You are on page 1of 40

СТУДЕНТСКО СПИСАНИЕ | ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ - УГД

КУЛТУРА | УМЕТНОСТ | ЛИТЕРАТУРА МАЈ 2022

ОД ЖИВОТОТ
НА ФИЛОЛОШКИ

УСПЕШНИ ФИЛОЛОШКИ ИНТЕРВЈУ


ПРИКАЗНИ
ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
ЕРАЗМУС
ИСКУСТВА СТИХОТВОРЦИТЕ НА
ФИЛОЛОШКИ

СТУДЕНТСКО КНИЖЕВНО
ПЕРО
ИМПРЕСУМ

Главен и одговорен уредник:


Маријана Николова

Уредник:
Верица Милорадова

Редакција:
Милена Тасева
Ана Рувиноска
Александра Стоилкова

Издавач:
Филолошки факултет – УГД-Штип

Компјутерска и графичка подготовка:


Мартин Спасовски

Лектор:
м-р Марија Иванова

Тираж:
500

Основна идеја:
Проф. д-р Драгана Кузмановска

Разработка на идеја, назив и содржина:


Доц. д-р Ана Витанова-Рингачева
НИЕ ЗА КОНЕСКИ
ПРИЗНАНИЕ ЗА ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ ОД
ФОНДАЦИЈАТА ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК „НЕБРЕГОВО“
По повод големиот јубилеј, 100 Во делегацијата на Филолошкиот од Филолошки, е само еден
години од раѓањето на великанот, факултет - Штип, покрај деканката, репрезентативен и успешен пример
Блаже Конески, и 20 години од на настанот присуствуваа и за почитување на делото на Конески,
формирањето на Фондацијата за продеканката, доц. д-р Весна како и само еден сегмент од она што
македонски јазик „Небрегово“, Коцева, и раководителката на Факултетот го прави во негова чест.
во родната куќа на Конески се Катедрата за македонски јазик и Претставниците и раководството
одржа свечен настан на кој беа книжевност, доц. д-р Ана Витанова од Фондација ,,Небрегово» ги
доделени плакети на институции и - Рингачева. препознаа и ни дадоа поддршка
поединци, кои дале свој придонес на сите вакви наши остварувања и
во одбележувањето на големиот Инаку, на 5 Мај 2021 год. активности, така што Признанието
јубилеј. Катедрата за македонски јазик за Филолошкиот факултет уште
и книжевност на Филолошкиот повеќе нè обврзува да чекориме по
Деканката, проф. д-р факултет при Универзитетот „Гоце веќе трасираниот пат. Придонес
Драгана Кузмановска, го прими Делчев“ во Штип, го организираше кон одбележувањето на големиот
Признанието што го доби настанот „Ние за Конески“, јубулеј даде и дванаесеттиот
Филолошкиот факултет во Штип со што даде свој придонес во број од меѓународното списание
за сите заложби во промоцијата одбележувањето на 2021 – „Година за лингвистички, книжевни и
на ликот и делото на Конески. Во на Блаже Конески“. културолошки истражувања
име на Филолошкиот факултет, таа „Палимпсест“, чиј главен и
подари персонализиран подарок со Организираната и реализирана одговорен уредник е проф. д-р Ранко
ликот на Блаже Конески, изработен манифестација од страна на Младеновски, што беше посветено
од г. Ѓорги Џингов, што ќе ги краси Катедрата за македонски јазик на Блаже Конески.
просториите на Спомен-домот и книжевност, во која зедоа
„Блаже Конески“ во Небрегово. учество професори и студенти

3
ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УГД-ШТИП ЈА ОДБЕЛЕЖА
100-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

ГОДИНАТА 2021
Се случи така, годината во која се навршуваат сто години од раѓањето на македонскиот исполин,
великанот на македонската јазична и книжевна мисла, Блаже Конески, да ја дочекаме со одземена сила,
на себе носејќи ги крилјата поткршени и снеможни, што да не можат да нѐ кренат во височините. А,
таму бевме, летавме умислени дека сме преголеми и дека висините се наши, одамна сме ги освоиле со
желба да полетаме уште повисоко, поблиску до божјите предели, налик на вавилонски градители. Се
случи, ние, потомците на блажеконеското „смачкано племе“ на стогодишнината од неговото раѓање,
повторно да го отвориме старото ковчеже, во кое со векови стои тапијата, онаа за која зборуваше
Конески, велејќи: „Ќе ни бараат `тапија` за имотот (јазикот), како кога на селанецот што со векови
од дедо-прадедо ја обработувал својата земја и го превртел и знае секое нејзино грутче му се бара
поседовен лист, па и тоа дека е тешка раката што плаќа за маката“.
Цивилизираниот човек живее во воздејство со јазикот, за него сѐ е јазик и јазикот е сѐ. Во јазикот
се обединува материјалната и духовна култура на човештвото, јазикот е производ на таа симбиоза,
нераскинливо единство на двете материи.Тургенев рекол: „Во денови на размислување за судбината
на својата татковина, јазикот ми е голема потпора; тој голем, моќен, вистинит и слободен јазик“.
Еден народ зрее и созрева преку јазикот, таму во длабочините на јазикот се сокриени сите негови
таги, радости, историски и лични неправди, дилеми и размисли, маки и прегрешенија. Во јазикот се
чува нашето колективно паметење, јазикот ги чува песните, приказните, легендите... Сета литература
создадена на македонски јазик, всушност, е нашиот отпечаток преку кој сме препознаени како посебен
народ на Балканот, во Европа и во светот. Македонскиот јазик е архивот на македонската духовна
и материјална култура. Тој е трезорот на вредното наследство, на архетипските слики наследени од
нашите предци. Зарем тоа може некој да ни го земе, да го негира и обезвредни?! Во јазикот е нашето
паметење. А, возможно ли е да се живее без историското (колективното) и лично паметење?!

4
Кодификацијата на современиот македонски јазик се случува на Илинден 1944 година,
донесувањето на одлуката за македонската азбука се носи на 5 мај, а за правописот на 7 јуни 1945
година. Всушност, македонскиот јазик преку чинот на кодификација се озаконува како книжевна
и јазична норма во чиишто рамки ќе се одвива општествената и институционална развојна линија
на новото македонско општество, на македонскиот народ и држава како рамноправни чинители на
новите цивилизациски текови. Но, македонскиот јазик не се создал во мигот на кодифицирањето,
тој има своја предисторија, своја развојна линија што започнува од втората половина на 9. век до
втората половина на 20. век. Јазикот живее отаде секој закон, норма, канон....Јазикот природно се раѓа
низ живата народна реч, таму е врутокот, а кодификацијата е насипување на брегот и контрола на
коритото каде што водата треба да тече, спокојно и по сите узуси на природата. Уште Сосир ни укажа
на разликата меѓу јазикот како граматички систем и говорот како жива реч. Јазикот е народот што го
зборува, додека е жив и последниот говорител, јазикот ќе постои.

Јазикот искри од народното творештво, таму е длaбокиот рудник на јазично богатство, таму
започнува да се создава културната меморија на македонскиот народ. Нашиот човек, сопствениот
пораз го оплакувал на македонски јазик, пеел и додека војувал, се радувал на победите, тагувал, но
и колнел на македонски, на јазикот на кој научил да сака, но и да НЕ заборава, кој и кога посегнал по
неговото најсвето. И така, со векови ја носиме во наследство кармата дека сме во срцето на Балканот
и дека злото катаноќ дреме на пусија, во страв да не пламне одново. Зарем сонот за присвојување
на нешто што природно не ти припаѓа, не е само заблуда изродена од чувството на тоа дека, еден
народ има надмоќ над другиот?! Зарем на Балканот не му беа доволни сите кошмари од кои се
будеше средноќ, а кои веќе следното утро стануваа војна?! Нашето задумие ги чува живи сликите на
колективните ни премрежиња, трауми и болки. Никогаш не било, ниту денес не е лесно да се биде
Македонец, без притоа постојано да си во грч и немир, дека некој одново ќе се дрзне да каже дека не
постоиш.

Но, богата ни е историјата, и како што вели академик Старделов: „Во историјата на
книжевноста, како и во историјата на еден национален јазик постојат епохални коперникански
периоди“. Според него, целокупната историја на македонската книжевност ја проследуваме низ
пет историски епохи на македонската книжевност и јазик: епоха на Св. Климент Охридски, на
Димитар Миладинов, на Крсте Петков Мисирков, на Кочо Рацин и епоха на Блаже Конески, сите
дејци на големите историски, јазични и културолошки пресврти во македонската културна историја.
Последниот од нив, Блаже Конески е лингвистот, научникот, книжевникот, поетот којшто му даде
смисла на македонскиот XX век. „Со него - вели Стаматоски, завршува многугодишната борба на
најголемите умови на македонскиот народ за свој литературен јазик и за изградба на своја култура
врз еден општоприемлив стандард, но со него истовремено започнува слободното и вистински
сопственото проучување на разни аспекти на македонскиот јазик и тоа, врз солидни научни основи.“
Токму тие научни основи Конески ги постави пишувајќи ги: „Македонскиот правопис и правописен
речник“, „Граматиката на македонскиот литературен јазик“, „Речникот на македонскиот јазик“ ,
„Историјата на македонскиот јазик“, многу монографии, огромен број научни трудови, прилози и
сл. Неговиот опус опфаќа околу 750 авторски позиции од кои, 270 посветил на лингвистиката, 250
на книжевната наука, што за еден човечки век е премногу. Зарем е возможна толкава интелектуална
издашност и колку сме способни да го осознаеме фактот дека на неполни 23 години Конески бил член
на Комисијата за изготвување на македонската азбука и правопис?! Конески е човекот којшто гледаше
визионерски, наспроти неговиот слаб и морен вид, дека македонскиот јазик е јазикот на една „млада
полетна литература што со секој ден се поплодотворно се разгранува“.

