You are on page 1of 36

See discussions, stats, and author profiles for this publication at: https://www.researchgate.

net/publication/260986699

Management of health education

Chapter · January 2014

CITATIONS READS
0 283

2 authors:

Ilija Gligorov Doncho Donev

12 PUBLICATIONS   29 CITATIONS   
Ss. Cyril and Methodius University
233 PUBLICATIONS   372 CITATIONS   
SEE PROFILE
SEE PROFILE

Some of the authors of this publication are also working on these related projects:

Bologna model of medical education View project

Salzbirg Global Seminar View project

All content following this page was uploaded by Doncho Donev on 04 August 2015.

The user has requested enhancement of the downloaded file.


Прим. м-р сци. д-р Илија Глигоров, проф. д-р Дончо Донев

VII. МЕНАЏИРАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНАТА


ЕДУКАЦИЈА

1. НЕФОРМАЛНА И ФОРМАЛНА ЗДРАВСТВЕНА ЕДУКАЦИЈА


2. ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ВОСПИТАНИЕ НА НАЦИОНАЛНО
НИВО И НА НИВО НА ПОПУЛАЦИСКИ ГРУПИ
3. ПРАКТИКУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНОТО ВОСПИТУВАЊЕ ВО Р. МАКЕДОНИЈА
4. СОДРЖИНИ, ПОДРАЧЈА НА ДЕЈСТВУВАЊЕ И ИНСТИТУЦИОНАЛНА
НАДЛЕЖНОСТ НА ЗДРАВСТВЕНОТО ВОСПИТАНИЕ
5. ЗДРАВСТВЕНА ЕДУКАЦИЈА ВО ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ
6. МЕНАЏИРАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНАТА ЕДУКАЦИЈА ВО РАЗНИ НЕМЕДИЦИНСКИ
ИНСТИТУЦИИ И ПРОФЕСИИ
7. ПРОГРАМИ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ВОСПИТАНИЕ ЗА ОДДЕЛНИ ЗДРАВСТВЕНИ
ПОТРЕБИ И ПРОБЛЕМИ
8. ПРОГРАМСКИ ПРИСТАП ЗА ЕРАДИКАЦИЈА НА БОЛЕСТИТЕ ПРЕКУ
ПРИМЕР ЗА БОЛЕСТ ПОВРЗАНА СО ХИГИЕНСКИТЕ УСЛОВИ И
ОДНЕСУВАЊЕТО (НАВИКИТЕ)
2
1. НЕФОРМАЛНА И ФОРМАЛНА ЗДРАВСТВЕНА ЕДУКАЦИЈА

„Човек кој се сомнева во себеси е како човек кој се пријавува во редот на непријателот и крева
оружје против себе; неговиот неуспех е извесен заради тоа што тој е првиот
што е убеден во него“ ~ Alexandre Dumas, fils ~ (1824 – 1895)

Научната методологија во многу системи го користи основниот управувачки циклус, кој


