You are on page 1of 70

СТИЛИСТИКА

наука за стилот
ЦЕЛИ
 -да ги сфаќа функциите на јазикот како средство за комуникација и за изразување во
литературата, културата, администрацијата, јавните медиуми, секојдневниот говор и во
науката;
 -да го разбира значењето и потребата од збогатување на сопствениот речник со
функционални зборови и изрази и нивната примена во сите животни ситуации;
 -да ја дефинира стилистиката како наука за стилот;
 -да ги категоризира функционалните стилови;
 -да ја дефинира функцијата на потстиловите;
 -да ги објаснува карактеристиките и функцијата на стиловите (научен, административен,
публицистички, уметничколитературен, разговорен);
 -да ги препознава основните функционални стилови и нивните основни карактеристики;
 -да составува текстови во различните стилови;
 -да се оспособува за негување, развивање и богатење на сопствениот јазик со нова лексика, и
тоа со функционални зборови и изрази, како и за нивна примена во животни ситуации
Да се потсетиме

Општата наука за јазикот се вика

лингвистика.
Што е стилистика?
 Стилистиката е дел од лингвистиката што го проучува

стилот.

 Што е стил?
 Стилот е универзален поим, се употребува за секоја човечка активност во која има

изразување и средство (некаков јазик) за изразување.


 Во потесна смисла на зборот под стил се подразбира начин на

изразување со јазикот (начин на пишување, употреба на

стилски изразни средства и начин на зборување).

При комуникација вршиме избор на јазични средства (гласови, зборови, реченици). Значи,

начинот на кој го употребуваме јазикот е стил.


 Стилот денес може да се дефинира како најиндивидуален начин на
изразување на мислите.

 Една иста порака или информација секој човек на различен начин ја пренесува,
во зависност од повеќе фактори:

 Бреј, планиниште!
 Планината го потпира небото.
 Леле, колку е висока оваа планина!
Фактори
Секој говорник го менува својот стил во зависност во зависност од тоа
каде е, со кого зборува, за што зборува, односно од целта, темата,
условите, индивидуалните особини на говорниците (образование,
воспитание, возраст, расположение), усна или писмена форма...

На пример, наставникот зборува со еден стил додека предава, со друг на


родителска средба, со поинаков со своите пријатели итн.
 Стилистиката е модерна наука, нејзин основоположник е Шарл Бали.

 Потекнува од поетиката и реториката од античко време, кога била замислена

како наука за добар и вешт говор (Анистен – еден од основополжниците на


реториката, Поетика и Реторика од Аристотел)
Поимот стил потекнува од
латинскиот збор stilus, што во
превод значи остро стапче со кое
во античко време се пишувало на
дрвени плочки премачкани со
восок, а од другата страна
стапчето имало лопатка, еден вид
„гума за бришење“ на погрешно
напишаните букви
 Данте Алигиери – Божествена

комедија: различки меѓу


трагичен и комичен стил

 Хуманизам и ренесанса:

Франческо Петрарка –
Стилот го изразува
карактерот на писателот
Видови стилистики:

 лингвостилистика (наука за општите изразни


можности на јазикот и неговите граматички
категории),
 литературна стилистика (наука за стилот/јазикот на
уметничкото дело),
 функионалната стилистика (наука за
колективните/социјални стилови)
Карактеристики на функионалната
стилистика
 Покрај личните стилови (начини на изразување) има и
социјални/колективни стилови кои се нарекуваат функционални стилови
во кои има строго пропишани правила за изразување кои ја намалуваат
слободата на изразување на говорникот. Има пет функционални стила:
1. Разговорен (колоквијален) – во областа на секојднениот живот
2. Уметничколитературен –во областа на уметничката литература
3. Публицистички (новинарски) – во областа на општествено-
политички живот
4. Административен (канцелариски) – во областа на деловното
општење
5. Научен – во областа на науката, образованието и просветувањето
НАУЧЕН СТИЛ

 Сфера на употреба: во науката, образованието и


просветувањето;

 ФУНКЦИЈА: да информира, соопшти, да открие


научно достигнување , некоја вистина за светот, и да
ја докаже со аргументи;

 Во овој стил доаѓа до израз способноста на човекот да


посматра, анализира и размислува.
 Хуманитарни науки (историја, лингвистика,
логика, филозофија, наука за литературата,
право, психологија, социологија)

 Природноматематички науки (математика,


физика, хемија, географија, биологија)

 Технички науки (архитектура, машинство,


електроника, електротехника..)
1. Наведи кои предмети ги изучуваш и каков вид науки се.
2. На кои науки припаѓаат следниве научни соопштенија:

Множеството од сите слики на функцијата се вика множество на


вредности на функцијата

Реченицата може да биде мала – од четири такта, или голема – од


осум такта.

