You are on page 1of 2

РАБОТЕН ЛИСТ 1

Eнергија
Што е енергија?
 Живот и енергија се два поими тесно поврзани.Сите живи организми за да
преживеат им е потребна енергија,но и на човечките процеси исто така.Се
што се движи или предизвикува движење има енергија, сонцето зрачи
енергија, кога гориме дрва се ослободува енергија што ја чувствуваме како
топлина, далноводите на електро дистрибуција пренесуваат електрична
енергија, дури и нуклеарната енергија се претвора во електрична.Неможиме
секогаш да ја забележиме,но го чуствуваме секогаш нејзиното влијание на
нас и на светот околу нас.Енергијата е секаде, не опкружува но ја има и
внатре во нашиот организам.

Кои се извори на енергија?


 Резервите на енергија или изворите на енергија се делат на  необновливи
извори и на обновливи извори на енергија.

Необновливи извори
Се викаат необновливи затоа што не е можно да обноват за човекот.Процесот
на нивното создавање траеше со милиони години.Необновливите извори на
енергија содржат :
· цврстите горива како антрацит јаглен,лигнит,тресет и др
· течните горива како мазут, бензин, нафта, керозин и др
· гасни горива како природен гас, плин и др
· нуклеарната енергија која ја добиваме од цепенје на радиоактивни
материјали 
Необновливите извори на енергија се тие што се употребуваат последните
години и што не доведоа до енергетска криза,но и предизвикаа број други
проблеми во врска со околината.
Необновливите извори на енергија ја покриваат потребата за енергија 93 %,
додека пак обновливи извори ја покриваат за само  7 %.

Обновливи извори
Обновливите извори на енергија или "новите извори на енергија" ,се начини 
на искористување на енергијата која што доаѓа од различни природни
процеси.За нивното искористување не е потребна некоја интервенција, како
црпење, вадење, горење како за на необновливите извори, но едоставно
користење на веќе постоечкиот тек на енергија во природата.Станува збор за
"чисти" форми на енергија,кои не му штетат на околината,кои што не
ослободуваат јаглеродиоксид или други токсични материи како што
испуштаат другите извори на енергија што се користат.Зборот обновливи
значи дека овие извори се обновуваат сами  ќе продолжат да ни даваат
енергија за долго време.
Обновливи извори на енергија содржат:
· сонцето(сончева енергија) 
· ветерот(ветерна енергија), 
· водопадите (хидроелектрична енергија),
· енергија на брановите, струите, океаните и 
· енергија на биомаса
Во обновливите извори на енергија припаѓа и геотермичката енергија која
доаѓа од внатрешноста на земјата и се формира од посебните геолошки и
геотектонски карактерски на секоја област. 
Употребата на обновливи извори на енергија е сеуште ограничена на
глобално ниво, но ја штитат природата , бидејќи се" чисти" и не се штетни по
околината.

You might also like