You are on page 1of 2

Сликањето на човековите поттикнувања, стремежи и паѓања

на неговата психа – доминантен мотив во „Злосторство и


казна“ од Достоевски

Фамозниот роман „Злосторство и казна“ е дело на Достоевски,


ненадминливот во начинот на разоткривањето на човековата душа
претставник на психолошкиот реализам. Тој за правецот кој го претставува
велел: „Мојот идеализам е постварен од нивниот реализам“.
Овој правец се одликува со одразувањето на животната стварноста,
анализрањето критикувањето и барањето разрешување, како и со
создавањето на типични карактери во типична средина.

„Злосторство и казна “ од Достоевски е реалистичен, психолошки


роман во кој има елементи и на социјален, криминалистички и филозофски
роман. Тој е, исто така, полифоничен роман, кој ги вклучува општествената
и социјалната реалност, но и психичката реалност на поединецот.
Достоевски на еден многу посебен начин ги слика човековите
поттикнувања, стремежите и паѓањата на психата на главниот лик поради
неговото злосторство.
Родион Романович Раскољников е централниот лик во романот. Тој е
комплексна личност со многу позитивни и негативни особини. Гордоста е
највпечатливата негова особина.
Раскољников во крајна линија е убиец, бидејќи ги убива бабата и
нејзината сестра, но прави толку други добри работи што не можеме да го
восприемиме како вистински убиец, и покрај тоа што „нема никакво
оправдување за извршено убиство, зашто сечиј живот е вреден“.
Тој самиот се колеба во врска со мотивот на неговото убиство, но
сепак го извршува, бидејќи според него извршувањето на злосторството е
оправдано ако се изврши за повисоки цели, а извршувајќи го, сака да
провери дали тој им припаѓа на исклучителните луѓе.
Откако го извршува злосторството, оваа теорија полека се руши -
прво пронаоѓа рационални објаснувања за неуспехот, но потоа се враќа на
својата филозофија – дека не убил човек, туку принцип – обидувајќи се да
се утеши на тој начин. Сепак, како одминува времето, сфаќа дека утеха
нема, дека најголем проблем е грижата на совеста и душевната болка.
Станува рамнодушен кон сите и кон сè, кон никого не може да биде искрен,
со никого не може да зборува – зашто тој направил нешто што другите не
направиле и што не ќе можат да го сфатат. Отуѓеноста е најтешката
последица на злосторството. При крајот одлучува да и се исповеда на
Соња, поради што гордоста не ќе му дозволи цела година да погледне во
неа. Ќе му биде срам и не ќе знае како да го продолжи животот, но
добрината , цврстината и решеноста на Соња да му помогне, ќе успеат. Тој
по една година ќе сфати дека таа е спасот – љубовта кон неа и нејзината
филозофија.
Тема во романот е двојното убиство што го извршува главниот лик и
казната која следува, ставајќи го фокусот на психичкиот дел, додека идејата
е дека човекот самиот повеќе се казнува и измачува отколку што тоа може
да го стори општеството.
Во романот се среќаваме со повеќе ликови, но најважна од нив е
бедната, отфрлена и изгубена проститука Соња. Соња и Раскољников се
сосема различни, но на крајот завршуваат заедно, сепак „спротивностите се
привлекуваат“. Таа со нејзината смиреност, добрина, саможртва и
покорност ќе биде единствената шанса за спасот на нејзиниот горделив и
бунтовен сакан.

Во романов посебно внимание е посветено на нашата филозофија,


на начинот на кој размислуваме и како тој ни влијае. Во оваа приказна
прикажан ое како мислите му го уништуваат животот на главниот херој, но
штом некому му го уништиле – значи дека имаат и тоа каква моќ. А таа моќ
самите ние одлучуваме како да ја искористиме – да си го уништиме животот
или пак да го достигнеме оној од соништата, односно како што вели
психологијата „Моќта е во секој од нас, ние и никој друг одлучуваме како ќе
ја искористиме“.

You might also like