You are on page 1of 13

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПО

МУЗИЧКО
ОБРАЗОВАНИЕ
Изработила-Ангела Дедејска
9то одделение
Димитрије Бужаровски
 Димитрије Бужаровски (р. 8 август 1952 г. во Скопје) — истакнат македонски 
композитор, музиколог и професор.
 Тој е многустрана личност со интереси во различни полиња: композиција,
музикологија, компјутерска и електронска музика, интерпретација (пијано,
синтесајзери, диригирање), образование, менаџмент и научно-истражувачка
работа. [1][2]
 Неговото композиторско творештво содржи дела од крупен формат:
симфонии, ораториуми, опери, балети, сонати, суити, вокални циклуси,
камерна музика, музика за соло инструменти.[3] Има напишано музика за над
60 филмови, телевизиски и театерски проекти. Неговите композиции се
изведувани и емитувани во САД, Русија, Франција, Велика Британија,
Германија, Холандија, Шпанија, Грција, Бугарија, Србија, Полска.
 Бужаровски е активен и како пијанист, изведувач на синтесајзери и диригент.
Има остварено рецитали со негови дела за пијано и синтесајзери низ Европа
(Велика Британија, Русија, Холандија) и САД.[4] Како диригент ги поставува
своите дела - оперите Шеќерната приказна и Деспина и мистер Докс,
ораториумот Радомировиот псалтир, Нонет концертот, кантатата Т'га за југ итн.
 Музиколошката и научно-истражувачката дејност на Димитрије
Бужаровски покрива голем број области: филозофија и естетика на
музиката, социологија и менаџмент, дигитално процесирање и
архивирање на звукот. Има издадено и едитирано голем број есеи,
публицистички текстови, рецензии и книги, меѓу кои: Историја на
естетиката на музиката, Увод во анализата на музичкото дело, Од
природни до компјутерски звуци, Основи на дигиталното архивирање на
звукот, Музикономија, Сонологија, Социологија на музиката итн.
 Димитрије Бужаровски е учесник во бројни меѓународни проекти,
бил координатор на ТЕМПУС-ови проекти, проект на
швајцарската научна програма SCOPES, проект на Стејт
департментот на САД за усовршување на програмите по
менаџмент во Република Македонија, координатор на програмата
Студии во странство на Државниот универзитет во Аризона.
Петар Илич Чајковски
 Петар Илич Чајковски (руски: Пётр Ильич Чайкoвский; 
7 мај 1840 (25 април стар стил) – Петроград, 6 ноември 
1893 (25 октомври стар стил)) — еден од најголемите 
руски композитори и симфоничари, кој со своите дела
ја одбележа ерата на доцниот романтизам како еден од
најсестраните и најплодните.
 Значаен придонес дал во развојот на рускиот балет.
 Негови најпознати дела се оперите „Евгениј Онегин“ и
„Пикова дама“, а неговуите три балети:
„Оревокршачка“, „Лебедово езеро“ и „Заспаната
убавица“ се едни од најизведуваните балети на сите
времиња. Познато негово дело е и циклусот „Годишните
времиња“.
 По потекло Чајковски е од угледното украинско козачко семејство Чајка. Бил втор син на
инженерот по рударство Петар Федорович Чајковски, етнички Украинец, и неговата
втора сопруга Александра Андреевна, внука на француски имигрант. Иако музичкото
насочување на семејството не било силно изразено, Чајковски на свое барање на 4
години добил часови по клавир. Првата музика која влијаела врз него дошла од еден
механички клавир што неговиот татко го донел од Санкт Петербург. Почнал да свири на
