You are on page 1of 6

РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАД И КОРИСТЕЊЕ НА

РЕЦИКЛИРАНИОТ ОТПАД

Рециклирање
Рециклирање е преработка на користените материјали за добивање нови производи.
Со рециклирањето се спречува губењето на материјалите, намалувањето на
потрошувачката на нови суровини, се намалува користењето на енергијата, се намалува
загадувањето на воздухот и водата.

1
Основното начело на управувањето со отпад содржи три Р, односно Редуцирање,
Реупотреба и Рециклирање. Рециклирањето е важна компонента на современот
намалување на отпадот.

Речиси половина од отпадот што го создаваме може да се рециклира. Знакот за


рециклирање има три стрелки кои ги означуваат трите фази: собирање, преработка и
повторна употреба. Човекот е единствено суштество кое креира отпад. Во природата
ништо не претставува отпад бидејќи секој материјал има своја функција.

КАКО СЕ РЕЦИКЛИРА?
За да постои рециклирање, прво некорисните материјали треба да бидат одделени
едни од други, односно не треба да се фрлаат ако отпад кој понатаму останува во
природата и ја загадува средината во која живеат луѓето и останатиот жив свет.

Откако ќе се одделат, односно селектираат, материјалите се носат до местото каде што


се обработуваат. Таму се прочистуваат и во зависност од материјалот, следат различни
процеси на преработка за да се добие финална суровина.

Зошто рециклираме?

2
Зошто се бориме за селектирање и обработка на материјали за понатамошна употреба
кои инаку би завршиле во депонија, или уште полошо – на улиците?

 За да ја заштитиме животната средина

На пластиката и алуминиумот им се потребни стотици години за да се разградат и


затоа претставуваат огромна опасност кога завршуваат несовесно фрлени во
природата. Нивното учество во загадувањето на земјата, водата и растенијата е
огромно, а со тоа и влијанието на негативните климатски промени. Ако соодветно се
справуваме со ваквиот отпад, ефектот е еднаков на отстранување на илјадници
возила и нивните гасови од улиците.

 За да помогнеме во заштедата на ресурци.

Рециклирањето помага во зачувување на природните ресурси кои се користат за


производство, со тоа што веќе искористените материјали се употребуваат повеќекратно.

 За да придеонесеме во штедењето на енергија.

Во производствените процеси, со употребата на рециклирани суровини се троши


значително помалку енергија во споредба со производството преку употреба на нови
суровини, вклучувајќи ги и дополнителните трошоци, како што е самото обезбедување,
процесирање и транспорт на суровините. А со заштедата на енергија се намалува и
емисијата на штетни гасови, кои предизвикуваат негативни климатски промени.

Собирање на отпадот
Голем број на системи за собирање на отпад погоден за рециклирање се
имплементирани во светот. Тие се компромис помеѓу комфорот на граѓаните и цената и
леснотијата на имплементирање од страна на властите. Постојат три главни категории:
"drop-off" центри, откупни центри како и улично колектирање.

 Улично колектирање

3
Уличното колектирање опфаќа повеќе суптилно различни системи, кои се разликуваат
во поглед на тоа во кој дел од процесот рециклатите се собираат и чистат. Главните
категории се: колекција на мешан отпад, мешани рециклати (системи со единечен тек)
како и сепарација директно од изворот на отпад. Најчесто, отпадот се собира со возило
за таа намена.

Во случајот на колекција на мешан отпад, сите рециклати се измешани со остатокот од


отпадот, а потоа посакуваниот материјал се сортира и чисти во објекти со таа намена.
Ова резултира со компромитирање на големо количество од отпадот погоден за
рециклирање, во главно хартијата, но исто така има и свои предности: градот не треба
да плаќа за одделно колектирање на рециклатите и не е потребна јавна едукација.

Во системите со единечен тек, сите


материјали погодни за рециклирање се
измешани меѓусебно, но се одвоени од
останатиот отпад. Во овој случај се
значајно се намалува потребата од
чистење на отпадот
по собирањето на
истиот, но се јавува
потребата од
едукација на
јавноста за тоа кои
материјали се погодни за
рециклирање.

 Откупни центри

Во овие центри се откупува чист рециклат, со што се обезбедува очигледен поттик за


создавање на стабилно снабдување. Процесираните материјали потоа можат
повторно да бидат продадени. Ако оваа операција е профитабилна, доведува со

4
намалување на емисијата на штетни гасови; доколку е непрофитабилна, се
зголемува емисијата на штетни гасови. Владини субвенции се потребни со цел овие
откупни центри да бидат остварливо решение.

5
 "Drop-off" центри

Производителите на отпад во овој случај се должни да го однесат


рециклатот до една централна локација, која може да биде: инсталирана,
мобилна станица за колектирање или самата фабрика за преработка на
отпадот. Во поглед на имплементирање, овој систем е наједноставен,
меѓутоа има низок и непредвидлив доток на отпад.

You might also like