Системот составен од извор на струја, потрошувач, прекинувач и


проводници се нарекува електрично струјно коло.
Општи карактеристики на научниот стил: информативност,
постапност, логичност, прецизност, објективност (строгост – без
употреба на емоции и разговорни ел.), вистинитост, рационалност.

Нормиран јазик, специфична терминологија, самообјаснувачки стил


(фусноти), цитирање, докази/аргументи, монолошки карактер.

Овие карактеристики се однесуваат целосно на


природноматематичките и на техничките науки, додека кај
хуманистичките науки има исклучоци.
Јазични карактеристики на научниот стил

 А.Лексички: термини, интернационализми – општонаучна лексика (функција, систем,


операција, елемент, фактор), апстрактна лексика, стандардна, неутрална, лексика,
клиширана фразеологија: од една страна, од друга страна, од сето ова произлегува
заклучокот дека, врз основа на фактот, со цел да, во споредба со; употреба на симболи
(=, NaCl)
 Б.Морфолошки: поголема употреба на именки и придавки отколку глаголи, сегашно
време со надвременско значење, преовладува 3. л. еднина и множина, авторот се
изразува во 1л.мн.:
 На пр.: Ќе ги изнесеме нашите сознанија за една појава во македонската
економија што го привлече вниманието на јавноста.; Во следната глава ќе ја
разгледаме оваа појава во светската економија ...
 В.Синтаксички: пасивни и безлични реченици (Се разликуваат ..., Не е тешко да се
одговори на тоа прашање. Има пет стилови), сврзнички зависносложени реченици
(доминираат исказни), аналитички прирок
 Г.Кохезија на текстот – поврзување на текстот во целина: поради тоа, при тоа, на тој
 Наведи термини од различни предмети и објасни го нивното
значење.
Потстилови на научниот стил
Строгонаучен (академски)
потстил

Научно-учебнички (дидактички и
практично-научен) потсил

Научно-популарен потстил
НАУЧЕН СТИЛ

строго научен научно- научно-


потстил популарен учебнички потстил

монографија книга учебници

дисертација, магистерски труд брошура учебни помагала

реферат статија статија

статија предавање, емисија предавање


Строгонаучен потстил

 Строго научниот стил доаѓа до израз во текстовите што ги пишуваат


специјалисти во определена област, а што се наменети за специјалисти од
истата област и се карактеризира со широка употреба на термини.
 Родови: монографија, дисертација, реферат, статија и др.
 На пример:

 При хиперлипопротеинемија доаѓа до зголемено ниво на една,


повеќе или сите компоненти на липидниот статус, како резултат
на нивната зголемена продукција или намалена елиминација.
Значајна е поради акутните и хроничните комликации, од кои
најзначајни се панкреатитот и артериосклерозата.
Научно-популарен потстил
 Доаѓа до израз во научни текстови во кои авторот специјалист им се обраќа на
неспецијалисти и настојува да ги заинтересира за својата научна област, па поради тоа
треба да ги преведува и да ги објаснува термините, да врши избор на материјата што
сака да ја претстави и да одбере пожив начин на изложување.
 Родови: книга, броушра, статија, предавање
 Пр: списание Емитер за популаризација и примена на науката и техниката
 Статија : Вештачка интелигенција – основи, развој и... што понатаму?
 Автор: Невенка Стојановска
 Најнапред да разгледаме што точно значи поимот вештачка интелигенција. Ви­ки­педија
дава солидна дефиниција: “Веш­тачка интелигенција (ВИ) е интелигенција претставена
од машини и софтвер и е гран­ка од компјутерската наука која развива машини и
софтвер со интелигенција.” Гене­рално ВИ се дефинира како проучување и дизајн на
системи, интелигентни агенти, кои стекнуваат изграден “осет” за опкружу­вањето и
можат со нови активности да ги максимизираат шансите за успешно извр­шување на
одредени задачи.
Научно-учебнички потстил