него, а семејстото било одушевено. Понекогаш тој свирел подобро од неговата учителка.
Неговите родители планирале за својот син кариера во владината служба, па Чајковски
посетувал правно училиште во Санкт Петербург од 1850 до 1859 година. По
завршувањето работел во Министерството за правосудство, а часови по клавир земал кај
пијанистот Рудолф Кундингер, кој емигрирал во Русија.
 Потоа студирал на петроградскиот Конзерваториум. Во 1862 година Чајковски влегол во
новоотворениот конзерваториум на Антон Рубинштајн во Санкт Петербург, а некој
месец подоцна се префрлил на конзерваторииумот во Москва и се преселил кај братот
на Антон Рубинштајн, Николај. Предавал хармонија и пишувал музички критики.
Материјалната независност и престојот во странство му ги овозможила неговата
меценатка Надежда фон Мек, а нивното допишување било важен извор на податоци за
творечката работа и естетските погледи на Чајковски. Настапувал и како диригент на
сопствените дела низ целото Руско царство, потоа низ Европа и
”Лебедово езеро”
Лебедово езеро е балет за кој музиката ја напишал Петар Илич
Чајковски помеѓу 1875 и 1876 година.
ајковкси ја напишал музиката за балетот по нарачка од 
Бољшој театар за хонорар од 800 рубљи, по либретото што го
напишале заедно со Владимир Бегичев, тогашен директор на
московскиот царски театар и балетанот Василиј Гелтзнер,
засновано врз германската бајка „Украдениот вел“. Таа бајка прв
ја објавил Јохан Карл Август Мусаус. Инаку, слична бајка постои
и во Русија („Белата патка“), која дури и по дејството е многу
блиска, па се претпоставува дека авторите направиле смеса од
дејството на руската и ликовите на германската бајка. 
Кореографијата за премиерата ја направил Вацлав Реисигер,
тогашен балет-мајстор на Бољшој театар. Премиерата не
поминала со голем успех, но сепак балетот се задржал на
репертоарот на театарот до 1883 со вкупно 41 изведба.
  смртта на Чајковски, балетот бил поставен во 
Санкт Петербург, во Маринскиот театар, во 1895 година. За
таа изведба, кореографијата ја направиле Мариус Петипа (1
и 3 чин) и Лев Иванов (2 и 4 чин), со некои корекции на
либретото што ги направил братот на композиторот 
Модест Чајковски, како и корекции на оригиналната 
партитура (кратења) што ги направил диригентот на
театарот Рикардо Дриго. Таа изведба станала многу
попопуларна, па затоа до денес повеќето изведби на
„Лебедово езеро“ се засновани на неа.
 Останатите познати изведби на Лебедово езеро се
изведувале во 1880 и 1882 година. После тоа 1901 повторно
во Бољшои театар, како и во Лондон во 1911 во изведба на
„Балетс Русес“ на Сергеј Џагиљев.
Ликови
 Кралица
 Принц Сиегфриед (нејзиниот син)
 Бено (пријател на принцот)
 Волфганг (учител на принцот)
 Одете (кралица на лебедите)
 Вон Ротхбарт (лошиот волшебник кој ја
претвори Одете во лебед)
 Одиле (ќерката на волшебникот)
 останати (лебеди, дворјани, пријатели на
принцот)
Содржина на делото
“Лебедово езеро’’
 Прв чин[уреди | уреди извор]
 Вовед: Младиот Зигфрид е задлабочен во своите фантазии за замислената девојка во бело при
што тој заспива. Тогаш се појавува чуден човек - волшебникот на злото Ротбарт. Тој дознава за
мечтаењето на Зигфрид и решава да докаже дека љубовта е само измислица на поетите и
уметниците.[2]

