You are on page 1of 153

Луси Караниколова – Чочоровска

СРПСКА КНИЖЕВНОСТ

Штип, 2016

1
2
Луси Караниколова‒Чочоровска

СРПСКА КНИЖЕВНОСТ

3
Автор:
Проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска

СРПСКА КНИЖЕВНОСТ

Рецензенти:
Проф. д-р Виолета Димова
Проф. д-р Ранко Младеноски

Лектор:
Даниела Такева

Техничко уредување:
Делфина Јованова - Николенко

Издавач:
Универзитет „Гоце Делчев” - Штип

Печати:
Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Тираж:

CIP - Каталогизација во публикација

Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје

821.163.41"18/19"(035)

КАРАНИКОЛОВА-Чочоровска, Луси

Српска книжевност [Електронски извор] / Луси

Караниколова-Чочоровска. - Текст во PDF формат, содржи 154 стр.. -

Штип : Универзитет "Гоце Делчев", Филолошки факултет, 2016

Начин на пристап (URL): https://e-lib.ugd.edu.mk/naslovna.php. -

Наслов преземен од екранот. - Опис на изворот на ден 23.03.2016. -

Биографски податоци: стр. 151. - Библиографија: стр. 149-150

ISBN 978-608-244-296-9

I. Чочоровска, Луси Караниколова- види Караниколова-Чочоровска,

Луси

а) Српска книжевност - 19-20 в. - Прирачници

COBISS.MK-ID 100803338

4
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ

Проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска

СРПСКА КНИЖЕВНОСТ

Штип, 2016

5
ПРЕДГОВОР

Универзитетскиот учебник по Српска книжевност е наменет за студентите што


го слушаат предметот Српска книжевност во петтиот семестар на Катедрата за
македонски јазик и литература, наставна насока, на Филолошкиот факултет при
Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Учебникот брои вкупно 153 страници, А4 формат и содржи вкупно 44 поглавја.
Работен e според акредитираната предметната програма по предметот Српска
книжевност, кој, периодизациски го изучува српскиот литературен 19-ти век и речиси
целата прва половина од 20-от. Тоа поточно значи дека во овој учебник (и во овој
предмет) се изучува т.н. Нова и современа српска книжевност, заклучно со Иво
Андриќ.
Учебникот по српска книжевност е работен амбициозно, што може да се види
од бројот на заглавијата – вкупно 44. Мораме да споменеме и едновремено да
потврдиме дека, иако на прв поглед се чини обемно за еден семестар, сепак тоа е и
остварливо, што го потврдивме и во зимскиот семестар на академската 2015/2016-та
година со студентите од генерацијата 2013/2014-та година. Имено, нашата цел како
автор на овој учебник и пред сѐ како професор по јужнословенски книжевности е, да
се покрие што поголем период од српската книжевност, за студентите да имаат увид
во позначајните содржини и подрачја. Заедно со ова, даваме до знаење дека не сите
предметни содржини се обработуваат темелно, се разбира заради основната причина
– немањето време. Но, затоа пак, позначајните автори, ако можеме така да ги
наречеме од калибарот на еден Доситеј Обрадовиќ, Вук Караџиќ, Петар Петровиќ
Његош, Јован Јовановиќ – Змај, Десанка Максимовиќ, Иво Андриќ и други, се
покриваат во целост и секако, темелно се изучуваат. Помалите, ќе си дозволиме така
да ги наречеме литературни периоди во српската книжевност во периодот од речиси
едно и пол столетие, колку што и опфаќа овој учебник, како и некои „помалку“
значајни автори (иако такви нема) се изучуваат во преглед.
Како и да е, релативно обемната наставна програма и содржина на учебникот
по српска книжевност се покажа функционална и применлива во наставата и, во секој
случај добредојдена, зашто подобро е да се има повеќе, за да се има увид и да се
научи и знае.
Во овој наш Предговор чувствуваме потреба да потенцираме дека, во својот
поголем дел, учебникот по српска книжевност е концепциски работен според
знаменитета Историја на српската книжевност (1990) на многузначајниот српски
книжевен историчар и критичар Јован Деретиќ. Фактот пак, што на самите страници на
учебникот не се наведени фусноти, го оправдуваме со нашата повеќегодишна
наставна практика (вкупно 18 години, од кои последните 6 исклучиво јужнословенски
книжевности), така што речиси целиот материјал од учебникот се „наши зборови“ од
наши предавања и вежби. Секако дека при тоа е користена обемна соодветна
литература, што е наведена на крајот од учебникот.
Почетоците на српската книжевност и Захарије Орфелин со неговата
знамените песна „Плач Сербии“ е првото поглавје во овој учебник.
Следува темелниот пристап кон дејноста и значењето на Доситеј Обрадовиќ,
кој се изучува со анализа на неговите „Живот и приклученија“, како познатотот негово
програмско писмо што станува Манифест на српското просветителство „Писмо до
љубезниот Харалампие“.
Увидот во српската класицистичка поезија се изучува во преглед, при што
посебен акцент се става на дејноста на Лукијан Мушицки.
Следува обемниот и темелен пристап кон вкупната лингвистичка,
фолклористичка и народносна дејност на Вук Стефановиќ Караџиќ, кој на српската
книжевност ќе и’ додели национален, односно народносен белег.

6
Хронолошки, следува изучувањето на учителот на Његош и на многумина
знаменити Срби од 19-от век, немпераментиот и непредвидлив Сима Милутиновиќ
Сарајлија со увид и анализа на неговите најзначајни „Видински песни“.
Јован Стерија Поповиќ, основоположникот на српската драма и театар се
изучува со неговата комедија „Надуена црпка“.
Петар Петровиќ Његош се изучува темелно, со увид во севкупното негово
творештво, а студентите посебно ја изучуваат неговата епска поема во драмска
форма „Горски венец“.
Почетоците на романтизмот во српската книжевност се поврзани со појавата на
поетското дело на Бранко Радичевиќ, кој во нашиот учебник и предметната програма
по Српска книжевност се изучува со неговите знаменити подолги песни „Ученичка
разделба“ (Ѓачки растанак) и „Тага и предупредување“ (Туга и опомена).
Следуваат претставниците на т.н. во српската книжевна историја – романтизам
на младинското доба: Јован Јовановиќ Змај, Ѓура Јакшиќ и Лаза Костиќ: првиот со
анализа на песни од неговите „Трендафилчиња“ и „Свенати трендафилчиња“, вториот
со анализа на песните од циклусите за карпата и мракот, а третиот со прекрасната
подолга песна „Santa Maria della Salute“.
Јаков Игњатовиќ се изучува во преглед.
Теоретичарот на српскиот реализам пак, Светозар Марковиќ се изучува со
анализа на двете негови статии „Пеење и мислење“ и „Реалност во поезијата“, кои
претставуваат своевиден манифест на оваа книжевна школа во српската литература
од 19-от век.
Милован Глишиќ, основоположникот на српскиот т.н. „селски“ расказ го
изучуваме со неговиот антологиски расказ „Прва бразда“.
Лаза Лазаревиќ пак, се изучува со севкупното негово раскажувачко творештво,
но со посебен осврт на расказот „Сето тоа народот ќе го позлати“.
Радое Домановиќ се изучува со неговата политичка сатира „Мртво море“.
Реалистот Светолик Ранковиќ пак, се изучува со анализа на романот „Горски
цар“.
Драматургот и театрологот Бранислав Нушиќ се изучува со анализа на
неговата комедија „Сомнително лице“.
Претставникот на т.н. лирски реализам Петар Кочиќ го изучуваме со неговата
знамените политичка сатира „Јазовецот пред суд“.
Борисав Станковиќ, познатиот лирски раскажувач од Ниш го изучуваме со
целото негово романсиерско и раскажувачко творештво, а со поебен акцент на
расказот „Жената на покојникот“.
Во преглед, се изучуваат претставниците на српската модерна Јован Душиќ,
Милан Ракиќ и Владислав Петковиќ – Дис.
Во преглед, исто така, се изучува претставничката на т.н. постреалистичка
проза Исидора Секулиќ.
Ист третман има и Милош Црњански, така што се прави осврт на неговиот
роман „Селидби“.
Десанка Максимовиќ пак, како претставничка на т.н. во српската книжевна
периодизација традиционална литература ја изучуваме со антологиската песна
„Крвава Бајка“.
И, Иво Андриќ, нобеловецот кој во својот богат книжевен опус прави синтеза
меѓу традиционалното и модерното го изучуваме преку преглед на севкупната негова
дејност и посебен осврт на расказот „Елена, жена што ја нема“.

На крајот од учебникот даден е список на користена литература и кратки


биографски податоци за авторот.

Штип,
Февруари, 2015 Проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска

7
СОДРЖИНА

ПРЕДГОВОР ....................................................................................................................... 6
ПРЕДМЕТНА ПРОГРАМА ПО ПРЕДМЕТОТ СРПСКА КНИЖЕВНОСТ ......................... 10
ПОЧЕТОЦИТЕ НА НОВАТА СРПСКА КНИЖЕВНОСТ-ИСТОРИСКИ И КУЛТУРНИ
ПРИЛИКИ .......................................................................................................................... 12
1. ОД СТАРАТА КОН НОВАТА КНИЖЕВНОСТ (=БАРОКНИ ТЕНДЕНЦИИ) ................ 12
1.1. Последниот процут на старата книжевност........................................................ 12
1.2. Рускословенски период ....................................................................................... 14
2. ЗАХАРИЈ СТЕФАНОВИЌ ОРФЕЛИН(1726-1785) ....................................................... 16
2.1. Првиот српски весник .......................................................................................... 18
2.2. Славеносербски магазин ..................................................................................... 18
3. ПРОСВЕТИТЕЛСТВОТО И ПОЧЕТОЦИТЕ НА НОВАТА СРПСКА НИЖЕВНОСТ 22
4. ДОСИТЕЈ ОБРАДОВИЌ (1739-1811) ........................................................................... 23
4.1. Книжевноста во времето на Доситеј Обрадовиќ ................................................ 27
4.2. Сентименталистичката и класицистичката поезија ........................................... 29
5. ЛУКИЈАН МУШИЦКИ (1777-1837) ............................................................................... 30
6. ПРЕДРОМАНТИЗАМ .................................................................................................... 34
6.1. Книжевноста во времето на Вук Караџиќ ........................................................... 34
7. ВУК СТЕФАНОВИЌ КАРАЏИЌ (1787-1864)................................................................. 36
8. СИМА МИЛУТИНОВИЌ САРАЈЛИЈА (1791-1847) ...................................................... 42
8.1. Животот на Сарајлија .......................................................................................... 43
8.2. Книжевната дејност на Сарајлија........................................................................ 44
8.3. Сарајлија во Црна Гора ....................................................................................... 45
9. ОД КЛАСИЦИЗАМ КОН РОМАНТИЗАМ ..................................................................... 47
10. ЈОВАН СТЕРИЈА ПОПОВИЌ (1806-1856) ................................................................. 48
11. ПЕТАР ПЕТРОВИЌ ЊЕГОШ (1813-1851) .................................................................. 51
12. РОМАНТИЗАМ ............................................................................................................ 57
12.1. Романтизмот од 40-тите години ........................................................................ 58
13. БРАНКО РАДИЧЕВИЌ (1824-1853)........................................................................... 59
14. РОМАНТИЗМОТ НА МЛАДИНСКОТО ДОБА ........................................................... 62
15. ЈОВАН ЈОВАНОВИЌ ЗМАЈ (1833-1904) ................................................................... 64
16. ЃУРА ЈАКШИЌ (1832-1878) ........................................................................................ 68
17. ЛАЗА КОСТИЌ (1841-1910) ........................................................................................ 71
18. РЕАЛИЗАМ .................................................................................................................. 75
18.1. Раниот реализам................................................................................................ 75
19. ЈАКОВ ИГЊАТОВИЌ (1822-1889) ............................................................................. 76

8
20. СТЕФАН МИТРОВ ЉУБИША (1810-1878) ................................................................ 79
21. СВЕТОЗАР МАРКОВИЌ (1846-1875) ......................................................................... 81
21.1. „Пеење и мислење“ ............................................................................................ 82
22. МИЛОВАН ГЛИШИЌ (1847-1908) ............................................................................... 85
23. ЛАЗА ЛАЗАРЕВИЌ (1851-1891) ................................................................................ 88
24. ЈАНКО ВЕСЕЛИНОВИЌ (1862-1905) ......................................................................... 92
25. СВЕТОЛИК РАНКОВИЌ (1863-1899) ......................................................................... 94
26. РАДОЈЕ ДОМАНОВИЌ (1973-1908) ........................................................................... 96
27. СИМО МАТАВУЉ (1852-1908) ................................................................................... 99
28. СТЕВАН СРЕМАЦ (1855-1906) ................................................................................ 102
29. ВОИСЛАВ ИЛИЌ (1862-1894) ................................................................................... 105
30. БРАНИСЛАВ НУШИЌ (1864-1938) ........................................................................... 108
31. СРПСКАТА КНИЖЕВНА КРИТИКА ......................................................................... 112
32. МОДЕРНА.................................................................................................................. 113
32.1. Хегемонијата на критката ................................................................................ 113
32.2. Парнасо-симболистичка поезија ..................................................................... 113
33. АЛЕКСА ШАНТИЌ (1868-1924) ................................................................................ 115
34. ЈОВАН ДУЧИЌ (1974-1943) ...................................................................................... 117
35. МИЛАН РАКИЌ (1876-1938)...................................................................................... 119
36. СИМА ПАНДУРОВИЌ (1883-1960) ........................................................................... 121
37. ВЛАДИСЛАВ ПЕТКОВИЌ-ДИС (1880-1917) ............................................................ 123
38. ПЕТАР КОЧИЌ (1877-1916) ...................................................................................... 126
38.1. Лирски реализам .............................................................................................. 126
39. БОРИСАВ СТАНКОВИЌ (1876-1927) ....................................................................... 128
40. ИСИДОРА СЕКУЛИЌ (1877-1958) ............................................................................ 131
40.1. Постреалистичката проза ................................................................................ 131
41. АВАНГАРДА ............................................................................................................. 134
41.1. Експресионизам ............................................................................................... 135
42. МИЛОШ ЦРЊАНСКИ (1893-1977) ........................................................................... 137
43. НАДРЕАЛИЗАМ ........................................................................................................ 140
43.1. Новиот реализам ............................................................................................. 141
43.2. Социјалната литература и формирањето на книжевната левица ................ 141
44. ДЕСАНКА МАКСИМОВИЌ (1898-1993).................................................................... 143
44.1. Традиционалната литература ......................................................................... 143
45. ИВО АНДРИЌ (1892-1975) ........................................................................................ 146
ЛИТЕРАТУРА .................................................................................................................. 150
БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ ........................................................................................... 151

9
ПРЕДМЕТНА ПРОГРАМА ПО ПРЕДМЕТОТ СРПСКА КНИЖЕВНОСТ

1. Наслов на наставниот предмет Српска книжевност


2. Код
3. Студиска програма Македонски јазик и книжевност
4. Организатор на студиската Филолошки факултет
програма (единица, односно Катедра за македонски јазик и книжевност
институт, катедра, оддел) Наставна насока
5. Степен (прв, втор, трет циклус) прв
6. Академска година / семестар 5-ти семестар 7. Број на ЕКТС 8
кредити
8. Наставник Проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска
9. Предуслови за запишување на Нема
предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):
Студентите да стекнат знаења од областа на новата и современата српска
книжевност и да се оспособат за примена на теоретските сознанија врз
конкретен материјал:
1. Способност за препознавање и разликување на текстовите од епохата
на просветителството, рускословенскиот период, потоа
карактеристиките на српскиот преромантизам, романтизмот,
романтизмот на младинскиот период, реализмот, т.н. психолошки
реализам и модерната.
2. Способност за интерпретација на спецификите на српската литература
од 19-от и почетокот на 20-от век врз конкретните текстови-поезија,
кратка проза, роман и драма.

11. Содржина на предметната програма:

-Почетоците на српската национална литература – од средновековието кон 19-


от век
-Захарије Орфелин, „Плач Сербии“
-Доситеј Обрадовиќ, „Писмо до љубезниот Харалампие“
-Лукијан Мушицки – преглед на поезијата со класицистички белези
-Вук Караџиќ, филолошка и фолклористичка дејност
-Сима Милутиновиќ Сарајлија, „Видинске песме“
-Јован Стерија Поповиќ, „Надуена црпка“
-Петар Петровиќ-Његош, „Горски венец“
-Бранко Радичевиќ, поезија („Ѓачки растанак“ и „Туга и попомена“)
-Јован Јовановиќ-Змај, („Ѓуличи“ и „Ѓуличи увеоци“)
-Ѓура Јакшиќ – поезија, избор;
-Лаза Костиќ, „Santa Maria della Salute“
-Јаков Игњатовиќ
-Светозар Марковиќ („Пеење и мислење“ и „Реалност во поезијата’
-Милован Глишиќ („Прва бразда“)
-Лаза Лазаревиќ“ („Сето тоа народот ќе го позлати“)
-Радоје Домановиќ („Мртво море“)
-Светолик Ранковиќ („Горски цар“)
-Стеван Сремац („Зона Замфирова“)
-Бранислав Нушиќ („Сомнително лице“)
-Петар Кочиќ („Јазовецот пред суд“)

10
--Во преглед: Јован Дучиќ, Милан Ракиќ, Владислав Петковиќ Дис)
- Бора Станковиќ („Свената роза“, „Жената на покојникот“, „Нечиста крв“)
-Во преглед: Милош Црњански („Селидби“)

-Во преглед: Исидора Секулиќ - есеи


-Десанка Максимовиќ („Крвава бајка“)
-Иво Андриќ („Елена жена што ја нема“)

11
ПОЧЕТОЦИТЕ НА НОВАТА СРПСКА КНИЖЕВНОСТ-ИСТОРИСКИ И КУЛТУРНИ
ПРИЛИКИ

1. ОД СТАРАТА КОН НОВАТА КНИЖЕВНОСТ (=БАРОКНИ ТЕНДЕНЦИИ)

Пресврт со големи последици во српската книжевност настапил со големата


селидба во 1690-та, кога голем дел од народот, на чело со патријархот Арсениј III
Чарнојевиќ, побегнал од Турција (поробената српска територија од Османлиите) и се
населил на подрачјето на тогашна Унгарија. Со таа и со другата селидба (1739)
српското живеење на север од Сава и Дунав било зајакнато, додека пак пространите,
делумно запустени подрачја на Србија биле населени од жителите на јужните,
бродски краишта, Косово и Метохија-со албански племиња, а Шумадија и Западна
Србија-со Срби од Херцеговина, Босна и Црна Гора. По таков начин, геополитичката
слика на стариот српски народ уште еднаш била битно изменета, можеби дури и
попресудно отколку во периодот на османлиските освојувања.
Иако поголемиот дел од српскиот народ останал под Турција (османлиска),
главното упориште на српскиот национално-верски, политички и културен живот се
наоѓал на север, во српските населби во Унгарија. Како војнички народ кој ќе одигра
значајна улога во сите австриски војни, Србите стекнале посебна положба во
Хабзбуршката монархија, правно втемелена на т.н. царски привилегии, кои им биле
дадени во периодот на селидбите.
Од Турција ја пренеле својата национално-црковна организација, во чии рамки,
и наспроти надворешните притисоци, во прво време, ќе тече целокупниот политички и
културен живот на народот.
Во новите прилики, книжевноста оживеала. Биле отворени можностите за
подлабока културна преобразба на српското општество, за создавање нова, световна,
граѓанска култура, според западноевропски модел.
Таквата тенденција ќе победи дури во последните децении на 18-от век, со
Доситеј Обрадовиќ.
Во книжевното создавање од големата селидба до Доситеј, се мешаат
елементите на старото и новото, духовното и световното, средновековното и
нововековното, црковното и граѓанското.
Тој бил типично преоден период во кој јасно се диференцирале два
подпериода: во првиот се продолжува традицијата на старата книжевност, а во
вториот се прифаќаат помодерните, рускословенски модели.

1.1. Последниот процут на старата книжевност

После големите селидби, во последните децении на 17 и почетокот на 18 век,


старата српскакнижевност ја доживеала својата последна обнова, после која ќе згасне
неповратно. Биле продолжени, пред сѐ, страдициите на Пеќката патријаршија* Биле
негувани старите жанрови: житијата, црковните песни, беседите, хрониките, описите
на патувањата во „светата земја“. Поетиката била традиционална, византиска,
црковнословенска, но и со некои иновации. Кај некои писатели се забележувало

12
влијанието на руско-украинската барокна книжевност. Новините биле забележителни и
во јазикот. Освен традиционалното, српскословенско, што преовладувало, се негувал
и народниот јазик, а со него и преку него стихијата на усното творештво ја
заплиснувало книжевноста.
Како и во претходните епохи, средишниот интерес во книжевноста го заземаат
историографските текстови. Поттик за да се занимаваат со историја дале крупните
настани од крајот на 17 и почетокот на 18 век, кога српскиот народ, иако збунето,
сепак, почнал да влегува во модерната историја. Меѓу историските писатели се
идвојува Ѓорѓе Бранковиќ (1645-1711), истакната политичка личност од тој период, т.н.
гроф на „Светото римско царство“. Себесе се сметал за потомок на старите српски
деспоти и имал планови дека, со помош на Австрија ќе создаде големо „илирско“
царство. Својата обемна историја на српскиот нарос, под наслов „Славеносербске
хронике“ ја напишал како затвореник во Виена и во Хеб, во Чешка, со тежнеење да ја
докаже оправданоста на своите политички претензии. Делото почнува како и
средновековните хроники, од создавањето на светот, а завршува со изнесувањето на
современите настани во кои и самиот автор бил учесник. Бранковиќ бил учен човек,
знаел многу јазици, во пишувањето користел и домашни и странски извори, но
пишувал со необичен, речиси неразбирлив јазик, кој не го употребувал никој пред него
ниту пак после него. И покрај неразбирливоста, таа книга извршила големо влијание
на развојот на историографијата и политичката мисла кај Србите.
Меѓу книжевните работници на оваа епоха, се издвојува една група писатели
познати под името Рачани. Тие дејствуваат во последните дцении на 17 и почетокот
на 18 век, најнапред во манастирот Рача на Дрина, а после големата селидба и на
Фрушка Гора, каде што го добиле манастирот Беочин, а потоа и во Сент-Андреја (мало
место во близината на Будимпешта) и во други српски населби на север.
По сѐ изгледа дека родоначалник на школата бил Кипријан, подоцна познат
како „општ духовник“ во Сент-Андреја, каде што основал и школа. Напишал „Стихиру
кнез Лазара“, која влегува во составот на „Србљака“. Друг истакната Рачанин бил
Јеротеј, кој го напишал првиот српски патопис. „Путашаствије ка гради Јерусалиму“
(1721), бил интересен според фолклорните легенди од српските краишта, според
патувачките згоди и незгоди и, особено според народниот јазик на кој бил напишан.
Последен и најзначаен меѓу Рачаните бил Гаврил Стефановиќ Венцловиќ, кој
како проповедник и писателработел во првата половина на 18-от век, во северните
српски населби во Унгарија, во Коморан, во Ѓура и Сент-Андреја, каде што, по сѐ
изгледа и најдолго престојувал. Во записите од тој период, неговото име за првпат се
појавува во 1711-та година, а последен во 1847-та, кога и бил веќе во длабока старост.
Венцловиќ оставил зад себе 20-тина ракописни зборници, од кои половината се на
српскословенски а половината на народен српски јазик. Зборниците на народен јазик
настанале во периодот од 1732-1746 и содржат преводи од познати беседници на
источната црква, од Јован Златоуст, па до руските и украинските проповедници од 18-
от век, потоа и житија и други наративни состави.
Својата определба за народниот јазик, Венцловиќ, слично како и Доситеј
подоцна, ја образложил просветителски: дека тој пишува на „српскопрост“ јазик“ - „во
служба на селската книжевност“. Неговиот народне јазик е рабирлив, подеднакво
подобен да изрази конкретни предмети и апстрактни содржини. Како ниту еден друг
писател пред него, Венцловиќ навлегувал во сетилното, материјалното, се занимавал
со прашања од практичниот живот, а со своите необразовани слушатели комуницира
на јазик и со стил кој ним им е близок. Од друга страна, кај него се сретнува сосема
спротивно тежнеење. Навлегувањето во спиритуалното, метафизичкото, описите на
природните појави историските и космичките визии, чиј израз тежнее кон свеченост,
реторичност и ритмички и поетски богато украсен говор. Освен средновековната
традиција кај него се забележува влијанието на силата на барокната омилитика, која
се согледува во тежнеењето кон сетилна конкретизација на апстрактното, во
натрупување зборови со исто или слично значење, во обединувањето на
спротивностите/контрастите (Discordia concors) во кои го спојува неспоивото.

13
Венцловиќ е писател со кој завршува старата српска книжевност, а можел да
биде и прв писател на новата книжевност. Неговото дело, според Стоја Новаковиќ,
покажува „како според стариот српскословенски книжевен јазик (ако немало прекини),
би се развивал српскиот народен книжевен јазик“. Заради историските околности,
творештвото на Венцловиќ останало непознато и без никакви влијанија на
натамошните текови на српската книжевност (ако им било достапно, Венцловиќ можел
да биде родоначалник на новата српска книжевност).

1.2. Рускословенски период

Во периодот кога Венцловиќ (тој е во унгарските краишта) ги составувал своите


зборници на народен јазик, во српската книжевност бил извршен пресврт со
далекусежни последици: бил напуштен стариот, српскословенски и на негово место,
во срковната служба, училишните книги, била воведена руската варијанта на
црковнословенскиот јазик, поточно рускословенскиот јазик, според називот на оваа
варијанта во науката (славистиката).
Причините за раквиот пресврт имаат свое историско објаснување.
Имено, Србите заминале од Турција сосема неподготвени за живот во една
културно развиена и спрема нив непријателски расположена средина, бие без
училишта и учители, без книги и печатници. Сите обиди на црковните челници да
основаат српска печатница наидувале на решителен отпор на државните власти. Во
такви околности, тие се свртуваат кон „едноверната“ и „еднојазичната“ Русија, со која
се одржувале културни врски о текот на целиот средновековен период, а кои уште и
зајакнале во периодот на османлиското владеење.
Првото регуларно училиште кај Србите ќе го основаат руските учители Максим
Суворов во 1727-та и Емануел Козачински, со група студенти од Киевската духовна
академија. По нивен углед, ќе се основаат и други руски школи сѐ до 70-тите години на
18-от век. Во тие школи се учело од руски учебнци и на рускословенски јазик. Тој јазик
во практичната употреба се мешал со елементите на народниот српски говор,
постепеносе србизирал, како резултат на што бил сздаден т.н. српскословенски јазик,
кој меѓутоа, сѐ до времето на Доситеј ги сочувал исклучителните, типични руски
белези. Покрај руско-словенскиот, во поретки случаи, бил употребуван народниот
јазик.
Руското влијание било доминантно и во книжевноста и во другите области на
културниот и верскиот живот. Схоластичката гимназија на Емануел Козачински во
Сремски Карловци било првото жариште на рускословенската книжевност. Од неа
произлегле неколку пригодни песни и првата српска драма „Трагикомедијата за царот
Урош“ на Емануел Козачински, пишувана во 13-терец, по урнек на језуитските
бароктни моралитети, одамна одомаќинети во Русија, која пак била изведена на
училишна свеченост во 1734-та. Нејзината тема не била само судбината на
последниот српски цар туку и целокупната српска историја од првите Немањиќи до
основањето на карловачкото училипте. Основната поента на дрмата е
просветителска: само училиштето и науката, а не воените успеси, можат на Србите да
и ја вратат некогашната слава.
За разлика од старата книжевност, во која стихот бил мошне ретка појава, во
книжевноста на рускословенскиот период, поезијата заземала мошне важно
место.Обично се нарекува учена или школска поезија, а во потоа и барокна поезија.
Оваа поезија се развила исклучиво под влијание на руската и украинската
поезија на 18-от век. Преку неа, во српската книжевност дошол нејзиниот главен стих,
13-терецот, како и специфичниот начин на презентирање на поезијата. Песните биле
украсувани со орнаменти (барокна карактеристика), гравури, стиховите се изделувале
во посебни графички целини, а поезијата се здружувала со сликарството.

14
Постоел и друг вид песни, песни за пеење, кантови, во кои се сменуваат
стихови со различна должина. Темата и на едните и на другите е најчесто пригодна, а
стилот, реторско-панегиричен. Чести биле и пофалните песни во слава на истакнати
личности, потоа и песни со религиозно-морални теми, но најголемо значење имаат
родољубивите песни. Тие се одликуваат со силно историско чувство и политичка
тенденциозност.
Српските поети сакале да покажат дека српскиот народ не е без историја, дека
некогаш постоело моќно српско царство, чиј легитимен наследник е српската црква.

Една од најзначајните српски книги од тој период е СТЕМАТОГРАФИЈАТА на


Христифор Жефаровиќ (1741), зборник со грбови, објаснети со стихови, и дополнети
со збирка портрети на српските владетели и две подолги пофални песни, произлезени
од таквото расположение.
Најзначајни српски писатели од рускословенската епоха се ЈОВАН РАЈИЌ и
ЗАХАРИЈ ОРФЕЛИН. Иако биле современици, родени дури во иста година, тие
двајцата се писатели со различни идеолошки и книжевни ориентации.

ЈОВАН РАЈИЌ (1726-1801), ученик на Киевската духовна академија, теолог по


образование, од 1772-та и калуѓер и архимандрит во манастирот Ковиљ, напишал
повеќе текстови со теолошки, историографски и книжевен карактер, меѓу кои се
издвојуваат религиозно-моралниот „Кант о воспоминанију смрти“, алегориско-
историски еп на народен јазик „Бог змаја са орловима“ (1891), збирката со морални
приказни „Цветник“, преведена од германски, потоа, преработката на драмата на
Козачински за Урош V и монументалната „ИСТОРИЈА РАЗНИХ СЛОВЕНСКИХ
НАРОДА, НАЈПАЧЕ БОЛГАР, ХРВАТОВИ И СЕРБОВ“ (завршена во 1768, а објавена
во 4 тома во периодот 1794/1795).
Како историчар, Рајиќ бил најпознат претставник на српската историографија на
18 век, која меѓу Бранковиќ и Рајиќ, опфаќа уште неколку значајни имиња (Павле
Јулинац, Василије Петровиќ, Симеон Кончаревиќ, Симеон Пишчевиќ и др.). Рајиќ се
служел со разни домашни и странски извори, а главно се потпирал на Хрониките на
Бранковиќ. Целта на неговите дела е родољубива и просветителска. Тој ги слави
успесите на српските владетели во процесот на управувањето на државата, во
војните, а ги критикува заради недоволната грижа за школите и науката. Смета дека
сите несреќи на народот имаат два извора-неслогата и непросветеноста. Иако
некритична според методот уште и пишувана на непристапниот црковнословенски
јазик, Историјата на Рајиќ е значајна и за книжевноста, за нејзината тематска
ориентација спрема минатото, но и за обликување на националната свест кај Србите.

15
2. ЗАХАРИЈ СТЕФАНОВИЌ ОРФЕЛИН (1726-1785)

Името на Захарие Орфелин се врзува со почетоците на новата српска


книжевност. Захарие дејствувал пред Доситеј Обрадовиќ. Захарие е роден 1726
година во градот Вуковар. Вуковар е град кој се наоѓа на територијата на денешна
Хрватска, поточно на устието на реката Дунав. Првичното презиме на Захарие било
Стефановиќ, но подоцна тој го менува своето презиме во Орфелин. Се смета дека
најверојатно инспирацијата за неговото презиме ја добил со спојувањето на античките
митолошки имиња Орфеј и Лин. Промената на презимето ја направил најверојатно за
да го прекрие својот живот и дело, како и да му даде одредена мистичност. Во врска
со неговото презиме постои и друга претпоставка дека тоа потекнува од францускиот
збор orphelin, што означува сираче, но и од името на францускиот медалист Орфелин,
кој потекнува од седумнаесетиот век. Неговото прво презиме Захарие никаде не го
употребувал, како и познат е податокот дека ова презиме не настанало по името на
неговиот татко.
За образованието на Орфелиј нема никакви податоци. Тој самиот тврдел дека
е самоук. Ова е тешко да се поверува бидејќи Орфелиј бил сестрана личност и имал
големи познавања од повеќе области како на пример: лексиката, историјата, пишувал
песни, а исто така и сликал. Но, тоа не било се, тој знаел повеќе јазици, како: рускиот,
латинскиот, германскиот и францускиот. Исто така, тој бил учител и службеник,
натуралист и графичар, винар и преведувач, уредник и издавач, полемичар и патник,
но и многу повеќе од тоа. Исто така не постои област од науката во текот на времето
за која тој не би се заинтересирал. Па така, благодарение на овие познавања тој
наоѓал мошне популарен начин за да ги заинтересира своите читатели. Па според ова,
Орфелиј е една од најнеобичните и најинтересната личност од српската книжевност.

16
Орфелин бил голем вљубеник во книгите и поседувал сопствена библиотека,
која изобилувала со повеќе од 200 книги. Ова всушност, претставува единствената
збирка на неговите работи, која е сочувана и до ден денес.
Тој во младоста учителствувал. Својата книжевна и уметничка активност ја
започнува во 1757 година, откако го завршил учителското работење на книгата
напишана со раскошен ракопис “Поздрав на Мојсеј патникот”. Книгата ја испишал
калиграфски, ја украсил со портрети, цртежи и винети, дури и со ноти ја прибележувал
мелодијата на поединечни песни.
Истата година (1757) го назначуваат за канцелар во служба на митрополитот
Павле Ненадович. Потоа одреден период поминал во службеничка служба во
Темишвар (Унгарија) кај владиката Вичентја Јовановиќ, а одреден период минува во
различни манастири. Тогаш во сремски Карловац, тогашен центар на српската
политика и на духовниот живот Орфелин носи машина за печатење и започнува со
печатење на брошури на индивидуални графички листови. Желбата за печатење книги
ќе го одведе во Венеција. Таму се предава на сликарството и резбарството. Таму во
венецијанската печатница на гркот Теодосиј, кој претходно имал набавено кирилични
букви, Захарие ќе ја објави својата песна “Горестни плач”. Оваа песна е првата
испечатена песна кај Србите. Со оваа негова постапка Захарие станува зачетник на
српската книжевна поетика. Единствениот пронајден и познат примерок од оваа песна
се наоѓал во Народната библиотека во Србија, но овој примерок ќе изгори на 6 април
1941 година при пожар во библиотеката. Под насловот “Плачот на Србија” ќе ја објави
истата песна во 1762 или 1763, но на јазик поблизок на народниот.
Песната започнува со следниве стихови:

ПЛАЧ СЕРБИЈИ
јејаже сини в различнија государства расјејали сја
Како стаде Сербија, славна и угодна,
са множеством народа бивша прође плодна,
пресилнима царева и храбри солдати,
сад у ропство другима морала се дати.
Плачући, ах, прегорко, плачем се дан и ноћ,
моју терзам утробу, јер ја нејмам помоћ:
који су ми од најпре добри друзи били,
сад су ми се велики врази појавили.

На почетокот на песната писателот ја прикажува Србија во едно светло на моќ


и слава, за да почне да ја раскажува за тажната состојба во која се наоѓала Србија во
тоа време. Носталгијата за изминатите времиња на слава е преголема и претешка.
Убавината на песната произлегува од големата изразена на контрасти и силната
емотивност и патриотизам на поетот.
Самиот наслов зборува за темата на песната и за емотивната наклонетост на
писателот. Песната е во форма на монолози, еден вид на исповед. Орфелин со помош
на алегорија ни ја претставува Србија како една измачена жена, која страдала многу,
преживеала многу маки и понижувања. Србија плаче за минатото, кога таа имала моќ,
богатство и слава.
Оваа песна е позната во две верзии и тоа словенечка и српска варијанта.
Првата верзија односно словенечката верзија била пишувана во прозен облик, на
рускословенски јазик и била наменета за образованиот слој на српското општество.
Втората верзија т. е српка верзија Орфелин ја напишал на мајчин српски јазик и оваа
верзија очигледно била пишувана за да биде разберена од сите, поточно наменета за
обичниот српски човек. Интересно е тоа што песната е пишувана по примерот на
плачот на пророкот Еремија, од кој е преземен не само концептот туку и цели
реченици. Стиховите се со различна должина, а во неа доминираат дванаестерец,
десеттерец одмерец и единаесетерец. Организацијата на стиховите е строфична и
астрофична.

17
Авторот добро си ја сфатил својата работа како поет на народот. Тој иако бил
приморен да ја напушти својата татковина и се преселил во друго место бил и под
притисок да се откаже од верата и јазикот. Но пронаоѓа начин, а тоа е преку својата
песна да ја искаже тажната судбина на својата татковина. Па токму и затоа песната
содржи голем број на слики, мотиви и длабоки емоции. Орфелин како поет умешно ги
меша минатото и сегашноста и прави споредба меѓу нив, која е драстично истакната.
Тој вели дека учените луѓе се “помрачиле”, се откажале од својот јазик и народ, па
дури и не се во состојба да го согледаат ропството кое како темен облак надвиснали и
го притиска српскиот народ. Поетот критикува и свои колеги кои заминале од земјата
несвесни гледајќи само за своите интереси, и ја смениле својата вера. Понатаму
зборува за повреденото достоинство и чест, немоќноста во која се наоѓа земјата.
Многу синови отишле во други земји, а со тоа ослабнува и државата а оние кои се
надвор од неа се понижувани и обесправени.

Ризи с мене њекоји моји раздераше,


и нагу ме державним на срам објавише;
себи славе тражећи, мене удручајут,
само что державније јешчем м' зашчишчајут.
Тко ми може довољно жарких суза дати
ову моју несрећу довијека плакати?
Више нејмам надежде, развје моју жалост
сам ти, вишњи, о Боже, премјени на радост!

Во последната строфа исто така можеме да го согледаме емоционалната


приврзаност на Офелин и соживеаноста, односно неговото жалење за состојбата во
која се наоѓала тогашна Србија. Тој истовремено го покажува својот песимистички став
за иднината. Вели дека повеќе нема надеж и дека единствениот кој може да ја спаси
Србија е само Господ Бог. Плачот на Србија ја буди совеста за судбината и положбата
на српскиот народ.
Животниот пат на Захарие продолжува во Венеција каде што тој работи како
редактор во Теодосиевата печатница, која во тоа време доживеала најголем процут.
Во 1767 година, Захарие издава словенски буквар, во кој можеби и ненамерно го
отвора прашањето за реформите на српскиот книжевен јазик.

2.1. Првиот српски весник

Брзајќи да на своите сонародници да им ги приближи достигнувањаната на


европскиот процвет тој во 1768 година објавува словенско – српски весник. Овој
весник бил првиот српски и јужно – словенски весник, но за жал само издал само еден
број. Весникот содржи поучни содржини, образовни статии и раскази, песна која е
првиот сонет во српската книжевност, како и епиграми и преглед на ново издадените
книги – што претставува првата критика во српската книжевност.

2.2. Славеносербски магазин

Предговорот во ова списание е првиот програмски текст во српската


книжевност. Тој се состоел од тринаесет страни. Во него Орфелин ги открива
причините за започнување, како и за уредничката програма која е всушност
долгорочен проект на културната политика, како и планирање на активностите во
голем број на области. Понатаму, јасно го нагласува национално – патриотскиот
момент и смета дека само просветените и културни народи можат да исчекорат во
историскиот развој. Во содржината на поговорот исто така, Орфелин луѓето ги учел да

18
работат во корист на образованието и науката, а не во сопствена корист. И покрај тоа,
што Орфелиј весникот го напишал на славено – српски, тој ја истакнува потребата да
се користи литературниот јазик во литературата, со што се залага за народниот јазик
како медиум за книжевните дела. Бидејќи, весникот бил без широк круг на читатели и
соработници, но и без покровители, тој претставува предвремен обид. Орфелин се
враќа во Унгарија, со цел да работи повторно во Темишвар, а потоа оди Нови сад и во
Пакрац кај Јосиф Шакабент.
Најголемото достигнување за Орфелиј во книжевноста е како поет, но и
неговата книжевно – просветителска работа е обемна и разновидна, што не е за
потценување. Тој има составено учебници, календари, списанија, дискусии и различни
научни популарни натписи. Орфелин воглавно не се потпишувал на своите дела од
свои причини, а ова се поврзува и со мистериозноста за неговото презиме и
анонимноста.
Тој твори во периодот кога српското граганско општество зајакнува, кое потоа
го покажува големиот интерес за тековните култури и другите настани во Европа. Во
Европа во осумнаесетиот век на сила било просветителството, како дидактички
правец во уметноста, по процутот на хуманистичките науки, особено филозофијата на
рационализмот и создавање на се поголем број на високо образовни установи.
Во приватниот живот Орфелин немал многу среќа бидејќи неговата сопруга Ана
починала по раѓањето на нивниот син Петар, со кого поради несогласување, Орфелин
се оддалечува од Петар. Орфелин немал многу среќа во другитеполиња на животот.
Во својата песна “Тренодија”, тој на некој начин се исповедува за несреќата на својот
живот. Вели дека откако се родил, животот му бил во беда, а помеѓу луѓето постоело
многу завист, со што се зголемувал неговиот товар.
Последните години од својот живот, тој ги поминал во сиромаштија и глад,
оставен од сите. Следува периодот кога тој го губи својот дом и фарма, односно
доживува финансиска пропаст. Потоа, одреден период живее во различни манастири.
Во 1783 година, тој добива место на коректор во печатница во Виена. Таму разгледува
планови, предлага издавање на различни речници, како на пример: српски, германски
и македонски, се залага за објавување на библијата, како и разни други потребни
книги. Захарие исто така бил член на виенската академија на уметностите. Истата
година 1783, тој ја објавува неговата книга “Вечен календар”. Вечниот календар
претставува дело кое во себе содржи цела енциклопедија на знаења од различни
науки, особено од физиката, а потоа и монографијата за Петар Велики како и работи
во областа на економијата на лозарството со серија на практични совети од областа
на медицината. Исто така, ова дело содржи илустрации во врска со темите со кои
пишува и создава композиција која е всушност неговото последно поетско дело, а тоа
е една молитва, како и состав за создавањето на светот.
Изморен од постигнатото и тешко болен, тој се враќа во својата татковина за
таму да почине. Потоа се разболел и до крајот на живото останал во светилиште на
имотот на епископот Бачки во Исалиов во близина на Нови сад. Таму на 30 јануари
1785 година Захарие Орфелин починал.
Првата биографија објавена за животот на Орфелин е во 1776 година во
лексиконот на унгарскиот учен писател Пиарист Елек Норанјиа и содржи податоци, кои
ниту еден подоцнежен извор не можел да ги демантира.
Постојат и податоци дека Захарие се занимавал и со теологија, односно ги
превел делата на познатиот руски теолог и оратор Теофан Прокопович, а познат е и
еден негов трактат против римското папство, но не бил објавен бидејќи, не можел да
помине без цензура. Орфелин преведувал и дела од германски, влашки и руски,
главно теолошки содржини. Напишал мал Катехезис – “Апостолски млеко”, кој го
составил со многу љубов за својот син.
Орфелин важи за човек кој прв ги направил чекорите кон тогашниот модерен
живот. Тој застанал на самиот почеток, а тоа ни го докажува целата негова работа и
труд, како и делата кои ги оставил. Тој ги поставил темелите на рационалистичката и
граѓанска ориентација на српската култура.

19
Попис на делата на Захарие Орфелин:

 “Kratkoje nastavlenije”, од 1757 година;


 “Ortodoks omologija ili pravoslavnoje ispovjedanije” од 1758 година;
 “Kratkoje o sedmih tajinstvah nastavlenije” од 1760 година;
 “Plač Serbiji jejaže sini v različnije gosudarstva rasjejalisja” од 1761 година;
 “Oda na vospominanije vtorago Hristova priestvijaš” од 1763 година;
 “Sjetovanije naučenogo mladago čelovjeka, iz ruskoga” од 1764 година;
 “Melodija k prolječu” од 1756 година (била печатена два пати);
 “Slavenoserpski magazin” од 1768 година;
 “Zitije Petra Velikogo” од 1772 година;
 “Bukvar za srpsku decu, slovenski” од 1776 година (печатен во Венеција);
 “Generalnaja karta vserosijkoj Imperiji” од 1774 година;
 “Iskusni podrumar” од 1808 година (печатена во Будим);
 “Vjecni kalendar” од 1783 година (Печатен во Виена и издаван три пати).
 Некои од книгите на кои што Захарие направил корекции или ги превел:
 “Kratkoje nastavlenije”, издадено во Sremski Karlovci, во 1757година;
 “Oda na vospominanije vtoraga Hristova prisestvija”, Vienna, во 1759година;
 “Molitvoslav”, издадено во Venice, во 1762 година и други.

Во литературата зачувани се и други негови дела.


Идејата за пишување на народен српски јазик и јазик разбирлив за сите
понатаму му припаѓа на Доситеј Обрадовиќ. Иако до неа прв дошол Орфелин, сепак
се испоставува дека било прерано за нејзино прифаќање од страна на српскиот
народ.
Захариј Орфелин роден во Вуковар, бил историчар, уметник, калиграф, поет,
автор на учебници, педагошки писател, графичар. Го напишал првиот словенски
буквар.
1768. Во Венеција го објавил “Словеносрпскиот магазик“, првото списание на целиот
словенски југ. Пишувал на словеносрпски јазик.
Најзначајно негово дело е „Житието на Петар Велики’, објавено во Венеција,
1772 година направил чекор напред во процесот на модернизацијата на српската
книжевност.
Како поет, Орфелин е најзначајната појава во српската поезија на 18 век.
Напишал десетина подолги песни, од кои најзначајна е „Плач Сербии“ (1761), во две
верзии, народна и црковнословенска. Тоа е антиавстриска песна, антиклерикална,
бунтовничка.
Орфелин бил најзначајниот новатор во српската литература до Доситеј.
Неговиот СЛАВЕНОСЕРБСКИ МАГАЗИН (Венеција, 1768) претставува првиот
обид за списание меѓу Јужните Словени и прва српска световна и граѓанско-
просветителска книга.
Најопсежното дело на Орфелин е „ЖИТИЈЕ ПЕТРА ВЕЛИКОГ“ (1772), прва
словенска монографија за рискуот цар, во чиј лик го отелотоврил идеалот на
просветен монарх и јунак на филозофската мисла на 18-от век.
Тој е првиот модерен, професионален писател, којшто живеел од пишување.
“Плач Сербии” е негова најзначајна песна.
Тема на песната е токму плачот на Србија која ја изгубила слободата и старата
слава. Лирскиот субјект на песната е Србија која лее горки солзи над својата судбина
и над судбината на својот народ.

20
Говори во прво лице еднина, женски род. Србија е претставена како слаба жена
која ја понижиле, ја претепале, забите и ги искршиле.
Србија е персонифицирана, а песната е родољубива.
Оплакувањето на несреќата е лајт-мотив во песнава, кој често се сретнува во
целата српска книжевност.
Книжевен пример на Орфелин за оваа песна бил библискиот плач на пророкот
Јеремиј од Стариот завет.
Јеремиј плаче над опустошениот и осрамотен Ерусалим, кој бил разорен и
освоен од вавилонскиот владетел Набукодоносор (586 г.п.н.е.), а Орфелин плаче над
поробената Србија, чии синови се раѓале во 18-от век.
Книжевниот жанр на песната е ламент, плач-карактеристичен за барокот.
Во песната се преплетуваат две временски дејства, минатото и сегашноста.
Сликите од минатото на Србија, негогаш славна, почитувана, се менуваат со сликите
на осрамотената и опустошена Србија.
Песната е изградена според принципот на контраст.
Претставени се несреќите на српскиот народ, уништените градови, губењето на
владетелите, отсуството на водач, уништеното оружје, некогашните пријатели кои
станале непријатели.
Во несреќата сите ја заборавиле и напуштиле. Србите немаат училишта,
црквите се опустошени, живеат во мрак.
Впечатливи стилски фигури се хиперболата: „Samo Bog može da pomogne
Srbiji“, или “potok od suza, lije oko moje”, а потоа и апострофата „O bože“, nepristupnim
licima se zove u pomoć.
Песната е пишувана во катрени, во 13-ец, стих карактеристичен за полската
книжевност. Цезурата е зад седум слога, а римата е парна.
Барокот во песната е застапен преку песимистичкиот став, претераноста во
изразот, трупањето изразни средства.
Доминантно е чувството на тага, жалост, слабост, зашто сета сила на Србија
останала на Косово.

21
3. ПРОСВЕТИТЕЛСТВОТО И ПОЧЕТОЦИТЕ НА НОВАТА СРПСКА НИЖЕВНОСТ

Сѐ до 70-тите години на 18-от век, српската просвета и книжевност го задржала


својот претежно црковен карактер. Промените кои тогаш настапиле, дошле однадвор,
под притисок. Културната и религиозната ориентација на Србите спрема Русија, не ѝ
одговарала на интересите на Австрија, како што не ѝ одговарал ниту фактот што
Србите живееле во некој вид политичка и културна изолација, така што презела
чекори за што поцврсто да ги вклучи во општествено-политичкиот и културниот живот
на монархијата и да ги интегрира.
За таа цел, во 70-тите години, во времето на Марија Терезија, биле извршени
значајни реформи во српското општество. Наместо црковни, биле отворени граѓански
училишта, биле укинати некои манастири, црковните празници биле сведени на
минимум, во Виена била отворена српска печатница (1770). Таквите мерки, и покрај
отпорот на кој наишле кај народот, одиграле значајна улога во српското општество и
српската култура. Тие им отвориле пат на новите, световни влијанија и пробивот на
западната култура меѓу Србите.
Кога царот Јосиф II (син на Марија Терезија), настојувајќи целата империја да ја
уреди во согласност со филозофската доктрина на просветениот апсолутизам,
спровел исти или слични реформи во целата држава, посебно кога со прочуениот
Патент за толеранција ги изедначил пред законот сите вероисповести во земјата,
таквото движење добило дури и одушевени приврзаници меѓу напредните Срби.
Јозефинизмот како антиклерикално, просветителско движење ги опфатил сите
народи во Австрија, но можеби токму кај Србите наишол на најповолен прием.
Српската книжевност преку него (преку Јозефинизмот) се вклучува во широкот
движење на европското просветителство. Во српската книжевност навлегуваат
најважните просветителски идеи и тежнеења: демократизација на културата,
филозофската критика на стварноста, ориентацијата спрема моралните и политичките
прашања, сфаќањето на науката како светлост која го ослободува човекот од мракот
на незнаењето, осуда на верските прогони и прифаќање на толеранцијата како основа
на просветителската политика.
Тие идеи нашле израз и веќе во последната фаза од книжевната работа на
Захариј Орфелин, особено во Славеносербскиот магазин и во Житието на Петар
Велики, но тогаш немале некој поголем оддек.
Просветителските идеи својот полн живот во српската книжевност го почнале
со појавата на творештвото на Доситеј Обрадовиќ, најзначајниот српски писател на 18-
от век и основоположникот на новата српска книжевност.

22
4. ДОСИТЕЈ ОБРАДОВИЌ (1739-1811)

Доситеј (крстено име Димитрије) Обрадовиќ, не само со својата книжевна


работа туку и со својот живот на карактеристичен начин ја обележува големата
пресвртница што ја доживува српскиот народ во последните децении на 18-от и
почетокот на 19-от век.
Роден е во Чаково (денешна Романија), рано останувајќи без родители, тој
уште како дете ги изразил двете свои големи љубови-спрема книгата и спрема
патувањата. Под влијание на житијата на светците, кои ги читал со страст, отишол во
манасторот Хопово на Фушка Гора (1757), каде што се замонашил, за после три
години, разочарувајќи се од калуѓерскиот живот, да побегне од манастирот.
Неколку години престојувал во српските села во Северна Далмација како
учител. Оттаму отпатувал во грчките краишта (1765): престојувал на Крф, ја посетил
Света Гора и српскиот манастир Хиландар и три години учел во една гршка школа во
Смирна.
После овие свои источни патувања се вратил во Далмација, од каде што тргнал
на Запад (1771): шест години поминал во Виена и отприлика исто толку време подруги
места на Царството, патувал по Средноморието, за преку Романија и Полска да стигне
во Пруска (1782). На универзитетот во Хале и Лајпциг две години слуша предавања, а
потоа тргнува повторно на Запад, во две европски метрополи, Париз и Лондон. Потоа
посетил повеќе германски краеви, ја посетил и Западна Русија, а од 1789-та на
подолго време се населил во Виена.
На тие патувања Доситеј се стекнал со широко образование и научил многу
јазици: ги знаел двата класични јазика-грчки и латински, а од живите, освен рускиот,
кој изучил уште во детството и-италијански, германски, француски и англиски и др. Од
Виена заминал за Трст (1802), каде што тамошните Срби го побарале за учител.
Доситеј се интересирал за приликите во востаничка Србија уште од почетокот
(српските востанија против Турците), собирал помош за востаниците, а потоа и самиот
заминал за Србија (1807), каде што учествувал во политичкиот културниот и
дипломатскиот живот на земјата. Умрел како прв министер за просвета („попечитељ“)
во времето на првата востаничка влада.

23
Со книжевна работа Доситеј почнал да се занимава уште во Далмација, каде
што составил неколку текстови, меѓу кои најзначајна е ИЖИЦА (1770) (уште позната и
како Доситеева БУКВИЦА), книга, која според формата и идеите е во духот на
црковната традиција, но напишана на чист народен јазик. Ниту едно од тие дела не
било печатено.
Книжевно-просветителската работа на широк национален план и на нови
основи ја почнал во 1783-та, со објавувањето на ПИСМА ХАРАЛАМПИЈУ и ЖИВОТ И
ПРИКЉУЧЕНИЈА. Првото претствавува негов просветителски манифест. Во него го
отфрлил црковнословенскиот, како јазик неразбирлив за народот и се заложил за
воведување народен јазик во книжевноста. Во Живот и прикљученија го опишал својот
живот, ги изнел доживувањата од своето детство и младоста. После 5 години,
напишал и продолжување на Живот и прикљученија.
Љубезни Харалампие

Љубезни Харалампие е програмско писмо, еден вид манифест на целокупната


идна работа на Доситеј Обрадовиќ. Во него ги изложил поважните просветителски
идеи,кои подоцна ги ширел преку своите книги. Писмото е повик до српската граѓанска
класа да се вклучи во општите настојувања за културно-просветно издигање на
српскиот народ.

Во воведниот дел од писмото, авторот му соопштува на Харалампие дека има


намера да ја даде на печатење книгата Совети на здравиот разум напишана на чист
српски јазик, за да можат да ја разберат сите српски синови од Црна Гора до
Смедерево и до Банат. За содржината на книгата вели дека ке биде поучна и ќе ги
содржи мислите:.. на оние луѓе од кои сум научил нешто добро, и оние премудри книги
француски, германски, италијански, од кои имам намера најубавите мисли како цвеќе
да ги изберам и на наш општ јазик да ги издадам.. Се до појавата на Доситеј
Обрадовиќ српската литература, со мали исклучоци, имала религиозен и обреден
карактер и била пишувана на старословенски или руско-словенски јазик, кој бил
неразбирлив за народот. Доситеј се застапува за нешто ново:книгите да се пишуваат
на народен јазик, а тој да стане основно изразно средство во литературата.
Рационалист по убедување, тој ќе ја изнесе мислата: Јазикот се цени по ползата што
ја дава. А кој може повеќе да ползува отколку заедничкиот јазик на целиот народ??.
Според Доситеј, јазикот е средство за масовно ширење на просветата и кога книгите
се пишуваат на заедничкиот јазик од целиот народ, тогаш просветувањето на разумот
и светлоста на науката не остануваат само при оние што го разбираат стариот
книжевен јазик, но се шири и достига и до селаните, предавајќи се на најпростиот
народ и овчарот само ако знаат да читаат. Кому му служи мртвиот словенски јазик што
го разбира еден грст луѓе и кој е туѓ и неразбирлив за народот?- се прашува Доситеј- и
решително се застапува за тоа народниот јазик да прерасне во литературен: Со
помош на стариот новиот јазик од ден на ден ке напредува. Тој принцип: српскиот
литературен јазик во основата да биде народен со примеса на некои зборови од
словенскиот јазик, Доситеј и го применувал. Стручните и литературни термини при
пишувањето ги позајмувал од словенскиот јазик.

