You are on page 1of 2

Стале Попов

1. На која литература припаѓа Стале Попов?

– Стале Попов припаѓа на повоената македонска литература.

2. Што се подразбира под поимот регионален писател?

– Регионален писател е оној писател кој пишува за својот регион, најчесто ликовите и
нивните карактери се мошне реални и типични за средината, а дејството се одвива во
определено време од тој период. Застапени се и обичаите и местата во тој регион.

3. Каков роман според видот е Крпен Живот?

– Според видот претставува битово-социјален и сеемен роман.

4. Кои карактеристики ја прават посебна Доста Рожденката?

– Доста Рожденката убава, стројна жена со градска облека, култура и навики поразлични
од оние на селските жени. Не завидува и не ги озборува другите, се фокусира на
нејзниото семејство и нивната среќа. Поразлична е по начинот на размислување,
односно смета дека е многу битно и женските деца да одат на училиште. Исто така таа
се грижи за својот изглед, се дотерува а истовремено се грижи и за нејзините деца и
домот. Сите и завидуваат на градските јадења што ги прави, на убавите и шарени
килими кои ги ткае.

5. Кои револуционерни промени ги внесува таа во Мариово?

– Таа е првата жена која ја пратила својата ќерка на училиште и тоа во егзхарско
училиште.

6. Зошто Митра е нагативен лик во романот?

– Митра е негативниот лик бидејќи претставува типична селанка, проста и неука,


единствот и е битно парите и наследство од нејзинот сопруг и девери да ги наследат
само нејзините деца. За да го оствари тоа започнува да се моли бебето на Доста да се
роди мртво, па дури и помислува таа да го убие после породувањето. Постојано
озборува и завидува, обожава да се кара со сите.

7. Што означува симболот Крпен живот?


– Симболот Крпен живот означува желбата на човекот за среќа, дом, семејство. Исто така
ја симболизира вечната потрага по љубов и родителска грижа потомството да има
среќен живот. Утврдено е и местото и статусот на македонската жена и нејзината
борба за еманципација и просперитет.
8. Определи кои се битови ,а кои социјални елементи во романот?

– Битови елементи во романот се: обичаите од селското секојдневние, како што се


раѓањето на детето, наречниците, свадби, магиите, откупот на невестата, народните
мудрости и клетви и слично, освен обичаите претставена е и питомоста и дивоста на
еден крај, фолклорните и етнографските обележја и друго.
– Социјални елементи се: обесправеноста и експолотацијата на селаните, немирните
години на илиденскиот период, општествениот живот, социјалната, културната и
политичката средина на крајот на 19 и почетокот на 20 век, претставено е ширењето на
пропагандите, борбата за превласт, омразата, повлеченоста, заостанетоста и др.

Каролина Мицева III-8

You might also like