You are on page 1of 8

СОУ “Таки Даскало” – Битола

ПРОЕКТНА АКТИВНОСТ ПО СПОРТ И СПОРТСКИ


АКТИВНОСТИ
Тема: Влијанието на планинарењето врз здравјето
на човекот

Ментор: Изработил:
Симона Димитровска
Кратка содржина:

Вовед...............................................................................................................................3

1. Влијанието на планинарењето и планинската почва врз здравјето на


човекот.......................................................................................................................4
2. Придобивки од планинарењето...............................................................................5
2.1 Поблиску до самите себе..................................................................................5
2.2 Еднаш на планина – цел живот на планина....................................................5
2.3 Мевлем за телото и за душата........................................,................................5
2.4 Две во едно – здравo и витко тело...................................................................6
2.5 Авантура.............................................................................................................6
2.6 Храна за сите сетила.........................................................................................6
3. Корисни совети и препораки.....................................................................................6
4. Ефекти од планинарењето.......................................................................................7
5. Користена литература...............................................................................................8

2
Вовед

Планинарењето претставува телесна активност којашто ја зголемува или


одржува физичката форма, општото здравје и добросостојба. Планинарењето се
практикува од различни причини, меѓу коишто: зајакнување на мускулите и на
кардиоваскуларниот систем, подобрување на атлетските способности, губење или
одржување на телесна тежина, како и поради чувството на задоволство коешто се
добива како резултат на оваа активност. Планинарењето го подигнува
имунолошкиот систем и помага во превенција од "цивилизациските болести" како
што се срцева болест, кардиоваскуларна болест, дијабет - тип 2 и прекумерна
дебелина. Исто така го подобрува менталното здравје, помага во превенција од
депресија, помага во зголемување и одржување на нивото на самодоверба, дури
може да ја зголеми и сексуалната привлечност и да го подобри физичкиот изглед
на една личност, коишто исто така се поврзани со повисок степен на
самодоверба.

За да се добие максимелен ефект од спортскорекреативните активности,


најпрепорачливо е честото планинарење. Природата има смирувачки ефект врз
мозокот. Постојат научни докази според кои престојувањето помеѓу растенија и
дрвја во нивната природна средина, има позитивен ефект кон намалувањето на
вознемиреноста, заради тоа што растенијата ослободуваат хемикалии кои го
успоруваат нивното стареење, а се покажало дека тие хемикалии имаат слично
влијание и врз луѓето.

Со повеќе од 200 сончеви денови годишно, поволна клима и изобилство


прекрасни пејзажни планини богати со специфична флора и фауна, нашата земја
претставува идеална почва за активности и за престој во планина

3
1. Влијанието на планинарењето и планинската почва врз
здравјето на човекот

Во едно истражување од 2009 година објавено во Environmental Health and


Preventive Medicine, Јапонските истражувачи работеле со две групи на луѓе.
Едната група поминувала барем по 20 минути на ден во планина – шума, а
другата го поминувала целото време во град. Се покажало дека групата која
планинарела, имала значително пониско ниво на стресогени хормони во однос на
останатите. Новите истражувања потврдуваат дека честото планинарење е
особено позитивно за менталното здравје. Во едно истражување од минатото
лето се покажало дека кога луѓето поминуваат 50 минути пешачејќи во природа,
покажуваат значително намалување на вознемиреноста и подобрени мемориски
функции.

Релјефот на многу начини влијае врз здравјето, главно индиректно. Така,


постојат разлики помеѓу низинските и планинските подрачја, потоа помеѓу
рамничарските и наклонетите терени или пак разлики во однос на експозициите.
На планинските места има поголема концентрација на серотонинот и
мелатонинот, кои пак имаат улога врз подобро расположение и поздрав сон. Во
однос на морфологијата, обично добро „затворените“ котлини се понепогодни од
здравствен аспект, отколку проветрените подрачја.

Климата исто така има извонредно влијание врз здравјето. Разните истражувања
покажале дека поздрави се областите со умерена влажност, во однос на многу
влажните или многу сувите предели. Составот на воздухот секако е еден од
најбитните елементи кои влијаат на здравјето. Загадениот градски воздух со
големо количество на аерополутанти и неповолен состав е значаен ризик фактор.
Спротивно на тоа е планинскиот воздух со поголемо учество на кислород и некои
ретки гасови кои создаваат природни воздушни „бањи”.

4
2. Придобивки од планинарењето

2.1 Поблиску до самите себе

Планинарењето по дефиниција не претставува само чиста физичка активност.


Вистинските љубители ќе речат дека повеќе е активност на себеспознание и
спознание на природата во нејзината најчиста форма. Во крајна линија,
симбиозата од овие два процеса ќе нè однесе до спознание на нашиот однос и
нашата улога со самата природа.

2.2 Еднаш на планина – цел живот на планина. Тоа е највисоката духовна


вредност која се „печали“ на планина.