Во понатамошното излагање во писмото Доситеј се запира на прашањето за


верата. Тој прв меѓу србите согледал дека иднината на дел од јужнословенските
народи, поделени меѓу три вери, зависи до прифаќањето на просветителската идеја за
верска трпеливост и рамноправност. Различните вери не би требало да бидат пречка
за обединување на дел од јужнословенските народи. Своите книги им ги наменува на
Србите, Црногорците, Босанците, Хрватите, Далматинците, Ерцеговинците,
Банаќаните и вели: Зборувајќи за народите што живеат во овие кралства и провинции
ги подразбирам колку грчката црква, толку и латинските припадници, не исклучувајќи
ги ни самите Турци, Бошњаци и Ерцеговци, бидејќи законот и верата се менуваат, а
родот и јазикот никогаш. Со ваквото моредно сфаќање за верата Доситеј се издигнува

24
над тесноградите интереси на верскиот национализам. Јазикот и народноста треба да
бидат основа на народното единство, а не верата и законите.

Како убеден рационалист, во програмата на својата дејност посебно ја


истакнува идејата за народната просвета. Разумот е средство, а просветата е цел која
треба да се создаде врз темелите на науката и долговековното искуство на културните
народи. Верувал во спасоносната и неограничена моќ на науката како средство за
образование и воспитување на сите, без разлика на полот и вероисповедта. Со
книгите што ќе ги напишеш му соопштува на трговецот Харалампие, сакал да
распалува во срцата на српската младина небесен и божествен оган кон науката и
врлината и да го раширува светот на разумот дури до простите селани и до самите
овчарски колиби. Во сегашно среќно време зраците на науката и философијата
достигаат и до татарските граници. Писмото е израз на големото родољубие и
хуманизам на Обрадовиќ, чиј живот бил исклучително посветен за пропагирањето и
остварувањето на тие идеи сред народот.
Доситеевата автобиографија Живот и прикљученија пружа и повеќе и помалку
од обична автобиографија. Таа е непотполна и оскудна во изнесувањето подробности
од животот на писателот, непрецизна во изнесувањето факти и хронологија, но затоа
пак, во своите автобиографски рамки, оваа книга дава најпотполна експликација на
просветителското учење на Доситеј, применето на српските прилики.
Во првиот дел (прва „част“), до бегството од Хопово, Доситеј само површно се
задржува на своите доживувања, за врз основа на тие доживувања, во форма на
филозофски дијалог или наравоученија, да ја изложии својата идеолошка критика на
манасторите, монаштвото, народното суеверие и другите појави, од една и да ги
развие своите идеи за слободното мислење, воспитанието на единката и
просветеноста на народот, од друга страна. Само одделни делови се пошироко
наративно развиени, било на наегдотично-хумористичен начин, било во вид на
патетично-сентиментална исповед.
Вториот дел (втората „част“), каде што се опфатени Доситеевите патувања,
напишани се во епистоларна форма, карактеристична за европската книжевност од
втората половина на 18-от век. Овој дел се состои од 12 писма, упатени на непознат,
измислен пријател. Патувачките писма на Доситеј полни се со различни згоди,
раскажани со хумористичен или сентиментален тон, потоа средби со земји и луѓе,
портрети на личности, егзалтирани панегирици за пријателството и пријателите.
Ако за првиот дел може да се рече дека е филозофски и педагошки заснована
книга за просветувањето на народот, вториот дел претставува превенствено книжевен
текст, посветен на пријателството и љубовта меѓу луѓето.
Другите дела на Доситеј се надоврзуваат на неговата автобиографија, и натаму
развивајќи ги неговите книжевни интенции.
Книгата СОВЕТИ НА ЗДРАВИОТ РАЗУМ, содржи пет статии, и тоа три трактата
со етички карактер-за љубовта, доблеста и порокот и два есеја со автобиографски
карактер, во кои изнел интересни податоци за својата книжевна работа и натаму
развивајќи ја практичната страна на своето просветителско учење.
Покрај Автобиографијата најзначајно дело на Доситеј се БАСНИТЕ (1788), ко
носат голем избор од богатата традиција на Езопови басни. Тие, иако преведувани од
различни јазици и од различни автори, Од Езоп преку Леснинг, сите Доситееви басни
меѓусебно се многу слични, според постапката на излагање, според композицијата,
според стилот, што говори за тоа дека Доситеј како басописец во својата обработка се
однесувал мошне слободно, како преработувач, а не како преведувач.
Во Басните, Доситеј се претставува не само како извонреден раскажувач, туку и
мислител и моралист. Секоја негова басна содржи есеистички коментар-
наравоучение. Овде, тој расправа за сите теми на своето учење, внесувајќи мноштво
примери од животот, историјата, митологијата, книжевноста, но и многу народни
пословици, сентенци, цитати од класиката, така што наравоученијата, заедно со
автобиографијата, претставуваат најинтересни и најоригинални текстови на ДО.

25
Од подоцнежните негови дела најзначајни се СОБРАНИЕ РАЗНИХ
НАРАВОУЧИТЕЉНИХ ВЕШЧЕЈ, во два дела. Првиот (1793) содржи различлни
текстови работени според странски, најчесто англиски извори: тоа се источни,
алегориски и сентиментално-морални раскази, една комедија (од Лесинг), биографии
на Сократ и Аристотел, повеќе есеи од практичната филозофија, два есеја за „вкусот“,
во кои за првпат во српката книжевност станува збор за прашањето за естетиката и
теоријата на книжевноста. Вториот дел со наслов МЕЗИМАЦ, бил печатен постхумно
(1818), претставува најзрело дело на Доситеј како писател. Во најголемиот дел, тоа е
збирка есеи, и тоа оригинални (најважни се за книжевниот јазик, за човекот-машина, за
должното почитување на науката), во кои Доситеј дал завршен, мисловен и теориски
најдлабок израз на некои од своите филозофски теми: за слободното, критичкото
мислење, за односот меѓу разумот и волјата, разумот и моралот, разумот и
задоволството, за Бог и природата, за човекот и неговата судбина, за проблемите на
воспитувањето, по таков начин допирајќи и во тогашните српски прилики.
Делото на ДО претставува своевидна просветителска симбиоза на
филозофијата и книжевноста. Основата цел на својата работа Доситеј ја сфатил како
пропаганда на науката, како подготвување за српскиот народ да ја прифати науката.
Сметал дека таквата цел може да се постигне само под една претпоставка-луѓето да
научат да ги користат своите природни дарби, здравиот разум, да се оспособат
слободно да мислат и расудуваат.
Доситеј, слично како и Рене Декарт, сметал дека „слободно да се мисли“ значи
пред сѐ „слободно да ѝ се пристапува на секоја работа“, без страв од авторитети, без
предрасуди, потоа да се сомнева, да се истражува. Највисокиот облик на слободно
мислење е научно-критичкото мислење засновано на принципот на каузалитет („зошто
нешто е така, а не поинаку“). Тргнувајќи од начелата на критичкото мислење, ДО ја
раскажал приказната за својот живот, за своите заблуди и освестување, за своите
образовни патувања, како пример кој, едновремено е и поучен и и карактеристичен за
приликите во Србија, потоа, давал морални поуки („совети на здравиот разум“) за
однесувањето на единката и на општеството, дал филозофска критика на обичаите,
на наравите и институциите во српското општество (во таа смисла особено е значајна
неговата критика на манастирите) и изложил широка програма за реформите на
српското општество и српската култура, според просветителски и рационалистички
обрасци.
Многукратноста на програмата (нејзината широчина) и разноликоста на
средствата со кои се служел во својата просветителска пропаганда, придонеле за тоа
Доситеј да израсне во сложена и значајна книжевна појава.
Кај него, дури и во исто дело може да се сретнат пасажи стилистички различно
обликувани: дијалошки и есеистички разгледувања за разни филозофски теми,
реалистички и хумористично прикажани карактери и настани, како и сентиментални
исповеди.
Иако според својот обем не е многу големо, делото на ДО своевремено ја
извршило функција не на еден писател туку на цела книжевност. Тоа било и наука и
филозофија и реторика, носело во себе и дидактика и критика и забава, се движело во
сите главни правци на книжевноста на своето време и ги опфаќало сите основни
жанрови на ерудитивно-популаризаторската и поучната литература, како и никулците
на посложените книжевни форми. Истовремено во неговото део се наидува на
есеистика и раскажувачка проза и поезија.

26
4.1. Книжевноста во времето на Доситеј Обрадовиќ

Доситеј раскинал со повеќевековната црковна традиција и го отпочнал новото,


граѓанско доба во српската книжевност. Како и секој голем почеток, тој трајно ќе
остане присутен во натамошните книжевни текови.
Во последните децении на 18 и почетокот на 19 век (до времето на Вук
Караџиќ), доминацијата на Доситеј била апсолутна. Уште оттогаш било речено дека
целата таа „шчасливу епоху треба Доситеевом назвати“.
Книжевната работа на другите писатели била тесно поврзана со онаа на
Доситеј. Книжевноста се развивала во знакот на нарамошната разработка на неговата
книжевна и културна програма. Одделини писатели, за главна си ја поставувале
задачата да го направат она што Доситеј го истакнувал како неопходно: да
преведуваат или пишуваат книги за она што тој рекол дека треба да се преведе или
напише. Во својот развиток, книжевноста на тој период преоѓа низ истите етапи како и
самото дело на Доситеј.
80-тите години на 17 век, во периодот на Јозефинизмот, непосредно после
Доситеј, се јавиле неколкумина писатели кои дејствувале во јозефинистички дух како и
тој, а делумно и под негово влијание: Јован Мушкатировиќ (1743-1809), значаен
особено според книшката ПРИЧТЕ ИЛИ ПО ПРОСТОМУ ПОСЛОВИЦЕ (1787), прва
збирка не само со послеовици туку и народни умотворби воопшто во српската
книжевност; потоа Михаило Максимовиќ, писател на книгата со хумористично-
сатирични афоризми МАЛИ БУКВАР ЗА ВЕЛИКУ ДЕЦУ (1792) и зачетник на сатирата
во српската книжевност; Емануел Јанковиќ (1758-1792), кој преведувал и посрбувал
комедии од германски и италијански јазик.
Покрај Јозефинистичкиот антитрадиционализам и антиклерикализам,
заедничко за сите овие писатели е тоа што пишуваат речиси на чист народен јазик,
сосема во духот на начелата што Доситеј ги прокламирал во своето програмско
ПИСМУ ХАРАЛАМПИЈУ. Подалеку отишол Јанковиќ, кој на едно место изјавил дека тој
не пишува „на словенски туку на мајчин јазик“, затоа што не е „Славјанин туку Србин“.
Духовната клима во Австрија темелно се изменила после смртта на Јосиф II, а
со тоа во голема мера се изменила и книжевноста. Писателите кои се јавуваат во
последната деценија на 19 век се разликуваат од оние од почетокот на векот, како што
се разликува и Доситеј од Собранија од Доситеј од Живот и прикљученија и Басни.
На тие писатели им недостигал борбениот, критичкиот, слободоумниот дух на
јозефинистите. Идејата за просветување и натаму останала ориентациона точка на
целата книжевност, но таа се остварувала поинаку: со подучување и морализирање а
не со критика. И во односот спрема народниот јазик направен е чекор наназад. Некои
писатели му се вратиле на црковно-словенскиот, додека пак други, произволно ги
мешале црковнословенскиот со народниот, што доведувало до јазична конфузија,
против која ќе стане никој друг ами Вук Караџиќ. Во основните книжевни тежнеења,
сите тие во основа сепак, најнепосредно се надоврзувале на Доситеј.
Во периодот на зачетокот на новата српска книжевност дошле до израз двете
главни духовни и книжевни тенденции на 18-от век: рационализмот и
просветителството и сентиментализмот.
Иако бил одушевен поклоник на „просветениот разум“, Доситеј повеќепати
покажал дека има чувство за за вистината на „чувствителното срце“. Во неговите дела,
паралелно со со партиите со рационалистичко-просветителски карактер, кои
доминираат, се наидува и на емоционално-поетски фрагменти во кои се препознаваат
некои од најважните црти на сентиментализмот, како што се: возвишување на
чувствата, идеализација на народот, култ спрема природата и во врска со тоа
развиена смисла за пејзаж, емоционални изливи, исповеди, итн.

27
Доситеевите ученици и следбеници и натаму ги развивале тие својства на
неговите дела, така што сентиментализмот станал владеачки стил на епохата:
соремениците му дале и карактеристичен назив-„сладок стил“. Тој се развил во сите
книжевни видови а најпотполно во романот.
Од сите модерни книжевни видови, романот најрано се појавува во српската
книжевност (да се спореди со македонската книжевност!), најнапред како преведен
(Велизар, од Мармонтел, 1776, Робинзок Крусо од Даниел Дефо, 1799 и др.), а потоа,
во почетокот на 19 век, со Атанасије Стојковиќ (1773-1832) и Милован Видаковиќ
(1780-1841) и оригинални.
Атанасије Стојковиќ, попознат инаку според големата ФИСИЦА, го напишал
дидактичко-идиличниот роман АРИСТИД И НАТАЛИЈА (1801), со кој се означува
почетокот на романот како жанр во новата српска книжевност.
На него се надоврзува Видаковиќ. Неговите романи, од кои најпознати се:
УСАМЉЕНИ ЈУНОША (1810), ВЕЛИМИР И БОСИЉКА (1811), ЉУБОМИР У
ЈЕЛИСИУМУ, во три дела (1814, 1817, 1823) и КАСИЈА ЦАРИЦА (1827), претставуваат
контаминација на позноантичкиот љубовен и барокен витешки роман, но во нив има и
елементи на сентименталниот и педагошкиот роман на 18 век. Нивните јунаци обично
се разделени љубовници или изгубени роднини кои се бараат, лутаат по светот, а кога
ќе се пронајдат, најнапред не се препознаваат.
За популарноста на Видаковиќ најмногу придонело тоа што тој таквите типски
фабули ги сместува во српскиот среден век, и по тоа што обработува морални и
сентиментални теми кои во срп.книж. ги одомаќинил Доситеј и што најдобро од сите го
погодил тонот на т.н. „сладок стил“. Видаковиќ извршил големо влијание на
натамошниот развиток на српскиот роман. Во првата половина на 19 век се појавиле
повеќемина писатели кои, по негов углед, пишуваат романи со теми од српската
историја. Неговото влијание се чувствува и кај Стерија Поповиќ, Атанацковиќ, Јаков
Игљатовиќ, кои пак, српскиот роман го подигнале на повисоко книжевно и уметничко
ниво.
Морализаторско-сентименталната нота е карактеристична и за Јоаким Вујиќ
(1772-1847), организаторот на српскиот театарски живот, т.н. татко на српскиот
театар“. Тој за потребите на театарските дружини, тој ги преработувал германските
писатели. Овие обиди за посрбување на туѓите драми го поттикнале Вујиќ да направи
чекор напред спрема оригиналната драма, чиј основоположник е Јован Стерија
Попвоиќ.
Овој период, започнар со Доситеевата Автобиографија, значајно е и по други
автобиографии. Во Русија и на руски јазик биле напишани опсежните ИЗВЕШТАИ ЗА
ДОЖИВУВАЊАТА НА СИМЕОН ПИШЧЕВИЌ (1731-1797), една од највозбудливите
книги за судбината на сропскиот народ, со епски развиени настани, на широкото
пространство од Рајна до Москва и од Сава и Дунав до Нева, со мноштво
романсиерски ликови и силни, драматични ситуации.
Со нив се послужил Милош Црњански кога го пишувал својот голем роман
„СЕЛИДБИ“.
Автобиографии пишувале и Јоаким Вујиќ, Милован Видаковиќ, потоа познатиот
просветен добротвор Сава Текелија (1761-1842) и далматинскиот калуѓер Герасим
Зелиќ (1752-1828). Видаковиќ го опишал само своето детство, и тоа во ист поетски и
сентиментален стил со кои се одликуваат и неговите романи, но уметнички многу
поуспешно. Опширното и интересно ЖИТИЕ на Зелиќ се разликува од другите според
отсуството на основните белези на епохата, словеносербскиот јазик, дидактизмот и
сентименталноста. Тој пишувал на народен јазик на начин кој најмногу наликува на
прозата на Вук Караџиќ.
Во овој период се случува и зачетокот на српската филологија. Имено,
Доситееиот ученик, Србин од Хрватска, ПАВЛЕ СОЛАРИЌ (1779-1821), писател на
популарни научни и филозофски дела и поет, меѓу другото, се занимавал и со
историјата на српското и хрватското писмо и печатената книга, така што започнал со
издавање на средновековните пишувани споменици. Друг Србин од Хрватска, САВА

28
МРКАЉ (1783-1833), во статијата САЛО ДЕБЕЛОГ ЈЕРА (ЛИБО АЗБУКО ПРОТРЕС)
(1810) го дал проектот за реформа на српската азбука заснован на начелото „пишувај
како што говориш“. Истата година, другар на Мркаљ, Босанецот ЛУКА МИЛОВАНОВ
(1784-1828), во статијата ОПИТ НАСТАВЉЕЊА О СРБСКОЈ СЛИЧНОРЕЧИТОСТИ И
СЛОГОМЕРИЈУ ИЛИ ПРОСОДИЈИ, по сличен начин го дава проектот на српската
азбука и го изложува системот на српската версификација. Со своето залање за
народен јазик и фонтетско писмо, Мркаљ и Милованов повлијаеле на Вук Караџиќ, кој
и со двајцата бил во лични, пријателски врски.

4.2. Сентименталистичката и класицистичката поезија

Сентиментализмот, како основен стил на епохата, иако претежно лирски обоен,


целосно се изразил во повеќе во поетската проза, отколку во поезијата. Единствен
позначаен поет меѓу сентименталистите бил ГРИГОРИЈ ТРЛАЈИЌ (1766-1811), кој
покрај преводите во стих и проза, објавени на црковнословенски јазик, оставил и
неколку песни на народен јазик и во народен дух. Лирските песни спорадично пишувал
и Милован Видаковиќ, а некои од нив ги вметнувал и во своите романи.
На сентиментализмот му била блиска и т.н. граѓанска поезија, која
претставувала преод меѓу народната и уметничката поезија. Таа поезија била
неменета за пеење, начесто анаонимна според своето потекло, а се ширела преку
ракописните песнарки. Тематски е мошне разнолика, има религиозни, војнички,
пригодни, љубовни, сатирични песни. Во љубовните песни кои се и најмногубројни, се
преплетуваат петраркистички елементи со мотиви и изразни средства од народната
лирика. Во сатиричните песни, кои пак се најдобри, има живо чувствување на
стварноста и хумор.
Иако уметнички неразвиена, оваа поезија одиграла значајна улога во
натамошниите поетски текови, особено во процесот на раѓањето на српската граѓанска
лирска романтика. Нејзиното влијание најмногу се забележува кај Бранко Радичевиќ и
Јован Ј. Змај.

29
5. ЛУКИЈАН МУШИЦКИ (1777-1837)

Првиот вистински поетски правец во српската книжевност бил класицизмот. Тој


отпочнал во 80-тите години на 18 век со дидактичките и родољубиви песни на Алексиј
Везилиќ (1753-1792), а конечен облик добил во првата деценија на 19 век, во делото
на Лукијан Мушицки(1777-1837), архимандритот на манасторот Шишатовац, а
подоцна горнокарловски владика. Неговиот класицизам е од школско-занаетски тип, а
настанал како резултат на школското запознавање со латинската поезија. Лукијан во
српската поезија го вовел „римскиот ритам“ (стих и строфи според класични обрасци),
а најголем број песни ги напишал во алкејска строфа која ја прифатил од Хорациј,
неговиот главен поетски учител. Пишувал пригодни, панегирички оди во слава на
истакнати современици, потоа епистоли, еклоги, епиграми, итн. Ги изразувал
родољубивите чувства и просветителските идеи. Најпознати му се песните со
програмски карактер ГЛАС НАРОДОЉУБЦА и ГЛАС ХАРФЕ ШАШАТОВАЧКЕ. Во
некои песни внесувал и лични мотиви, пеел за несреќите што го снаоѓале, за
неразбраноста од средината (ОДЕ САМОМЕ СЕБИ).
Како прва исклучителна поетска индивидуалност во српската книжевност,
Мушицки извршил големо влијание на српската поезија и создал поетска школа низ
која поминале речиси сите српски поети од првата половина на 19 век.
Лукијан Мушицки е роден во Темерин 27 јануари 1777 година. Неговите
родители биле Ѓорѓе и Анастасија. На своето свето крштевање го добил името Лука ,
додека пак неговото презиме доаѓа од местото од каде потекнувале неговите
родители, селото Мушиц во Ваљево, Србија. Со завршено основно образование во
своето родно место, а гимназија во Нови Сад и Сегедин, Мушицки завршил во Пешта
филозофија и право, со посебен акцент на странските јазици естетиката. Во
согласност со околностите на времето, Мушицки сметал дека е најдобро и најкорисно
за неговиот народ тој да се најде во редовите на монасите кои имале најмногу и
морална и материјална подршка за работа и на личното усовршување и развој и
националното образование. Потоа заминал во Карловац во 1800 година кај
митрополитот Статимировиќ каде се подготвил за својот нов повик. По две години
Мушицки се закалуѓерил , земајќи го името Лукијан. Понатаму постепено напредувал и
во 1803 година станал ѓакон , во 1805 год. архиѓакон , во 1809 протосингел а во 1812

30
година архимандрит. Дванаесет години од својот живот во Карловац бил познат во
Србија а уште попозната неговата понатамошна работа. Од сите места во Србија,
Карловац бил најпогодно место за научна и книжевна работа. На чело стоел
Статимировиќ. Лукијан сам го продолжил своето учење на кое бил лојален и не толку
често пишувал. Талентот и трудољубливоста во научен и книжевен поглед го сврстиле
во најугледните личности во карловачката средина. Бил одличен познавач на старите
и многу нови јазици .Со многу жртви кои често ги придоневал добил златна книшка која
го упатувала во поглед на мислењето, работата и пеењето. И покрај свештеничкиот
чин бил и професор па така имал можност да влијае на младиот народ. Станувајќи
архимандрит , Лукијан на 20 јули 1812 година ја примил управата над манастирот
Шишатовац каде тргнал спремен и со голема љубов кон работата , надевајќи се дека
таму ќе има поголема удобност и време за тоа. Но, ситуацијата во манастирот барала
големи промени. Претходната економска состојба не можела да ги обезбеди
потребните приходи, запоставениот надворешен изглед на манастирот не го
воодушевувал никого. Иако се потрудил да во голем дел ги реши настанатите
проблеми Мушицки имал и очајни моменти кога му била и одземена управата.
Митрополитот не можел да му прости тоа што тој го фалел Д. Обрадовиќ и што бил
пријател со Вук Караџиќ. Во 1823 година е вратен на своето место и поставен за
застапник на горнокарлавовачката епархија. Неприликите кои ги имал во Шишатовац
не го скршиле неговиот дух. Не само во службените односи одел напред туку и во тоа
што во најголем дел му го сочувало името за сите времиња , неговата книжевна
работа која ниту еднаш не ја напуштил. Во 1828 година станал епископ. Во служба на
црквата и национална просвета тој останува на тоа место се до својата смрт 15 март
1837 година.
Во литературата Мушицки се јавил и како научник и како писател. Прашањето
за книжевен јазик и правопис го интересирало за што сведочи и неговата преписка со
Вук Караџиќ и Копитар. Разменувајќи мислење со Вук, тој му предложил и скратување
на буквата ђ, кое Вук и го усвоил.Но тој имал свое мислење дека српската книжевност
треба да има два јазика, народен јазик за народна намена и словенски јазик за
пишување на повисок научен стил. Мушицки ја составил за свое време најкомплетната
библиографија на српски јазик , сакајќи со тоа да ја створи основата на историјата на
книжевноста. Најпознат е секако по неговите поетски дела. Мушицки е претставник на
псевдокласичното пеење , угледувајќи се на старите класични поети. Омилени поети
му биле Фридлрих Готлиб Клопшток , Месијада, и посебно Хорациј чија Dе arte poetika
ја знаел напамет .Од Хорација ги превземал метричките облици, фалбената и
свечената реторика и прв меѓу Србите почнал да создава уметничка поезија во духот
и во увото на псевдокласичната европска поезија. Напишал четири лирски песни со
родољубива, морална и дидактична содржина . Занаетски стихтворби, лишени од
вистински поетски занес и убавина. Пеел за карактерот , љубовта спрема народот ,
добродетелството и им дава морални поуки на младите. Неговата поезија бил
почитувана заради силното и искрено родољубие и претставувал интересен обид за
уметничка версификација по урнек на латинските метрички обрасци и , едновремено и
како карактеристичен образец на ладна и вкочанета "објективна лирика".Се обидел ,
независно од народните песни, да создаде нови ритмички облици и дал неколку
виртуозни обрасци, но неговиот обид пропаднал заради отсуството на талент и
архаичниот јазик.

K SAMOM SEBI

Muѕіѕ amіcuѕ, trіѕtіtіam et metuѕ


tradam protervіѕ in mare Cretіcum portare ventіѕ.
Horatіuѕ
Pijeride! dajte lek!
Napregnu vražja ruka ljutu strelu,
Iznenada jazvi nas.

31
Zar misli da ću pasti žrtva zlobe?
Čija nosi bronju grud
I danju, noću, v domu, polju, radnji?
Kakva vojna, oko nas?
Polk černi nek' se množi; v sram će pasti.
Čista sovest nama štit.
Trpenje krepko grudi našoj oklop.
Pijeride! lek vaš skor.
Glas lire vaše balzam nežnom serdcu;
S pesnom vašom jači duh.
Pri tihoj noćci brige s rizom svlačim;
Vašom celbom san mi lak.
Na novi podvig um već spremam sutra.
4. novembra 1816.

Во своите песни како песната "К самоме себи" внесувал и лични мотиви. Пее за
несреќите што го снаоѓат , неразбаноста од средината која го опкружува, но јасно дава
да знаење дека таа злоба неможе да го победи, скрши неговиот дух, духот и умот кој
веќе секое наредно утро е спремен на нов подвиг. Иако Мушицки за себе велел дека е
"цел чувство" тој во основа бил ладен човек , без фантазија, без чувства и вистински
поетски талент. Неговите оди биле производ на академската реторика. Поезијата за
него била прашање на главата, разумна, симетрична, чиста , средена и секогаш било
потребен настан да напише песна. Неговиот стил бил апстрактен и безбоен. Формата
еднолична, конвенционала , непозната. Тоа биле класични примери во кои, тој
втурнувал словенски и српски јазик а тешкиот и недостапен јазик со кој пишувал уште
повеќе ја правеле неговата поезија архаична и туѓа . Најпознати му се песните со
програмски карактер "Глас народољубца" и "Глас харфе шашатовачке". Пишувал
најчесто во грчки строфи, по углед на Хорациј на кој најмногу ми се восхитувал. Тие се
одите кои се пишувани во двата идиоми кои тогаш биле во употреба :славеносрпскиот
јазик и црковнословенскиот јазик. Во својата поезија имал изразена наклонетост кон
ласкање на моќните современици, а за тоа Копитар и му замерил : Би сакал да сте
горди како Клопшток , и да не се умилкувате како Хорациј и Виргилиј. Тој бил
формално најразноврстен писател на српскиот класицизам. Ги негувал сите стилови
од ода, елегија , епиграми , епитафи. Тематски неговата поезија претставувала
прекрасна поезија која поставувала прашања за настанокот на светот и човекот,
пејзажот и описите на природата давал печат на класицизмот.
Во една од своите најубави песни "Глас харфе шашатовачке" Лукијан Мушицки
се обратил на српската младина. Го повикува младиот свет во Србија на слога, им
советува да ја сакаат својата вера, јазикот и старите обичаи. Мушицки потпората и
основата за секој прав живот ја гледал во верата, јазикот и традицијата, во српската
култура од која меѓусебно помеѓу секој Србин ќе биде создадена врска која ништо не
би можела да ја раскине. Секој Србин да се залага и да придонесува за христијанска
заемност бидејќи Господ гледал се и секому му давал онолку колку што заслужува и
што залужува.
Во песната "Глас нардољупца" наведува дека двата јазика народниот и
словенскиот претставуваат богатство за српскиот народ и дека не треба да се одречат
од ниту еден од нив. Нагласува дека граматиката на словенскиот и на српскиот јазик
не треба да се меша. Гласот на слогата, здравиот разум, гласот на помирување,
гласот на народољубецот , гласот на Мушицки не допирал до ушите на оние кои
сакале да ги остварат своите цели.
Лукијан Мушицки е еден од најважните писатели ,поети кои оставиле печат на
српската култура и поезија. Со својата поезија оставил печат за класичното пеење на
српски јазик. Бил наклонет кон родољубието, секогаш со повик кон младите и народот
на слога, вера љубов кон својот јазик. Младите особено го сакале и го почитувале па
затоа и во негово време скоро секој млад Србин ги знаел неговите најдобри поетски

32
дела напамет. Оставил печак како една исклучителна личност во српската поезија и
најучен Србин во своето време. Големиот негов залог за српската книжевност довел
до тоа да биде наречен "гениј на своето време" и "татко на српската книжевност".
Надвор од овие две струи-сентименталистичката и класицистичката, стојат извесен
број поети и поетски остварувања. Една група прават простонародните поети кои
пишувале родољубиви и религиозни епови во народен дух, притоа имитирајќи го
стихот на народната поезија (Викентије Ракиќ, Гаврило Ковачевиќ, Милован
Видаковиќ). Другата, поважна група, ја прават поети претежно од западните српски
краишта, кои барале примери во европската, а посебно во италијанската поезија. И
додека кај Лукија Мушицки има класични обрасци, овие поети негуваат романски
поетски облици: сонет, октава, терцина. Заедно со Павел Солариќ, Мркаљ и
Миловановиќ, кои пишувале и песни, од овој период се уште двајца поети: Јован
Дошеновиќ (1781-1913), кој преведувал и ги имитирал ителијанските песни
(ЛИРИЧЕСКИЈЕ ПЕНИЈА, 1811) и Јован Паниќ (1771-1849), позен петраркист и многу
плоден автор (СОЧИНЕНИЈА ПЕСНОСЛОВСКА, 1827, со повеќе од 11.000 стихови) од
кои останале повеќе песни со вистинска вредност.

33
6. ПРЕДРОМАНТИЗАМ

6.1. Книжевноста во времето на Вук Караџиќ


Словеносербските писатели од крајот на 18 и почетокот на 19 век, кои успешно
ја оствариле програмата на Доситеј Обрадовиќ за европеизација на српската
книжевност, покажале малку разбирање за другата, не помалку важна страна на таа
програма, за неговите, демократски, народносни тежнеења. Тие се пробале во
областа на драмата и романот според европски обрасци, но во нив го немало она
неопходното, за тие жанрови навистина да станат национални-немало во нив народен
живот, немало српска стварност, како што во песните на учените поети немало
чувство за ритам и мелодијата на српскиот јазик.
Доситеј зборувал дека треба да се пишуваат разбирливи книги и за простите
селани и овчари, а неговите следбеници создале книжевност за која може да се рече
истото што и Белински го рекол за руската книжевност пред Пушкин-дека била туѓа,
„пресадена“ билка. Требало да се решат неколку крупни прашања за таа нова
книжевност, која по форма била европска, по содржината, духот и јазикот да стане
национална, српска.
Тие прашања Доситеј веќе ги имал поставено, но тој не можел, а неговите
следбеници не сакале да најдат соодветни решенија. Тој голем потфат за
втемелување на нижевноста нанародни основи ќе го оствари вВук Караџиќ, другиот
голем реформатор на новата српска книжевност.
Со ВК, во книжевноста влегува не само неговата татковина Србија туку и
другите српски краишта кои се наоѓале под турска власт.
На појавата на ВК ѝ претходи еден голем, општествено-политички пресврт кој
се случил во Србија во почеткот на 19 век. Востанието во Белградскиот пашалак во
1804 година, од стихијна побуна на обесправената раја преминал во национална и
социјална револуција, која на крај довела до рушење на турскиот феудализам во
Србија и до создавање на новата српска држава.
Родена во востание, Србија уште долго останала под турски суверенитет, но и
наспроти тоа, во неа биле создадени услови за слободен и самостоен национален,
политички и културен развиток. Востанието ги ослободило творечките сили на
народот, заробени и тие во долговековното ропство. Тоа востание имало пресудно
влијание за довршување и конечно уметничко обликување на најзначајниот вид усна
српска книжевност-епската јуначка песна. Од востанието произлегла најсилната
индивидуалност на српската култура на новото време-Вук Караџиќ.
Имено, востанието, Вук и народната песна се трите момента, заемно тесно
поврзани, а кои ја чинат основата на која почнала да се гради и на која постојано се
враќала српската книжевност од 19 и 20 век. Тие, едновремено се и појави што имале
најширок, европски оддек, и со кои српскиот народ влегол како активен чинител во
европската историја и култура на новото време.
Како и Доситеј, и Вук е средишна личност на своето време, но на еден поинаков
начин. Додека епохата на Доситеј е во знакот на прифаќањето на Доситеј и
усогласување на целата книжевност спрема неговата програма, епохата на Вук е
обележана со отпор и борба.
На почетокот на својата работа Вук против себе ја имал речиси целата
современа книжевност, за дури после 30-годишна борба да стекне неколку ученици
кои творечки ја прифатиле неговата програма и започнале книжевност на основите кои
тој ги поставил. Борбата на Вук за книжевен јазик заснован на живиот народен говор,
за фонолошки правопис и за книжевност на народни основи била најголема и
најдолготрајна од сите други битки кои некогаш биле извојувани во српската култура.
Историчарите ја нарекуваат културна револуција.

34
Периодот од појавата на ВК до победата на неговата идеја (1814-1847) донел
напредок во сите области на културата. Биле основани нови школи, печатници, првите
научни друштва (Матица српска, 1826, Друштвото на српска словесност 1841), театри
итн. После краткотрајните обиди во 18 век, политичката и книжевната периодика
станала постојан фактор на културниот живот. За равојот на книжевноста од особено
значење биле следниве публикации: виенските НОВИНЕ СЕРБСКЕ, подоцна пренесни
во Србија, каде што едно време излегувале со посебен книжевен додаток, потоа
списанието СЕРБСКИ ЛЕТОПИС, кој под наслов ЛЕТОПИС МАТИЦЕ СРПСКЕ
излегува до ден денеска, потоа СЕРБСКИ НАРОДНИ ЛИСТ, ПОДУНАВКА, алманасите
ЗАБАВНИК на Димитрија Давидовиќ, ДАНИЦА на ВУКА КАРАЏИЌ, СЕРБСКО-
ДАЛМАТИНСКИ МАГАЗИН, ГОЛУБИЦА, БАЧКА ВИЛА и др.
Во стилски поглед, овој период е хетероген. Во него, паралелно, понекогаш и
кај исти писатели, коегзистираат различни книжевни правци. Сентиментализмот од
доситеевско-видаковиќи тип се наоѓа во опаѓање, иако тој повеќе од кој било друг
правец одговарал на вкусот на граѓанската читателска публика. Наспроти тоа,
класицизмот бил во подем. Неговиот втемелувач, Лукијан Мушицки, сѐ до својата смрт
останал водечки српски поет. По него пошле неговите ученици, цела една поетска
школа, само што ниту еден не останал доследен класицист. Најголемите творци
најмногу се противеле на категоризирање: Стерија, Вук, Сима Милутиновиќ, Његош.
Последните три се сметаат за романтичари, претставници на раниот или херосјко-
патријархален романтизам, како што го нарекол Милорад Поповиќ. Меѓутоа, ниту еден
од нив не успеал целосно да се оттргне од влијанието на класицизмот, посебно не
Милутиновиќ и Његош. Ако треба да се бара формула за единство на овој динамичен
период, веројатно таа нема да биде ниту класицизам кој истекувал, ниту романтизам
кој надоаѓал, туку предромантизам-како преод меѓу тие два правца: во него има, во
основа класицистичка норма или отстапување од нормата, кои постепено се движат
кон нејзино рушење. Отстапувањата се јавуваат најнапред во најсилните творечки
индивидуалности, оние кои со своите дела ја обележуваат целата епоха. Потоа,
нормата ја напуштаа и оние кои на почетокот ѝ биле најприврзани, учениците и
следбениците на Лукијан Мушицки.

35
7. ВУК СТЕФАНОВИЌ КАРАЏИЌ (1787-1864)

Вук Стефановиќ-Караџиќ, роден 1787 во Тршиќ, се школувал во Карловци и


Белград, а најголемиот дел од животот работел во Виена.
За јазикот Вук велел дека е „хранител на народот, со него говориме и пишуваме“, а
Ѓуро Даничиќ велел дека Вук живее за идните векови.
Во Србија Вук ја доживеал турската власт, Обреновиќите, Карашорѓевите
(султани и кралеви). Бил учител во Белград, царински службеник во Кладов, а во 1813
година, со повторното потпаѓање на Србија под турска власт, Вук заминува за Виена,
каде што ги изучува сите словенски јазици, латински, германски, и каде што останува
речиси целиот свој живот. За својот престој во Виена и самиот велел дека таму и е
попотребен на Србија отколку во Србија.
Зад себе оставил бројни дела кои претставуваа целосен преглед на животот на
српскиот народ, неговите верувања, обичаите, творештвото, историјата.
Такви се Српскиот речник, Српската граматика, Првиот српски буквар, преводот на
Новиот завет, Црна Гора и Црногорците, Ковчеже за историјата, Јазикот и обичаите на
Србите, Животот и обичаите на српскиот народ, Житието на ајдук Вељко, Милош
Обреновиќ, Српски народни песни, Српски народни приказни, Српски народни
пословици и други.
Вук Караџиќ бил мошне надарен со творечки особини, бил упорен и доследен.
Со по,ош на Јернеј Копитар и Јаков Грим, навлегол и во научната смисла на тоа што
го работел. Вук со својата работа ја збогаатил српската културна историја и бил
уважуван од најголемите светски умови во тоа време. Бил член на Петроградското
друштво на љубители на словенската книжевност од 1819 година, а Акедемијата на
науки во Петроград му доделила сребрен медал за научни заслуги во 1820 година.
Потоа, Краковското учено друштво го избрало за свој член во 1820. Во 1823 година им
бил гостин на Грим и на Гете, а ја добил и почесната докторска титула на
Универзитетот во Јен, во 1823 година. Бил член и на Гентингенското учено друштво од
1825, добитник на златен медал на Руската академија на науките од 1842, бил

36
дописен член на Виенската академија на науките од 1848, на Берлинската од 1850 и
на Патроградската од 1851 година.
Вук Караџиќ бил лингвист, писател, преведувач, критичар и полемичар,
историчар, географ и родоначалник на српската етнографска наука. Бил творец на
најсовршената азбука на светот, на која и се воодушевувале многумина, меѓу кои и
Бернард Шо. Го надминал минатото и ги отворил вратите на иднината на српската
национална култура. Патувал многу, ги запознал културите на многу народи, а светот
го запознал со убавината и богатството на народното творештво. Годината 1987-та,
кога се обележуваше 200 години од неговото раѓање, УНЕСКО ја прогласи за година
на Вук Стефановиќ Караџиќ.
Вук Караџиќ (1787-1864) е роден во семејство во кое децата умирале, така што
според народниот обичај, го добил името Вук, за вештиците да не можат да му
наштетуваат. Роден е во Тршиќ. Пишување и читање научил од роднината Јевто
Савиќ, кој бил единствениот писмен човек во тој крај. Образованието го продолжил во
Лозница, а подоцна и во манастирот Троноша. Бидејќи во манастирот не посветувале
внимание на образованието, ами го принудувале да чува стока, татко му го вратил
дома.
Не успевајќи да се запише во карловачката гимназија, тој оди во Петриње.
Подоцна заминува во Белград за да се запознае со Доситеј Обрадовиќ, неговиот
омилен просветител. Доситеј грубо го одбива, така што Вук разочаран заминува за
Јадар и почнува да работи како писар кај извесниот Јаков Ненадовиќ.
Кога била отворена Великата школа во Белград, Вук станал нејзин ученик.
Набрзо се разболува и заминува на лекување во Пешта. Подоцна се враќа во Србија и
кога пропаѓа востанието, заминува за Виена. Овде се запознава со Јернеј Копитар, кој
почнува да му помага во остварувањето на неговите планови.
Вук ја започнува својата работа на реформата на јазикот и правописот и за
воведување на народниот јазик во книжевноста. Заради проблемите со Милош
Обреновиќ, на Вук му било забрането да ги печати книгите во Србија. За разлика од
домашната средина која не го прифаќала, Вук, со својата работа стекнува пријатели и
помош во австриската држава и во Русија, која ќе му додели постојана пензија. Од
неговото семејство останала жива само неговата ќерка Мина Караџиќ.
Од старословенската азбука Вук

Од старословенската азбука Вук ги презел следниве 24 букви:

ABVGDEŽZIKLMNOPRSTUFHCČŠ

На нив им ги додал: J Lj Nj Ć Đ i Dž

Во првата половина на 19 век, со помош на тогашните врвни филолози, какви


што биле браќата Грим и австриските власти што ги претставувал Јернеј Копитар, Вук
ја реформирал српската ортографија и правописот, правејќи голем рез меѓу
дотогашната словеносрпска култура и новиот стандард.
Капиталните дела на Вук, меѓу кои најнапред се истакнува „Српскиот речник“
(1818), второто значително проширено издание од 1852 год.,, како и преводот на
Новиот завет (1847), ги поставиле темелите на современиот стандарден хрватски ( и
српски, односно српско-хрватски) јазик, најмногу во фазата на т.н. хрватски вуковци
или младограматичари.
Основните начела на реформата на Вук во областа на јазикот може да се сведе
на три точки:
-Изедначување на народниот и книжевниот јазик, т.е. инсистирање на
фолклорните јазични облици, за кои се сметало дека се соодветен водич забележан
во народните песни и пословици;

37
-Прекин со сите стари облици на српската книжевност и писменост и ново
втемелување на стандардниот јазик без потпирање на традицијата;
-Новоштокавскиот фолклорен пуризам што се одразувал во чистењето на
јазикот од црковнословенизмите кои се идентификувани како рускоцрковно влијание
што не одговара на гласовната и граматичката структура на српскиот јазик.
На техничко ниво, реформата на Караџиќ се манифестира во новата српска
ќирилица во која се исфрлени непотрените полугласови и апсорбирани се графемите
lj, nj, dz, кои ги предложил Сава Мркаљ (Вук речиси во целост ја презел графијата на
„народнито“ пишуван идиолект на Гаврил Мркаљ Венцловиќ, монах во манастирот
Рача, од крајот на 17 и почетокот на 18 век), па биле воведени некои графеми од
(германската) латиница. Јазичкиот супстрат (основа) била новоштокавската
ијекавштина (источнохерцеговачко-краишкото наречје), што Вук го стилизирал
делумно и според хрватските пишувани дела (тјерати наместо черати, дјевојка
наместо џевојка, хочу, наместо очу). Но, заради влијанието на српската граѓанска
класа во Војводина и Србија, таа реформа е прифатена во малку изменет облик:
ијекавскиот рефлекс е заменет со екавски (дете, наместо дијете). Ијекавскиот рефлекс
останал во Црна Гора, Босна и Херцеговина, меѓу Србите во Хрватска, како и
народните говори во Западна и југозападна Србија.
Вук, покрај својот најголем придонес на книжевен план, дал мошне значаен
придонес и во областа на српската антропологија во комбинација со тогашната
етнографија. Имено, заедно со етнографските, оставил и записи за физичките особини
на телото. Во книжевниот јазик ја внел богатата народна терминологија за деловите
на телото од темето до стопалата. Треба да се спомене дека овие термини и денеска
се употребуваат и во научниот и во разговорониот јазик на српското (и хрватското)
говорно подрачје.
Меѓу другото, Вук дал и свое толкување на врската меѓу природната средина и
населениоето, па делови за исхраната, за начинот на домување, за хигиената, за
болестите, за погребните обичаи. Во целост посматрано, овој значаен придонес на Вук
заслужува нова анализа од современата антропологија.
Дејноста на ВК, огромна и многукратна, имала единствено упориште. Заеднички
именител на таа дејност се поимите народ и народно. Вук собирал и објавувал
народни песни и други умотворби. Всушност тој, оваа област на српската култура ја
открил и ја направил достапна на образованиот свет. Тргнувајќи од народната
книжевност како основа и пример, Вук влегол во големата битка за народен јазик, за
книжевност на народен јазик. Како книжевник, го опишувал народниот живот,
народните обичаи, историјата на народот. Поимите народ и народно кај него се секаде
присутни, од заглавијата на неговите главни книги до нивните содржини, форми и
изрази. Во времето на Вук и во неговата интерпретација тие поими се однесуваат
исклучително на селскиот, прост и неписмен народ, оној народ кој, откако Србите ја
примиле и прифатиле словенската книга, низ целиот среден век, во османлиските
времиња, 18 век (со делумен исклучок на Венцловиќ и Доситеј), всушност сѐ до
појавата на ВК, останал надвор од книжевноста.
Собирајќи ги народните умотворби, Вук покажал дека вистинската, голема
српска поезија не е она што ја создавале учените луѓе за потесен круг посветени, туку
и онаа која настанала и живеела меѓу народот и дека на нејзините темели треба и во
иднина да се развива целата книжевност.
ВУК СТЕФАНОВИЌ КАРАЏИК после задушувањето на Првото српско востание,
во кое и самиот учествувал, тргнал по светот, се наоѓал, како и многумина други
бегалци од Србија, во голема неизвесност. Доаѓањето во Виена и средбата со
словенечкиот научник Јернеј Копитар бил пресуден за неговото натамошно
определување. Копитар, кој ги познавал српските книжевни прилики и пишувал за
некои српски писатели, веднаш во него видел човек кој може да стави ред во
тогашниот хаос во српската литература. Затоа што од Копитар стекнал основни
филолошки знаења, Вук брзо сфатил што треба да стори. Една година по
задушувањето на Првото српско востание, во 1814, се појавил во книжевната јавност

38
со две книшки: првата збирка со народни песни ПЕСМАРИЦА и првата граматика на
српскиот јазик ПИСМЕНИЦА, за веќе следната година, со критката на романот на
Милован Видаковиќ да ја започне борбата за своите идеи. Оттогаш па сѐ до смртта,
неговиот живот е исполнет со неуморна работа на науката и книжевноста и со борба
со многубројните противници. Меѓу тие негови ппротивници се наоѓале не само
писатели од старата школа туку и двајцата најголеми моќници меѓу српскиот народ-
кнезот Милош и митрополитот Стратимировиќ. Но, додека меѓу својот народ бил
постојано оспоруван, Вук во странство брзо се стекнал со добар глас и добил
признание и поддршка од најистакнатите културни работници во тоа време, меѓу кои
биле и еден Гете, филологот Јакоб Грим, историчарот Леополд Ранке, и поголем број
научници и писатели од словенските земји.
Најголемиот дел од животот ВК го поминал во Виена, во првите децении во
постојана материјална оскудица, а потоа релативно помирно, посигурно и материјално
побезбедно.
ВК многу патувал: по многуте српски краишта заради собирање на народните
умотворби, лексичкото богатство и етнографската граѓа и по странски земји заради
воспоставување врски со научници, писатели и ученици. Умрел во Виена во 1864, а во
1897 неговите мошти се пренесени во Соборната црква Св. Сава во Белград, каде што
заедно со Доситеј Обрадовиќ се погребани од двете страни на олтарот.
ВК потекнувал од крај во кој што интензивно живеела народната песна, но и
другите облици на усното народно творештво. Вук, сепак, сѐ до средбата со Копитар и
до запознавањето на романтичарските, Хедеровски идеи за народното творештво, не
ги познавал, според сопственото признание вистинските вредности на српската
народна песна, кои Грим, Гете и Копитар ги препознале во неа и им ги прикажале на
светот.
МАЛА ПРОСТОНАРОДНА СЛОВЕНОСЕРБСКА ПЈЕСНАРИЦА (1814), во која ВК
објавил стотина лирски, главно љубовни песни и 8 епски, машки песни, наишла на
одличен прием и во Србија и надвор од неа, така што ВК почнал со систематско и
теренско бележење на народните песни, најнапред сам, а потоа и со помош на своите
многубројни соработници од сите српски краишта. Занимавајќи се со оваа дејност
целиот свој живот (во една прилика рекол дека тоа му е најомилената работа), ВК
собрал огромен број лирски и епски песни, од кои објавил само мал дел. Неговата
збирка со народни песни објавена под насло СРПСКЕ НАРОДНЕ ПЈЕСМЕ, опфаќа 4
книги во конечното, тн. Виенско издание (1841, 1845, 1846, 1862) и содржи 793 лирски
и 252 епски песни. Покрај народните песни, Вук собирал и други народни умотворби и
објавил книга со народни пословици (1836) и народни приказни (1821, 1853), а со
првото издание на приказните дал и кратка збирка со народни гатанки.
Во собирањето и објавувањето на народните умотворби ВК тргнувал од научно-
филолошките критериуми на верно бележење („така како што народот говори и пее“),
но искуството му покажало дека една иста песна различни пејачи ја пеат на различен
начин и дека песната, одејќи „од уста на уста расте и се кити, а некогаш се намалува и
расипува“. Заради тоа, тој првиот критериум го дополнил со друг, книжевно-естетски
критериум, кој подразбирал две нешта: прво, за секоја песна да се бара вистински
пејач, оној кој таа песна „знае како треба“ и второ, при печатењето не треба да се
објавува сѐ по ред туку треба да се направи избор. По таков начин ВК на терен доаѓал
до најдобрите песни, а на оваа збирка ѝ дал карактер на антологија.
Што се однесува пак до народните приказни, тој од своите раскажувачи
добивал само аморфен материјал која отоа самиот ја стилизирал „но не според свој
вкус, туку според својствата на српскиот јазик“. (споредба со Цепенков-кој ова го
правел по свој вкус)
Вук е заслужен и како проучувач на усната книжевност. Во предговорите на
своите збирки и во другите написи тој основал теорија и историја на народните
умотворби и дал методологија на процесот на нивното собирање и издавање.
Другата голема област од дејноста на Вук ја чини неговата работа на јазикот.
ВК е основоположник на српската филологија. Тој извршил неколку капитални

39
филолошки потфати без кои не може да се замисли ниту еден културен јазик. Ја
напишал првата граматика на српскиот јазик (1814, второ проширено издание 1818),
во која ги изложил јазичките правила „на оние Срби кои живеат по селата, далеку од
градовите“).
Вук бил и првиот српски лексикограф. Во соработка со Ј. Копитар, го составил
СРПСКИОТ РЕЧНИК (1818), кој содржел 26.000 зборови, главно од родниот крај на
Караџиќ. Второто издание, подготвено со помош на младиот филолог Ѓуро Даничиќ
(1852), соджи околу 47 000 зборови, собрани од поширокото јазичко подрачје.
Речникот на ВК не еобично лексикографско дело ами многу повеќе од тоа-тоа се смета
за енциклопедија на српскиот народен живот, во кој се опишани народните верувања,
обичаи, носии, внесени се исцрпни податоци за сопските краишта, за општествените
односи и национално-политичките прилики, за флората и фауната, за просветата и
училиштата, за оружјето и орудијата. Делото е и богато илустрирано со народни
умотворби: пословици, приказни, гатанки, преданија и стихови од лирски и епски
народни песни. Речникот претставува синтеза од целокупната дејност на ВК. Во него
се застапени сите гранки од неговата дејност: и филологија и етнологија и историја и
народни умотворби.
Со граматиката и речникот на народниот јазик, од една и збирките со народни
умотворби од друга страна, Вук дал црвста основа за решавање на два прашања кои
ги поставиле Доситеј и неговите следбеници, но практично не можеле да ги решат-
прашањето за воведување на народниот јазик во книжевноста и прилагодувањето на
словенската азбука на фонетските закони на српскиот народ. Во азбучната реформа,
ВК го довршил она што го започнале Сима Мркаљ и Лука Милованов и создал
современа српска азбука, заснована на фонолошкиот принцип („ПИШУВАЈ КАКО ШТО
ЗБОРУВАШ-ЧИТАЈ КАКО ШТО Е НАПИШАНО!“)
Во реформата на книжевниот јазик Вук имал претходник во Доситеј, но додека
Доситеј само истакнувал дека треба и зошто треба да се пишува на народен јазик, Вук
покажал како треба да се пишува на тој јазик.
Спротивставувајќи се на практиката на словеносербските писатели, кои
прозиволно ги мешале елементите на народниот и црковнословенскиот јазик, ВК го
поставил начелото дека-во книжевниот јазик може да се наоѓа само она што постои во
народниот говор. Таа идеја доживеала извесна корекција во неговите подоцнежни
трудови, особено во преводот на НОВИОТ ЗАВЕТ (1847), каде што внел голем број
црковнословенизми, кои меѓутоа, претходно ги сообразил според законите на
морфологијата и зборообразувањето во српскиот јазик.
По однос на дијалектната основа на книжевниот јазик, ВК се определил за
јужното, херцеговско наречје (денешен ијекавски говор), но допуштил можност секој
писател да пишува на своето наречје, т.е. со свој изговор.
Во критиката на книжевниот јазик на тогашните писатели и во полемиката со
многубројните противници, ВК изградил своја книжевно-јазичка мисла. Од критиката,
најважни му се двете негови „рецензии“ на романите УСАМЉНИ ЈУНОША и
ЉУБОМИР У ЈЕРУСАЛИМУ на Милован Видаковиќ (1815, односно 1817), со што ги
удрил и темелите на српската книжевна критика. Од многубројните полемики пак,
најпозната е 10-годишната полемика, вистинска книжевна војна со Јован Хаџиќ (1837-
1847). Основен предмет на критиката на Вук на тогашаната книжевност е граматичката
неусогласеност на јазикот на нејзините писатели. Совремните писатели Вук најмногу
ги критикувал заради тоа што мешаат два јазика-српски и црковнословенски и што
секој пишува според свој вкус, без правила и против правила, или како што тогаш се
говорело „според правилата на баба Смиљана“. „Во граматиката нема вкус, како ни во
аритметиката, ами тоа треба да се научи и да се знае“, им порачувал Вук на
словеносербските писатели.
Тргнувајќи од јазичниот хаос во книжевноста, тој критиката на граматиката на
тогашните писатели ја проширил со критика на новната логика, развивајќи ја притоа
Доситеевиот метод на слободно, критичко мислење. Разумниот човек треба да ги

40
работи сите свои работи „според правилата, според умот и според промислата“, тој во
сѐ мора да има „правила, макар какви и да се тие“, а во книжевната работа, најмногу.
Вук постојано истакнувал дека, правилно да се пишува значи правилно да се
мисли, дека хаосот во јазикот одговара на хаосот во мислите. Причината за таквата
состојба во книжевноста тој ја наоѓал во отуѓеноста на писателите од народот. Затоа,
за него, враќањето на книжевноста кон народниот јазик значело не само прифаќање
на граматичките правила на тој јазик туку и нејзино враќање на народот, на стварноста
на народниот живот и начинот на народното мислење и изразување.
На собирачката и филолошката дејност на ВК се надоврзуваат и неговите
етнографски и историографски тесктови. Откако го запизнал духовното творештво на
народоти неговиот јазик и сето тоа го приопштил на поширокатѕа културна јавност, тој
сметал за потребно да го запознае и самиот народ, неговиот живот верувањата,
обичаите, историјата, земјата која што тој народ ја населува. Во текот на целата своја
работа, тој препорачувал: „Напишете вие така како што мислите“.
За историските настани што ги опшувал, Вук пишувал како непристрастен
сведок, тој бил мирен, објективен и понекогаш ироничен набљудувач, кој повеќе гледа
подробности отколку целината. Сѐ за што говорел се сведува на обична човечка
мерка, во сѐ открива конкретни, колективни или лични мотиви и интереси на
учесниците.

