You are on page 1of 13

1.

Која наука се занимава со проучување на начините на пишување и зборување при


употребата на јазикот?
-Стилистика.
2. На која наука е основоположник Шарл Бали?
-Стилистика.
3. Што се неологизми?
- Нови(новосоздадени) зборови или новопреземени зборови од друг јазик, а
некогаш преосмислени постојни зборови.
4. Во групата на сематички фигури (тропи) припаѓаат:
-Епитет, метафора,метонимија,синегдоха,споредба, хипербола, литота,иронија,
сарказам, перифраза, персонификација и др.
5. Стилистиката како наука е наследничка на:
-реторика.
6. Какво изразување се постигнува со помош на стилските фигури?
-Сликовито изразување.
7. Како се вика стилската фигура која има спротивно значење од стилската фигура
хипербола и со неа се намалуваат, ублажуваат или се изразуваат негативни
квалификации? 
-Литота.
8. Кој стил не припаѓа на административниот функционален стил?
- Бидејќи не знаеме кој се наведени, еве кои припаѓаат:
*Персонален(личен)
*Деловен
*Општествено-политички
*Законодавно-правен
*Дипломатски
9. Кога стилистиката се изделува како посебна наука?
- Кон крајот на XIX век.
10. Секој човек има различен начин на пишување и говорење и тој начин на
изразување го нарекуваме:
-стил.
11. Кој функционален стил се пројавува единствено во говорна форма?
- Разговорен функционален стил.
12. Од кој функционален стил произлегува дипломатскиот потстил?
- Од административен функционален стил.
13. Во новинарството вест и интервју се форми на:
- информативен род?!
14. Каков стил треба да користи специјалист од определена научна област кога им
се обраќа на неспецијалисти со цел да воведени во таа наука?
- Научно-учебнички потстил.
15. За кој стил е карактеристичен аналитичкиот прирок?
-Дипломатски.
16. Која сфера доминанатно ја покрива административниот стил?
-
17. Присуството на метафори е доминантна одлика на:
-
18. Колку основни функционални стилови се изделуваат?
-Пет:
*разговорен
*уметничколитературен
*публицистички
*административен
*научен
19. Правописот на македонскиот јазик е озаконет во:
-(7 јуни) 1945 година.
20. Сликовитоста и експресивноста се одраз на употребата на:
-стилски изразни средства?!
21. Во кој стил спаѓа фељтонот?
- Публицистички функционален стил.
22. Во која основна форма се пројавува публицистичкиот стил?
-
23. Антитеза е:
-Поврзување содржини со спротивно значење.
24. Стилистиката ја наследува реториката, а ја вклучува и:
-поетиката.
25. Тропи се зборови со:
- Превртено или ново значење што зборот или изразот го стекнал во контекстот.
26. Епитетот има нагласена естетска функција и се доближува до:
-метафората.
27. Што се арготизми?
-Зборови и изрази кои ги користат професионална или социјална група луѓе за да се
разликуваат од другите
28. Кои зборови влегуваат во нестандардната лексика?
- Дијалектизми, фамилијаризми, варваризми, жаргонизми, арготизми.
29. Алитерација е повторување на:
- иста или на исти согласки во зборовите на еден стих.
30. Новинарскиот стил кој се карактеризира со прецизно и точно
изложување на фактите се користи во:
-
31. На кој функционален стил припаѓа персоналниот потстил?
-административен функционален стил.
32. На кој функционален стил припаѓа дипломатскиот потстил?
- административен функционален стил.
33. Во која фаза од развојот на реализмот во книжевноста се јавува натурализмот?
-во последната фаза на развиток, во периодот од седумдесетите до деведесеттите
години.
34. Која е основната тематска преокупација во реализмот?
-
35. Реализмот како правец во литературата следува по:
-романтизмот.
36. Антон Павлович Чехов е автор на:
-,,Раскази’’, ,,Островот Сахалин’’, ,,Степа’’, ,,Павиљон бр.6’’, ,,Галеб’’, ,,Вујко Вања’’,
,,Tри сестри’’и ,,Вишновата градина’’.
37. Во која функција е деталноста на описот и на портретот во времето на
реализмот-натурализмот?
