You are on page 1of 1

Тема: Стилистика Македонски јазик и литература

Научен функционален стил

1. Научниот функционален стил е таква дејност на човекот во која доаѓа до израз


способноста на човекот за апстрактно, аналитичко размислување и за формулирање на
сознанијата до кои дошол.
- секоја од науките (хуманитарни, природно-математички, технички) располага со
сопствена терминологија;
- постојат и општонаучни термини (број, систем, функција, структура, дефиниција, итн.).

2. Потстилови во рамките на научниот стил се:

а) строгонаучен потстил
- се јавува во монографии, докторски дисертации, статии, реферати;
- во нив научникот им се обраќа на своите колеги и нема потреба од објаснување на
некои поими;
- тука научникот изнесува свои, нови сознанија и дава повод за дискусија.

б) научно-учебнички потстил
- застапен е во учебниците каде специјалист од одредена област им се обраќа на
неспецијалисти;
- авторите поседуваат релевантни и најнови знаења кои треба да ги приспособат на
наставната програма, на претходните знаења на учениците и на нивната возраст;
- еден добар учебник треба да има јасни дефиниции на поимите, јазикот да е достапен
до учениците;
- учебникот треба да е интересен, да има задачи преку кои учениците сами ќе ги
проверат своите знаења.

в) научно- популарен потстил


- застапен е во емисии, книги, филмови со кои специјалистите сакаат да заинтересираат
што е можно повеќе луѓе за својата научна тематика;
- се карактеризира со умерена употреба на стручна терминологија.

You might also like