41
8. СИМА МИЛУТИНОВИЌ САРАЈЛИЈА (1791-1847)

Како и Вук, од востанието произлегол и еден поет и историчар СИМА


МИЛУТИНОВИЌ (1791-1847), по потекло од Сараево, така што себеси се нарекувал
Сарајлија. Бил човек со немирен дух, скитник, работел сѐ и сешто, љубопитен но
недоследен, СМ оставил обемно и разновидно дело: големата епска песна
СЕРБИЈАНКА (1826) ВО 4 КНИГИ, повеќе епски песни, драмски дела (ДИКА
ЦРНОГОРКА, ОБИЛИЌ), лирски песни, космички епови, збирка народни песни
ПЈЕВАНИЈА ЦРНОГОРСКА И ХЕРЦЕГОВАЧКА, историски текстови и други творби.
Според вредноста, тие се нееднакви. Неовото најголемо дело СЕРБИЈАНКА,
претставува само стихувана хроника на востанието, во која не моменти се наидува на
вистинска поезија, а тогаш во нејзините 10-ци ќе се почувствува влијанието на
Његошевиот хероизам и гноми. Освен тоа, тој пишувал со замрсен јазик, полн со
кованици, кој современиците и покрај најдобрата волја не можеле секогаш да го
разберат. Според духот романтичар, носител на епската десетеричка традиција и
востаничкиот хероизам, тој, особено во подоцнежните дела, се повлијаел од
класицистичката мода на тогашната српска поезија, што само стилски ја зголемила
конфузијата на неговите дела.
Сима Милутиновиќ Сарајлија бил плоден писател, поет, историограф, драмски
писател, собирач на народни умотворби. Иако бил сестран уметнички талент, најмногу
е запаментен како поет кој се борел со јазикот и тоа таков кој е тешко да се вброи во
било каква класификација. Бил прв поет на српскиот романтизам и единствен српски
поет кој станал попознат по своите извонредни ученици, следбеници и подражавачи
отколку според своето дело. Негови ученици биле: Петар Петровиќ Његош, Бранко
Радичевиќ, Ѓура Јакшиќ, Лаза Костиќ, потоа и Момчило Настасијевиќ и Станислав
Винавер.
Се смета за една од најчудните појави во историјата на српската книжевност,
кој, и да не станел поет, веројатно ќе бил познат како сестрана, но и таинствена
личност од времето на востаничката и поствостаничката епоха.

42
Сима Милутиновиќ се занимавал со многу работи. Бил учител, поет, дипломат,
преведувач, пекар, секретар, земјоделец, ајдук и уште многу што. Како што ги менувал
занимањата, така и патувал и живеел на различни места, никаде не наоѓајќи го своето
постојано престојувалиште.

8.1. Животот на Сарајлија

Сима Милутиновиќ бил родум од Сараево, од татко трговец, по потекло од


Ужице. Од Сараево мигрирале уште во времето на неговото рано детство, бегајќи од
чума. Школувањето му било бурно и на поовеќе места: во Земун, Сегедин, Сремски
Карловци, од каде го исфрлиле заради бунтовништво, за потоа да продолжи да учи кај
некој приватен учител, по потекло Грк. Најпосле го напушта образованието и заминува
во востаничка Србија каде што се занимавал со различни дејности.
Неговото, еднаш започнато животно патување никогаш не завршило. Едно
време престојува во Видин (Бугарија), па заминува во Русија, оттаму во Германија,
повторно во Србија, па во Црна Гора. Цело време пишува, прави историографски
белешки, учи јазици. Освен мајчиниот, знаел и руски, бугарски, помалку и германски,
грчки и латински, а подобро ги владеел туркиот и унгарскиот јазик. Самиот факт што
бил полиглот во време кога во Србија едвај да имало образовани луѓе, доволне е
историјата да го памети.
Се оженик со Србинка од Будим, Марија, која и пред да го запознае била голем
почитувач и проучувач на неговата работа. Во Црна Гора поминал неколку години,
живеејќи на Цетиње, кај владиката Петар и како учител на внукот на владиката Раде,
идниот Петар II Петровиќ Његош.
Иако Сима Милутиновиќ имал енциклопедиско знаење, во животот бил многу
непрактичен. Така на пример, доаѓајќи во каменитата и малку плодна Црна Гора, тој
имал замисла едно парче земја да го искористи што повеќе и за една година да добие
три приноса. Бил решителен замислата да ја спроведе во дело, па најдлабоко во
земјата прво засадил компир, потоа над тој слој грав, а на површината пченица,
очекувајќи дека тие растенија ќе никнуваат едно по друго, кога ќе им дојде време. Се
разбира дека од тоа ништо не се остварило, така што тоа земјиште не родило ниту
едно од трите семиња, но затоа, тој негов потфат на потсмешливите Црногорци им
донел многу смеа.
Сима Милутиновиќ е еден од најчудните, најинтересните појави во српската
книжевност. Тој е роден авантурист кој никогаш не можел да се задржи на едно место
и за една работа. Роден е во Босна, оди во Србија, се бори во востание, лута по
Унгарија, Австрија, Германија, Хрватска и Далмација, оди во Црна Гора, престојува во
Бугарија, во неколку прилики оди во Русија. Во Србија се нарекува Сарајлија, надвор
од Србија се нарекува Србин, после престојот во Црна Гора – Црногорец. Тој во разни
моменти во својот бурен живот бил: трговец, војник, книжевник, чувар на градина,
учител, историограф, поет, апелационен судија, пивар, трговец со плаќања. Тој ништо
редовно и целосно не изучил, а се занимавал со сѐ и сешто: читал класични и
модерни песни и запишуваш народни песни, се подготвувал да пишува бугарска
граматика и водел политика во Србија. Во исти замав учел хомеопатија и филозофија,
пишувал стихови, измислувал нови ора, работел со кошници и со платно, основал
пивара.
Неговиот говор, јадењето, пиењето, костумот, лечењето, економијата и сиот
негов живот биле поезија, како што зџабележал Љубомир Ненадовиќ. Однесувањето
му било живо и итро. Мислите му биле како морски бранови. Ако со некој се спречкал
или од некој ако се навредил, после пет минути веќе имал заборавео. Не можел да
живее без друштво и без разговор, а едновремено ја љубел и самотијата. Лесен бил и
по однос на парите – кога ги имал ги подарувал на кој ќе стигне, не барајќи никој да му
го врати долгот. Ентузијазам, креативност и животна енергија никогаш не му
недостигале.

43
Умрел во 1847-та година во Белград, каде што последната година од животот ја
поминал како секретар во Министерстовото за просвета – многу историчари велат
како сиромав и болен.

8.2. Книжевната дејност на Сарајлија

Сарајлија бил плоден писател, поет, историограф, драмски писател, собирач на


народни умотворби.
Условно речено, тој бил првиот поет на српскиот романтизам, донекаде и
следбеник на Вук во борбата за правопис и народен јазик, но поет со толку
специфичен јазичен израз, каков што не се појавил во српската книжевност ни пред
него ни после него.
За прв пат во српската книжевна јавност се појавил со кратката песна „Српска
мома“: Српска мома/ил је дома/или код оваца, Радеч’ пјева/као шева/Милом својег
срца./О свирањем/ил играњем/Одговор јој даје/Да је тима/Љубве чин’ма/За себе обаје.
Пеел за српското востание против Турците, за љубовта, за луѓето и „космосот“.
Своите песни често ги ткале од зборови кои самиот ги измислувал, а синтаксата и
природниот распоред на зборовите во српскиот јазик ги прекројувал според свој вкус,
за така често да ја доведува во прашање сммислата на она за што пеел. На тоа треба
да се додаде дека, често, за настаните за кои пеел говорел само во алузија, која на
неговите современици и можела да и биде јасна, но за денешниот читател таквите
стихови се нејасни.
Милутиновиќ почнал да пишува многу рано, уште околу 1810, ако не и порано.
Главната негова поетска работа почнала од 1826 до 1844. Пишувал по класичен
модел и никогаш не можел да излезе од класичната митологија. Неговата поетска
работа е и голема и разнострана. „Зорица“ (Будим, 1827) содржи неколку алегориски и
лирски песни.Неговите лирски песни без поголема вредност ги издала Српска
книжевна задруга во Белград 1899. Како и сите поети од неговото време, пишувал и
доста повремени песни, особено политички.
Од Милутиновиќ останале две драмски дела: „Дика Црногорска“ (Цетиње, 1835)
и трагедија „Обилиќ“ (Лајпциг, 1837). Обилиќ е еден од најраните обиди во српската
книжевност да се драматизира косовска трагедија. Во Дика црногорска се
драматизирани главни епизоди на црногорската историја од Косово до владиката
Данило, тривековната историја на еден народ. Милутиновиќ пишувајќи ги овие драми
немал модел во српската книжевност, ниту му биле познати моделите од странските
книжевности. Драмите се подредени во епизоди, со многу фантастични, историски
неточни и темни места, и не само што не се наменети за играње (никогаш не биле
поставени на сцена) туку не се ниту за читање. Нивното значење е само книжевно –
историско. Тоа се раните драмски обиди во српската книжевност, со мотиви од
народното минато.
Сима Милутиновиќ бил најмалку повикан да работи на историјата. А тој на тоа
работел, и бил еден од првите историчари на обновената Србија и Црна Гора. Кнезот
Милош му ја дал титулата историограф. Тој го издал во Белград во 1835 делото
„Историја на Црна Гора од искони до новото време“. При пишувањето на тоа дело се
служел со народни преданија и народни песни и од некои писмени документи. Како
историограф на кнезот Милош ја напишал историјата на Второто востание, под наслов
„Историја на Србија од почетокот на 1813 до крајот на 1815 година“ (Лајпциг, 1837;
второ издание, Белград, 1888). Тој живеел во тоа време, учествувал и сам во тоа
востание, но не дал систематска и сигурна историја. Само во „Сербијанка“ дал корисни
податоци со кои подоцна историчарите и биографите се послужиле.
Сима Милутиновиќ е роден во крај и живеел во земја каде многу имногу добро
пеело. Тој народните песни ги знаел уште од детството. Патриот и романтична душа,
пријател на Вук Караџиќ, тој народната песна уште повеќе почнал да ја сака и цени.

44
Уште во 1817 во Видин запишувал народни песни. Во збирката „Неколку песни“
(Лајпциг, 1826) внел и неколку народни песни. Според еден запис на Вук Караџиќ,
Милутинивиќ отишол во Црна Гора за да купи песни. Добриот познавач на српската
народна поезија, Германецот Вилхелм Герхард велел дека го внел Милутиновиќ во
златните рудници на српската поезија. 1828 собирал за Вук Караџиќ народни песни во
Црна Гора. 1833 ја испечатил во Будим големата збирка „Црногорски и херцеговачки
песни“ (второто проширено издание излегло во Лајпциг, 1837). Тој тврдел дека овие
народни песни чисто и верно ги запишувал од устата на народот. За вредноста на
овие збирки постојат различни мислења: додека едни, како на пример Ватрослав
Јагиќ, тврдел дека Милутиновиќ е слаб и несигурен во работата, полн со невештина и
недоследности, други, како на пример А. Серензен ги сметаат народните песни
собрани од Сарајлија за важен документ за историјата на српската поезија, а
филолозите и’ даваат на оваа збирка златна дијалектолошка вредност. Во секој
случај, Сима Милутиновиќ е после Вук Караџиќ прв од новите српски поети кој ја
увидел вредноста на народната поезија и кој работел на нејзино собирање.
Создавал нови зборови како што се: razmoždavče, stijen, pogovjeti, umiralče,
svepodnožja, onokćen, nagromadno, nutrost и др., правејќи каламбури од стари српски и
руски зборови. Изведувал сопствена етимологија, така што зборувајќи за Марко Крале,
велел дека името Марко значи оној кој се грижи (мари), за мухамеданството (исламот)
велел дека е вера на сладострастието, по самото име на нејзиниот пророк Мухамед,
што значи мува која слетала на мед.
Имал чуден однос спрема работата-својата драма за Милош Обилиќ ја
напишал додека осум дена престојувал во некоја селска колиба, ништо не јадејќи,
само пишувајќе цело време.
Најпознато дело на Сима Милутиновиќ е „Србијанка’. Тоа е четири томна епска
поезија, во која тој се обидел да создаде епопеја за ослободувањето на Србија и Црна
Гора, а по урнек на Хомеровата „Илијада“. Првобитно, името на епот било „Србијада“.
Поврзувајќи го јунаштвото на античките јунаци со српските востаници, сакал да покаже
дека тоа, јунаштовото се’ уште живее во храбриот српски народ. Се претпоставува
дека епот го пишувал во договор со Вук Караџиќ, кој востаничката историја ја бележел
во своите прозни дела.

8.3. Сарајлија во Црна Гора

На духот на Сарајлија ниту една земја не била толку погодна и подобна како
Црна Гора во првата половина на 19-от век. Како што пишувал Љубомир Ненадовиќ,
во тоа време еден туѓинец, еден необичен човек пристигнал на Цетиње. Бил облечен
во долго палто, со херцеговски појас на половината и со мал нож брцнат во појасот.
Сите Црногорци што ги сретнал на патото од Котор до Цетиње го бакнувал, така што
сите се чуделе , бидејќи никогаш немале сретнато таков човек.
Образован и запознаен со современите светски случувања тој за Црногорците
бил вистинско откровение. Зашто имено, настаните кои во светот веќе биле застарени,
за нив биле новост. А бидејќи Сарајлија бил „движечка енциклопедија“, со задоволство
се собиреле околу него за да им раскажува за српското минато и историјата на другите
народи, за далечните, странски земји и за она што за тие земји имал чуено или и
самиот го доживеал. Учејќи го и воспитувајќи го идниот владика Његош и неговите
другари, им раскажувал за јунаците од старото време, како вчера да живееле, како со
нив лично да се познавал.
Неговите ученици со задоволство го слушале. Тој бил нивен другар и пријател.
Гусли, песни, гаѓање од пушка биле нивните заеднички забави. Заедно со својот
учител трчале, скокале, фрлале камење и се бореле. Тоа биле спартански игри кои го
крепат духот и телото и кои го јакнат јунаштвото.
Сарајлија ги пеел и отпеал битките и јунаците, а дошол во „земја од битки и
јунаци“.

45
Најзначаен дел од книжевниот опус на Милутиновиќ го чинат лирските песни,
особено оние кој ги испеал на почетокот на својата дејност, познати како „ВОДИНСКИ
ПЕСНИ“. И според изразот и според чувствата, тие претставувале новина во српската
поезија, тоа се први српски романтичарски песни, настанати во романтичарски
околности, кога поетот-скитник престојувал во Видин (1816), чувајќи го бостанот на
некој Турчин. Биле пишувани на речиси чист народен јазик, со малку или со ни малку
неологизми и црковнословенизми, со стих кој произлегува од прозодијата на
народната поезија, видинските песни сепак не претставувале имитација на народните
песни, туку автономен израз на авторот, прв српски обид да се создаде поетска
синтеза меѓу народната и уметничката поезија (К.Миладинов), меѓу домашните и
туѓите елементи, меѓу античката и сливенската митологија. Љубовните песни на Сима
Милутиновиќ-Сарајлија биле сосема невообичаени за тогашната српска поезија, не
само според јазикот и ритамот туку и според мислите и чувствата (МИЛО РОПСТВО,
РАЗВРАТ, ЉУБАВ ЈЕ ЖИВОТ, НЕПОЗНАТОЈ).
Во идиличната тишина на земниот рај, на кој му се воодушевувале Доситеј и
другите српски сентиментални писатели, Милутиновиќ внел разорна страст. Таа го
исполнува поетовото срце до крај, побудувајќи радост и тага, едновремено, возвишени
полети и паѓања во ништо. Обземен со огнот на љубовта, поетот заборава сѐ друго,
славата, јунаштвото, убавината на природата, а единствена утеха му била виното.
Љубовта за него е „мило ропство“, но и „земен рај“, надвор кој нема ништо вредно.
Космичките песни на СМС од видинскиот период донесуваат оригинална поетска
интерпретација на древните митолошки претстави и филозофски учења за
постоењето и устројството на свемирот, за човековата положба во него, за односот
меѓу духовното и материјалното, за деловите и целината за човекот и богот. Во нив се
сретнуваат мисли и слики кои подоцна Његош ќе ги развие во своите космички песни и
во епот ЛУЧА МИКРОКОЗМА.
Како поет со нееднаква вредност, СМС далеку го надминува она што дотогаш е
направено во српската уметничка поезија. Според жанровската и тематската
разновидност, тој е прв во низата значајни српски национални поети од 19 век,
претходник не само на својот ученик Његош, на кој извршил огромно влијание ами на
посреден начин и на Бранко Радичевиќ ЈЈЗмај и Лаза Костиќ. Освен тоа, СМС е прв во
низата експериментатори на српскиот поетски јазик, зачетник на една традиција која
до ден денеска не пресушила.

46
9. ОД КЛАСИЦИЗАМ КОН РОМАНТИЗАМ

После Мушицки и Милутиновиќ, а пред Бранко Радичевиќ, се јавуваат поголем


број поети чија ориентација е заедничка-тие ја чинат првата српска поетска школа, која
обично се нарекува „школа на објективната лирика“ или на „мирните чувства“.
Нејзините почетоци се наоѓаат во третата деценија на 19 век, кулминација достигнува
во 30-тите и 40-тите години пред новиот нран на романтизмот, во почетокот на 50-тите
доживува краткотрајна обнова, за после тоа неповратно да згасне. Нејзини
најистакнати претставници се: ЈОВАН ХАЏИЌ, ЃОРЃЕ МАЛЕТИЌ, НАКАНОР ГРУЈИЌ И
ЈОВАН СТЕРИЈА ПОПОВИЌ. Низ оваа поетска школа поминале и некои поети кои
подоцна ќе се приклонат кон романтизмот: Јован Суботиќ, Васа Живковиќ, Јован Илиќ,
Љубомир Недановиќ и др. Упориштето на школата е класицистичко. Таа се развива
под непосредно влијание на Лукија Мушицки, основен поетски жанр е панегиричката
ода (песна која возвишува во реторички стил) на Мушицки во „римски метар“, главен
класичен извор е Хорациј, кој во тоа време интензивно се преведува (Хаџиќ го превел
неговиот прочуен трактат за поетската уметност, 1827). На поетите од овој правец
влијеле и германските поети класицисти и предромантичари: Гете, Шилер, Колпшток,
Виланд, Геснер, Хердер и др. Гете и Шилер, покрај Хорациј биле највлијателни и
најмногу препејувани туѓи поети во 30-тите години. Естетичките расправи на Шилер
одиграле голема улога во обликувањето на книжевно-теоретските погледи на српските
класицисти, особено Ѓорѓе Малетиќ (1816-1888), кој бил најважниот критичар и
естетичар на овој правец.
Во едно, овие поети битно отстапуваат од својот учител-во својот однос спрема
народната поезија. Иако патриотски настроен поет, Мушицки се развил надвор од
секаков допир со српската народна поезија. Тој му помагал на Вук во собирањето на
народните песни, но сето тоа немало влијание врз неговото поетско создавање.
Неговите ученици пак, тежнееле кон тоа, народната песна да ја вклучат во својата
програма. Тие ја сфаќале во духот на идеите на Хердер и Шилер, како природна,
наивна поезија, која нејзините создавачи, народните поети ја создаваат „без никаков
труд и мака“. Но, над народната тие ја ставаат „учената“ поезија, над народниот пејач
учениот стихотворец, кој создава со помош на науката и според правилата кој разумот
ги пропишува. Во нивната поезија, паралелно со песните во класицистички манир се
јавуваат и подражавања на народните песни, претежно лирски. Јован Хаџиќ (1799-
1868), најдобриот ученик на Мушицки и најогорчениот противник на јазичната реформа
на Вук, отишол најдалеку во прифаќањето на народната поезија. Преведувал делови
од Илијадата во 10-ец, а Поетската уметност на Хорација ја превел во два метра,
паралелно во оригиналниот метар и во епски 10-ец. Освен оди и други класицистички
видови, негувал и песни во народен дух, и тоа со таков успех, што да може за некои од
нив да се поверува дека се напишани од Б.Радичевиќ или Змај. Во првата фаза и кај
Хаџиќ, како и кај другите поети од овој правец преовладува влијанието на Мушицки,
додека пак подоцна, тоа влијание сѐ повеќе се намалува: одата на Лукијан ја
истиснува народната песна, а „римсикот метар“ е заменет со народен стих и метар.
Повеќето од овие писатели, во своите подоцнежни фази, ако веќе не престанале да
пишуваат поезија, тогаш сосема го напуштале класичниот манир и настојувале да се
прилагодат на барањата на романтичарската школа.
Каков што бил случајот и со другите книжевности, во кои впрочем и подолго
траел, класицизмот во српската книжевност не дал големи поети. Единствен
претставник на овој правец кој зад себе оставил значајно поетско дело бил ЈОВАН
СТЕРИЈА ПОПОВИЌ. Но тој, своите современици ги надминувал и во другите
жанрови, посебно во драмата, каде што и неговиот придонес е најголем.

47
10. ЈОВАН СТЕРИЈА ПОПОВИЌ (1806-1856)

Во областа на драмската книжевност, после преработките и „посрбувањата“ на


туѓите драми што ги направил Вујиќ, во 3-тата деценија на 19 век дошло до создавање
изворна српска драма. На нејзините почетоци стојат три имиња: Јован Стерија
ПОПОВИЌ, СТЕФАН СТЕФАНОВИЌ и ЛАЗА ЛАЗАРЕВИЌ. Рано починатиот Стефан
Стефановиќ (1805-1826) ја напишал првата српска трагедија СМРТ УРОША V (1925),
дело во кое, покрај почетничката невештост има и силни драмски акценти, вистинско
трагично чувство, смисла за мешање на трагичното и комичното, на што се учел од
Шекспир, така што неговите драми и денеска се изведуваат. Лаза Лазаревиќ (1805-
1846), ја напишал историската мелодрама ВЛАДИМИР И КОСАРА и комедијата
ПРИЈАТЕЉИ (и двете во 1829).
Јован Стерија Поповиќ (1806-1856) е еден од најистакнатите и најсложените
книжевни творци на своето време. Роден е во Вршац, од татко Грк и макја Србинка. Во
гимназија стекнал солидно класично образование и се истакнал во правење стихови
по антички образец. По завршувањето на правните студии (1830) работел во Вршац,
најнапред како наставник по латински јазик, а потоа и како адвокат. Кога во Крагуевац
бил основан лицејот, бил повикан за професор. Во Србија живеел од 1840 до 1848,
рабтејќи најнапред како професор по природно право на лицејот, а потоа и како
началник на Министерството за просвета. Одиграл знаајна улога во организирањето
на просветата и културата во младото кнежество, учествувал во основањето на
Друштвото на српската словесност, народниот музеј и театар, пишувал школски
учебници од различни предмети. Незадоволен од приликите во кои ранотел, ја
напуштил службата (1848) и се вратил во Вршац, каде што живеејќо повлечено,
разочаран и болен, останал сѐ до својата смрт.
Книжевната работа на Стерија е мошне разновидна. Се пробал во сите области
на тогашната книжевност-бил романописец, комедиограф, трагичар, поет критичар,

48
училишен писател, а се занимавал, како и многумина тогашни книжевници и со
филолошки прашања. Во почетокот бил близок на идите на Вук Караџиќ, а подоцна се
приклучил кон конзервативната струја, така што последната книга ја објавил на
црковна кирилица. Во неговото дело дошле до израз сите стилски правци и тенденции
на таа хетерогена епоха: сентиментализмот, класицизмот, предромантизмот, а во
неговите најдобри комедии се доближил и до реализмот.
Таквата разновидност се изразила и на почетокот нанеговата книжевна работа,
кога уште како млад, објавил: еден еп посветен на Бугарија (1825), трагедиите
СВЕТИСЛАВ И МИЛЕВА (1827), МИЛОШ ОБИЛИЌ (1828) и НАОД СИМЕОН (1830),
потоа романот БОЈ НА КОСОВУ ИЛИ МИЛАН ТОПЛИЦА И ЗАРАИДА (1828). Во
романот, неговата кариера била најкратка. Трезвен и критичен, тој брзо ги увидел
лажноста и клишираноста на тогашниот српски псевдоисториски роман. Заради тоа,
еден сличен обид за роман, го остава во ракопис и пишува шеговитиот, пародичен
РОМАН БЕЗ РОМАНА (1838), своевиден обид за српски Дон Кихот, во кој го исмеал
главниот претставник на српскиот роман Милан Видаковиќ и воопшто, романите од
сличен тип, па и сопствените.
Најзначајното подрачје на книжевната работа на Стерија е драмата. Паралелно
пишувал историски трагедии, „жалосни позорја“, како што самиот ги нарекувал и
комедии-„весела позорја“.
Историските драми, иако според бројот и обемот ја надминуваат неговата
комедиографска работа, се помалку значајни од комедиите. Темите ги позајмувал од
српската, бугарската, македонската и албанската историја на средниот век, а
материјал наоѓал во Историјата на Рајиќ во народните песни. Во обработката се
чувствува влијанието на Шекспир. Ги поишувал на почетокот на својата книжевна
работа (до 1830) и во 40-тите години на 19 век. Подобри му се подоцнежните
историски драми, меѓу кои посебо се издвојува СМРТ СТЕФАНА ДЕЧАНСКОГ (1841),
ВЛАДИСЛАВ (1842) и ЛАХАН (1842). Во сите три обрабоил политичка тематика;
борбата за власт во средновековните јужнословенски држави, внесувајќи во таа слика
политички елементи од своето време и тешко, меланхолично расположение на зрел и
искусен човек. Своевремено, „жалосните позорја“ на Стерија биле мошне популарни
заради историската содржина и родољубивите тенденци. Во нив има претерана
сентименталност, тежнеење кон мелофрамски ефекти, недоволна мотивираност на
дејството и на карактерите.
Иако во критиката на тоа време подобро поминале „жалосните позорја“,
Стерија и самиот сфаќал дека „веселите позорја“ повеќе му „лежат“. Откако ја објавил
својата прва комедија ЛАЖА И ПАРАЛАЖА, тој му напишал на Вук Караџиќ: „Значи
после долго таклање и лутање, едвај излегов на правиот пат и се надевам дека нема
овој пат да скршнам“.
Комедиографската работа на ЈСП може да се подели на три периода.
30-тите години во Вршац тој ги пишува своите најдобри комедии: ЛАЖА И
ПАРАЛАЖА (1830), ТВРДИЦА ИЛИ ЌИР ЈАЊА (1837), ПОКОНДИРЕНА ТИКВА (1838).
40-тите, за време на престојот во Белград тој за потребите на театарот пишува
пократки шеговити драми и лакрдии кои биле изведувани, но не биле објавени за
време на неговиот живот.
Најпосле, последните години, повторно во Вршац, тој повторно се враќа на
сериозната комедија, внесувајќи во неа горчина на разочаран човек: БЕОГРАД НЕКАД
И САД (1853), РОДОЉУПЦИ (постхумно објавена).
ЈСП ја сфаќал комедијата дидактички. „Театарот е школа во која луѓето се
учат“, вели тој на едно место, а за своето дело вели: „Крајот на моето пишување беше
исправување(...) Мое е да го лечам родот мој“. Во сите негови комедии, дури и во оние
кои обично се вбројуваат во лакрдии, моралниот, дидактичкиот момент е толку
нагласен што понекогаш останува основен, конститутивен принцип на структурата, по
таков начин потиснувајќи ја комиката. Иако се потпирал на големата комедиографска
традиција (Молиер бил еден од пидателите кој го преведувал и на него се угледувал),
Стерија во многу што отстапувал од клаичната комедија, особено во завршетоците.

49
Кај него нема среќни краеви. Неговиот скржавец не ги добива парите назад, тој и
изигран и излажан, за по таков начин да сфати дека скржавењето е маана која
најмногу може да му штети на него самиот. И другите неморални личности се лечат со
сличен метод: Јелца од Лажа и паралажа ја присилува да се откаже од читањето
романи, Фема од Покондирана тиква со лага ја одбиваат од нејзиниот „ноблес“,
Султана од „Зла жена“ (1838) добива лекција со обилен ќотек. Во повеќето комедии на
Стерија се открива морална драма со три протагониста: заблуден лик, лажливец и
исцелител-резонер. Заблудените ликови се доведуваат до опаметување, а
лажливците бидуваат откриени и протерани. Како моралист, Стерија не се занимава
со општочовечките пороци туку исклучително со конкретни појави на своето време и
својата средина. Неговата комедија е непосредно општествена ангажирана. Таа го
разобличува погрешното воспитување, помодарството, снобизмот и другите маани на
српскиот малораѓански свет, се измева надриученоста на славеносербите и нивниот
„славјански јазик“. Дури и кога се занимава со универзални теми, како скржавоста,
лицемерието и сл., Стерија ги посматра од локална перспектива. Неговиот скржавец
Ќир Јања е Грк-Цинцар, типична појава во српската средина, а таа негова локална боја
е толку јака, што традицијата и го изменила насловот на комедијата од ТВРДИЦА во
ЌИР ЈАЊА. Најизразит пример на неговата ангажираност е политчко-сатиричната
комедија РОДОЉУПЦИ, која претставува непосреден оддек на настаните од
револуционерната 1848 „приватну повестицу српског покрета“, како што самиот
писател ја оквалификувал. Тоа е тешка и горка книга, единствена во својата пресметка
со националните и политичките лаги на тоа време и претставува природен завршеток
на комедиографијата на ЈСП, која од самиот почеток, спротивно на она што од овој
драмски вид се очекува, се покажувало малку ведрина и веселост.
Иако книжевната дејност ја започнал со стихови, ЈСП и како поет се искажал
целосно дури во последните години од својот живот. Ја објавил стихозбирката
ДАВОРЈЕ (1854) и повеќе песни во весници и списанија. Неговата поезија е
рефлексивна, дидактична, интелектуална. Таа содржи мачни размислувања на болен
и разочаран човек, кој се повлекол од јавниот живот. ЈСП пее за минливоста, за
бессмислата, за ништожноста, секаде и во сѐ глада пустош, уништување, смрт.
Воопштено гледајќи, Стерија наликува на човек што залутал во времето кое не било
негово. Објавена после смртта на Б.Радичевиќ и Његош, во времето кога со своите
први стихови се јавиле Змај и Ѓура Јакшиќ, книгата песни на ЈСП претставува
последен, но сепак, автентичен глас на едно минато време.

50
11. ПЕТАР ПЕТРОВИЌ ЊЕГОШ (1813-1851)

Книжевноста од овој период се одликува со спротивности и поларизации.


Имало повеќе обиди, на творечки и теориски план да се надминат таквите
спротивности, но вистинска, голема синтеза остварил едниствено црногорскиот
владика и владетел Петар Петровиќ Његош (1813-1851). Единствено тој успеал да го
спои тоа што изгледало неспоиво, Вишниќ и Мушицки, па по таков начин да постигне
нешто што во делото на неговиот учител Милутиновиќ е само навестено-на темелите
на народното творештво да создаде поезија со највисоки вредности.
Његош потекнува од семејство која повеќе од 200 години давала владици и
владетели во Црна Гора. Дтеството го поминал во родното село Његуши, до 1825, кога
чичко му, владиката Петар I, го зел во цетинскиот манастир, за да го воспита за
наследник. Школувањето му било кратко и нередовно. Едно време, негов воспитувач
бил Сима Милутиновиќ, кој едвај да можел да му пружи некакво систематско знаење,
но го поттикнал неговиот дух и фантазија и го вовел во светот на поезијата. После
смртта на неговиот чичко (1830), дошол на власт.
Како владика и владетел, Његош ги создал првите органи на државната власт и
од земја со сојузи ја племиња, каква што била до тогаш Црна Гора, создал модерна
држава. Преокупиран со напорите да создаде ред во земјата и да ѝ обезбеди
меѓународно признание, тој во цетињската осаменост сепак наоѓал време и начин да
се образува, да пишува и да работи на подигањето нанародната просвета. Научил
руски, италијански, француски, ги читал слободумните филозофи и поети, се
занесувал со револуцинерните идеи на епохата и сонувал за општонародно востание
против Турците. Неговите патувања првото патување во Русија во 1833, кога и бил
завладичен, второто во Русија во 1836, и двата пата со службено задржување во
Виена, престој во Виена во 1844 и 1847, патување во Италија во 1851 и др.) биле
секогаш не само политички туку и образовни. Таму стекнувал нови знаења, го
збогатувал своето поетско искуство, набавувал книги кои потоа ги читал. Во периодот
меѓу 1844 и 1848 ја достигнал полната творечка зрелост и како поет и како политичар.
Случувањата во револуционерната 1848 во јужнословенските земји ги доживеал со
надеж дека чукнал часот на ослободување на овие народи. Неговата ориентација во
тие години била јужнословенска. После тие години настапил период на разочарување

51
и тешка, неизлечива болест и, на крајот, прераната смрт во 1851. Погребан е на
Цетиње, а 4 години подоцна неговите мошти се пренеси на Ловеќен, во гробницата
која самиот ја изградил за време на својот живот.
Во својот поетски развој, Његош го ппфатил целиот тој период, од народната
епика преку класицистичките стремежи до романтиката. Почнал како народен поет со
низа песни „на народен јазик“, за локалните судири на црногорските племиња со
Турците. Потоа се приклонил кон класицистичкиот манир, но не го прифатил тогаш
владеечкиот „римски метар“. Пишувал во 8-ец и 10-ец оди за владетелите,
министрите, великодостојниците, пријателите (ПУСТИЊАК ЦЕТИЊСКИ, 1834),
напишал, исто така во 8-ец еден голем класицистички еп СВОБОДИЈАДА (1835), но не
го објавил. Преку класицизмот, дошол во допир со античката култура. Неговите
примери не биле како кај другите тогашни српски поети римски, туку грчки: Хомер,
Пиндар, трагичарите. Неговиот натамошен развиток покажува уште повеќе
автентичност. Његош на се свртел кон германските класицисти и предромантичари,
као што тоа го направиле учениците на Лукијан Мушицки туку кон помодерните
романтичарски стриу во Србија и Европа: ги читал француските поети Иго и Ламартин
(Ламртин и го преведува), се воодушевувал од Пушкин, на кој му ја посветува збирката
со народни песни ОГЛЕДАЛО СРПСКО (1846), БЛИСКИ МУ БИЛЕ ИДЕИТЕ НА Вук
Караџиќ, се потпира на поетското дело на Сима Милутиновиќ. Тогаш во полна поетска
зрелост, откако поминал низ школата на народната, класицистичката и
романтичарската поетика, тој ги создава своите големи поетски синтези-ЛУЧА
МИКРОКОЗМА (ЛАЧ НА МИКРОКОСМОСОТ, 1845), ГОРСКИ ВИЈЕНАЦ (1847) и
ЛАЖНИ ЦАР ШЧЕПАН МАЛИ (1851).
Његош не бил тематски разновиден, тој е во суштина битематски поет. Во
неговото творештво се изделуваат два главни тека, кои се движат паралелно: едниот
ја чини космичката судбина на човекот, а другата, историската судбина на Црна Гора.
Другите теми што ги опејувал, се подредени на овие две, основни. Неговите оди се
претежно политички мотивирани, сосредоточени на тогашниот актуелен момент во
Црна Гора. Неговата единствена љубовна песна, НОЌ СКУПЉА ВРЕМЕНА има
космичка и филозофска димензија. На еротскиот чин, кој е во нејзиното средиште му е
дадено апсолутно значење, какво што е во неговите песни од космичкиот круг
мисловното понирање во суштеството, а во песните од историскиот круг-хероизмот.
Почетокот на космичката поезија се наоѓа во песната ЦРНОГОРАЦ
СВЕМОГУЧЕМ БОГУ, прва песна во првата книга ПУСТИЊАК ЦЕТИЊСКИ. Подоцна
ги напишал и песните: ВЈЕРНИ СИН НОЧИ ПЈЕВА ПОХВАЛУ МИСЛИМА, ОДА СУНЦУ
СПЈЕВАТА НОЧУ БЕЗ МЕСЕЦА, МИСАО, ФИЛОСОФ, АСТРОНОМ И ПОЕТА и некои
други. Крајот и сентезата на овој тек е даден во религиозно-филозофскиот еп ЛУЧА
МИКРОКОЗМА. Во основата на сите овие негови дела лежи мислата за единството на
човекот и Богот, за човековата небесна предегзистенција, за неговата морална вина и
пад. Човекот овде не е обично земско суштество, создадено од земјата, туку е повеќе
небесно суштество, со божествено потекло, кому земјата му е само привремено
престојувалиште, места на отплаќање на казната и каење за вината, а негов вистински
дом е небото, од каде што потекнува и каде што треба да се врати. Његошевата
космичка поезија зборува за духовното враќање на човекот кон изворите, на
почетоците на своето постоење, враќање чија цел е, пред сѐ, сознанието, бидејќи
треба да донесе одговор на прашањето што е човекот и каква е неговата смисла во
космичкиот поредок.
ЛАЧ НА МИКРОКОСМОСОТ, средишното дело и синтеза на космичкиот
тематски круг, се состои од воведна песна, дадена во вид на посвета на Сима
Милутиновиќ и 6 пеења. „Посветата“ претставува филзофска песна за потрагата на
вистината за човекот, еден вид поетска духовна биографија. Мачен од тајната за
човековото суштество, поетот ги „вопроштава“ (=прашува?) земските мудреци, со
прашален поглед се свртува спрема расцветаната природа околу себе и ѕвезденото
небо над себе, но залудно, бидејќи одговорот не е надвор од него туку во него. До
него, до одговорот, доаѓа со умствено понирање во својот внатрешен бит, во својата

52
мисла, бидејќи мислата е искра на божественото во човекот, единствена врска меѓу
неовото небесно суштество и неговата земска егзистенција, таа е „лач на
микрокосмосот“, светлост на малиот, човеков свемир и едновремено знак на неговата
припадност кон повисокиот свет одкој паднал. Во првите две пеења таа идеја е
изразена во форма на алегорија: поетовата мисла, со сопствена сила се ослободува
од телесните окови и се вивнува во висините и, откако доаѓа до највисокот небо, пред
престолот на Творецот; таа, поетовата мисла се напојува од изворот на сеќавањето и
тогаш си спомнува за сѐ што некогаш, пред настанувањето на Земјата, се случило во
свемирот.
Во рамките на епската целина, алегоријата за космичкиот лет на поетовата
искра ја чини рамката на приказната за космичката драма на човекот, која почнува во
третот пеење. Нејзините главни протагониости се: Бог, сатаната, Адам; Бог, како
апсолутен господар на космичката држава на светлоста и неуморен творец на новите
светови (тој е, како што вели Његош, „творитељном зањат поезијом“), сатаната како
олицетворение на злото, кое во својата побуна ја изразува психологијата на
незадоволниот феудалец или племенскиот главатар кој не признава централна власт
и Адам, човек како личност помеѓу, која во почетокот застанала на страната на
побунетиот, за во одлучувачкиот момент да се покае, да го напушти и по таков начин
да придонесе за нивното паѓање.
Изграден на богата митско-религиозна и филозофска традиција, но оригинална
во основната замисла, Луча миккрокозма спаѓа во големите космогониски пеења на
човештвото. Како поетска творба таа е невоедначена, за разлика од другите творби на
Његош. Покрај врвните поетски достигнувања овде (каде што се издвојува мисловната
сосредоточеност на воведната песна, светлосните визии во првото пеење, потоа,
монолозите на Бог и сатаната во третиот дел, односно четвртиот, и особено
титанскиот дух на Сатаната), во неа има и слабистрани, особено во дескриптивните и
наративните партии.
ВТОРИОТ ТЕМАТСКИ КРУГ, ЦРНОГОРСКИОТ, всушност е прв според местото
и значењето што го има во поетското творештво на Његош. Поезијата што ја опфаќа,
поминала во својот развој низ три главни етапи: првата ја чинат песните „на народот“,
каде што Његош пее за одделните случувања и индивидуалните подвизи, втората-
епската историја, СВОБОДИЈАДА и нејзината прва, автентична и несочувана верзија,
ГЛАС КАМЕНИШТАКА, во која се изложува целата историја на црногорското војување
за слобода во 18 и првата половина на 19 век и третата-драмските епови ГОРСКИ
ВИЈЕНАЦ и ЛАЖНИ ЦАР ШЧЕПАН МАЛИ, во кои Његош повторно се враќа на
одделните случувања, ги проширува и драматизира, но во неговата обработка ја
внесува перспективата на целината, остварена во епските истории.
Во тие дела, особено во ГОРСКИ ВИЈЕНАЦ се согледува целиот Његошев
поминат пат и целата книжевна епоха во која ова дело се создало. На темелите на
народната песна од која и тргнал, Његош создал нова поетска форма, каква што не
постоела ниту во усната ниту во авторската српка литература, користејќи го притоа
целото свое поетско искуство, своето познавање на европската поезија од Хомер до
романтизмот, како и сѐ она што можела да му го пружи тогашната српка поезија и
нејзините најзначајни претставници Мушицки, Вишњиќ и Милутиновиќ.
Синтетичен во своите зафати во поетската традиција и современост, Горски
венец њ таков и според своите внатрешни, содржински и формални белези. Околу
еден настан од неголеми размери и непривлечен за поетска обработкакаква што е
истрагата по потурчениците, „историческо собитие“ во времето на владиката Данило,
Његош ја сосредоточил целата црногорска историја ги опеал најважните настани од
минатото, од времето на Немањичи до почетокот на 18.век, го насликал секојдневниот
црногорски живот, нивните празници и собири, ги дал народните обичаи, верувања и
сфаќања, ги прикажал соседните народи, Турците и Млетаците. Всушност, во Горски
венец, во неговите 2819 стихови, главно 10-ци, освен една вметната песна во 9-ци и
една тажаленка во 12-ци) нашле место три света, три цивилизации, кои се допирале и
преплетувале на ова тло-српко-црногорската, херојско-патријархална цивилизација,

53
чиј највисок израз е патријархалната Црна Гора; втората, турска, ориентално-исламска
цивилизација и третата, западноевропска цивилизација, олицетворена во Млетаците.
На таквата отвореност спрема народите и културите, на која не ѝ застанал на пат ниту
фактот што тие народи биле ѝ биле исконски непријатели на Црна Гора, треба да се
додаде и друга една отвореност на оваа епска поема во драмска форма-отвореноста
спрема природата и космосот. Таа добива различни облици, од фолклорните
посматрања на небеските прилики, преку микрокосмичките визии на владиката
Данило, до размислувањата на игуменот Стефан за космичкиот поредок, во кои
христијанската традиција се допира со модерните природонаучни претстави. Без
разлика за кој лик станува збор, за обичен војник или духовно лице, неговото
доживување е исполнето со чувството на бесконечното.
Упориште на акцијата во епот е народниот колектив. Народот, најнапред се
појавува во својето симболичко, историско единство како ОРО, а потоа идеолошки и
карактеролошки се разложува на одделни ликови. Ликовите во Горски венец
израснуваат од историската идеја чиј непосреден израз е даден во песните на орото.
Нив, пред сѐ ги одредува односот спрема таа идеја и спрема историјата. Ликовите
заемно се разликуваат најнапред според посебноста на тој однос, а потоа и според
своите лични особини. Во тој поглед, можат да се издвојат три клучни становишта кои
меѓусебно ја условуваат и ја чинат дијалектиката на мислите во Горски венец:
становиштето на главатарот, становиштето на владиката Данило и становиштето на
владиката Стефан. Главатарите се носители на колективното искуство на народот,
нивното мислење се засновува на традицијата и обичајот, нивниот став на
бесприговорното прифаќање на историските и националните идеи и херојските идеали
на колективот. На таа основа, тие се единствени, така што дејствуваат како едно
единствено мултиплоцирано лице/лик, додека пак, карактеролошките диференцијации
меѓу нив, иако мошне релјефни, во суштина внесуваат само нијанси и нагласки во тоа
темелно единство.
Владиката Данило и игуменот Стефан олицетворуваат различни етапи во
развојот на мисллата која го напуштила упориштето на традицијата и тргнала по
сопствен пат: владиката-судир со стварноста, првите искушенија и горчината на
сомнежот што ги носат првите сознанија, а игуменот-сигурност, спокојство и ведрина
на конечното сознание.
Сомнежот на владиката Данило е драмски мотиватор на дејството. Во
традиционалното епско гледање на светот таа донесува прашалност/дилема,
спорење. Мислата на игуменот Стефан претставува крајна точка во духовните напори
на ликовите од Горски венец да одоговорат на прашањата кои пред нив ги поставува
историјата. Таа мисла донесува разрешница на дилемата на владиката Данило, но и
на едно повиско ниво ја потврдува првобитната, народна мудрост на орото и
главатарот, филозофски е осмислена и придонесува за сладност со космичкиот
поредок.
Композицијата на Горски венец, иако отстапува од законите на драмскиот род,
има подлабока, филозофска заснованост. Основната тема на епската поема во
драмски облик, потрагата по потурчениците, Његош не ја развил во линеарна низа на
меѓусебно поврзани настани, туку околу неа опишал неколку последователни кругови
(=прстени), внатре во кои таа тема секогаш на нов начин е развиена. Горски венец
почнува како поетска визија, продолжува како политичко-историска драма, потоа
преминува во венец од епски слики од народниот живот, а завршува се призори
засновани на паралелизмот меѓу историските случувања и филозофските монолози на
игуменот Стефан. Во формален поглед, Горски венец е синтеза од сите три основни
родови поезија, со нивните видиву и подвидови, поетска енциклопедија во која се
опфатени сите поетски форми и сите видови срногорска стварност и историја.Тој спаѓа
во оние исклучителни поетски творби во кои како да е слеано севкупното искуство на
сите епохи во животот на одделни народи и цивилизации, исторско, поетско и
филозофско.

54
Предметот на ‘Горски венец’, сфатен конкретно како историски настан е
специфично српски, црногорски, национален, дури и локален.
Но, на тој, за времето и просторот врзан настан, со силен уметнички пробив во
човечекото и во човекот, Његош му дал општочовечко значење како борбата за
слобода, борбата против тиранијата (...) ‘борбата меѓу двата урагана’, како што еднаш
и самиот се беше изразил.
Во ГВ, Његош зема предмет од народната стварност и поставува прашања што
се блиски на неговото време, на неговиот народ и на него самиот.
Оваа епска поема во драмска форма (повеќе е еп, одошто поема) ги изразува
чувствата, мислите, маките и желбите на црногорскиот човек и народ.
Во средиштето на ГВ е легендата за потурчените Црногорци, настан од
минатото на црногорскиот народ, од времето на владиката Данило.
Основната идеја на ГВ е мислата за единството на црногорските племиња, на
црногорскиот народ, како услов за запазување на црногорската слобода и
независност, што била и основна тенденција на Његош како владетел.
Со тоа, макар и литературно, се означил почетокот на црногорската
ослободителна борба, која Његош ја поврзал со поширокаtа борба на српскиот народ,
од Првото српско востание и неговиот главен водач Караѓорѓе, кому и му се посветена
оваа творба.
Ослободителната мисла во ГВ се реализира преку осудата и борбата против
потурчените Црногорци, кои се сметале за директни спроводници на туѓинските
завојувачки планови и намери.
Владиката Данило, сѐ уште покажува сомнеж по однос на успехот…
Игуменот Стефан, старецот без очи, но во чие искуство се крие цел еден свет,
е далеку посигурен и тој е оној кој придонесува за универзализација на значењето на
ГВ.
Владиката Данило е повеќе носител на народните тежнеењa и стрепи за
нивното остварување.
Игуменот Стефан е мудрец, искусен, од кого зборува животното искуство. Тој
повеќе кажува општи, универзални вистини, за разлика од владиката Данило.
Присуството на трите света: православен, исламски и католички е
дополнителен елемент што го потврдува не само космополитизмот на Његош туку и
неговата исклучителна книжевна ерудиција и интуиција
Потенцирање на големината на татковинското тло, на родната земја и
потребата таа да биде слободна.
Голем еп за слободата, против тиранијата. Во него на едноставен, совршен
начин е споено националното со универзалното-црногорската слобода и исконската
човекова потреба да се биде слободен...
Делата на Његош после Горски венец претставуваат продолжување на
претходните, но и отворање на нови можности во Његошевото поетско создавање.
ЛАЖНИОТ ЦАР ШЧЕПАН МАЛИ е најобемно од сите три големи негови дела, а
најмалку е познато и намалку ценето меѓу нив. Критиката можеби и премногу ја
нагласува неговата бласкост со Гоески венец, така што не е секогаш во состојба да ги
согледа новините кои ги донесува.
Напишан во драмски облик како и Горски венец, Шчепан мали има повеќе
драмско во себе од претходните дела, и тоа не само заради формална поделба на
„дејствата“ и „појавите“ туку и заради тоа што на таа поделба ѝ одговараат различни
поразвиени драмски засновани дејсва и ликови.
Тематскиот интерес на делото е поместен од надворешниот на внатрешниот
план на црногорската стварност, од борбите против Турците на внатрешните судири
во Црна Гора, предизвикани од изненадната појава на „царот“ во црногорската
средина. Во ова дело има помалку поезија отколку во Горски венец, но затоа има
повеќе конкретна стварност и секојдневен живот, повеќе реализам и критичност во
сликањето на однесувањето на единката и колективот. Во неговата мисловност нема
толку висока сентенциозност/сентенцијалност (ова можам да го објаснам со мојот

55
текст за Горски венец) ниту пак ниверзални теми, но затоа има практична животна
мудрост во изобилство. Во него, во сликата на црногорскиот хероизам, внесена е
комична димензија. Ако Горски венец е романтичарска херојска поема во драмски
облик, Шчепан Мали е херојска комедија (Исидора Секулиќ во него видела дури и еден
вид „граѓански театарски продукт“), или скршнување на Његош од романтизмот кон
реализмот.

56
12. РОМАНТИЗАМ

Во 1847 г., најзначајната година во српската литература на 19 век се појавиле 4


книги кои значеле триумф на народниот јазик: преводот на Новиот завет од Вук
Караџиќ, Његошевиот Горски венец, книгата ПЕСНИ на Бранко Радичевиќ и
расправата „Војна за српскиот јазик и правопис“ на Ѓуро Даничиќ. Тоа била историска
средба на најзначајните претставници на двете книжевни епохи. Вук и Његош,
централните личности на претходната епоха, во овие свои книги дале завршен облик
на севкупната своја дотогашна работа: Вук во создавањето книжевен јазик на народни
основи, а Његош во создавање на уметничка поезија на темелите на народната песна.
Паралелно со нив, се појавуваат двајца млади писатели, Бранко Радичевиќ во
поезијата, а Ѓуро Даничиќ во филологијата. Со нив, двете клучни прашања на времето
на Вук, прашањето за литературниот јазик и уметничката поезија ќе влезат во нова
фаза од својот развој.
Периодот кој ќе започне во знакот на реформата на Вук, ќе донесе полна
победа на романтизмот како книжевне правец. Додека претходно се јавува само како
една книжевна тенденција на епохата, како битна одлика на неколку истакнати творци,
сега, романтизмот станува основен белег, стилска доминанта на целиот период.
Постојат и други значајни разлики меѓу првиот и вториот бран на романтизмот.
Романтизмот на Вук и Његош, донекаде и оној на Сима Милутиновиќ, се јавува на
фолклорна основа, како непосредно продолжение на народноо творештво. Во него
дошле до израз револуционерниот востанички хероизам и сфаќањата на српското
патријархално општество. Во поезијата, тој покажува допирни точки со класицизмот,
кој бил владеачки стил на епохата.
Романтизмот на Б.Радичевиќ и на неговите следбеници се јавува во развиена
граѓанска средина меѓу унгарските Срби и како спротивност на класицизмот, кој тој од
самиот почеток одлучно го отфрла, како увезен, имитирачки и во суштина непоетски
правец. БР се надоврзува на една друга значајна струја на претходната книжевност,
повеќе на лисрки и поетски обоениот сентиментализам, кој им бил туѓ на раните
српски романтичари.
Поинаков е неговиот однос и спрема народната поезија. Граѓанскиот
романтизам на БР не е 10-теречки како оној на Његош. Јуначкиот 10-ец, како основен
метрички инструмент на епископатријархалната култура, кој во Његош, како најголем
претставник на таа култура го добил својот врвен израз, надвор од своите рамки ја
губел својата животворна основа и се протворал, пред сѐ во облик на имитирање на
народната поезија. На БР и на подоцнежните романтичари, многу поблиска им била
метрички разновидната народна лирика, но не толку патријархалната Вуковска
„женска песна“, колку онаа полуселанска-полуградска поезија, која на Вук не баш
многу му се допаѓала. Народната песна е само еден од изворите во творештвото на
романтичарите. Развојот на романтичарската поезија, и наспроти повремените
враќања кон народната песна како упориште, всушност, покажува перманентна
тенденција на оддалечување од народната поезија и едновремено приближување кон
европските поетски текови. Тоа се изразило на сите планови на поетската структура,
во тематиката, во изразот, во версификацијата. Особено се значајни метричките
иновации на романтичарите, пред сѐ воведувањето на јамбскиот стих. Јамбот не
одговара на трохејската природа на сппскиот јазик, така што, по правило, не се јавува
во народната поезија. Романтичарите го градат на вештачки начин и со тоа
предизвикуваат цела една мала револуција во српксиот стих. Имитирањето на 10-ецот
и другите облици на народниот стих од една, и воведувањето на јамбот, од друга
страна - тоа се двете спротивни точки кој го обележуваат распонот, внатре во кој, се
развива и остварува српската романтичарска поезија.

57
11.1. Романтизмот од 40-тите години

Во српската поезија од 40 год. на 19.век, и пред појавата на БР, се чувствуваат


извесни тонови и тежнеења кои дури во поезијата на Радичевиќ ќе добијан потполн
израз. Одделни поети-тоа сенајчесто безначајни и денеска заборавени поетски
имиња-ги отфрлаат класичните калапи и пишуваат поезија слободно и спонтано за
народот, за природата, за саканата, во стих кој е или народен или е близок до
народниот. И некои истакнати писатели кои почнале како класицисти, се приклонуваат
кон бранот што доаѓа и почнуваат да пишуваат во народен дух. Меѓу нив, најзначајни
се ВАСА ЖИВКОВИЌ (1819-1891), поет на лесни, мелодиозни и заради тоа и многу
популарни песни со љубовни и родољубиви мотиви и особено ЈОВАН СУБОТИЌ
(1817-1886). Суботиќ, прв од значајните српски писатели од унгарска средина прв се
определува за реформата на Вук, ја прогласува српската народна песна за основна
национална поезија, па и самиот почнува, иако без многу талент, да пишува лирски и
епски песни во народен манир (во негово време, најмногу сепрославил со епот КРАЉ
ДЕЧАНСКИ, напишан во епски 10-ец). Образован и начитан, упатен во најновите
појави во европската книжевност, Суботиќ, според своите критички натписи од 40-тите,
а помалку според својата поезија, бил еден од иницијаторите на романтизмот во
српската литература. Создавал во сите книжевни жанрови. Освен песни, пишувал и
романтични историски новели, историски драми, се пробал во романот, но никогаш не
се издигнал над просечноста. Тој е претставник на првиот, предбранковски,
подражавачки стадиум на српскиот романтизам, кога српските поети, извежбани во
имитирањето на класичната и германската поезија, почнале исто така верно и
предадено да ја имитираат народната песна.Имитирањето на народната поезија ќе се
задржи и натаму, но пред сѐ како највисок, речиси вонлитерарен облик на српската
романтика (Јоксим Новиќ Оточанин, Јован Сундечиќ и др.)

