You are on page 1of 2

• Одржливоста во општа смисла е способноста да се

поддржи, одржи или издржи.


• Од 1980-тите години човековата одржливост е поврзана со
интеграцијата на еколошки, економски и општествени
мерки кон глобалното управување и одговорното
раководење со ресурсите.
• Во екологијата, одржливоста опишува како биолошките
системи остануваат разновидни, стабилни и продуктивни
со текот на времето, неопходен предуслов за доброто на
луѓето и на другите организми.
• Долговечните и здрави мочуришта и шуми се примери за
одржливи биолошки системи. Одржливите екосистеми и
средини овозможуваат важни ресурси и процеси (познати
како „услуги на екосистемот”).

09/02/2023 Велимир Ефремовски 1


• Постојат два главни начини за управување на човековото влијание врз
услугите на екосистемот.
• Еден приод е управувањето со животната средина. Овој приод е заснован
главно врз основа на информациите добиени од специјалистите за земни
науки, од специјалистите за животната средината како и од специјалистите за
заштитна биологија. Друг приод е управување со потрошувачката на ресурси,
кој главно е заснован врз основа на информации добиени од специјалистите
по економија. Човековата одржливост се поврзува со економијата преку
трговските последици од економската активност.
• Движењето кон одржливоста (или применета одржливост) додека
квалитетот на живот се одржува на високо ниво е социјален предизвик, кој
меѓу другото, повлекува меѓународно и државно право, урбанистичко
планирање и транспорт, локален и поединечен начин на живот и етичка
потрошувачка. Методите за одржливо живеење може да заземат многу
облици, од уредување на условите за живеење (на пример еко села, еко
општини, одржливи градови) до преиспитување на работните практики (на
пример со користење на пермакултура, зелени градби, обновливо
земјоделство), или развивање и применување на нови технологии кои ќе ја
намалат потрошувачката на ресурсите како што се технологиите за обновлива
енергија.
09/02/2023 Велимир Ефремовски 2

You might also like