поконкретно се адаптира според спецификите на предметот. Управувачките чекори и во здравствената
едукација опфаќаат: планирање (истражување и дефинирање на проблемот, советување, анализи и
препораки од експерти, формулација на политиката за областа, дизајнирање – пишување елаборат на
планот), градење на капацитетите и организациски активности, имплементација (реализација на
едукацијата – обучување и воспитување), следење, оценување (мерење на резултатите), по потреба
повторување на циклусот (препланирање нови активности).
Здравствената едукација (образование и воспитание за здравје) на една личност започнува од
раѓањето и најраното детство. Таа се одвива во семејството и домот, во образовните институции, на
работното место, во здравствените институции, во потесната и поширока социјална (информална)
средина и трае во текот на целиот човечки живот.
Формалната здравствена едукација е во надлежност на стручни образовни и други (државни)
институции. Таа се поврзува со стратегиски документи (на пр. Национална стратегија, програми и
акциски панови). Во рамките на задолжителното образование се вклопуваат тематски модули поврзани
со општите и специфичните здравствени потреби и проблеми.
Неформалната здравствена едукација е менаџирана (планирана здравствена едукација) во облик
на активности и проекти кои ги спроведуваат поединци, групи и организации кои не се под ингеренција
на националниот образовен систем. Развојот на социјалните односи и техничките можности во поново
време овозможија квалитетна неформална едукација.
Доминантните локални и регионални здравствени проблеми и потреби за здравствена едукација
се специфични и затоа е потребно тие претходно добро да се проучат од повеќе аспекти. По
идентификацијата, се прецизира програма/проект. Националните стратегии, програми и акциони планови
се основа за координирани активности во оваа област. Во културолошки средини во кои доминираат
одредени конзервативни, традиционални ставови, со силно влијание на обичаите, потребни се
дополнителни напори за едукација и креирање правилни ставови за здраво живеење. Заради
благовремено влијание врз младите генерации важна е континуираната работа со родителите, посебно со
мајките. Приоритетните области во кои се групираат здравствено-едукативните содржини во различни
средини и региони се различни. Во теоријата на здравственото воспитание се врши следното основно
групирање: теми со општо значење за здравјето, теми ориентирани кон вулнерабилни или особено
загрозени групи население, теми според причинителите кои го оштетуваат здравјето, теми според
специфичните мерки кои треба да се преземат заради превенција.
Во групата теми со општо значење за здравјето спаѓаат: здравствено воспитание за зачувување и
унапредување на здравјето; едукација за елиминирање на болестите воопшто; општо за имунизацијата на
населението; заштита и унапредување на екосистемот; спречување и рано откривање на заболувања со
поголемо општествено и економско значење.
Во групата теми кои се ориентирани кон вулнерабилни или особено загрозени групи население
спаѓаат: здравствено воспитание за родители на мали и предучилишни деца; за деца и младинци; за
жени; за стари лица; за работници во индустријата, во земјоделието и сточарството; за популациски
групи со посебни потреби.
Темите кои како основа ги земаат причинителите кои го оштетуваат здравјето или специфичните
мерки кои треба да се преземат заради превенција се однесуваат на: заразните болести, незаразните
болести, стоматолошките заболувања, повредите и др.
Тематските области за здравствено воспитание можат да се групираат на следниов начин:
- превенција и сузбивање хронични, дегенеративни и други масовни болести и повреди
(кардиоваскуларни заболувања, малигни неоплазми, шеќерна болест, болести на зависност, ментални

3
болести, кариес, болести кои се пренесуваат по сексуален пат вклучувајќи и ХИВ/СИДА, заразни
болести, професионални болести и трауматизам и сл.);
- група теми во врска со: личната и колективната хигиена, домувањето, чување и унапредување
на животната средина, вакцинопрофилакса, серопрофилакса и хемиопрофилакса, рекреација, ерадикација
на заразни заболувања, репродуктивното здравје;
-група теми поврзани со: инвалидитет, хендикепираност, социјални болести, деликвентност,
проституција, алкохолизам, општествена неприспособеност, нетолеранција, конфликт со средината,
неправилен стил на живеење, хуманизација на односите помеѓу половите.

Во интензитетот и предметот на интерес за здравствено воспитание има многу индивидуални и


групни разлики. Тоа наметнува потреба за специфичен пристап. Официјалната медицинска статистика
како и статистиката од другите сектори се извор на податоци за согледување на здравствената состојба.
Интересот (потребите) на населението и приоритетите (остварливи во рамките на ресурсите со кои се
располага) се согледуваат преку разни методолошки инструменти (на пр. aнкети, анализи и сл.). Како
пример кој може практично да се искористи се наведува релативно евтиниот (иако не многу сигурен)
извор преку анализирање на најчесто поставуваните прашања до редакции на списанија и весници или во
контактни програми на радио, телевизија и Интернет (анг. акроним: FQ&A). По одредувањето на
приоритите се одбира начинот и техниката за нивно разјаснување и едуцирање на населението во врска
со актуелен проблем. Техниките кои се користат за здравствена едукација не се меѓусебно одвоени и
независни, тие се преплетуваат и меѓу себе и заедно со уште многу други фактори се надополнуваат.

2. ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ВОСПИТАНИЕ НА НАЦИОНАЛНО


НИВО И НА НИВО НА ПОПУЛАЦИСКИ ГРУПИ

„Бескорисно е во староста да се продолжува животот;


младоста треба да се продолжува“ ~ Иво Андриќ ~

За да биде успешно здравственото воспитание потребно е тоа да се одвива според усогласена


програма. Добрата реализација придонесува за добра здравствена состојба на населението (групата).
Програмата треба да е подготвена така што ќе ги опфаќа тежишните проблеми и потреби на населението
во рамките на социоекономското и културно опкружување. Таа треба да има поставено реални и
остварливи цели, а нејзините резултати треба да бидат мерливи. Програмата треба да е направена во
согласност со правилата за добро управување, односно да бидат застапени редоследно менаџерските
циклуси за соодветното ниво на менаџирање (локално, регионално). Здравственото воспитание во основа
ги поврзува фундаментите на медицинските и образовните науки, и програмата мора да се подготвува
мултидисциплинарно. За нејзина реализација треба правилно да се насочат потребните ресурси. Во
националната програма и во сите други програми кои од неа произлегуваат прецизно се определува
времето за кое се планира, носителот, содржините, целта, целната група и начинот, односно
методологијата на реализација и евалуација.

2.1 Стратешки документи

Стратешките документи се користат како долгогодишна норма и официјален водич и рамка за


планирање, реализација и евалуација на активностите. Здравственото воспитание (во овој период) е дел
од Националната програма за развој на образованието во Република Македонија 2005-2015 и од
Националната здравствена стратегија. Мерките што се преземаат во рамките на јавното здравје се:
унапредувaње на здравјето (вклучително и здравствена едукација), заштита на здравјето (на пр.
санитарна контрола) и лични превентивни мерки (на пр. имунизација). Целокупниот здравствен сектор
со определени активности учествува со активности за јавно здравје. Се наведува примерот на
организациското решение за специјализираната јавноздравствена дејност во Република Македонија
според кое Владата со здравствените реформи воспостави специфични здравствени и административни
институции конкретно задолжени за јавното здравје. Тоа се мрежата составена од Институт за јавно
4
здравје и 10 регионални центри за јавно здравје и мрежата составена од Институтот за медицина на
трудот и подрачните служби за медицина на трудот. Регионалните центри за јавно здравје имаат 21
субрегионални единици (хигиенско-епидемиолошко-санитарни служби). Во рамките на Министерството
за здравство функционираат Дирекција за храна и Државен санитарен и здравствен инспекторат. Во
Република Македонија се посветува особено значење на превенцијата на заболувањата, и тоа на сите
нивоа: примарна, секундарна и терцијарна превенција. Голем број активности на јавното здравје, какви
што се: унапредување на здравјето, контрола над безбедноста на храната, безбедност и здравје на
работното место, контрола на заразните и незаразните заболувања, контрола на здравствените ризици на
животната средина по својата природа се интерсекторски, односно засегнуваат различни министерства и
институции. Интерсекторската соработка за заштита на јавното здравје мора да биде многу добро
развиена и различните функции треба да се извршуваат на оптимално ниво. На ова поле се надградува и
модерно законодавство компатибилно со политиката и законодавството на ЕУ.
Специфични активности на полето на медицината на трудот се спроведуваат преку Институтот за
медицина на трудот и во службите за медицина на трудот (во голем дел се во рамките на здравствените
домови). Согласно здравствените реформи, службите за медицина на трудот од ПЗЗ долго време беа
повеќе ориентирани кон лекување на работниците отколку кон превентивни активности за безбедност и
здравје на работното место. Освен за одредени категории на работници кои се изложени на висок ризик
на работното место, многу работодавци недоволо вложуваат за преземање мерки за здравје и безбедност
на работното место што се коси со Законот за безбедност и здравје при работа. Голем дел од
активностите во делот на медицината на трудот на ниво на претпријатија не се спроведуваа, а
поранешните т.н. диспанзери за медицина на трудот беа затворени.
Во Здравствената стратегија на Република Македонија 2020, посебно внимание се посветува на
здравствената едукација за училишните деца што ќе придонесе за подобро здравје кај младите (цел 4).
Ова е особено важно заради усвојување на здрави стилови на живеење, што подразбира соодветна
исхрана, доволно физичка активност, превенција на зависноста од тутун, алкохол и психоактивни
супстанции (цел 12), како и превенција на сексуално преносливите заболувања вклучувајќи и
ХИВ/СИДА и проблемите во врска со менталното здравје. За таа цел се развива и интерсекторска
соработка меѓу здравствените и образовните институции, локалната самоуправа, медиумите и др., со
зголемен интензитет за промоција на здравјето (Извор: Здравствена стратегија на Република Македонија 2020).

