You are on page 1of 2

Македонска народна приказна

Попот што ќе одел во рајот


.Попот што се фалеше на попадијата оти ќе оди во рај а отиде во вечна
.
.Еден поп си мислел оти е светец, дека служеше  литургија. Мислејќи се за
светец, се надевал да го клаи Господ во рај кога ќе умре. Надевајќи се така на
рајот тој ѝ велел на попадијата:
— Знаеш, мори попадике, што сакам да ти кажам јас тебе?
— Ако ми кажеш, попе, ќе знам, — му рекла, —  ако не ми кажеш, од кај ќе
знам?
— Колку за тоа, вистина така си е, еве што сакам да ти кажам попадике. Јас
бидејќи сум поп, по цел ден се молам на Бога в црква, уверен сум дека кога
ќе умрам Господ ќе ме стави во рајот. Откако ти ќе умреш, дојди во рајот и
барај ме насекаде, најди ме и да си живееме двајцата наедно како што си
живееме овде. Ме разбра што ти кажав попадике?
— Разбрав, попе, разбрав, и го врзав тој збор во умот, само да сака Господ
тебе побргу да те умре. Но, ако умрам попрво јас и после ти, и ти да ме
побараш во вечна (вечна мака, пекол), чунки јас сум многу грешна, та да му
се молиш на Бога да ме прости и од вечна да ме избавиш — му рекла.
— Пеки, попадике, така ќе направам ако умреш ти побрзо.
.Откако си ги врзаа тие зборови попот и попадиката, поминале многу години
и прво умрел попот и по неколку години и попадиката.
Едно време влегла во рајот и веднаш почнала да го бара попот како што си
ветиле кога биле живи. Барала ваму, барала таму, барала низ сиот рај, од
човек на човек, нигде не можела да го види, нигде во рајот.
— Оф, Боже мој, за ошто да го нема попот мој во рајот — сама со себе си
рекла — ја чекај да наѕрам во вечна, да не нешто го клал Господ таму?
Отишла во вечната и кога наѕрела да го види попот дали е таму, попот ја
здогладал и викнал по неа. По гласот го познала попот и кога го видела само
главата му била надвор од катранот и писата каде што бил ставен. Викнала
попадијата по попот:
— Попе, попе, зошто само главата ја вадиш од катранот, излези целиот да те
видам!
— Оф, мори попадике, попадике, ако не е владиката под мене за да газам на
неговите раменици и главата нема да ми ја видиш. Ние, поповите, владиците
и патриците се мислиме најправедни кога сме живи, ама ние сме биле
најгрешните. Сега наместо јас што ќе се молев на Бога за тебе, ти моли се за
мене, белки да ме куртулисаш од оваа неискажана мака — ѝ рекол попот.
 
Порака
Во оваа народна приказна има една мудра порака која зборува дека
независно дали си поп, владика и друго црковно лице и дали одиш во црква
на литургии ,за да одиш во “рајот” треба да бидеш поштен ,да не си алчен ,
да не крадеш ,туку да правиш само добри дела .Мантиите што ги носат
црковните лица се само облека која не ги штити од казните на Господ Бог.

You might also like