот на ова издание е дело на
ѓаконот Петар Петковски.

Предговор за книгата за Старец Тадеј Витовнички

О тец Тадеј роден е во Петровац на Млава на 19 октомври


1914 година. Крстеното име му е Тома, бидејќи се родил на
неговиот празник. Како недоносенче бил крстен веднаш по раѓањето,
од страв да не умре, но со чудо Божјо, веднаш по крштението ги
отворил дотогаш затворените очи, покажал знаци на живот и почнал
да напредува.
Бил одличен ученик, и откако почувствувал монашки призив,
заминал кај руските монаси во манастирот Милково на 6 август 1932
год. Таму раководел со манастирот игуменот Амвросиј со отец Исакиј,
обајцата чеда и наследници на Оптинските старци.
По смртта на игуменот Амвросиј во мај 1933 год., сите руски
монаси се разотишле по други места, а Тадеј отишол во манастирот
Горњак каде што бил замонашен во 1935 година, а веднаш потоа
ракоположен во ѓаконски и свештенички чин.
Со уште неколку монаси бил испратен да изучува иконопис
во Иконописната школа во манастирот Раковица. Откако добро го
изучил иконописот останал во таа школа уште некое време, но поради
кревкото здравје и проблеми со дишните ограни, не можел да работи
во затворена просторија со мирисот на боите.
Во 1938 патријархот Варнава го испраќа од Раковица во Печката
патријаршија каде што останал до 1941 год., по што се вратил во
Раковица, но во 1948 пак бил испратен во Печката патријаршија, каде
што останува како игумен во манастирот во кој тогаш престојувале

76 Број 65, година 17, Април 2023


неколку монаси и 70 семејства
на бегалци. Во 1955 заминува
во Браничевската епархија
кај епископот Венјамин, но во
1957 пак е вратен во Печката
патријаршија. По речиси една
година конечно преминува во
Браничевската епархија, каде
што станува старешина на
манастирот Горњак.
По Втората светска војна
бројот на монаси во Хиландар
опаѓа, па постоела опасност
манастирот да премине под грчка
јурисдикција. Затоа многу монаси
од Србија посакале да отидат
таму меѓу кои бил и игуменот
Тадеј. Неколку години претходно
на Света Гора заминуваат
јеромонахот Наум Миљковиќ
(познатиот отец Стефан Каруљски), и уште тројца искушеници, меѓу
кои и Бранко Витковиќ (познатиот отец Георгиј). Бидејќи Наум, Бранко
и Тадеј планирале да го вратат општежителниот типик во манастирот,
во време кога тоа не им годело на сите Хиландарци, па затоа сите
тројца морале да го напуштат манастирот. Јеромонахот Наум заминал
во рускиот манастир на Свети Пантелејмон, каде што бил замонашен
во Велика схима и добил ново име – Стефан. Потоа заминува во
најзилотскиот дел на Света Гора, наречен Каруља, каде што ќе се
подвизува до крајот на неговиот живот.
Истиот тој отец Стефан го замонашува искушеникот Бранко, со
ново име Георгиј, и тој се населува во манастирот Русик, каде што бил
замонашен и свети Сава, синот на Немања. За овие двајца подвижници
се зборува и пишува дека се свети и јуродиви подвижници.
Старец Тадеј не бил примен, како што сметал самиот тој, затоа
што таму попрво примаат искушеници, отколку постари монаси и
игумени, кои веќе имаат стекнато поинакви навики во своите матични
манастири.
На Света Гора останал само 2 месеца, а потоа се вратил во
манастирот Витовница, па во манастирот Тумане, па потоа пак во

www.povardarska-eparhija.org.mk 77
Витовница. Заради недоразбирања со својот архиереј бива прогонет
од манастирот, па го завршил својот блажен живот во домот на
Слободан Грубор во Бачка Паланка. Се упокоил на 13 април 2003
година, а погребан е на 15 април во манастирот Витовница. Остана
запаметен по неговите поуки, како еден од најголемите духовници, кај
кого понекогаш се исповедал и самиот патријарх Павле. По неговата
смрт многумина сведочат за чудесни настани кои се случуваат кај
неговиот гроб, или од неговите фотографии и икони.
„Какви ти се мислите - таков ти е и животот“ – оваа негова поука
се рашири буквално низ цел свет и преку неа сите го препознаваат
старец Тадеј. Во речиси сиот негов живот бил повлечен во анонимност,
и никогаш не излегувал без благослов од манастирот, нешто што го
барал и од своите духовни чеда, да бидат послушни на родителите,
на духовникот, на игуменот или епархискиот архиереј. Смирението
и љубовта, детската непосредност и искреност во односот со Бог и
кон луѓето биле одлика на неговиот живот и на неговите поуки, кои
во продолжение се изложени. Често пати невнимателни верници
раскажуваат разни чуда и поуки кои немаат никаква врска со старец
Тадеј, и затоа, добро е да сме повнимателни при читање на неговите
поуки кои се шират на интернет страните.
Со надеж дека македонскиот православен читател ќе добие
голема духовна полза од неговите избрани поуки и од неговиот
живот, ја објавуваме оваа книга по 20 години од неговото блажено
упокојување. По неговите свети молитви и застапништво пред
престолот Божји, Бог да нѐ помилува и спаси. Амин.

Митрополит Повардарски
† Агатангел

78 Број 65, година 17, Април 2023


ЕДСОО  ЈД

СОС ЕД 

www.povardarska-eparhija.org.mk 79
80 Број 65, година 17, Април 2023

You might also like