58
13. БРАНКО РАДИЧЕВИЌ (1824-1853)

БРАНКО РАДИЧЕВИЌ (1824-1853) одлучно расчистил не само со застарениот


класицизам туку и со нетворечкото имитирање на народната поезија. Иако роден во
Славонски брод, тој и интимно и поетски е поврзан со Сремски Карловци, каде што ги
поминал своите наубави училишни денови. По завршувањето на гимназијата оди во
Виена (1843), каде што најнапред стурдира право, а потоа медицина, не завршувајќи
го ни едното ни другото. Во Виена дошол во поблизок контакт со европската, особено
со германската романтика, што ќе одигра значајна улога во неговото формирање.
Покрај Бајрон, кој и за БР и за другите романтичари бил голем предизвик, на него
влијаеле и доцните германски романтичари, а особено Уланд, поет на балади. На
поетското расположени на БР влијаело и неговото зближување со Вук Караџиќ и Ѓуро
Даничиќ, како и влагувањето на Вук во виенскиот книжевен круг. Вук го упатил на
домашните извори, му го открил богатството на народната поезија, како онаа од
неговите збирки така посредно и оние кои поетот ги понел со себе од својот сремски
крај. Тоа двојно влијание, Вук и народната поезија, од една и европската романтика од
друга страна, се чувствува во севкупното дело на БР, така што во двете негови збирки
песни, објавени за време на неговиот живот (1847, 1851) преовладува ориентацијата
на Вук, додека третата, објавена постхумно (1862), откриве еден поинаков, но не
помалку автентичен поет.
Во својата лирика, БР е поет на елементарните чувства, близок на
анимистичкото и пантеистичкото поимење на светот. Неговите наједноставни песни се
градени според образецот на лирската народна песна, во нив е дадена некаква
рудиментирана фабула, некакво дејство кое секогаш се случува во слободната
природа и чии протагонисти се обично саканата и саканиот, момче и девојка, или еден
од нив двајца кој копнее за другиот. Во таквите минијатурни лирски приказни спаѓаат
некои од неговите најпознати песни: ДЕВОЈКА НА СТУДЕНЦУ, ПУТНИК НА УРАНКУ,
РИБАРЧЕТА САН, и др. Тие се полни со радост, ведрина и наивна детска зачуденост
пред најобичните нешта, безгрижни, мили и едновремено младешки раскалашњни и
сетилни. Привлечноста на тие песни е толку неодолива што понекогаш целиот поет,
неоправдано се поистоветува со нив. Кај БР, меѓутоа, има песни кои се и посложени и
според конструкцијата и според чувствата кои во нив се дадени. Тие не се наративни,
во нив чувствата не се изразуваат со посредство на фабулата туку непосредно преку
слика. Во критиката се наречени „чисто лирски песни“. Во повеќето од тие песни

59
преовладуваат стажни тонови и мтачни, елегични расположенија. Овде, БР не е
повеќе поет на животната радост, ами поет на тагата, смртта-елегичар. Смртта и
претчувството на смртта ги мотивирале неговите најдлабоки песни: ЈЕДНА ДРАГА,
КАД МЛИДИЈАХ УМРЕТИ, БОЛЕСНИКОВ УЗДИСАЈ. Радоста и тагата, животот и
смртта, дитирамбот и елегијата-тоасе спротивностите и едновремено заемно
поврзаните расположенија и теми на поезијата на БР. Негови најчести мотиви се
разделбата и оддалечувањето, патот и патувањето. Разделбата кај него секогап е
поврзана со претчувството на смртта.
Иако изразит лирски темперамент, БР во текот на целата своја поетска работа
покажувал склоност спрема поголемите поетски композиции. Неговите најзначајни
остварувања од поголем формат се лирските пеења: ЃАЧКИ РАСТАНАК и ТУГА И
ОПОМЕНА, како и сатиричната песна ПУТ.
Ѓачки растанак и Туга и опомена, двете најдобри остварувања на БР, се
наоѓаат на спротивни полови на неговото дело. Ѓачки растанак нѐ воведува во
најтесниот роднокраен круг на поетот. Разделбата е двократна, родокраен и ученички.
Прекрасниот карловачки предел од Дунав до Стражилово го исполнува првиот дел од
поемата. Загледан во него поетот се простува од омилените места, кои го потсетуваат
на нешто блиско и дамнешно. Простувањето и сеќавањето се двете лирски теми кои
музички се сменуваат. Во вториот дел доминира големото ученичко оро, кое
претставува песна во песна, интонациски остварена на поесбен начин, во ритамот на
разиграната сремска потскокнувалка (=поскочица). Во орото наизменично се
сменуваат љубовните и јуначките пеења, во кои се повикуваат најславните јунаци од
националната историја, а паралелно со нив, низ нив струи радосниот народен живот.
На крај, ученичкото оро прераснува во симболичко оро на братството, во кое се
повикуваат сите јужнословенски народи. Ѓачки растанак е испеан во римуван 10-ец;
него, особено во ората, го заменуваат пократки стихови кои го забрзуваат ритамот на
излагањето.
Туга и опомена открива еден поинаков поетски свет и на поинаков начин. Тоа е
поголема лирска композиција испеана во октави, кои, со исклучок на неколку последни
10-ички стихови, дадени се јамбски 11-ец, прифатен од германската поезија.Во
основа, песната е банална љубовна фабула за двајца вљубени, тој заминува на некое
друго место, овде ја заборава саканата а кога се враќа во родниот крај веќе не ја наоѓа
жива. Оваа фабула БР ја обработил во различни варијанти, во десетина свои
романси, пишувани по углед на Уланд и други германски поети (ДВА КАМЕНА, ДРАГИ,
ЈАДИ ИЗНЕНАДА). Во Туга и опомена, оваа фабула е надградена со љубовни мотиви,
природа и музика. Најмногу место ѝ е отстапено на природата. Сите промени во
љубовната приказна ги следат адекватни случувања во природата. На крајот од
поемата, саканата е поистоветена со природата. Таа му се јавува на јунакот во сон, во
моментот кога природата се буди од зимското мртвило и почнува нов живот, а
нејзината појава ја следи музиката на оживеаниот предел. Времето што го опфаќа
фабулата се совпаѓа со годишниот циклус на природата. Така, оваа поема од
сентиментално-љубовна приказна прераснува во митска поема за природата, за
нејзиното умирање и повторно раѓање.
Пред сѐ ликрик, БР немал многу успех во епската поезија. Неговите херојски
поеми (ГОЈКО, ХАЈДУКОВ ГРОБ, УРОШ, СТОЈАН) во кои се чувствува двојното
влијание, на Бајрон и српската јуначка епика, значајни се само според фрагментите од
лирски карактер. Подобри му се лирските Бајронистички раскази во стих,
УТОПЉНИЦА и ОСВЕТА, поврзани според сижето, полни со необичност, таинственост
и мистика. Најобемно и најзначајно негово епско дело е незавршената поема
БЕЗИМЕНА, широко романсиерски заснована, своевиден обид за роман во стихови,
која пружа реалистично-хумористичка слика на животот на српските студенти во
Виена. Оваа поема претставува своевидно свртување на БР од романтизмот кон
реализмот, кој, заради неговата прерана смрт (живеел само 31 година), останал само
големо невестување.

60
На книжевното поколение на БР припаѓаат уште неколкумина писатели кои
создавале според слични претпоставки како и поетот на ЃАЧКИ РАСТАНАК, или пак во
својот подоцнежен развој ќе бидат под негово влијание.
Другарот на БР од виенските денови ЃУРО ДАНИЧИЌ (1825-1882), најголемиот
српски филолог од 19 век, соработник и на Вук Караџиќ, автор на пионерски трудови
од различни филолошки дисциплини, книжевноста ја задолжил најмногу со својот
класичен превод на СТАРИОТ ЗАВЕТ (1969).
Раскажувачот БОГОБОЈ АТАНАЦКОВИЌ (1826-1858), исто така пријател на БР,
најзначаен по романот ДВА ИДОЛА (1851), со тема од револуцијата од 1848. Ова е прв
српски роман од современиот живот, а според своите стилски белези претставува
изразито романтичарско дело. Неговиот јунак е исклучителен Бајроновски лик,
идеалист и сонувач, кој не наоѓа место во животот.
Со БР другарувал и ЈОВАН ИЛИЌ (1823-1901), прв поет роден во Србија.
Почнал да пишува под влијание на сентиментално-дидактичката поезија од
предбранковската епоха, а подоцна се пренасочил кон народната поезија и бил нејзин
најдаровит поддржувач, еде вид фолклорен артист. Во позните години се прославил и
како источњачки поет (ДАХИРЕ, 1891). Неговите источни песни не се плод на
лектирата туку и влијание на домашната, муслиманска поезија, особено босанските
севдалинки. Ја напишал идиличната поема ПАСТИРИ (1868), во која обработил еден
фолклорен мотив, преземен од текствоите собрани од Вук.
ЉУБОМИР НЕНАДОВИЌ (1826-1895), син на Прота Матеј, чиј МЕМОАРИ ги
објавил, покрај БР е најистакнатиот и еден од најплодните писатели на тоа книжевно
поколение. И тој почнал во духот на предбранковската традиција, а во поезијата
останал до крај рефлексивен, моралист Доситеевски поучен, повеќе стихотворец
отколку вистински поет. Многи е позначајна неговата работа на патеписот. Ненадовиќ
е најголем српски патописец, основоположник на овој книжевен вид во кој подоцна,
меѓу писателите на 20. Век, ќе добие неколкумина значајни следбеници. Од неговите
студентски патувања по Европа ќе настанат неговите први патеписи, ПИСМА ИЗ
ГРАЈФСВАЛДА (1850) и ПИСМА ИЗ ШВАЈЦАРСКЕ (1852), полни со ведрина, хумор,
интересни доживувања, поетичниспоред основното расположение, слободни, со
композиција разбиена со мноштво дигресии, кои и во подоцнежните негови патнички
писма ќе бидат главна одлика на неговиот патеписен стил. Негово главно дело е
ПИСМА ИЗ ИТАЛИЈЕ (1868-69), интересно особено заради ликот на Његош што е
даден во него. Средбата со Његош во Италија, разговорот со него, неговите мисли,
изреки, заедничките доживувања, анегдотите за него, податоците за неговото дело-
сето тоа го прави овој патепис извонреден, книга која е неопходна за запознавање на
ликот на Његош и неговата поезија. Блиска на оваа патеписна книга се и ПИСМА ИЗ
ЦЕТИЊЕ ИЛИ О ЦРНОГОРЦИМА (1889), во која исто така многу се зборува за Његош,
но и за подоцнежните црногорски владетели. Освен тоа, оваа книга содржи
мноштвозанимливости за црногорскиот живот, обичаите, живи ликови, драматични
настани. Во нив е дадена идеализираната романтична слика на Црна Гора и
Црногорците, кај кои ги возвишува не само храброста туку и речитоста, мудроста и
високото морално чувство.
Во поинакво расположение се пишувани порано настанатите ПИСМА ИЗ
НЕМАЧКЕ (1874), книга на болен и разочаран човек, исполнет со чувство на празнина,
осаменост, досада и бесцелност на современиот живот. Дидактичен и просветителски
настроен во својата поезија, слободоумен Европеец во раните патеписи, а воодушеве
национален романтичар во книгите за Његош и Црна Гора, Ненадовиќ во Писмата из
Немачке е најблизок до чувството на замор, заситеност и бессмисла, кое ќе преовлада
во книжевноста на преодот од 19 во 20 век.

61
14. РОМАНТИЗМОТ НА МЛАДИНСКОТО ДОБА

Б.Радичевиќ останал осамена појава во поезијата на своето време. Тој умреле


прерано за да може да ја дочекапобедата на својот правец. Во почетокот на 50-тите
години на 19 век, во српската поезија сѐ уште е на сила школата на „објективната“
лирика, која својата поетика ја засновувала на имитирањето на класичните и
германските поети. Иако во опаѓање, таа школа, во тоа време ја дава една од своите
најдобри поетски книги ДАВОРИЈЕ на ЈОВАН СТЕРИЈА ПОПОВИЌ, а нејзин
најистакнат теоретичар е ЃОРЃЕ МАЛЕТИЌ, кој ја пишува ТЕРОИЈАТА НА ПОЕЗИЈАТА
(1854) и РЕТОРИКА 91855), школски книги засновани на класицистичкото сфаќање на
книжевноста.
Но, едновремено, се јавуваат и гласови со спротивни барања.
ЈОВАН РИСТИЌ (1831-1899), подоцна моќен државник на Обреновиќевска
Србија, на германски јазик го пишува освртот за српската литература (Die neuere
Literatur der Serben-1852), во којкако главна одлика на современата книжевност го
истакнува нејзиното ослободување од странските влијанија и проткајувањето на
националниот дух, а како главни претставници на тој правец-Бранко Радичевиќ Јован
Илиќ и Његош.
Друг идеолог на романтичарското движење е ЈАКОВ ИГЊАТОВИЌ, подоцна
реалист, во програмската статија „ПРЕГЛЕД НА КЊИЖЕСТВО“ (1857), изнесува
слична мисла: треба да се ослободиме од слепото подражаање на странските
пистаели и да создадеме српска книжевност на национални теми и со национален
стил.
Младата генерација писатели кои ќе ја довршат поетската револуција на
Б.Радичевиќ и ќе ја создадат српската рмантичарска поезија, ќе се појават во
последните години од животот на Радичевиќ (Змај, во 1852, Јакшиќ во 1853, а нешто
подоцна и Лаза Костиќ, во 1858). Оваа поетска генерација ќе злавладее со книебната
сцена во втората половина на 19. век. Дури тогаш ќе дојјде до целосна промена на
стиловите, романтизмот ќе стане доминантен стил на епохата, така што и некогашните
поети-класицисти, ќе се обидат да се прилагодат на барањата на новиот правец.
Својот најголем процут романтизмот ќе го доживее во 60-тите години, за веќе во 70-
тите да почне да му го отстапува местото на реализмот.
Книжевно средиште на српскиот романтизам и воопшто на севкупниот културен
живот на тоа време е Нови Сад, т.н. „српска Атина“. Овде, од Пешта е пренесена
Матица српска (1864), основан е театарот, овде излегувале најголем број списанија
(покрај ЛЕТОПИС, уште и: СЕДМИЦА, ДАНИЦА, МАТИЦА, ЈАВОР). Во Белград, кој бил
другиот книжевен центар, излегувало списанието ВИЛА.
Се чини дека секој книжевен период има неколку клучни прашања околу кои
писателите и книжевните работинци се собираат и разидуваат. Во времето на Доситеј
тоа бил прашањето на просветувањето, во времето на Вук народниот јазик, а во
периодот на романтизмот тоа ќе биде политиката.
Целокупната српска романтичарска книжевност е проткаена со политика, а низа
нејзини претставници одиграле значајна улога во политичкиот живот. Горчливите
искуства од 1848 и разочарувањето во националната политика на српскиот црковен
врв, но и од политиката на виенскиот двор спрема Србите и другите поробени под
Австрија народи, оставиле неизбришлива трага на целиот тој период. Основен белег
на романтичарската политика се: српскиот национализам, граѓанскиот либерализам,
антиклерикализмот и антиавстриско расположение. Носител на новите национално-
политички и книжевни тежнеења била младината. Во големите центри каде што
студирале српските млади луѓе се основале ученички дружини (Преодница во Пешта,
Зора во Виена), кои станувале средиште на политичкиот и книжевниот живот на
младината. Од тие дружини, на младинското собрание во Нови Сад во 1866 се

62
основала Обединетата младина српска, движење кое потоа се пренело во Србија и во
други краишта каде што живееле Срби. Во основата на младинската програма се
наоѓала идејата за ослободување и обединување на српството, која ќе ја обедини
младината од сите краишта и ќе удри печат на целокупната романтичарска
литература.
Книжевните претпоставки на романтизмот биле разнолики: јазичната и
културната реформа на Вук Караџиќ, поетската реформа на Бранко Радичевиќ,
народната поезија, европското влијание. И влијаниејата, исто така биле различни:
германската поезија, особено на Хајне, Петефи и пошироко, унгарската романтичарска
поезија, Бајрон и Бајронизмот, Шекспир и др. Основен белег на романтизмот е –
лиричноста. Кратката лирска песна, по содржина најчесто љубовна, патриотска или
мисловна е главниот жанр на романтичарската поезија, но на лирското начело му биле
подредени и другитедва основни книжевни жанри на романтизмот: поемата (синтеза
меѓу лирското и епското) и поетската драма (синтеза меѓу драмското и лирското). Со
лиризам е проткаена и романтичарската проза, која ја претставува споредната област
во книжевноста од овој период.
Главни претставници на романтизмот на младиснкото доба се тројца поети:
Јован Јовановиќ Змај, Ѓура Јакшиќ и Лаза Костиќ.

63
15. ЈОВАН ЈОВАНОВИЌ ЗМАЈ (1833-1904)

ЈОВАН ЈОВАНОВИЌ ЗМАЈ (1833-1904) зазема централно место не само во


епохата на романтизмот туку и во целата книжевност од втората половина на 19 век.
Најмалку романтик меѓу своите поетски другари, тој повеќе од сите нив бил врзан за
домашната традиција и одреден од неа. Бранко и народната поезија- тоа се двете
претпоставки на неговата поезија. На ова треба да се додадат и другите традиции во
српската книжевност: граѓанската лирика, дидактиката и морализмот на класицистите
и објективните лиричари, Доситеевото просветителство и др. Но, од друга страна, како
ретко кој поет, Змај бил отоворен и спрема разновидните влијанија. Неговата голема
преведувачка работа, која опфаќала мноштво поети, од најголемите до сосема
безначајните, од различните литератури, ја покажуваат не само ширината на неговиот
интерес туку и битната присутност на поезијата на другите народи во неговото дело.
Како и кај Доситеј, и кај Змај не може да се подвлече јасна граница меѓу преведеното и
оригиналното.Отвореноста, приемчивоста, асимилаторската моќ – тоа се некои од
основните белези на неговата поетска индивидуалност.
Роден е во угледно новосадско семејство, според менталитетот и сфаќањата
предодреден за еден мирен и среден граѓански живот. Студирал нередовно најнапред
право (в Виена Прага и Пешта), а потоа медицина во Пешта. Дипломирал на медицина
(1870), па работел како лекар од општа пракса, честопати селејќи се од едно место во
друго (Нови Сад, Панчево, Карловци, Футог, Белград, Загреб, Виена). Патријархален и
семеен човек, најголемиот семеен поет во српската книжевност, Змај бил несреќен во
сопствениот сеемен живот: сите деца му умреле во првите години од нивниот живот, а
после 10-годишен брак, ја изгубил и саканата жена (1871). Оттогаш, па до својата
смрт, живеел сам. Последните години ги поминал во Сремска Каменица, каде што
умрел и каде што е погребан.
Почнал со поезија, како и другите романтичари, но тој е единствен што до крај
останал верен на тој основен жанр на епохата. Кај него наме херојски поеми како кај
БРадичевиќ, Јакшиќ и Костиќ, ниту пак поетски трагедии како кај последните двајца.
Поголеми епски и драмски форми се јавуваат во неговиот опус само меѓу преведените

64
дела. Ако не се земат предвид една безначајна едночинка и извесен прој
раскажувачки искуства, делото на Змај го чини непрегледно мноштво песни со
различна должина, меѓу кои, по правило, најдобри се лирските песни. Од книгите
поезија што ги објавил, најважна е ИСТОЧНИ БИСЕР (1861), ЂУЛИЋИ (1864) и
ЂУЛИЋИ УВЕОЦИ (1882), двете меѓусебно поврзани збирки со интимна лирика, потоа
ПЕВАНИЈА (1882), зборник со севкупната негова дотогашна поезија, после која
следувала ДРУГА ПЕВАНИЈА (1895/96), СНОХВАТИЦЕ (1895, 1900), каде што се
сместени неговите подражавања на народната поезија.
Основата на тоа опсежно дело ја чини интимната лирика. Таа е сосема
автентична според својот карактер. Кај Змај е понагласено семејното чувство отколку
љубовното. Како семеен поет, тој е поблизок до народната поезија, во која семејното
чувство е едно од главните. Во основата на интимната лирика на Змај се наоѓа и
чувството на поврзаност, единство, стопеноста со своите, со жената, со семејството, а
во продолжението на ЃУЛИЧИ, и со српскиот народ и целото човештво. Тоа чувство
има своја еволуција од пораните песни,преку Ѓулиќи и Ѓулиќи увеоци, до неговите
позни/доцни песни. Во раните, предѓулиќевски песни, се чувствува тивка тага,
меланхолична осмаеност, копнеж и љубов. Меланхоличната, тажна нота
карактеристична е и за првите Трендафилчиња: „Мрачни, кратки дани/суморно
јесење“-тоа е расположението во чиј знак почнува книгата. Дури кога ќе се појави таа,
неименуваната сакана, тоа расположение почнува постепено да се губи, а со
јакнењето на нивната врска израснува во спротивно, ведро, радосно расположение, за
во моментот на нивното соединување, брачното, силно чувство на животна радост од
поетовото срце да го „зафати“ сиот свет: „Ал је леп овај свет“. Во заднината на
Трендафилчиња е поетовиот интимен роман: неговата љубов, женидбата, среќниот
семеен живот. Книгата има карактеристики на поетски лирски дневник или дури и
лирски роман за љубовта. Свенатите трендафилчиња се надоврзуваат на
Трендафилчиња. Првата книга е инспирирана од љубовта спрема најблиските, а
втората од смртта на најблиските. Чувството на длабока поврзаност со блиските
смртта не го прекинува туку само му дава нов облик. Тоа почнува со со неизмерна тага
заради загубата на најсаканите личности, а завршува со спојување со нив,
привремено, во сон, и целосно, во смртта: „Кроз смрт само ваља проћи-па ћу с' и ја с
њима слити“. Тагата и болката, на сличен начин, како и радоста во првата книга, се
пренесуваат на целиот свет. Од тој спој на внатрешното расположение и сликата на
надворешниот свет, настанале некои од најубавите и најдлабоки свенати
трендафилчиња („Ох, како је сиво, тамно“,м „Моје небо јер је мутно“, „Мртво небо,
мртва земља“), во кои е дадена ирационална, нирванистичка визија на светот,
доживувањето на ништото (ништавило), непостоењето, губењето на сѐ во мртвилото.
Во подоцнежните песни на Змај, болката се стишува во резигнираното,
филозофско продлабочено помирување со неизбежното („Откиде се једна мисо“,
„Крила и окриља времена“, „Јесен“).
Интимната лирика го чини помалиот дел од поетскиот опус на Змај. Во голем
дел од своето творештво, Змај е поет на колкетивна инспирација, длабоко ангажиран
во национално-политичките, општествени и културни случувања на своето време.
Многу критичари ја драматизирале разликата меѓу неговата интимна и јавна поезија,
жалејќи што Змај го расипал својот талент на дневните потреби и што не останал до
крај лирски поет. Факт е меѓутоа дека, во мноштвото песни на Змај со колективна
инспирација има и извонредни, како што и во неговата интимна лирика има помалку
успешни и слаби песни. Самиот Змај, пред сите свои критичари ја почувствувал таа
противречност во својата поезија и ги покажал нејзините вистински причини. Во
песната ЈА БИХ БИО (1875), тој зборува за тоа каков би бил поетот ако времето било
малку поразлично, и каков морал да биде во своето време. За Змај, поезијата не е
кула од слонова коска, која на поетот му слуши само како закрила и упориште од
светските метежи, зашто суштината на песната е во нејзината свртеност спрема
светот и луѓето. Таа мисла ја изнел во својата програмска песна ПЕСМА О ПЕСМИ и
таа е во основата на неговата поезија. Најпозната песна на Змај е СВЕТЛИ ГРОБОВИ,

65
карактеристична е токму по оа негово активистичко сфаќање на животот. Во оваа
песна е изразена вербата во прогрес творечката поврзаност меѓу генерациите,
неуништивоста меѓу идеалите, единството меѓу животот и смртта, гробот и колевката,
а акцентот на песната е во улогата на големите луѓе во вечното тежнеење на
човештвото спрема повисоките цели: нивните гробови, како и кај Његош, светат во
помрачените векови.
Како поет на колективна инспирација, Змај оставил огромен број песни од
различни видови: родољубиви, политички, сатирични, дидактички. Родољубивата
лирика му е помалку значајна. Трезвен и реален, Змај повеќе бил упатен на
сегашноста отколку на минатото, повеќе го привлекувала современата политичка
стварност отколку роматичарските соништа за некогашната слава и величина. Тој е
изразит политички поет, творец на српската ангажирана поезија. Својата поетска
дарба ја ставил во служба на напредните движења и идеи на своето време, бил поет
на Обединетата младина и Народната партија на Милетиќ, неговата поезија содржи
стихувана историја, поетска хроника на најважните политички случувања од тоа
време. Таа е најчесто дневна, весникарска, стихувана журналистика, без поголеми
дострели.
Многу позначајна е неговата сатирична поезија.Во таа смисла, Змај како
сатиричен поет стои рамо до рамо со Змај лирикот. Тој е творец на српската
сатирична песна како што подоцна Радое Домановиќ ќе биде творец на српскиот
сатиричен расказ. Предмет на сатирата на Змај се различните деформации во
тогашниот српски политички, општествен, национален, културен и книжевен живот,
како што биле на пример, туѓинското воспитување на српската младина (Билдунг),
гушењето на политичките слободи (Песма једног најлојалнијег граѓанина), односот на
власта спрема народот, полтронството, кариеризмот, политичкото однесување на
истакнати современици, итн. Сатирата на Змај ги допира монархијата и светот што неа
ја опкружува. Такви се некои од неговите најдобри сатирични песни: Мајушни Брцко,
Јуен-Јуен-Мен Јуен, кинески цар, Песма при роѓенју једног принца, Јутутунска јухахаха
Јутутунска народна химна. Јазикот на сатирата на Змај е специфичен и се разликува
од јазикот на неговата лирика. Полн е со говорни пресврти, сирови изрази и фрази од
секојдневниот и новинарскиот јазик. Овде Змај, и во темите и во изразот е најблизок
до она што може да се нарече реализам во поезијата.
Третото големо подрачје на творештвото на Змај го прави неговата поезија за
деца, со што најмногу се занимавал во последните години од својот живот. Во песните
за деца Змај го опфатил целото детство-од колевка до момчештво/девојчинство, со сѐ
она што му припаѓа на детскиот свет: игри и играчки, животни, односот спрема
возразсните, итн. Во нив дал богата и разновидна галерија од детски ликови. Главната
одлика на песните за деца од Змај се: префинетиот лиризам кој ги приближува до
неговата рана љубовна поезија и убавиот свет во Трендафилчиња, смислата за
уживање во стварноста и душата на детето, едноставиот, лесен непосреден израз
достапен до децата и едновремено привлечен за возрасните.Змај е основоположник и
на српската поезија за деца и нејзин најзначаен претставник. Неговите песни за деца
имаат, меѓутоа и пошироко значење. Тие не се само специјалистичка, наменска
поезија туку и особена форма на на поетскиот, лирски јазик, со кој на нов начин се
изразени основните прокупации во творештвото на Змај. Во неговиот книжевен
развиток тие се јавуваат како негова последна поетска обнова. Бидејќи ги исцрпел
своите можности во лирската и сатиричната песна, Змај во сублитерарната,
полупоетска-полупедагошка форма на песната за деца нашол нови поетски мотиви и
формални можности.
Змај лиричарот, Змај националниот бард и сатирик, чика Јова, омилениот поет
за деца- сето тоа се составни делови на ликот на ЈЈЗМАЈ, така што може да се рече
дека се тоа тројца поети во една личност, од кои секој има особена тематика, посебен
поетски јазик и стил. А внатре во секој од неговите основни кругови е изразено истото
тежнеење кон разновидноста, која е присутна во сите слоеви: во темите, емоциите,
поетската форма, стихот, метриката, строфата, композицијата на песната. Пишувал

66
лесно и брзо, понекогаш не се трудел многу околу формата и изразот така што има кај
него и доста незграпности и немарности, но нема повторување и монотовнија.
Најблиска до народната метрика и народниот јазик, поезијата на Змај не само што
стекнала голема популарност меѓу најшироките читателски кругови туку и дала значае
придонес во развитокот на српскиот поетски израз и извршила силно влијание на
поезијата од втората половина на 19 век и раниот 20 век.

67
16. ЃУРА ЈАКШИЌ (1832-1878)

Најзначаен романтичар меѓу поетите од младинското доба бил Ѓура Јакшиќ


(1832-1878), многустран според својата уметничка надареност. Бил сликар, поет,
раскажувач и драмски писател. Роден е во банатското село Српска Црња, во
родољубиво свештеничко семејство. Како 16 годишно момче, учествувал во
револуцијата од 1848. Школувањето му било нередовно. После третиот клас, ја
напуштил гимназијата и се посветил на сликарството. Учел од разни приватни
учители, една година поминал во сликарската работилница на Константин Днаил. За
да го изучува сликарството, патувал во големите европски сликарски центри, Виена,
двапати и Минхен, но не успеал да заврши ниту една сликарска школа. Најголемиот
дел од животот го оминал во Србија (од 1857 со прекини). Работел како учител и
наставник по цртање по разни места во внатрешноста на Србија, живеејќи во
постојана оскудица, со големо семејство кое не можел да го прехрани, во постоја
судир со заостанатата средина, навредуван и прогонуван, апсен, отпуштан од служба.
Состојбата донекаде му се подобрила после доселувањето во Белград (1872), каде
што добил работно место-коректор во државната печатница.
Како поет, ЃЈ одел по сопствен пат. Влијанието на Б. Радичевиќ и народната
поезија кај него многу помалку се чувствува отколку кај другите романтичари. Својата
поетска работа ја почнал под влијание на Петефиј, кој до крај останал негов најдраг
поет.
Како и Б. Радичевиќ, и Ѓура Јакшиќ во епските песни бил под извесно влијание
на Бајрон. Од домашните поети, на него влијаел година дена помладиот Змај, со кој
другарувал во Виена во почетокот на 50-тите. Во поетското формирање на ЃЈ значајна
улога има неговото занимавање со сликарство. Меѓу неговите песни и слики постојат
не само мотивски туку и подлабоки стилски сродности. Пиктуралноста, острите,
Рембрантовски контрасти меѓу светлоста и темнината (Рембрант бил негов омилен
сликар), колористиката која се остварува со густината од епитети и метафори-тоа се
некои од особините на поезијата Јакшиќ со кои таа се доближува до неговите

68
сликарски платна и кои го издвојуваат меѓу другите поети на тоа време и го прават
специфична појава во српската поезија на 19 век.
ЃЈ се пробал во сите поетски родови: во лириката, во епиката и во поетската
драма. Лириката по обем му е најмала, но по вредноста таа е најзначајниот сегмет од
неговото поетско создавање. ЃЈ бил пред сѐ лирик, дури и во епската и драмската
поезија, па и во расказите. Во лирските песни тој главно ги надминува рамките на
српскиот романтизам. Поетското јас-татковината и народот, природата-тоа се
основните теми не само во лириката на ЃЈ туку и во целата српска романтичарска
поезија
Неговиот пристап кон тие теми е специфичен. ЃЈ е најличниот меѓу поетите на
романтизмот, неговата лирика е тесно поврзана со неговата судбина и со приликите
во кои живеел. Длабокото лично незадоволство од животот споено е во неговите
песни со типично романтичарски конфликт меѓу силната, исклучителна
индивидуалност и средината што го опкружува. Поетското јас е во состојба на
постојано завојување со светот, меѓу него и другите нема и не смее да има никаков
човечки допир, никаков дијалог. Во своите крајности, тој став се изразува или во
чувството на горда осаменост на поетот, во неговиот титански, прометејски пркос (Ја
сам стена) или во гневното апострофирање на другите, во фрлањето поетска анатема
на светот (НА КОЛЕНА, ЂУТИТЕ ЋУТ' ТЕ, ПОДАЈТЕ БРАЋО, ЈЕВРОПИ, КАЛУЂЕРИ).
Поетовиот говор овде е повеќе реторски отколку лирски, тој е во постојан пораст,
градација, без спуштања и паѓања, во пркосно, титанско стремење нагоре. Пркосот и
заканата се само гранични, но не и афективни состојби од кои извира лириката на ЃЈ.
Во други негови песни изразени се помеки, повеќе лирски чувства: тага, очај, потреба
за човечка топлина, љубов и убавина, копнеж за мир и спокојство во прегратките на
природата. Во тие песни, а меѓу нив се наоѓаат некои од најубавите (МИЛА, НА
НОЋИШТУ, НЕБО МОЈЕ, ПОТОК ЖУБОРИ, КРОЗ ПОНОЋ), и во оние во кои
поетовото отфрлање на светот е дадено повеќе посредно (СТАЗЕ, ПОСЛЕ СМРТИ,
ОРАО), поетскиот говор се стишува, станува лирски мек, нежен, мелодиозен,
понекогаш певлив, како кај БРадичевиќ, само многу подискретно. Поетовото тежнеење
за другите останува најчесто без оддек, поетот болно ја преживува својата осаменост,
недотатокот од вистински дијало тој го надоместува со фиктивен дијалог како што е
тоа случај во двете негови најпознати песни-НА ЛИПАРУ-во која води разговор со
птиците и ПОНОЋ, каде што на својата несреќна судбина се жали пред сенката на
одамна умрената мајка. Дури и во моментите на предавање на среќата, останува
некаква вознемиреност пред непознатите закани, среќата која ја доживува е болна,
опасна, разорна. Напнатото, растреперено исчекување на нешто непознато,
таинствено, заканувачко, стравот и онеменоста пред некоја опасност што се
приближува-тоа е основната афективна ситуација. Таа непосредно дошла до израз во
неколку негови најдобри и најлични песни: ПОНОЋ, КРОЗ ПОНОЋ, ВЕЛЕ, НОЋ У
ГОРЊАКУ, БРАТОУБИЦА. Во врска со тоа се и некои мотиви и слики кои се
провлекуваат во различните негови песни. Ноќта и уште повеќе полноќта, мигот кога
исчезнуваат сите гласови на животот, кога од длабоката тишина допираат знаци на
таинствени и заканувачки движења-тоа е типичната атмосфера на ЃЈ. Јакшиќ е поет
на ноќта, тој е полноќен поет, како што БРадичевиќ е поетот на денот и светлоста.
Карпата, каменот, како облик на крајна неподвижност, но истовремено и симбол на
одбраната и пркосот, е еден од основните елементи на имагинацијата на ЃЈ. Тие се
јавуваат (карпата и каменот), како метафора на ставот, личен и национален. Поетот се
чувствува како карпа, во која се кршат сите злоби и пакости на светот (Ја сам стена).
Татковината е исто така карпа „што претећ сунцу дере кроз облак“, граничен камен кој
стои на стража, од него се разбиваат главите на туѓинските освојувачи (ОТАЏБИНА),
Стражата, стражарењето, стражарите, -тоа е нов вид трансформација на овој мотив.
Стравот преоѓа во будност и претпазливост, исчекувањето на опасноста во одбрана,
во чување на својот и туѓиот мир. Таа тема ја поврзува неговата лирика со другите
видови на неговото творештво.

69
Оваа тема (стражата и трансформацијата како тема/мотив) се јавува и во
неговите подолги епски песни (СТРАЖА, СТРАЖАР, КАРАУЛА НА ВУЧКОЈ ПОЉАНИ),
во расказите (НА МРТВОЈ СТРАЖИ), на сликарските платна (КАРАУЛА).
Епиката на ЃЈ, покрај епските песни, опфаќа и неколку херојски, Бајроновски
поеми: НЕВЕСТА БАЈА ПИВЉАНИНА, МУЧЕНИЦА и др., во кои вредни се главно
само лирските фрагменти.
ЃЈ напишал три трагедии во стих: СЕОБУ ДРБЉА (1863), ЈЕЛИСАВЕТУ (1868) и
СТАНОЈА ГЛАВАША (1878), од кои првите се во епски а другте две во лирски, јамбски
интониран 10-ец. Темите се историски: во првата е даденомдоаѓањето на Србите од
прататковината Бојка на Балканот, во втората-Црна Гора, пред крајот на 15 век, во
борбите меѓу Истокот и Западот, турското царство и млетачката република, во
третата-Србија меѓу двете востанија од почетокот на 19 век. Заедничка основа на сите
три е судирот меѓу хероизмот и предавството, со што ЃЈ му се приближува на Његош.
Нивните слабости се во недоволната историска и реалистичка заснованост на
ликовите и дејството, а силата име пред сѐ во лиризамот и во драмските судири и
ситуации. Чиста драмските вредности на ЃЈ честопати се запоставувале во критиката.
Според Скерлиќ, „Јакшиќ лиричарот секаде го спасува Јакшиќ драматичарот“. Се
заборава, според Јован Деретиќ, дека лириката на Јакшиќ исто така извира од острите
конфликтни ситуации, дека таа сета е во драматичен грч и патетика, што го направила
Јакшиќ, за разлика од сите други романтичарски поети најподобен за драма. Неговите
трагедии, особено последните две, се чинат повоедначени од оние на Лаза Костиќ и
спаѓаат меѓу најголемите дострели на српската сериозна драма.
Раскажувачката дејност на ЃЈ, иако според својот квантитет ја надминува
поезијата, според вредноста заостанува зад неа. Раскажувачката проза на ЃЈ е пред
сѐ историска. ЃЈ е еден од најраните и најплодните српски раскажувачи, главен
претставник на спркиот романтичарски расказ.
Во тематиката на неговите раскази се чувствува постепена еволуција од
историјата кон современоста, од романтизмот кон реализмот. Најраните романтично-
историски раскази се со тема од средниот век, полни со претерување од развличен
вид (СИН СЕДОГА ГАМЗЕ, НЕВЕРНА ТИЈАНА). Подоцна, преоѓа на современа
тематика и пишува за неволјите на селаните во Војводина и Србија и за други
општествени појави (СИРОТА БАНАЋАНКА, СРПСКО ЧОБАНЧЕ, КРИВОСЕЧКА
МЕХАНА и др.), но притоа сепак го задржува романтичарскиот пристап и стил. Во
водите на реализмот е најмногу во сатиричниот расказ КОМАДИЋ ШВАЈЦАРСКОГ
СИРА (1871) како и во неколку социјални песни (РАТАР, ШВАЉА), настанати под
влијание на движењето на Светозар Марковиќ, кој Јакшиќ го прифатил, како единствен
меѓу романтичарите.

70
17. ЛАЗА КОСТИЌ (1841-1910)

Третиот поет од романтичарската младинска тријада ЛАЗА КОСТИЌ 1841-1910)


е несомнено, најконтроверзната личност во српкста поезија, поет од кого книжевната
критика направила случај. Од своето книжевно поколение бил повеќе славен отколку
што сфатен, така што тој на старост дочекал речиси сеопшто оспорување, па и презир
во книжевната јавност. Тројцата најистакнати српски критичари Љубомир Недиќ,
Богдан Поповиќ и Јован Скерлиќ, различни според погледите и методите, биле
единствени во порекнувањето на овој поет. Полна книжевна афирмација Костиќ
доживеал дури после смртта. Модерните поети и критичари после Првата, а особено
после Втората светска војна, во него виделе свој духовен претходник, зачетник на
модерната српска поезија.
И во животот и во поезијата, ЛК постојано отстапувал од секојдневното и
вообичаеното. Важел како пример за бизарен, ексцентричен и раскалашен
романтичар, кој во сѐ што работи сака да биде поинаков од останатите, издвоен,
оригинален. Во тое, некои виделе генијалност, а други шарлатанство.
Меѓутоа, овој поетски фантаст бил најобразован меѓу поетите од
романтичарскиот круг и еден од најучените Срби во 19 век.
Роден во Ковиљ крај Нови Сад во офицерско семејство, ЛК по завршувањето
на гимназијата, студирал право во Пешта и станал доктор на правни науки (1866). Бил
познавач на класичните и модерните јазици, најголем полиглот после Доситеј. Знале
грчки, латински, германски, француски, англиски, руски, унгарски, на сите тие јазици
читал, од некои преведувал, а на германски, француски и латински и пишувал. На
неговото интелектуално образование најголемо влијание ималла хеленската
книжевност и филозофија: Хомер, Есхил, Хераклит и др. Единствен елинофил меѓу
романтичарите, тој бил и прв Шекспироман меѓу нив, писател кој најмногу придонел за
подигање на култот на Шекспир во српскиот романтизам, најзначаен српски
преведувач на англискиот драматичар во 19 век. Хеленизмот, Шекспир и српската
народна поезија-тоа се трите основни претпоставки на делото на ЛК.
Во младоста, ЛК бил еден од младинците-првенци, активен во секојдневниот
политички живот, пратеник на српските собори и во пештанскиот парламент, апсен
заради политичките активности, бунтовник, апологет на српството. Во позните години
тој доживува трансформација: разочаран во националните идеали на својата
генрација, тој се одвојува од напредното движење, од своите другари и некогашни
соборци и влегува во таборот на клерикалците и конзервативците, што е една од

71
причините за неговата непопуларност и оспорување во последниот период од
неговиот живот.
Како и Јакшиќ, и ЛК се претставил со својата многукратна надареност, но на
еден поинаков начин. Бил поет, драмски писател, есеист, новинар, преведувач,
книжевен и театарски критичар, естетичар, филозоф. Во едно се разликува од
романтичарите и се приближува на една страна до класицистите, а на друга до
модерните поети, според своите научно-теориски, естетички и филозофски
преокупации.
ЛК е поет и фолозоф, кој и самиот говорел дека дека „нема поет без мислител
ниту вистински мислител без фантазија“. Во неговото дело се тесно поврзани
поетската имагинација и поетската рефлексија, создавањето поезија и
размислувањето за поезијата. Неговата научно-теориска работа доаѓа после
поетската.
Најголемиот дел од своите песни ги напишал меѓу 1858 и 1870 година, од
истиот период е и неговата драма МАКСИМ ЦРНОЈЕВИЌ (1863-напишана, 1868-
објавена). Од средината на 70-тите па до својата смрт напишал мал број песни, главно
пригодни и помалку значајни, но и својата најубава песна Santa Maria della Salute
(1909), како у две драми, ПЕРА СЕГЕДИНАЦ (1882) и ГОРДАНА (1890). Во тој период,
неговата есеистичко-критичарска и филозофска работа е многу покарактеристичка од
поетската. Во овој период ЛК ги напишал најголемиот број свои критички прикази и
огледи, како и три пообемни труда: естетичката расправа ОСНОВА ЛЕПОТЕ У СВЕТУ
С ОСОБЕНИМ ОБЗИРОМ НА СРПСКЕ НАРОДНЕ ПЕСМЕ (1880), филозофскиот
трактат ОСНОВНО НАЧЕЛО. КРИТИЧКИ УВОД У ОПШТУ ФИЛОЗОФИЈУ (1884) и
големата монографија О ЈОВАНУ ЈОВАНОВИЌУ ЗМАЈУ (ЗМАЛОВИ), ЊЕГОВОМ
ПЕВАЊУ, МИШЛЕЊУ, ПИСАЊУ И ЊЕГОВОМ ДОБУ (1902). Во своите расправи и
есеи Костиќ главно ги развива истите идеи кои претходно ги изнел во своите песни.
Мислата дека поезијата се раѓа од занесот кој претставува ирационална состојба меѓу
сонот и јавето (таа мисла ја чини основата на неговото сфаќање за поезијата) ЛК
најнапред ја изнел изразито уметнички во програмската песна Међу јавом и међ сном
(1863), за дури подоцна теоретски да ја претстави во полемичките осврти на
естетичките идеи на Светозар Марковиќ и Чернишевски, а особено во книгата за Змај,
која во целост е засонована на тезата за разликата „меѓу минливиот народен занес“ и
„вечниот исконски занес поетски“. Идејата за народната песна, како основа на
српската поезија и естетиката, изразена е исто така во другата програмска песна Међу
звездама (1872), која во јубилејното издание на ПЕСНИТЕ на ЛК (1909), го зазела
местото на „ПРОГОВОРА“, за потоа во неговите „ОСНОВИ ЛЕПОТЕ“ да добие
теориско образложување. Начелото на вкрстување на спротивностите, кој според
Костиќ е основен принцип на космичкиот поредок на нештата, почетна точка на
неговата филофија, исто така е изразено најнапред на поетски, а потоа и на
филозофски начин. Присутно во сите негови песни и драми, тоа најпотполн,
парадигматичен израз добива во Хераклитовската химна ПЕВАЧКУ ХИМНУ ЈОВАНУ
ДАМАСКИНУ (1865). Естетиката и филозофијата на ЛК се јавуваат во продолжението
на неговата поезија, како нејзина непосредна научно-теориска експликација.
ЛК е главно поет на духовна, филозфска инспирација, што го доближува до
романтичарите од пораната епоха-Његош и Милутиновиќ, а го одделува/разликува од
позните романтичари. Поезијата на ЛК не е поезија на срцето и чувствата, туку поезија
на духот и фантазијата, поезија на логосот, филозофична во својата најдлабока
основа. ЛК за себеси говорел како за „хладнокову“, кој не создава во огнот на
чувствата туку дури потоа, откако тие ќе се оладат. Како поет имал најмалку успех во
лесната, мелодиозна љубовна песна, карактеристична за Змај и Бранко Радичевиќ; во
обидите од тој тип, кај него се забележува нешто изнасилено, извештачено,
несериозно. Својата најубава љубовна песна не ја испеал во младоста, туку пред
смртта. Неа со години ја носел во својата вообразба (дневникот што го водел на
француски јазик ја открива генезата на таа песна), сѐ додека не добие совршен,
класичен облик.

72
Меѓутоа љубовта во Santa Maria della Salute не е чувство туку принцип, основен
принцип на човековиот живот и космичкиот поредок на нештата, силата која, како кај
Данте, ги покренува световите.
И во родољубивата поезија тој внесува нов тин и пристап. Покрај ЃЈ, кој е
несомнено, најголемиот патриотски поет на српскиот романтизам, ЛК во своите
најубави песни со родољубива инспирација, еволуирал од национално-
романтичарското воодушевување кон еден поладен, критички однос спрема
националните идеали 9РАЗГОВОР СА УВУЧЕНОМ СРПСКОМ ЗАСТАВОМ НА
МАЂИСТРАТУ НОВОСАДСКОМ, 1969), или пак тежнеел кон тоа народната борба да
ја изрази во универзални симболи, за и овде, како и во другите области од својата
работа, да го оствари поетскиот идеал, вкрстувањето меѓу домашното и странското
(на пр. Во ЈАДРАНСКОМ ПРОМЕТЕЈУ, 1870, неговата најсилна родољубива песма).
Најкарактеристичен израз ЛК нашол во мисловно-фолозофските песни. После
Његош и Милутиновќ, единствен космички поет меѓу романтичарите, тој во низа песни
донесува микрокосмички визии и пее за вселенските борби и судири. Негов омилен
космички јунак е Прометеј, космичкиот бунтовник кој „води борбу правде, борбу
поноса/прот силе саме, прот Олимпоса“ (Прометеј, 1863). Во некои негови филозофски
песни, мисловноста е често споена со комиката и поетскиот хумор. Небескиот свод во
неговата визија потсетува на изобличено човечко тело (Еј, ропски свете), а земјата на
огромно тело на жена-блудничка (еј, несреќо, земље). Врвен израз на поетскиот хумор
на ЛК и едновремено една од неговите најдобри песни има во СПОМЕНИ НА
РУВАРЦА (1865), каде што е дадено вкрстувањето на свеченото и семејното во
козерско-репортерски тон и во слободен стих, така што песната претставува еден од
најраните огледи на модерната српска поезија.
Како претежно објективно настроен поет, ЛК повеќе од другите романтичари
бил предодреден за подолги песни изградени на филозофска или епска основа. Во
лирско-епските жанрови имал повеќе успех отколку кој било друг романтичарски поет
Србин. Неговите песни: ЂУРЂЕВИ СТУПОВИ, ПРЕЉУБНИЦА и посебно најубавата
од нив, САМСОН И ДЕЛИЛА (1869), значително ги надминуваат обидите на Радичевиќ
и Јакшиќ во тој жанр.
Во баладата, ЛК достигнал своја поетска кулминација. Неговиата прекрасна
МИНАДИР, древна приказна за љубовта и смртта е најубава балада во српската
уметничка поезија.
Костиќ, заедно со Јакшиќ е творец на српската романтичарска драма. Тој сакал,
на темелите на народната поезија и по углед на Грците, а со помош на Шекспир и
Шилер, да создаде српска национална драма, со национални теми и национален,
српски патос. Од трите негови драми, најзначајна е МАКСИМ ЦРНОЈЕВИЌ, трагедија
работена според мотивите на народната песна ЖЕНИДБА МАКСИМА ЦРНОЈЕВИЌА,
драмски заснована на судирот меѓу љубовта и побратимството; таа се одликува со
својата поетичност, наспроти невештата драмска конструкција, од која ЛК ниту
подоцна не се ослободил. ПЕРА СЕГЕДИНАЦ е историска трагедија со политичка
инспирација, антиавстриска, антиклерикална, за хероизмот и предавството, по дух, ако
не и по дострел, своевиден војводински ГОРСКИ ВИЈЕНАЦ. Драмата ГОРДАНА пак, е
интересна и во српската литература единствена херосјска комедија. Оваа драма е
технички подобро изведена од претходните, но без силни поетски моменти.
ЛК не само што ги проширол тематските рамки на српската романтика туку и, за
разлика од сите други српски поети на 19 век бил најголем иноватор во формата,
поетскиот јазик и стихот. Внатрешната форма на неговите песни се одликува со
сложена сликовитост, тежнеење кон алегоризација, фантастика, поетски хумор,
оддалечување од непосредноста во изразот кон посложен, заобиколен и граѓански
поетски говор. ЛК се издвојува и според модерниот однос спрема јазикот, чувството за
самостоја сугестивна сила на јазикот, која зрачи од физичката моќ на зборовите, од
звукот, ритамот и тоналитетот. Во врска со тоа е и неговото експериментирање со
изразот, звучните игри, вербалните досетки, кованиците, кои претставуваат
највидлива одлика на неговиот поетски идиом. Во тоа меѓутоа, не е осамен меѓу

73
српските поети на 19 век. Претходници му биле Сима Милутиновиќ и Ѓорѓе Марковиќ
Кодер (1806-1891). Последниов отишол најдалеку во создавањето вештачки,
херметички јазик. ЛК најмногу од сите други српски романтичарски поети е иноватор
на стихот. Тој лирскиот симетричен 10-ец го организирал на јамбски начин и со таков
стих, кој добил најширока примена во романтичарската драма, создал
најсебесвојствена метричка форма на српскиот романтизам.
Заедно со Змај, Јакшиќ и Костиќ романтизмот дал голем број писатели, главно
поети: Стефан Владислав Каћински (1828-1890), Јован Грчић Миленко (1846-1875),
Стојан Новаковић (1842-1915).
СТОЈАН НОВАКОВИЋ, политичар, фиилолог, историчар, една од
најистакнатите личности во Србија во втората половина на 19 век, ѝ припаѓал на
генерацијата писатели од младинското доба. Го уредувал главното романтичарско
списание ВИЛА (1865-68) и пишувал слаби песни и раскази, но набрзо ја напуштил
книжевната работа и се посветил на научното проучување најазикот, книжевноста и
историјата. Ја напишал првата систематска ИСТОРИЈА СРПСКЕ КЊИЖЕВНОСТИ
(1867, второ преработено издание 1869), СРПСКА БИБЛИОГРАФИЈА (1869) повеќе
студии за разни писатели и книжевни појави, издавал стари српски книжевни
споменици. Бил филолог по струка, ученик на Ѓуро Даничиќ и негов следбеник.
Новаковиќ во своите книжевни истражувања секогаш поаѓал од јазикот. Тој е главен
претставник на српската филолошка критика.
На преодот меѓу романтизмот и реализмот се јавува и комедиографот КОСТА
ТРИФКОВИЌ (1843-1875), кој во почетокот на 70-тите години објавил повеќе комедии,
главно едночинки, од новосадскиот малограѓански живот (ЧЕСТИТАМ, ШКОЛСКИ
НАДЗОРНИК, ФРАНЦУСКО-ПРУСКИ РАД, ЉУБАВНО ПИСМО, ИЗБИРАЧИЦА, од кои
само последната е во три чина). Трифковиќ ја негувал лесната, разиграна комедија на
интрига со живи, динамични дијалози и еднострани, но интересни типови од
секојдневниот живот. Тие комедии биле вешто компонирани, сценични, забавни,
непретенциозни, полни со лесен и пријатен хумор. Биле изведувани во сите
јужнословенски средини и преведувани на странски јазици, а некои и денеска се
одржуваат на сцена. Заедно со Стерија и Нушиќ, Трифковиќ е најзначајниот српски
комедиограф.

74
18. РЕАЛИЗАМ

Реализмот во српската литература опфаќа мошне широка, интересна и


разновидна панорама од книжевни појави во голем временски распон. Првите
реализтични писатели се појавиле уште во 60-тите години на 19 век, во ерата на
романтизмот. Од 70-тите, па до крајот на векот, реализмот е водечки книжевен
правец. Во времето на неговото конституирање се извршени значајни промени во
националниот живот на Србите. Србија се стекнала со целосна политичка независност
и заземала водечко место во културниот и книжевниот живот, а нејзината престолнина
Белград, станал она што бил Нови Сад во 60-тите: главен културен центар.
Најголемиот број реалисти потекнуваат од Србија или во Србија живееле и создавале
(за разлика од претставниците на претходните епохи, кои најчесто живееле и
создавале во странство).
Реализмот го открил малиот човек и неговиот свет. Книжевноста ја зафаќа
матицата на народот, која уметнички живеела ислучиво во разните форми на усното
творештво. Писателите своето внимание го посветуваат на различлните форми на
народен живот, од оние постарите, фолклорните, до оние кои ги доносувало новото
време. Тие тежнееле кон тоа што поверно да го претстават не само начинот на живот,
обичаите сфаќањата туку и начинот на кој говорат луѓето во одделните краеви. Во
книжевноста влегува рационалната тематика, а во нејзиниот јазик пробиваат
провинцијализмите, дијалектните белези, говорните одлики на одделни професии и
сталежи. Загледани во старите, патријархални односи, кои под ударот на новото
време почнале да слабеат и исчезнуваат, српските реалисти со знаење и разбирање
го прикажувале селскиот начин на живот и животот на малиот град, паланката.
Во времето на реализмот се менува и полето на влијание во кое се развива
српската книжевност. Германското влијание, дотогаш доминантно, му отстапува место
на руското. Се преведувале и читале најголемите руски реалисти-Гогољ, Тургењев,
Чернишевски, Гончаров, Толстој, Достоевски. Најголемо влијание на српските
раскажувачи одигра Гогољ. Народно-селскиот исказ на Гогољ станал основен облик
на раскажување во книжевноста на српскиот реализам. Заедно со Гогољ, силно
влијаел и Тургењев, а нешто подоцна и Толстој и Достоевски. Влијанието на
западниот реализам бил значително помало, а се почувствувал кај некои писатели од
западните српски краеви (Сима Матавуљ).

18.1. Раниот реализам


Романтизмот и реализмот, двата најзначајни книжевни правца во 19 век, иако
со своите крајности остро се спротивставуваат, всушност, во делата на голем број
свои претставници меѓусебно се допираат и преоѓаат еден во друг. Како и во некои
други европски книжевности, и во српската, првите реалистични писатели се јавуваат
пред официјалното конституирање на реализмот како правец.