-
38. Примената на детални описи во творештвото од натуралистичкиот
период предизвикува:
-
39. Главен теоретичар на натурализмот е:
-Емил Зола.
40. Техниката на разоткривање на однесувањето на карактерите во сегашноста
зависно од разобличување на нивното минато применета во драмата „Куќа на
куклите“(„Нора“) на Хенрик Ибзен се нарекува:
-аналитичка техника.
41. Во која драма создадена од Х. Ибзен се применуваат постапки на
критика и ангажман карактеристични за епохата на развиениот реализам?
-
42. „Островот Сахалин“ од Антон П. Чехов според жанрот е:
-патописна проза.
43. Во „Павиљон бр. 6“Антон П. Чехов го внесува духот на:
- Чеховската иронија.
44. А. П. Чехов е познат руски автор на драмски текстови и на:
-раскази.
45. А. П.Чехов користи постапки кои даваат карактеризации и градат
ситуации кои прилегаат на карикатури на општеството преку:
-
46. Во кое дело на Ибзен е претставен деспотскиот однос на мажот кон жената во
граѓанскиот брак?
-,,Куклен дом’’.
47. Кога престанува да постои натурализмот како движење?
- Во деведесеттите години на XIX век.
48. Значењето на поимот „натурализам“, со кој се определува литературниот правец
од крајот на XIX век, е преземено од областа на:
-филозофијата.
49. Кој е главен лик во романот ,,Смртта во Венеција“?
- Густав фон Ашенбах.
50. Реализмот на 20 век се разликува од оној во 19 век во однос на:
-во реализмот на 20 век се опишува стварноста таква каква што е без никаков
личен печат од авторот
51. Кој е главен лик во новелата ,,Судбината на човекот“ од М. Шолохов?
-Андреј Соколов.
52. Михаил Шолохов го напишал романот-епопеја:
-,,Тивкиот Дон’’.
53. Во творештвото на М. Шолохове претставена сликата на:
-
54. Томас Ман е добитник на Нобелова награда за литература за делото:
-,,Буденброкови’’.
55. Со кои клучни зборови се определува идејата во романот „Смрт во
Венеција“ од Томас Ман?
-
56. Томас Ман е германски писател на:
-,,Смрт во Венеција’’, ,,Буденброкови’’, ,,Волшебниот брег’’, ,,Јосиф и неговите
браќа’’, ,,Лота во Вајмар’’, ,,Доктор Фаустус’’...
57. На кој правец од модерната литература припаѓа творештвото на Шарл Бодлер?
-симболизмот.
58. Модернизмот во книжевноста се јавува во :
- на преминот од XIX во XX век.
59. Модерните правци во литературата имаат однос кон книжевните
принципи зачнати во епохата на:

60. K ојa e најзначајната поетска збирка на Шарл Бодлер?
-,,Цвеќиња на злото’’.
61. Најзначаен претставник на симболизмот во руската поезија е:
-Блок и Бели.
62. Експресионизмот директно му се спротивставува на:
- импресионизмот.
63. Кој го напишал „Манифестот на надреализмот“?
- Андре Бретон.
64. Модерната тенденција за возобновување на уметноста со елементи кои дотогаш
имаат третман на антиуметност, својот најсилен израз го добива во рамките на:
- дадаизмот.
65. Во првата фаза, надреализмот својот ангажман го разбира како:
- општествен и експериментален, а не уметнички.
66. Кој го напишал „Футуристичкиот манифест“?
- Филипо Томазо Маринети.
67. Најзначаен претставник на симболизмот од областа на драмата е :
- Метерлинк.
68. Импресионизмот најпрво се јавува во:
- сликарството.
69. Категоријата отуѓување е неизоставен дел од естетиката на :
-
70. Кои норми ги отфрла Мерсо, главниот лик во романот „Странецот“ од А. Ками?
-Општествените и религиозните.
71. На колку структурни целини според текот на дејството е поделен
романот ,,Странецот“ ?
-Две.
72. Кои категории се централни во филозофијата на егзистенцијализмот врз чија
основа се создаваат книжевните конфликти и дејства во делата?
- комуникацијата, слободата и граничната ситуација.
73. Кој е најзначајниот претставик на егзистенцијализмот во литературата ?
- Жан Пол Сартр.
74. Кога се појавува егзистенцијализмот ?
