You are on page 1of 3

Тема7.

Егзотермни и ендотермни реакции

Горење – егзотермна реакција (стр.106,107,108,109)

План:
1.Горењето е хемиска реакција при која супстанците се сврзуваат со
кислород и образуваат оксиди.
-горењето е познато уште како согорување
-горењето претставува егзотермна реакција бидејќи при неговото одвивање се
ослободува топлина.
2.Согорување на горивата
-Горива се нарекуваат запаливите супстанци кои горат во атмосфера на воздух и
даваат големо количество топлина
-Согорувањето (горењето) на горивото претставува брза оксидација проследена
со ослободување на топлина и светлина.
-Бидејќи повеќето горива содржат јаглерод или јаглерод и водород согорувањето
вклучува оксидација на јаглеродот во јаглероден диоксид и на водородот до
вода.
Пр.

 горење на восок

восок + кислород →јаглерод диоксид + вода

 горење на метан

метан + кислород →јаглерод диоксид + вода

СН4 + 2О2 → СО2 + 2Н2О

 горење на етан
етан + кислород →јаглерод диоксид + вода
2С2Н6 + 5О2 → 4СО2 + 6Н2О
Пропан + кислород → јаглерод диоксид + вода
C3H8 + 5O2 → 3CO2 + 4H2O

3. Целосно согорување
- целосно согорување е можно само ако има присуство на соодветно количество
кислород
-кога горивата горат во доволно количество на кислород тогаш се случува
целосна оксидација до јаглерод диоксид и вода

4.Нецелосно согорување
-нецелосно согорување се одвива кога нема доволно количество на кислород и
тогаш јаглеродот целосно не поминува во јаглерод диоксид туку дел се оксидира
до јаглерод моноксид
-при нецелосно согорување на горивотата освен јаглерод диоксид и водена пара
присутни се и :

 јаглерод моноксид
 несогорено јаглеводородно гориво
 честички на јаглерод

Домашна работа:
1.Прашања од учебник - стр.105 и стр.109.
2.Напиши ги равенките со кои ќе претставиш целосно согорување на
бутан,пентан и хексан.

You might also like