75
19. ЈАКОВ ИГЊАТОВИЌ (1822-1889)

ЈАКОВ ИГЊАТОВИЌ (1822-1889) е едновремено и првиот реалист во српската


книжевност. После периодот кога бил книжевно најактивен, тој е современик на
романтичарите и припадник на романтичарското движење, а според своите најдобри
дела-изразит реалист. Неговиот стил, Јован Деретиќ го нарекува романтичен
реализам.
Роден е во Сент-Андреја, последната српска оаза на север (село во близината
на денешна Будимпешта). Бил учесник во значајните политички случувања на своето
време, во 50 и 60 тите години бил истакната личност во политичкиот и културниот
живот на унгарските Срби. Тој сакал, крајниот српски национализам да го спои со
унгарското родољубие. Во два пресудни момента претежнало второто чувство: имено,
во револуцијата од 1848-та, наспроти повеќето Срби, се залагал за соработка со
Унгарците и, после австриско-унгарските спогодби, кога во време на жестоки судири со
Унгарците, неговиот став останал доследно проунгарски. Заради тоа го разнишал
пријателството со своите политички пријатели и се нашол на глас како унгарофил
(=маџарон) или клерикалец, така што од некогашен омилен и мошне влијателен
младински првак, станал една од најомразените личности меѓу унгарските Срби.
Како писател ЈИ мошне бавно се равивал: најнапред се истакнал како уредник
на ЛЕТОПИС (1854-1856) и со програмските статии за книжевноста, за потоа, веќе
како зрел човек, речиси 40-годишник, да се посвети на романот и расказот. Пишувал
историски и општествени романи. Историските романи му се без вистинска вредност
(Ђураћ Бранковић, Менѕор и Ђемила, Крв ѕа род, и др.). Книжевното значење на ЈИ се
темели на неговите реалистични романи и, во помала мера, на расказите од
современиот општествен живот на унгарските Срби. Кон нив се свртел дури кон крајот
на 4-тата деценија од својот живот. Романот на ЈИ има најмногу заеднички црти со
авантуристичко=хумористичниот роман од 18 век, со романот од пикарската
традиција, како што обично се нарекува. Прочуениот роман ЖИЛ БЛАС на А.Р.Лесаж,
едно од најсилните остварувања во овој жанр, меѓу Србите бил познат уште во 18 век,
а го популаризирал Доситеј во своите текстови, додека во 30-тите години на 19 век, во
Белград, се појавил неговиот српски превод. Со пикарската традиција, ЈИ е врзан
преку сировиот реализам во неговите романи, ориентацијата за прикажување ниски,
приземни видови на живот, авантуристичките сижеа, како и ликовите на кратци,

76
лажговци, ловци во матно, што во изобилство е присутно на страниците на неговите
книги. Најблизок до овој тип е првиот роман на ЈИ МИЛАН НАРАНЏИЌ (1860), особено
во првиот, уметнички поуспешен дел. Неговиот истоимен јунак живее весел, скитнички
живот на снаодлив пробисвет, кој добро ги познава луѓето и нивните слабости, така
што умее да ја искористи секоја поволна прилика која му се пружа и вешто да им се
измолкне на сите неволји што го снаоѓаат во животот. Вториот роман за пробисветот,
ТРПЕН СПАСЕН (1874), иако недовршен, уметнички е поизграден и попотполн од
претходниот. Овде ја вовел темата-секојдневен живот, со интересни детали, со
хумористичен тон во сликањето на карактерите и доловувањето на градскиот амбиент
и ученичката боемија.
Покрај авантуристичко-хумористичниот роман, а формирањето на ЈИ како
романописец, влијаел уште еден, сосема спротивен на овој тип роман: сентиментално-
романтичарскиот, кој во српската книжевност го вовел Б. Атанацковиќ. Покрај ликот на
пробисветот, се сретнуваат и ликови со „поетска природа“, романтични сонувачи и
фантазери. Речиси секој негов роман има два јунака, чии истории течат оаралелно и
меѓусебно се контрастираат. Едниот е обично човек со практичен дух, а другиот
фантазер и сонувач, еден се чувствува во стварноста како роба во вода, а другиот во
својата средина се јавува као туѓинец, како несфатен човек, кој повеќе живее во светот
на желбите и соништата отколку во стварноста. Игњатовиќ ги внесувал соништата,
идеалите и расположенијата на своето романтичарско поколение; во нив можат да се
препознаат двете основни компоненти на српскиот романтизам, сентиментализмот и
хероизмот. Нив ЈИ ги прикажува во врска со реалните, животни прилики во кои живеат
неговите јунаци. Оттука, романтиката во неговите романи, ако не се земе предвид
првиот од нив, никогаш не се чини апстрактна и клиширана, како кај писателите од
романтичарскиот правец.
Како некои големите европски реалисти, ЈИ ја прикажувал судбината на
родмантичарскиот јунак во неромантичната стварност. Средбата межу романтизмот и
реализмот е најсреќно остварена во ВАСА РЕШПЕКТ (1875), роман во кој, како и во
романот Два идола на Атанацковиќ, опфатен е истиот историски момент, чие значење
е пресудно во формирањето на националната романтика-револуцијата во 1848 и
времето непосредно после неа. Во главниот јунак Васа Решпект, претставена е
романтичната побуна против општествто. ЈИ постојано истакнува дека неговиот јунак е
човек со силен дух, способен за големи дела, но создаден за некое друго поубаво,
подобро време орколку неговото. Отпадник од општеството, престапник и робијаш,
Васа Решпект е во суштина бунтовник против стварноста која ги стеснува неговите
сили, ги руши неговите идеали. Тој го презира современото општество и бара примери
во големите личности од минатото. Се воодушевува од народната песна и српската
историја, сонува за општо српско востание и обнова на Душановото царство, а мора
да се бори во туѓа војска, за туѓи интереси и да умре во затвор.
Другите романи повеќе гравитираат кон типот социјален проблески роман, кон
кој тежнеел реализмот на 19 век. Ликовите во него не се дадени како спротивност на
општеството, туку се поставени во главните текови на општествените движења-на нив
одредени и за нив типични. Овде спаѓа селскиот роман ЧУДАН СВЕТ (1878), во кој е
дадена марачната, песимистичка слика на општествените „чепкања“ во војводинското
село, после 1848-та. ВЕЧИТИ МЛАДОЖЕЊА (1878), е роман, кој како и Васа Решпект,
е тематски врзан за родното место на ЈИ, а двата негови последни романи, се
уметнички помалку успешни СТАРИ И НОВИ МАЈСТОРИ (1883) и ПАТНИЦА (1885).
Најдлабок зафаат во општесвените процеси е остварен во романот „Вешити
младожења“, во кој, преку историјата на распаѓањето на едно богато трговско
семејство е прикажано пропаѓањето ма српското граѓанско општество во Унгарија.
Истакната е спротивноста меѓу двете генерации: татковците се силни и големи по
физикус луѓе, кои со работа и самоодрекување стекнуваат имот и семеен углед, а
синовите се неработници, слаби, помодари, декаденти без волја, без животна енергија
и смисла за работа или пак се фантазери, сонувачи без чувство за реално и можно,
кои силата ја расфрлаат на што било. Давајќи ја, само во крупни потези, хрониката за

77
економската и моралната декаденција на една фамилија, во овој роман ЈИ ја начнал
темата со која подоцна ќе се занимаваат многумина српски писатели (и хрватски-
Вјенцислав Новак, Последните Стипанчиќевци).
ЈИ е најзначајна појава во српскиот роман на 19 век, творец и најважен
претставник на српскиот реалистичен роман. Во споредба со другите српски реалисти,
тој дал најширока и најбогата социјална панорама, цела една „човечка комедија“ во
мало и најголема галерија ликови која постои во српката книжевност. Ниту според
сликата на социјалната средина ниту според бројот и реалистичката заокруженост на
ликовите, со него не може да се мери ниту еден друг српски прозаист, пред него и
после него.
Меѓутоа, како романописец, ЈИ има и големи слабости. Тие се изразуваат пред
се’ во уметничката обработка на романот, особено во композицијата, стилот и јазикот.
Како човек, ЈИ бил неуреден, несреден и мрзлив и повеќе ја претпоцитал кафеаната
отколку работната соба. Иако поседувал нисцрпна романсиерска инвенција, тој не се
одлучувал лесно за пишување, а кога ќе почнел да пишува, работел набрзина, без
трпеливост и систематичност. Затоа, неговите романи носат печат на несреденост,
немарност и брза работа, неговиот стил е сиров, необработен, јазикот полн со
варваризми, лексички и синтаксички, излагањето премногу кратко, оскудно, забрзано,
така што на крај се сведува на брзо, телеграфско редење на настаните, како божем
авторот да брза, уморен од пишување, што побрзо да го заврши романот. Но, сепак,
на секоја страница што ја напишал, во секој потег на неговото перо, се чувствува
силен писател, длабок набљудувач на животот и извонрден позбавач на луѓето.
ЈИ произлегол од традицијата на граѓанската книжевност во војводина од 18
век првата половина на 19 век. Негови претходници се Доситеј и Видаковиќ и, особено
Стерија со своите комедии.
Освен оваа, постои уште една предреалистичка традиција во српската проза,
онаа која се надоврува непосредно на усното народно раскажување, чии главни
претставници се историско-мемоарските дела на Вук Караџиќ и Прота Матеја
Ненадовиќ. И некои други писатели од јужните српски краишта работеле во иста
насока. Меѓу нив, Стефан Митров Љубиша е единствениот кој во овој стил остварил
значајни книжевно дело. Вреди да се спомнат уште и Бокељ Вук Врчевиќ (1811-1882) и
Херцеговецот Јоаникија Памучин (1824-1870).

78
20. СТЕФАН МИТРОВ ЉУБИША (1810-1878)

Стефан Митров Љубиша (1810-1878) е роден во Будва, по образование главно


самоук, од својата 19-та година бил општински бележник во родниот град, рано влегол
во политика и последните години од својот живот бил еден од најистакнатите Срби во
Далмација, бил пратеник во виенскиот парламент и едно време претседател на
Далматинскиот покраиски сабор. Умрел во Виена, а бил погребан во Будва.
Љубиша рано почнал да пишува, но со раскажувалка дејност започнал да се
занимава во зрелите години, од1868 кога му бил објавен првиот расказ. Оттгаш па се’
до смртта, бил еден од најпочитуваните и најистакнати српски раскажувачи. Објавил
две збирки раскази: ПРИПОВИЈЕСТИ ЦРНОГОРСКЕ И ПРИМОРСКЕ (1875) и
ПРИЧАЊА ВУКА ДОЈЧЕВИЌА (1877-79), од кои втората останала недовршена.
СМЉ е наречен „Његош во прозата“, зашто имено, Његош во поезијата ја
прикажувал народната историја, народниот живот и обичаите, а тоа СМЉ го правел во
проза. Кај него се изделуваат два наративни типа, за кои во насловите на своите две
збирки ги употребил термините ПРИПОВИЈЕСТИ (ПРИКАЗНИ) И ПРИЧАЊА
(РАСКАЖУВАЊА или као дијалог). Првата збирка (ПРИПОВИЈЕСТИ) се своевидна
историска проза, работена не врз основа на пишувани извори, туку според некое усно
предание. Во овие раскази се прикажани два периода од историјата на Бока Которска
и Црна Гора: 15 век, времето на последните обиди на јужнословенските
средновековни држави во борбата за зачувување на независноста и, 18 век, времето
на оживување на ослободителната борба. Само една „приповијест“, КРАЏА И
ПРЕКРАЏА ЗВОНА има тема од современиот живот. Приповијестите на СМЉ се
подолги раскази со развиена фабула, со повеќе индивидуални судбини кои се следат
паралелно и со дејство кое се одвива на географски и национално широк простор, во
кој се вклучува и српскиот и туѓиот околен свет, сред се’ Турците и Млетаците.
Во ПРИЧАЊА пак, СМЉ уметнички стилизирал еден особен вид усна народна
проза: шеговитата приказна со досетки, оној вид анегдоти со кои се објаснува
настанувањето на одделни народни пословици. 33 пократки раскази, од 100-тина,
колку што планирал да напише, гравитираат околу ликот на народниот шегаџија Вук
Дојчевиќ, кого СМЉ го сместил во 15 век, во сворот на црногорскиот кнез Иван
Црнојевиќ.

79
Во раскажувачкиот метод на СМЉ се спојуваат спеката легенда и реализмот.
Во неговиот најдобар расказ КАЊОШ МАЦЕДОНОВИЌ, обработена е најтипичната
епска тема-јуначкиот мегдан. Јунакот на овој расказ, слично како и Марко Крале,
го победува страшниот џин Фурлан, како затвореник на млетанскиот дужд. Меѓутоа,
се’ во овој епски декор е дадено на реалистичен начин: и Кањош, кој не ниту витез
ниту професионале мегданџија, туку обичен трговец, со низок раст и неугледен лик, но
динамичен и остроумен; и вообразените и лажливи млетачки господа и приликите и
наравите во Паштровиќ и меѓу Млетаците, дури и Фурлан, иако џин, сведен е на
човечки размери.
Посебна вредност на расказите, но и на целото дело на СМЉ им дава хуморот.
Со хуморот се одржува рамнотежа меѓу легендите и стварноста, со него легендарното
се спушта до ниво на обично, секојдневно, а обичното пак, се издигнува до нивото на
легенда. Убавината на расказите е во тој спој меѓу легендарното и секојдневното, меѓу
епиката и вистинскиот живот, националниот хероизам и хуморот. Тоа се одлики и на
најдобрите страници од творештвото на СМЉ.
Љубиша го прикажал животот и обичаите во затворените племенски заедници
со прастари општествени облици, сфаќањата и моралот. По потекло од крај каде што
се сочувал карактеристичниот народен јазик и многу архаични елементи во лексиката
и фразеологијата, СМЉ настојувал тие особини што поверно да ги пренесе во
стилскиот израз на својата проза. Во неговите раскази се наоѓа, како што и самиот
забележал „неисцрпно богатство од народни изрази и народски убавозборја“.
Формиран во епохата на романтизмот, СМЉ сите свои раскази ги напишал во
последната деценија на својот живот, во периодот кој го означува преодот од
романтизмот кон реализмот. Неговиот елементарен, народски реализам се развивал
независно од реалистичкото движење, на роднокрајното фолклорно тло.

80
21. СВЕТОЗАР МАРКОВИЌ (1846-1875)

Реализмот како правец во српската книжевност поврзан е со појавата на


социјалистичкото движење во Србија. Се нарекува уште и критички реализам, кој
најмногу се поврзува со дејноста на Светозар Марковиќ.
СВЕТОЗАР МАРКОВИЌ (1846-1875), се школувал во Русија, а потоа и во
Швајцарија, идејно оформен под влијание на руските социјалдемократи, но и на
западниот социјализам и марксизам-бил првиот пропагатор и идеолог во српската
книжевност.
На книжевноста, непосредно, се однесуваат само две негови статии: ПЕВАЊЕ
И МИШЛЊЕ (1868) и РЕАЛНОСТ У ПОЕЗИИ (1870).
На современата книжевност тој и’ пристапува од позиција на „критичар
реалист“, настојувајќи да ги оцени не поединечни појави во неа, туку „нејзиниот општ
правец“. Неговата критика е двократно насочена: на „критичарите естетичари“, од една
и на тогашната српска романтичарска поезија и проза, од друга страна. И во едната и
во другата област то доаѓа до истите заклучоци: српската книжевност се оддалечила
од стварноста и тоа е главниот извор на сите слабости од кои таа страда. Естетичката
критика пак, проповеда вечни и непроменливи закони, со кои ја оковала „убавата
книжевност“ и ги однела во беспаќе и писателите и читателите, додека самата
книжевност е преплавена со сентименталност, фантастика и празнословие. Ниту
едната ниту другата не се осврнуваат „на животот и потребите на човекот и неговиот
современ развиток“. Единствен излез од кризата е враќањето кон животот и
стварноста. „Животот народен-тоа е содржина, реалност на поезијата“, вели тој во
својата статија. Вистинските поети се „разбудени делови на народот“, „народната
свест за себе сама и своите страдања“. Книжевноста, според СМ мора да мора да му
служи на општеството, таа мора да „ги разгледува и покренува созвремените
прашања, да претставува вистинскиот народен живот од гледиште на современата
наука, со еден збор, според мислите и чувствата да биде современа“. Тие идеи,
произлезени непосредно од естетичките ссфаќања на рускитереволуционерни
демократи, Чернишевски, Доброљубов и Писарев, влијаеле силно, пресвртнички во
српската средина. На идеите на СМ се враќале и се’ уште се враќаат сите поборници
на општествено ангажираната литература.
Со литературата на реализмот, уште понепосредно се поврзани социолошките
и политичките расправи на СМ, особено неговата монографија СРБИЈА НА ИСТОКУ

81
(1872). Во неа, остро се спротивставени две Србии: некогашната,
селанскопатријархална земја, со многубојни задруги во кои и меѓу кои владеат
идилични меѓучовечки односи и, новата бирократско-капталистичка држава со
модерен начин на производство и нови економски и општествени односи, во чија
основа е „паричното стопанство и чифчијски морал (чифчија-тур. Сиромав селанец,
земјоделец, наемател на земја од спахија, исполичар). Токму таквата, двократна
слика на Србија ја виделе и српските реалисти. Опозицијата на Марковиќ: старо
општество-ново општество, односнно идеализација-критика во начинот на
прикажуање, се наоѓа во основите на целокупната проза на српскиот реализам. На тој
подлабок, структурен план, сите српски реалисти-раскажувачи биле Марковиќевци,
без оглед на тоа што некои од нив, во своите политички идеи биле негови
приврзаници, а други негови противници.

21.1. „Пеење и мислење“

Овој текст на Светозар Марковиќ претставува програма на српскиот реализам.


Обврска на критичарот е да ја критикува содржината на некое книжевно дело не
осврнувајќи се на условите под кои е делото напишано. Задача на книжевноста е да
пишува дела кои ќе бидат современи и корисни за општеството. Марковиќ го критикува
начинот на кои до тогаш се пишувале книжевните дела. Ја критикува и роматичарската
поезија, истакнувајќи дека многумина писатели не се запознаени ниту со резултатите
од современата наука. Сметал дека треба да се размислува и на тоа, дали читателите
можат од книжевноста да извлечат некаква поука. Заради ваквиот утилитаристички
став тој е подоцна критикуван.
Велел дека поетите најмногу создаваат љубовна поезија, затоа што таа зазема
важно место во контекстот на „убавата книжевност“, но и дека токму љубовната
поезија најмногу му наштетува на образованието меѓу Србите. Голема маана на
писателите е што не се запознаени со животот на луѓето. Добро дело може да создаде
само оној којшто почувствувал тага и среќа своја и на другите. Современите романи,
истакнувал Марковиќ го претставуваат вистинскиот живот на луѓето, а општествениот
роман се занимава со семејниот и општествениот живот.
Светозар Марковиќ укажува на општиот правец, на добрите и лошите нешта, а
не пишува само за книжевните дела за кои смета дека се добри. Меѓу другото, во оваа
статија тој ги потенцира и добрите страни на делата на романтичарите Змај и Јакшиќ.
Светозар Марковиќ е човек, критичар и културен работник од српскиот 19-ти век
кој уште тогаш нашол за потребно да укаже и да го критикува личниот естетизам во
претставувањето на жената во поезијата и барал од поезијата (читај литературата!) да
се засновува на критички набљудувања на современите општествени појави.
„Нашата современа поезија-тоа е смеса од љубовни фрази, фантастични
сцени, празни фрази и смешни будалаштини. Еден опишува како се бакнувал со
саканата; друг како се напил отповеќе алкохол па паднал на нејзините меки гради;
трет опишува како влегол во собата на саканата па не смеел ниту ‘да дише’, плашејќи
се да не одлета на неботот; најголемиот дел од нив тажат и плачат што саканата не ги
љуби. Како да мора паметната девојка да го засака првиот што ќе и испее неколку
будалести стихчиња. За еден саканата е ‘ангелче и мало ѓаволче’, па не знае од што е
создадена, ‘дали од злато или сребро’, за друг таа е ‘црн ѓавол’... Кај сите нив е
заедничко тоа што ја сметаат жената за воздушесто суштество, кое е создадена за да
ја прегрнува, да пали со очите, да има мека коса, свилена или ‘темна како ноќ’, да носи
самовилски костум (...) Нашите поети живееат во уверување дека поетот е суштество
создадено да љуби, да страда и своите страдања да ги кажува на зората, на розата,
на славејот, или да ги удави во вино (...) Пред сѐ, пројдено е времето кога за поетот се
сметало дека е суштество надарено со божествена сила која ‘создава’ сѐ што ќе му
дојде во загреаната глава (...) Надарениот поет ќе знае што да каже за чувството на

82
љубов или за нешто друго што ќе има општа вредност, а нема никогаш да создава од
љубовта болест, а од жената грдотија, како некои наши поети“...
Статијата „Пеење и мислење“ Светозар Марковиќ ја напишал во Петроград и во
1868 му ја испратил на уредникот на новосадското списание Матица. Во пропратното
писмо забележал дека „целта му е да ги искаже своите мисли за нашата книжевност
кои одамна го тиштат“. Статијата која има поднаслов „Една панорама од нашата убава
книжевност“ се состои од четири целини на кои авторот на им дал наслов, но според
содржината можат да се формулираат вака:

1. За критиката,
2. За поезијата,
3. За прозата,
4. За целта на статијата.

Во првиот дел Марковиќ разликува два вида критичари: критичари естетичари и


критичари реалисти. Првите се воспитувани во школата на филозофите-идеалисти кои
поставиле „вечни, непроменливи закони“ за убавото и поставиле норми за тоа што е
убаво, што е возвишено а што страшно, што е трагично, како и законот за трите
единства.
Сето тоа, според Марковиќ ја открива убавата книжевност, која е еден од
човековите производи и е зависна од околностите во кои настанува. „Луѓето го
запишувале својот живот, своите убедувања и потреби“, не осврнувајќи се на „вечните
закони“. Критичарите реалисти не поставуваат прашање дали делото настанало под
некакви околности, туку ја посматраат и анализираат неговата содржина, за да
откријат дали таа одговара на човековите потреби:
Од книжевноста се бара да го донесува само тоа што е корисно за
општеството: да претресува и поставува современи прашања, да го претставува
вистинскиот живот на народот од гледиштето на современата наука, со еден збор,
според мислите и чувствата да е современа.
Во вториот дел Марковиќ ја анализира современата поезија и веднаш
констатира: „ Нашата современа поезија-тоа е смеса од љубовни фрази, фантастични
сцени, празни фрази и смешни будалаштини“. Волку острите зборови се резултат на
изразитиот субјективизам во тогашната српска книжевност, доминацијата на
љубовните теми и тесните видици на тогашните српски поети. Сето тоа условило
српската поезија да стане „бесплодна пустина од чакал и коприви“. Марковиќ не е
против љубовната поезија зашто љубовното чувство има општа вредност, но е против
тоа, поетите „од љубовта да создаваат болест, а од жената чудовиште“.
Третиот дел е посветен на прозата, а најмногу на општествениот роман.
Марковиќ вели дека и прозата е иста како и поезијата, дека и во неа љубовта е
доминантна тема, и дека сите тие новели, приказини и цртици од животот се книжевни
недоносенчиња“.
Српскиот општествен живот е сиот трул, а српските поети постојано сонуваат,
ги мирисаат розите, ја гледаат зората, го слушаат славејот или тагуваат со некоја
посебна тага, тага на ситниот човек...
Сето тоа, вели Марковиќ, не може да ги разбуди да погледнат малку со
поинакви очи на тој живот народен, па да видат дека не секаде се игра оро, дека не
секаде ѕвецкаат ѓерданите и не секаде се руменеат образите на Србите и Србинките...
Марковиќ го истакнува современиот општествен роман како „епос на 19-от век“,
затоа што:
„Современиот роман го претставува вистинскиот живот човечки... Современиот
роман со својата дагеротипска (фотографска) точност, вистинитост и психолошка
анализа на животот, станал најсигурно средство да се изнесат на виделина болестите
на општествениот организам, а во исто време и најсилно оружје да се пропагираат
новите мисли меѓу народните маси“.

83
Разгледувајќи ја и преведувачката книжевност, Марковиќ ги констатира истите
недостатоци, бидејќи какви се писателите, такви се и преведувачите.
Во четвртиот дел на статијата Маркович зборува за тоа дека се осврнува на
текстовите објавени исклучиво во периодиката и дека не му е цел да дава оценка за
одделните дела туку дека сака да го определи општиот правец на српската
книжевност на 19-от век. Укажува и на позитивните примери на поезија, онаа на Змај и
Јакшиќ, на солидните преводи на Дикенс, Иго, Гогољ.
Две години подоцна, во 1870-та година објавена е во „Матица“ втората статија
на Марковиќ, „Реалност во поезијата“, која има полемички карактер.
Во оваа статија клучни се две места: одговор на прашањето кои се вистинските
поети и дефиницијата на реализмот.
На прашањето кои се вистинските поети, Марковиќ одговара:
„Оние личности од народот кои подлабоко и посилно ги почувствувале
страдањата на народот и кои се кадарни тие страдања да ги искажат во вештачка
форма, тоа се вистински поети, тоа се рабудените делови од народот, тоа е народна
свест за себе самиот и за своите страдања (...) Таа рабудена свест народна станува
светлосен зрак што му го осветлува патот на народот во тешката борба. Такви поети
биле оние кои пееле народни песни, таков беше и оној поет наш или црногорски Петар
Петровиќ Његош. Значи, ете што е нужно за поетот, да биде тој разбудениот дел од
народот, т.е. да живеел живот што го живее народот, да ги има истрадано оние
страдања што ги страдал народот и тој да го сфатил тој живот, да ја почувствувал
болката која го тишти сиот народ“...
Реализмот, Марковиќ го дефинира на следниов начин: „Животот народен, -тоа
е соджината, тоа е реалноста во поезијата“.
Овие две статии на Марковиќ имаат историско значење-тие претставуваат
манифест на српскиот реализам. Своевремено, одиграле голема улога, означувајќи ги
основните пропусти на актуелната, современа книжевност и покажувајќи го патот на
нејзиниот натамошен развиток.
Вредностите на овие два текста на Марковиќ се сведуваат на:
-Укажување на потребата писателите да се врата на животот и на стварноста,
на човечките и општествени потреби и проблеми;
-Ја одвоиле вистинската книжевност од приватниот живот и приватното чувство
на поетот;
-Ги истакнале објективните факти како содржина на книжевното дело;
-Го дефинирале општествениот роман и ја одредиле неговата функција;
-Укажале на вистинската природа на поетот и поетскиот позив.
Недостатоци пак, се:
-Претежно расправаат за текстовите објавени во книжевната периодика;
-Се занимаваат главно со слабите писатели кои брзо и се заборавиле;
-Ја отфрлаат естетиката како наука и го намалуваат значењето на Платоновата
и Аристотеловата естетика;
-Функцијата на книжевноста ја сведуваат на општествена корисност
(утилитарност) и на „пропаганда на мислите“;
-Ја нагласуваат важноста на содржината, целосно занемарувајќи ја формата;
-Најпосле, како и секој програмски текст, го ограничуваат авторот, му
наметнуваат тематика, поетика и идеологија.
Влијанието на овие програмски статии на Светозар Марковиќ се сведува на
следново:
-Книжевноста престана да биде асоцијална;
-Интензивно се развива селскиот реалистичен расказ;
-Сатирата нашла поддршка во ставовите на Марковиќ;
-Романот добил критичка нота;
-Се преведуваат класиците на рускиот реализам.

84
22. МИЛОВАН ГЛИШИЌ (1847-1908)

Основоположникот на српскиот реалистичен расказ МИЛОВАН ГЛИШИЌ (1847-


1908) произлегол непосредно од движењето на Светозар Марковиќ.
Роден во селотоГрадец кај Ваљево, тој во книжевниот живот влегува уште како
гимназијалец во Белград, а потоа како студент на Великата школа, станува соработник
со првите социјалистички списанија во Србија. Во еден од нив, „Преодници“, го
објавува својот прв расказ НОЌ НА МОСТУ (1874). Активен учесник во движењето на
Светозар Марковиќ, тој настапил во духот на неговата револуционерна програма како
остар критичар на тогашното српско општество. Книжевната дејност ја започнал со
сатирични фељтони и раскази во кои ја подвргнал на потсмев изопашеноста во
современиот живот во Србија. Тогаш настанале неговите најостри сатирични раскази:
ГЛАВА ШЕЌЕРА, РОГА и ЗЛОСЛУТНИ БРОЈ (сите три се објавени во 1875 во
списанието Отаџбина, на Владан Ѓорѓевиќ, најзначајниот списание во епохата на
реализмот), во кои предмет на критика се селските газди и чиновници, односно
носителите на власта и капиталот во тогашното српско село. Во подоцнежниот период,
таа критичарско-сатирична острица помалку слабее. После смртта на Светозар
Марковиќ, доаѓа до прогон на неговите призврзаници и слабеење на негвото движење.
Промени се случиле и во приватниот живот на МГ. Тој заминува го напушта
училиштето и станува државен чиновник. После пресвртната 1875, тој пишува главно
хумористични раскази (Распис, Шило за огљило, Свирач, Редак звер, Шетња после
смртти, Вујина прсидба), во кои општествената критика е ублажена. Во нив и натаму
се на удар селските газди-лажговци, но затоа пак, претставниците на власта се
наоѓаатво позиција на бранители на слабите и незаштитените. Колку во оваа негова
раскажувачка промена свое влијание имала и надворешната присила, зборува
судбината на комедијата ПОДВАЛА. После неколку прикажувања на сцена, таа била
забранета, затоа што писателот во неа ги критикува претставниците на официјалните
власти. МГ бил принуден да ја поправи комедијата.

85
Покрај комедии и хуморески, МГ во овој период го објавил најголемиот број од
своите фолклорно-фантастични раскази (После деведесет година, Награисао,
Задушнице, Брата Мата), во кои под влијание на Гогољ ги обработил народните
преданија за вампирите и нечистите сили, како и неколку раскази со сериозна
содржина, межу кои најубава е патријархалната идила ПРВА БРАЗДА, химна на
селото, селскиот човек и селската работа, полна со ведрина и оптимизам, проткаена
со најчисти и најблагородни човечки чивства. Полсе 1885, кога и ја објавил Прва
бразда и комедијата Подвала, МГ речиси престанал да се занимава со оригинално
творештво, но ја продолжил плодната преведувачка дејност од руски и од француски
јазик. Најзначајни му се преводите на класиците на рускиот реализам: Гогољ (Тарас
Буљба, Мртви души), Гончаров (Обломов) и Толстој (Војна и мир).
Откако завршил гимназија, Глишиќ, најнапред, почнал да студира техника.
Тогаш и влегол во јавниот живот подлабоко и позабележително, особено откако
станал уредник на сатиричното списание „Враголан“ и агилен член на движењето на
Светозар Марковиќ. Бил апсен од властите, заради материјални проблеми го напушта
техничкиот и преоѓа на филолошко-историскио отсек на Великата Школа, но сепак,
останува без универзитетска диплома.
Почетокот на неговата писателска кариера го означува службата како
помошник уредник на Српске новине. Во 1875-та, реномираното списание „Отаџбина“,
му ги објавува првите раскази. После смртта на Ѓура Јакшиќ бил поставен за коректор
во државната печатница. Во 1881 станал драматург на Народниот театар во Белград,
1898 бил пензиониран, за 1900 да биде вратен на државна служба, како помошник
управител на Народната библиотека. Умира на лекување во Дубровник, во 1908-та
година.
Три години пред смртта доживеал вистинско задоволство кога Јован Скерлиќ,
како врвен критичарски авторитет на тоа време, со една студија му го одредил
значајното место ма Глишиќ во контекстот на тогашната српска книжевност.
Најзначаен дел од творештвото на Глишиќ претставуваат неговите сатири.
Во нив, на реалистичен начин ги опишал најзначајните појави и процеси на своето
време. Во тие сатири, пврвенствено станува збор за животот на село.
Според методот, Глишиќ е писател кој се потпира само на т.н. „поезија на
факти“, на податоци и појави што самиот ги согледувал и ги класифицирал според
сопственото искуство. Поголемиот број ликови во наговите раскази се преземени од
реалноста. Ваквиот метод бил особено погоден за обработка на оние општествени
појави што биле и под ударот на Светозар Марковиќ.
Бирократијата и лихварството, распространетите општествени зла во тоа
време, во расказите на Глишиќ претставуваат своевидна илустрација на идеите на
Светозар Марковиќ. На Глишиќ му биле потребни или анегдота или реална личност, и
тоа анегдотата како фабуларно ткиво, а личноста како образец. Тоа се главните
карактериситики на Милован Глишиќ како раскажувач. Карактерот на неговото
раскажување се сведува првенствено на фабула, на развиеност на дејството, на
дијалошка течност, на детали кои на целиот тек на дејството му даваат повеќе или
помалку релјефност. Внатрешниот живот на неговите ликови за читателот останува
целосно непознат. Глишиќ немал сила за психолошка анализа, за испитување на
подлабоките, скриени појави на човековото суштество. Неговите описи на ликовите се
сведуваат на воопштувања, кои не го надминуваат народниот говор и народните
постапкки.
Сведена на настан, на односи, на ликови, на ситуации, неговата проза е
сиромашна со она што е уметничк убавина на текстот. Она што во оваа проза е
најдобро е изразената пластика на ликовите. Имено, ликовите создаваат атмосфера,
тие се носители на дејството, тие ги обележуваат односите.
Таква е и Миона од расказот „Прва бразда“
Јазикот е една од одликите што во прозата на Глишиќ не може да се
заобиколат. Тоа важи и за преведувачкиот дел од неговата книжевна активност. Како
преведувач од руски и француски, Глишиќ развил широка дејност. Неговите преводи

86
на Толстој, Гогољ, Гончаров, силно повлијаеле како руски урнеци меѓу српските
реалисти.
Преку Глишиќ почнало плодното влијание на Гогољ во српската книжевност на
19-от век, што ќе се почувствува во делата на СтевАН Сремац, Светозар чоровиќ и
Бранислав Нушиќ.
После Глишиќ надоаѓаат многумина плодни раскажувачи, но во нејзините
скромни почетоци и првични обиди, улогата на Глишиќ е видна и несомнена.
Според својот обем неголемо, се’ на се’ 30-тина раскази и два селски комедии,
уште и оптоварено со уметнички недостатоци, карактеристични за секој почетнички
период, делото наГлишиќ се одликува со елементарсна сила и едноставност, што го
прави него исклучителен писател. Критичкиот однос спрема стварноста, современоста
на тематиката, прикажување на општествените типови (селските лихвари,
корумпираните чиновници, простодушните селани-тоа се неговите најзастапени
типови), го прават изразит реалист. Од друга страна, кај него се забележителни и
некои нереалистични црти, карактеристични за српските реалисти: идеализација на
старото село, фолклоризмот. Развивајќи се под двојно влијание, политичко-Светозар
Марковиќ и книжевно-Н.В.Гогољ, МГ своите дела ги градел на народна основа,
збогатувајќи ги со елементи прикажани во усната проза. Неговите хумористично-
сатирични раскази, кои се најбројни и најзначајни, како и двете комедии-изградени
според моделите на шеговитите народни приказни и ангдоти. Во нив дошол до израз
рустикалниот, фолклорен дух на потсмевање, исмевање, измама, чии жртви се
секогаш нечесните луѓе, измамниците, мачителите на народот. Оние на кои лажењето
им е занает бидуваат еднаѓ излажани и изиграни, им се враќа мило за драго, „шило за
огнило“; тие стануваат предмет на јавно исмевање и ги стигнува праведна казна за
неделата кои ги сториле. За сето тоа МГ раскажува едноставно и природно, служејќи
се честопати со постапките на усните раскажувачи, јазик во кој се чувствува живиот
народен говор од неговиот роден крај.
Со МГ почнува експанзијата на селскиот реалистичен расказ; таа ги зафатила
не само новите туку и некои постари писатели, кои својата работа ја почнале во знакот
на романтизмот. Покрај Шчапанин, треба во оваа смисла уште да се спомнат и Милан
Миличевиќ (1831-1908), заслужен педагог, фолклорист и историчар.

87
23. ЛАЗА ЛАЗАРЕВИЌ (1851-1891)

Лаза Лазаревиќ се смета за најголеми уметник меѓу реалистичните


раскажувачи, кој со 9 раскази, колку што успеал да ги доврши, се вбројува меѓу
најзаслужните српски прозаисти на сите времиња. Роден е во трговско семејство во
Шабац и после три одделенија во родниот град, школувањето го продолжил во
Белград, каде што, по завршувањето на гимназијата, студирал на Правниот факултет
на Големата школа, живеејќи во куќата на својот зет, книжевникот Милорад Шапчанин.
Потоа, како државен питомец, студирал медицина во Берлин, каде што имал прилика
да ги слуша најпрочуените природонаучници од тоа време (Вирхов, Хелмхолц).
Положил и докторат по медицина (1879). Како студент во Големата школа, ЛЛ бил
приврзаник на Светозар Марковиќ, но при распадот внатре, во Обединетата младина
српска на традиционалисти, либерали и Марковиќи, застанал на страната на првите,
што пак подоцна, напредната критика (Скерлиќ, Ѓ.Јовановиќ) никако не можела да му
го прости.
Истата година кога докторирал медицина, во виенското списание „Српска зора“
го објавува својот прв расказ ЗВОНА С ЦРКВЕ У Н. (подоцна преименуван ПРВИ ПУТ
СА ОЦЕМ НА ЈУТРЕЊЕ). Во следните неколку години (до 1882), објавил уште 5
раскази: ШКОЛСКА ИКОНА, У ДОБРИ ЧАС ХАЈДУЦИ, НА БУНАРУ, ВЕРТЕР, и СВЕ ЌЕ
ТО НАРОД ПОЗЛАТИТИ. Тогаш и прави поголем прекин во својата раскажувачка
работа, кога повеќе се занимава со медицина отколку со литература. Бил еден од
најистакнатите лекари во Србија во своето време, автор на поголем број научни
прилози од областа на медицината. Пред крајот на животот, издал уште два расказа:
ВЕТАР (1889) и ОН ЗНА СВЕ (1890), а во постхумните манускрипти, пронајден е еден
довршен расказ, ШВАБИЦА, и голем број недовршени, кои говорат за можноста за
натамошен развој на овој рано починат раскажувач.
ЛЛ е раскажувач со поинаков профил од Глишиќ. Во неговите раскази
недостига Марковиќевата критика на бирократскиот поредок и лихварскиот капитал,
карактеристични затворецот на селскиот расказ (Милован Глишиќ), но затоа пак, кај
него силно е изразена една друга, позначајна страна на идеологијата на С.Марковиќ-
идеализација на стариот патријархален свет и неговите вредности. Во старото
семејство и во пошироката семејна задруга тој гледа идеална, хармонична човечка
заедница, во која секоја единка наоѓа сигурност и заштита. Во неа лесно се решаваат

88
сите проблеми кои произлегуваат било од грешните склоности на човековата природа,
било од одделните сфаќања кои отстапуваат од непишаните норми на колективниот
морал. Секоја заблудена овца има свој овчар кој ќе ја пронајде кога ќе се изгуби и ќе ја
врати во стадото. Човекот кој се оддал на некоја погубна страст, на пример, коцкање,
разгаленост, своеглава жена која за ништо не се грижи, немирно момче, отфрлен од
општеството или од училиштето, не можат и не смеат да пропаднат, бидејќи штом се
најдат на крајот од патот, на работ од провалијата, секогаш ќе се најде спасоносна
рака која ќе ги задржи од падот и ќе ги врати во прегратката на заедницата, каде што
ги чека радост и сеопшта прошка. Конзервативна, затворена во себе, таа заедница ќе
се отвори и пред туѓинците, штом овој ќе ги посведочи своите национални и
општочовечки вредности.
Колективниот морал и семејното чувство на братство и солидарност со сите-тоа
се вредностите кои се наоѓаат во темелите на патријархалната заедница. ЛЛ бил
свесен дека новото доба ги разнишало тие темели, но тој не ги прикажувал
социјалните, туку моралните и индивидуалните аспекти на кризата која настапила.
Носител на новото кај него не е лихварот-крвопија, ниту пак поткупливиот чиновник,
туку интелектуалецот. Расказите за интелектуалците (ВЕРТЕР, ВЕРТЕР И ШВАБИЦА),
се надоврзуваат на патријархалната идила од селскиот и малоградскиот живот (Прв
пат со татко ми на ..., На бунарот, Во добар час ајдуци, Тој знае се’). Мостот меѓу
едните и другите го прави расказот Школска икона, приказна за идиличната тишина на
патријархалното село и едновремено за духовните немири на новото време, чии
носители се образованите луѓе. Интелектуалецот на ЛЛ, обично образован во
странство (како и самиот писател), склон е кон сентиментални сонувања и вљубување
на прв поглед, распнат меѓу тежнеењето за индивидуална слобода и строгите барања
на патријархалниот морал. Судирите, овде се решаваат на ист наќин како и во
идилите, со враќање на „заблудениот“ во крилото на заедницата, но најчесто со
спротивни последици за натамошната судбина на јунакот: жртвување на личната
слобода не носи спокојство и среќа, ами пустош и очајување. Глорификацијата на
стариот морал преоѓа во дискретна побуна против стегите што тој му ги наметнал на
поединецот. Особено е во таа смисла, крактеристичен расказот СЕТО ТОА НАРОДОТ
ЌЕ ГО ПОЗЛАТИ. Дејството е поместено од минатото во сегашноста, луѓето се како и
секогаш кај ЛЛ сочувствителни, но сепак, се е поинаку. Ги нема веќе старите заедници
кои воделе грижа за секој поединец. Човекот кој се унесреќил во војната, залудно бара
место во општеството и е препуштен на улицата и минливата милосрдност на светот.
Во расказот „Сето тоа народот ќе го позлати“, Лаза Лазаревиќ целосно опишува
два лика: казанџијата Благоја и капетанот Танасиј. На првиот не му дава презиме, туку
само епитетот „казанџија“, што ја означува работата, дејноста со која се занимава.
Танасиј пак, има презиме Јеличиќ и чин на капетан во српската војска.
Со оваа разлика меѓу овие два најфреквентни лика во расказов, авторот ја кажува
всушност нивната различна положба и значење во општеството.
Имено, Благоја е дел од народните маси и не е важно како се вика, додека
Танасиј е дел од одредена избрана група луѓе и претставник на државата која, судејќи
спред се’ е отуѓена од сопствениот народ. Сепак, иако различни според својот
општествен статус, Благоја и Танасиј се сретнуваат на исто место и заедно го
поминуваат времето во исчекување на доаѓањето на членовите на нивното семејство,
делејќи притоа исти чувства: немир, страв, неизвесност, што во тие моменти ги прави
еднакви.
Авторот на овој расказ е претставник на српскиот реализам, така што и
портретирањето на ликовите е реалистично. Без оглед на тоа кој на кој дел од
општеството му припаѓа, тие се борат со своите стравови и тагата, секој на свој начин.
Казанџијата Благоја го чека ранетиот син од војната. Нервозен е, постојано
трча и се распрашув за доаѓањето на бродот. Спомнува коњи зашто брото патува
бавно. Смета дека побрзо би се стигнало со коњи од минатото. Се обидува својот
страв и немир да ги смири и канализира преку постојаното зборување за некои
настани. Не може да престане со прашување и постојано му се чини дека дека брото

89
доаѓа, а таквиот привид е резултат на силната желба тоа побрзо да се случи. Тој
автоматски и отсутно зборува и не се грижи дали некој воопшто го слуша. Сетоа тоа е
во прилог на скратување на времето до доаѓањето на синот, како и одвраќање од
мрачните мисли кои постојано помиуваат низ неговата глава.
Од сеќавањата на настани од минатото, кажувањето го префрла на воените
инвалиди. Споменува некој инвалид кој проси и жестоко заклучува дека на таквиот му
е подобро да не живее, а потоа, сфаќајќи дека таква судбина може да дели и неговиот
син, се смирува, па почнува, повторно жестоко да ги брани правата на инвалидите и ја
напаѓа државата која не се грижи за нив. Иако смета дека води дијалог со капетанот
Танасиј, тој сепак зборува сам бидејќи нема трпение да го дочека одговорот.
Забележителен е страв во неговата потсвест дека син му ќе му се врати како
инвалид и дека како и сите други воени инвалиди ќе заврши како просјак на улица.
Чувствата собрани во него, на момент испливуваат на површина, тогаш кога нешто ќе
го потсети на ранетиот син.
Во кафеаната, неговиот страв и агонијата доживуваат кулминација, кога на
чаршафот ќе здогледа црвена дамка што ќе го асоцира на крв и на ранет човек. Тогаш,
неговиот очај се претвора во бес што го истресува на гостилничарот, што заради тоа
го нарекува со разни погрди имиња.
Однесувањето на Благоја спрема гостилничарот и капетанот Јеличиќ додека му
зборува за издржувањето на инвалидите од страна на државата се само последица на
неговата напнатост. Тоа го нагласува и самиот писателво еден дел каде што
експлицитно ја нотира неговата пристрасност и каде што го оправдува однесувањето
на Благоја со зборовите: „Читателот многу ќе згреши ако помисли дека Благоја е некој
разглен дрдорко – сега тој е само во трескавична состојба заради нетрпението, па
бара постојано некаква занимација. Би се согласил тој сега и да се тепа, и да го тепаат
– само и само побрзо времето да му пројде. Инаку, тој не беше ниту многу зборлив
човек и вечерашново негово напаѓање на секој еден што ќе го сретне е само очајнички
обид да го растера стравот“.
За описот на однесувањето на Благоја авторот користи главно глаголи во
имперфект и прилози кои одат со овие глаголи. По таков начин уште повеќе ја
доловува вознемиреноста на Благоја и негово нетрпение: „цел ден нестрпливо
одеше“, „секој час се распитуваше“, „постојано се вртеше“, „влегуваше во
гостилницата во станицата“, „исплашено истрчуваше“.
Капетанот Танасиј Јеличиќ ги чека жената и синот кои биле на военото
подрачје. За разлика од Благоја тој седи мирно, малку зборува и главно одговара на
прашањата или се надоврзува на зборовите на Благоја. Во интервали слуша или се
преправа дека го слуша Благоја, кому пак не му е воопшто важно дали ќе биде
сослушан и, не сака да влегува во било каква расправа со него или во некој
позадлабочен дијалог.
Молчејќи, тој ги сокрива сите свои сомнежи, одгледува надеж и во мислите се
соочува со секој можен исход. Нестрплив е и тој, исплашен и вознемирен, но од
стравот не се ослободува со зборување како Благоја, туку сите свои стравови ги
задржува длабоко во себе. Се обидува да ги канализира така што на личните нешта
Им дава некаква глобална сила, сметајќи дека така создава брана, како заштита од
сите можното уништување на сето она што за него значи живот.
Во него се одвива борба и тој сам себеси се обидува да си пружи утеха. Од
реалноста бега така што мисли на жена си, на синот, на детството. Се сеќава на
минатото и на нивните заедниќки моменти. Мислите постојано му се враќаат на
Кнежевац, а преку детали од минатото, читателот може да ја почувствува
безгрижноста која тогаш владеела. Неговите чувства на моменти преоѓаат во црни
претчувства, па повторно се враќаат во првоитната состојба. Колку бил напнат и
вознемирен се гледа по неговото нагло скокање и истрчување пред бродот, штом
слушнал дека тој доаѓа. Неговите најблиски биле здрави и живи и бил неизмерно
среќен заради тоа. Ладна рака му го зграбува срцето кога ќе дознае дека веќе нема

90
своја куќа, но тој стисок попушта во моментот кога го здогледал синот на Благоја без
раце и нозе.
Без оглед на тоа дали зборува за старите или новите времиња, за простите
луѓе или интелектуалците, ЛЛ на прво место е моралист. Идеализацијата на старото
општество и критиката на новото, кај него се дадени исклучиво од морално
становиште. Неретко, моралноста во неговите раскази делува неприкриено,
тенденциозно, особено во завршетоците, кои понекогаш наликуваат на класични
наравоученија. Од плитко морализаторство, за што го обвинувале одделни критичари,
го спасува извонредната смисла за откривање на внатрешните, психички состојби и
преживувањата на јунакот, поетската сила со која ги доловува сликите на амбиентот и
атмосферата, како и големата грижливост со која ги градел композицијата и изразот во
своите раскази. ЛЛ е творец на српскиот психолошки расказ и еден од најдобрите
стилисти во историјата на српската проза.
Под влијание на ЛЛ бил и раскажувачот ИЛИЈА ВУКИЧЕВИЌ (1866-1899), кој го
прикажувал селскиот и малоградскиот живот, како и случувањата на границата.
Напишал неколку извонредни раскази и бајки (Прича о селу Врачима и Сими Ступиц),
кои го претставуваат неговиот најзначаен придонес во српската реалистична проза.

91
24. ЈАНКО ВЕСЕЛИНОВИЌ (1862-1905)

Јанко Веселиновиќ е третиот класичен претставник на селскиот реалистичен


расказ, кој според своите книжевни особини стои меѓу Милован Глишиќ и Лаза
Лазаревиќ. Глишиќ му бил поблизок и во книжевните и во политичките сфаќања: како и
тој, произлегол од народното усно раскажување, се угледувал на руските писатели и
бил приврзаник на С. Марковиќ, но нему му недостигало она што е најважна одлика на
прозата на Глишиќ: општествената критика и хуморот. Слично како и Лаза Лазаревиќ и
уште повеќе од него, Јанко Веселиновиќ бил свртен кон старото село, како и тој, ги
идеализирал семејните задруги и патријархалните односи, но без оние длабоки,
морални потреси и психолошки продлабочувања, карактеристични за ЛЛ. Веселиновиќ
е типичен идиличен реалист и едновремено, еден од најизразитите регионалисти меѓу
српските раскажувачи. Во своето обемно дело-објавил околу 30 книги раскази,
репортажи, романи, драми и записи-тој најмногу го прикажувал родниот крај, Мачва.
Роден е во село (во Црнобарскиот Салаш), каде што поминал добар дел од
животот, се’ до преселувањето во Белград, во 1893 година. Додека бил во Мачва, во
околните села работел како учител, така што силно се имал сродено со селото и
селаните. Затоа, неговите селски раскази, особено во првата фаза, додека не го
напуштил селото, делуваат свежо и автентично. Во нив давал исечоци од стварноста,
слики од селскиот живот (под таков наслов, во 1886 и 1889 излегла првата и
најзначајната збирка негови раскази), настојувајќи не само да биде поверен на
стварноста туку во својата постапка што поточно да го пренесе тонот и стилот на
народното раскажување. Неговите раскази се одликуваат со лирска топлина и
чувствителност, така што понекогаш повеќе наликуваат на песни во проза отколку на
раскази: Полско цвеќе, Од срца срцу, Рајске душе, Зелени вајати (ова се наслови
нанегови стихозбирки). Јунаците на ЈВ се навистина рајски души, богати сиромашни,
луѓе, кои, како што рекол тој во еден расказ „имаат срце за целиот свет, ги чувствуваат
туѓите болки, плачат за другите, сечија тага е во состојбаи ним да им предизвика
солзи, тие не размислуваат кога треба некому да му се помогне, тие даваат и прават
се’ додека имаат и можат“.

92
Судирите во тој свет се најчесто случајни или привремени. Тие неретко,
произлегуваат од недоразбирање и несреќни случаи. Најголемите потреси не доаѓаат
од општеството туку се природни. Веселиновиќ, често говорел за епидемиите на
колера, кои го косат народот и за борбата на човекот, после несреќа, да го обнови
својот живот. Во еден од своите најубави кратки раскази, ГРАД, прикажал како бурата
опустошела едно село и како селаните болно го доживеале губењето на летнината.
Слабоста на расказите на ЈВ се-недостигот на селекција, суровоста на обработката
(=технички недостаток), особено расплинетоста на нарацијата и раастегливоста на
дијалозите, кои најмногу дошле до израз во подоцнежната негова фаза, до кога кажал
се’ што имал да каже, така што веќе се повторувал.
Иако најизразит и најплоден селски раскажувач, ЈВ, за разлика од своите
претходници, пишувал и романи. Покрај СЕЉАНКЕ (1893), оставил уште еден
завршен роман, ХАЈДУК СТАНКО (1896) и четири недовршени: Борци, Јунак наших
дана, Сељак и Машиќи.
Хајдук Станко е историски роман, со тема од Првото српско востание, но тоа
што привлекува во него не е толку реалистичното пренесување на минатото колку
романтичната повест за невинооклеветениот, кој се претвора во страшен осветник.
Таа повест, развиена низ сложените заплети, во напнатата, динамична фабула,
придонеле за тоа, овој роман, и покрај неповолниот прием кај критиката, да ден
денеска, да остане кај читателите мошне популарен. Недовршените дела, особено
политичкиот роман БОРЦИ и „општествениот роман“ Јунак наших дана, ги
надминуваат неговите дотогашни тематски рамки и влегуваат во проблематиката на
модерниот живот. Во вториотроман,го прикажал животниот пат на реакционерниот
политичар др. Владан Ѓорѓевиќ, кому му го спротивставил идеалниот лик на Светозар
Марковиќ (во романот, се разбира, тие имаат други имиња). Романот е значаен и
според панорамата на белградскиот живот што во него е дадена. Тој роман е еден од
најамбициозните обиди за белградски роман.
Како еден од зачетниците на белградскиот роман, треба да се спомене и
Драгутин Илиќ (1858-1926), еден од најплодните и најразновиднните писатели на
своето време.
Српскиот класичен расказ географски опфатил само дел од Србија. Сите тројца
нејзини основоположници потекнуваат од Западна Србија, која дотогаш дала најголем
број писатели. Нивните непосредни продолжувачи, Светолкик Ранковиќ и Радоје
Домановиќ, и обајцата по потекло од централната област Шумадија, ги прошириле
дотогашните граници на реализмот, не толку географски колку според начинот на
гледање и прикажување на стварноста. И едниот и другиот се обиделе да го негуваат
селскиот расказ, но со многу помалку успех од своите претходници. Нивниот дострел
бил во друга насока: Светолик Ранковиќ во психолошкиот роман, а Радоје Домановиќ
во сатирата. Свртени повеќе кон современоста отколку кон минатото-она што
настанувало, а не она што исчезнувало-тие пружиле мрачна, песимистичка визија на
стварноста, која стои наспроти ведирината и оптимизмот на првите реалисти.

93
25. СВЕТОЛИК РАНКОВИЌ (1863-1899)

СВЕТОЛИК РАНКОВИЌ (1863-1899) и’ припаѓа на психолошката линија на


српскиот реализам. Син на свештеник, по образование богослов, тој 4 години
поминаал во Киев како студент на духовната академија. Книжевно се формирал под
влијание на руската литертура. Неговата книжевна кариера траела кратко, дури ни
една цела деценија, зашто и рано умрел (на 36 години). Трите најзначајни романи на
СР кои го чинат најзначајниот дел од неговиот опус, настанале во последните години
од неговиот живот, во трескавична борба со смртта, со што можат да се објаснат и
некои забележителни слабости во нивната изработка.
СР создал роман на личноста. Во средиштето насекој од тие романи е
животната судбина, биографијата на главниот јунак: во ГОРСКИ ЦАР (1897) дадена е
историјата на селското момче Ѓурица, кој од ситен крадец станува ајдук и разбојник, во
СЕЛСКА УЧИТЕЛКА (1899) прикажана е трагичната судбина на селските учители
Љубица и Гојко, а во ПОРУШЕНИМ ИДЕАЛИМА (1900)-животниот пат на калуѓерот
Леонтије.
Јунакот на Ранковиќ има нешто од романтичарската отуѓеност од животот. Тој
се наоѓа во постојан судир со светот што го опкружува. Во животот влегува со големи
очекувања и идеали, а завршува разочаран, без надеж, без идеали и верба во
животот. Личноста се судрува со стварноста и во тој судир се рушат идеалите, човекот
страда и пропаѓа. Урнатитеидеали-тоа е заедничката судбина на сите негови јунаци.
Кај Ранковиќ ја нема веќе старата, патријархална, идилична Србија. Единствено што
од неа е останато е нејзината природа, нејзините прекрасни планини, нејзините
зелени, брановиднни пејзажи кои зрачат со светлина и со тоа уште повеќе, контрасто,
ја нагласуваат трагиката на човековата положба. Ранковиќ е првиот српски писател кој
ја прикажува личноста во развој. Ниту еден негов јунак на крајот не е таков каков што
бил на почетокот, животот не само што ги руши неговите идеали туку исто така, го
менува и неговиот карактер, тој ги прави поинакви отколку што биле и, што е најважно,
поинакви отколку што самите сакале. Тие судири и прекршувања кај човекот, СР ги
прикажува одвнатре, користејќи средства на модерниот психолошки роман (на пр.
Внатрешен монолог). Најзначајниот реалистичен романописец после ЈИ-Светолик
Ранковиќ е творец на српскиот психолошки роман, како што ЈИгњатовиќ е творец на
општествениот роман. (195 стр.).