 Доаѓа до израз во учебниците во кои специјалистот се обраќа на

неспецијалисти кои треба да добијат извесни знаења од соодветната


област. Излагањето се приспособува на возраста на ученикот.
 родови: учебници, помагала, статии, предавања
АДМИНИСТРАТИВЕН СТИЛ
 Сфера на употреба: во официјално-деловното општење
 меѓу државите,
 меѓу институциите во една држава,
 во рамките на одделните институции,
 и меѓу државата и граѓаните

 ФУНКЦИЈА - СООПШТУВАЊЕ
Општи карактеристики на
адиминстративниот стил
 информативност, oбјективност (нема место за разговорни зборови и
изрази, за изразување емоции),
 строгост, точност, конкретност
 стандардност (шаблонизираност) во однос на формата/ клишеа -
задолжителни модели на пишување,
 унифицираност/ изедначеност
 конзервативност, затвореност во себе
 лишен од авторство
Јазични карактеристики

 Лексика: јазични клишеа - постојани јазични средства

(странка, правно лице, молител, барател, молба, барање, уверение; гест

на добра волја, добрососедски односи, конструктивна атмосфера;

интернационални изрази: persona non grata, persona grata, status quo

– одржување на моментална положба); стручна терминологија од

областа на правото, дипломатијата, војската, администрацијата


 Употреба на стилска фигура метонимија: Белата куќа (за Владата на САД), Анкара

(Турција); скратеници (акроними)

 Морфологија: доминантност на именките , употреба на глаголски именки, употреба на

именките за титули се во машки род

 Синтакса: реченици во кои се изразува задолженост, заповед, препорака;

 сложени реченици,

 доминантни аналитички прироци: врши контрола, врши избор, дава амнестија, донесува

одлуки.
Потстилови на административен
стил
 Персонален
 Деловен
 Општествено-политички
 Законодавно-правен
 Дипломатски
персоналниот потстил-односот меѓу граѓаните и државата. Граѓаните пишуваат молби (барања),
тестаменти, полномоштва, автобиографии.

Молбите се пишуваат по определен модел, а автобиографиите ги содржат само податоците за


местото и датумот на раѓање, образованието, работното искуство и не вклучуваат интимни моменти
од животот на граѓанинот.

Тестаментот и полномоштието немаат вредност ако не се заверени од суд или службено лице.

деловниот потстил (ги опфаќа односите меѓу одделните институции, како и односите во рамките на
институциите).

општествено –политичкиот потстил (се однесува на политичкото уредување на државата и на


партискиот живот.)

законодавно-правниот потстил (ги опфаќа уставот/статутот и сите други закони, наредби, како и укази,
решенија, пресуди.)

дипломатскиот потстил (ја покрива областа на меѓудржавните односи).


персонален деловен законодавно- дипломатски општествено-
правен политички
Молба Извештај, записник, Устав Договор Говори
понуда, приговор, (меѓудржавни
барање договори)
Автобиогра Наредба Закони Нота , демарш, Резолуции
фија (законски коминике (решенија,
акти) (соопштение), заклучоци),
акредитив директиви
(полномоштво), (налози), повелби
протокол
(записник/правила),
меморандум
Тестамент Договор, дозвола, Укази Декларација Програми на
потврда, сметка, партиите
порачка, фактура

Полномоштв Соопштение Решенија, Ултиматум Гласила


о пресуди (категоричко (списанија)
барање), спогодба,
поздравен говор
персонален деловен законодавно- дипломатски општествено-
правен политички