5
Тој е чувар на духот на нашиот културен континуитет, поетот кој толку силно нурна во мракот на
сите наши колективни и лични стравови, трауми и премрежиња, оној кој со стих се обиде да ги заузда
сите разбеснети буици. Конески преку својот силен збор „макар на непризнат јазик“, нѐ издигна високо,
нѐ поткрена за да го видиме светот. Конески ги ископа пораките напластени некаде длабоко во „темните
простори на македонското историско време“, оттаму крикна и рикна неговата песна. Конески знаел дека
да се биде чувар на македонските бедеми, значи да се биде на удар од налетот на сите небулозни негирања,
противречности, неправди, па и колективни трагедии. Неговата поезија е неговата битка, онаа последната,
водена на присојна ледина, на Песјо Брдце. Неговите неспокојства не беа само негови лични приказни,
тие беа изродени од чувството на немир поради неправедните атаци што неговиот, македонскиот народ
и јазик постојано ги трпеа, а ги трпат и денес. Го обеспокојувале нападите однадвор, но ми се чини дека
многу повеќе го болеле и силно го повредувале нападите од своите, од блиските, од оние кои со паганска
мисла фрлале анатема врз неговото дело.
Тој неуморен копаничар на зборот сосема свесен за човековата минливост, знаел дека човекот го
заслужува сопственото величие само преку делата. И тогаш кога полека го напуштале физичките сили,
кога одот станувал тежок и бавен, видот морен и толку слаб, духовната сила никогаш не го напуштила.
Таа дишела заедно со него, го крепела, чинам и тогаш, кога беспоговорно ѝ се предавал на смртта. Mo-
jата генерација немаше привилегија лично да го запознае професорот Конески, но затоа, секојдневно
читајќи го неговото дело, тој продолжува да биде наш учител. Вреди да се запрашаме: Колку врвици
разгази Конески? Колку болки одболува заедно со стихот? Со колку бодликави круни го крунисаа?
Денес, погласно од кога и да било во историјата, стиховите на Конески нѐ опоменуваат дека не
смееме да заборавиме да се свртиме назад, да погледнуваме наназад како што велеше самиот тој, таму
во минатите времиња се чува она што нѐ обврзува сега и утре. Иронија ли е или игра на судбината
на 100 - годишнината од неговото раѓање, неговиот сакан народ повторно да се соочува со рецидиви
од некои минати болештини кои само навидум биле зацелени. Блажевиот народ, македонскиот народ
денес се обидува да му докаже на светот дека македонскиот јазик е беспоговорна вистина и реалност и
дека тоа е единственото право што безусловно му припаѓа. Делото на Конески е парадигма на којашто
се повикуваме за да го докажеме она што е чиста аксиома дека македонскиот јазик е јазик со длабока
традиција и своја историја.
Блаже Конески нѐ откри во дамарите на нашето вековно траење. Со прометејска итрина и храброст
од традицијата го украде вечниот оган на живиот збор, ни го подари, за да ги узнаеме со него вистините
за себе и за светот. Блаже заминува во надеж „дека не е тукутака што сум бил подложен на таков искус и
на таква една мака“. Таа негова мака денес е наш одвет, со неа ликуваме, и по сто години во нас одново
се раѓа гордоста дека Конески не бил „сејач на глуво семе“, туку бил потомок на народ кој поседува
неразбирлива безрасудна тврдоглавост да пишува на мал јазик. Нема мали и големи мемории, вели
Хегел, а нашиот Митко Маџунков, низ зборовите на својот лик Кирил Водочки, вели: „Малите народи“
и „малите јазици“ се како скриените птици од дрвјата: и невидливи, пеат. Ние не знаеме дали нивната
песна ќе стане чујна и разбирлива за цел свет, но знаеме дека духовната вредносна мерка е единствена,
иста за сите.
Конески се чита и препрочитува, над неговиот збор се бдее, од неговиот збор се раѓа чувство на
страв од тоа колку тој знаел да нѐ прочита, читач како него, македонската книжевна историја сѐ уште не
запишала. Уште долго ќе го читаме и препорочитуваме Конески, уште долго ќе цитираме одломки од
неговите песни како верник кој наизуст ги знае стихови од молитвата. „Ние луѓето сме како тревана – ја
газат, се задушува, гине, само земјата останува“ – сите ние еден ден ќе заминеме, но по нас останува
нашата земја, каква ќе им ја оставиме на нашите потомци. Тие ќе судат и ќе знаат како да нѐ слават, но и
како да нѐ осудат за ненаправеното. Јазикот е постар од сите, тој ќе нѐ надживее и ќе продолжи да дише
во секој збор, на секоја следна генерација. Денес, на големиот македонски празник 5 мај, денес стоте лета
од првиот плач на новороденото дете на Коневци, во скромната небреговска одаја, како сѐ уште да чкрипи
звукот на стариот родан ткаејќи ја најмакедонската приказна. Затоа, ќе завршам со зборовите на Славко
Јаневски, „Блаже никогаш не ќе е минато!“
Тој е и денес со нас. Посилно од кога било досега! 

6
Стариот џивџан Конески во песната: „Македонските поети“ ќе рече:
Каква судбина!
Да ти се чини дека правиш
Најзалудна работа на светов.

А, мојата маленкост, од сојот на младите голиштарци џивџани песнарии, токму со тоа чувство
ја напиша песната „На Читачот“, посветена токму нему, на Конески.

НА ЧИТАЧОТ И молкум мислата гине


На Блаже Конески заспива ко дете во скутина.
Јас те знам. Зарем требало да ѝ бидеш
Не еднаш сум те сетила јарка потпора на осамата,
како вадиш вода од тишјакот со голи раце црква да градиш
за со неа да го полееш зборот. правејќи пат низ честакот
на душата?!
Го правиш тоа ноќе
дур болот жили Тиши зборот,
дур немошница потајум читачу!
по коските лази. Ноќта е млада.
Зажарува мугра.
Те узнавам тивко. Ново расткајување на денот!
Стоиш пред мене
со поглед строг и јарост гласна. Штип, 5 мај 2021 год.
Речи збор, опомена, укор! доц. д-р Ана Витанова-Рингачева,
Земи сор! Раководител на Катедрата за македонски јазик и
книжевност
Потсечи ни ги
дивите ластари
тајум што се ластарат
во туѓ двор,
на туѓа меѓа.

7
ПОЕТСКИ ПОРАКИ ЗА КОНЕСКИ ОД СТУДЕНТИТЕ НА
КАТЕДРАТА ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во соработка со


Друштвото на писателите на Македонија и Фондацијата „Небрегово“, на 10 декември организираше
манифестација во чест на Блаже Конески. На настанот членовите на ДПМ читаа песни посветени на
Блаже Конески, а меѓу нив беа и најдобрите средношколци и студенти кои пишуваа на распишаниот
конкурс на тема „Поетски пораки за Конески“ во организација на Фондацијата „Небрегово“. На
настанот присуствуваше нашата студентка од втора година на Катедрата за македонски јазик и
книжевност, Елена Соколоска, чија творба заедно со творбата на студентот Андреј Јанков беа избрани
меѓу најдобрите на конкурсот. Во просториите на НУБ беше поставена и изложба на објавени дела
од Блаже Конески и од други автори за Конески, преводи на негови дела на други јазици и негови
преводи од други автори, оригинални ракописи од авторот, фотографии, музички ракописи и печатени
партитури од реномирани македонски композитори инспирирани од богатиот книжевен опус на
Конески, снимки од негови искажувања, стихови.

8
Поетски пораки за Конески ЛИРСКИ ПЕРФОРМАНС ПО ПОВОД
Не верувам дека некој ќе ми поверува. 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА
Постои куќа во Небрегово, БЛАЖЕ КОНЕСКИ
во чија прашина, онаа лебдечка прашина,

што се гледа кога ќе ја дувнеш Милена Тасева, Мартина Спасевска и


Верица Милорадова, студентки на Катедрата
од книга под ситен сончев зрак, за македонски јазик и книжевност на
Филолошкиот факултет при УГД-Штип,
живее магичната уметност зедоа учество на Лирскиот перформанс „100
на купишта пишани зборови. години - Блаже Конески”. Со интерпретација
на стихови од Конески, студентките
Оние толку обични зборови, дополнително го збогатија настанот.
Нивниот поетски перформанс беше
наредени во совршен редослед,
прoследен со музички изведби од страна на
како доминото на дедо ми, Роберто Поп Димитров. Свои излагања на
настанот имаа м-р Трајче Кацаров и проф.
како шаховски полиња, д-р Јованка Денкова. Студентките настапија
токму тие зборови.
под координација на проф. д-р Јованка
Денкова. Лирскиот перформанс се одржа
Тие зборови сѐ уште живеат, на 30.9.2021 год. во организација на НУЦК
„Ацо Шопов” - Штип.
во споменот на ситните чекори,

оние чекори кои сѐ уште се слушаат,

низ ѕидовите на домот во Небрегово.

Некој следен пат

кога ќе ве навее тивко ветренце,

накај најубавото прилепско поле,

посетете ја куќата,

онаа куќа во чија лебдечка прашина,

живее споменот

за силниот Блажев збор.

Загледајте се убаво во ситните сончеви зраци

кои паѓаат од малечките прозорци,

тогаш верувам и ќе речам:

„Сите ќе ми поверуваат“!

Елена Соколоска

9
ОД ЖИВОТОТ НА
ФИЛОЛОШКИ
СТУДИСКА ПОСЕТА
СТУДЕНТИ ОД МАКЕДОНИСТИКА – ШТИП, ВО ПОСЕТА
НА БИГОРСКИОТ МАНАСТИР

Студиската посета се реализираше во рамки на Месецот на љубители на библиотеки,


како и по повод - неодамна одбележаниот Меѓународен ден на мајчиниот јазик. Како
координатор и предавач, во рамки на студиската посета, се јави д-р Милена Ристова-
Михајловска. На предавањата зборуваше и професорката д-р Ана Витанова-Рингачева, која
на студентите им ги доближи фолклорот и традициите во тој крај во рамки на предметот
Народна книжевност. Студентите во склоп на студиската посета имаа можност преку
интеракција да ги споделат сознанијата и преку креативност да ги искажат фактите од овој
крај. Манастирите Бигорски и Рајчица ги посетија студентите од прва и четврта година
на Катедрата за македонски јазик и книжевност при УГД - Штип. Активностите се дел
од проект од национален интерес, а се реализираа со благослов на Игуменот и Епископ
Бигорски, г. Партениј и логистичка поддршка од АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ, НУ-УБ ,,Гоце
Делчев”-Штип и Филолошкиот факултет во Штип.

10
ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА
МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК
По повод Меѓународниот ден
на мајчиниот јазик, НУ-УБ ,,Гоце
Делчев” - Штип во соработка со
Филолошкиот факултет при УГД-Штип
и АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ-Штип
реализираше интерактивно предавање
со книжевно-јазична работилница на
тема: „Јазикот - корен на книжевноста“.
Опфаќајќи ги темите од историјата
на книжевноста, кодифицирањето на
јазикот и современите состојби во
изразувањето на младите, спојувајќи ги
некогашната калиграфија и денешната
дигитализација, универзитетските професорки од Катедрата за македонски јазик и книжевност, д-р Ана
Витанова-Рингачева и д-р Милена Ристова-Михајловска, успешно го остварија работниот дел од настанот.
За дел од книжевно-јазичните работилници се погрижија студентите од Катедрата за македонски јазик и
книжевност, Верица Милорадова, Ване Дериволов и Катерина Тасева, како и студентката Меги Димова од
Катедрата за германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при УГД-Штип. Со свои обраќања кон
присутните се вклучија: директорот на НУ-УБ „Гоце Делчев” - Штип, Тодор Џидров, деканката на Филолошки
факултет при УГД-Штип, проф. д-р Драгана Кузмановска и Соња Манева, библиотекар и иницијатор на
настанот. Присуствуваше и продеканката на Филолошки факултет-Штип, проф. д-р Весна Коцева, а настанот
го модерираше студентката Верица Милорадова. Активноста е во рамки на проектот „Француски учиме,
македонски читаме - култура спојуваме и развиваме“, поддржан од Министерството за култура.

