You are on page 1of 1

Тема: Стилистика Македонски јазик и литература

Разговорен функционален стил

1. Сите што зборуваат на јазикот што го научиле како мали го владеат разговорниот
функционален стил.
- овој стил е присутен онаму каде што постои неслужбено општење: дома, на јавни
места, на училиште кога не сме на час итн.;
- го употребуваме во комуникацијата со другарите, родителите, со непознати;
- преовладува говорената форма на јазикот, а пишуваната форма ја среќаваме во
приватни писма, смс-пораки, контактите на социјалните мрежи.
2. Особености на разговорниот функционален стил:
- соговорникот е физички присутен или, ако се работи за комуникација на далечина, тој
е присутен во мислите на соговорникот;
- некои работи не се кажуваат зашто се јасни од контекстот (пр. Каде? Дома.);
- доаѓа до израз односот меѓу соговорниците (симпатија, потсмев, презир, надмоќ,
љубов);
- исказот се оформува во текот на општењето, тој е спонтан и неподготвен поради
непредвидливоста на одговорите на соговорниците;
- се употребуваат зборови со кои се предизвикува хумор, иронија, сатира и сл.;
- овој стил иако претставува форма на неслужбено општење сепак има свои правила,
а најдобар судија за тоа е соговорникот;
3. Јазични особености на разговорниот функционален стил:
- губење на гласовите ( мо‘еш, ќ‘идеме);
- интонацијата игра важна улога и може да придонесе за различни значења на еден
ист исказ;
- преовладуваат неутрални зборови од секојдневниот живот, како и нестандардни
зборови за кои има соодветни во стандардниот јазик (муабет, сабајле);
- ги среќаваме суфиксите –џија и –ара кои се неправилни за стандардниот јазик
(муфтеџија; сендвичара, пекара, месара);
- скратувања ( матурска /вечер), Доаѓа хемија /професорот по хемија.);
- нестандардни множински форми (цедиња);
- еднина за форми што се множински (фармерка, чорапа);
- глаголска именка наместо глаголски прирок (Качување на клупата и викање на цел
глас.);
- употреба на конструкцијата: Ќе се разбереме ние со тебе, наместо: Ќе се разберам
јас со тебе.;
- употреба на етички датив ( Ќе ми дојдеш ли на роденден? Како си ми?);
- удвојување на информацијата за присвојност (Мајка ми моја не ме пушта да
излезам.);
- двојна определеност кај показните заменки (Овa кошаркариве ептен не израдуваа.);
- употреба на нестандардни сврзници (али, пошто, чим, така да);
- удвојување на сврзниците (но меѓутоа, а додека);
- чести се извичните реченици ( Колку си паметен!) и конструкциите од типот: Да сакам
не сакам, ама ќе одам. Како што беше занесен, се удри во првото дрво.).

You might also like