Молба (барање) Извештај,записник, понуда, Устав Договор (меѓудржавни Говори


приговор, барање договори)
Автобиографија Наредба Закони (законски Нота (писмено обраќање на Резолуции (решенија,
акти) една влада до друга), заклучоци), директиви
демарш (постапка или (налози), повелби (правен
дејство во странска држава акт, програмски
заради некој протест или документ што ги
барање.), коминике содржи основните
(соопштение), акредитив принципи на
(полномоштво), проткол меѓународната
(записник/правила), политика.
меморандум (документ во
кој се изнесува или се
разјаснува некое барање,
предлог или мислење за
некое политичко прашање.)
Тестамент Договор, дозвола, потврда, Укази Декларација (Официјална или Програми на партиите
сметка, порачка, фактура свечена изјава, проглас за
основните принципи и
ставовишто се однесуваат
на некое многу важно
прашање)

Полномоштво Соопштение Решенија, пресуди Ултиматум (категоричко Гласила (списанија)


барање), спогодба, поздравен
говор
на пр. акредитив -писмено овластување на дипломатски претставник

кај влада на друга земја., коминике - службено соопштение,

официјален извештај,

нота, ултиматум, устав, закон, алинеја, член, параграф, пресуда,

обвинет, протокол – записник или правила на церемонијал)


3.Препознај ги јазичните клишеа во следните примери

До

Директорот на

СУГС „Никола Карев“- Скопје

МОЛБА

од Ристовски Стојан Ристе, ученик во III-2 при СУГС „Никола Карев“, Скопје

ПРЕДМЕТ: Ослободување од настава

Како активен спортист и член на кошаркарскиот клуб „Работнички“ –

Скопје, молам да бидам ослободен од наставата во периодот од 10.5.2010

до 24.5.2010 поради учество на меѓународен турнир во кошарка во

Истанбул, Турција.

Во прилог на молбата ги доставувам следните документи кои треба да

послужат како доказ:

1.Потврда за членство во КК „ Работнички„ – Скопје

2.Покана за учество од организаторот на турнирот

Ви благодарам однапред.

Скопје поднoсител на молбата

10.5.2010 г. Ристе Ристовски


5.На кои административни потстилови припаѓаат следните извадоци од текстови?

А)Член 8

За повреда на должностите и неисполнување на обврските, односно за служење со


измама, невистини, фалсификување на документи и сл., на ученикот му се изрекува
писмена опомена.

Б)
До шефот на грчката канцеларија за врски, Теохарис Лалакос

Загрижени сме поради неодамнешниот протестен собир на македонско-грчката граница, каде


беше употребена екстремна националистичка иконографија и беа упатувани закани и навреди кон
македонските граѓани. Очекуваме од грчките власти да преземат соодветни мерки за да се
спречат понатамошните оштетувања и националистичката реторика.
До

Директорот на

СУГС „Никола Карев“- Скопје

МОЛБА

од Ристовски Стојан Ристе, ученик во III-2 при СУГС „Никола Карев“, Скопје

ПРЕДМЕТ: Ослободување од настава

Како активен спортист и член на кошаркарскиот клуб „Работнички“ –

Скопје, молам да бидам ослободен од наставата во периодот од 10.5.2010

до 24.5.2010 поради учество на меѓународен турнир во кошарка во

Истанбул, Турција.
ОДЛУКА
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Се прогласува Уставот на Република Македонија, што го усвои
Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 17
ноември 1991 г.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 Бр.08-45642/1 Претседател на
Собранието
 17.11. 1991, Скопје на Република Македонија
Стојан Андов
ПУБЛИЦИСТИЧКИ СТИЛ

 Публицистика -литература на современи,

актуелни теми од јавниот живот (теми


што се однесуваат на целата општествена
заедница).
 Публицистичкиот стил доаѓа до израз во сите

сфери на општествено-политичкиот живот


(политика, економија, образование, наука, култура,
спорт, секојдневен живот), значи со овој стил се
пишуваат теми од различни области од
животот кои го привлекуваат вниманието на
општествената заедница.
Најцелосно е претставен во масовните
медиуми – средствата за јавно
инфорфмирање: весници, радио, телевизија,
интернет.
ФУНКЦИИ НА
ПУБЛИЦИСТИЧКИОТ СТИЛ
 Информативна и пропагандна (мотивирачка, дејствувачка,