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА


Студенти и професори од Филолошкиот
факултет учествуваа во организација и реализација на
манифестацијата. Ги оставивме за миг телефоните, се
инспириравме од кафето и го плативме со поезија. ,,Да
војуваме со зборови, а не со оружје! Да мудруваме со
поезија, а не со немири! Да испратиме порака за мир,
до сечие срце - убав збор! - ова е мотото под кое го
одбележуваме Светскиот ден на поезијата во Штип”, рече
во најавата Соња Манева, библиотекар.
Годинава во Штип, преку оваа манифестација се
одбележуваат: Светскиот ден на поезијата, ден по Денот
на среќата, ден пред Чет’рсе. ,,Седма година по ред, во
Штип ја организираме и реализираме манифестацијата: „Плати кафе со поезија“. „Целта е да се твори на
еден поинаков начин во книжевно и поетско друштво, а надвор од работните простории и училишните
клупи”, истакна д-р Милена Ристова-Михајловска, една од организаторките.
Денот на поезијата е прилично млад празник. Прогласен е во 1999 година, на 30. сесија на
Генералната конференција на УНЕСКО. ,,Првиот празник се одбележал во Париз каде се наоѓа седиштето
на УНЕСКО. Овој ден е наменет за промовирање на развојот на поезијата и обновување на дијалогот
меѓу поезијата и другите форми на уметност”, рече Верица Милорадова, модераторка на настанот и
апсолвентка на Катедрата за македонски јазик и книжевност. И годинава се доделија награди за трите
најуспешни творби. На манифестацијата учествуваа: основци, средношколци, студенти, професори,
поети, библиотекари, книгољубители.

11
ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ 8 ДЕКЕМВРИ СЕ ОДРЖА МАНИФЕСТАЦИЈАТА
„СВ. КЛИМЕНТ – ТЕМЕЛНИК, СВЕТИЛНИК И ИНСПИРАЦИЈА“
Мултимедијалната манифестација „Св. Климент – темелник, светилник и инспирација,
2021“ за првпат се реализираше, организирана и иницирана од Катедрата за македонски јазик
и книжевност при УГД - Штип. Преку конкретни теми, предметните професори ги поттикнаа
студентите да анализираат и да творат. Од бруцоши до апсолвенти, студентите дадоа свој
посебен придонес во реализацијата на манифестацијата. Студентите од Македонистика беа
вклучени во интерактивниот дел, како и во креативната работилница.
Во двете сесии студентите работеа
под менторство на насл. доц. д-р
Милена Ристова – Михајловска , а
темите беа: „Климентовите слова –
предмет на интерес векови подоцна“
и „Средновековната стилистика –
база за интертекстуални креации”.
Апсолвентите, под менторство на
доц. д-р Ана Витанова – Рингачева се
вклучија во креативната работилница
на тема: „Климент Охридски во делата
на современите македонски писатели“.
Како база за работа, во оваа трета
сесија, студентите ја имаа поемата
„Азбукословецот” од Иван Василески.

СВЕЧЕН НАСТАН „ОБРАЗОВАНИЕТО ОД КЛИМЕНТА ДО ДЕНЕС“


ФОН во соработка со Филолошкиот факултет го организираа настанот „Образованието од Климента
до денес“. Апсолвентките од Катедрата за македонски јазик и книжевност при УГД - Штип, Верица
Милорадова и Маријана Николова, беа дел од рециталот во чест на Св. Климент, насловен како
„Сонцето што нè чува“. Маријана Николова интерпретираше фрагмент од делото „О Писменех“
од Црноризец Храбар, а Верица Милорадова прочита извадок од Тропарот на Св. Климент. Свои
обраќања, учества и излагања на настанот имаа и Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, деканката
на Филолошкиот факултет при УГД-Штип, проф. д-р Драгана Кузмановска, деканката на ФОН при
УГД-Штип, проф. д-р Емилија Петрова Ѓорѓева и останати професори и студенти. Настанот се одржа
на 7.12.2021 год., по повод празникот Св. Климент Охридски.

12
МАНИФЕСТАЦИЈА „ЗА ВИНОТО, ЉУБОВТА И ПОЕЗИЈАТА“
Студенти од Македонистика - Штип учествуваа во манифестацијата
„За љубовта, виното, поезијата“. Книгољубие, стихови, пријатна атмосфера,
размена на книги... Празнично, а традиционално. Ваква беше манифестацијата
во чест на двата празника и повод Месецот на љубители на библиотеки. Нашите
студенти од Катедрата за македонски јазик и книжевност од Филолошкиот
факултет при УГД - Штип, ја збогатија литературно-уметничката магија со
свои лични, поетски творби. На настанот се дискутираше за дела и автори, се
разменуваа и подаруваа книги, а стиховите беа и празник и трепет за присутните.
Манифестацијата се одржа на 14.2.2022 год., а е во организација на НУ-УБ
„Гоце Делчев“ со поддршка на Катедрата за македонски јазик и книжевност на
Филолошкиот факултет при УГД - Штип, АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ, основните
и средните училишта во Штип, групата Размена на книги - Штип, ЦПЛИП
„ПОРАКА“-Штип.

ПРОФ.Д-Р МИЛУТИН ЃУРИЧКОВИЌ НА СРЕДБА СО


СТУДЕНТИТЕ
Студентите од Катедрата за македонски
јазик и книжевност на Филолошкиот факултет
при УГД-Штип, на 18 март, имаа можност да го
проследат предавањето од страна на проф. д-р
Милутин Ѓуричковиќ, професор на Академијата
за воспитувачко-медицински стручни студии во
Алексинац, Србија. Проф. Ѓуричковиќ зборуваше
за неговата авторска книжевност за деца, но и за
современите состојби што ја засегаат книжевноста
за деца, воопшто. Сите овие теми беа срочени во
интерактивно предавање на тема „Македонската
книжевност за деца на српски јазик“. Модератор на
настанот беше проф. д-р Јованка Денкова, професор на Катедрата за македонски јазик и книжевност
при Филолошкиот факултет на УГД-Штип.

13
ПРОФ. Д-Р ВАСИЛ ТОЦИНОВСКИ НА СРЕДБА СО
СТУДЕНТИТЕ
Интерактивните предавања се од
особена важност за студентите, но кога истите
се организираат со книжевници од кои може да
се научи многу, остануваат долго да се паметат.
Студентите имаа можност да го слушнат
предавањето на проф. д-р Васил Тоциновски
и да слушнат уште многу интересни факти за
македонската книжевност, да развијат плодна
дискусија со еден од најплодните автори,
есеисти, критичари, книжевни историчари
на македонската современа книжевност.
Професорите од Катедрата за македонски јазик
и книжевност на Филолошкиот факултет при УГД-Штип, исто така дадоа свои видувања на
темата. Модератор и организатор на настанот беше проф. д-р Јованка Денкова.

СТУДЕНТИТЕ И ПИСАТЕЛИТЕ ЗА ДЕЦА СО БОГАТА


ДИСКУСИЈА ЗА КНИЖЕВНОСТА
Студентите од втора година на
Филолошки факултет и Факултетот
за образовни науки при УГД имаа
можност да се запознаат со писателите
Горјан Петревски и Калина Малеска.
Писателите и студентите развија богата
дискусија за значењето на детската
книжевност. Разменија искуства и идеи
за книжевни дела, а имаа и можност да
ги слушнат инспиративните приказни на
писателите, нивниот творечки процес и
изворот на инспирација. Координатор на
настанот е проф. д-р Јованка Денкова,
предметен професор по Книжевност за
деца на Катедрата за македонски јазик и
книжевност при УГД-Штип. Последното предавање за непарниот семестар по предметот
Книжевност за деца, поттикна голема инспиративност кај студентите, а воодушевеност за
писателите. Инаку, средби на студентите со писателите се случуваат редовно на Катедрата
за македонски јазик и книжевност.

14
МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИТЕРАТУРАТА ЗА ДЕЦА –
ПОВОД ЗА ГОСТУВАЊЕ НА ПИСАТЕЛОТ ТРАЈЧЕ КАЦАРОВ
Меѓународниот ден на литературата
за деца –повод за прекрасна дружба на
македонистите со авторот за деца, м-р
Трајче Кацаров. Студентите од Катедрата
за македонски јазик и книжевност при
Филолошкиот факултет на УГД-Штип,
на 4 април 2022 година имаа можност да
проследат предавање на тема: „Литературата
за деца – современа приказна“ кое се
одржа на Мајкрософт Тимс. Современиот
македонски автор за деца, м-р Трајче
Кацаров даде свој осврт кон современите
состојби во литературата за деца и млади. По
предавањето, студентите развија богата дискусија и за неговото плодно творештво посветено
и напишано за најмладите. Под креативната и модераторска палка на проф. д-р Јованка
Денкова, студентите интерактивно научија многу нови нешта и одблизу го почувствуваа
магичниот свет во кој нѐ води литературата за деца.

МУЛТИМЕДИЈАЛЕН НАСТАН НА ТЕМА: „СРЕДНОВЕКОВИЕТО


НИЗ ФРЕСКОПИСНИТЕ, ВЕРСКИТЕ И РАКОПИСНИТЕ ТРАДИЦИИ.
МАКЕДОНСКО-ФРАНЦУСКИ РЕЛАЦИИ“
Штипската национална и
универзитетска библиотека реализираше
хибриден и мултимедијален настан
на тема „Средновековието низ
фрескописните, верските и ракописните
традиции. Македонско-француски
релации“. Студенти од Катедрата за
македонски јазик и книжевност при
УГД-Штип учествуваа во работниот
и интерактивен дел преку анализа
и интерпретација на македонски
средновековни текстови. Предавач,
организатор на настанот и ментор на студентите - учесници беше доц. д-р Милена Ристова-
Михајловска, која претстави избор од лични теренски материјали, а не изостави да ги истакне
и резултатите од студиската посета на Рила, Бугарија (2019), заеднички реализирана со тимот
од студенти. Преку предавањето, ликовната и виртуелната изложба, се опфатија различни
аспекти од одбележувањето на 130 години од упокојувањето на Рембо, 700 од упокојувањето
на Данте и 100 години од раѓањето на Конески. Настанот е дел од проектот „Француски учиме,
македонски читаме - култура спојуваме и развиваме“, поддржан од Министерството за култура.