- Во триесеттите години на XX век, по Првата светска војна.
75. ,,Недоразбирање“ е театарска пиеса од:
-Албер Ками.
76. Кој го напишал есејот ,,Митот за Сизиф“ ?
-Албер Ками.
77. Романот „Странецот“ започнува со информација поврзана со :
-смртта на мајка му на Мерсо.
78. Формално и содржински, романот „Странецот“ од А. Ками поделен на:
-два дела.
79. Дело во кое Албер Ками преку алегорија ја разработува идејата за
револтираниот и побунет човек се вика:
-,,Чума’’.
80. Сленгот како говорна целина е социолект на:
- мали општествени заедници.
81. Фигурите на формата во писменото изразување учествуваат во:
-синтакса и стилистика.
82. Од гледна точка на граматиката, во изразот колор телевизор е употребен епитет
кој е:
-граматички (мртов/клиширан) епитет.
83. Административниот стил се применува и во текстови кои се:
-
84. Прочитај ја реченицата и одговори на прашањето. ,,Поради силните бранови
сиот брод доби морска болест.“ Која стилска фигура е употребена со користење на
зборовите „сиот брод“ наместо „сите патници“?
- Метонимија.
85. Во кој јазичен исказ е употребена алитерација?
-не знаеме кој се понудени.-
86. Каков стил се употребува за да се напише службено известување на Владата за
склучување договори меѓу нашата држава и друга држава?
-Административен функционален стил; Дипломатски потстил.
87. Во Стара Грција беседништвото се однесува на:
- држењето говори.
88. За да се одржи добар говор потребно е да се осмисли:
--воведен дел, главен дел и заклучок=содржината.
89. Употребата на термините колумна, репортажа и интервју е составен дел од
професионалната лексика на ____________.
- Новинарите./новинарски потстил
90. „Стил е самиот човек.“ Оваа мисла ја искажал:
- Ж. Бифон.
91. Во кој јазичен исказ е употребена алитерација?
-не знаеме што е понудено-
92. Во кој пример е употребена персонификација?
- не знаеме што е понудено-
93. Аудитивните надворешнојазични изразни средства ги опфаќаат:
- изговорот на гласовите и интонацијата.
94. Повторување на зборовите во почетокот на стиховите е дадено преку:
-Анафора.
95. Ономатопејата е еден вид:
- звучна слика. Фонетско фонолошко изразно средство, основна гласовна фигура
96. Како се нарекува тајниот јазик на една асоцијална група?
- арготизам.
97. Каков новинарски потстил е веста?
- информативен.
98. Каков новинарски потстил е интервјуто?
- информативен.
99. Каков новинарски потстил е критиката?
- Аналитички.
100. Каков новинарски потстил е репортажата?
- Белетристички

101. Каков новинарски потстил е ребусот?


- Енигматски.
102. За кој потстил се карактеристични термините: коминике, нота, демарш?
- Дипломатски потстил.
103. Прочитај ја реченицата и одговори на прашањето. Во реченицата „Кога ќе
заминеш, не го заборавај коренот свој“ со значењето на зборовите „коренот свој“,
говорителот користејќи изразно средство метонимија мисли на:
-своето потекло.
104. Приказната во делото ,,Павиљон бр. 6“ го интензивира дејството врз
читателите преку претставувањето на:
-
105. Андреј Ефтимович од ,,Павиљон бр. 6“, според својата улога во делото има
професија на:
-доктор.
106. Иван Дмитрич од ,,Павиљон бр. 6“, според сопствената улога во делото има
статус на:
-луд човек кој мисли дека цело време го следат шпиуни
107. Кој дава разумни аргументи при дискусијата во ,,Павиљон бр. 6“?
-
108. Кој го разбранува востановениот ред на Вујко Вања во истоимената драма?
-Престојот на Серебрјаков и неговата млада и убава сопруга,Елена Андреевна, на
имотот на неговата прва жена.
109. Кој настан предизвикува пресвртница во однесувањето на Тенкиот во расказот
„Дебелиот и тенкиот“ од А. П. Чехов?
-Моментот кога Тенкиот разбира дека неговиот некогашен соученик(дебелиот) е
сега висок државен чиновник.
