You are on page 1of 1

Единствениот пат за исчистувањето на нагонското зло во себе е љубовта

Раскољников од „Злосторство и казна“ е горделива и комплексна личност со


многу позитивни и негативни особини.
Во крајна линија е убиец, бидејќи ги убива бабата и нејзината сестра, но
прави толку други добри работи што не можеме да го восприемиме како вистински
убиец, и покрај тоа што „нема никакво оправдување за извршено убиство, зашто
сечиј живот е вреден“.
Откако го извршува злосторството, прво пронаоѓа рационални објаснувања
за неуспехот, но потоа се враќа на својата филозофија – дека не убил човек, туку
принцип – обидувајќи се да се утеши на тој начин. Сепак, како одминува времето,
сфаќа дека утеха нема, дека најголем проблем е грижата на совеста и душевната
болка. Станува рамнодушен кон сите и кон сè, кон никого не може да биде искрен,
со никого не може да зборува – зашто тој направил нешто што другите не
направиле и што не ќе можат да го сфатат. Отуѓеноста е најтешката последица на
злосторството. При крајот одлучува да ѝ се исповеда на Соња, поради што
гордоста не ќе му дозволи цела година да погледне во неа. Ќе му биде срам и не
ќе знае како да го продолжи животот, но добрината, цврстината и решеноста на
Соња да му помогне, ќе успеат. Тој по една година ќе сфати дека таа е спасот –
љубовта кон неа и нејзината филозофија.
Во романов посебно внимание е посветено на нашата филозофија, на
начинот на кој размислуваме и како тој ни влијае. Во оваа приказна прикажано е
како мислите му го уништуваат животот на главниот херој, но штом некому му го
уништиле – значи дека имаат и тоа каква моќ. А таа моќ самите ние одлучуваме
како да ја искористиме – да си го уништиме животот или пак да го достигнеме оној
од соништата, односно како што вели психологијата „Моќта е во секој од нас, ние
и никој друг одлучуваме како ќе ја искористиме“.

You might also like