2.2 Поврзување на програмите за здравствена едукација со пригодни поводи

Менаџерите одговорни за здравствено-воспитните програми и проекти на различно рамниште, се


одговорни да располагаат со информации за пригодни поводи и случувања во средината за која имаат
надлежност да планираат. Тие треба добро да го познаваат усталениот календар на одредени случувања и
ефективно да планираат самостојни или заеднички истовремени активности со содржини за здравствена
едукација во формалното и неформалното образование и/или во облик на презентирање во јавноста
преку медиумите за масовно информирање или на друг погоден начин. Програмите за здравствена
едукација се најефикасни доколку се интегрираат во општественото живеење (особено во формалната
едукација). Стручен носител за овие програми е здравствениот сектор кој обединува и вклучува
граѓански организации и здруженија, образовни институции и многу други владини и невладини
институции. Во голем број активности во рамките на програмите и проектите, потребно е да се вклучени
и едуцирани волонтери.
Во оваа тематска единица наброени се основните практикувани примери како вовед за сезонски и
пригодни акции кои ги користи управувачкиот систем за здравствено воспитание:
- сезонска здравствена едукација: за респираторните заболувања (пр. грип) најчесто се планира и
изведува во сезоните есен и зима, а темите за цревните инфекции и интоксикациите со храна, се
пласираат првенствено во сезоните пролет, лето и есен;
- пригодните пораки за заштитата на здравјето на жените се најинтензивни во месец март и на
денот на жената (сепак значајно е тие да се пласираат континуирано);
- глобалните здравствени проблеми се поврзуваат со Светскиот ден на здравјето (7 април), а за
одредени здравствени проблеми се водат кампањи за кои се назначува: ден, недела, месец, година или

5
деценија (па, и дел од векот) на интензивна превенција и борба за сузбивање на глобалните приоритетни
проблеми. Таков глобален пример е Декадата на Ромите (2005-2015, делот за здравјето) и
Милениумските развојни цели (Millennium Development Goals -MDGs).

2.3 Здравствено-воспитна програма

Менаџерска обврска е подготовка и управување со организацијата, реализацијата и евалуацијата


на здравствено-воспитните програми. Појдовни начела за менаџирањето со здравствено-воспитната
програма се: таа е дел од планските и програмските задачи за развој на јавното здравје - промоција на
здравјето; во реализација на програмата учествува здравствениот сектор заедно со сите други јавни
сектори како и граѓанскиот сектор, а можат и треба да бидат вклучени и религиските и партиските
организации, односно секој поединец; да има соодветни човечки ресурси, едуцирани стручни кадри за
планирање, реализација и оценка на програмата; да се расправа за сите проблеми и потреби во конкретна
заедница преку наставни планови, програми и проекти. Содржините на здравствено воспитните
програми се засноваат врз проценки за приоритетните здравствени проблеми базирани врз сеопфатни
демографски, социјални, економски и културолошки податоци и индикаторите на здравствената состојба
и здравството за подрачјето на кое ќе се спроведува програмата. Се прават анализи за: определување на
целите; определување на задачите и содржините; нззначување на едукаторите и соработниците и
начинот на работа; временска динамика; планирање на финасиски средства и др. Управувачкиот процес
заради здравствено-воспитната програма ги, спроведува следните фази во програмињето: планирање,
реализација и евалуација.
Планирање: менаџерските принципи за добро управување го определуваат циклусот на
планирање кој има повеќе сегменти, како што се:
- Набљудување на состојбата: за да се процени состојбата и да се откријат факторите кои
влијаат на локално, регионално или глобално ниво врз однесувањето на поединецот или групите,
неопходно е прибирање податоци со теренско истражување, користење постојна медицинска
документација и евиденција во здравствената служба, а за оние случувања каде нема регистрирани
податоци, потребно е спроведување на анкети и користење на фотографска и филмска документација.
- Анализа на податоци и одредување приоритетни проблеми: заклучоците кои ќе се добијат со
анализа на собраните информации и индикатори служат за да се определат приоритети, да се одберат
методи и активности преку кои ќе се придонесе да се подигне здравствената култура и да се надминат
проблемите.
- Изработување елаборат на програмата: пишувањето елаборат на програмата се одвива според
правилата за управување со проекти преку кои треба да се разрешат првенствено приоритетните
здравствени проблеми (кои се решливи) преку здравствено-воспитни активности на одделно географско
подрачје (општина, регион со неколку општини, држава, регион со неколку држави и сл.). Проблемите
можат да бидат локализирани во популациска група, или во врска со група на заболувања и сл. Основни
делови на елаборатот најчесто се: содржина на програмата, акциски планови, методологија на работа,
детали за кадровските ресурси, буџет (финансиски планови и пресметки), евалуација и одржливост.
Реализација: во овој дел, здравствената служба севкупно (со нагласок на: превентивните служби
од центрите за јавно здравје, поливалентната патронажна дејност, советувалиштата за деца,
општомедицинските, стоматолошките и гинеколошките ординации и сл.) преку своите стручни кадри и
во соработка со други планирани учесници, реализира конкретни активности од пограмата. За успешно
спроведување неопходна е соработка со други служби, сектори, здруженија, владини институции (на пр.
Биро за развој на образованието), невладини организации, односно од ниво на локална самоуправа до
национално ниво. Организирање на заедницата за решавање на приоритетните здравствени проблеми и
придобивањето на популацијата за соработка е една од најкорисните но и најтешките задачи во
програмите.
Евалуација: се спроведува како критичко проценување или вреднување на успешноста во
работењето и остварувањето на поставените цели. Евалуација се спроведува во текот на сите фази
(планирање, реализација и после завршувањето на секој дел од здравствено-воспитната програма). Се
проценува ефикасноста од спроведувањето на активностите, како што се на пр. процентот на лицата
опфатени со имунизација, бројот на превентивни прегледи, санитација на околината итн. Таа се врши