110. Ликовите во делата на Чехов, својот опстанок во светот го
обезбедуваат преку соочување со:
-
111. Со заминувањето на гостите од домот на вујко Вања заминува и:
- надежта дека состојбата на нивните животи ќе се измени.
112. Момчето Таѓо, за главниот лик во делото ,, Смртта во Венеција“,
претставува:
-
113. Кој бил основниот принцип на соц-реализмот?
- Создавање на единствен социјалистички уметнички стил, односно уметноста
станува роб на политиката
114. Што претставува детето–сираче во ,,Судбината на човекот“?
-надеж.
115. Која мисла го одржува Андреј Соколов во живот во логорот?
-мислата за неговото семејство.
116. Преку главниот лик Ашенбах , во романот „Смрт во Венеција“, авторот Томас
Ман претставува:
- судир што постои меѓу уметноста и животот.
117. Какви спрцифични елементи се вклопуваат во творештвото на
реализмот во XXвек?
-
118. За кој роман Михаил Шолохов ја добил Нобеловата награда?
-,,Тивкиот дон’’.
119. Каде завршува последното патување на Ашенбах?
-Венеција.
120. Што претставува уметноста за Шарл Бодлер ?
-Уметноста за него е пресоздавање на стварноста во светот на
симболичките(јазички) знаења.
121. Која е основната тематска преокупација во творештвото на авторите од
модерната епоха?
-
122. Кој нов однос со сопствената уметноста го развива поетот Ш. Бодлер ?
- естетика на грдото
123. Според основните начела на поетиката на симболизмот секогаш
предност има:
-
124. Што означува Бодлер со поимот „сплин“ ?
- здодевност,егзистенцијална мачнина, чмаење и мака на живеењето, но и некоја
невидлива оприсутнетост на нешто како магла во која што се губи духовната јасност
на погледот.
125. Во поетиката на авангардната уметност е силно изразено
спротивставувањето на:
-
126. Кои се клучните поими на надреалистичкиот светоглед ?
- Сонот и случајот.
127. Надреалистите ги искажуваат своите симпатии кон:
- Oктомвриската револуција.
128. Мерсо, ликот од романот „Странец“, пред крајот на својот живот се соочува со:
-Со смртна казна и желба на неговото погубување да има многу луѓе за првпат во
животот да не биде осамен
129. Прочитај го извадокот и одговори на прашањето. ,,Вечерта Марија дојде да ме
бара и ме праша дали би сакал да се оженам со неа. Реков дека тоа ми е сеедно и
дека би можеле да го сториме тоа ако сака таа. Потоа сакаше да знае дали ја сакам.
И одговорив, како што тоа еднаш веќе го сторив, дека тоа не значи ништо, но дека
несомнено ја сакам.“ Како се чувствува Мерсо, ликот од романот „Странец“, при
средбата со неговата девојка Марија? 
-Индиферентно, незаинтересирано.
130. Делото „Странецот“ од А. Ками според филозофската основа врз која е
изграден конфликтот во дејството се споредува со:
-,,Митот за Сизиф’’?!
131. Ликот на Мерсо од романот „Странецот“ на А. Ками е претставен како:
- тука можат да стојат многу работи-
132. Зошто Мерсо, главниот лик од романот „Странецот“, го убил Арапот?
- Поради пеколното време[сонцето].Во една напната ситуација предизвикана од
врелината на сонцето, кога на Мерсо му се причинува дека небото се отвара и дека
од него паѓа огнен дожд, го вперува неволно пиштолот во Арапот и го убива.
133. Автор на романот ,,Процес“ е:
-Франц Кафка.
134. Како главниот лик од романот „Странецот“ од Албер Ками го доживува
светот околу себе?
-
135. За време на средбата на плажата, колку пати Мерсо,главниот лик од романот
„Странецот“, пукал во Арапот?
-Најпрвин еднаш, а потоа уште четири пати=пет.
136. Романот ,,Странецот“ од Албер Ками е раскажан во:
-прво лице.
137. При карактеризацијата на ликот на Мерсо, највпечатливи зборовите кои ја
определуваат неговата состојба се следниве?
-[индиферентен, незаинтересиран…има повеќе зборови тука не може конкретно да
знаеме.]