Прва сцена - Парк на замокот: Слугите на кралството танцуваат на полјанката и го забележуваат


принцот кој спие во куќичката. Тие се изненадени, зашто тој е облечен во чудна облека.
Зигфрид се буди, зачуден, зашто сè околу него му изгледа непознато, а сите му се поклонуваат.
Се појавува Наставникот и го прашува момчето од каде му е таа чудна облека. Сите се
возбудени зашто треба да пристигне неговата мајка - Големата кралица. Всушност, присутните
го заменуваат момчето со наследникот на престолот, принцот Зигфрид. Момчето е
воодушевено и сето тоа внимание му изгледа привлечно. Тој првпат ја гледа кралицата, а таа
нежно го бакнува и му го подарува семејниот медалјон. Продолжува празникот во чест на
полнолетството на принцот Зигфрид. Веќе се испратени поканите до далечните кралства и
принцезите се на пат. Утредента треба да биде избрана една од нив, која ќе му стане жена на
принцот. Постепено се стемнува, а принцот заминува на лов, на езерото.[3]

Втора сцена - Езеро: Злобниот Ротбар е задоволен, зашто се остварува неговиот план. Тој ги
претвора девојките во бели лебеди меѓу кои се наоѓа и прекрасната Одета на која Зигфрид
треба да ѝ ја вети својата љубов. Тие се среќаваат на брегот на езерото, а принцот е восхитен од
убавината и нежноста на девојката, убеден дека ја нашол својата љубов.[4]
 Втор чин[уреди | уреди извор]
 Лебедово езеро во Шведската кралска опера.
 Трета сцена: Дворецот: Во дворецот, сè е подготвено за свечената церемонија и се собираат гостите, а списокот
на потенцијалните невести е определен. Во чест на принцот Зигфрид танцуваат принцезите од различни
кралства. Но, тој не може да избере ниту една од нив, зашто неговото срце копнее само за Одета. Неочекувано,
слугите го најавуваат пристигнувањето на непозната принцеза. Повторно, тоа е дел од планот на Ротбар, кој
го испраќа црниот лебед, т.е. сестрата на Одета, Одилија. Таа е прекрасна и ги воодушевува сите присутни, а
Зигфрид ѝ се колне на вечна љубов. Меѓутоа, веднаш потоа, тој како да се освестува и го чувствува плачот на
Одета, а срцето го повикува да оди да ја пронајде. Во дворецот настанува паника, а само Ротбар ликува,
знаејќи дека следува најлошото за Зигфрид.[5]
 Четврта сцена - Езерото: Се крева бура и езерото е разбранувано. Одета е вознемирена, а нејзината душа
 плаче. Ротбар ја контролира ситуацијата и чека Зигфрид да се појави на предвидениот испит. Доаѓа
Зигфрид, кој ја предал својата вистинска љубов и го уништил својот идеал. Тој ја замолува Одета за прошка,
објаснувајќи дека некој друг го контролира неговото сознание. Тогаш, пред нив се појавува Ротбар и Зигфрис
сфаќа кој е тој човек. Лебедите и Одета му се покоруваат на Ротбар, а Зигфрид е немоќен да се спротивстави
на неговата црна сила. Зигфрид пука со самострелот кон Ротбар, но злото не е казнето, туку саканата девојка е
мртва. Зигфрид е очаен поради смртта на својата вистинска љубов и за него нема повеќе место на овој свет.
Истовремено, тој е решен да биде со Одета на другиот свет и затоа се фрла по неа во бездната... [6]
 Епилог: На хоризонтот се појавуваат првите сончеви зраци. Злобниот волшебник е разочаран, зашто ако
постои саможртвување, тогаш постои и љубовта. Оттука, Ротбар го запира сонот и момчето се буди,
прашувајќи се дали сето тоа било само сон. Меѓутоа, како награда, судбината му испраќа вреден подарок -
пред него се појавува девојката за која тој мечтаел целиот живот, Одета од неговиот сон. Двајцата притрчуваат
еден кон друг во прегратка, а сето тоа го набљудува Ротбар, кој сфаќа дека не може да ја уништи вистинската
љубов. Ротбар си заминува...[7]
Преработка на Лебедово езеро

 Лебедово езеро“ (Swan Lake) - песна на


британската рок-група „ПИЛ“ (Public Image
Ltd.) од 1979 година.[8]
 „Лебедово езеро“ (Swan Lake) - песна на
британската рок-група „Меднес“ (Madness)
од 1979 годи

You might also like