You are on page 1of 1

Николче Митриќ евски III5 клас

Романтизмот во Германија

Романтизмот во Германија е лулка на европскиот романтизам.


Појавата се поврзува со бунтот на новите граѓански писатели против сите правила и ограничувања на
уметноста.

Прво се појавува т.н. предромантизам кој е со парола Бура и движење, Бес и гнев наречен според драмата на
Максимилијан Клингер.

Претставува движење кое се залага за новини во литературата, а тие новини се: оригиналност,
индивидуалност, творење под  влијание на народниот јазик и дух.
Претставниците се противеле на имитирањето на туѓи литератури, но сепак пишувале во духот на
народната поезија.

Се јавувале и други слични движења: сентиментализам, Вајмарска класика и др.

Претставници: Гете, Шилер, Хофман, браќ ата Грим…

Главни одлики
-се глорифицира (возвишува) античката и народната литература
-се гради култ кон слободна личност
-се негираат сите стереотипи (неоригиналност, излитеност)

You might also like