15
ПО ПОВОД „15 ГОДИНИ УГД“ СЕ ОДРЖА ВЕБИНАР НА ТЕМА: „ЖЕНАТА ВО
ФРАЗЕОЛОШКИОТ КОРПУС НА МАКЕДОНСКИОТ, ГЕРМАНСКИОТ, АНГЛИСКИОТ,
ИТАЛИЈАНСКИОТ, ШПАНСКИОТ И ТУРСКИОТ ЈАЗИК“
Во чест на месецот на жената и јубилејот 15 години УГД, Универзитет којшто
силно ја поддржува еманципацијата на жената во општеството, Филолошкиот
факултет одржа вебинар на тема: „Жената во фразеолошкиот корпус на македонскиот,
германскиот, англискиот, италијанскиот, шпанскиот и турскиот јазик“. Студентите
Маријана Николова, Верица Милорадова, Зорица Иванова, Ребека Спасова, Ване
Дериволов, Македонка Стојанова, Ана Костова Бабиќ, Александра Минкова, Лидија
Таушански, Загорка Манчева, Марија Цветкова, Елена Трајковска, Марта Митрова,
Мила Калајџиева, Драгана Васева, Бурчин
Пашова и Јована Митровска, под менторство
на професорите направија истражување на
фразеолошкиот корпус на јазикот што го
изучуваат, а  во кој жената е претставена
во позитивен или во негативен контекст.
Деканката проф. д-р Драгана Кузмановска
имаше кратко излагање за улогата на жената
во литературата и воопшто во општеството.
Сите лица на жената, сите нејзини улоги
и секако сите нејзини лични и колективни
извишувања, беа срочени во прекрасни
аудио-визулени приказни. Жената успеа
да се избори за своја сопствена соба за која мечтаеше Вирџинија Вулф. Таа соба
ќе стане нејзина интима во која жената ќе биде сама со својата творечка енергија,
којашто е доволно силна да ја извлече од дното на анонимноста и безименоста, и
опасно храбра да ја убие рамнодушноста на светот кон неа, да ја разбуди заспаната
свест, да ја отклучи заробената слобода на мислите, со клучот за кој самата се избори
да го пронајде.
Вебинарот го проследија повеќе
од 120 студенти и средношколци
од Штип и Струмица.
https://ff.ugd.edu.mk/index.php/mk/
vesti/165-zenata-vo-frazeoloskiot-kor-
pus-na-jazicite

16
„УЧЕЊЕТО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ – ВЛОГ ВО ИДНИНАТА“
Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип
во соработка со Europe House Strumica, на 14 април, организираа две
работилници на тема: „Учењето странски јазици – влог во иднината“.
Во прекрасниот амбиент на Europe House Strumica, матурантите од СОУ
„Јане Сандански“ - Струмица, под менторство на професорките Дафина
Иванова Пандева и Катерина Панов-Кожаров, дебатираа за значењето на
странските јазици и нивната улога во едукацијата на младите, како и за
познавањето на македонскиот јазик - основа за изучувањето на останатите
јазици. Работилниците ги водеа: проф.д-р Драгана Кузмановска, декан на
Филолошкиот факултет, доц. д-р Весна Коцева, продекан и доц. д-р Ана
Витанова-Рингачева, раководител на Катедрата за македонски јазик и
книжевност.

ВЕБИНАР ВО ЧЕСТ НА ПРОФ. Д-Р ДРАГИ МИХАЈЛОВСКИ


На 24 март 2022 се одржа
вебинар на тема: „Задачата на
преведувачот – преводи и читање
на преводи од Шекспир во чест на
проф. д-р Драги Михајловски“. На
вебинарот говореа: проф. д-р Ранко
Младеновски и виш лектор м-р
Биљана Иванова, а специјалната
гостинка беше Mariangela Biancofio-
re Ameti, преведувач. Предавањето го следеа колеги и студенти од Катедрите за
англиски и италијански јазик. Филолошки факултет, УГД - Штип.

17
ОДБЕЛЕЖАН 21 ДЕКЕМВРИ, ДЕНОТ НА ТУРСКИОТ ЈАЗИК
Под менторство на проф. д-р
Марија Леонтиќ студентките од четврта
година преведувачка насока, Сандра
Илиева и Монтеза Христова, направија
превод од турски на македонски јазик
на неколку анегдоти за Насредин
Оџа. Под менторство на м-р Ивана
Котева, студентите Јована Митровска
и Денис Јунус од прва година снимија
видео записи за развојот, застапеноста
и употребата на турскиот јазик на
македонските простори.
ff.ugd.edu.mk/index.php/mk/vesti/157-den-na-turski-jazik-2021

ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ ЈА ОДБЕЛЕЖА НЕДЕЛАТА НА


ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК

Минатата година кога светот


одбележуваше 700 години од смртта
на Данте Алигиери, Филолошкиот
факултет при Универзитетот „Гоце
Делчев“ во Штип даде свој придонес
за достојно одбележување на големиот
јубилеј. XXI Недела на италијанскиот
јазик беше посветена токму на овој
јубилеј, а Катедрата за италијански
јазик организираше настан на тема:
„Светот на Данте во колективната
меморија - јазични и визуелни аспекти“.
Професорките, доц. д-р Јована
Караникиќ-Јосимовска, доц. д-р Ана Витанова-Рингачева, проф. д-р Ева Ѓорѓиевска,
насл. доц. д-р Милена Ристова-Михајловска, заедно со студентите од Катедрата за
италијански јазик и книжевност и Катедрата за македонски јазик и книжевност, дадоа
свој придонес во расветлувањето на Дантевата поетика. Настанот го поздравија и
директно се вклучија: амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри,
професорот Марко Пешетели, како и проректорот на УГД, проф. д-р Мишко Џидров, но
и професори и студенти од Филолошкиот факултет.

18
ЧИТАЊЕ НА СТИХОВИ ОД ДАНТЕ НА ОСУМ ЈАЗИЦИ

Катедрата за италијански јазик и книжевност, со поддршка на Амбасадата на Р. Италија


во Скопје и оваа година го одбележа Денот посветен на Данте Алегиери со читање на стиховите
на Данте на осумте јазици коишто се изучуваат на Филолошкиот факултет: англиски, германски,
италијански, македонски, руски, турски, француски и шпански. Студентите под менторство на
професорите по јазик и литература ги читаа познатите стихови од Пеколот, преземени од објавените
преводи на странските јазици:   На англиски јазик, студентката Јована Ефтимова под менторство на
проф. Марија Крстева; На италијански јазик, студентките Софија Иванова и Емилија Симеонова
под менторство на проф. Јована Караниќиќ Јосимовска; На француски јазик, студентката Марија
Коцева под менторство на проф. Светлана Јакимовска; На македонски јазик, студентката Маријана
Николова под менторство на проф. Ана Витанова-Рингачева; На руски јазик, студентот Борче
Тренчов под менторство на Костадин Голаков; На шпански јазик, студентката Зорица Исирова  под
менторство на виш лектор м- р Марија Тодорова; На германски јазик, студентката Меги Димова под
менторство на проф. Даринка Маролова; На турски јазик, студентката Сандра Илиева под менторство
на проф. д-р Марија Леонтиќ. Оваа активност ја организираа доц. д-р Јована Караниќиќ Јосимовска
и проф. д-р Ева Ѓорѓиевска од Катедрата за италијански јазик и книжевност, а техничката поддршка
е овозможена од Александар Максимов.
ff.ugd.edu.mk/index.php/mk/vesti/164-citanje-stihovi

ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА


ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ

Деканката на Филолошкиот
факултет во Штип, проф. д-р Драгана
Кузмановска, продеканката, доц. д-р
Весна Коцева и доц. д-р Јована Караникиќ
Јосимовска, раководител на Катедрата
за романски јазици и книжевности, на
23 септември одржаа работна средба со
амбасадорот на Република Италија во
Скопје, Н.Е. г. Андреа Силвестри.
На средбата се дискутираше за
активностите на професорите и студентите, за постојаната поддршка од Амбасадата на Република
Италија, за можностите за стипендирање на идните студенти кои ќе се запишат на студиската
програма по италијански јазик и книжевност, за поттикнување на иницијатива за воведување на
италијанскиот јазик во основните и средните училишта во Штип. Деканката му додели благодарница
на амбасадорот од името на ректорот на Универзитетот „Гоце Делечев“ – Штип, за несебичната
поддршка на сите активности кои ги организираат професорите и студентите од Катедрата за
романски јазици и книжевности.

19
СТУДЕНТИТЕ ОД КАТЕДРАТА ЗА ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК
И КНИЖЕВНОСТ НА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА
ИТАЛИЈАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Студентите од Катедрата за италијански јазик и книжевност, наставниците и деканката


на Филолошкиот факултет проф. д-р Драгана Кузмановска, на покана на Амбасадата на
Италија, на 13 април 2022 г., се запознаа со претседателот на Долниот дом на италијанскиот
парламент. Почитуваниот претседател, Роберто Фико, изразил желба да се сретне со
ученици и студенти кои го изучуваат италијанскиот јазик и италијанската култура. Тој
разговараше со младите италијанисти, им откри интересни занимливости од неговиот
личен и професионален живот и им упати силна мотивирачка порака.

ПАЗОЛИНИ РОМАНСИЕРОТ, ПОМЕЃУ КУЛТУРАТА И


ОПШТЕСТВЕНАТА СТВАРНОСТ

Филолошкиот факултет ја одбележа 100-годишнината


од раѓањето на големиот италијански писател и режисер
Пјер Паоло Пазолини, со предавање на тема: „Пазолини
романсиерот, помеѓу културата и општествената стварност“
од страна на проф. Алфонсо Амендола, професор по
Социологија на културни и комуникациски процеси при
Универзитетот во Салерно, Италија. Настанот се одржа на  7
март 2022.

20
КАРТОГРАФСКИ ПОГЛЕД НА МИЛТОН ВО
„ПРИВАТНО ПРАШАЊЕ“

На 31 март 2022 г. Филолошкиот факултет ја одбележа 100-годишнината од раѓањето


на големиот италијански писател Бепе Фенољо со книжевна средба за студентите
од Катедрата за италијански јазик и книжевност на тема „Картографски подвиг на
Милтон во Приватно прашање“ со предавање од страна на проф. Ана Стефановска,
доктор на науки од областа Современа италијанска книжевност (Универзитет во
Падова, Италија). Професор Ана Стефановска даде воведен осврт за книжевната
картографија како дисциплина, а потоа преку картографска анализа го претстави овој
значаен роман за италијанската книжевност на XX век.

ОБУКА ЗА УСОВРШУВАЊЕ НА ПРОФЕСОРИ ПО


ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК

Катедрата за италијански јазик и книжевност на Универзитетот „Гоце Делчев“ во


Штип со поддршка на Амбасадата на Италија во Скопје, на 17 и 18 март 2022 година,
организираше Обука за усовршување на професори по италијански јазик и литература.
Обуката ја водеше проф. Натале Фјорето, професор на Универзитетот за странци во
Перуџа, кој со години предава италијански јазик како Ј2. Обуката се фокусираше врз
две главни теми: Развивање на металингвистички знаења и вештини за оценување
на студентите-идни наставници, и употреба и изработка на материјали за настава на
далечина и настава со физичко присуство. Учесници беа универзитетски професори
по италијански јазик и литература кои предаваат на универзитетите во Република
Северна Македонија. Настанот го поздравија и директно се вклучија: амбасадорот
на Република Италија г. Андреа Силвестри и проректорот на УГД проф. д-р Мишко
Џидров.