138. Следнава карактерна црта е актуелна во квалификациите на сведоците кои
говореле за ликот на Мерсо:
-нема понудени одговори-
139. Кој настан, при испитување на вината за време на судењето на Мерсо, лик од
романот „Странецот“ од Албер Ками, се нашол во центарот на вниманието?
-Неговото индиферентно однесување кон смртта на мајка му (барем мислам дека е
ова)
140. Определи каков стил е употребен во реченицата:,,Клеточната мембрана е
тенка и е во вид на проѕирна ципа со која е обвиткана клетката.“
-Научен функционален стил.
141. Определи го стилот во реченицата ,,Хард диск е непренослив диск на
компјутерот каде што се снимаат, се читаат и се бришат документите“.
- Научен функционален стил.
142. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето.,,Вчера, на
20.12.2005 година, во 12 часот беа удрени темелите на новото училиште во
населбата Кисела Јабука. Градоначалникот на општината одржа пригоден говор.
Старата училишна зграда одамна е во состојба опасна за сигурноста на учениците,
па затоа новата училишна зграда е повеќе од потребна. Објектот се очекува да биде
изграден за осум месеци.“ Во наведениот извадок се користи функционалниот стил
на:
-публицистички функционален стил.
143. Прочитај го внимателно текстот и одговори на барањето.,,Дедо Трајко?
Чукалото му застана и… си го зеде господ при себе. Што да се прави, може и време
беше, да отвориме место и за младите. А вие, како сте? В село што има ново? Што
ќе се пофалите? Жетвата добра ли е годинава?“Во реченицата „Чукалото му
застана...си го зеде господ при себе.“е употребено стислкото изразно средство:
-метонимија.
144. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето.
,,Игралито срце јунаково! 
Како вино во сребрена чаша, 
Како јагне во големо стадо, 
Како сокол во синоно јато!“ 
Која стилска фигура го определува значењето изразено со односот меѓу „срцето
јунаково“ и „виното, јагнето, соколот“во вториот, третиот ичетвртиот стих од
песната?
-Компарација.
145. Прочитај го извадокот и одговори го прашањето.
,,Записник од состанокот на Комисијата за ученички стандард, одржан на 12. 9.2013
година со следниот:
ДНЕВЕН РЕД 
Усвојување на дневниот редУсвојување на записникот од минатиот
состанокДоговор за работа на Комисијата во наредниот период 
....................................................................................“
Кој функционален стил е употребен во наведениот извадок?
- Административен функционален стил.
146. Прочитај го внимателно текстот и одговори го прашањето.
Член 1 ,,Со овој закон се уредува употребата на македонскиот јазик, како службен
јазик во Република Македонија. Македонскиот јазик, во смисла на овој закон, е
македонскиот литературен јазик и неговото кирилично писмо.“ Во кој потстил од
административниот стил е напишан извадокот?
- Законодавно-правниот потстил.
147. Прочитај го внимателно текстот и одговори на барањето. „Студениот воздушен
бран што ја зафати земјава придонесе во текот на вчерашната ноќ температурите во
целата земја да бидат исклучително ниски...“ Наведениот извадокот е дел од:
-вест. Временска прогноза
148. Прочитај го внимателно текстот и одговори на прашањето. „Дишењето е процес
на разложување или тивко согорување на хранливите материи во клетките под
дејство на кислород и ослободување енергија...“ Во следниов извадок е употребен
функционалниот стил кој се определува како:
- научен функционален стил.
149. Каков вид зборови се: гемија, даскал, кодош, катил?
- Архаизми.
150. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето. ,,- одлучува за
согласноста на законите со Уставот; -ги штити слободите и правата на човекот и
граѓанинот што се однесуваат на слободата во уверувањето, совеста, мислата и
јавното изразување на мислата.“ Кој административен функционален потстил е
употребен?
- Законодавно-правниот потстил.
151. Прочитај го внимателно текстот и одговори на прашањето. ,,Издишувајќи се
над кршот, што беше опис на мојот двор, мојот гулабарник е како метеоролошка
станица, до која се доаѓа на прсти по скали ...“ Која стилска фигура е употребена во
наведениов извадок?
- компарација/метафора.
152. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори на барањето. ,,Твоите години и
моите години - два брега, два камена две небиднини...“ Стиховите се израз на
примена на стилската фигура:
- метафора
153. Прочитај го извадокот и одговори го прашањето. „Есенските денови бргу
летаат, ама тој цели ноќи око не затворил, беше на конференција. Сите работи
тежат на неговата глава, барабанот, пушката, училиштето, канцеларијата.“Која
тропа е употребена во подвлечените зборови?
- метонимија.?!
154. Прочитај ја реченицата и одговори на барањето. „Тие им припаѓале на
неизбрани мажи.“ Кој збор во наведениот исказ е стилска фигура епитет употребена
во функција на сликовито претставување на објектот?
-незбрани.
155. Прочитај ја реченицата и одговори на прашањето. ,,Зората се кикоти и
примира од смеа.“ Која стилска фигура е употребена во наведениот извадок?
-персонификација.
156. Прочитај го извадокот и одговори на прашањето. ,,Зар тука пат ќе доодам, зар
тука свет ќе догледам...“ Која стилска фигура е употребена во наведениот извадок?
-Реторичко прашање./анафора
157. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори на прашањето. ,,О, Пирин, бујна
планино, мачна ми душа постана... крени се, ајде, поткрени, земи ме в бујна пазува
и ми со шепот раскажи за Гоце и за дружина!“ Припишувањето на својства на живо
суштество на планината во наведениот извадок упатува на користење на стилската
фигура:
-персонификација.
158. Зборовите: билетара, книжара, месара, пивара, цементара, цвеќара во
македонскиот јазик не се во духот на нормата и се нарекуваат:
- варваризми/неологизми
159. Лексика со која се манифестира употреба на сленг е препознатлива во
изразите:
-не знаеме кој се изразите-
160. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето. ,,Малото прсте –
просенце а до него – бобенце, а до него – грозјенце, а до него – лешниче, а до него
– јаготче, врапче да го чапне, шатче да го лапне!“ Користењето на деминутивот во
наведениот извадок упатува на:
-позитивен однос. Укажува дека нешто е мало
161. Прочитај го извадокот и одговори го прашањето. ,,Предмет на нашето
внимание се оние глаголи што можат да се појават на синтаксичко ниво и како
преодни, употребени со реализиран објект, а и како непреодни, во употреба што
некои ја нарекуваат апсолутивна...“ Кој стил е употребен во наведениот извадок?
- Научен функционален стил.
162. Прочитај ги внимателно примерите и одговори го прашањето. „Синус, скај,
модем, хакер, пикник, рекорд, глувче, тост, жакард.“Кои зборови од долунаведените
се актуелни во лексиката на компјутерската технологија ?
- Модем, хакер, глувче.
163. Именувај ја стилската фигура со која се означува повторувањето на зборот на
крајот од наведените стихови: ,,Виолината ќе свири танго, Ние ќе играме танго Нас
ќе нè спои убавото танго.“
-епифора.
164. Изразот: „Тој ми се закани, но јас не се исплашив.“ е пример за користење на:
-антитеза/оксиморон
165. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето. ,,Кој и го руши на
крвта ѕидот, кој ми го краде слухот, кој го одзема видот, кој пласт врз пластје реди,
кој тоа во мене невидлив седи?“ За кое стилско изразно средство станува збор кога
се повторуваат зборови на почетокот на секој следен стих?
-Анафора.
166. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори на барањето. ,,Качунице,
сиротице, билјаро, што ми цутиш толку рано, билјаро, среде зима, коложега,
билјаро...“ Повторувањето на зборот „билјаро“ на крајот од наведените стихови
упатува на користење на стилската фигура:
-епифора.
167. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори на прашањето. ,,Од луња
силно згрмело, а зефир бесно бучел, и шумој глуви ѕунеле, од земјотреси
везден, од дното на подземјето се челе сосем јасно рикојте на брановите
предалечни и диви лаења од пци и грачења злокобнички на тие врани
ноќни...Наведените стихови кај читателот предизвикуваат чувство на:
-
168. Прочитај го примерот и одговори го прашањето. ,,Ѕид ѕидосано, вар варосано
нигде ѕирка ни проѕирка.“ Која куса народна умотворба е употребена?
-Гатанка.
