You are on page 1of 1

Белезите на реализмот во сите три дела

Реализмот е книжевен и уметнички правец кој се јавува во


четвртата деценија на деветнаесетиот век, како следбеник на
роматизмот. Ако романтизмот го афирмираше индивидуализмот,
а реалноста се претставуваше преку призмата на природата и
бегството на авторот во истата со цел да се оддалечи од
реалноста, во реализмот се прикажуваат општеството и луѓето
онакви какви што се, со сите свои маани, доблести и различни
погледи кон светот.
Општите, фундаментални детерминации коишто ја даваат
панорамската слика за книжевната епоха наречена реализам,
може да се сведат на неколку најопшти определби: реализмот
има за цел да ја прикажува стварноста таква каква што е (верно
прикажување на стварноста), односно да претставува автентично
подражавање на природата, животот и човекот; во реализмот
треба животот да се испитува и да се отсликува без страсти,
односно објективно; реализмот има за цел да го прикажува
човекот како општествено битие во општествените околности;
според реалистите, книжевноста како уметност треба да биде
слика на животот, едноставна и разбирлива слика за
едноставниот, секојдневен живот на обичниот човек во
општеството; книжевноста, навистина е преработена слика на
стварноста, зашто во поединечното уметникот го открива
општото, суштинското, важното; во реализмот доминираат
прозните книжевни форми (романот, новелата, расказот, но и
драмата); во книжевните дела на реализмот фабулата е стабилна
и е ставена во функција на што поцелосното интегрирање на
типичните ликови -претставници на одредени групи во
општеството.
Главната одлика на реализмот е претставувањето на типичните
ликови во типични средини. Луѓето и средината се прикажани
онакви какви што се, произлезена од социјалниот статус на луѓето
и промените кои се случиле во општеството. Во делата “Чичко
Горио” и “Смртта на Иван Илич” ликовите се профилирани како
типични луѓе од овој период претставени како марионети на
општествениот развој и заслепени од сјајот на парите. Средината
во која живеат исто така е типична и карактеристична за овој
период.
Друга одлика на реализмот е односот кон стварност. Во овие
дела се прикажани проблематики и настани од секојдневниот
живот - дилемите на Растињак помеѓу задржување на својот
морал и збогатувањето на грбот на Делфина; односот на Делфина
и Анастазија со нивниот татко кој што бил постојано заснован на
пари; животот на Иван Илич кој живее се жена која не ја сака и
работи професија која му била наметната. За разлика од другите
периоди на литературата, во реализмот творецот се свртува кон
проблеми кои се наоѓаат во едно просечно општесво на еден
просечен човек.
Уште една карактеристика на реализмот е култот кон науката.
Балзак ја користи науката да прикаже дека луѓе кои споделуваат
иста животна ситуација развиваат сродни особини. Така, и
Растињак и Раскољников, кој што се наоѓаат во слична ситуација
на млади момчиња кои сакаат да успеат во животот на чесен и
морален начин, се притиснати од општество и парите и двајцата
посегнуваат по истите на нечесен или неморален начин.
Реализмот, всушност, е период во кој во делата се претставени
реалните ситуации со кој човекот се сретнува низ чекорењето низ
животот. Може да се заклучи дека и истите проблеми со кои се
соочувале луѓето во овој период се провлекуваат до ден денес.

You might also like