Извор: fakulteti.mk

21
НАЈЧЕСТИ МОРФОЛОШКИ И СИНТАКСИЧКИ ГРЕШКИ ВО
АКАДЕМСКОТО ПИШУВАЊЕ
На ден 30.3.2022 г., се
одржа вебинар на тема: „Најчести
морфолошки и синтаксички грешки
во академско пишување“ организиран
од страна на доц. д-р Сашка
Јовановска и доц. д-р Натка Јанкова
Алаѓозовска, од Катедрата за англиски
јазик и книжевност. На вебинарот
беа образложени интересни детали
поврзани со академското пишување и
најчестите грешки кои студентите ги
прават при пишувањето. Во настанот,
исто така, беа вклучени студенти кои
имаа задача да прочитаат неколку есеи
и да ги пронајдат морфолошките и синтаксичките грешки во нив. По излагањето на професорите,
студентите ги споделија своите презентации со објаснувања на пронајдените грешки. Учесници во
работилницата беа студенти од прва и трета година од Катедрата за англиски јазик и книжевност:
Благој Стамболиев, Павлина Тренчовска, Анастасија Димитрова, Емилија Јованчева, Викторија
Милорадова, Катерина Димкова, Леон Цуцковски, Сања Гоцева, Цветанка Јованова, Марија Ѓошева,
Лила Кушевска, Лора Величкова и Горица Черкезова.

„ИНТЕРКУЛТУРНАТА КОМПЕТЕНЦИЈА – НЕОПХОДНА


КОМПОНЕНТА ПРИ ИЗУЧУВАЊЕТО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ“
Доц. д-р Натка Јанкова Алаѓозовска, професор на Катедрата за англиски јазик и
книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одржа
онлајн работилница на тема „Интеркултурната компетенција - неопходна компонента при
изучувањето странски јазици“. Работилницата беше спроведена преку платформата Mi-
crosoft Teams, а во неа учествуваа околу 30 студенти. Тие имаа можност да научат нешто
ново од областа на интеркултурната комуникација, односно да ги продлабочат своите
знаења во врска со комуникацијата меѓу различните
култури. Работилницата беше интерактивна и преку
одредени активности студентите беа запознати со
основните термини култура, комуникација, стереотипи
и стратегии, со цел да се стекнат со повисока
интеркултурна компетенција. Целта на ова предавање,
освен запознавањето со основните термини поврзани
со темата, беше и истражувањето преку кое ќе се
измери интеркултурната компетенција на студените
од различните катедри во моментот на спроведување
на работилницата. Добиениот резултат би послужил
како поттик за понатамошни активности во насока на
подобрување на оваа компетенција кај студентите.

22
КНИЖЕВНИОТ ПРЕВОД КАКО ВАША ИДНА ПРОФЕСИЈА
Како функционира спрегата
писател-преведувач-издавач? Како да ја
пронајдам својата идна професија? Како
може да се заработува од книжевност?
Како се стигнува до ангажман како
книжевен преведувач? Сите овие
прашања беа одговорени на Вебинарот
на тема: „Книжевниот превод како моја
идна професија“. Пред повеќе од 70
учесника на Вебинарот, одговорот го даде
проф. д-р Игор Станојоски, од Катедрата
за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“.
Вебинарот го отвори, поздравувајќи ги учесниците, проректорот за настава, проф. д-р Мишко
Џидров. На Вебинарот учество зедоа професорите и студентите од катедрите за: англиски јазик,
германски јазик, катедрата за романски јазици и групата за турски јазик, кои во изминативе
неколку недели организираа работилници за книжевен превод, а резултатите и заклучоците
од работилниците беа презентирани во вториот дел од Вебинарот. Во редот на учесниците
се вбројуваат и: деканката на Филолошкиот факултет при УГД-Штип, проф. д-р Драгана
Кузмановска, продеканката, проф. д-р Весна Коцева, студенти и професори од сите катедри од
Филолошки - Штип, како и заинтересирани средношколци со своите ментори. Вебинарот се
реализираше во рамки на одбележувањето на 30 септември, Денот на литературните преведувачи,
а во организација на Филолошки факултет при УГД-Штип.

ОДРЖАН ВЕБИНАР НА ТЕМА: ЗБОРООБРАЗУВАЧКИ


МОДЕЛИ. ГЕРМАНСКО-МАКЕДОНСКИ ПАРАЛЕЛИ
На 22.3.2022 се одржa вебинар на тема:   „Зборообразувачки модели: германско-македонски
паралели“ во организација на катедрите за Германски јазик и книжевност и Македонски јазик и
книжевност. Вебинарот го водеа проф. д-р Даринка Маролова и проф. д-р Игор Станојоски, а студентите
ги презентираа резултатите од работилниците како дел од овој настан.  На настанот присуствуваа стотина
студенти, како и професори од Филолошкиот факултет, а обраќање кон студентите и кон професорите
имаше деканката проф. д-р Драгана Кузмановска. Презентацијата беше поткрепена со примери од
германската новела „Смрт во Венеција“ од Томас Ман, како и од нејзиниот превод на македонски јазик,
а на крај се разви дискусија, пред сè околу некои терминолошки прашања. 

ВЕБИНАР ЗА ДЕЛОТО НА МАРК ТВЕН И ОСКАР ВАЈЛД


30 ноември 2021 г. во организација на Филолошкиот факултет во Штип, на Мајкрософт Тимс
се одржа вебинар на тема:  „Twain and Wilde, parallel but diverse“. На овој датум 1835 г. е роден
Марк Твен, а во 1900 г. Оскар Вајлд умира. По тој повод вебинарот ги проследи животот и делата
на двајцата автори, истакнувајќи го нивниот огромен придонес за англо-американската и светска
култура и литература. Од една страна, виш лектор д-р Марија Крстева го претстави Марк Твен како
татко на американската литература и автор на Големиот американски роман, неговиот неверојатен и
неспоредлив животен пат пресликан преку неговите дела како своевидна енциклопедија за Америка.
Истовремено, тој е и врвен мајстор на хуморот и сатирата, толку потребна како лек за секое општество.
Од друга страна, доц. д-р Наталија Поп Зариева говореше за ликот, делата и уметничкиот придонес
на Оскар Вајлд. Беше истакната неговата улога во формирањето на теоријата за естетика и уметност
преку неговото ремек дело: ,,Сликата на Доријан Греј’’. На крајот на вебинарот, студентите имаа
можност практично да се запознаат и да ги анализираат безвременски цитати и размисли од двајцата
автори.

23
СТУДЕНТИ И ПРОФЕСОРИ ОД МАКЕДОНИСТИКА – УЧЕСНИЦИ НА
ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА: „ДЕФИЦИТАРНИ СТУДИИ ВО ДРЖАВАТА“
„Дефицитарни студии во државата“ е темата на форум-настанот на кој зедоа
учество студенти и професори од Катедрата за македонски јазик и книжевност
од Филолошкиот факултет при УГД-Штип. Доц. д-р Ана Витанова-Рингачева
зборуваше за општата состојба со дефицитот на кадри за наставничките професии
и начините за финансиско и практично стимулирање на студентите на Катедрата
за македонски јазик и книжевност во Штип, додека, пак, насл. доц. д-р Милена
Ристова-Михајловска зборуваше за промотивните активности што ги спроведува
Факултетот за запишување на нови студенти, а сподели и примери за стипендирање
од земјите во регионот. Мобилизаторката на заедницата и организаторка на настанот,
Рената Пенчова, сподели статистички информации за дефицитарните студии од
нејзиниот досегашен мониторинг. Дефицитарните студии, стипендирањата и
предизвиците и можностите со кои се соочуваат македонските студенти денес - беа
дел од темите на кои дискутираа и останатите студенти на Форум-настанот. На
настанот присуствуваа претставници од граѓанскиот сектор, студенти и професори
од Филолошкиот факултет,
како и студенти и професори
од Технолошко-техничкиот при
УГД-Штип. Целта на овој проект
е да се направи мониторинг на
програмите што се наменети
за целната група - студенти, а
радува и фактот што ваквите
иницијативи произлегуваат од
младите за младите. Форумот се
одржа на 6.10.2021 год. во Штип.

ЗБОГАТЕН ФОНДОТ НА БИБЛИОТЕКАТА НА ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ


Проф.д-р Живко Цветковски, редовен професор во пензија на Филолошкиот факултет
„Блаже Конески“ во Скопје, лингвист и голем проучувач на македонскиот јазик, ја отстапи
својата лична библиотека со вредни изданија, зборници и книги од областа на лингвистиката,
на Филолошкиот факултет во Штип. Вредните изданија ќе им послужат на студентите,
постдипломците, докторандите и секако професорите, кои сакаат да истражуваат на полето на
македонскиот јазик, но и на другите странски јазици. Со тоа нашата библиотека стана уште
побогата и поразновидна. Професорот Цветковски е член на Управниот одбор на Фондацијата за
македонски јазик „Небрегово“, која пак е во постојана комуникација и соработка со Филолошкиот
факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

24
СТИХОТВОРЦИТЕ НА ФИЛОЛОШКИ
И НИВНИТЕ ПОРАКИ

„ДИВИ ВОДИ“ НА АНА РУВИНОСКА


„За мене Филолошки факултет е преголемо
искуство. Стекнав прекрасни пријателства, ни предаваат
енергични и неуморни професори, кои се секогаш достапни
и подготвени да нѐ ислушаат нас студентите. За себе не
можам да кажам дека пишувам откако знам за себе. Почнав
да пишувам во последните години од средно образование
– некои почетнички стихови. Инспирација ми се изворите,
водите воопшто, длабочините и бескрајното небо. Секоја
песна ја доживувам како извор што тече, се влева во нешто
поголемо, во нешто бескрајно, а диво. Верувам во мојот свет,
којшто токму јас си го створив. Во тој свет јас сум врховен
владетел и судија. Тој свет ми е лојален мене и јас сум му
лојална нему”, вели нашата студентка Ана Рувиноска за
својата прва стихозбирка ,,Диви води” и за студирањето на
Македонистика во Штип.