убедувачка) со кои се создава јавното мислење во едно општество


Потстилови на публицистички стил
 НОВИНАРСКИ ПОТСИЛ (УВОДНИК, КОЛУМНА, ВЕСТ, РЕПОРТАЖА,
ИНТЕРВЈУ, РЕЦЕНЗИЈА, ХРОНИКА И СЛ.)
 ПУБЛИЦИСТИЧКИ СТИЛ ВО ПОТЕСНА СМИСЛА НА ЗБОРОТ
(ФЕЉТОН, МОНОГРАФИЈА)
ПУБЛИЦИСТИЧКИ СТИЛ

НОВИНАРСКИ ПУБЛИЦИСТИЧКИ СТИЛ ВО ПОТЕСНА СМИСЛА

Уводник Фељтон

Коментар (колумна) Монографија

Информација (вест / соопштение / дописка)

Репортажа

Интервју

Приказ (рецензија)

Хроника
 УВОДНИК – уводна статија во весник, списание

 КОМЕНТАР/КОЛУМНА – статија во весник, списани, во која се изразува лично мислење од


ист новинар или позната личност периодично
 Информација/ВЕСТ – известување за некој настан

 РЕПОРТАЖА – новинарски опис на актуелни настани, места, појави, така што настанот се
прикажува низ приказна онака како што авторот ја доживеал; таа има вовед, заплет,
кулминација, рапслет и на крајот, порака; има дијалози/изјави од учесници во настанот

 Интервју – разговор

 Приказ/рецензија – статија во која се дава оценка на научно или уметничко дело

 Хроника – вести, соопштенија од тековниот локален живот, Примери: спортска хроника, судска хроника и
сл.
Фељтон - новинарска прилично долга статија, понекогаш во повеќе продолженија, напишана
живо и духовито, забавно, лесно; може да биде со научно-популарен, литературен или
општествено-политички карактер;

Пример: Фељтон за животот и мечтите на Тоше во весникот Нова Македонија

Монографија –поголем научен или стручен труд во кој исцрпно се обработува еден
проблем (една појава, една личност, една област)

Пример: Монографија за СОУ „Перо Наков“


Општи карактеристики
 Едноставност и јасност (лесно разбирлива содржина, едноставни зборови и јасни мисли);
 клишеа (готови модели, шаблони, на пр. секоја вест одговара на шест новинарски прашања: кој, што,
како, кога, каде, зошто );
 атрактивност на насловите и поднасловите;
 фактографија и документарност (факти и материјали засновани на документи)
 сликовитост, емоционалност во колумни и репортажи
Јазични карактеристики
 нормиран јазик – стандарден јазик;

 лексика (речник): јазични клишеа (готови изрази и конструкции),

современ општествено-политички речник (демократија, митинг, штрајк,


предизборна кампања, политички маркетинг, предизборен молк,),
фразеолошки и метафорични изрази (фрази: Кралскиот клуб, црвено-
црните, осмиот/дванаесеттиот играч, игра без жар, мачење на топката,
машки игра, ја затресе противничката мрежа, тргна од мртва точка, од
извори блиски до владата и сл.;метафорични изрази: кралица на
спортовите, на маргините на самитот, армија невработени)
 Морфологија: именки;
 Синтакса:

 кратки сложени и прости реченици (прашални,

заповедни, со директно обраќање и директен


говор)

 аналитички прирок: води преговори, прави

анализа, преземе мерки, изрази надеж, земе


УМЕТНИЧКОЛИТЕРАТУРЕН
СТИЛ
 доаѓа до израз во уметничката литература

 основна функција е естетската бидејќи јазикот во уметничката

литература служи како средство за создавање уметнички модел на


светот, и со своето дело творецот му донесува естетско уживање на
читателот, односно дејствува на неговите мисли и чувства. Секундарна
функција е комуникативната.
Родови и видови на УЛС
 лирика (видови: химна, ода, елегија, епиграм, епитаф, сонет, лирска
песна со различни мотиви: љубовни, патриотски, пејзажни, социјални,
рефлексивни)
 епика (роман, расказ, еп/ епопеја, епска песна)
 драма (трагедија, комедија, современа драма)
 лирско-епски видови: балада, романса и поема
ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА
УЛС
 субјективност (но индиректно искажување на својот однос, преку ликови
и настани)
 емоционалност
 сликовитост
 изразност, оргиналност
 стилски фигури (рима, алитерација, асонанца, анафора, епифора,
симплоха, ономатопеја, апострофа, асиндетон, полисиндетон, градација,
компарација, антитеза, словенска антитеза, реторско прашање,
контраст, алегорија, епитет, иронија, метафора, метонимија, хипербола,
литота, оксиморон, персонификација, синестезија)
 стандарден јазик, но и дијалект, жаргон, неологизми, архаизми,
историзми
РАЗГОВОРЕН СТИЛ
 Разговорниот стил се употребува во секојдневниот живот. Ситуациите

во кои се употребува се неофицијални и официјални.