94
Темата на романот „Горски цар“ – ајдуштвото, во тоа време била мошне
актуелна. Капитализмот ги урнал темелите на дотогашниот начин на живот, така што
тоа за селото било многу болно. Затоа и се појавиле бунтовници. Со пушки се
спротивставувале на законот, со кражби реагирале на постоечката нееднаквост, а во
шумата гледале место каде што би ја постигнале посакуваната слобода. Мрачната
атмосфера во романот ја ублажува човекољубието на авторот, питомите пејзажи,
љубовта меѓу Ѓурица и Дтанка. Инаку „Горски цар“ е најдобриот роман на Светолик
Ранковиќ.
Во романот „Горски цар“, Светолик Ранковиќ не е ориентиран спрема
објективната стварност туку спрема развојот на внатрешната психологија на ликот,
односно ликовите.
Ѓурица е горскиот цар, централниот „лик во развој“. Станува збор за момче со
свои младешки идеали: посакува да се ожени, да работи. Но, неговите идеали ќе се
срушат во првиот погоден момент, заради фактот што и татко му бил ајдук, но и под
влијанието на моќниот и влијателен лик во романор Вујо.
Вујо, не е лик во развој. Такви се само Ѓурица и Станка.
Станка е амазонка, со дива природа, кој ќе биде скротена од љубовта спрема
Ѓурица. Тоа е, накратко, развојот на нејзиниот лик преку дејството. Дивата природа на
Станка ќе дојде до израз кога ќе биде изневерена од Ѓурица како жена.
Променлив, односно „во развој“ е и односот на Ѓурица на почетокот од
раскажувањето и потоа, кога тој ќе стане ајдук и кога ќе ја придобие љубовта кон
Станка, во која ќе биде сигурен, заради што и таа нема да претставува за него
провокација како маж.
Односот на Ѓурица спрема јатаците е генерално праведен, иако е дискутабилна
и контрадикторна квалификацијата за „праведен разбојник“.
Во развојот на ликот на Ѓурица може да се забележи и своевидна Фројдовска
димензија, поточно пресликување на Фројдовата теорија за личноста, по однос на тоа
колку околностите можат да бидат пресудни во нејзиниот развој. Во случајот со
Ѓурица, околностите имаат речиси судбинско значење. Но, и тоа е реализам, па макар
бил и со психолошка линија.
Психологијата на Ѓурица како лик во развој става на показ таков лик кој е во
постојан саморазговор, за да сфати дека неговите идеали се урнати. Во таа смисла и
се наметнува дилемата-дали Ѓурица е праведен разбојник и дали воопшто, може да
постои категорија „праведен разбојник“? Дали може да му се „прости“ на Ѓурица?...

95
26. РАДОЈЕ ДОМАНОВИЌ (1973-1908)

РАДОЈЕ ДОМАНОВИЌ (1873-1908), припаѓа на спротивната хумористично-


сатирична традиција на српскиот реализам, ќиѓто зачетник е Глишиќ. Шумадинец по
потекло, својата книжевна работа ја започнал со раскази од селскиот живот во кои,
како и кај неговите претходници, се забележевува остра поларизација меѓу
идеализацијата и критичкото разобличување, но без сила и свежина. Најдобар дел од
неговата работа, сатиричните раскази, настанале во неколку, најцрни години на
апсолутизмот на Обреновиќ, меѓу 1898 и 1903.
Како син на селски учител опозиционер, одгледан во духот на народната
поезија и Горски венец, подоцна како гимназиски професор прогонуван заради
политичките уверувања. РД освен огненото слободољубие, носел огорчена омраза
против сите видови тиранија, што ги мотивирала неговите најдобри сатири. После
падот на апсолутизмот (1903), незадоволен што има многу мали промени во државата,
разочаран и од својата партија, оддавајќи се сѐ повеќе на боемски живот, тој се
обидел во новите прилики да ја продолжи работата над политичките сатири (го
издавал политичко-сатиричното списание „Страдија“), но без претходниот успех.
Умрел осамен, огорчен, сиромашен, на 35 години.
РД пишувал хумористично-сатирични раскази, во кои сѐ што се случува
останува во границите на реално можното (ПОЗОРИШТЕ У ПАЛАНЦИ, ГЛАСАМ ЗА
СЛЕПЦА, НЕ РАЗУМЕМ, и др.), потоа, хумористично-сатирични раскази со елементи
на гротескна фантастика (МАРКО КРАЉЕВИЌ ПО ДРУГИ ПУТ МЕЃУ СРБИМА,
РАЗМИШЉАЊЕ ЈЕДНОГ ОБИЧНОГ СРПСКОГ ВОЛА), но најголемиот успех го
постигнал во жанрот на алегориско-сатиричната приказна, што и ја воведува во
српската книжевност (УКИДАЊЕ СТРАСТИ, ДАНГА, ВОЂА, МРТВО МОРЕ, СТРАДИЈА
и др.). Сатиричната визија за стварноста обично е врамена во приказна за имагинарно
патување по светот, на јаве или во сон, и стигнува во некаква голема, напозната земја,
која се разликува од сѐ што пред и потоа видел. Сѐ што во неа се случува е поинакво
од нормалното и природното. Луѓето добиваат ордени и признанија за нешта заради
кои се оди во затвор (Џ. СВИФТ-Гуливеровите патувања, 3 и 4 дел-слично, и тој роман
е политичка сатира), министрите за сѐ се интересираат, само не за она за што се
задолжени, пратениците кои ги именува министерот на полицијата го учат она што им
е зададено да го кажар во собранието како што унеците ги учат лекциите (СТРАДИЈА).

96
Најголема граѓанска доблест е ропската понизност пред претставниците на власта.
Граѓаните се гордеат што ги јаваат кметовите и пандурите, со радост ја прифаќаат
одредбата на власта секому да му се удри жиг на чело за да се разликува од
странците, чинот на жигосувањето се претвора во голема свеченост, манифестација
на националните чувства (ДАНГА). Со методите на училишно воспитување и
посебните мерки на власта, граѓаните се одвраќаат од секаква опасност, од секаков
ризик, од секаков смел потфат. Тие живеат мирен, дремлив живот, без амбиции и
страсти, без пороци и доблести, во кој активна е само омразата спрема оној што сака
да постигне нешто повеќе, да се издигне над просекот (УКИДАЊЕ СТРАСТИ, МРТВО
МОРЕ). Во тие сатири, РД речиси никогаш не ги прикрива своите вистински намери. Со
ироничните забелешки за „милата ни и напатена макја Србија) и другите алузии,
особено во воведните делови на расказите, тој јасно става на знаење што се крие зад
чудната земја за која зборува, што придонесува за актуелноста и убиственоста на
сатирата, но исто така, понекогаш ја нарушува алегоричноста на приказната,
намалувајќи го притоа нејзиното универзално значење. Целосната складност меѓу
сатирата и алегоријата, како и посебното и општото значење, постигнати се во ВОЂА,
најдобрата сатира на РД, возбудлива приказна за колективната опседнатост со
водачот. Со цврстата внатрешна архитектоника, таа се разликуви формално од
другите негови сатири, каде што има мозаична композиција, редење на повеќе или
помалку независни тематски целини, внатре во рамките на приказната.
Во сатирата „Мртво море“, Радоје Домановиќ науверлив и сатиричен начин го
прикажува животот во една српска паланка, неприфаќањето на поинаквите од себе и
омразата спрема сите оние што се издигнале над просекот на средината.
Малограѓамската средина е „застоена“, таа не ги поднесува разликите и многу
тешко ги менува своите однапред утврдени мерила на добро однесување. Во неа
владее дволичност и лицемерие, а секоја единка е принудена своите лични
размислувања да ги подреди на масата, за да не се спротивставува на застоеноста и
да ги крши правилата.
Малограѓаните не ги поднесуваат оние коишто мислат поинаку и секогаш, не
бирајќи средства, се спротивставуваат на смелите потфати на другите, поинаквите.
Тие, малограѓаните, живеат мирен живот, без амбиции, без страсти, без доблести и
пораки. Во нивниот досаден и застоен живот единствено активна е омразата спрема
оној што сака да се издигне над нив и да постигне нешто повеќе. Малограѓаните на
сакаат промени и не прифаќаат ништо ново, па дури ни она што е убаво, добро и
интересно. Во таа средина се осудува секое поинакво однесување од вообичаеното, а
сите кои отскокнуваат од другите изложени се на исмејување, озборување и
игнорирање.
Луѓето полни со амбиции и желби да го искажат својот уметнички дух, научници
со блескав ум, поети и сликари, неумоливо се принудуваат да бидат како останатите.
Зашто имено, нивниот талент не е нивна доблест, ами напротив, нивна маана, голема
маана заради која во својата мала средина доживуваат големи непријатности. Тие
претставуваат опасност и ризик за другите, затоа што можат да постигнат нешто
повеќе и нешто подобро. Затоа, малограѓаните многу се трудат да им ги угушат
страстите, да и ги уништат слободните уметнички соништа и да го ограничат нивниот
напреден ум.
Малограѓанската средина е средина во која владее општествено мртвило. Во
неа луѓето се гушат, се чувствуваат како да им недостига воздух. Таа средина е како
мртво море, една зелена застојана вода со непријатен мирис која воопшто не се
помрднува и во која нема вистински живот.
Радоје Домановиќ како човек, писател и публицист имал мошне критичен однос
спрема стварноста и времето во кое живее. На удар на неговата сатирична проза била
власта и нејзините претставници. Од друга страна бил мошне разочарн од
однесувањето на народот, на граѓаните кое било покорно, поданичко и полтронско.
„Мртво море“ е алегориско – сатиричен расказ во кој писателот ги претставува
општествените појави во Србија кон крајот на 10-от век за време владеењето на

97
Обреновиќ, преку опис на луѓето од едно мало место што не ги прифаќа сповремените
текови, го осудува сето она што е ново, напредно и за нив непознато.
Самиот наслов на расказот упатува на мртвило и зачмаеност, какви што
владееле по малите место, особено меѓу луѓето кои биле неспособни да ги прифатат
новините и современите текови на животот.
Сурово и остро, жителите на провинцијата го осудуваат сето она што на некој
начин се истакнува во нивната средина со реченицата „Тоа кај нас не може да биде“.
Иако нараторот ги прашува дали читале песни или научни трудови, дали
гледале слики, дали слушале музички композиции, тие одречно одговараат,
коментирајќи дека знаат дека тоа ја руши хармонијата која владее во нивната
„земјичка“.
Домановиќ во овој расказ не ги прикажал само ограничесноста и
примитивизмот на малограѓаните туку и нивното лицемерие кое најдобро се
забележува во нивните коментари после јавната осуда на одметникот дека тој
впрочем, воопшто и не бил толку лош.
Овој расказ е од една страна критика на општеството и на власта, а од друга
повик за нешто да се промени и да тргне на добро во сите сегменти на јавниот и
општествениот живот. Користејќи сликовит начин на говор, Радоје Домановиќ ги
критикува и исмева човечките маани и пороци и општествената изопаченост,
зачмаеност и непросветеност. Домановиќ се труди тоа општество да го промени и да
го натера да излезе од зачмаеноста во која пропаднало.
Целиот расказ „Мртво море“ е напишан во алегорија, а присутна е и иронијата.
Од реалистите кои од други краиште дошле во Србија најистакнати се Сима
Матавуљ и Стеван Сремац. И едниот и другиот покажале повеќе широчина и
разновидност, за разлика од другите реалисти, во прв ред затоа што повеќе од
другите успеале да го надвладеат родокрајниот регионализам.

98
27. СИМО МАТАВУЉ (1852-1908)

СИМО МАТАВУЉ (1852-1908), Далматинец, родум од Шибеник, град кој, спред


неговите зборови имал „многу нешта отповеќе, несовремени), многу нешта „што ѝ
годат на поетската нарав“, запознал, селејќи се честопати, разни краишта:
далматинското приморје, родниот Шибеник, Задар, каде што завршил учителска
школа, внатрешноста на Далмација, Загора, најнапред во детството, како ученик во
манастирот Крупи, а потоа и како учител, Бока Которска, како наставник по италијански
јазик во поморската школа во Херцег Нови, Црна Гора (од 1881) каде што извршувал
разни воспитувачки должности (гимназиски професор, надзорник на училиштето,
воспитувач на децата на кнезовите) и Србија (во која за постојано се населил во 1889),
во која живеел најнапред како гимназиски професор, а потоа, бидејќи се оженил со
богата вдовица, како слободен писател. Сите тие краишта „влегле“ во неговото
книжевно дело. Иако како раскажувач почнал релативно доцна, речиси во 30-тата
година од животот, СМ оставил, според својот обем големо дело: 10-тина раскази, 2
романа, неколу текстови со мемоарски и патеписен карактер, две драми, извесен број
книжевни огледи, повеќе преводи од француски на ителијански. Во почетниот период
неговото дело е во знакот на фолклорот. Бил извонреден устен раскажувач, кој умеел
да го забавува друштвото со смешни и понекогаш пикантни приказни. Долго живеејќи
по места во кои се сочувал изворниот народен јазик, тој, како што и самиот велел
„стекнал необично познавање на народната фразеологија и изобилство од синоними“.
Освен овие особини, што го приближува до другите српски реалисти, стекнал и други,
кои од нив го разликуваат: критичност и самодисциплина. Критичен спрема себе и
својата работа, СМ постојано се развивал и самоизградувал како писател. Немал
високо образование, но со постојано читање ги проширувал своите знаења и бил еден
од најобразованите српски писатели на своето време. На неговото книжевно
формирање најголемо влијание имале италијанските и француските писатели,
особено Ги де Мопасан. Во неговата работа се бореле две спротивнивни тежнеења на
неговиот уметнички темперамент: спонтаниот и незауздан раскажувачки дух и
смислата за мера, складност и екомоничност на композицијата. Како што соревал како
писател, СМ сѐ шпвеќе настојувал да ги самодисциплинира своите примарни
склоности, смислата за раскажување и хумор, да ги заузда и да ги подреди на

99
одредени уметнички цели. Честопати им се враќал на своите, веќе објавени дела, ги
поправувал и преработувал. Првиот негов роман УСКОК постои во три верзии
(1886,1892,1902), а вториот БАКОЊА ФРА БРНЕ во две (1888, 1892). Неговиот
уметнички развој се движел од спонтано, фолклорно обоено и уметнички недоволно
организирано раскажување кон модерна артистичка проза, во која ништо не е
оставено на случајноста и импровизацијата, така што секој детаљ е грижливо одбран,
одмерено и складно вграден во органското еднинство на раскажувањето.
Критиката ги пренагласила разликите меѓу регионалните тематски кругови
внатре во делото на СМ, приморскиот, белградскиот, црногорскиот круг, особено во
вредносна смисла. И други нешта во прозата на СМ се мошне важни: разликите меѓу
неговите дела од различните периоди на неговото творештво. Црногорските раскази,
настанати на почетокот на неговата дејност за време престојот во Цетиње, понекогаш
по нарачка на дворот, оптоварени се со романтика, еткографизам, тенденционзност и
само во ретки случаи претставуваат релативно успешни остварувања (СЕЛИДБИ
ЗАВОЂАНКА, НОВО ОРУЖЈЕ). Од истите маани страда и романот од црногорската
историја УСКОК, романтична повест за Чехот бунтовник, бегалец во Црна Гора, и
неговата трагична љубов спрема Црногорката, приказна во која е внесена обилна
етнографски и историографски материјал. Најцелосна слика на Црна Гора дал
подоцна, во недовршената автобиографија БЕЛЕШКЕ ЈЕДНОГ ПИСЦА, чиј најголем
дел е посветен на авторовиот престој на Цетиње. Расказите од приморскиот живот, во
поголемиот свој дел настанале после доселувањето на СМ во Белград, паралелно со
белградските приказни. На нив, како и на романот БАКОЊА ФРА БРНЕ, роман од
далматинскиот живот, СМ најмногу им должи за својата прочуеност како реалист.
Животот на далматинскиот човек, во Приморјето, во Загорје во кои се судираат
ведрата животна радост и длабоката тага, суровоста и некакава питома човечност,
религија суеверие, хумор и поезија, СМ ги прикажал не само со одлично познавање
туку и со длабока чувствителност и симпатија. Ниту овде веднаш не се ослободил од
своите поранешни недостатоци, етнографизмот, пренагласената дескриптивност,
неизграденоста на композицијата, но во нив има во избилство она што недостица во
црногорските приказни: хумар, атмосфера во ссликањето на средината, силни,
животни ликови.
Неколку подолги раскази од Приморјето (ПОШЉЕДНИ ВИТЕЗОВИ, НОВИ
СВИЈЕТ У СТАРОМ РОЗОПЕКУ, СВРЗИМАНТИЈА), заедно со романот БАКОЊА ФРА
БРНЕ се најзначајни остварувања од средниот творечки период на СМ (крајот на 80-
тите и 90-тите години).
Замислен како расказ, БАКОЊА ФРА БРНЕ во текот на создавањето прераснал
во хумористичен роман со новелистичка композиција и широк реалистичен план, во кој
околу животниот пат на еден фратар, се развива слика на стварноста во католичкиот
самостан и селската стварност околу него; тој го опфаќа, според зборовите на
писателот „целиот далматински живот, сите сталежи и народот од двете вери.
Реализмот, силното чувствување на животната радост, медитеранската смеа на СМ,
која не е нигден толку спонтана, тазиграна и гласна, го прават овој роман еден од
најдобрите во српската реалистичка проза.
Најголемо мајсторство во композицијата и изразот, СМ постигнал во кратките
раскази од последниот период на својата дејност. Тоа се најнапред 4 далматински
приказни: ПОВАРЕТА, ПОЛИПЕНДА, ОШКОПАЦ и БИЛА И НАШЉЕДСТВО, класичнои
според својата длабочина, едноставноста и внатрешната складност, кои заедно со
БАКОЊА ФРА БРНЕ се негови најзначајни остварувања.
Матавуљ многу малку или речиси воопшто не бил оптоварен со предрасудите
на другите реалисти. Иако најчесто и со најголемо задоволство пишувал за малиот
човек, за луѓето од народот, тој им приоѓал без илузии и сентименталност. Не пател
ниту од носталгија за старите добри времиња. Во „стариот Розопек“ победата не ја
извојува стариот туку новиот свет. Од сите свои современици тој е најблизок до
еврпскиот реализам, така што тој во најдобрите моменти давал дела ослободени од
моралистичките, педагошките и критичките тенденции, чија единствена цел била

100
вистината за животот и уметноста. СМ е класик на српската реалистична проза и
заедно со Лазаревиќ нејзин најголем уметник на зборот, „мајстор раскажувач“, како
што Иво Андриќ го имал наречено.

101
28. СТЕВАН СРЕМАЦ (1855-1906)

СТЕВАН СРЕМАЦ (1855-1906). Првите книжевни дела ги објавил кон крјот на


80-тите и почетокот на 90-тите години од 19 век, но полна афирмација доживеал со
ИВКОВА СЛАВА, роман кој се појавил во 1895, кога СС имал 40 години, така што во
наредните 10 години, па сѐ до смртта бил еден од најистакнатите и сигурно и
најпопуларен српски писател.
Роден е во Војводина (во Сента), но најголемиот дел од живото го поминал во
Србија (од својата 12-та година) и станал еден од најзначајните писатели. Во
познавањето на српската стварносттој покажал поголема широчина од расжувачите
родени во Србија. Најдолго живеел во Белград, се школувал во гимназијата и
Великата школа, каде што и дипломирал историја (1878), за потоа, во 1892 до смртта,
да работи како гимназиски професор. Во меѓувре,е 10-тина години поминал во Ниш,
кој штотуку се имал ослободено од Османлиите.
Во своето творештво тој ги прикажал сите три средини во кои живеел:
војводинската, нишката и белградско-српската.
СС е првиот после Сима Матавуљ кој е тематски најразновиден меѓу српските
реалисти. Се формирал под влијание на својот вујко Јован Ђорђевић, книжевник и
истакнат културен работник, основач на Народниот театар во Белград и конзервативен
политичар, така што СС бил изразит традиционалист, конзервативец и антидемократ
во политиката, противник на Светозар Марковиќ и радикал, огнен приврзаник на
монархијата и режимот на кралот Милан, па и по тоа се разликувал од другите
реалисти. И по своите социјални симпатии и антиматии тој отскокнувал од нив
(другите реалисти). И тој повеќе го сакал старото отколку новото, поблизок му бил
ставремскиот, патријархалниот отколку граѓанскиот свет. Тој момент пресудно ќе
повлијае не само врз неговата тематика туку и врз неговата книжевна постапка и стил.
СС со симпатии ги сликал оние појави, луѓе и обичаи кои носеле белег на стариснкото,
патријархалното. Таквиот живот го нашол во малиот свет на војводинското село, кој со
многу топол хумор и лиризам го опишал во своето главно дело ПОП ЋИРА И ПОП
СПИРА, го нашол исто така и во стариот старобалканско-ориентален амбиент на
Ниш, што пак го исполнил со својот лирски хумор во делата ИВКОВА СЛАВА, ЗОНА
ЗАМФИРОВА, ИБИШ-АГА. Наспроти тоа, модерна Србија, во која сѐ повеќе пробива
европскиот, западен начин на живот, му била не само далечна туку и одбивна. Неа ја
прикажал со остро сатирично перо во делата ВУКАДИН, „ЛИМУНАЦИЈА“ НА СЕЛУ,
ЧЕСНА СТАРИНА и др.
Како писател на Белград, тој со сипатии гледа само на неговата периферија, во
која живеат старовременски луѓе, ситни трговци и занаетчии, кои не подлегнале на

102
европските навики. За нив говори топло, со благ хумор, во повеќе раскази како: ЧИЧА
ЈОРДАН, БУРИ И ЕНГЛЕЗИ, КИР ГЕРАС и др. Хуморот на СС, кој е основен белег на
неговите дела се диференцира во зависност од тоа дали станува збор за стариот или
новиот свет. Во првиот случај во него преовладуваат благи, лирски, поетски тонови.
Тоа е добродушна смеа, полна со симпатии и љубов спрема човекот и разбирање за
неговите слабости, а во вториот тој хумор е во знакот на острата, лута сатира.
Своите книжевни дела СС ги градел на особен начин. Одличен набљудувач, но
без дарна за измислување, тој обично тргнува од позајмени сижеа, анегдоти, кои потоа
ги развивал, проширувал и во нив, како во рамка внесувал најразновиден материјал
кој постојано го собирал. Оттаму, во неговото дело има изобилство и шаренило од
појави, но едновремено и многу малку единство и поврзаност меѓу деловите. По таков
начин настанувале не само неговите раскази туку и поголемите дела, кои според
својот обем можат да се вбројат о романи, иако тој самиот ги нарекувал раскази: ПОП
ЋИРА И ПОП СПИРА (1898) И ЗОНА ЗАМФИРОВА (1905) ИВКОВА СЛАВА (1895).
Овие три дела во својата основа имаат шеговите анегдота, стопена во љубовна
фабула, а својот обем им го должат најмногу на споредностите и дигресиите, кои
обично се без цврста поврзаност со главното дејство.
Значењето на делата Поп Ќира и поп Спира и Ивкова слава, почива пред сѐ на
она што во нив е споредно, на епизодите и дигресиите. ИВКОВА СЛАВА е најлабаво
компониран, со во основа безначајна фабула, што пак својата вредност им ја должи на
три момента: ликот на Калче, ориенталниот боем кој во песната и веселбата ја
задушува скриената тага, самотијата и желбата за убавина, потоа, колоритниот нишки
дијалект, кои го говорат јунаците од книгата и хуморот, кој како и во другите дела на
СС е лирски интониран, меланхоличен, полн со носталгија за минатите времиња.
ПОП ЋИРА И ПОП СПИРА е хумористичен роман, полн со шеговити згоди и
смешни ликови. Околу ефемерната приказна (безначајна) за кавгата на попадиите и
тепачката на поповите заради зетот како оска на нарацијата, дадена е широка
панорама на војводинското село. Романот е преполн со дигресии од различни видови,
има повеќе поглавја за кои писателот во шега му препорачува на читателот да ги
прескокне, зашто немаат никаква врска со „главните настани“. Независните епизоди со
споредни ликови, од кои некои се поизразити од главните, сликите на селскиот
амбиент и атмосфера, поетските описи, во кои мртвите предмети оживуваат, а
животние добиваат индивидуална боја-ова се елементи на романот кои ја чинат
неговата убавина, додека пак, основната фабула делува пмалку шематски, а ликовите
на главните јунаци остануваат без посилна индивидуална одреденост. Најдобра
склдност меѓу основната фабула и дигресиите остварена е во ЗОНА ЗАМФИРОВА,
каде што со многу живописни детали е доловена една љубовна историја од стариот
Ниш. СС во оваа книга внел толку ведрина, младост и убавина што таа и до денеска
останува најубавиот роман за љубовта во српската книжевност.
Посебно место во опусот на СС заземаат две дела градени на сличен начин:
романот ВУКАДИН (1896) и поголемиот расказ КИР ГЕРАС (1907). Во нив, тежиштето
не е на фабулата ниту пак на дигресиите, туку на ликовите на главните јунаци.
Вукадин и кир Герас, заедно со Клачо, кој композициски е спореден лик, се
најголемите дострели во карактерологијата на СС. Во нив се дадени два
репрезентативни лика на тогашна Србија: патријархалниот селанец, кој од селото се
спуштил во градот, и Грко-Цинцаринот, доселеник од Грција и Македонија. СС покажал
многу повеќе склоност спрема вториот отколку спрема првиот тип. Неговиот Цинцар,
иако ги носи сите традиционални мани на овој тип (скржавост, склоност спрема
измамите во трговијата, недоверливост, конзервативност), ги има токму оние доблести
кои му недостигаат на селанецот од ВУКАДИН: истракност, смисла за доготрајна,
макотрпна работа, трпеливост. Кир Герас постепено и упорно напредува во работата,
додека пак Вукадин сака да постигне сѐ одеднаш, со блефирање. На првиот СС
добродушно му се потсмева, а вториот го изобличува, го карикира.
Најизразитиот претставник на српската јумористична проза, заедно со Нушиќ е
најголемиот мајстор на смеата во српската книжевност. СС ја доживеал судбината која

103
е според многу нешта карактеристична за хумористите: стекнал голема популарност
кај читателите и едновремено и репутација на несериозен писател, кому му е само до
забава и разбигрижа кај критичарите. Во ова типично недоразбирање меѓу критиката и
писателот, читателите подобро го почувствувале писателот од многу критичари.
Делото на СС не нуди само смеа туку и поезија на животот („сремац во душата бил
лирик“, вели хрватскиот критичар Барац) и проникнување во сериозните прашања на
своето време.
Врсникот на Стеван Сремац, ПАВЛЕ МАРКОВИЌ АДАМОВ (1855-1907),
раскажувач од Срем, покренувач и долгогодишен уредник на списанието БРАНКОВО
КОЛО, го прикажувал селскиот живот во родниот крај наивно и идилично (збирката
СЛИКЕ И ПРИЛИКЕ ИЗ СРПСКОГ ЖИВОТА, НА СѐЛУ НА ПРѐЛУ).

104
29. ВОИСЛАВ ИЛИЌ (1862-1894)

Поезијата во периодот на српскиот реализам

Реалистичката програма на Светозар Марковиќ имала многу помалку оддек во


поезијата отколку во прозата: неколкуте социјални песни на Ѓ.Јакшиќ,
социјалистичките песни на следбеникот на Марковиќ и подоцнежен војводински
радикал и националист ЈАША ТОМИЌ (1856-1922) и мноштвото реалистични песни на
ВЛАДИМИР М.ЈОВАНОВИЌ (1859-1898), еден од најплодните поети во 80-тите-и сите
тие, со исклучок на песните на Ѓура Јакшиќ без вистинска книжевна вредност, тоа сѐ
што ја претставува српската реалност, т.е. реалистичност во поезијата на 19
век.Сепак, тие го означуваат и почетокот на социјалната поезија во српската
книжевност.
Единствен, вистински поет во епохата на реализмот бил ВОЈИСЛАВ ИЛИЌ
(1862-1894). Тој во српската поезија го извршил она што десетина години порано го
барал Светозар Марковиќ: одлучен раскин со епигонскиот романтизам. Во некои
песни, ВИ бил гласник на напредните тежнеења на своето време, остар критичар на
политичките и општествените изопачености. Сепак, неговата поезија, гледана во
целина, спротивна е на некои тенденциозни, ангажирани литератури, за какви се
залагал Марковиќ. Иако со реалистите го поврзуваат некои значајни заеднички белези,
како што се склоноста кон дескрипција и објективност, ВИ со својот естетизам и
формализам го отворил патот кон поезијата на која ѝ се туѓи грижите на реалистот за
обичната стварност и за барањата на иделозите за нејзино вклучување во
општествените и политичките борби на времето. Тоа е поезија во која најважна е
грижата за себе самиот, за своето сопствено уметничко суштество.
ВИ е роден во Белград како син на поетот Јован Илиќ, чиј дом бил седиште и
средиште на книжевниот Белград. ВИ бил опкружен со браќа (Милутин, Драгути и
Жарко), кои исто така биле активни во литературата, така што тој, како ретко некој
српски книжевник на своето време израснал во атмосфера која била изразито

105
книжевна. Таа околностимала многу поголемо значење за неговото поетско
формирање отколку неговото школување, кое пак заради болежливоста од која
страдал уште од детството, било нередовно и нецелосно. Тој по многу нешта ја делел
судбинатамсо другите современи писатели: честопати се селел од Белград во
внатрешноста, живеел оскудно, а заради своите уверувања бил прогонуван од
властите и умрел млад. Покрај татко поет, ВИ многу рано бил упатен во поезијата. На
него најмногу влијаеле руските романтичари Жуковски, Пушкин, Лермонтов, а особено
Пушкин. Преку руските и српските преводи се запознал и со поезијата на други
народи, особено со античката поезија и митологија, кои нашле силен одраз во
неговото дело. Како обновувач на поетскиот интерес спрема антиката, ВИ не знаел
ниту еден од двата класични јазика ниту пак, било кој друг странски јазик освен
рускиот. Иако само 15-тина години пишувал поезија, тој оставил обемно и разновидно
поетско дело. За време на својот живот објавил три збирки поезија (1887,1889,1892),
кон кои треба да се додадат голем број песни расфрлени по списанија или пак
останати во ракопис. Неколку слаби прозни обиди покажуваат дека ВИ првенствено
бил поет, дека умеел добро да пишува само во стих. Во неговото поетско творештво
можат да се издвојат неколку тематско-стилски кругови: дескриптивни песни, песни со
мотиви од минатото и далечното, елегични и исповедни песнии песни со колктивна
инспирација.
Дескриптивните песни се најпознати и најпопуларни од севкупното творештво
на ВИ. Обично и на нив се мисли кога се зборува за ВИ како за реалистичен поет. Во
неколку свои песни тој дал извонредни слики на селските пејзажи, животот на село,
различните годишни времиња и делови од денот (Зимско јутро, Зимска идила, Вече,
Јесен, У позну јесен, Сиво, суморно небо). Во нив е најизраазита онаа црта која
најмногу го одвојва од романтичарите и го приближува до реалистите-објективноста.
Поетот како да се повлекува од песната, неговото јас се губи, поетскиот говор преоѓа
во трето лице, во него се чувствува епската мирнотија и успореност. Емоциите не се
идректно искажани, тие зрачат од сликите или поточно пејзажите се изградени според
моделот на одредени емоционални состојби и расположби. Поетовата душевна
настроеност се открива во изборот на мотивот, во доминацијата на доцноесенските и
зимски пејзажи. Неа уште повеќе ја издаваат карактеристичните епитети на ВИ: сив,
тмурен, свенат, мрачен, скршен, итн.
Наспроти поезијата со реалистички пејзажи стојат оние песни на ВИ во кои се
обработени теми од минатото на разни народи. Повеќе отколку било кој друг поет тој
имал чувство за дражта на она што е оддалечено во времето и просторот, за
урнатините кои говорат за минатите времиња, за древните легенди на далечните или
исчезнатите народи. Кај ВИ се сретнуваат мотиви и легенди од сите страни на светот
и од сите времиња: индиски, шпански, португалски, италијански, словенски, српски.
Посебна целина чинат песните со теми од класичната старина, од грчката и римската
историја и митологија, песни кои и покрај мноштвото материјални гршки и
непрецизности, покажуваат вистинито чувство за убавината и големината на
античкиот свет. Тие донеле цела една мала обнова на класицизмот во српската
книжевност, со него во српската поезија повторно се одомаќиниле класичните имиња,
теми и симболи па и класицистичките естетски идеали.
Пејзажите на ВИ како и неговите песни за древните времиња подеднакво се
проткаени со тивката тага и меланхолија. Според основното чувствување на светот,
ВИ е првенствено елегичар. Тоа чувство е присутно и во дескриптивните и во
историските песни, најнепосреден израз добил во неговата интимна лирика, во
елегиите (пет негови песни носат наслов Елегија), во исповедните песни и поетските
посланици. Во нив поетот смирено и ненаметливо ги изнесува своите горки чувства,
меланхолични расположенија, претчувството на смртта. Овде, поетското јас повторно
излегува во прв план и станува главен ностиле на поетската порака.
Како поет на фината тага, на носталгичните рсположби, на меланхоличните
пејзажи и напуштените древни урнатини, ВИ не бил нечувствителен за невлјите и
тежнеењата на народот, ниту пак затворен за идеалите на времето во кое живеел. Во

106
низа песни тој е продолжувач на борбената, слободарска традиција на српската
поезија, посебно на онаа на Змај и Јакшиќ. Додека во родољубивата поезија останал
главно во традиционаните тематски рамки, дотогаш во своите најдобри сатирични
песни (МАСКЕМБАЛ НА РУДНИКУ, РУДНИКОВА ИСПОВЕСТ, У ЛОВ, ГРАЃАНСКА
ВРЛИНА и др.), инспириран од „омразата спрема тираните“, дал силен уметнички
израз на слободољубивите, демократски тежнеења на својата генерација и нејзиниот
отпор спрема апсолутизмот на Обреновиќи и застанал паралелно со претставниците
на сатирата во другите жанрови на епохата на реализмот.
ВИодлучно раскинал со романтичарската поезија, со нејзиниот вербализам и
реторика, со нејзината претерана емоционалност, со негрижата која романтичарите ја
изразувале спрема формата. Тој најмногу од с, со негрижата која романтичарите ја
изразувале спрема формата. Тој најмногу од сѐ работел на усовршување на формата,
на богатење на поетскиот израз, на обновувањето на српскиот стих. Тој е артист во
поезијата, „поет-уметник“, како што го има наречено Љубомир Недиќ. Најголемо
внимание посветувал на градењето на стихот, настојувајќи да ги избегне сите
незграпности карактеристични за романтичарскиот стих. Неговите долги 16-ци,
најкарактеристични за него, течат мирно и бавно и со таквиот свој ритам се совпаѓаат
сп воздржаниот, објективен карактер на неговата поезија. Иако не бил особено
образован поет, тој со својата поезија ѝ ги отворил на српската поезија патиштата кон
Европа. Кога младиот поет Јован Дучиќ отишол во Женева и Париз, дошол до
сознание кое го запрепастил-дека поезијата на ВИ не била некаков балкански
анахронизам, дека таа била блиска на поеијата која до неодамна се сметаше за
модерна по сите значајни европски центри, поезија на француските парнасовци „за кои
можеби и воопшто не знаел“. Како таква, таа го означува почетокот на новата епоха во
историјата на српската поезија. Слично како и Мушицки во 20-тите и 30-тите или на
Б.Радичевиќ во 50-тите и 60-тите години на 19 век, ВИ во 80-тите и 90-тите години бил
главен поетски учител, творец на новата српска школа. Неговиот начин на пеење, т.н.
ВОЈИСЛАВИЗАМ, бил поетски манир, школа која не само што дала голем број епигони
туку низ неа поминале најистакнатите поести на 19 и 20 век: Милорад Митровиќ,
Милета Јакшиќ, Алекса Шантиќ, Јован Дучиќ и др.

107
30. БРАНИСЛАВ НУШИЌ (1864-1938)

Драмата во периодот на реализмот

Иако заостанува зад расказот (како што во романтизмот заостанувала зад


поезијата), драмата во епохата на реализмот сепак, постигнува значаен развиток, што
се изразило во обилната продукција на сценски текстови и во појавата на голем број
театарски писатели, меѓу нив и класикот на српската драма-Бранислав Нушиќ. На
развојот на драмата најголемо влијание имале двата постојани театри, новосадскиот и
белградскиот, првиот основан во 1862, а вториот во 1868, а нешто подоцна и
Градскиот театар во Ниш, кој од 1893 веќе бил постојан театар. На репертоарите на
постојаните театри, како и на патувачките театарски дружини, домашната драма
заземала значајно место. Покрај историската драма и комедијата кои биле основни
видови на драмското создавање на првата половина на 19 век, веќе во втората се
појавува уште еден драмски жанр карактеристичен за српската сцена-драма со пеење.
Историската драма со национална и претежно средновековна тематика била
најомилена меѓу гледачите и имала најголем број претставници, но се одликувала со
многу мало уметничко достигнување. После „жалосните позорја“ на ЈСтерија Поповиќ,
таа достигнува дострел во романтичната поетска драма на Лаза Костиќ и Ѓура Јакшиќ,
кои како драмски писатели создаваат во сенка на тогаш многу попопуларните а
денеска сосема заборавени драматичари. Меѓу нив, најважен сепак бил МАТИЈА БАН
(1818-1903), по потекло од Дубровник, најплоден и најзиведуван домашен (?) драмски
писател, своевремено наречен „српски Шекспир“. Историската драма во периодот на
реализмот се развива на истите национални и книжевни претпоставки како и
претходно, но таа и натаму останала романтичарски обоена со многу малку или пак
нималку реалистични елементи.
Комедијата била помалку популарна од историската драма, а дала повеќе
добри остварувања и повеќе го изразувала своето време. Во сенка на славата на
Нушиќ, останале Милован Глишиќ, со две селски комедии, ПОДВАЛА и ДВА

108
ЦВАНЦИКА и Милутин Илиќ (1856-1893), најстариот син на Јован Илиќ, меѓу чии
малубројни дела се издвојува комедијата НАШЕ ДОБА според темата сродна на
комедијата на Нушиќ-Народен пратеник.
Драмата со пеење (комад с певањем), преодна форма меѓу дрмата и операта,
еден вид српски ЗИНГШИПЛ, останала еден од основните жанрови на српската сцена
сѐ до 20 години на 20 век, а некои од најдобрите остварувања од овој вид не ја
изгубиле популарноста ниту до денеска. Станува збор за карактеристична фолклорна
драма полна со народни песни и игри, со љубовна фабула во својата основа и
задолжителната свадба на крајот. Раскажувачот Јанко Веселиновиќ напишал две
такви дела (ЃИДО и ПОТЕРА)
БРАНИСЛАВ НУШИЌ (1864-1938) најголемиот драмски писател што го дала
епохата на српскиот реализам, со својата долгогодишна книжевна кариера (тој е
единствен истакнат писател на своето време кој ја дочекал староста) навлегува и во
неколку следни периоди, така што тешко е да биде подреден само во реализмот.
Според своите најдлабоки книжевни склоности, а особено според својата
комедиографска работа, тој е пред сѐ писател на две епохи на реализмот-класичниот
реализам од 80-тите години на 19 век, кога и почнал да пишува и новиот, социјално
ангажиран реализам од 30 години на 20-от век, кога и напишал најголем број дела што
го прават голем писател.
Роден е во Белград, во осиромашено трговско семејство со грчко потекло.
Детството го поминал во Смедерево, каде што завршил основно училиште, гимназија
учел во Белград, а право студирал во Грац и Белград. Приликите во кои почнал да
создава не му оделе од рака на неговото пишување. Бил член на опозиционата
Радикална партија и мошне рано ја почувствувал цврстата рака на режимот. Неговата
прва комедија НАРОДЕН ПРАТЕНИК, која ја напишал во својата 19-та година, морала
да чека 13 години за да биде изведена на сцена. Втората комедија СОМНИТЕЛНО
ЛИЦЕ пак, чекала цели 35 години: заради една песна во со која го навредил кралот
бил затворен, а после затворот бил испратен во конзуларна служба во краиштата под
турска власт (Битола, Солун, Скопје, Приштина-значи не ги диференцира овие
краишта како македонски-ЈОВАН ДЕРЕТИЌ, авторот на овој извор за Историјата на
српската литература), каде што поминал повеќе од 10 години. Приликите и него го
промениле: од опозиционер станал човек на режимот, од општествен критичар
забавен писател, нешта што тогашната критика не можела да му го прости. По
излегувањето од дипломатска служба вршел различни работи, најмногу во театарот:
бил драматург и заменик управник на Народниот театар во Белград, шеф на отсекот
за национална пропаганда, мошне активен за време на анексионата криза, директор
на Народниот театар во Нови Сад, прв срески началник во Битола, организатор на
театарот во Скопје, после Првата светска војна бил управник на театарот во Сараево,
библиотекар на народното собрание, итн. Ги преживеал стравотиите на српското
повлекување преку Албанија, во војаната го изгубил синот единец. Се вратил во
Србија скршен и остарен, изгледал како бивши човек и речиси 2 децении од 1911-1929
година не дал ништо ново во својот омилен жанр-комедијата. Сепак, победил неговиот
витализам и ведрината на неговиот дух. Во последната деценија од животот се вратил
на книжевните тежнеења и идеали од својата младост: како писател целосно се
посветил на комедијата, а како човек се доближил до напредното движење, влегол во
Народниот фронт и јавно истапувал против фашизмот.
Во својата работа на комедијата, Нушиќ се надоврзува на поранешните српски
комедиографи-Трифковиќ и Стерија. Врските со нив се многукратни и се огледуваат не
само во тоа што тој честопати говорел за нив, им оддавал признание (неговата
пристапна академска беседа во 1933 била посветена на дејноста на Стерија) или во
преземањето на комедиографски теми се потпирал на нив туку и на подлабок план тие
врски се очигледни зашто имено, зашто може да се открие континуитетот во
развитокот на српската комедиографија. Во своите најдобри комедии БН ги соединил
значајноста на комедиографските теми на Стерија со виртуозноста на сценската
техника на Трифуновиќ, па иако не ја достигнал длабочината на најдобрите комедии

109
на Стерија, создал најпростран, најразновиден и најживописен комичен свет во
српската книжевност.
БН за себе рекол дека е хуморист, а не сатиричар, додавјќи кон тоа и
оправдување: „само не признавам дека не ги подвргнав на потсмев сите појави од
нашиот домашен и јавен живот“. Српката традиционална критика честопати била
теснограда спрема БН. Му забележувала дека паѓал во ниска, вулгарна и лесна
комика, од една страна, а од друга, не покажувала разбирање за нејзините подлабоки
морални и општествени тежнеења, за реализмот со кои неговата комика во своите
надобри моменти е нераскинливо поврзана. Во своето дело, во мноштвото призори и
ликови, БН дал општествена комедија на Србија од своето време. Неговата слика е
аналогна и едновремено спротивна на онаа која се сретнува кај српските реалистични
раскажувачи. Србија која тој ја открива не е селанска (сељачка) туку граѓанска и
бирократска, Србија која како таква не ја претставувале селските реалисти.
Семејството кое и кај него е во средиштето на сите случувања, иако затворено и
одбојно спрема сѐ што доаѓа однадвор, сепак многу повеќе е свртено кон сегашноста,
почувствително е на предизвиците на практичниот живот отколку на моралните
барања на традицијата. „Дебелите ѕидови“ кои го одвојуваат од општеството не се
неодоливи, зашто секој момент тие попуштаат на налетите однадвор, кои привремено
го нарушуваат привидниот мир и рамнотежата што владее одвнатре. Нарушувањата
кои притоа настануваат ја чинат основата на комичното дејство, тие како вител ги
зафаќаат сите ликови, ги доведуваат до состојба на општа заблуденост, кога
почнуваат да говорат и работат само глупости. Релативно наивен е случајот кога во
тишината на семејното гнездо пробиваат малограѓанските озборувања и интриги, кога
блиските односи меѓу луѓето стануваат предмет на на злобна игра на одмазда. Голема
комична зовриеност во светот на БН станува тогаш кога тој свет ќе се најде под ударот
на двете опсесивни сили на современото општество-власта и парите. Во тесниот
простор во кој тој свет се движи, светот нема место за различните видови живот, така
што плановите постојано се мешаат. Најголемо мешање и со најкомични последици се
случува меѓу семејната и политичката сфера. Во НАРОДЕН ПРАТЕНИК (1883),
кандидатот на владата и кандидатот на опозицијата се наоѓаат под ист кров, соба до
соба, тие дури и треба да влезат во семејни односи, како тест и зет. Изборната
кампања и женидбената кампања течат паралелно и постојано се испреплетуваат:
елементите од едната влегуваат во другата и обратно, политичкиот жаргон пробива во
семејната сфера, а семејниот во политичкиот. Во СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ (1888) е
слично. Срескиот капетан Јеротије се пушта во потрага по сомнителното лице за кое
во потерата на министерството се вели дека е опасен за поредокот и династијата, за
да се уапски аптекарскиот помошник Ѓоко, за кого ќе се покаже дека е сомнително
лице но не заради политика туку заради љубов и дека писмата кои се најдени кај него
не се антидинастички туку љубовни писма упатени до капетановата ќерка. Во
ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА (1929), политиката се вмешала во вечната семејна драма,
чии главни протагонисти се таштата и зетот, а нејзиниот расплет доведува до криза на
владата. Темата на парите која во претходните комедии се јавува како еден од
мотивите на желбата за власт, во двете последни станува главен предмет: во
УЖАЛЕНА ФАМИЛИЈА (1934) каде што околу вртоглавиот грабеж на имотот на
покојникот дадени се многу живописни ликови од малограѓанската средина и
ПОКОЈНИ (1937), комедија која го напушта малиот свет во кој Нушиќ до тогаш
исклучиво се движел и нѐ воведува во високото друштво на престолнината. Овде, БН
отишол најдалеку во својата критика на општеството и се доближил до сатирата, при
што не го изгубил волшебното средство на својот стил-хуморот.
БН многу работел и на сериозната драма. Продолжувајќи ја традицијата на
српската романтичарска драма, тој пишувал и трагедии со тема од средниот век
(НАХОД, КНЕГИЊА ОД ТРИБАЛА, ТОМАИДА). Заради својата патриотска содржина,
своевремено голем успех имале неговите едночинки: ДАНАК У КРВИ, ХАЏИ-ЛОЈА,
КНЕЗ ИВО ОД СЕМБЕРИЈЕ). Нушиќ напишал и многу драми од современото граѓанско
општество, за проблемите за вината и казната, љубовта и омразата (ТАКО ЈЕ

110
МОРАЛО БИТИ, ГРЕХ ЗА ГРЕХ, ПУЧИНА, ЈЕСЕЊА КИША), како и неколку драми со
фантастична содржина (ЖЕНА БЕЗ СРЦА, ВЕЧНОСТ, КЊИГА ДРУГА). Неговата
работа, обемна и разновидна го покажува упорното настојување на овој писател, кој
бил роден комедиограф, да напише драма со сериозна или дури и трагична содржина,
како и неговата упорност која не вродила со значајни уметнички резултати на тој план.
Не треба да се запостави ниту прозното творештво на БН. Збирката раскази
ПРИПОВЕТКЕ ЈЕДНОГ КАПЛАРА (1886), прва книга која тој ја објавил, инспирирана е
од српско-бугарската војна, а и денеска делува свежо и, заради својот антивоен став,
модерно. Втората зборка РАМАЗАНСКЕ ВЕЧЕРИ (1898), била напишана за време на
престојот на БН во Турција и таа е повеќе плод на лектирата отколку на непосредното
искуство. Многу подобри се неговите хумористични раскази, кои ги има во голем број,
така што заедно со Стеван Сремац и Радоје Домановиќ БН спаѓа меѓу најдобрите
претставници на овој жанр (МИНИСТАРСКО ПРАСЕ, ДОБРОТВОР, ПОСМРТНО
СЛОВО, КИКАНДОНСКА ПОСЛА). Во хумористичната проза спаѓаат и неговите
многубројни фељтони (ЛИСТИЌИ, БЕН АКИБА), шеговиотиот роман ОПШТИНСКО
ДЕТЕ (1902), како и неговата прочуена АВТОБИОГРАФИЈА (1924), единствен пример
на животопис кој од почетокот до крајот е пишуван со хумористичен клуч.

111
31. СРПСКАТА КНИЖЕВНА КРИТИКА

Иако се појавува мошне рано, заедно со почетоците на новата српска


книжевност, српската книжевна критика долго ќе остане да стои на стаклени нозе.
После критиките на Вук Караџиќ, во првата половина на 19 век, доминира критиката со
класицистичка ориентација, која суди за делата врз основа на вечните закони за
убавото (Константин Богдановиќ, Павле Арс. Поповиќ, Ѓорѓе Малетиќ). Нејзините
дострели се повеќе во теоријата и методологијата отколку во оценката на одделите
дела.
Официјален, школски облик на критика во втората половина на 19 век е
филолошката критика. Таа критика се развила заедно со јазичната реформа на Вук, а
во анализата и оценката на делата приоѓала исклучиво од гледна точка на јазикот.
Нејзиниот најголем придонес е во проучувањето на постарата, особено
средновековната литература (Ѓуро Даничиќ, Стојан Новаковиќ и др.).
Романтичарската критика, која се развивала паралено со неа, покажувала
повеќе чувство за современата книжевност, за одделното дело, за личноста на
писателот (Јован Суботиќ, Јаков Игњатовиќ, Ѓорѓе Андреевиќ Јолес, Лаза Костиќ,
Коста Руварац)
Прв критичар во вистинска смисла на зборот бил СВЕТИСЛАВ ВУЛОВИЌ (1847-
1898), професор по книжевност во белградската гимназија, а од 1881 во Великата
школа. Пишувал театрски прикази (ИЗ ПОЗОРИШТА, 1979), книжевни критики, студии
за исталнати поети романтичари (ЊЕГОШУ, СИМИ МИЛУТИНОВИЌУ, БРАНКУ
РАДИЧЕВИЌУ и ЃУРИ ЈАКШИЌУ), за значајни книжевни појави (УМЕТНИЧКА
ПРИПОВЕТКА У НАЈНОВИЈОЈ СРПСКОЈ КЊИЖЕВНОСТИ, 1880) и студиите за
старите српски биографи. Вуловиќ се залагал за „природна критика“, за која пример
наоѓал во германскиот критичар Лудвиг Берне. За делата тој не суди според правила
туку според својот впечаток, а во критиката ги внесува и својата личност и чувства.
Книжевната работа на писателите ја проучувал во врска со нивната биографија.
Чекор нанапред во развојот на српската книжевна критика прави ЉУБОМИР
НЕДИЌ (1858-1902), професор по филозофија, логика и психологија на Великата
школа во Белград. Во своите критички огледи (ИЗ НОВИЈЕ СРПСКЕ ЛИРИКЕ, 1893,
НОВИЈИ СРПСКИ ПИСЦИ, 1901) во кои опфатил повеќе истакнати претставници од
втората половина на 19 век (Ѓ.Јакшиќ, ЈЈЗМАЈ, ЛКОСТИЌ, ВИЛИЌ, ЉНЕДАНОВИЌ,
ЛЛАЗАРЕВИЌ, СВУЛОВИЌ и др.), тој се ослободил од биографизмот и
импресионизмот на Вуловиќ и создал модерна, аналитичка, естетичко-психолошка
критика. Неговиот главен придонес не е толку во оценката на писателот за кој пишувал
колку во разработката на критичката методологија. Отфрлајќи ги подеднакво
естетскиот релативизам и позитивистичкиот историцизам, догматската и
импресионистичка критика, Недиќ се залагал за строго внатрешен пристап, ослободен
од сите надворешни, вонестетски примеси. Тој правел разлика меѓу естетската и
историската вистина, ја одделувал личноста на писателот од неговиот естетски лик во
делото. Критиката, според него, треба да се занимава „не со човекот туку со
писателот, не со оној кој е зад книгата туку со оној кој е во книгата). Иако во своите
критички огледи строго се држел до тие принципи, тој во своите оцени честопати бил
крајно субјективен, се раководел од мотивите со вонестеска природа. Во прочуената
негативна оценка на поезијата на Змај, присутен е не само естетскиот формализам
туку и грижливиот политички конзервативизам на овој критичар. Освен тоа, Недиќ
зазема место на зачетник на модерната српска критика. Тој ја започнал работата на
естетско проценување на српското книжевно наследство. Уметноста на пишување
критика ја подигнал на повисоко литерарно и интелектуално ниво. Неговите најдобри
огледи се мали ремек-дела на интелектуална луцидност и логичка јасност, чија
вредност е независна од точноста и правилноста на судовите кои во нив се изречени.

112
32. МОДЕРНА

Називот модерна, одомаќинет кај Хрватите и Словенците, може да се употреби


и во српската книжевност како име за периодот кој завршува со Првата светска војна.
Почетоците на тој период се многу малку изразени. Некои навестувања има во
средината на последната деценија на 19 век со списанието СРПСКИ ПРЕГЛЕД на Љ.
Недиќ (во 1895 излегле сѐ на сѐ 10 броја). Одлучна пресвртница кон новото меѓутоа,
донело едно друго списание „СРПСКИ КЊИЖЕВНИ ГЛАСНИК“ (1901). Уредуван
според европски, поточно француски урнек, внесувајќи нови сфаќања и нови мерила
во српската книжевност, ова списание станало главен книжевно гласило на овој
период, кој всушност, почнува со неговото појавување, а завршува со престанувањето
на неговото излегување (1914), така што овој период во српската книжевност уште и го
нарекуаат период на „Српки книжевен гласник“.
Во книжевноста се случува пресвртница спрема Европа. За разлика од
реализмот, во кој главна улога имале домашните факторина развојот и руското
влијание, сега тие добиваат првенствено западноевропско, посебно француско
влијание. Тие ги зафаќаат пред сѐ критиката и поезијата, а потоа и прозата. Од
модерните правци во српската книжевност, највлијателни се парнас и симболизмот.
Од нив, српските критичари и поети го прифатиле култот кон убавото, тежнеењето кон
формално совршенство и естетизмот. Барањета по однос на коректноста на формата
и изразот биле особено строги. „Песната мора целата да биде убава“, истакнува Б.
Поповиќ и тоа може да се земе за главна естеска парола на епохата. Естетизмот се
јавува и во другите, поефемерни видови: како отменост, аристократизам, како
тежнеење не само за убави форми туку и за убави предмети. Другите белези на овој
период се: космополитизмот, индивидуализмот, песимизмот. Освен овие, делувале и
некои други, спротивни тенденции: традиционалното српско родољубие, социјалниот и
моралниот утилитаризам, политичкиот и општествениот утилитаризам. Книжевноста
се движела меѓу два спротивни пола: европејството и народниот дух,
индивидуализмот и национализмот, песимизмот и активистичкиот оптимизам. Во
книжевното создавање се чувствува, повеќе или помалку, рамномерниот развој на
сите родови. Сепак, поезијата доминира над прозата и повеќе од неа ѝ дава белег на
епохата, така што дури и во прозата се забележителни зивесни поетски тежнеења.
Најглем подем достигнува критиката. Ако во романтизмот владеела поезијата, во
реализмот расказот, модррната, во извесна смисла е период на критиката.