2.3 Мевлем за телото и за душата

Нема поприроден, почист, па дури и поекономичен аеробен тренинг од


пешачењето или трчањето на планина. Нерамниот и специфичен релјефен терен
надополнет со совладување на висински разлики, ќе направат дополнително
оптоварување на пешачењето, па истото е далеку попродуктивно и
попредизвикувачко отколку на рамна површина. Редовните рекреативни
активности на планина или подолгите планирани престои несомнено поволно
влијаат врз здравјето, а ваквите активности неретко се препишуваат и како
терапија за низа заболувања. Рекреативното планинарење е одлична вежба чиј
ефект, меѓу другото, е јасно видлив кај лица со:

 кардиоваскуларни заболувања
 висок крвен притосок
 алергиски реакции
 анемии
 болести на кожата
 респираторни заболувања
 намален имунитет

Престојот на планина особено поволно влијае кај лица со благи форми на


депресија, стрес и вознемиреност. Планинскиот мир е неповторлив и уникатен

5
„собирач“ на стресот и другите форми на вознемиреност креирани од модерниот и
динамичен начин на живеење.

2.4 Две во едно – здравo и витко тело

Доколку сте во потрага по форма на активност која ќе придонесе да изградите


витко, а во исто време и здраво тело, тогаш вистинската патека е планинарската
патека.

2.5 Авантура

Движењето и престојот во планина само по себе претставува авантура.


Изобилството скриена природна убавина, погледи и пејзажи, од кои здивот
застанува, ја прават магијата на авантурата. Потенцијалната средба со питомиот
поглед на срната несомнено може да остави длабока трага во нашето битие. Тоа
е авантура од посебен вид. Тоа е авантурата која не враќа повторно назад.

2.6 Храна за сите сетила

Покрај тоа што ќе ги нахраниме нашите бели дробови со свеж воздух и ќе го


нахраниме нашиот дух со мир и спокојство, на планина можеме и вистински да го
нахраниме нашето тело. Во зависност од пределот и од годишното време, на
планина може да најдеме и изобилство свежа и здрава храна од разновидни
јадливи плодови и растенија. Идеална можност оброкот самите да си го собереме
и да го консумираме во свежа форма. Дополнително може да се вратиме со полна
кеса свежо набран планински чај.

3. Корисни совети и препораки

 Климата на планина може да е малку или повеќе различна од местото на


живеење. Затоа треба да се иам во предвид и временската прогноза, а во
согласност со тоа и изборот на соодветна облека.
 Секогаш треба да се понеси доволно количество вода и храна.
 Пред да се планинари треба да се избегнува масна и тешка храна.

6
 Движењето во друштво секогаш може да биде поинтересно, а секако и
побезбедно.
 Корисно е да се биде член на некое планинарско друштво. На тој начин се
проширува кругот на пријатели и љубители на природата. Дополнително
постои можност да се истражи убавината на нашата земја преку редовните
програми на овие друштва.
 Треба да се чува околината и да се внимава со своето присуство во
планината да не ги нарушиме воспоставените односи на екосистемот.

4. Ефекти од планинарењето

Планинарењето е одлична аеробна вежба чиј ефект меѓу другото се согледува


и во следново:

 Преку оваа физичка активност се намалува ризикот од појава на срцеви


болести.
 Го подобрува крвниот притисок и го регулира нивото на шеќерот во крвта.
 Го подобрува балансот на телото.
 Помага да воспоставите контрола врз тежината. Врз ова има влијание не
само искачувањето, туку и фактот што носите одредена тежина на себе која
помага во дополнителното согорување на калории.
 Го подобрува вашето расположение (како што пренесува webmd, овој вид
на активност помага да се справите со стресот и нервозата). Со тоа може
да им послужи како терапија на луѓето кои се склони кон депресија.
 Воедно, планинарењето е одлично за проширување на кругот на пријатели.
Постојат друштва кои организираат колективно планинарење, со што
доаѓате во контакт со нови личности.
 Доколку почнете сериозно да ја практикувате ваквата активност, преку неа
можете да посетите доста прекрасни места, во и надвор од нашата земја.
 Еден од помалку познатите бенфити е дека планинарањето ја поттикнува
креативноста. Едно истражување покажа дека минувањето време во
природа ја зголемува способноста за решавање проблеми за 50%.

7
Користена литература:

 http://www.vasaptekar.mk/index.php/sport/item/2041-planinarenje-budenje-
na-setila
 https://mk.wikipedia.org/wiki/
%D0%A4%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_
%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%BE
%D1%81%D1%82
 http://www.igeografija.mk/Portal/?p=2038
 http://kajgana.com/zoshto-planinarenjeto-e-odlichna-aktivnost
 http://www.emacedonia.mk/june-2016-10-tips-for-health-nutrition-sport-
fitness-recreation

You might also like