 Основна функција на овој стил е комуникативната

функција/општење и соопштување.

 Се пројавува и во говорена (општење дома, на улица, во продавница...) и

во пишувана форма (лични писма).


На пример:

 А: Здраво, па кај си ти, што правиш?

 Б: Еј, сто години не сум те видел! Добра си?

 А: Да, еве. Ти?

 Б: Добро. Дали сакаш да излеземе вечер?

 А: Извини, вечерва не сум слободна. Може утре?

 Б: Добро, тогаш ќе ти се јавам утре!

 А: Важи, чао!

 Б: Чао!
Официјалниот разговор се одвива меѓу лица кои се во службен однос, како на пример ученик
- наставник, наставник - директор, пациент - доктор, клиент - банкарски службеник, купувач -
продавач итн.

Во официјалните разговори треба да се употребува стандарден јазик, да се биде


објективен, прецизен, да се биде учтив и да се покаже респект кон соговорникот.

Почитта кон соговорникот се изразува со зборовите: извинете, благодарам, молам, повелете,


со употреба на Вие, Ве, Вас при обраќањето до соговорникот и сл.

Тоа се правила за добра комуникација или таканаречен комуникациски бонтон, коишто


гарантираат успешна комуникација и остварување на целите поради коишто се води еден службен
разговор.
Пример:
Купувач: Добар ден!
Продавач: Добар ден! Повелете, може ли да Ви помогнам?
Купувач: Ќе може ли да го пробам палтото од излогот?
Продавач: Да, секако. Кој број сакате?
Купувач: Број 38, Ве молам.
Продавач: Повелете, можете да го пробате таму.
Купувач: Палтото е убаво, но мало ми е. Извинете, имате ли број 40?
Продавач: Да, секако. Еве број 40.
Купувач: Благодарам, сега е подобро.
Продавач: Многу убаво Ви стои.
Купувач: Благодарам! А колку чини палтото?
Продавач: Илјада и двесте денари.
Купувач: Во ред, ќе го купам.
Продавач: Со здравје да го носите!
Купувач: Благодарам! Пријатно!
Разговорниот стил зависи од говорната
ситуација и од соговорниците

 Има три типа на говорни ситуации:


 1.дијалози со непознати,
 2.комуникација со познати, блиски говорители во секојдневниот живот и
 3.комуникација со познати и непознати во рамките на професионалната
и социо-културната сфера од животот.

 Соговорниците имаат различен пол, возраст, професија, меѓусебни


односи, цел на општењето и сл. кои влијаат врз јазичниот израз.
Карактеристики на неофицијален разговорен
стил
 Општи карактеристики:
 економичност;
 непосредност, неподготвеност, спонтаност, природност: Филмот беше
катастрофа! Сто години не сум те видел!;
 ориентација кон соговорникот;
 емотивност, субјективност;
 значенски празни содржини: Што правиш? Добро, ти? Еве и јас.
 хумор
Јазични карактеристики
 Лекиска:
 дијалектизми,
 жаргонизми (шмизла, филм, кринч, топ, селфи, фејк, чет),
 турцизми (мерак, севда, ќеф, адет)
 неологизми (банкомат, емотикон, смешко),
 деминутиви и хипокористици (срце, злато, душичка, пиле),
 аугментативи и пејоративи (глупсон, стоко, ѓубре, ѓубриште, мутав);
 употреба на феминативи: судијка, директорка, министерка;
 суфикси што не се карактеристични за стандардниот јазик: -ара: пивара,
слаткара, рибара
 Морфологија:
 употреба на заменски форми,
 извици за емоции и за повикување;
 Синтакса:
 елипса (испуштање) на делови што се подразбираат или нивно
пренесување со мимики и гестови;
 непотполни реченици и изрази;
 доминантност на форми за обраќање (именски и заменски, неофицијални
форми за обраќање кон соговорникот, заповеден начин)
Родови на разговорниот стил
 МОНОЛОГ (еден вид разговор со себеси упатен на други лица.)