169. Прочитај го внимателно текстот и одговори го прашањето ,,...сум го забораил
името на Јапонецот...Да, Кензо Танге...И сеа он...им го напраил проектот,
знаеш...имал само три дена...тука да остане...пред тоа им го изработил проектот, им
го дал...И ми кажуваше еден...постар дечко од мене, другар...“ Во кој функционален
стил е напишан извадокот?
- Разговорен функционален стил.
170. Прочитај го извадокот и одговори на прашањето . ,,Штом ќе ја отвориме првата
врата влегуваме во куќниот трем. Тука, покрај ѕидовите од печката, нафрлени се
цели ридишта болнички старудии. Мадраци, стари скинати мантили, панталони,
кошули со модри линии, дотраени чевли, и од сета таа старудија натрупана во куп,
испреметкана, гние и рее задушлива смрдеа. Во собата има кревети, прицврстени за
подот. На нив седат и лежат луѓе во модри болнички мантили и, како во старо
време, со болнички капи. Тоа се лудите.“
Во наведениот извадок А.П.Чехов опишува:
-ментална институција/болница.
171. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на барањето. „Ведро, зимско
пладне...Студено е, камен пука...сребрен кадреж се фатил по кадриците на
косата...“? Во наведениот извадок, авторот користи постапка на:
- пресврт во раскажување
172. Ликовите на Чехов живеат во знакот на одрекувањето од:
-
173. Ликовите во делата А.П. Чехов се одликуваат со постојан однос кој се
карактеризира со:
-
174. Ликовите во делата на А. П. Чехов се обидуваат тагата и
незадоволството да ги надминат преку:
-
175. Кое од долунаведените дела од Антон П. Чехов е драмски текст?
-Не знаеме кој се понудени, но драми од Антон П. Чехов се: ,,Галеб’’, ,,Вујко
Вања’’, ,,Три сестри’’, ,,Вишновата градина’’.
176. Поништувањето на психолошкиот портрет, А.П.Чехов го практикува при
раскажувањето во:
-
177. Делата на Чехов се одликуваат со:
- Куса форма, хумор, критика, групирани се по циклуси според темите, со нив
почнува дезинтеграцијата на реализмот, тие се дела на ситуацијата, а не на
историјата на ситуацијата
178. Во новелата ,,Смртта во Венеција“,главниот лик е претставен како:
-судир што постои меѓу уметноста и животот.
179. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето.
,,Јас ќе ти сторам голема чест-за тие зборови сега лично ќе те
стрелам. Овде е незгодно, ајде в двор, таму ќе платиш.“ -
,,Ваша волја“ – му велам. Тој постоја, се подума, па го фрли револверот на маса и
тура полна чаша шнапс, зеде резанка леб, кладе на неа парче сланина и сето тоа ми
го подава мене и вели: ,,Напиј се пред смртта, Русине Иване, за победата на
германското оружје.“ Јас веќе ги бев зел од неговите раце чашата и мезето, но кога
ги слушнав тие зборови – небаре оган ме опали! Си мислам со умот ,,Зарем јас,
руски војник, да пијам за победата на германското оружје?! Ами, хер командант, да
не би да сакаш и нешто друго? Јас сеедно ќе умрам, оди по врага ти и твојата
вотка!“ Кое својство на ликот, авторот го претставува во наведениот извадок?
-Храброст/патриотизам.
180. Како војникот Андреј од „Судбината на човекот“ успева да дојде до детето?
-Андреј работел како возач, и често го гледал детето само пред чајџилницата.Еден
ден, Андреј го повикал детето да дојде со него да се повози, и од тогаш тој го чува
детето./Судбински.

181. Во новелата ,,Смртта во Венеција“, ликот на Таѓо е инкарнација на:


- митскиот лик на милоликото момче, старогрчко божество на љубовта, Ерос.
182. Преку стиховите на песната ,,Созвучја“ од Шарл Бодлер се дава слика за:
- совпаѓање меѓу појавностите на светот.
183. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на барањето. „Постојат мириси
свежи како детска кожа, Благи како обоа, зелени како поле...“ Која стилска фигура
како одлика на поетиката на Шарл Бодлер е уочлива во овие стихови?
-синестезија.
184. Прочитај ги внимателно стиховите од песната ,,Созвучја“ од Шарл
Бодлер и одговори на поставеното прашање. „Во бесконечност растеж да
имаат волен, Како амбра, миск, темјан, низ кои ни се знајни На духот и
сетилата односите тајни...“ Која идејна порака искажана посредно со овие
стихови лежи во основата на поетиката на Бодлер?