32.1. Хегемонијата на критката

Српската критика, која заедно со Недиќ влегла во фазата на својата зрелост,


својот врв го достигнала во работата на Богдан Поповиќ и Јован Скерлиќ, двајца
критичари со различни темпераменти и сфаќања на книжевноста, но подеднакво
важни според широчината и големината на влијанието што го извршиле. Со нив,
српската критика за првпа станала не само пратител и аналитичар на книжевноста
туку и нејзин водач и насочувач на книжевниот развиток.

32.2. Парнасо-симболистичка поезија

Во поезијата се продолжува она што го започнал Војислав Илиќ: модернизација


на поетскиот израз и усовршување на формата според големите примери од
странство. Меѓутоа, обрасците се промениле. ВИлиќ ги барал во класичната старина и
кај руските романтичари. Поетите на овој период не се задоволувале веќе со тоа. Тие
најмногу учеле од француските парнасовци и симболисти. „Мешавината од Парнас и
симболизмот“ е основниот стилски белег на поезијата на српската модерна. Преминот
меѓу војиславизмот и поезијата на модерната ја чинат двајца поети од Херцеговина-

113
Алекса Шантиќ и Јован Дучиќ, кои заедно со раскажувачот Светозар Ћоровић, на
преодот меѓу двата века развиле мошне жива литерарна и културна активност во
Мостар. Нивното гласило „ЗОРА“, спаѓа меѓу најдобрите српски списанија во тој
период. Тие двајца поети, во првата фаза на својата дејност војислависти и, заедно со
М. Митровиќ и М. Јакшиќ најважни поети на 90-тите години на 19 век и првата деценија
на 20-от, во поезијата на модерната обележуваат два спротивни пола: Шантиќ
традиционализам, а Дучиќ модернизам и влијание од Запад.

114
33. АЛЕКСА ШАНТИЌ (1868-1924)

За разлика од повеќето поети на своето време кои сѐ повеќе се европеизирале,


АЛЕКСА ШАНТИЌ (1868-1924), пишувајќи за слободата, за српството, за социјалната
правда, до крај останал верен на националните и социјалните идеали на 19 век.
Силната приврзаност спрема родниот Мостар, каде што го поминал целиот свој живот,
внела во националните и социјалните чувства за кои пишувал, непосредност на
личното доживување. Првата песна ја објавил во 1891, после што следувала цела
низа песни. Во неговото книжевно создавање, покрај Илиќ, најголемо влијание имал
Змај, а од туѓите влијанија најважно било германското, посебно Хајне. Преокупиран со
големата улога која ѝ ја наменил на поезијата, Шантиќ, особено во почетокот, не
посветувал поголемо влијание на поетската форма, така што неговите песни
честопати наидувале на неповолен прием кај критиката. По повод излегувањето на
неговата трета збирка, Богдан Поповиќ забележал дека неговите песни „ги покажуваат
сите маани и некоректности на стилот, а особено мааните на некоректниот, китнест
стил“. Незгодно погоден со таа критика, АШ настојувал, во натамошната своја дејност
да пишува што подобро, стилот да го направи покоректен и што поедноставен. Како и
многу други тогашни поети, повеќе се зафаќал за строгата и концизната форма на
сонетот и во тој вид дал некои од своите најубави песни.
Поезијата на АШ во целост се движи меѓу две традиционални определувања,
меѓу личните и колективните чувства, љубовта и родољубието, исеалната драга и
напатениот народ. Како љубовен поет, се развил под влијание на муслиманските
народни песни, севдалинките. Во неговите есни доловен е ориенталниот амбиент на
градината, шадраванот, бехарот, шарените пеперутки; девојката која во нив се
појавува е накитена со гердани и се одликува со бујна, предизвикувачка, а сепак,
скриена убавина. Поетот е занесен од тој раскошен свет, но тој никогаш не се наоѓа во
него, ами го посматра прикриен, со плашлива оддалеченост. Копнежливото, нежно
кажување, честопати преоѓа во тага заради неостварената љубов, заради
промашеноста во личниот живот и осаменоста. Неговата поетска интима е проткаена
со силно семејно чувство. Во големата елегија ПРЕТПРАЗНИЧНО ВЕЋЕ, неговата
најзначајна песна, оловната тежина на осаменоста во опустошениот дом ја олеснува,

115
од една страна, сеќавањето на детството и на идиличните вечери околу
распламтениот оган на огништето, а од друга, утехата која му ја донесува песната.
Чувството на братска љубов се шири во сѐ поголеми и поголеми кругови: на
семејството, на пријателите, на живите и мртвите српски книжевници, на српскиот
народ, на природата.
И неговата социјална и патриотска поезија е осветлена со светлината на
семејното огниште. Во песната МОЈА ОТАЏБИНА, татковината е како родниот дом, а
сите припадници на народот како родени браќа. Врзаноста за родната грутка е
длабока и трајна, кинењето на таа врска предизвикува најдлабока болка во душата на
поетот.
Во некои од своите најпознати песни ја изразил длабоката тага заради оние кои
засекогаш ја напуштаат таковината и заминуваат во туѓиот свет. АШ повеќе од другите
поети го нагласувал страдањето и мачеништвото, како најважни моменти во
историската судбина на српскиот народ. Темата на мачеништвото на народот е
проткаена со чувството на негова непобедливост, дури ни смртта не претставува крај
на борбата, туку нејзино продолжување (МИ ЗНАМО СУДБУ).
Во повеќе песни го искажал страдањето и големината на работниот човек,
селанец и работник. Меѓу нив, тематски спаѓа и најубавата песна која ја напишал
ВЕЋЕ НА ШКОЉУ, кратка, лирски стегната, звучно извонредно оркестрирана, со
богати асонанци, алиерации и рими, во кои доживувањата на проколнатоста а
судбината на сиромашните даден е на посредуван модерен начин, со повеќезначни
симболи. Оваа песна наишла на неподелени симпатии кај критиката. У целина пак,
Шантиќ, како и својот голем пример Змај, доживеал популарност кај најшироките
слоеви на читателите и стекнал ласкав назив на народен поет, додека пак, од друга
страна, неговите чисто уметнички вредности неретко биле оспорувани и во критиката
на неговото време и подоцна.

116
34. ЈОВАН ДУЧИЌ (1974-1943)

Наспроти Шантиќ, најголемиот поклоник на родниот крај и родната грутка што


го дала српската поезија, ЈОВАН ДУЧИЌ (1874-1943), бил опседнат со светот, особено
со „големиот и умен Запад“.
Пресвртница во животот на ЈД, по потекло од Требиње, претставува моментот
кога го напуштил Мостар и отишол да студира во Женева. По завршувањето на
студиите се вратил во Србија, каде што влегол во дипломатска служба. Кариерата ја
завршил како кралски амбасадот во Мадрид. По отпочнувањето на Втората светска
војна заминал за Америка, каде што во круговите на српската емиграција дејствувал
како очаен противник на НОБ. Почнал да пишува многу рано (првата песна ја објавил
во 1886, а првата збирка во 1901). Во текот на својата 50-годишна кариера постојано
се развивал и уметнички се усовршувал. Во неговата работа се изделуваат три главни
фази: првата војиславска, до заминувањето во Женева, втората парнасовско-
симболистичка, до Првата светска војна и третата, постсимболистичка. Движечки
принцип на тој развој било тежнеењето кон совршенство, творечката самодисциплина,
надминување на постигнатото, што се изразило во двократна смисла, спрема веќе
објавените песни, на кои секогаш одново им се враќал, ги менувал, поправал, или
сосема ги отфрлал и спрема новите песни, во кои настојувал да биде не само
занаетски беспрекорен туку и мисловно што попродлабочен, што појадровит во
изразот, да ги прошири своите видици и да открие нови симболи. За разлика од
многумина други српски поети, тој својата најдобра книга ја објавил на крајот, а не на
почетокот на својата поетска кариера. Бил славен во периодот на модерната како
мајстор на формата, одличен версификатор и поклоник на западниот дух. Тој и
мисловно и уметнички го достигнал врвот во последната збирка ЛИРИКА (1943).
Поетиката на ЈД е поетика на големи теми. Лиричарот, според неговото
мислење може „да стане голем поет само тогш ќе ги каже големите вистини за трите
најголеми и најфатални мотиви во животот и уметноста: за Бог, за Љубовта, за
Смртта“. Таа програмска определеност го обележила целото негово дело. Кај ЈД
постојано се чувствува напор да биде на висината на задачата која себеси си ја
поставил, за големите нешта да пее како голем поет. Оттука и извесната
пренапрегнатост на неговиот израз, што се изразува како во претенциозното
истакнување на големите судбински теми во насловите на песните и циклусите, исто
така и во хипертрофираната симболика, во поетското настојување во сѐ, дури и во
најбезначајниот детаљ да се види нешто исклучително, судбинско, „страшно“. Од

117
таквиот основен став произлегуваат и другите својства во поезијата на ЈД: нејзината
неконкретност, недостатокот на непосредност, честата појава на апстрактни,
сентенциозни воопштувања во стихот, тежнеењето кон возвишен стил и свечената
патетичност на дикцијата. Тие склоности најмалку ѝ одговарале на љубовната лирика,
која особено ја негувал во првата и втората фаза. ЈД никогаш не пеел за некаков
конкретно љубовно доживување туку само за жената како таква и за љубовта како
таква. Од неговата поезија исчезнува еден од главните ликови во тогашната и во
поезијата пред неа-ликот на идеалната драга. Наместо неа, се појавува Жената како
„богинка злобна“, „која во себе го носи повеќе законот на светот отколку законот на
срцето“. Таа жена кај поетот повеќе побудува рефликсија за љубовта, за животот и
смртта отколку што предизвикува чувства. Љубовта за него е нестварна измислена,
монденска, повеќе литерарно отколку животно чувство, повеќе голема тема отколку
лично доживување. Тежнеењето кон исклучителното и велелепното се изразило и во
помпезната реторика на неговите родољуиви песни (сиклусот „Моја отаџбина и
„Царски сонети“). Негова главна родољубива песна е ХИМНА ПОБЕДНИКА, а негов
главен национален јунак-цар цар Душан, победник, император, освојувач,
законодавец. Многу побиску од средновековна Србија му бил ренесансниот и
баркокниот Дубровник. Во циклусот ДУБРОВНИЧКЕ ПОЕМЕ, постојат некои квалитети
кои се ретки во другите негови песни: чувството за амбиент, смислата за цртање
ликови, лежерноста на тонот, иронијата, хуморот.
Повеќе отколку што бил љубовен и родољубив поет, ЈД бил поет на природата.
На тој план неговиот развој оди од дескриптивното кон мисловно-симболичкото
начело. Дескрипцијата ја има најмногу во песните од претходните приоди, посебно во
циклусот ЈАДРАНСКИ СОНЕТИ, кои се можеби, заедно со ДУБРОВНИЧКИТЕ ПЕСНИ,
најголемо достигнување во неговата средна, парнасовска фаза. Во нив преовладува
спокојно, помалку и меланхолично расположение: морето секогаш е тивко, сонливо,
небото е најчесто ноќно и ведро, ѕвездано, месечината ги осветлува осамените
предели, без луѓе, сјај и пространство, така што ја предизвикуваат мислата за
бескрајот и вечноста. Во подоцнежните песни, описите на природата се
деконкретизираат, внатрешните простори се стеснуваат, смалува влеијанието не само
на дескриптивните туку и на емоционалните елементи, а се засилува влијанието на
мислите и симболите. Таквата ориентација преовладува во третата фаза, особено во
циклусите ЈУТАРЊЕ ПЕСМЕ, ВЕЧЕЊЕ ПЕСМЕ, СУНЧАНЕ ПЕСМЕ, кои заедно со
песните од последниот цилкус ЛИРИКА, спаѓаат во највисоките поетски дострели на
ЈД.
Прозата на ЈД, иако е квантитативно пообемна од неговата поезија, сепак
останала во нејзина сенка. Негово најдобро прозно дело е ГРАДОВИ И ХИМЕРИ
(1940), збирка патеписи од различни земји во кои има поетски импресии, рефлексја на
вечните вистини, стилска елеганција, но нема современи прилики ниту пак живи луѓе.
ЈД се занимавал и со книжевна критика. Неговите критички огледи за
современите српски писатели (МОЈИ САПУТНИЦИ), брилијантно напишани, како што
вели Јован Деретиќ, содржат мајсторски портрети за писателите со проникливи
забелешки и одмерени и точни оцени, така што можат да се вбројат во значајните
достигнувања на српската критика.

118
35. МИЛАН РАКИЌ (1876-1938)

По патот по кој пошол ЈД тргнале и други поети од почетокот на 20 век. Прв


меѓу нив бил МИЛАН РАКИЌ (1876-1938). Тој потекнувал од угледно белградско
семејство, во кое рано стекнал широко образование и интелектуални склоности.
Студирал право во Париз, а по враќањето во Србија набрзо влегол во дипломатска
служба. Како писател, МР, за разлика од Јован Дучиќ немал период на почетништво,
туку уште со првите песни во 1902 се појавил веќе како готов поет. Иако бил
белграѓанин, тој не потпаднал под влијание на највлијателниот поет од тоа време-
Јован Илиќ. Негови обрасци биле на почетокот странски автори-француските
пансовци и симболисти. Од нив, МР, слично како и ЈД се учел на совршенство на
формата, прецизност во изразот, јасност, уметничка самодисциплина. Почнал
релативно доцна и напишал многу малку. Објавил сѐ на сѐ две тетратки со стихови
(1903, 1912), а после нив, само уште неколку песни.
Во поезијата на тој период, МР внесува интелектуална скепса и песимизам,
својства кои во таа мера не биле изразени кај ниту еден друг писател после Стерија.
Одгледан повеќе на странска отколку на домашна традиција, многу поблизок до
Бодлер отколку до Стерија, МР, целиот бил исполнет со чувство на општо
незадоволлство, лее солзи на билката „над туѓите несреќи и неисцрпноста на српската
беда“. Според него сите животни задолства се изживеани, во него нема ништо
доволно, ништо ново, сѐ тече во бескрајно, монотоно повторување „секогаш ист
пијалак, секогаш исти чаши“. Ситуацијата на човековата затвореност, неговото
робување на земјата, една од средишните книжевни теми на тој период, кај наго
нашла особен израз (ДОЛАП, У КВРГАМА). Единствен излез од таа ситуација е
смртта, која мора да биде целосна, конечна, без надеж во бесмртноста. МР спаѓа во
оние поети кои најдлабоко се загледани во смртта и непостоењето. Гаснењето на
животот во мртвилото, предот од суштество во не-суштество, постепеното тонење во
мир, кој е темен и длабок, се јавува (освен кај Змај и Дис) и в некои песни на МР.

119
Песимозмот на МР е обоен со иронија и самоиронија. Пред големите прашања на
светот, ЈД секогаш бил воодушевен, МР секогаш скептичен, поднасмевнат, ироничен.
Противтежа на тој егзистенцијален очај се наоѓа во неговиот силен
сензуализам, во желбата за потполност на животот. На сивилото на секојдневното
траење тој му го претпоставува животот, кој бе се проживеал интензивно и кратко, во
еден миг. Во тежнеењето за тоа што е автентично во животот, тој ја отфрла секоја
измама, секоја разубавена слика. Без страв, се соочува со смртта, но длабоко се
ужаснува од сето она што ја опкружува смртта, оние „глупави комедии на смртта што
ги прават луѓето“. На сличен начин тој ја отфрла семнтименталноста и реториката на
љубовта, сите оние конења во чистотата и трајноста на чувствата. Во љубовта е
вистинит само моменталниот занес, предавањето на страста, кое е неизмерно, но
краткотрајно, после што доаѓа до заситеноств и рамнодушност. Љубовта во неговите
песни е ставена под лупата на ладниот разум. Тие песни помалку говорат за чувствата
отколку што ги демаскираат, но и кога чувствата ќе се отворат, секогаш ќе остане она
што за Ракиќ е најважно-сетилната страст.
Од песимизмот и скепсата МР целосно се ослободил единствено во
родољубивите песни (циклусот СА КОСОВА, со вкупно 7 песни). Во нив проговорува
националното воодушевување кое го зафатило целото општество во очи на
балканските војни. Настанати на местото каде што живеела старата српска држава и
култура, косовските песни на МР во себе носат нешто од автентичната арома на
српскиот среден век (ЈЕФИМИЈА, СИМОНИДА, НА ГАЗИМЕСТАНУ).
МР е книжевен ерудит, добар познавач на поезијата, строг во барањата
поеднакво и спрема себе и спрема другите. Современиците се воодушевувале на
неговата формална беспрекорност, дотераност, на неговите 11-ци и 12-ци. Денеска
меѓутоа, тоа својство повеќе привлекува отколку што одбива. На современите
читатели поблиски им се некои други квалитети на поезијата на МР, нејзиниот
интелектуален песимизам, сензуализмот, иронијата, автентичното доживување на
човековата егзистенцијална стварност. Значително постегнат и пократок од Дучиќ, МР
е повеќе од него поет на модерниот сензибилитет, неговите песни зборуваат со
помала оддалеченост за разлика од оние на ЈДучиќ.

120
36. СИМА ПАНДУРОВИЌ (1883-1960)

Краен израз на песимизмот на епохата дал СИМА ПАНДУРОВИЌ (1883-1960),


исто така белграѓанин. Објавил две книги песни, ПОСМРТНЕ ПОЧАСТИ (1908) и ДАНИ
И НОЋИ (1912), од кои првата спаѓа во најзначајните поетски книги во тој период.
После Првата светска војна, главно престанува да пишува песни и се занимава
со критика и естетика и други книжевни дејности. Како поет, се развил под влијание на
францускте симболисти. Ја познавал и германската песимистичка филозофија
(особено Шопенхауер), која влијаела и на неговиот песимизам и на неговата склоност
кон реалистичко мислење. Одликите на песимизмот на СП се разционалноста и
интелектуалноста, лигиката и јасноста. „Демонот на мисловност кај овој особен
лиричар е повеќе логичар отколку отколку метафизичар“, забележала Исидора
Секулиќ. Трезвен и ладен, без нејасности, без ирационални тежнеења, СП ја изразил
рационалниот јад пред злото во светот. Тоа е семоќно и неограничено, опфаќа сѐ и
пробива во сѐ, во љубовта, во општеството, во целиот живот. Темнината, како една од
основните слики на епохата, кај него добила сетилна допирливост: од нејзините
ѕидови се слева мувла и се меша со неговите солзи, а тој нема никава желба да
излезе надвор, меѓу луѓето во животот. И во своето поколение го наоѓа истото: „тешка
мисла“, „замаглен поглед“, „немо одрекување“, „страст која буктела а сега веќе не“.
Тоаа светска болка може да се совлада само по цена на гаснењето на чувствата, со
исчезнувањето на сѐ што се доживеало во потполност, со лековитото заборавање или
во лудилото. СП пее и за благотворноста на лудилото. Тоа, според него нѐ
ослободува од оковите во кои човекот е фрлен уште со самото свое раѓање. Тоа
тмурно, болничко расположение ја зафатило и љубовната лирика. Љубовта во
неговите песни секогаш е поврзана со смртта: како и сѐ друго што вреди-таа му
припаѓа на минатото, и тоа на она минато што се наоѓа од другата страна на
постоењето. Ако МР беше скептик на љубовта, СП е „гробар на љубовта“. Самиот
наслов на неговата главна збирка ПОСМРТНЕ ПОЧАСТИ, невестува нешто што веќе
исчезнало, умрело, нешто на што му се држи опело. Во неа, поетот погребува сѐ по
ред, па и саканата жена. Визијата на гробниот мрак е дадена со јасни, прецизни,
одмерени и ладни стихови, кои предизвикуваат згрозување.

121
СП сепак, знаел да запее и со поинаков глас. Како и другите поети од неговата
генерација и тој бил зафатен од моќниот бран на родољубието. Слично како и МРакиќ,
тој е одличен родољубив поет. Некои негови родољубиви песни спаѓаат во најдобрите
што ги напишал. Неговата класична антологиска РОДНА ГРУТКА, длабока, мисловна,
без ниту еден збор патриотска амфаза, едноставна, вистински лирична, знае само за
една нежност, за една љубов-љубовта спрема таковината. Здивот на животот и
вербата и надежта присутни се и во другите негови песни со колективна инспирација,
од кои некои се испеани под впечатокот на големите, судбински настани кои ги
преживеала татковината.
Јован Скерлиќ, по повод излегувањето на првата збирка на СПандуровиќ,
напишал статија со наслов ЈЕДНА КЊИЖЕВНА ЗАРАЗА, во која признавајќи му го
талентот на поетот, го отфрлил песимизмот и деструктивната смисла на неговата
поезија. Сосема спротивен бил односот на младите спрема СП. Тие во него гледале
свој поет. Во модернистичкото свижење, во очи на Првата светска војна и непосредно
после неа, тој бил еден од поетските примери. Под негово влијание биле, меѓу другите
и младиот Иво Андриќ и Тин Ујевиќ. Вредноста на неговата поезија била пред сѐ во
новите хоризонти и чувства, додека според формата и изразот останала до крај во
границите на српскиот парнасизам.

122
37. ВЛАДИСЛАВ ПЕТКОВИЌ-ДИС (1880-1917)

Пријателот на Сима Пандуровиќ и поетски другар ВЛАДИСЛАВ ПЕТКОВИЌ-


ДИС (1880-1917), претсавува своевидна кулминација во развојот на поезијата во тој
период. Дис бил необична, трагична личност. Во животот го прателе неуспеси, порази
и несреќи. Заврпил гимназија, но матурата никако не можел да ја положи, така што
едно време работел како привремен учител нас село, а потоа, по преселувањето во
Белград, премерувал сливи во општинската царинарница. Времето најчесто го
поминувал по кафеани па останал во сеќавањето на другите како една од
најспецифичните фигури на славната белградска боемија од почетокот на 20 век.
Некое време, после среќната женидба, сепак се смирил, но набрзо дошле војните,
така што сите надежи за посреќни денови отишле во неповрат. Во Првата балканска
војна бил воен известувач; во Првата светска војна, во трагичната 1915-та се наоѓа во
масатабегалци кои со својата војска се повлекувале од Албанија. Како и другите
интелектуалци, од Крф бил испратен во Франција. Прогонството и одвоеноста од
семсјтвото тешко ги поднесувал, а освен тоа и се раболел од туберкулоза, така што
немало изгледи дека ќе ја проживее војната. Сепак, судбината сакала неговата смрт
да не биде обична, банална смрт: се удавил во Јонско Море, кога бродот со кој
патувал од Франција до Крф, бил торпедиран од германска подморница. Таквиот крај
како да го претчувствувал со насловот на својата прва стихозбирка УТОПЉЕНЕ ДУШЕ
(1911) и основните расположенија што низ неа се провлекуваат.
За разлика од логичнот и рационален Пандуровиќ, ВПД бил сонувач кој длабоко
загазил во областа на сновиденијата, претчувствата, ирационалните визии. Му
недостигала поетска култура, познавање странски јазици, со што можеле да се
пофалат повеќето тогашни поети. Па сепак, тој длабоко и лирски посугестивно од нив
ја изразил заедничката преокупација: доживувањето на егзистенцијалната темнина,
умирањето на љубовта, гасењето на чувствата и животот. Неговата главна, во извесна
смисла програмска песна ТАМНИЦА, печатена како „Пролог“ на Утопљене душе, а од
песните на другите поети во тоа време, на исти или слични теми, се разликува, се

123
разликува според своите митски и метафизички навестувања. Та донесува цела една
мала космогонија, слична на онаа што ја дал Његош во ЛУЧА МИКРОКОЗМА, но нез
нејзините религиозни импликации, сосема лаички, индивидуално и лирски.
Концепирана е на трите основи симболи на Дис: темница, ѕвезда и очи, од кои вторите
два му контрастираат на првиот. Ѕвездите и’ припаѓаат на човековата
праегзистенција. Раѓањето е сфатено како одвојување ѕвездите и почеток на
темницата на животот. Очите го носат одблесокот на таа магловите праегзистенција;
тие се, освен тоа, исполнети со убавината на нештата што не опкружуваат. Поетот го
носи светот во своите очи, како што себеси се чувствува во „погледот на тревата и
водата“. Во тие испреплетени погледи прозборува таинственоста на светот и се чита
длабоката поврзаност и единството на сите суштества. И љубовта, како ѕвездите, се
наоѓаат надвор од границите на непосредното постоење. Во многу песни, Дис пее за
дамнешната, веќе заборавена љубов. Ликот на саканата, испливува од минатото и го
заблеснува „овој груб живот“. Во неговата најубава песна МОЖДА СПАВА, саканата
доаѓа од таинствените предели на сонот. Оваа песна е испеана во баладичен тон и со
тешко дофатлива смисла, во основа, има иста структура како и Тамница. И во едната
и во другата, пред сегашната состојба, во Тамница пред раѓањето , а во Можда спава
пред будењето, постои некоја друга состојба која поетот нејасно ја носи во
сеќавањето: во првата песна тоа се ѕвездените „невини далечини“, а во другата,
сонот, од чија што длабочина, како мелодија на заборавена песна, доаѓа ликот на
саканата. Тој лик до крај останува нејасен, етеричен, од неговото тело поетот ги
препознава само очите, додека се друго се губи во маглината на сонот. За лирската
сугестија на таа неодреденост, придонесува и посебната мелодија на стихот, која во
оваа песна е со успорен ритам, во 13-ци. Сето тоа го направило ова „ремек дело на
кантилената на Дис“ и еден од врвните изрази на музикалноста на српскиот стих.
Таа светлост-секогаш доаѓа однадвор, од предегзистенцијата, од минатото, од
соништата-постепено и-сосема се губи. Исчезнува сјајот на ѕвездите од очите и
старата љубов од сеќавањата, гасне желбата за нешто поубаво и посветло. Сонот без
соништа, отрпнувањето на желбата, преоѓањето од суштество во несуштество-тоа се
мотивите на целиот круг песни, кои според главата песна од тој круг, НИРВАНА, Јован
Деретиќ ги нарекува нирванистички. Во некои песни, тоа чувство е поврзано со
тмурните есенски слики, кои станале постојана тема на српската поезија после
Војислав Илиќ, во други, тоа чувство извира од доживувањето за поминување на
времето. Поетот се чувствува немоќен да им одолее на силите на времето („немам
снаге да се борим са временом“), тој ги набљудува нештата како заминуваат од живот
во смрт, тонејќи во времето. Мртвите предмети остануваат засекогаш згубени и
расфрлени во времето, бидејќи во неговото сеќавање нема повеќе сила за повторно
да ги состави во целосни слики. Во песната НРВАНА, исчезнуваат сите знаци на
живот. Поетот повеќе не се сеќава на она што било, ами мртвите предмети сами
излегуваат пред него, тој е неподвижен пред налетот на „несуштествата“ пред
неговиот поглед, кој е „без облика, без среќе, без јада/поглед мртав и празан дубоко“.
Традиционалната поларизација на српската поезија меѓу стварноста и идеалот,
сонот и јавето, рационалното и ирационалното, индивидуалните тежнеења и потреби
на моментот се чувствуваат и во квантитативно малиот опус на Дис. Неговата втора
збирка МИ ЧЕКАМО ЦАРА (1913), со родољубови песни, претставува, додуша, поетски
данок на императивот на историјата. Во таа збирка нема песни со трајна вредност. Но,
веќе во првата збирка имаше песни создадени од елементи на најгруба стварност, со
критичка и сатирична острица (НАШИ ДАНИ, РАСПАДАЊЕ). Во песните настанати во
прогонство (кога бил бегалец) (МЕЃУ СВОЈИМА, НЕДОВРШЕНЕ ПЕСМЕ), дошле до
израз и извесната семејна нежност и топлина, какви што не можат да се сретнат во
поранешните песни. И изразот овде е поинаков, едноставен до разголеност, речиси
непосреден, ритамот е испрекинат и близок до слободниот стих.
Всушност, парнасовскиот идеал на поезијата, на кој Дис му останал верен до
крај, бил спротивен на неговиот поетски долг. Цврстата форма на песната била
претесен калап од кој се сопнувала и разбивала неговата лирска емоција. Како и Бора

124
Станковиќ во прозата, и Дис во поезијата бил вклештен меѓу традицијата и модерното
доба; со традицијата бил сраснат, а новото го повеќе го претчувствувал отколку што го
сфаќал. Во изразот на Дис, кој честопати е невешт, недограден, сепак се огледуваат
темните длабочини на неговото доживување на суштеството.

125
38. ПЕТАР КОЧИЌ (1877-1916)

38.1. Лирски реализам

Приликите во прозата од овој период се поинакви од оние во критиката и


поезијата. Додека поезијата е свртена спрема странски примери, прозата, уште долго,
останува цврсто врзана за домашното тло и за поранешната раскажувачка традиција.
Реализмот, кој како правец зафаќал цела половина век, од Јаков Игњатовиќ и
неговиот роман МИЛАН НАРАНЏИЌ (1860) до Бора Станковиќ и НЕЧИСТА КРВ (1910),
во својот развол поминал низ три главни фази: романтична,класично-реалистична и
модерна. Во последната фаза спаѓаат Иво Ќипико, Петар Кочиќ и Борислав Станковиќ,
тројца раскажувачи, кои се јавуваат на преодот од 19 во 20 век, а своите главни дела
ги објавуваат во првата деценија на 20 век. Јова Скерлиќ ги нарекува лирски реалисти
и тој назив најдобро го одредува нивното место, од една страна како следбеници на
реалистичката традиција, а од друга, како писатели кои го отвораат патот кон српската
модерна проза.
ПЕТАР КОЧИЌ (1877-1916) е раскажувач на Босна, или уште потесно, на
Босанска Краина. Неговото дело е израз на непосредното доживување на босанското
село и босанската природа. Љубовта спрема татковината, српството, спрема родниот
крај и босанскиот човек, трагичното доживување на ропството под туѓинецот, односот
спрема природата-тоа се некои моменти што претставуваат заеднички именител за
делата на овој писател, кој бил не само надарен раскажувач туку и голем политички
борец, народен трибун и револуционер. По раѓање од Краишник, од епското Змијање,
од свештеничка фамилија, ПК студирал славистика во Виена, а после кратко
службување во Србија, се вратил во Босна, каде што развива силна политичка
активност: пишува статии против австриската управа, учествува во големиот
политички штрајк (1906), ги уредува политичките весници Отаџбина и Развитак, како
народен пратеник во Босна држи огнени говори во кои се залага за интересите на
селанецот и работникот, а заради својата дејност, две години поминува во затвор.

126
Целата негова книжевна дејност е поврзана со политичката борба и проткаена
е со неа. Почнал со стихови, нешто подоцна напишал неколку песни во проза (ЈЕЛИКЕ
И ОМОРИКЕ, МОЛИТВА, ТЕЖАК, КМЕТИ, СЛОБОДА) во кои ја изразил љубовта
спрема татковината, родниот крај, работниот човек, слободата и омразата спрема
туѓината. На нив се надоврзуваат расказите во кои преовладува лирско-патетичен
стил, така што може да се наречат (според Ј.Деретиќ) и поетски раскази. Во нив се
спојуваат сликите на тегобната стварност на поробениот народ со бунтовничкиот
занес и реализмот и романтизмот. Расказот ЈАБЛАН е еден од првите и најдобрите
што ПК ги напишал, краток и едноставен, без развиена фабула. Во приказната за
борбата на биковите, дадена е парабола за нескршливоста на народните сили и
отпорот. Бунтовноста на ПК најсилен израз добила во расказот ВУКОВ ГАЈ, во кој ја
прикажал побуната на народот против туѓинските поробувачи.
Длабоката, речиси мистична приврзаност за природата на својот роден крај се
провлекува низ целото дело на ПК. Во повеќе свои раскази, тој ја прикажал и борбата
на човекот со стихијата. Меѓу нив најмногу се издвојуваат расказите во чии наслови се
јавуваат предлози за простор: У МАГЛИ, КРОЗ МАГЛУ, КРОЗ СВЕТЛОСТ, КРОЗ
МЕЌАВУ. Последниов расказ е најдоброто остварување на ПК. Борбата на човекот со
невремето во суровата планина е само завршен чин, драмска кулминација на
приказната за пропаста на куќата на Реље Кнежевиќ, некогаш многубројна и богата, а
од која остануваат само старецот и детето, за и тие да настрадаат во бурата, на
враќање од градот, каде што залудно се обидувале да ја продадат последната крава.
Во расказот ГРОБ СЛАТКЕ ДУШЕ го има истиот мотив, смрт во невреме, во бура.
Поврзан е со приказната за селанецот кој, слично како и Цанкаревиот слуга Јернеј,
залудно го бара своето право. Планинската природа ја одредува не само судбината
туку и темпераментот и карактерот на човекот на Кочиќ. Неговите жени, херојките од
расказите КРОЗ МАГЛУ, КРОЗ СВЈЕТЛОСТ,ТУБА И МРГУДА, се јадри и здрави
планински жени, со „слатка крв“, а доживуваат катастрофа заради незадоволените
страсти. И другите ликови се олицетворение на родокрајнта природа, нејзините сили и
дивината. Таков е и расказот МРАЧАЈСКИ ПРОТА, во кој е даден еден од
најнеобичните ликови во српската проза.
Како писател, ПК е најпознат по неколку дела во кои лирската црта е подредена
на комиката и сатирата. Тука, најнапред е циклусот од 5 раскази за Симеон Ѓакот,
еден вид прозен комичен епос, во кој околу пијаната атмосфера околу казанот за
ракија се предат приказни за стварни и измислени јунаштва. Нивниот јунК, стариот ѓак
од манастирот Гомјеница, Симеон Пејич Рудар, слично на Дон Кихот, повеќе живее
восветот на песната и приказната отколку во стварноста. Тој се однесува како и
јунаците од народните песни и во моментите на војничкиот занес, зборува со јазикот
на песната, во 10-ец.
Најпопуларното дело на Петар Кочиќ, сепак е ЈАЗОВЕЦОТ ПРЕД СУД,
напишан во драмски облик. Јунакот на оваа приказна, Давид Штрбац, шегобиец и
остроумец, навлекува на себе маска на лудак и лакрдијаш, за да може да ја каже сета
горка вистина за судбината на народот. Давид глуми пред судиите, така што не се
знае кога ја кажува вистината, а кога измислува, кога им се потсмева на судиите, а
кога себеси. На феноменот-глума се засновува и најопширното дело на ПК,
политичката сатира СУДАНИЈА (1912). Глумата овде не е поединечен туку колективен
чин. Со нејзина помош, затворениците во бањалучкиот затвор се играат суд: еден е
обвинет, друг е тужител, трет бранител, четврти судија, итн. Целата таа
импровизација, која постојано се движи на границата меѓу играта и животот,
претставува духовите потсмевање на австрискиот суд, пародија на неговите
заплеткани бирократски процедури.

127
39. БОРИСАВ СТАНКОВИЌ (1876-1927)

Најзначен раскажувач одј периодот на лирскиот реализам во српската


книжевност е БОРИСАВ СТАНКОВИЌ (1876-1927).
Според тематиката, тој е најкарактеристичниот регионалист, а според
психологијата на ликовите, постапката и стилот, еден од зачетниците на српската
модерна проза.
Во своите раскази, драми и романи, БС ја дал сликата на родниот град Врање,
на пресвртницата меѓу турското време и модерното доба, онака како што тоа порано
го направиле Јаков Игњатовиќ со Сент-Андреја и Стеван Сремац со Ниш. Неговата
тематика е социјално одредена, а во начинот на прикажување преовладува
внатрешната, психолошка перспектива. Најголема книжевна активност развил во
првата фаза на својата дејност, на преодот меѓу 19 и 20 век, кога едно по друго
објавува три книги раскази: ИЗ СТАРОГ ЈЕВАЃЕЉА (1899), СТАРИ ДАНИ (1902) и
БОЖЈИ ЉУДИ (1902), како и драмата КОШТАНА (1902), а ја започнува и работата на
романите НЕЧИСТА КРВ (1910) и ГАЗДА МЛАДЕН (1927).
БС спаѓа во редот на оние писатели кај кои впечатоците и сеќавањата од
детството имаат пресудна улогаво нивната книжевна дејност.. Во повеќе рaскази тој
направил поезија на младоста и на некогашниот живот во родниот град (ЃУРЃЕВ-ДАН,
У ВИНОГРАДИМА, НУШКА).
Сликата на стварноста, светла, проѕирна, поетична, поматена е во другите
дела со разотривањето на општествените судири и душевните потреби. Светот на БС,
иако временски просторно оддалечен, не е идиличен и бесконфликтен. Судирите се
постојани и разновидни, меѓу старото и новото, меѓу старите и скороевичите, богатите
и сиромашните, единката и општеството. Во средиштето на тие случувања се наоѓа
единката и нејзината судбина. Тежиштето е ставено на прикажувањето на
психолошките ломови и внатрешните потреси, но притоа, никогаш не се губи од вид
длабоката социолошка заснованост на ликовите и ситуациите. Судбината на јунаците
на БС се одигрува во триаголникот на силите кои ги претставуваат-парите, моралот и
еросот. Општествениот морал на средината, како и материјалниот интерес и престиж

128
на семејствата се спротивставуваат на еростскиот нагон на единката, и’ ги
наметнуваат своите ограничувања и забрани – на таа точка почнува индивидуалната
драма на безмалку сите јунаци на БС.
Во повеќе раскази, БС ја прикажал осуетената љубов, заради тоа што момчето
и девојката припаѓаат на различни сталежи (СТАРИ ДАНИ, У НОЌИ, ОНИ, СТАНОЈА,
УВЕЛА РУЖА). Меѓу нив најубав е расказот УВЕЛА РУЖА, лирска, елегична приказна,
напишана во прво и второ лице, всушност, мал лирски роман. Љубовната приказна,
како и во песните на ВПД им припаѓа на инатите денови, целата е во знакот на
младоста, убавината, свежината на летните вечери и опојните мириси на
ориенталните градини. Таа оживува во сеќавањето, во моментите кога од сето тоа
неостанало ништо.
БС го открива светот на понижените и увредените. Целата негова зборка
БОЖЈИ ЉУДИ, составена од кратки приказни и цртици, посветена е на оние кои се
птфрлени од општеството, просјаците и унакажаните, од кои секој живее во некој свој
нестварен свет.
Повеќе од кој било друг српски писател БС се занимавал со судбината на
жената (т.н. женско прашање). Жената е главен лик во некои од неговите најдобри
дела, во расказите УВЕЛА РУЖА и ПОКОЈНИКОВА ЖЕНА, во драмата КОШТАНА и во
романот НЕЧИСТА КРВ.
Во ПОКОЈНИКОВА ЖЕНА, херојката немоќно се тркала во мрежата на
патријархалните обичаи. Таа е обезличена до анонимност: најнапред е сестра на
своите браќа, потоа жена на својот маж, а после смртта на мажот негова вдовица,
жена на покојникот, секогаш пред строгите, испитувачки погледи на на роднините и
светот, како пред очи на судија. Единствената одлука која Аница самостојно ја донела
во животот била вперена против неа самата: го одбила човекот кого што отсекогаш го
љубела и тргнала за оној што не го љубела.
Аница, жената на покојникот, како што само описно е именувана во заглавието,
а не со своето лично име, што само по себе е асоцијативно и провокативно „се
однесува“ како што се однесувала традиционалната балканска (во случајов српска)
жена во втората половина на 19-от век. Тоа нејзиното однесување, според
параметрите на феминистката Гајери, па и нејзиниот начин на размислување се
предодредени од стереотипите и особено јавното мислење во нејзината средина, од
непишаните правила (=конвенциите) на однесување на една вдовица во едно мало
градче и воопшто од очекувањата на истата таа средина, што се исто така „непишани“,
а сепак конвенционални. Женското однесување на Аница и сфаќањето на средината
по однос на Аница, вдовицата силно ги допира, открива и разоткрива не само
женската природа и менталитет туку и менталитетот воопшто, српски и балкански.
КОШТАНА е најзначајна од сите три драми на БС (ТАШАНА и ЈОВЧА, кои
настанале како драматизација на раскази). Оваа е „драма од врањанскиот живот, со
пеење“. Тргнувајќи од традиционалната шема на овој жанр, БС напишал потресна
драма за трагичните човечки судбини. Двете големи теми на неговиот книжевен свет-
тагата за одвеаната младост и сетилната опсесија со женската убавина, овде се
сублимирани во трета, во темата на песната. Народните песни што ги пее Коштана во
себе носат копнеж за убавина, во нив животот е ослободен од сите стеги, полн е со
радост и пустоловини, тие се засолниште од сивилото на прозаичнотосекојдневие.
Сите ликови се исполнето од тој копнеж, песната во оваа дрма претставува своевидна
колективна опсесија, слично како што е и опсесијата со еросот во другите негови дела,
а особено во романот „Нечиста крв“.
Овој роман претставува сублимација од раскажувачкото искуство на БС и
неговото познавање на човекот и светот. Замислена како општествена хроника на
родниот град, Нечиста крв прераснува во исклучителен роман на личноста, втемелен
психолошки, без притоа да ги изгуби битните белези на општествен роман. Ова е
веројатно единствен случај во српската, книжевност во кој е постигната полна
скадност меѓу социолошката и психолошката мотивација. Ликот на необичната
убавица Софка, како и ликовите на другите јунаци во романот меѓу кои се издвојува

129
силната личност на газда Митке, свекрот на Софка, осветлени се одвнатре,
психолошки или дури и психоаналитички, Фројдовски, но сѐ што со нив се случува
мотивирано е со психолошки фактори: со историјата на двете семејства кои припаѓаат
на различни сталежи, со судирот меѓу старото и новото, меѓу старите богати
чорбаџии, кои бескрупулозната борба за самоодржување ја прикриваат со господско
однесување и новите богаташи-селани кои доаѓаат во градот, носејќи со себе свежа
крв, неистрошена енергија и рушителска агресивност.
Во романот „Нечиста крв“, Бора Станковиќ со подеднаква уметничка сила
прикажал два спротивни општествени пола: аџиската господска куќа, замрена, во
исчекување на бура, во која се шепоти, се оди на прсти и, од дрга страна, бучниот
селски дом.
Овде авторот навлегува длабоко во психологијата на убавата девојка Софка,
свесна за својата убавина, но и за она што станува со неа и околу неа. Авторот
навлегува во нејзините внатрешни борби, во нејзината природа, во она што е
наинтимно човечко кај неа, во нејзините копнежи, фантазијата и страстите.
Софке не е лик на патријархална девојка која лесно се задоволува со желбите
и со заповедите на родителите, не таа лик кој тие заповеди и желби ги доживува и
преживува во солзи. Кај неа се појавува револт поради срамното продавање, таа му
поставува енергични прашања на татка си – патријархалниот деспот и се покорува
дури откако ќе согледа дека ќе мора да биде жртвувана за татковиот и семејниот
углед. И кога увидува дека мора да биде жртва, кај неа започнува трпеливост, се
јавува некој упорен стоицизам, безгласно поднесување на маките, навредите,
понижувањата, физичките и моралните страдања. Тој нејзин стоицизам е толку
бунтовен спрема се’ што се случува околу неа, со толкава внатрешна дива сила, што
никаква постапка, колку ида била сурова и брутална, не може да ја изведе од
нејзиниот став на достоинствена, пркосна затвореност во себе.
Бора Станковиќ ја опишува Софка како ретка убавица, но и како ретка личност
во која најмногу е напластен отпорот против несреќата на жената, против робинката
на патријархалното општество, отпор изразен преку цврстото, непробојно молчење во
однос на животот, па и на она „пишаното“ од судбината...
Прозата на Бора Станковиќ не содржи ни поуки, ни морализирања, ни
тенденциознни идили, ниту пак конструкција на ликовите за потребите на фабулата.
Саможивноста на ефенди – Мита спрема единствената ќерка е чудовишна во својата
бездушност. Станковиќ не инсистира на нејзино казнување. Тој верно, доживеано,
сосем вистинито го прикажува животот, сосема верно ги прикажува условите и
околностите во кои се одигруваат опишаните настани. Постапките на ефенди – Мита
спрема семејството, природно, произлегуваат од описот на распаѓањето на неговата
власт, неговиот имот, од описот на неговата патријархална изолација, од
господствените и ропски патријархални семејни односи во аџиската куќа. Авторот
извонредно добро ги познавал нивните карактеристики и пороци.
Вториот роман на БС, недовршен и објавен постхумно ГАЗДА МЛАДЕН,
претставува повест за судбината на човекот кој станал доброволна жртва на
должноста. За просперитетот на семејството тој жртвува сѐ, па дури и саканата жена.
Овој роман уметнички е остварен со поинаква постапка од Нечиста крв. Сѐ во него е
стегнато, насочено на она што е главно, нема епизоди ниту пак дигресии, исказот е
најчесто лапидарен, речиси епиграматичен, а речениците понекогаш личат на
формули. Газда младен делува преку целината, а Нечиста крв со изобилството
драматични ситуации, во кои некои детали честопати прераснуваат во повеќезначни
симболи. Во овие два романа и во севкупното раскажувачко искуство, БС е творец со
необична, елементарна сила, кој со голема мака наоѓал јазичен израз. Под налетот на
чувствата и сликите, како перото да му се виткало, како речениците да се
заплеткуваат, како гласот да му станува засипнат, но тоа е „муцавиот гениј“, кој повеќе
од другите српски писатели проникнал во длабочините на човековата душа.

130
40. ИСИДОРА СЕКУЛИЌ (1877-1958)

40.1. Постреалистичката проза

Освен последната генерација реалисти, во овој период се јавуваат уште


неколкумина раскажувачи кои го означуваат почетокот, поточно потенцијалниот
почеток на српската модерна проза. Потенцијален, затоа што воениот виор (Првата
војна) ги распрснал писателите од оваа генерација, ги оневозможил да се соберат
околу заедничката програма. Таквата судбина им се случила на МИЛУТИН
УСКОКОВИЌ (1884-1915) и ВЕЉКО МИЛИЧЕВИЌ (1886-1929), потоа и ЧЕДОМИР
ИЛИЌ (1914-). Единствен книжевник кој ги пребродил војните и продолжил да создава
и во повоениот период бил ВЕЉКО ПЕТРОВИЌ (1884-1967).
Војводинската традиција на српската книжевност, заедно со Петровиќ ја
продолжува и ИСИДОРА СЕКУЛИЌ (1877-1958). Родена во Мошорин, во Бачка,
педагог по сртука, таа најголемиот дел од животот го поминала во Србија (од 1909),
поточно во Белград (од 1911). Книжевната дејност ја започнала доцна, после 30-тата
година. Првата критика ја објавила во 1910, а до Првата светска војна излегле две
нејзини книги САПУТНИВИ (1913) и ПИСМА ИЗ НОРВЕШКЕ (1914), но во нив таа се
јавува како веќе сосема оформен писател, на чија појава обрнале внимание
најистакнатите критичари од тоа време-Скерлиќ и Матош. И двете овие книги спаѓаат
во лирско-медитативната проза. САПУТНИЦИ претставува збирка од
импресионистички цртици, скици и записи во кои преовладуваат афоризми и мисли за
општи теми. Сите текстови се пишувани со виртуозен стил, за кој Матош ја употребил
квалификацијата „плес ријечи“. На тој стил му пречи маниризмот, барањето ефекти,
афектираноста, ладноста на тонот. Иако е конципирана субјективно, нејзината книга
има малку непосредност, малку чувства, зашто целата е во знакот на интелектиалните
анализи и општи рефлексии.
Овие особини се среќаваат и во ПИСМА ИЗ НОРВЕШКЕ, но овде тие делумно
се измениле во допир со предметот. ИС се ослободила од егзалтираниот субјективзам
и се свртува кон светот надвор од себе. Поетското доживување на суровата норвешка
природа ја чини основата на оваа книга. ИС е привлечена од сѐ што е исконско,
возвишено, трагично и гротескно во природата, поблизок ѝ е северот од југот,
горостасните планини од брановитите предели и рамници. Во книгата дошле до израз
и мисловните тежнеења на писателката. Таа размислува за луѓето и нивниот живот, за

131
нераскинливата поврзаност меѓу природата и човековата судбина, потоа за особините
на норвешкиот човек, за етничкиот карактер на народот, за норвешката историја и
култура. Нејзиното дело е повеќе патописен есеј за земјата и народот отколку
патописен извештај за патувачките доживувања и средбите со луѓето.
Меѓу двете војни и после Втората војна, ИС најмногу работела на расказот и
есејот. Во расказите обработувала главно теми од граѓанскиот живот во Војводина и
Србија. Посебно внимание посветила на судбината на малоградските семејства, така
што повеќето од нејзините раскази претставуваат еден вид семејна историја, семејна
сага. Слично како и Игњантовиќ и Б. Станковиќ и други писатели кои обработувале
слични теми, и таа најмногу се занимава со економското пропаѓање и со моралните и
биолошките настраности. Фатумот на минливоста и смртта особено ја карактеризира
нејзината најдобра книга КРОНИКА ПАЛАНЕЧКОГ ГРОБЉА (прво издание 1940, второ
1958). Перспективата од која ја дава судбината на единката и семејството е
оригинална и симболична. Сите, освен два расказа почнуваат на ист начин: со слика
на паланечките гробишта и со описот на гробот на главниот јунак или, како во
најдобриот расказ во книгата ГОСПА НОЛИ , со описот на горобовите на сите ликови.
Тоа е почеток после крајот, од гробот, а не од колевката: оние за чија судбина
раскажува се одамна мртви и заборавени, и тоа сознание лебди над целиот расказ,
давајќи му фаталистички и меланхоличен призвук. И постапките со кои се обликувани
тие судбини се единствени. Иако рамката е хроничарска, самото излагање не е
дадено во хронолошки туку во асоцијативен клуч. Уште на почетокот постигнат е
извесен увид во целината кој потоа се развива натаму со изнесување на настани,
давање податоци за биографијата на ликовите, за нивните карактерни особини, за
сликањето на амбиентот. Со глас на раскажувач кој повеќе коментира отколку што
раскажува, постојано се мешаат колективните гласови, носители на јавното мислење
на паланката. Со таа постапка, хрониките се претвораат во студии на паланечките
карактери и паланечкиот менталитет.
Есејот претставува основна форма во делото на ИС , форма кон која тежнееат
и другите жанрови со кои таа се занимавала-лирско-медитативниот запис, патописот,
расказот. Затоа, не треба да биде чудно што есеистиката зазема најголемо место во
нејзиното творештво. Тематскиот дијапазон овде е многу широк. ИС пишува најмногу
за писателите, за српски и странски, за другите книжевни теми, но исто така и за други
уметности, за сликарството, театарот, музиката, потоа за прашањето на јазикот, на
моралот, филозофијата итн., што најмногу се изразило во нејзината есеистичка збирка
АНАЛИТИЧКИ ТРЕНУТЦИ И ТЕМЕ I-III (1940). Од писателите со кои се занимавала, во
нејзиниот опус средишно место зазема Његош, кому му посветила цела книга со
карактеристичен наслов ЊЕГОШУ, КЊИГА ДУБОКЕ ОДАНОСТИ (1951), каде што
дошол до израз нејзиниот обожувачки однос спрема поетот и поезијата воопшто. Од
општите теми, најмногу се занимавала со јазикот, во кој ја видела основата на цела
една народна култура, огледало на народниот дух (ГОВОР И ЈЕЗИК, КУЛТУРНА
СМОТРА НАРОДА, 1956). Незиниот јазичен идеал е романтичарски, Вуковски, смета
дека автентичниот јазик е само оној јазик што народот го зборува и создава. Се
воодушевувала особено од јазикот на Петар Кочиќ, жалејќи што тој јазик не станала
јазик на целата српска книжевност.
Како критичар, ИС е повеќе толкувач отколку книжевен судија. Сметала дека
„автентичната критика, освен со исклучоци, секогаш повеќе е интерпретација отколку
пресуда; а неавтентичната критика, освен со исклучоци, секогаш повеќе е пресуда а
помалку интерпретација“. Затоа, таа ретко дава судови, а доколку се впушта во
вреднување, нејзините оценки се секогаш полни со благонаклонетост и убави зборови,
а забелешките се дадени со оградувања, заобиколно. Нејзината вистинска сила е во
интерпретациите кои се помалку засновани на проучување и анализа, а повеќе на
слободно, асоцијативно нижење на мислите, забележувањата, сликите и примерите,
при што писателот и книгата за кои пишува се повеќе повод отколку вистински
предмет. Во нејзините есеи се среќаваат мноштво необични асоцијации, слободни
варијации на основната тема на текстот, со брилијантни стилски обрти и виртуозни

132
интерпретаторски ефекти, така што некои ги споредувале со музички интерпретации.
На сето тоа му недостига систем кој на излагањето би му дал цврстина и
кохерентност, така што токну заради тоа, читателот брзо се заморува. Тоа е
блескавост и необичност која може, како што вели Ј.Деретиќ, да се прими само во
мали дози. Токму затоа, пократките есеи ѝ се подобри од подолгите. Во нив таа е
мајстор без преседан.
Овој период е исто така, своевидна афирмација на женското творештво.
Заедно со ИС значајни се уште две жени-раскажувачи: ЈЕЛЕНА ДИМИТРИЈЕВИЌ
(1862-1945) и МИЛИЦА ЈАНКОВИЌ (1881-1939).

