You are on page 1of 11

ДОБИВАЊЕ НА СОЛИ ОД

ХИДРОКСИДИ
Што се хидроксиди ?

 Хидроксиди се соединенија
изградени од метал и хидроксидна
група (-ОH).

 Исклучок е амониум хидроксидот кај кој


хидроксидната група не е сврзана за метал туку за
амониум групата (NH4ОН)

Пример : Ca(OН)2 ,KOН , Fe(OН)3 ...

 Хидроксидите кои се растворливи во вода се нарекуваат


БАЗИ.
Добивање на соли при реакција на хидроксид
и киселина
База + Киселина Сол + Вода
ПРИМЕР:

1. 2NaОН + H2SO4 Na2SO4 + 2H2О

2. KОH + HNO3 KNO3 + H2O


• Оваа реакција помеѓу киселина и база при
која се добива сол и вода е позната како
реакција на неутрализација.
• При реакцијата на неутрализација киселината ги губи
своите кисели својства,а базата ги губи своите базни
својства и добиената сол,koj дава неутрална средина
(рН=7).
• Ако по завршувањето на неутрализацијата се додаде
универзален индикатор тој ќе се обои зелено.
Добивање на соли при реакција на
киселина и база

• За добивање на соли
при реакција на
киселина и база се
користи постапка
позната како титрација.
ПОСТАПКА НА ТИТРИРАЊЕ

• Со чиста и сува пипета се зема 25 cm3 од раствор од


база и се става во чист и сув ерленмаер.

• Во базата се додава неколку капки индикатор кој ќе се


обои соодветно

• За подобро да се гледа бојатa под ерленмаерот се


става бел лист хартија
• Сува и празна бирета се полни со
киселина. На скалата која е
изгравирана на ѕидот од биретата се
отчитува почетниот волумен на
киселината,кој може, но не мора
секогаш да е нула

Бирета

• Постепено преку регулаторот се


испушта од кислината во базата додека
ерленмаерот постојано се движи.
• Од киселината се додава се додека не се постигне
точката на титрација, односно не се случи
неутрализацијата. Тоа се забележува со промена на
бојата на индикаторот.

• Тогаш на скалата на биретата се отчитува крајниот


волумен од киселината

• Колку киселина се употребило при титрацијата ќе се


одреди така што од вредноста на крајниот волумен ќе
се одземе вредноста на почетниот волумен на
киселината
• Постапката на титрација се повторува неколку пати и се зема
средната вредност на волуменот на киселината како
потрошен волумен за неутрализација на базата.

• Постапката за титрација е иста ако во


ерленмаерот се стави киселината ,а во
биретата се стави базата.
Како на крајот од постапката да се
добие сол во цврста состојба ?
•По завршувањето на титрацијата во ерленмаерот се наоѓаат добиената
сол растворена во водата и индикаторот. За да се отстрани индикаторот
во садот се додава активен јаглен.

•Јагленот се отстранува со филтрација и во садот остануваат само солта


растворена во водата.

•На крај растворот се загрева на тивок оган,водата ќе испари и ќе остане


само солта во цврста состојба.
• https://youtu.be/8k8Fdj9J4jE

You might also like