You are on page 1of 7

Стале Попов

TEUTA AJRULI III.16


MAKEDONSKI JAZIK
ZAKLINA SRBINOVSKA
Стале
Попов
Биографија

• Роден е на 25 мај 1902 година во малото село Мелница, Мариово, како трето од петте деца на
манастирскиот слуга Илија Сталев. Набргу умрела мајка му Неда (1908) и малиот Стале
останал на товар на татко му и не многу постарите деца - сестрата Трна и братот Ѓуро, а во
меѓувреме умреле и двете деца помали од него. Татко му кој цели 18 години бил манастирски
слуга, станал поп во Витолиште и заедно со децата се преселил во ова најголемо и централно
мариовско село. Тука Стале го минал детството, годините исполнети со тежок живот и многу
мечти за поубава иднина. Помагал во домашните работи, одел по дрва во блиските планини, а
во слободното време со другарите ловел риби во блиските реки. Тука го започнал
образованието кај учителот Бино, кого подоцна често ќе го споменува во неговите дела. На 14
годишна возраст Стале Попов за првпат го напуштил Мариово и дошол во Прилеп, а потоа се
вработил во Плетвар. Во Балканските војни додека вујко му Јован Ѓуров бил кмет во
Витолиште, малиот Стале бил помошник писар. Иако поради војните го прекинал школувањето
во него не згаснала желбата за образование.
• Неговите стари, по традиција, биле земјоделци,
но меѓу нив имало и школувани. Уште како дете
бил сведок на тешкиот живот на своите
соселани, кои живееле ропски живот под
турските аги и бегови како обесправена раја.
Неговите биле малку поимотни и културно
поиздигнати, зашто од нив имало и свештеници.
Основно образование завршил во селото 
Витолиште (Мариовско). Започнал да учи 
гимназија во Прилеп, а завршил богословија во 
Битола и Теолошки факултет во Белград. Сепак,
тој никогаш не се запопил, а пред 
Втората светска војна работел како земјоделец, 
дрвар, овчар, трговец, бакал, службеник во
тогашната Народна скупштина, општински
чиновник, шумар, тутунски работник.
• По завршувањето на училиштето и отслужувањето на воениот рок се вработил во
општината во Битола, а потоа и како писар во Духовниот суд во овој град со
надеж да се запопи и да го замени татка си на парохијата. Но набргу умрела жена
му и тој во два месеца службување ја напуштил Битола и се вратил во родниот
крај да се грижи за своите мали деца. Но, немирен дух во 1930 година пак го
напуштил Мариово и се п..реселил во Прилеп каде што се вработил во Пореската
управа. И оттука бил отпуштен и кон крајот на оваа година бил преместен во 
Лесковац каде што работел како полициски писар. Потоа минал во Крушевац, од
каде пак се вратил во Битола за, гонет од власта да ја напушти Македонија и да
замине во Белград каде што се вработил како висок службеник во Општото
одделение на Собранието на Кралството Југославија. Претчувствувајќи го она
што набргу ќе се случи точно на 27 март 1941 година го напуштил Белград и се
вратил во родното Мариово.
• Во текот на НОБ го помагал партизанското движење,
додека за време на бугарската окупација на 
Македонија бил интерниран во Неврокопско (
Бугарија). По ослободувањето на земјата Стале
Попов станува претседател на Околискиот народен
одбор во Прилеп, потоа работи како управник на
Шумската дирекција, за потоа, во 1948 година да се
вработи како професор по руски јазик во гимназијата
„Цветан Димов“ во Скопје. Но кога фондот на
часовите по овој предмет бил намален, Стале Попов
минал на работа во основното училиште „Браќа
Миладиновци“ каде што предавал македонски јазик,
историја, биологија и руски јазик. Од ова работно
место заминал во пензија во септември 1959 година.
По неуспешното лечење во Интерното одделение на
Градската болница во Скопје (октомври 1964) и во
Нишка Бања (јануари 1965) починал во Скопје на 
10 март 1965 година.
• Романот „Крпен живот“ е битово-социјален и семеен.
Настаните се подредени по хронолошки ред (роман-
река). Во него детаљно се опишани ентериерот и

КРПЕН ЖИВОТ екстериерот на селото Витолиште, а опфатен е


периодот од крајот на XIX и почетокот на XX век
(Илинденското востание, Првата и Втората балканска
војна и Првата светска војна).
• Раскажувањето е во трето лице од сезнаечки и
сеприсутен наратор.
• Темата на романот е животот на семејството
Сукаловци од мариовското село Витолиште, а идејата е
да се даде целосна слика на животот (обичаите,
јазикот, фолклорот) во мариовските села при крајот на
XIX и почетокот на XX век.
• Романот претставува жива енциклопедија на животот и
луѓето од Мариово и изобилува со етнографски и
фолклорни обележја, детаљно опишани и оживеани
преку ликовите, односно преку семејството Сукал

You might also like