133
41. АВАНГАРДА

Првата светска војна насилно го нарушила ритамот на развој на српската


книжевност. Многу писатели страдале во војната, меѓу нив и главните носители на
модерната во очи на војната (ДИС, БОЈИЌ, УСКОКОВИЌ), други штотуку почнувале, а
биле запрени во својот развој, трети заради војната не можеле да се појават навреме.
Во движењето на младите, кое донело обнова на книжевниот живот после војната,
заедно се нашле припадниците на разни генерации, но нивната ударна сила ја чинеле
писателите родени во почетокот на 90-тите на 19 век, за набрзо, после нив да тргнат
писателите родени кон крајот на 90-тите и почетокот на првото десетлетие на 20-от
век.
Оживувањето на книжевниот живот почнало уште во текот на Првата војна.
Српската воена книжевност се создавала на сите места каде што се наоѓале поголеми
групи бегалци. Главното книжевно средиште бил Крф, каде што некое време се
наоѓала владата и врховната команда. Овде, во април, 1916 биле обновени
официјалните СРПСКЕ НОВИНЕ, а следната година, како додаток на НОВИНИТЕ, бил
покренат т.н. ЗАБАВНИК, кој обично бил нарекуван КРФСКИ ЗАБАВНИК, главното
книжевно гласило на емиграцијата. Во него соработувале не само српски туку и
хрватски и словенечки писатели. Второ жариште на јужнословенското книжевно
собирање бил Загреб, каде што кон крајот на војната се нашле голем број книжевници
од сите страни на Австро-Унгарија. Овде било покренато списанието КНИЖЕВНИ ЈУГ
(1918-1919), како заедничко гласило на српските и хрватските писатели со нагласена
југословенска/јужнословенска ориентација.
Книжевното движење навестено во последните воени години (Првата војна) и
веднаш по ослободувањето, најсилно се распламтило во 1920-та и следните неколку
години, го направило едно од најбурните периоди во историјата на српската
книжевност, Strum-and Drang на српската модерна литература. Жариштето на
целокупниот книжевен живот станал Белград. Овде се нашле не само писателите кои
дошле од емиграција, најмногу од Франција, а некои и од други земји туку и српските
писатели од оние краишта кои до воната биле под Австро-Унгарија, од Војводина,
Босна и Херцеговина, Хрватска, како и многу истакнати хрватски писатели, меѓу кои и
најситакнатите поети Тин Ујевиќ и Густав Крклец.
Во книжевноста влеглува нова генерација писатели, кои програмски се
определуваат за раскин со минатото и традицијата. Тие ги рушат некогашните идоли,
ги жигосуваат заблудите на татковците, со жестина го отфрлуваат системот на
вредности кои во очи на војната го кодифицирале главните авторитети на српската
книжевна мисла Јован Скерлиќ и Богдан Поповиќ, пркосно истакнувајќи ги оние
вредности што во тој систем биле отфрлени или запоставени. Тие настапувале во
многубројни, но обично краткотрајни ревии, од кои најважни биле ДАН на Милош
Црњаннски, ПРОГРЕС, ЗЕНИТ, ХИПНОС, НОВО ЧОВЕЧАНСТВО, НОВА БРАЗДА и
др. Со подолг век бил само обновениот СРПСКИ КНИЖЕВЕН ГЛАСНИК (1920-1941) и
МИСАО (1919-1937). Првиот ги собирал писателите со традицонална ориентација, но
ги објавувал и претставниците модернисти. Вториот бил само кратко време на
модернистички позиции. Тоа движење не било единствено. Во него се јавиле различни
групи писатели кои се определувале, честопати само декларативно, за различните
модерни правци: експресионизам, футуризам, дадаизам, или и сами се обидувале да
лансираат нови, домпни „изми“, суматризам, хипнизам, зенитизам. Синтетичниот
назив „повоен модернизам“, што го користела меѓувоената критика, не бил погоден
заради својата непрецизност. Денеска, се чини дека најпифатлив е терминот
експресионизам како заенички назив на сите тие струи. Тој назив се јавил
едновремено со самото движење, па може да се рече дека е едено од

134
самоименуваните движења. Списанието ПРОГРЕС, главниот иницијатор на повоениот
модернизам во Белград, бил експресионистички определен. Во него, СТАНИСЛАВ
ВИНАВЕР го објавил МАНИФЕСТОТ НА ЕКСПРЕСИОНИСТИЧКАТА ШКОЛА, во кој во
име на младите изјавил: „Сите ние сме експресионисти“. На крајот од
модернистичкиот период Марко Ристиќ во статијата „Кроз новију српску књижевност“
(1929), изјавил: „Српската повоена книжевност може да се почне со зборовите-
експресионизам“. Сите групи во движењето намладите од 20-тите години, можат,
повеќе или помалку да се подведат подтој назив. Исклучок се само надреалистите, кои
како организирано движење се јавуваат во почетокот на 30-тите години, но нивната
самосвојност меѓу модернистичките групи се забележува уште од 1922.

41.1. Експресионизам

Експресионизмот е подеднакво книжевен и уметнички правец. Се јавил како


спротивност на префинетиот, естетизиран и индивидуализиран импресионизам. Сакал
да го изрази она што е примарно, исконско во човекот. Уметноста ја сфатил како „крик“
за „непосредниот живот“. Затоа, таа треба да биде ослободена од сите стеги, а
анајмногу од оние кои потекнуваат од самата стварност. „Визијата секогаш е посилна
од самата стварност, доколоку стварноста воопшто и постои за уметникот“, вели
Винавер. Експресионистите ја запоставуваат непосредната даденост која го одредува
човекот како општествено суштество. Тие тежнеат кон тоа да ги откријат нагонските
сили во човекот, „вечните“ страсти и тежнеења, да го сфатат човекот како таков, нив ги
мачи космичката положба на човекот, а не неговата историска ситуација. Модерната
книжевност, како што забележал Црњански, го враќа човекот кон „космички
таинствените височини“. А човекот, според Растко Петровиќ е животно чиј „череп е
распнат спрема вечноста“. Космизмот кај српските експресионисти е повран со
космополитизмот, кој е повеќе лирско доживување на единството на светот, повеќе
животно чувство отколку филозофски став. Црњански на тоа чувство му дал необичен
назив-суматризам (според островот Суматра во Малајскиот Архипелаг). Со тоа сакал
да го изрази копнежот по височините и далечините, вербата дека сите нешта се
поврзани со невидливи нишки, дека сите предели, без оглед на нивната просторна
оддалеченост, се стопуваат во еден лирски флуид. Растко Петровиќ пак, оди уште
подалеку, разградувајќи ги не само просторните туку и временските граници. Кај него и
пределите и времето и настаните се дадени во некакво развиорено движење, во
тежнеење за спојување, за исчезнување/претопување на сѐ што е поединечно,
одделно во сеопштото единство.
Тежнеењето кон надминување на границите, кон откривањето на невидливите,
неформални врски, се изразило и на други рамништа, во односите меѓу жанровите, во
стилот и во јазикот. Како и во романтизмот, во експресионизмот доаѓа до мешање на
жанровите, до спојување на поезијата и на прозата, до создавање хибридни жанрови.
Српските експресионисти најцелосно се изразиле во граничните форми, во слободен
стих и во поетска проза. Слободниот стих, ослободен од сите метрички ограничувања
на т.н врзан стих, најдобро можел да го изрази модерниот дух. Затоа Црњански вели:
„Пишуваме во слободен стих, што е последица од нашите содржини“. Прозата која ја
создаваат експресионистите, според своите битни белези е поетска, лирска. Кај
експресионистите цветаат различни жанрови на поетската проза: поетски патопис,
поетски есеј, поетски расказ, поетски роман. Најзначајни промени се извршени во
микроструктурата. Младите писатели ги отфрлиле не само старите форми туку и сѐ
друго што потсетувало на предвоената поезија: логика, смисла, јасност. Сакале
зборовите да ги ослободат од вообичаената смисла, за да можат да внесат нови,
неочекувани односи, да прават необични, иреални споеви меѓу нив. Тоа бил пркосен
раскин со класицистичкиот ред и јасноста на естетиката на Богдан Поповиќ и
едновремено со рационализмот и реализмот на идеологијата на Ј.Скерлиќ.

135
Српкста книжевност, после епохата кога се живеело и пишувало со уверување
за достигнатата зрелост и класична совршеност, се нашла на нови, неистражени
патишта, како одново да почнала да се создава.
Главните претставници на ова движење се јавиле во очи или во текот на
војната (Првата), а некои од нив биле забележани писатели уште во предвоеното
движење на младите. Една од средишните личности на белградскиот модернистички
круг бил поетот и есеист СТАНИСЛАВ ВИНАВЕР (1891-1955). Тој е автор на
МАНИФЕСТОТ НА ЕКСПРЕСИОНИСТИЧКАТА ШКОЛА.

136
42. МИЛОШ ЦРЊАНСКИ (1893-1977)

Инаку, средишна личност во тој белградски модернистички круг бил МИЛОШ


ЦРЊАНСКИ (1893-1977), писател кој во својот живот и книжевна кариера вртоглаво ги
преживеал немирите и пресвртите на 20-от век.
Потекнува од ситно граѓанско семејство од Иланч, Банат, а роден е во местото
Чонград во Унгарија, каде што татко му, ситен чиновник, бил на служба.
Насилно бил мобилизиран во австроунгарската војска, се борел на галицискиот
фронт против Русите, така што тоа младешко воено искуство остава печат на
севкупното негово книжевно творештво. После првите предвоени обиди, Црњански во
книжевниот живот се вклучил во последните години од војната во Загреб, каде што
објавил најголем дел од својата лирика и учествувал во уредувањето на списанието
КЊИЖЕВНИ ЈУГ.
По преминувањето во Белград, каде што завршил факултет и до заминувањето
во дипломатија, работел како гимназиски професор и како новинар, а се наоѓал во
првите редови на книжевната авангарда: бил уредник на првото повоено списание во
Србија ДАН (1919), учесник во модернистичките книжевни групи и кружоци, писател на
најзначајниот манифест на младите ОБЈАШНЕЊЕ СУМАТРЕ (1920), водечки поет
меѓу поетите од периодот меѓу двете војни, составувач на антологијата на кинеската и
јапонската лирика. Неговиот книжевен подем е поврзан со подемот на движењето чиј
главен претставник бил токму тој. „Крахот на повоениот модернизам“, НА ПРЕОДОТ
ОД 20-ТИТЕ ВО 30-ТИТЕ ГОДИНИ БИЛ ЕДНОВРЕМЕНО И ПОЧЕТОК на неговиот
книжевен слом, за кој и самиот придонел: со ставањето на своето перо во служба на
режимот, со заминувањето во политичка и духовна емиграција. Во наредните три
децении, МЦ живеел во странство, најнапред како дипломатски службеник, а потоа и
како емигрант, до 1965, кога се вратил во Србија. Тогаш МЦ бил сосема отсутен од
книжевниот живот: неговите нови дела не се појавувале, а старите не се
препечатувале, така што како писател бил на работ на заборавот.
Вториот книжевен живот на МЦ почнува во почетокот на 50-тите години. Делата
кои ги објавил оттогаш па сѐ до смртта ги надминуваат и според обемот и според
бројноста оние од младешкиот период, иако не и со свежината и автентичноста.

137
Како писател со исклучителна надареност, мек, елегичен, сензуален,
мелодичен, првенствено лирик, модерен следбеник на творецот на српската лирска
песна Бранко Радичевиќ, МЦ раскинал со формализмот на српскиот парнас и
симболизмот, го отфрлил националниот и социјалниот утилитаризам и „сите корисни,
популарни хигиенски должности“ кои „луѓето без чувства“ ѝ ги наметнуваат на
поезијата.
Неговата рана лирика претставува израз на повоената духовна клима на
разочарување, на мачно, болно, дефетистичко пеење на повратниците од војната
(Првата војна), тоа е лирика на модерниот Одисеј (ЛИРИКА ИТАКЕ, 1919). Младешки
предизвикувачки, поетот се пресметува со националните митови, се потсмева на
славењето на средниот век, ги фрла во кал довчерашните идоли, а пее песни во слава
на поразот, бесилката и смртта.
Интимната лирака сета е во знакот на жената и женственоста. Во неа се
спојуваат љубовните доживувања со навестувањето на смртта, еротиката со
меланхолијата. Жената, семоќна во својата женскост, создадена од најфина материја.
Таа е флуидна, нестварна, со нешто што наликува на речна нимфа или на самовила
од српските народни песни. Поетот пред неа е длабоко тажен, опседнат е со неа, но и
со мислата за исчезнувањето на сѐ во тишината и заборавот.
Лирската иматеријализација, навестена во политичките и еротските песни,
доведена е до крај во песните од космичкиот круг. Сѐ се растопува, видливото преоѓа
во невидливо, суштеството во „несуштество“ (биће у небиће) (повторно
нирванистичкиот комплекс, карактеристичен за српската поезија), а на крајот
остануваат само таинствените врски меѓу предметите, кои го доведуваат во близина
она што е растурено низ просторот и воспоставуваат нова присност меѓу поетот и
светот. Тоа ново чувство поетот го нарекува суматризам (песната СУМАТРА и
програмското ОБЈАШНЕЊЕ СУМАТРЕ, и двете од 1920). Во светот, опустошен и
празен, без Бог, тоа внесува благост, сеопшта, космичка љубов. На врвот на таа
Одисеја, космичка и космополитска, повторно се јавува копнежот за родниот крај.
Трите најдолги песни на МЦ, кои обично се нарекуваат поеми СТРАЖИЛОВО (1921),
СЕРБИЈА (1926) и ЛАМЕНТ НАД БЕОГРАДОМ (1962), од кои првата е негова најубава
лирска творба, говорат за поетвото духовно враќање во родниот крај.
Поет во вокација, МЦ не напишал голем број песни, сѐ на сѐ 50-тина, а како
писател најмногу се реализирал во доменот на поетската проза, во романите,
патописите и мемоарските дела. Краткиот лирски роман ДНЕВНИК О ЧАРНОЈЕВИЧУ
(1921), во кој призорите од војната се мешаат со предвоените сеќавања и повоените
прилики, донесува исто што и неговата рана поезија: антивоен дефетизам,
чувствување на бесмислата, гадење спрема животот и, како контраст, визија на
чистото сино небо, блискост со светот на билките, копнеж по далеките брегови и
корални острови. Ова дело претставува најчист израз на српскиот модерен лиризам во
проза, како што е СТРАЖИЛОВО во стих. На МЦ во тој поглед му се доближуваат и
некои претходни поетски текстови-веќе споменатото ОБЈАШНЕЊЕ „СУМАТРЕ“, некои
од ПИСМА ИЗ ПАРИЗА, патописот ЉУБАВ У ТОСКАНИ, кртките патописи за
јадранските градови и острови, и особено песната во проза АПОТЕОЗА, објавена во
една збирка раскази на МЦ ПРИЧЕ О МУШКОМ (1920). Врвот во развојот на МЦ како
прозен писател е неговиот роман СЕЛИДБИ (1929). Овој поетско-историски роман за
судбината на српскиот народ во 18 век, со лирска сугестија на сликите, богата
метафорика на изразот и елегична мелодија-наликува на голема поема во проза.
Слично на претходните дела на МЦ, СЕЛИДБИ содржи спротивност меѓу
трескавичната стварност во која јунаците се гушат и прозрачните суматристички
визии, меѓу влажната атмосфера, во која сѐ се раствора, земјата, населбите,
материјалните објекти, луѓето и сонот за подобар и поубав свет, каде што треба да се
отсели, сонот кој е изразен со суматристички симболи на чистото сино небо и ѕвезда
водилка („Бескраен сун круг. Во него ѕвезда“), така гласи заглавието на првото и
последното поглавје.

138
После повеќе од 30 години, овој роман добил продолжување во неколкупати
пообемниот ДРУГОЈ КЊИЗИ СЕОБА (1962), чија тема се селидбите на српскиот народ
од Австрија во Русија, кон средината на 18 век. Делото е исполнето со трагиката на
промашеност и залудност на сите желби и надежи и, едновремено, вербата во
бескрајните можности на самообновувањето, кое ја доведува во прашање дури и
смртта (Романот завршува со зборовите: „Има селидби, Нема смрт!“)
Непосредно после првата книга Селидби, го напишал патописот КЊИГА О
НЕМАЧКОЈ ( 1931), која според многу свои карактеристики ги навестува неговите
подоцнежни дела. Субјективното е и лирско и пригушено, но не е исчезнато,
преовладуваат мачниот реализам, наративните постапки и репортерскиот стил.
На границата меѓу мемоарите, патописите и романот се наоѓа обемното дело
ХИПЕРБОРЕЈАЦА (1966). Во него е дадена сликата на Рим во предвечерието на
Втората светска војна. Во заднината на случувањата се оцртува поетската линија:
сонувањето за ладниот и чист Арктик од перспектива на сончевиот Медитеран.
Последното големо дело на МЦ е РОМАН О ЛОНДОНУ (1971). Темита на
селидбите и емиграцијата, карактеристични за овој писател, овде е пренесена во
стварноста на светската метропола, на модерниот Вавилон. Јунаци се руски
емигранти.
МЦ напишал и три драми. Поетичната комедија МАСКА (1918), чиј јунак е
поетот Б.Радичевиќ,прво негово објавено дело и несомнено, најинтересна по однос на
другите две негови драми. Другите две се од подоцнежниот период: историската
драма за убиството на кралот Александар Обреновиќ КОНАК (1958) и дрмата за
судбината на најголемиот српски научник, исто така емигрант ТЕСЛА (1966).
МЦ исто така пишувал и есеи и книжевни и ликовни критики, Недовршени му
останале монографијата МИКЕЛАНЏЕЛО (1982) и дипломатските мемоари
ЕМБАХАДЕ (1983).
%
Доживувањето на светот од перспективата на повратникот од војната го
изразиле и други писатели, како ДУШАН ВАСИЉЕВ (1900-1923), ДРАГИША ВАСИЌ
(1885-1945), и др.
%
После првиот бран на експресионизмот, кој го зафаќа периодот од 1919-1921, а
главни претставници му биле Милош Црњански и С. Винавер, доаѓа до олабавување
на единственото дејствување на модернистите во неколку паралелни правци.
Писателите на вториот модернистички бран, кои својот врв го достигнуваат во 1922,
претставуваат натамошен напредок на српката авангардна литература. Новините кои
ги внеле се однесуваат пред сѐ на односот спрема поетската форма. Додека МЦ
постојано го истакнувал значењето на новите содржини во тежнеењето на
модернистите, овие писатели ставале акцент на морфологијата на книжевното дело,
на неговите конструктивни закони, говореле за архитектурата на делото, за
тежнеењето за кристализација на обликот, за чистиот геометризам со кој се ускладени
односите внатре во делото. Конструктивистичкото сфаќање на уметноста присутно е и
во критичките и теориските написи од тој период и во поетското создавање на повеќе
модернисти, од најстариот Станислав Винавер, ангажиран во сите фази и во сите
правци на модернизмот, па сѐ до помладите кои во тоа време избиваат во преден
план.
Меѓу тие „помладите“, најзначаен е РАСТКО ПЕТРОВИЌ (1898-1949), но исто
така и МОМЧИЛО НАСТАСИЈЕВИЌ (1894-1938), ДЕСИМИР БЛАГОЈЕВИЌ (1905-1983).

139
43. НАДРЕАЛИЗАМ

Од сите модерни правци меѓу двете војни, надреализмот е најорганизиран и


најодреден во своите тежнеења. Тој е врв на српската книжевна авангарда и
едновремено и почеток на нејзината преобразба во спротивен модел на литература,
обид поетската револуција да се доведе во врска со општествената револуција и како
краен исход да ја стави во нејзина служба, напуштање на естетизмот и преод во
ангажирана литература.
Надреализмот како движење поминал низ две фази: во првата,
преднадреалистичка, од 1922-1930, во која се прифаќаат надреалистички ставови, но
не и името надреализам (главни гласила се ПУТЕВИ, СВЈЕДОЧАНСТВА) и втората,
надреалистичка, од 1930-1932, кога надреализмот се јавува како организирано
книжевно движење.
Прв заеднички настап на надреалистите бил алманахот НЕМОГУЧЕ (1930),
после кој следеле повеќе публикации, т.н. „надреалистички изданија“: ПОЗИЦИЈА
НАДРЕАЛИЗМА, НАДРЕАЛИЗАМ ДАНАС И ОВДЕ, НАЦРТ ЗА ЈЕДНУ
ФЕОМЕНОЛОГИЈУ ИРАЦИОНАЛНОГ, ПОЛОЖАЈ НАДРЕАЛИЗМА У ДРУШТВЕНОМ
ПРОЦЕСУ на Оскар Давичо, и др.
После 1932 групата се разидува: едни одамна се одрекле од надреализмот,
други му пристапуваат на движењето на социјалната литература (Давичо, Дединац), а
трети му се доближуваат на Крлежа. Меѓутоа, и после растурањето на групата,
повеќето нејзини припадници во своето творештво задржуваат мноштво
надреалистички елементи, така што може да се зборува и за надреализам после
надреализмот, поточно за две постнадреалистички фази-за социјализација на
надреализмот во 30тите години и за повторно враќање на позоциите на модернизмот,
сфатен во најшироко значење, во 50-тите години.
За сето време на своето траење, српскиот, поточно белградскиот надреализам
се развивал како дел од поширокото интернационално движење, чие средиште било
во Париз, а свои огранци имал во повеќе европски и неевропски земји.
Почетна точка на надреализмот, основа на надреалистичкиот експеримент го
чини т.н. метод на автоматско пишување, како начин за изразување на „вистинското
функционирање на мислите, диктат на мислите во отсуство на секаква контрола на
разумот, надвор од секоја естетска и морална преокупација“ (Анре Бретон). Таквата
постапка изведена е од психоанализата, од методот на слободни асоцијации со кои се
служел и Фројд и други психоаналитичари во терапевтски цели. Со таквата постапка
се доаѓа до потсвеста, како средиште на човековата психа, каде што се врши синтеза
на ирационалното и рационалното, внатрешното и надворешното. Внатрешната
реалност е токму таа повисока стварност, надреалност, за која тежнееле
надреалистите. Нејзиниот непосреден израз може да даде само поезија. Таа за
надреалистите е апсолутна категорија, животна, а не естетска вредност. На
автентичната поезија ѝ е туѓо секакво ограничување, за неа е небитна разликата меѓу
стихот и прозата, меѓу одделните книжевни родови. Поезијата може да биде сегде и
секаде, под услов да не е одвоена од животот, да не се затвора во кула од слонова
коска, да биде ангажирана во акција за ослободување на човекот. Со таквиот став
надреализмот се отворил спрема општествените процеси и го овозможил својот
премин од позицијата на „надреалистичка револуција“ на позицијата на „надреализмот
во служба на револуцијата“.
Водач и главен идеолог на српскиот надреализам бил МАРКО РИСТИЌ (1902-
19840. Најкарактеристичниот лирик меѓу надреалистите бил МИЛАН ДЕДИНАЦ (1902-
1966), потоа поетот и мислител ДУШАН МАТИЌ (1898-1980), АЛЕКСАНДАР ВУЧО и
најмладиот меѓу нив ОСКАР ДАВИЧО (1909-1989). (ЗА ОВИЕ ДА НАЈДАМ ТЕКСТОВИ
ЗА ЧИТАЊЕ)

140
43.1. Новиот реализам

20-тите и 30-тите години од 20-от век, иако општествено-историски припаѓаат


на иста епоха, книжевно чинат два периода, од кои секој понудил свој модел за
литература: првиот антиреалистички, авангарден, во суштина ларпурлартистички
модел, а вториот-модел чии битни составки се реализмот и општествената
ангажираност.
Вториот модел поетички се изградува во книжевните борби на 30-тите години, а
целосна потврда добива во книжевноста на НОБ и социјалистичката преобразба.
Негов носител е средишното движење од 30-тите години, движењето на социјалната
литература, а го прифатиле, за постојано или привремено и претставниците на
другите движења, меѓу кои особено левите експресионисти и надреалистите.
Со новото движење заеднички јазик можела да најде традиционалната
литература заради својот антимодернистички став, кој излегол на виделина уште во
20-тите години и заради својата ориентација спрема класичните, пред сѐ реалистички
вредности.
Критичкиот реализам на 20 век, порано оспоруван, сега доживува нова
афирмација. Книжевни поттици и примери се бараат исто така и во лево
ориентираната книжевност на 20 век, особено во светската книжевност. Од одделните
писатели, најголемо влијание имаат Максим Горки и Владимир Мајаковски. Реализмот
на 30-тите и 40-тите години не бил, според тоа ниту продолжување ниту обнова на
класичниот реализам, туку нешто сосема ново, поинакво. Јован ДЕРЕТИЌ го нарекува
НОВ РЕАЛИЗАМ. Тој назив, според него е подобен, меѓу другото и затоа што
потекнува од самиот тој период. Го употребувале, после 1935, социјално ангажираните
писатели за со него да го означат своето основно програмско определување. Тој
донекаде се ширел и ги опфаќал и оние писатели кои биле со традиционална
ориентација, дотолку повеќе што овие два вида реализам, социјално-ангажираниот и
традиционалниот, сѐ повеќе се доближувале, за најпосле, на крајот од овој период
речиси сосема да се поистоветат.

43.2. Социјалната литература и формирањето на книжевната левица

Новите тенденции се јавуваат кон крајот на 3-та деценија на 20-от век. Нивните
носители се прогресивно ориентирани млади писатели од разни јужнословенски
културни средини Првиот знак на нивно собирање била КЊИГА ДРУГОВА,
подготвувана од 1928, а излегла во 1929. Нејзини уредници биле Јован Поповиќ и
Новак Симиќ, а соработници „најмладите југословенски социјални лиричари“.
Вистинското продолжување на новото движење е поврзан со работата на групата на
напредните интелектуалци и писатели во Белград, која го основала новинско-
издавачкото претпријатие НОЛИТ и го покренуваат списанието НОВА ЛИТЕРАТУРА.
Во својот развој до 1941, ова движење поминува низ две главни фази: фазата на
„социјална литература“ во потесна смисла, до 1934 и фазата на „нов реализам“, од
1935 до 1941.
Во првата фаза, покрај Нова литература, излегуваат и други списанија, од кои
најважни се: КУЛТУРА, СТОЖЕР, ЛИТЕРАТУРА, а во втората, главни биле следниве
ласила: НАША СТВАРНОСТ, УМЕТНОСТ И КРИТИКА и др. Движењето од почетокот
до крајот имало општојугословенски карактер.

141
Филозофската основа на поетоката на социјалната литература ја чини
дијалектичкиот материјализам и марксистичкиот поглед на општеството. Почетната
точка ја чини определувањето за пролетерска револуција како историска нужност, како
единствен начин на разрешување на противречностите на современиот капитализам.
Таквото определување е сфатено како апсолут, како тотално ангажирање, кое ги
опфаќа сите сили и сите средства, вклучувајќи го и научното и уметничкото
создавање. Вистинската книжевност мора да биде ангажирана во борбата на
работничката класа и сите напредни сили за револуционерна преобразба на
општеството. Сѐ останато е споредно: творечката индивидуалност, талентот,
инспирацијата. Битно е ангажирањето. „За нас главна и најважна не е големината на
поетскиот талент...туку на што тој му служи“.
Од таквиот тесен утилитаризам, движењето делумно се ослободило во втората
фаза, фазата на новиот реализам, кога тоа прераснува во широк фронт на лево
ориентираните писатели, кој ги собирал оклу себе не само писателите на социјалната
литература туку и поранешните надреалисти, потоа Крлежа и неговата група, извесен
број умерени модернисти, некои писатели со традиционална ориентација итн.
Основните противречности останувале сепак, несовладани. Писателите од левицата
биле поврзани со заедничката определеност за прогресивни цели, за револуција,
неприфаќање на буржуаскиот поредок, додека пак, се разидувале по однос на
сфаќањето на уметноста и нејзините функции. Тие разлики со полна сил избиле во
полемиката меѓу групата на Крлежа или „печатоваците“ (според списанието ПЕЧАТ) и
идеолозите на социјалната литература.
Иако го прифаќале прогресивниот ангажман како предуслов на современата
уметност, „печатоваците“ ја бранеле слободата на творештвото и биле против тесно
сфатената тенденциозност. Крлежа истакнувал дека прогресивното определување во
уметноста само по себе не значи ништо ако не е здружено со талентот и творечката
индивидуалност на авторот. Марко Ристиќ се залагал за синтеза на литературата и
поезијата, на логичко-рационалниот и ирационално-асоцијативниот метод, на
реализмот и психоанализата. Таа формула, иако за неа Ристиќ употребувал
примамлив назив, дијалектички реализам, не ја прифатиле писателите на „левиот
фронт“. За нив таа можела да биде само компромис со омразениот модернизам, обид
за низ прозор да се врати она што претходно било исфрлено преку врата.
Во овој период нормативна станала формулата на новиот реализам, која се
обидела да го измири барањето за верна, реалистична слика на светот со
современата социјална ангажираност. Таа формула нашла најнепосреден израз во
книжевната критика и поетичката мисла. Ја прифатиле и идеолозите на социјалната
книжевност и многумина критичари кои започнале порано, во рамките на другите
движења, за во почетокот на 30-тите години да направат пресврт и да станат
поборници на реализмот и ангажираната литература. Меѓу овие последните, се
наоѓаат тројцата најзначајни критичари од меѓувоениот период: Милан Богдановиќ,
Велибор Глигориќ и Ѓорѓе Јовановиќ.

142
44. ДЕСАНКА МАКСИМОВИЌ (1898-1993)

44.1. Традиционалната литература

Традиционалната литература меѓу двете светски војни, покрај старите


писатели кои во овој период ја продолжувале или довршувале својата дејност,
создавале и млади, кои штотуку започнувале. Од постарите треба да се спомене пред
сѐ Бранислав Нушиќ, кој во периодот на обновениот реализам, од 1929 до 1937 ги
напишал некои од своите најдобри комедии, потоа Јован Дучиќ, Вељко Петровиќ,
Исидора Секулиќ, браќата Поповиќ и др. И кај нив, како и кај модернистите, војната
влијаела како фактор на успорување. По таков начин, заедно се нашле писатели од
различни генерации.
Најстар меѓу традиционалистите бил Велимир Живојновиќ Massuka (1886-
1974), „ускок во новото книжевно време. Тој пишувал песни, раскази, се занимавал со
книжевна и театарска критика, многу преведувал од англиски и германски. Неговата
лирика, интимистичка, чувствителна, исповедна, традиционална според стихот и
изразот, била прифатена од читателите и еден дел од критиката како противтежа на
модернистичката поезија.
Традицијата на предвоената поезија (пред Втората војна), била профатена и од
Јела Спиридоновиќ Савич (1891-1974), какои и од Аница Савиќ-Ребац (1892-1953),
класичен филолог, писател на огледи и теми од старогрчката и српската книжевност.
Паралелно се занимавала и со поезија. Таа е едена од ретките претставнички на
учената поезија во српската книжевност.
Српската книжевност на 20-от век, покрај другото, донела и полна афирмација
на женското творештво.
Меѓу поетесите после Првата светска војна во прв план избила ДЕСАНКА
МАКСИМОВИЌ (1898-1993) заедно со Исидора Секулиќ е најзначајната писателка што
воопшто ја дала српската книжевност. Родена е во селото Рабровница, кај Ваљево, но
детството ѝ е врзано за, како што ја нарекуваат Србите историската Бранковина.
Гимназија завршила во Ваљево, студирала историја и книжевност во Белград,

143
работела како гимназиски професор по многу места во Србија, а најдолго во Белград,
каде што и се пензионирала, во 1953.
Првата песна ја објавила во списанието МИСЛА, во 1920 и оттогаш па сѐ до
смртта, во 1993, непрекинато пишувала поезија. Таа спаѓа во најплодните српски
поети/поетеси. Веќе после својата прва збирка песни ПЕСМЕ (1924), ДМ е сфатена
како најизразит српски претставник на т.н. ЖЕНСКА ЛИРИКА, духовно сродни на
народната женска поезија. Некои нејзининособини се изразиле уште во првите песни и
како такви останале како основоен белег на нејзината поезија: леснотија,
едноставност, бистрина, разновидност на темите.
Во подоцнежните збирки таа внесува социјални теми, родољубиви чувства,
размислувања за животот и човекот, но сето тоа ќе го кажува на едноставен,
природен, некомпликуван начин, како зборовите сами да ѝ доаѓаат на уста. Основата
на нејзината поезија ја чинат лирските расположенија. Тие се присутни во сите
тематски подрачја, а најживо се чувствуваат во интимната поезија. Голем број нејзини
песни имаат исповеден карактер. Поетесата е свртена кон себе, спрема својот
интимен свет, нејзиното јас е во средиштето на лирската песна.
Во првата книга има циклус со карактеристичен наслов „ТАКВА САМ ЈА“, кој
може да се стави како мото на севкупниот нејзин лирски опус. Ништо помоалку
карактеристичен не е ниту насловот на песна една песна од тој циклус ЈА И ЈА, лирски
дијалог на поетесата со самата себеси, разговор меѓу две поделени страни на
нејзината душа, една „вечно тегобна“, затворена во својата тага и осаменост и другата
која сака да побегне од себе, во далечината „зад бреговите“. Слична поделеност е
изразена во песната ЛИРСКА ПРОТИВРЕЧНОСТ: поетесата е обземена од трепет, таа
се плаши да оди до крај во било кое свое чувство. Таа патријархална женска
плашливост е својствена особено за нејзината љубовна лирика. СТРЕПЊА, ЧЕЖЊА,
ПРЕДОСЕЧАЊЕ, ОПОМЕНА-тоа се некои од нејзините најзначајни љубовни песни,
елоквентни уште во заглавијата. Во една од нејзините најубави песни ЗЕЛЕНИ ВИТЕЗ,
во истоимената збрка (1930), оживувањето на природата во пролет ја буди желбата за
љубов. Зелениот витез е симбол на сонцето и пролетта и едновремено
олицетворение на мажот.
Доживувањето на природата ја исполнува целата поезија на ДМ. Без оглед за
што пее, за љубовта, за родниот крај, за нацијата, за социјалните теми, таа е секогаш
во природата и со природата. Благите, идилични тонови, пасторалното доживување на
светот, пролетната радост и свежина, апсолутната доминација на зелената боја,
светот полн со складност, питомост и чистота – тоа се некои од одликите на нејзината
поезија за природата. Но, иако во неа преовладуваат светли тонови, поезијата на ДМ
знае и за мрачните, рушителски дејства на природата. Во песната МРАК, фатен е
моментот на појава на вечерниот мрак, кој постепено освојува сѐ. Мракот добива
белег на јунак од бајките, се претвора во пајак, а потоа и во ѕвер. На бајка наликува и
една од нејзините први песни. ПОКОШЕНА ЛИВАДА. Косидбата е доживеана како
убивање на тревата, а искосената ливада како огромно бојно поле. Мотивот на
убивањето во природата се среќава во повеќе нејзини песни: за сите е заедничко
сочувството со невините жртви на насилството. Тие песни мотивски и со нивната
бајковита структура ѝ претходат на нејзината најпозната воена песна-КРВАВА БАЈКА,
во која невини жртви на насилството се учениците од Карагуевачката гимназија.
Во песните со колективна инспирација се допираат внатрешните пориви на
поетесата со предизвиците на историјата.
Социјалната поезија на ДМ настанала како „нејзина сопствена реакција на
животот“. На социјалните теми таа им приоѓа повеќе од морално-психолошка отколку
од гласна позиција. Пишувала за своите земјаци, за селаните и работниците, за
селските бригади кои не престануваат да работат дури ни во часот на смртта, за
воловските коли на кои родилките умираат по патот од селото во градот, за
срдечноста и спонтаноста на обичните луѓе, „патници од трета класа“. Во социјалните
песни, повеќе отколку во другите песни на ДМ има наративни елементи и конкретни

144
случувања. Поетскиот јазик е во функција на конкретизација на социјалните појави и
средината и е близок на обичниот, колоквијален говор.
Родољубивите песни на ДМ се најмногу поврзани со војната. Во нив доминира
востаничката тема, а опеани се двете најголеми српски востанија: Првото српско
востание од 1804 и народното востание од 1941. Главен јунак на родољубивите песни
е Србија, земјата со големи тајни, во која непријателите секогаш ги очекуваат
непријатни и опасни изненадувања. Иако содржи неколку песни со вредност,
родољубивата поезја на ДМ во целина заеостанува зад песните од другите тематски
подрачја.
Медитативните тежнеења, присутни во раната поезија на ДМ, до најпотполн
израз дошле во нејзините подоцнежни збирки ТРАЖИМ ПОМИЛОВАЊЕ (1964) и
НЕМАМ ВИШЕ ВРЕМЕНА (1973). Првата стихозбирка е несомнено нејзина поетска
кулминација и една од најголемите книги поезија на српски јазик. Во поднасловот на
книгхата стои: „Лирски дискусии со Душановиот законик“. Некои песни непосредно се
однесуваат на одделни параграфи од Душановиот законик, други се варијации на тема
од Законикот, додека најголемиот број песни се сосема слободно допишани. Во
стихозбирката наизменично се менуваат два поетски гласа-гласот на царот
законодавец и гласот на поетесата која моли за помилување. Првиот глас го
олицетворува законот, прописот, нормата, догмата, а вториот е глас на човечноста,
разбирањето, благородноста, добината, сочувсвтеноста. Книгата во целост
претставува израз на исконската народна правда и длабоката верност спрема
животот, кој се оттргнува од секаков вид приросок, од секоја догма. И во формален
поглед, оваа стихознирка е оригинално дело. Песните на секој глас имаа еднообразна
композиција. Поетските реченици се развиени, проширени со вметнати делови,
понекогаш една песна е исполнета со само една реченица. Сеппак, во нив нема ништо
заплеткано, комлицирано, сложено. Песните ги одликува крајна едноставност, нивниот
јазик, наспроти раскошната метафоричност, изобилството од слики, се чини сосем
обичен, како да не се во прашање стихови туку природен говор.
%
И некои други припадници на генерацијата на ДМ со своето творештво
останале приврзани за традицијата: ГВИДО ТАРТАЉА (1889-1985), БОЖИДАР
КОВАЧЕВИЌ (1902-/), БРАНКО ЃУКИЌ (1899-1956), РАДОСЛАВ ДРАГУТИНОВАЦ
(1904-1933).
%
Традиционалната проза пак, главно со реалистичен карактер, се создава во
целиот меѓувоен период, а во 30-тите, после распаѓањето на модернизмот, таа
доживува процут. Заедно со Вељко Петровиќ, Иво Андриќ и Исидора Секулиќ, кои се
најважни меѓувоени раскажувачи, имало и други, од различни генерации. Врсник на
реалистите е АНЃЕЛКО КРСТИЌ (1871-1951), Македонец, кој се јавува во очи на
Првата светска војна, но афирмација доживува во 30-тите години со своите раскази и
големиот роман ТРАЈАН (1932), во кои дал реалистична слика на македонските
селани и печалбари. АК е македонски писател кој пишувал на српски јазик.
Најзначаен продолжувач на српската реалистична традиција е ДУШАН РАДИЌ
(1892-1938), насочен кон регионалната проза (по професија лекар, по потекло од
Крушевац).
Слично на него, регионално е насочен и ДУШАН ЃУРОВИЌ .
Во регионалната реалистичка проза најголем придонес дава Босна. Од
генерацијата на Иво Андриќ се јавуваат неколкумина раскажувачи: Сараевчанецот
БОРИВОЈЕ ЈЕВТИЌ (1894-1959), МАРКО МАРКОВИЌ (1896-1961), муслиманот ХАМЗА
ХУМО (1895-1970), ИСАК САМОКОВЛИЈА (1889-1955).
Ниту една од традициите на српската проза не останала без продолжувачи во
меѓувоениот период. Белградскиот роман, кој во очи на војната го започнал МИЛУТИН
УСКОКОВИЌ, после војната го продолжил БРАНИМИР ЌОСИЌ (1903-1934).
На традиционалната поезија и проза им одговорала т.н. академска критика, која
ја практикувале браќата ПОПОВИЌ – БОГДАН и ПАВЛЕ.

145
45. ИВО АНДРИЌ (1892-1975)

Синтеза на традиционалното и модерното во своето творештво остварил ИВО


АНДРИЌ (1892-1975), најзначајниот српски писател на 20-от век. Почнал во очи на
Првата светска војна, во духовната клима на „втората модерна“, поминал низ бурниот
период на „повоениот модернизам“, за најпотполно да се потврди во периодот на
обновениот реализам во 30-тите и 40-тоте години. Неговите раскази и романи во овој
период претставуваат исто што и поезијата и романите на Милош Црњански во
претходниот – најголемо творечко достигнување, кое ја обележува целата епоха.
ИА е роден во Травник, во ситнозанаетчиско католичко семејство од Сараево.
Детството го поминал во Вишеград, каде што завршил основно училиште. Гимназија
учел во Сараево, студирал во Загреб, Виена и Краков, а докторатот со тема од
босанската историја го одбранил во Грац, во 1924-та година.
Бил учесник на движењерто Млада Босна, а најголемиот дел од Првата светска
војна го поминал по австриски затвори. Во 1921 година од Загреб оди во Белград, за
кој ќе биде врзана целата негова натамошна работа. Во периодот од 1921 до 1941
работел во дипломатска служба, а кога избива Втората светска војна, бил
југословенски амбасадор во Берлин. Во периодот на германската окупација живеел во
Белград, повлечено, одбивајќи да учествува во јавниот и книжевниот живот. Во првите
години по ослободувањето извршувал истакнти функции, а потоа повторно се
повлекол во мирен живот. Во 1961 година добива Нобелова награда за литература.
Книжевната дејност ИА ја почнал со песни (1911). Првите книги што ги објавил
биле збирки песни во проза Ex ponto (1918) и НЕМИРИ (1920. И двете имаат
исповеден карактер, еден вид поетски медитативн дневник, составен од одломки од
неговите секојдневни разговори со душата, во годините додека бил во прогонство и
затвор.
Нова фаза во неговото творештво почнува со објавувањето на првиот расказ
ПАТОТ НА АЛИЈА ЃЕРЗЕЛЕЗ (1920). После него, ИА се развивал претежно како
раскажувач, а од Втората светска војна и како романописец. Попатно работел и во

146
други жанрови: пишувал песни, книжевни огледи, есеистички записи, медитативни
фрагменти.
Како критичар и есеист најмногу се занимавал со Вук Караџиќ и со Његош (за
првиот оставил 9, а за вториот 6 огледи) и со реалистичките раскажувачи Матавуљ и
Кочиќ. Најпознат е неговиот есеј РАЗГОВОР ЗА ГОЈОМ (1935), посветен на судбината
на уметникот и на уметноста во светот. Пишувал на општи теми: за јазикот и стилот, за
уметноста на раскажувањето, за преведувањето, за библиотеките, итн. За разбирање
на неговото книжевно дело најважен е есејот О ПРИЧИ И ПРИЧАЊУ, што е всушност
неговиот говор по повод примањето на Нобеловата награда. Од таквите попатни
активности на Андриќ, настанале една негова голема книга ЗНАКОВИ ПОРЕД ПУТА
(1976). Во неа се собрани текстови со најразличен карактер: слики и призори од
животот, забелешки за луѓето и нивните карактери, за српскиот менталитет, критучки
забелешки за писателите, книгите, појавите од историјата и културата, мисли за себе,
анегдоти, цртици, патописни белешки, цитати, максими, парадокси итн. Исполнети се
со мирна медитација во од која се чита големо искуство.
Расказите го чинат средишното подрачје во книжевниот опус на ИА. Од
одделните збирки кои ги објавил, се издвојуваат: три книги под наслов ПРИПОЕТКЕ
(1924, 1931, 1936), потоа НОВЕ ПРИПОВЕТКЕ (1948), ЛИЦА (1960) и постхумната
збирка КУЌА НА ОСАМИ (1976). Вкупно напишал нешто повеќе од 100 раскази.
Во најголем број од своите раскази ја прикажал Босна во турско, австриско и
современо доба, како земја на границата меѓу поделените светови, Истокот и Западот,
исламот и христијанството, а и самата внатре поделена со многу граници. Во
нејзините „касаби и вароши“ (Андриќ најчесто ги прикажува Вишеград, Травник и
Сараево), сместени обично во тесни котлини, отсекаде ограничени со ридови, живеат
една покрај друга различни верско-културни аедници, муслимани, православни,
католици, Евреи, поделени не само според верата и со начинот на живот туку и со
вековната недоверба, секоја во затворен свет, одвоен од останатите, без желба да се
меша со другите, но и наспроти тоа, секојдневно присилени токму на тоа.
Иако ИА не се ограничил само на Босна, ами пишувал и на други теми и за
други поднебја, за граѓанскиот Белград меѓу двете војни, за окупацијата во НОБ, за
сончевиот Медитеран, за тешките искуства од детството, за општи теми, за
доживувањето на Босна и босанското историско искуство-ја чини основата на
севкупното негово дело.
Во новелистичкото обликување на човековите судбини, кај ИА се
надополнуваат реализмот и психологијата, објективната и субјективната перспектива,
хроничарското бележење на надворешните доживувања со поетското доловување на
иреалните состојби. Најмногу живост и разновидност има во раните раскази, од кои
некои спаѓаат во неговите врвни остварувања (ПАТОТ НА АЛИЈА ЃЕРЗЕЛЕЗ,
МУСТАФА МАЏАР, ЗА ЛОГОРОВАЊА, У МУСАФИРХАНИ, ЌОРКАН И ШВАБИЦА,
ЉУБАВ У КАСАБИ). Овде се и најизразити неговите ликови: Алија Ѓерзелез,
прославен јунак и несреќе љубовник, перверзниот дегенерик Мустафа Јусуф,
грубијанот со златно срце фра-Марко Крнет градскиот измеќар и романтичен сонувач
Ќоркан. Композицијата на раните раскази е мозаична, со мноштво кратки епизоди и
споредни ликови. Во начинот на прикажувањето се чувствува тежнеење кон
животност, кон силни, честопати драстични ефекти, потоа лирски обоена атмосфера,
хумор во различни нијанси, од блага насмевка па сѐ до иронија и гротеска. Кратките,
јасни реченици, кои преовладуваат и забрзаниот ритам на излагањето, честопати се
знак на потисната возбуденост, а динамиката на бројните настани ја открива неговата
блискост со експресионизмот.
Во подоцнежните раскази доаѓа до редукција на едни и засилување на други
елементи. Во нив се чувствува извесни стилко стишување, се намалува влијанието на
хуморот и шареноликоста на призорите, изразот станува позбиен, полапидарен, се
продлабочува психолошката анализа, во сликањето на човекот и стварноста уште
повеќе се изразуваат „црните“ аспекти. Во начинот на прикажување доаѓа до
поларизација меѓу епско-хроничарските и психолошките постапки. Во повеќе раскази

147
претежнува реалистичкото изнесување на надворешните случувања со нагласка на
еден настан, што наликува на анегдотизмот на српската реалистична проза (У
ЗИНДАНУ, ВЕЛЕТОВЦИ, СВАДБА).
Наспроти таквите традиционално-реалистични раскази стојат психолошките
раскази, во кои надворешните случувања се сведуваат на минимум, а преовладуваат
внатрешните преживувања. Психолошкиот расказ доминира во средниот и позниот
период од творештвото на ИА (МИЛА И ПРЕЛАЦ, КЊИГА и сите раскази за деца-ЖЕЃ,
СМРТ У СИНАНОВОЈ ТЕКИЈИ, ЗЛОСТАВЉАЊЕ и многу други).
Посебна група прават расказите-хроники, во кои индивидуалните судбини се
дадени на заднината на семејните, локалните и националните истории. По таков начин
настанале некои од најдобрите раскази на ИА: кратките раскази МОСТ НА ЖЕПИ,
ЧУДО У ОЛОВУ и ОЛУЈАЦИ, потоа подолгите МАРА МИЛОСНИЦА, АНКИНА
ВРЕМЕНА, ПРИЧА О КМЕТУ СИМАНУ, ЗЕКО, ПРИЧА О ВЕЗИРОВОМ СЛОНУ и др.,
од кои некои, според широчината на зафатот и опсегот, се доближуваат до неговите
романи.
Развитокот на ликот во расказите на ИА претставува пат од нагли и силни
соочувања на човекот со негативностите во стварноста, со „злото во светот“, па сѐ до
преобликување на моменталната објективна состојба, која во основа претставува
доживување на негативното, во трајна психолошка содржина. Објективниот и
субјективен тек на настаните подеднакво ја истакнуваат мрачната страна на
човековата судбина, немоќта на човекот да ги совлада мачните доживувања и
негативни искуства, да се ослободи од нив и да живее спонтано и среќно. Само во
ретки моменти, неговиот човек успева да се издигне над себе и својата ситуација и да
доживее внатрешен мир и единство со светот. Речиси во сите раскази постои едно
осветлено место кое остро ѝ контрастира на основната, темна перспектива. Таа точка,
речиси секогаш се јавува на внатрешен, психолошки план на раскажувањето и таа е
израз на човековото тежнеење кон височините, кон неговата способност за необични
искуства, духовни возвишувања и внатрешни осветлувања.
Некои раскази, кои може да се наречат поетски, контемплацијата е поврзана со
екстатичното расположение, јунаците доживуваат или им се случуваат натприродни
нешта, во кои најважни се светлосните визии, проникнување на човекот со космичката
хармонија (ЈЕЛЕНА, ЖЕНЕ КОЈЕ НЕМА, ЖЕНА НА КАМЕНУ, ЛЕТОВАЊЕ НА ЈУГУ и
др.).
Андриќ е поет на светлината и во неговото дело, доживување на свњтлината е
највисок израз на духовното искуство, врв во кој човекот како да се ослободува од
земските закони и сам станува светлосно суштество.
Исклучителен раскажувач според својот талент, ИА до романот дошол по
двократно заобиколен пат, со спојување на расказите и преку историјата. Историјата е
конститутивен фактор со чие посредство, на новелистичка основа се градат средни и
големи прозни форми. Таа тенденција, присутна во расказите, во чија основа има
елементи на хроника, најцелосен израз добила во големите романи-хроники/ НА
ДРИНИ ЌУПРИЈА (МОСТОТ НА ДРИНА) и ТРАВНИЧКА ХРОНИКА (и двете од 1945) и
во недовршениот роман ОМЕР ПАША ЛАТАС (1976).
Во овие романи нема заплети, нема романескна фабула, понекогаш нема ниту
главен јунак, почетна точка не се одделните човечки судбини, туку колективната
судбина, локалната историја.
Романот МОСТОТ НА ДРИНА, најпознатото дело на ИА, ја содржи хрониката на
Вишеград, во период од релиси 4 века. Во средиштето на тие настани е велелепмниот
камен мост, дело на великиот везир Мехмед – паша Соколовиќ. Тој е најубавата и
најистакната точка во романот, средиште на општествениот и духовниот живот на
градот, центар на колективните имагинативни активности. Околу него се испреплетени
локални приказни и легенди, тој се појавува како сцена или како невидлив учесник во
сите значајни настани во животот на единката и градот. Како творба на човечка рака,
мостот е симбол кој одолева на неминовната рушителска сила на времето,
единствена постојаност во променливоста и минливоста на животот.

148
„Мостот на Дрина“ спаѓа во најскладно градените дела во српската книжевност.
Рамнотежата меѓу деловите и целината доведена е до своршенство. Тоа се согледува
и на рамништето на настаните, во начинот на кој се поврзани општата и локалната
историја, приказната за мостот и хрониката на касабата, колективната судбина на
жителите на градот и мноштвото индивидуални повести, но и на рамништето на
значењето, меѓу историската, психолошката и метафизичката димензија на делото.
Складноста и убавината на линиите на мостот, рамнотежата и цврстината во
поврзаноста на неговите делови, пренесени се во вербалното ткиво на хрониката и во
новиот медиум почнале да живеат нов, уметнички живот.
Повеќе роман во класична смисла од претходниот, граден на основа на
пишувани извори, а не на основа на усно предание, ТРАВНИЧКА ХРОНИКА го опфаќа
времето од почетокот на 1807 до 1814, т.н. „конзулски времиња“, кога во везирскиот
Травник престојувале западни конзули, француски и австриски. По силата на
околностите, главниот град на Босна станал средиште на судири и противречности
што ја вознемириле не само Босна туку и цела Европа во тоа воено време.
Травничката мачниа и притисоци постојано доаѓале однадвор, од големите сцени на
светската и националната историја, од Цариград (Реформите на Селим 3), Европа
(Наполеоновите војни), Србија (Првотосрпско востание) и им оделе во прилог на
распламтувањето на рушителските страсти. За разлика од романот МОСТОТ НА
ДРИНА, каде што и наспроти лошите времиња има доста и радост и ведрина, во
ТРАВНИЧКА ХРОНИКА доминира тегобна, мрачна, влажна атмосфера, мрачни нагои
и масовни хистерии. Истовремено, Травничка хроника е и роман за средбите на
световите и цивилизациите, за обидите за дијалог меѓу нив, за недоразбирањата кои
достигнуваат до заслепувачка омраза и злосторство, но кои токму заради тоа
повторно ја неметнуваат мислата за неопходноста на другите, посреќни средби, за
потребите од градење мостови ко ги поврзуваат и приближуваат луѓето.
Сите други романи, со исклучок на ПРОКЛЕТА АВЛИЈА, останале во сенка на
претходните два романа.
Недовршениот роман ОМЕР ПАША – ЛАТАС се состои од повеќе самостојни
новели (=раскази), од кои некои можат да се мерат со најдобрите раскази на ИА. Го
одликува тежнеењето да проникне од онаа страна на историските настани, и сите
ликови, без разлика дали се историски или неисториски, да ги прикаже во нивната
човечка голотија.
ГОСПОЃИЦА (1945) претставува роман-студија на карактер. Како во некоја
класична комедија, карактерот и однесувањето на ликот се подредени на една
доминантна страст-скржавоста. Повторувањето исти реакции ипостапки, како и
недостатокот од хумор, имаат за последица извесна монотонија и сувост на
нарацијата. Затоа, овој роман, и покрај неоспорната длабочина, во критиката поминал
мошне лошо.
Иако различна од големите романи-хроники, ПРОКЛЕТА АВЛИЈА (1954) се
засновува на истото искуство и носи иста порака како и тие. Во основата на делото
лежи сознанието за „длабоката поделеност“ и нејзиното кобно влијание врз човечката
судбина. Со посредство на неколку наратори, се испреплетуваат нишките на
приказната за луѓето од различни средини и епохи и како имагинарни мостови се
префрлуваат лесно и едноставно преку провалиите што ги делат времињата,
просторите, државите и религиите. Како парабола за поделеноста на светот и
идентичноста на човекот, ПРОКЛЕТА АВЛИЈА претставува израз на најдлабоката
хуманистичка порака на ИА, негов духовен тестамент.

149
ЛИТЕРАТУРА:

1. Gavrilović, A. (1901) Znameniti Srbi XIX veka, Zagreb, Naklada i štampa Srpske
Štamparije.
2. Gavrilović, A. (2008) Znameniti Srbi XIX veka, Drugo dopunjeno izdanje,
Beograd, Naučna KMD.
3. Деретић, Ј. (1990 год.) Кратка историја српске књижевности, Београд,
Београдски издавачко – графички завод;
4. Иванић, Д. (1996 год. ) Српски реализам, Нови Сад;
5. Иванић, Д. & Вукићевић, Д. (2007 год.) Ка поетици српског реализма
Београд, Завод за издавање уџбеника.
6. Karadzić , V. (1972 god.) Sabrana dela, knjiga XVIII, Beograd, Prosveta.
7. 2005-2014 Александар Лазић, А. & Јаничић, П. & Гогић, А. (2005-2014 год.),
Петар II Петровић, Његош Сабрана дела, Београд, CD.
8. Левков, Д. (1963 год.) Вук Стефановиќ Караџиќ, Скопје, Кочо Рацин.
9. Ракитић, С . (2011 год.), Антологија поезија српског романтизма, Београд,
Српска книжевна задруга.
10. Сарајлија - Милутиновић, С. (1899 год.) Лирске песме Симе Милутиновића
Сарајлија, Београд-Загреб, Српска книжевна задруга.
11. Стефановић, Д. А. & Станисављевић, В. (1962 год.). Преглед југословенске
књижевности, Београд, Завод за издавање уџбеника.
12. http://scc.digital.nb.rs/
13. http://www.ivantic.net/Ostale_knjiige/istorija/Jovan%20deretic-
Istorija%20srpske%20knjizevnosti.pdf
14. http://riznicasrpska.net/knjizevnost/index.php?PHPSESSID=36iluu30s96osirp9ac
pp073g2&topic=792.0
15. http://riznicasrpska.net/knjizevnost/index.php?topic=384.0
16. http://www.antologijasrpskeknjizevnosti.rs/ASK_SR_AzbucnikPisaca.aspx
17. http://opusteno.rs/analiza-dela-f158/analiza-dela-pevanje-i-misljenje-svetozar-
markovic-t22113.html
18. http://www.boske.rs/stranice/mrtvo_more.html
19. http://www.boske.rs/stranice/sve_ce_to_narod_pozlatiti.html
20. http://www.ppnjegos.org/

150
БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ

Луси Караниколова-Чочоровска е родена во Гевгелија,


1970 година. Докторира на Филолошкиот факултет
„Блаже Конески“во Скопје, 2006 година. Автор е на
книгите: „Описот во прозата“ (2011), „Наратоструктури –
читања“ (2012) и „Детаљот во Ана Каренина и Пиреј“
(2013), како и на универзитетсите учебници „Техники на
усно и писмено изразување“ (2010), „Прилози од
јужнословенските литератури“ (2014), „Хрватска
книжевност“ (2015). Автор е и на повеќе статии од
областа на теоријата на литературата, теоријата на
менталитетот и историјата на јужнословенските
книжевности.
Работи како вонреден професор по јужнословенски книжевности на
Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

151
152
153

You might also like