 ДИЈАЛОГ (разговор меѓу двајца)

 ПОЛИЛОГ (разговор меѓу повеќе од двајца).

 СТЕРЕОТИПИ (кратки, утврдени форми за започнување или

 завршување разговор)
 Монологот е еден вид разговор со себеси упатен на други лица.

 Монологот е раскажувачка форма и има раскажувачка структура (почеток, средина и крај).

Монологот во практично-професионалната комуникација се употребува во ситуации кога некој


треба да земе воведен збор за да отвори некој состанок или собир, кога некој треба да даде изјава
за некоја случка или кога има дискусија бидејќи во неа говорителите се ограничени временски да
дадат свој став за еден аспект на темата и тоа се всушност, кратки монолози. Монологот се
употребува и при претставувањето.
 На пример:

 Јас сум Марко. Живеам во Битола. Женет сум и имам две деца. Работам како професор на

факултет веќе дваесет години. Многу ја сакам мојата работа затоа што секогаш сум во
друштво со млади луѓе кои ја сакаат науката. Како работник сум професионален,
исполнителен и принципиелен. Кога не сум на работа, сакам да одам на пливање. Тоа е
моето хоби. Сепак, најмногу сум среќен кога сум со семејството и затоа, најчесто, слободното
време го поминувам со сопругата и децата.


 При монолог, односно при раскажување и опишување треба да се внимава на изборот

на зборовите и на синтаксата на речениците, бидејќи, ако се употребуваат премногу


детали и многу долги или неправилно формулирани реченици, изложувањето ќе
биде нејасно и непривлечно за слушање.

 Говорителот треба да се стреми да опишува и да раскажува хронолошки, јасно,

едноставно, прецизно и интересно.

 Ако сакаме да го свртиме вниманието и да оставиме добар впечаток, мора да внимаваме

како се изразуваме.
Дијалогот е разговор меѓу две лица кои ги менуваат улогите на зборувач и слушач во комуникацијата.

Полилогот е разговор меѓу повеќе од две лица.

Дијалозите и полилозите во практично-професионалната комуникација се пројавуваат во форма на:

1. службен разговор (разговор меѓу лица кои се во деловен однос);


2. интервју (разговор меѓу лица во којшто еден прашува, а другиот одговара. Може да биде: интервју
за јавноста, работно интервју, сведочење во суд, полагање испит...);
3. анкета (разговор меѓу анкетар кој поставува прашања и анкетирани кои одговараат на прашањата);
4. тркалезна маса (разговор на дадена тема со многу учесници).
Стереотипите се постојани дијалошки форми што се употребуваат за започнување или за прекин на
комуникацијата. Тие се значенски празни дијалози.

На пример:

А: Здраво, што правиш?


Б: Еве, ништо, а ти?
А: Еве, и јас.
 Она што е важно и за формалните и за неформалните дијалози е тоа дека секогаш

треба да се покаже култура на говор, почит кон соговорникот и кога некој не се

согласува со нечии ставови, треба да се бори со аргументи против неговите

ставови, а не со навреди против неговата личност.

 Секаде во светот се цени убавото однесување, а изразувањето е дел од однесувањето

и општата култура на човекот.


Разговорот е многу важен фактор во секојдневниот живот. Разговорот не е само животна
вештина, туку и професионална вештина.

Секогаш во друштвото или во јавноста има луѓе кои се омилени и нив со задоволство
секој сака да ги слуша бидејќи се издвојуваат со начинот на разговарање.

Во училиште, разликата меѓу четири и пет не е секогаш во знаењето, туку во начинот на


презентација на знаењата од страна на учениците.

Според една анкета спроведена во САД, во 480 компании и јавни организации, во


фирмите најмногу се ценат луѓето со комуникациски вештини, така што излегува дека,
доколку на интервју за работа се јават двајца кандидати со исто образование, работата ќе
ја добие оној кој знае да говори подобро.

You might also like