You are on page 1of 14

GO GREEN

ACTIVITY
ЗОШТО РЕЦИКЛИРАЊЕТО
Е ВАЖНО
ЗА НАС И
ЖИВОТНАТА СРЕДИНА?

Чиста и здрава животна средина е круцијален фактор за квалитетот на живот кој го водиме. Нашите
секојдневни навики и начин на живот станаа рефлексија на прекумерно конзумирање на производи и
создавање на големи количини на отпад. Несоодветното третирање на отпадот предизвикува големи
проблеми со загадувањето кај нас и насекаде низ светот. Застрашувачки е фактот што на годишно ниво во
просек се фрлаат толкав број на пластични шишиња со кои Земјата би можела да се заобиколи 4 пати.
Просечниот човек произведува 1,500 кг. отпад годишно. Кога ќе се земат во предвид бројот на жители во
светот тоа претставува огромна бројка која предизвикува големи загадувања на животната средина.
Еден од начините да се намалат и превенираат овие
Садење Дрва проблеми е рециклирањето – процес на селекција, собирање
и преработка на отпадот со цел негова ре-употреба, односно
искористување на неговите енергетски и еколошки својства,
Рециклирање
на отпад за креирање на нови еко производи кои можат повторно да
се користат во општеството.
Примарната цел на рециклирањето е подобрување на
Редуцирање животната средина и создавање на додатни економски и
на пластика
еколошки вредности преку принципот на “циркуларна
економија” – каде отпадот претставува ресурс кој се
користи повеќекратно (производ – отпад – производ), а не
Наводнување
на растенија еднонасочно како во минатото. Овој концепт е насочен кон
заштеда на веќе лимитираните ресурси на планетата,
создавање на обновлива енергија, поздрава и почиста
животна средина, нови работни места и технолошки
процеси, зголемен профит, односно води кон постигнување
на одржлив развој.
Во текот на нашата мобилност во Романија посетивме рециклирачки центар, научивме каде всушност оди селектираниот отпад и што се случува со него потоа.
Сфативме дека рециклирањето е многу важно, бидејќи 75% од отпадот може да се рециклира наместо да заврши некаде каде што ќе биде штетен и за природата
и за сите нас.
ТРЕБА ДА РЕЦИКЛИРАМЕ ЗАТОА
ШТО РЕЦИКЛИРАЊЕТО:
Помага во одржувањето на животната средина
чиста
Ја намалува количината на произведен отпад
Помага во зачувување на многу необновливи
ресурси
Заштедува енергија и на тој начин помага во
избегнување на енергетска криза
Спречува екстремно преоптоварување на депониите
и инсинераторите
Заштедува и ја заштитува економијата на
домаќинството
Помага во создавање нови работни места
Го ограничува ловот на суровини
КAКО РЕЦИКЛИРАЊЕТО
ПРИДОНЕСУВА
ЗА ЕКОНОМИЈАТА ?
СЕ НАМАЛУВА ЗАШТЕДА НА
ОТПАДОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА
СОЗДАВА ЗАЧУВУВАЊЕ НА
ДЕПОНИИТЕ ЕНЕРГИЈА
РАБОТНИ МЕСТА ПРИРОДНИТЕ
РЕСУРСИ
ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ ВО МАК
ТОЦИ ЕДОН
ОДА ИЈА
П
Во Македонија се рециклира само 1,4 отсто од пластичниот отпад , а над 8 000 тони батерии и електрична опрема.
Според податоците што ги обработило Министерството за животна средина и просторно планирање, во 2020
година биле рециклирани 3 620,345 тони отпадна електрична и електронска опрема, 5 038,854 тони отпадни
батерии и акумулатори и 2 808,702 тони отпад од пакување.
Најголемото количество на собран комунален отпад (99.8 отсто) се исфрла на депонија што е најголемиот
проблем во нашата држава за кој треба многу време за да се најде решение и да се спречи.
Од вкупното количество на собран комунален отпад, 522 954 тони или 83 отсто се собрани од домаќинствата, а
останатите 17 отсто од правни и физички лица (комерцијален отпад).
НА ДРВЈАТА ВРЗ ЖИВОТНА
ИЕТО ТА СРЕ
ИЈАН ДИН
ВЛ А
Човечкото суштество го предизвикува најголемото уништување на шумите низ целиот свет што
некогаш имало на планетата. За да се намали влијанието врз животната средина од масивната
сеча на дрвјата, го наоѓаме процесот на пошумување. Станува збор за пресадување на исечените
дрвја за да се повратат природните простори што ги уништивме.
Најчесто садиме дрвја поради разубавување на просторот, подобрување на просторниот амбиент
или за искористување на нивната сенка (како природен “чадор за сонце”). Сепак, позади садењето
дрвја се кријат голем број придобивки. Од нив, најголем благодет има животната средина преку:
намалување на аерозагадувањето, намалување на температурата на почвата, намалување на
брзината на ветровите и т.н.
САДЕЊЕ
ДРВЦА
ДА ЈА ЗГОЛЕМИМЕ СВЕСТА
ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ
Намалувањето и правилното управување со ѓубрето се од
клучно значење за благосостојбата на животната средина
и општеството. Имплементирање на стратегии за
намалување на отпадот, како рециклирање, компостирање
и повторна употреба, помагаат во минимизирање на
отпадот, зачувување на ресурси и намалување на
загадувањето. Ова има и економски придобивки и го
поттикнува развојот на индустрии за рециклирање.
Промовирање на свеста и обезбедување на капацитети за
рециклирање помагаат во поттикнувањето на одржлива и
одговорна потрошувачка и култура на одржливост.
Намалувањето на ѓубрето има користи за животната
средина и придонесува кон почиста и поодржлива
иднина.
КУЛТУРНИ
ЗНАМЕНИТОСТИ

Романската култура беше дел од нашето секојдневие за време на мобилноста.


Посетивме значајни заменитости, Романија е земја со изобилство на замоци, а по
тоа е и позната ширум светот. Го посетивме замокот Корвин, кој беше тесно поврзан
со историјата на овој народ.
А, кога сме веќе кај историјата, веднаш потоа го посетивме и комунистичкиот музеј
на Романија.Накратко, Романците се луѓе кои имаат навистина голема почит спрема
нивната религија, историја и личностите кои биле значаен дел од нивната историја.
Затоа нивните музеи се изработени по високи стандарди, а ние имавме можност да
го посетиме музејот на владетелот Брукентал во Сибиу.
THANKS FOR
READING

You might also like