You are on page 1of 1

Печалбарството не носи само пари, туку и смрт

Тешка е судбата македонска, печалбарска е таа, кaко да му било пишано на


македонецот да биде во вечна потрага по среќа. „Ех црна и крвава е нашата
печалба мајко! Уште покрвава е сиромаштијата што не гони таму! “ – вака пишува
Антон Панов во „Печалбари“.

Панов тргнувајќи од последиците што печалбарството ги носи со себе


драмското дејство го поставува врз основа на трагика која ќе донесе смрт. Од
ваква поставеност на дејството судбината на Костадин и Симка е трагична, а и
самите тие се претставени како несреќни среќници..

Љубовта ќе биде главен двигател во драмското дејство, но и кочничар во


развојот на љубовта меѓу младите. На нивната голема ќе влијаат непишаните
правила според кои двајца млади од различни класи не си припаѓаат еден на друг.
Панов тука го вметнал и бунтот како средство со кое ќе се искаже
незадоволството и ќе се постигне бунтот. Љубовта е таа што двајцата влубени ѓе
ги води напред. Но за жал, нивната среќа нема да биде целосна бидејќи
посегнувањето по парите и стремежот за исконската печалба трајно ќе уништи
едно семејство.
Девојката која немала храброст да му се спротивстави на својот татко и да
застане на страната на своите чувства, остана вдовица со петгодишно дете и со
длабока омраза и гнев кон својот татко, кого го почитувала и кому му била покорна
во текот на целата нејзина младост.

Сето ова, гледано од денешен аспект, можело да биде многу поинаку. Доколку
родителите го немале оној патријархален дух, строг и неправеден однос кон
своите деца и доколку не им било важно што ќе рече светот, туку на прво место
да ја ставеле среќата на нивното чедо, никој немало да излезе повреден.

You might also like