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ИЗВОРОТ НА МОЈАТА ДУША“ ОД


СТУДЕНТОТ ВАНЕ ДЕРИВОЛОВ
На 24.3.2022 г. се одржа уште една промоција на уште еден
млад надежен автор од нашиот град, Ване Дериволов и неговата
поетска стихозбирка „Изворот на мојата душа“. Промотори
и воедно рецензенти на стихозбирката беа неговите горди
професорки д-р Милена Ристова - Михајловска од Катедрата
по македонски јазик и книжевност, Филолошки факултет при
УГД - Штип, и м-р Марија Ристова - Стојанова, професорка по
македонски јазик во основно образование. Стихови од песните
читаа студенти и членови на книжевниот центар при Академија
Еуроарт. Настанот беше збогатен со музичка точка на гитара во
изведба на ученик од ДСМУ „Сергеј Михајлов“. Промоцијата
беше збогатена и со ликовна изложба на дела на членови на
ликовната школа „Нова визија“ под менторство на младата
ликовна уметничка Анастасија Петрова.

25
„СОНЦЕТО ВО ЗБОРОТ“ ОД АНДРЕЈ ЈАНКОВ
Aндреј Јанков е млад автор, поет. Живее во
Кочани. Во 2021 година дипломира на Катедрата
за македонски јазик и книжевност при Филолошки
факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Пишува поезија, проза, есеи, хаику-поезија и статии.
Со творење почнува во адолесцентскиот период,
а подоцна континуирано расте и работи на својот
личен и кариерен развој. Работи како професор по
македонски јазик и литература. Рано станува дел од
воспитно-образовниот процес, каде што има среќа да
ја работи најблагородната и најубава професија. Автор
е на стихозбирката „Сонцето во зборот“.

ХУМАН ФИЛОЛОШКИ
„Раката подарува, подарокот стоплува“
Вредни, сплотени, хуманитарно настроени!
Студенти и професори на Филолошкиот факултет
организираа хуманитарна акција: „Раката
подарува, подарокот стоплува, 2021“. Собраните
подароци беа наменети за детското одделение
при Клиничкиот центар во Штип.

„Црвен тепих на хуманоста“


Донација од Филолошки при УГД и Македонистика
- Штип на „Црвениот тепих на хуманоста“ во организација на
„Бадникови поворки - Штип“. Нека биде ова поттик за сите други
хумани луѓе, кои со мал гест, можат да стоплат нечие срце!

26
ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
ОД МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНО-ЈАЗИЧНА
ИСТОРИЈА

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА


• Најголемиот собирач на македонски народни умотворби е Марко Цепенков. Но дали некогаш
сте се запрашале од каде потекнува прекарот ‘Цепенков’? Го наследил од неговиот дедо, кој
еден ден бил облечен во бели, искинати гаќи. Оттогаш го викале Цепенков.
• Блаже Конески бил човек кој дејствувал само по план. Никогаш не доцнел и не дозволувал
никој да го чека. Никогаш му се немало случено да задоцни со некој текст или научна средба.
• Кочо Рацин напишал неколку писма со својата сопствена крв. Писмата биле упатени кон
неговата муза – Рахилка Фирфова – Раца. И покрај сè, таа никогаш не стапила во контакт со
Рацин.
• Ако сè уште сте во дилема дали „Бели мугри“ е прва збирка на македонски јазик, време е
да дознаете. Првите отпечатени стихозбирки на македонски јазик се „Народни бигори“ и
„Огинот“ од Венко Марковски, во 1938 година.
• Никола Киров Мајски целиот свој живот го посветил на Илинденското востание. Напишал
драма „Илинден“, песна „Илинден“ и починал на 2 Август, токму на денот на Илинден.
• Првата публикувана граматика на македонски јазик е „Слогница Речовска “ од Ѓорѓи
Пулевски, во 1880 година. Освен тоа, тој е и прв поет во македонската книжевност кој
пишувал политичка поезија.
• Македонскиот писател за деца – Киро Донев, оваа година на 21 март полни 80 години. Тој е
поет, прозаист, преведувач и хуморот е негова најсилна страна. Среќен роденден писателе!

НАШИТЕ „ДАСКАЛКИ“
„Даскалот“ е една од рубриките на вебсајтот
за млади: Гоце.мк. Рубриката е иницирана од страна
на Маријана Николова, студентка на Катедрата за
македонски јазик и книжевност. Како водители во
емисијата се јавуваат Маријана, Верица Милорадова и
Милена Тасева. „Даскалот“ ги обработува темите од македонскиот јазик, правопис и
правоговор, ги препознава, посочува и објаснува најчестите грешки што се прават при
говорењето и пишувањето. Рубриката има за цел да ги едуцира младите како се говори,
пишува, чува и негува македонскиот литературен јазик.
27
ЕРАЗМУС ИСКУСТВА

ПРЕДАВАЊЕ ВО РАМКИТЕ НА ЕРАЗМУС ПЛУС РАЗМЕНА НА


НАСТАВНИЧКИ КАДАР
Студентите од Катедрата за англиски јазик
и книжевност, на 5 и 6 април 2022 година, имаа
можност да ги следат предавањата на тема „Beau
Brummell’s Dandy and the Notion of Masculinity” и
„How to be a Gentleman? – from Medieval Knight-
hood to Samuel Smile’s Self-Help Prescription“ од
проф. Анна Антонович од Универзитетот „John
Paul II Catholic“ – Љублин, Полска.
Студентите имаа можност да се запознаат
со влијанието на Бо Брамел врз перцепцијата на
мажественото во облекувањето и однесувањето во англиското општество кон крајот на 18 и почетокот
на 19 век. Професорката на интересен начин ја пренесе сликата за англискиот ‘dandy’ во културата и
однесувањето на 21 век. Студентите имаа можност да дискутираат за појавата, развојот низ историјата и
влијанието на Индустриската револуција и на науката врз идејата за „џентлмен“.
Професорката Анна Антонович беше гостин на Филолошкиот факултет во рамките на програмата
Еразмус плус размена на наставнички кадар и оствари работна средба со деканката на Филолошкиот
факултет проф. д-р Драгана Кузмановска, продеканката доц. д-р Весна Коцева, доц. д-р Наталија Поп
Зариева и м-р Крсте Илиев. На средбата беа разменети искуства и идеи за заемна соработка и посета во
рамки на програмата „Еразмус плус“.

АР НО СТ ОД ПР ОФ . АН НА АН ТОНО ВИЧ
ПИСМО НА БЛ АГОД
the supervision of my
ion to Sht ip and Go ce Delcev University and for
Thank you so much for you r inv itat , but also of your region
st ins piri ng exp erience of your university life
Erasmus+ mobility visit. I’v e h ad a mo erful people. I appreciate
ntly , of ove rwh elmingly kind, giving and che
and city as well as, and mo st imp orta an academic and a pri-
ng and hos pita lity that made me welcome as
your professionalism, passio n for tea chi faculty, which makes it
hav e cre ate d a family-like atmosphere at the
vate person. Throughout my
stay you ama once said, “when
of kno wle dge and experience. As Barack Ob
a perfect environment for the  ex cha nge ir common humanity
ano the r and sha re a common experience, then the
people come together and spe
ak to one st delicious cuisine. I
rk i n a bea utif ul pla ce of bre ath-taking landscapes and mo
is revealed.” You live and wo
and taste more.
only wish I could stay longer
re it was to share with
for you r inte res t in my lectures. What a pleasu
Dear Students, thank you so mu ch lin, Poland, on an Erasmus
tory of B riti sh cul ture . Ho pe to see you one day in Lub
you my passion for the his
exchange.

Most grateful,
Anna Antonowicz

28
УШТЕ ЕДНО ЕРАЗМУС ИСКУСТВО
Студентите од Катедрата за англиски јазик и книжевност, на 25 и на 27 октомври 2021 година,
имаа можност да ги следат предавањата на тема: „L2 Pronounciation: Attitudes, Needs and Reality“
и „L2 Pronounciation: Authentic Practice and Activities“ од доц. д-р Даница Јеротијевиќ-Тишма,
универзитетски професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Факултетот за филологија
и уметност во Крагуевац (Р Србија).
Повеќе од 30 студенти активно учествуваа во предавањата
и работилницата под менторство на доц. д-р Натка
Јанкова-Алаѓозовска. Професорката Јеротијевиќ-Тишма
беше гостин на Филолошкиот факултет во рамките на
програмата Еразмус плус размена на наставнички кадар
и оствари работна средба со деканката на Филолошкиот
факултет проф. д-р Драгана Кузмановска, продеканката
доц. д-р Весна Коцева и доц. д-р Натка Јанкова-
Алаѓозовска. На средбата беа разменети искуства и идеи
за заемна соработка и посета во рамки на програмата
„Еразмус плус“.

УСПЕШНИ ФИЛОЛОШКИ ПРИКАЗНИ

ИВАНА КАРОВА
ПР во Општина Кочани и постдипломец на
Филолошки факултет при УГД-Штип

Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и


Катедрата за македонски јазик и книжевност за мене имаат вредна и
инспиративна приказна. Љубовта кон литературата и моите почетоци
за неа потекнуваат со издавањето на моите две авторски книги во
основните и средношколските денови. Тие ми беа само темел врз кој
со помош на овој факултет се изградив во успешен професор и уште
поуспешен писател. Во моментот како предавач на странски студенти
на Институтот за јазици при Филолошкиот факултет „Гоце Делчев“,
вработена сум и во Општина Кочани како ПР – одговорно лице за односи
со јавност, што значи дека оваа катедра освен што нѐ изгради во добри
професори, нѐ прави и успешни новинари и оратори, но отвора можност и
за други професии. Приказната со мојот Филолошки не заврши со моето
дипломирање, бидејќи во моментот сум постдипломец на Втор циклус
студии на студиската програма за Македонска филологија. Тоа е доказ
дека вредните и успешни приказни кои се испишуваат на вистинските
места, имаат само почеток, но не и крај!

29
ЦВЕТАНКА СТОИЛОВА
Судски преведувач

Одличниот и посветен наставен кадар на Филолошкиот факултет при


Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип беше од огромно значење за мојот
развој низ текот на целото академско студирање, како и темел за мојата
професионална кариера. По дипломирањето на Катедрата за италијански
јазик и книжевност, започнав да работам како хонорарен преведувач
и денес соработувам со повеќе компании и меѓународни агенции за
превод. Преведувањето е исклучително интересна и креативна работа
преку која успеав да навлезам во широк спектар на области: од превод
на технички прирачници, правни документи и софтверски програми до
превод на маркетиншки текстови и објави. Меѓу другото, задолжена сум
за превод и ревизија на веб-страници и апликации на светски познати
модни брендови. Благодарение на стекнатото знаење и вештини на
Катедрата за италијански јазик и книжевност, успеав да станам и судски
преведувач за италијански јазик, што даде уште поголем придонес кон
мојот професионален раст.

АДЕМ ЧИНДАРОВСКИ
Дипломиран професор по турски јазик и книжевност

Заради љубовта кон турската литература и јазик, започна


и мојата приказна на Филолошкиот факултет при Универзитетот
„Гоце Делчев“ – Штип на Катедрата за турски јазик и книжевност.
Како редовен студент се стекнав со титула дипломиран професор по
турски јазик и книжевност, а со вештините и стекнатото знаење се
изградив во успешен професор. До пред две години, како предавач,
давав приватни часови по македонски и турски јазик на странски
и домашни студенти, што значи дека оваа катедра не само што нѐ
гради во успешни професори и преведувачи, туку ни отвора простор
и за други професии. Моментално, со дигиталното учење немам
активности, но желбата за надградување и стекнување поголемо
знаење ќе ја исполнам со запишување на постдипломските студии
на Катедрата за турски јазик и книжевност.

