You are on page 1of 4

Славко Јаневски

TEUTA AJRULI III.16


MAKEDONSKI JAZIK
ZAKLINA SRBINOVSKA
Славко Јаневски
• Славко Јаневски (Скопје, 11 јануари 1920 — Скопје, 
20 јануари 2000) бил истакнат македонски раскажувач,
романописец, поет, филмски сценарист, есеист и сликар. Долги
години бил член на МАНУ и 
Друштвото на писатели на Македонија. Тој припаѓа на првата
генерација македонски писатели по Втората светска војна, која
ги поставила темелите на современата македонска книжевност.
Неговиот роман „Село зад седумте јасени“ (1952) е првиот
роман објавен на стандарден македонски јазик.
• Поради својата плодна творечка кариера, Јаневски бил

Биографија
одликуван со поголем број награди и признанија, меѓу кои
наградите „АВНОЈ“, „11 октомври“ и „Браќа Миладиновци“.
Во негова чест во паркот „Жена-борец“ во Скопје е поставен
споменик изработен од академик Томе Серафимовски. Покрај
тоа, во негова чест е именувана и читална во Скопје, која била
пуштена со работа во 2013 година.
• Во 2013 година, Комисијата за лустрација на Македонија
објавила дека дошла до заклучок дека Славко Јаневски бил
соработник на југословенските тајни служби. Ова резултирало
со остри реакции и неприфаќање на одлуката од страна на 
МАНУ, ДПМ, и пошироката македонска јавност.
• Повеста „Улица“ е првото прозно дело на Славко
Јаневски. Темата е животот на група млади луѓе во
Скопје меѓу двете светски војни и дилемите на
главниот лик Јане Славковиќ, а идејата е
пронаоѓањето на вистинскиот пат во животот.
• Улица – во случајов симболизира лош пат во
животот (уличарски) иако во делото е опишана една
Улица од многуте улици во меѓувоеното Скопје.
• Настаните се предадени преку раскажувањето на
главниот лик – јас, кој е и наратор и учесник во
случките. Всушност, повеста има автобиографски
карактер во која е опишано детството и
момчештвото, едно не сосема обично детство –
детство на беспризорните, хроника на ситните
злосторства на децата оставени на улица.

You might also like