-
185. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето. „Како принц на
облаците поетот се крева се подбива со стрелецот и низ луња броди но штом е
спуштен на земја, среде џган и врева неговите крила на џин му пречат да оди...“
Споредбата „како принц на облаците“ од првиот стих на извадокот, авторот ја
користи во песната во која говори за поетот и за:
-албатросот.
186. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори на барањето. „Убавино, - ѕверу
голем, чудовишен, гнасен, од небо, од пекол – сеедно од каде идеш – ми го отвораш
со очите, со својот насмев, Бескрајот мој сакан, бескрајот никогаш виден!“
Сатанизмот во поезијата на Бодлер се детерминира преку поимот:
-естетика на грдото.
187. Во која песна Шарл Бодлер говори за поетот и неговата осаменост како
индивидуа?
- ,,Албатрос’’.
188. Кои мотиви доминираат во творештвото на Ш.Бодлер и влијаат врз
неговотот вклопување во модерните текови?
-
189. Која карактеристика на Мерсо ја откриваме преку неговите почетни
зборови: ,,Денеска умре мама. Или можеби вчера. Не знам.“?
-Незаинтересираност, рамнодушност
190. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на барањето. ,,Човекот
се убива зошто нема смисла да живее - ете ја несомнената, но сепак, нужна
вистина зошто е банална. Меѓутоа, дали нападот на животот, тоа
порекнување на животот, произлегува оттаму што животот воопшто нема
смисла? Бара ли неговата апсурдност од него да побегнеме со помош на
надежта или самоубиството? . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . Но Сизиф учи на вишата верност која ги негира
боговите и подига камења. Тој исто така смета дека сè е добро. Овој свет од
сега без господари не му се чини ни јалов ни ништавен. Самата борба да се
стигне до врвот, доволна е да го исполни човековото срце. Сизиф треба да
си го претставиме како среќен.“ Објаснувањето на апсурдноста на животот
во книгата ,,Митот за Сизиф“ е проследено со убедувањето на Албер Ками
дека:
-
191. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето. ,,...Без да се
подигне Арапот го извади својот нож што ми го покажа на сонцето. Светлината
бликна врз челикот и тоа беше како долго светкаво острило што ме погоди во
челото...Моите очи беа заслепени зад оваа завеса од солзи и сол...“ Како завршува
средбата со Арапот?
-Со смрт на Арапот, Мерсо го убива.
192. ,,Изгледа како сиот настан да го разгледуваат надвор од мене. Сè се
одвиваше без мое учество.“ Со оваа изјава Мерсо, ликот од романот
„Странецот“ на А. Ками, покажува дека е:
-
193. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на барањето. ,,..Нема да ми го
земат, нели господин Мерсо. Тие ќе ми го вратат. Инаку што ќе биде со мене...“ Во
романот ,, Странецот“ ни е претставено страдањето на Саламано заради загубата
на:
-кучето.
194. Прочитај го извадокот и одговори на прашањето. ,,...И само сè да се сврши, ..,
ми останува да пожелам...“ Што посакува Мерсо, ликот од романот „Странецот“ на
А.Ками?
- Се да заврши.
195. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето. ,,На
самиот крај на тој тежок напор, одмерен со просторот без небо и со времето
без длабочина, целта е постигната...самата битка да се стигне до врвот е
доволна...“ Како Албер Ками во есејот ,,Митот за Сизиф“ ја објаснува
ситуацијата во која се наоѓа Сизиф ?
-
196. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори на прашањето.
,,Заиграло срце јунаково! 
Како вино во сребрена чаша, 
Како јагне во големо стадо,
Како сокол во синоно јато!“ 
Која стилска фигура е присутна во вториот, третиот и четвртиот стих на песната?
-Компарација.
197. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори на прашањето.
,,Заиграло срце јунаково! 
Како вино во сребрена чаша,
Како јагне во големо стадо, 
Како сокол во синоно јато!“ 
Која стилска фигура е употребена во подвлечените зборови ?
-Не знаеме кој се повлечени зборови- (можи да е анафора оти се повторва како)

You might also like