30
СТУДЕНТСКО КНИЖЕВНО ПЕРО
ПРОЛЕТНА КОПНЕЖ ВРЕМЕ НА НЕВИНОСТ
Tебе ти се обраќам, новородена убавино, Невиност... Тоа волшебно зборче,
барам што побрзо животот да се јави, во насмевката на едно мало дете,
кој стрпливо чекал со месеци да никне, кога една мајка за прв пат ќе си го земе бебето в раце,
за да ги вкуси и запознае новите времиња, во немирната љубов на една жена.
па да пронајде начин како да им свикне. На еден лист од дрвјата,
Великодушна е твојата природа, на чистото небо,
зашто знаеш дека долго време беше сè така празно, на што туку расцветаното цветче на земјата
твоите цветни дарови ги чуваш за пустите души, ја гледаме невиноста.
на кои мудрата зима им дала срце мразно. Невиност,
Пробиј младо зеленилце, размислувајќи на најчистата форма на земјата,
зар не гледаш каков е овој глад? водата, воздухот, детето, жената,
Срцето скоравено жедно го очекува пролетниот час, од тука започнува времето на невиност,
инаку повторно ќе го обземе безмилосен јад. каде што преовладува белото,
А при самиот мирис твој, со тонови на небото и земјата,
срцето гласно ја признава радоста што се раѓа, за да се одрази шумата
затоа, исполни нè нас невоздржаните, како дел од невиноста на природата.
гледајќи како студенилото под нозе нѝ паѓа.

Мила Николова, Бојана Здравева,


прва година, Катедра за македонски јазик и трета година, Катедра за македонски јазик и
книжевност книжевност

ДОДЕКА ГЛАГОЛЕШЕ – ТОЈ БАКНУВАШЕ MAVİ GÖZLERİN


Додека глаголаше - тој бакнуваше.
Nekadar güzel gözlerin var,
Зборовите не му беа поделени на слогови,
ами на бакнежи. Mavi!
А, бакнежите пак, му беа зборови. Deniz gibi!
Sen biliyrorsun, denizi çok sevdiğimi.
Па, го молев да зборува.
O mavi gözlerinde ben boğudum, yok oldum!
Го молев, да ме просветува.
Sen biliyorsun, seni çok sevdiğimi.
Клекнувајќи на колена, O mavi gözlerin için herşey vereceğim.
да ми зборува на рацете.
Бакнувајќи со усните,
да ми ги бистри мислите.
Јована Митровска,
прва година, Турски јазик и книжевност
Па, го молев да бакнува.
Го молев, го преколнував.

Валерија Петреска,
втора година, Катедра за македонски јазик и
книжевност

31
НА ДРУГАРКА МИ

На Сашка, која веќе 30 години


чекори по небесните широчини

Сеќавањето на тебе, Коста Солев – Рацин


ми создава бура во душата,
која го бранува морето во очите,
крева силни бранови, Стих по стих, нишка по нишка,
кои високо се издигнуваат напишана е една мала книшка,
и низ нив се излеваат и протекуваат. мала по обем, но со болка тешка,
За момент,
на трепките застануваат опеана е маката без ниедна грешка.
и низ лицето ми се спуштаат и лизнуваат.
Но, додека да капнат на земјата, Денови ли се - денови
во аглите на устата се задржуваат.
аргатски маки големи!
И неа - неминовно,
во измамена насмевка
ја развлекуваат. „Денови“, „Печал“, „Селска мака“,
... Онака, како што
поезија што секој ја сака,
од мермерниот паметник,
се насмевнува тешката болка опеана во песни,
еден вечно младешки благ лик, аргати и печалбари со судбини тесни.
со коса на самовила и
мекост во очите - срнена.
Не’ гледаш ли од небесните височини, На кантар студен со туч го мерат,
или пак, се длабочини? а можат ли да го измерат?
- Се прашувам...
Се насмевнуваш ли на нашите
тривијални, секојдневни, ситночовечки „Тутуноберачите“ и „Ленка“,
грижи и глупости? на тешкиот живот вечна сенка,
На нашите радости? песни полни со жолта пот,
- Се надевам..
живот живеан како скот.
И знам, дека...
На крајот од секоја година,
во времето на твоето заминување Се к`ти ноќта црна,
сеприсутна си ми во мислите.
се рути карпа - мрак!
Потсетувајќи ме,
да не заборавиме да те посетиме и
носејќи ти цвеќиња, „Копачите“ - симбол на новиот век,
за годината што измина, повик за работа со силен ек.
ти раскажеме.
А можеби таму кај што си ти,
таа е само момент,
краток како молскавичен блесок. На работа!
И по толку многу години,
нема потреба од потсетување... На труд!
Затоа што,
заклучена си и живееш
во нашите срца, а оттаму Александра Стоилкова,
нема излегување!
... На една птица прерано одлетана четврта година, Катедра за македонски јазик и
кон сините височини... книжевност

Анета Оџакова,
прва година, Катедра за македонски јазик и
книжевност

32
ЈАЗИКОТ – НАША ТАТКОВИНА
НА ПРЛИЧЕВ
Јазикот е наша татковина,
јазикот е наша имовина.
Додека во водите езерски,
Аманет оставен за чување,
лебедите се преслекуваа,
вечен воздух за вдишување.
јас ти дојдов на гроб, Прличев.
Да го негуваме и вардиме,
на нашите поколенија да им го оставиме!
Ми капна солза крвава Никогаш да не го запоставиме,
на плочата твоја за по многу векови, уште да го славиме!

та се соединавме и една душа станавме. Додека го имаме јазикот,


ја имаме и нашата татковина!

Така ти ја почувствував недореченоста Јазикот - наша татковина,


јазикот - наша имовина.
и очите насолзени, а суви.
Ване Дериволов,
втора година, Катедра за македонски јазик и
Во очите твои ги видов сите птици книжевност

што во 1893 лето не заминаа на југ.

Ја видов твојата живост,


НА СВ. КЛИМЕНТ
но и твојата немоќ.
О, преблажен Клименте,
Ти, со својата Божја премудрост
Во рацете збрчкани нам ни’ дари блага вера и духовна храна.
ја криеше секоја буква недопишана. Твојот духовен подвиг и сладосно учење,
ни’ овозможи неизмерна сила,
да собираме благомирисни цветови
За момент живеевме во исто време, од бескрајно расцутената градина.
Се сокривме под твојата пречесна сенка,
но мораше да се вратиме и одделиме. каде ние, Христовите наследници
ги откинавме најубавите плодови
од твојата многусладосна лоза.
Твојата душа ги рашири крилјата и одлета во Радувај се, наш, блескав ангелу,
вечноста,
Ти, си извор кој вечно врие и дава искушение,
а јас се спуштив во сегашноста. Ти, си цврст темелник на нашата татковина.
Денес, ние, тебе Ти се поклонуваме,
Те славиме и почитуваме,
Ана Рувиноска, до небото те воздигнуваме
четврта година, Македонски јазик и и неизмерно Ти веруваме.
книжевност
Зорица Иванова,
прва година, Катедра за македонски јазик и
книжевност

33
ИНТЕРВЈУ
Проф. д-р Луси Караниколова - Чочоровска,
професор на Катедрата за македонски јазик
и книжевност на Филолошкиот факултет
при УГД-Штип

1. Со оглед на тоа дека сте повеќегодишен професор по


јужнословенски книжевности, дали имате миленик/миленичка
меѓу нив?
-Кога на една мајка би ѝ поставиле прашање, кое од своите четири деца
најмногу го сака, одговорот би бил – сите, подеднакво, безрезервно,
искрено... Така и јас размислувам за моите предмети. Српската
книжевност ја сакам затоа што може да се предава, да речам интегрално. Србите имаат одлични истории на
литературата, така што мноштвото книжевни процеси и школи се писмено засведоченни и сукцесивно се поврзуваат
и надоврзуваат едни на други. Хрватската книжевност ја сакам затоа што има автентичен почеток (мислам на
хрватската литература со национален предзнак, онаа од почетокот на 19. век) и развиток, аналоген на европската.
Словенечката, без разлика што јазикот претставува извесна бариера, ми е омилена заради „поинаквоста“ во својот
подем од другите јужнословенски литератури, што бездруго се должи на фактот што Словенците не биле под власт
на Османлиите, туку опстојувале во рамките на Австро-Унгарската Империја. Бугарската книжевност, исто така
многу ја сакам заради силните личности на писателите кои уште од крајот на 18. век го негуваат своето национално
чувство. Или, барем како такви се претставени во нивните литературни истории и критеристиката. Во рамките на
секоја од овие литератури, се разбира дека имам омилени писатели и поети и дека некои се за мене поинспиративни
за предавање од други. Во таа смисла, од српската книжевност од 19. век, би го издвоила еден Лаза Костиќ, заради
неговата богата животна и творечка биографија, но и заради колосалната естетика на неговата „Santa Maria Della
Salute“. Но и Петар Петровиќ Његош, за кого сум посветила десетина мои научни трудови и одлично го познавам.
Од хрватската литература најинспиративни ми се поетите Станко Враз и Петар Прерадовиќ. Од словенечката го
издвојувам кружокот на Жига Цојс и Иван Цанкар, а од бугарската, младиот поет Христо Ботев и Иван Вазов, како
солиден раскажувач. Се разбира, ова се однесува на писателите од јужнословенските литератури од периодот на
просветителството, па до Модерната, а не и на современите јужнословенски книжевности.
Ако морам прецизно да одговорам на вашето прашање која ми е најомилена јужнословенска книжевност, тогаш тоа
би била хрватската. Затоа што оваа книжевност како студент ја слушав кај професорот и мој ментор, сега покоен,
Атанас Вангелов и затоа што бев секогаш силно заинтересирана за неговите предавања и коментари, кои ги имав
сочувано како белешки, така што сега и јас ги користам со моите студенти.

