You are on page 1of 1

Размислувањата на Иван Илич на крајот на неговиот живот

Реализмот е етапа во човештвото која ја покажува суровата реалност и која ја


открива вистината за општеството. Делото на Лав Николаевич Толстој – “Смртта
на Иван Илич” е дело напишано во време на реализмот, дело во кое се покажува
секојдневието на еден човек.
Се зборува за човек кој на сите начини се обидува да ги задоволи очекувањата
на општеството, не размислувајќи за грешките кои ги прави и за последиците кои
треба да ги сноси понатаму. Иван Илич е високо образован човек, кој работи за
добра плата, неговата жена припаѓала на неговата социјална класа, со неа
создаваат свое семејство и постојано бил унапредуван. Но, нешто што е најважно
за него е потребата тој постојано да го изразува своето достоинство и својот
статус. Набргу доаѓа до пресврт во неговиот живот, кој ќе му посочи дека она што
се покажува во јавноста и не е баш така зад затворените врати. Неговата жена
станува неподнослива за време на бременоста, таа е вулгарна и љубоморно се
однесува со него. За да ја избегне оваа непријатна ситуација, тој спасот го бара во
работата.
Исполнувањето на туѓите желби, потреби и пристојното однесување не му го
обезбедија животот за кој сонуваше, не му ги исполнија неговите желби и не му го
дадоа она што го бараше- мир и спокој. Додека лежеше на смрттната постела
Прасковја бакнувајќи го сакаше да ја покаже својата загриженост, а не беше
свесна со каков презир ја гледаше Иван неа. Иван Илич не успеа да го купи
совршениот живот со пари, дури и да успееше сепак на смрттната постела ќе си го
поставеше прашањето – “Дали го живеев животот како што треба?”.

You might also like