You are on page 1of 1

АРХИЕПИСКОП ДОСИТЕЈ

На 7 април 1974 година се навршени 50 години од монашењето на поглаварот на


Македонската православна црква, неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски
господин Доситеј (1906-1981). По тој повод и според иницијатива на Републичкиот сојуз на здруженото
православно свештенство на Социјалистичка Република Македонија, одлучено е да се организира
прослава во манастирот „Св. Богородица Пречиста“ во Кичево, на 17 септември 1974 година.
Прославата е свечено и достоинствено одбележана и, помеѓу другото, Архиепископот Доситеј кон
присутните ги искажува следните зборови за кои треба ДЕНЕС и ние, клирот и верниот народ, да си
спомнеме (подвлеченото и одбележаното во текст се мои):

Денес на оваа прослава, покрај тоа што се зборуваше за мојот пеесетгодишен монашки
живот, убав реферат слушнавме и за АCНОM. И како што рече протата Нестор Поповски, без тие
придобивки од Народно-ослободителната борба, од одлуките на Првото заседание на АСНОМ, ние
како Црква не ke можевме никогаш да ги реализираме дамнешните желби на верниот македонски
народ за обновување на стародревната Охридска арахиепископија и прогласувањето на
автокефалноста на Македонската православна црква. Сето тоа јас многу го ценам. Тие желби ги имав
и тогаш кога уште пред пеесет години дојдов во овој манастир каде што го примив монашкото бреме
како седумнаесетгодишно момче. На Бога Му било угодно благословот да го излие врз мене и jас да
бидам тој што ќe застанам на чело на обновената Светиклиментова Охридска Архиепископија.
Драги гости, многу е пишувано за позитивната улога на нашата Црква во минатото и денес.
Нам на сите многу добро ни е познато што направила Македонската православна црква во минатото за
одржувањето на својата прадедовска вера и обичаи, како и за одржувањето на националната свест кај
своите верници и ширењето на писменоста и културата. МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ЗА
ПРАВОСЛАВНИОТ МАКЕДОНЕЦ ВО НЕГОВИТЕ НАЈТЕШКИ МОМЕНТИ ОД ПЕТВЕКОВНОТО
РОПСТВО ПРЕТСТАВУВАЛА СИЛА И УТЕХА. Таа го бодрела и го учела да издржи. Во најтешките
денови од животот, таа му влевала надеж за посреќна иднина и го чувала од однародување.
Народното свештенство на Македонската православна црква отсекогаш било со својот народ. Тоа
заедно со своите верници ги делело и доброто и злото. Денес кога се собравме во оваа светиња по
повод мојот 50-годишен монашки јүбилеј, не сакајќи мислите ми се враќаат назад и се присетувам за
многу тешки, а и радосни моменти од мојот живот. Колку можев јас нешто да сторам за својата Црква и
својот народ, пред мене многу наши црковни великани вeќe тоа го направиле или сакале да го
направат во многу тешки и неблагопријатни времиња, во времињата кога не смееле да се кажат дека
се Македонци и дека тоа сакаат и да останат.
Како на ваш духовен татко, нека ми биде позволено и при оваа прилика да ви упатам еден
совет, а тоа е, ако сакате нешто позитивно да сторите за својата Црква, за својот народ, ИМАЈТЕ
СМЕЛОСТ И ТВРДО ВЕРУВАЈТЕ ВО ПОМОШТА НА БОГА, ВО ПОМОШТА НА НЕГОВАТА MAЈКА
ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА, ВО ПОМОШТА НА НАШИОТ ЗАКРИЛНИК СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ И
НА СИТЕ СВЕТИИ, И ТИЕ СЕКОГАШ ЌE ВЕ ПОВЕДАТ ПО ПРАВИОТ ХРИСТОВ ПАТ, ПО ПАТОТ НА
НЕГОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ И ЕВАНГЕЛСКИТЕ ВИСТИНИ. Ако нешто направив добро за својот народ и
својата Црква, пред сѐ, ние сите треба да Му благодариме НА БОГА, НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС, на
Неговата Мајка Пресвета Богородица и сите македонски светии, зашто тие ми го покажуваа правиот
пат по кој требаше да одам, тие ме учеа што требаше да правам. ТОА ГО ПРАВЕВ ЈАС, ТОА ПРАВЕТЕ
ГО И ВИЕ како верници и свештеници на оваа Црква, и бидете убедени дека никогаш нема да
згрешите.

подготвил: прота-ст. игор никовски


Охрид, 6.VI 2020 год., Задушница

You might also like