2. Како го одржувате балансот во 3. Од каде потекнува љубовта кон Вашата


секојдневието помеѓу работата, семејството и професија?
другите обврски? -Од мајка ми Марија. Таа е професор по македонски јазик
-Тоа го правам одлично и речиси никогаш не сум во пензија и јас од дете сум имала можност да влезам со неа
била во ситуација нешто да не завршам, не дај Боже, на час, да ги прелистувам писмените работи на учениците
да задоцнам или пак да ми „излезе од контрола“. што ги носеше дома да ги прегледува, го имитирав
Знаете, јас сум многу темпераментна личност и нејзиниот потпис под оценките. Но, и наклонетоста кон
обврските, и професионални, и лични, и семејни, литературата, која наставниците ја препознаа кај мене
ги завршувам брзо и ќе звучи можеби нескромно во вишите одделенија од основното училиште. Освен
– ефикасно. Таков ми е наравот. Понекогаш (а тоа тоа, имав привилегиja, прв професор по мајчин јазик и
честопати се случува) сум напорна за околината, литература во средното училиште во Гевгелија да ми биде,
така што сопругот и ќерката знаат да ми речат дека одамна покојниот професор, поет и познат гевгелиски
„им се свртува во глава“ од мене. Но, тоа тешко дека интелектуалец Илија Карајанов, со кој постојано бев во
ќе можам да го променам. Нели, „волкот влакното го контакт и за времето на моето студирање на Катедрата
менува, но наравот-никогаш“! :) по македонска и јужнословенски книжевности на
Филолошкиот факултет во Скопје и во периодот кога ги
работев магистерската теза и докторската дисертација.

34
4. Која е Вашата најголема мотивација и 6. Кој лик од светот на книжевноста сметате дека
инспирација за ова што сте денес? е карактерно сличен на Вас?
-Би го коригирала вашето прашање и би го поставила -Многу интилигентно прашање. И луцидно. Можеби
со глагол во минато време. Која била мојата најголема нема да успеам да ви дадам конкретен одговор. Затоа
мотивација и инспирација за мене? Ќе се потрудам што е тешко. Честопати велам дека мој омилен лик од
да одговорам искрено и конкретно: татко ми. Мојот светската книжевност е Ахил. Заради многу нешта, но
татко Глигор беше човек кој и мене и моите сестри најмногу заради фактот што и митот за Троја и Хомер
нè мотивираше и ни ги подгреваше амбициите и го претставуваат како полубог. Ахил е конфликтна и
афинитетите што ги препознаваше кај нас. Од мене, контрадикторна природа заради судирот на боговското и
бездруго, очекуваше да станам универзитетски човечкото во себе: оти, сите ние сме некогаш бескрајно
професор. Тоа го правеше толку дискретно, а имаше моќни, како богови (или барем така се чувствуваме), а
неверојатен ефект. Имено, јас направив пауза од осум другпат сме бескрајно ранливи и немоќни. Потоа, многу
години меѓу моето магистрирање и докторирање, а тој ми е близок ликот на Толстоевата Ана Каренина, заради
ме поттикна да се вратам на научната работа со една опширно и моќно опишаната женскост на оваа хероина,
единствена реченица, на една наша ноќна прошетка по со која, верувам, нема жена која не би се идентификувала.
скопска „Партизанска“. И, би сакала да ви предочам Многу ја сакам и Доста Рожденката од нашата, македонска
дека јас за себе, ниту сега, кога чекорите во научниот литература. Посакувам таа нејзина мудрост да ја имав во
пат ги изодив до крај, ниту порано, не сум сметала моите помлади години. Ги сакам сите романи и раскази
дека треба да градам кариера. Не сум кариерист. Сѐ и поетски збирки, на свој начин и во секој еден можеби
што правев и правам, значи подготвувам предавања ќе се најде негоја црта, некаков белег што ме потсетува
редовно (не ми се случило да се потпрам на она што на себе или пак јас „наликувам“ на него... Бидејќи првпат
сум го кажала пред студентите минатата година, помислувам на можноста да „заличам“ на некој лик
без да му се навратам, најмалку една седмица пред од светската книжевност, тоа веројатно, потенцирам,
предавањата), подготвувам научни и стручни трудови веројатно би била Лиза од Пушкиновиот расказ:
( е, тоа го правам бавно, без брзање и „трошам“ „Госпоѓица – селанка“.
многу време) го правам затоа што моето внатрешно
суштество ми го диктира тоа. Никогаш не замислувам 7. Што за Вас значи работата со студенти и колку
дека правам нешто којзнае колку големо или важно. тоа Ве исполнува?
Но, за мене е големо и е едно скалило погоре од она -Работата со студенти за мене значи најмалку половина
што претходно сум го правела. И така секој ден, во живот. Секако дека многу ме исполнува и не само тоа,
сите сфери на мојата живеачка: по малку, за мене, за туку и ме прави среќна. Многу среќна. Незаменливо
семејството, за блиските. И ако е тоа некаков успех, е чувството на возбуда и латентна трема пред секое
тогаш тој не е само мој. Тој е на сите со мене и околу предавање и она „олеснување“ и радост кога предавањето
мене, моите најблиски, моите поранешни ученици ќе заврши успешно, односно според предвидениот план.
од скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“, Енергијата што се разменува со млади луѓе кои во вас
моите поранешни студенти од Европскиот универзитет гледаат авторитет е бескрајно моќна и, како што честопати
и моите студенти од штипскиот Филолошки факултет. знам да речам – доволна за живот. И ништо друго да не
Ова не е скромност, туку реалност. правите во животот освен да сте професор по литература е
доволно за среќа и исполнет живот. Јас сум им благодарна
5. Да можете да се вратите назад, дали повторно на сите мои поранешни ученици и студенти и сегашни
би избрале да бидете професор и дали како студенти за задоволството и радоста што ми ја пружаат.
малечка одговорот на прашањето: „Што сакаш
да бидеш кога ќе пораснеш?“ беше – професор? 8. Која е првата мисла што Ви паѓа на ум кога ќе
- Одговорот е бездруго потврден. Не ни можам да се разбудите наутро?
замислам да бидам нешто друго, освен професор и - Дали дише Ана? И побрзо да ѝ се доближам да ѝ го
пред сѐ и над сѐ, се разбира, мајка на Ана! Кога бев почувствувам здивот...
дете, со другарчињата од мојата улица најчесто игравме
„учителки“, „докторки“ и „продавачки“. Но, дома, со
моите сестри, јас, како најстара, бев „учителката“, а
тие две – „ученички“. И, да, кога ќе ме запарашаа што
сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?, велев, „учителка,
како мајка ми“, исто како што и ќерка ми Ана, на истото
прашање, одговора дека ќе биде, едноставно, „мама“...

35
9. Кој е идеалниот начин да се опуштите по напорен ден?
- Веројатно очекуваниот одговор би бил читање добра книга, гледање телевизија и нешто слично. Не, кај мене
не е така. Јас читам многу, но читам, како што секогаш велам – „професионално деформирано“. Низ процесот
на образовното надградување некако навикнав да не „уживам“ во читањето, туку секогаш да сум во „потрага
по нешто“. Таа потрага е некаков провокативен елемент од книгата (поезија или проза), за што ќе можам да
зборувам пред студенти или да се изјаснам во некој научен или стручен труд. И, малку ми е жал за „отсуството
на уживање“, но сум помирена со фактот дека – тоа е моја судбина, мој крст, на мојот грб! Инаку заради мојот
темперамент знам да одморам во кратки интервали, повеќепати во денот со молчење, со играње со ќерка ми
или едноставно со чаша сок или овошје. Ете така, сакам да молчам. Понекогаш...

10. Што ќе ѝ порачате на 15 - годишната Луси, од денешен аспект, и каква мислите дека ќе биде
Луси на 65 години?
- На онаа првата, малата, помладата, би ѝ дала совет да се омажи порано, помалку да учи, а повеќе да шета. (Се
потсетив на денот кога ја одбранив магистерската теза и кога мајка ми му пристапи на професорот Вангелов
со зборовите – јас од денеска ѝ забранувам на ќерка ми да „фати“ книга во раце!)
Повозрасната Луси, ако ја служи здравјето, сѐ уште би била професор (оти Законот за работни односи и Законот
за високо образование допуштаат можност универзитетскиот професор да работи до својата 67. година ) и,
можеби нема оваа Луси да учествува на конференции, но секако, ако е здрава и жива, ќе прочита сѐ што сакала
да прочита, а немала време и ќе пишува за оние нешта од литературата што тогаш за неа ќе претставуваат
афинитет. И секако, би сакала таа возрасна Луси, заедно со сопругот Сашо, да ги чуваат внуците од својата
ќерка...

СЕЌАВАЊЕ НА ПРВАТА ДЕКАНКА НА ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ,


ПРОФ. Д-Р ВИОЛЕТА ДИМОВА
(1955-2021)

Ни беше како матица или (како што и самата знаеше да рече) како ,,квачка” што во своја
закрила сите соработници и солидни студенти ги прибра, та во својот тим ги зеде, ги насочуваше,
ги чуваше.
Прва деканка на Филолошки во Штип, проактивен креатор на Катедрата за македонски
јазик и книжевност на УГД. Неуморен работник, професионалец, инспиративен говорник,
едукатор, професор и голем поддржувач.
Секогаш ни бевте и ќе ни бидете светла сенка и инспирација како да работиме, како да
ја продлабочуваме врската меѓу ,,реципиентот и литературното дело”, како да ја подобруваме
,,емоционалната интелигенција”. Зрачевте до последен здив.
Нè научи како да зачуваме сè што таа ни остави, како да го надградиме сето тоа што со
својата визија и труд го создаде. Ветуваме, нема да Ве изневериме!
Ја сакавме како своја, нè чуваше како нејзини!
Многу ќе ни недостасувате!
Непребол.
Спомени.
Вечност.
Филолошки секогаш ќе Ве памети!
Ние ќе Ве чуваме од заборав!

Деканката, професорите
и вработените на Филолошкиот факултет
36
КРСТОЗБОР
ЗА КНИЖЕВНИЦИ И ЈАЗИЧАРИ

4. 6. 10.

1. Прво светско дело настанато пред Хомеровите епови и пред Стариот Завет;
2. Најмал дел од зборот;
3. Сврзник на разделните реченици;
4. Шпански сликар, прикажан на фотографијата;
5. Приказна од свето потекло;
6. Светски драматург и писател прикажан на фотографијата;
7. Место каде што се изведува драмската уметност;
8. Обемна епска творба во проза;
9. Антоним на зборот – јаве;
10. Основоположник на македонската современа литература, прикажан на фотографијата;
11. Спротивен сврзник;
12. Наука за јазикот;
13. Музички инструмент;
14. Најголемото епско дело во стихови;
15. Лична заменка во прво лице, еднина;

Подготвила:
Милена Тасева
37
Наши идни студенти!
Младоста е вашиот најсилен аргумент, а знаењето – ваша
најмоќна алатка за да го промените светот!

Ве очекуваме да ни се придружите на Филолошки факултет


во Штип:
Македонски јазик и книжевност
Германски јазик и книжевност
Англиски јазик и книжевност
Италијански јазик и книжевност
Турски јазик и книжевност

Во Струмица:
Англиски јазик и книжевност
Италијански јазик и книжевност.

ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ НА:
www.ugd.edu.mk
Facebook: Филолошки факултет, УГД – Штип
Инстаграм: ff_ugd_

38
www.ff.ugd.edu.mk
www.ff.ugd.edu.mk

You might also like