6
според утврдени правила во одредени временски интервали (набљудување и оценување). На тој начин во
секое време се вреднуваат постигнувањата, навремено се утврдуваат евентуалните пропусти и се прават
потребни корекции и интервенции. Најчесто евалуација во текот на планирањето и реализацијата вршат
внатрешно назначени лица, а завршната евалуација може да биде внатрешна од лица од институцијата,
и/или надворешна која е независна, како и од страна на корисниците (анкетна). Некои видови евалуација
можат да се оквалификуваат како субјективни (квалитативни), додека други пак како објективни
(квантитативни). Субјектите кои непосредно учествувале во подготовките или реализацијата преку
самоевалуација даваат проценки во тек на евалуацијата и завршни извештаи кои, пак, понатаму можат да
служат во новите планови. Нивните проценки секогаш не се и реално објективни. Извршителот може да
има тенденција за субјективна оценка без да примени соодветни мерила за оценка. Секогаш е потребно
да се преиспита случај кога е дадена оценка во суперлатив: „одлично е изведена активноста, сите
учесници беа крајно заинтересирани и задоволни, постигнати се врвни резултати“. Објективната
евалуација подразбира примена на објективни иструменти за процена на успешноста на спроведена
програма или дел од програма (активност). Анкетно истражување, примена на тестови, регистрирање на
постигнати промени во однесувањето и подобрени здравствени показатели се инструменти за подобра и
објективна евалуација, донесување заклучоци, определување насоки и сл.

2.4 Ресурси на здравственото воспитание

Во фазата на планирање потребно е да се откријат и согледаат сите ресурси кои можат да бидат
на располагање. Ова се користи заради хармонично оптобарување со задачите, добра динамика во
остварувањето и заради постигнување подобри резултати. Основни се: кадровските ресурси,
логистичките ресурси, финансиските ресурси и синергичните програми и случувања.

2.4.1 Човечки ресурси (кадри)


Човечките ресурси кои се ангажираат за реализирање на програмските задачи се мобилизираат од
неколку групи:
- Кадри од здравствената служба: здравственото воспитание е на важно место во описот и
пописот на работните задачи на здравствените работници. За одредени работни места здравственото
воспитание претставува единствена работна задача. Такви се вработените во патронажната служба
(поливалентна и моновалентна), потоа здравствените работници и соработници ангажирани во службата
за здравствено воспитание во центрите за јавно здравје или здравствените домови, во советувалишта (за
трудници, за доенчиња, за брак и сл.), во демонстрациони кујни, во службите за епидемиологија, хигиена
и др. Обемот и квалитетот на активностите во вкупното ангажирање на здравствените работници треба
да бидат на оптимално ниво. Често пати задачите и обврските за здравствено воспитание само се
опишуваат и нотираат, а понекаде и не се извршуваат воопшто. Согласно реформите во здравствена
заштита во Република Македонија во периодот по 2005 година Фондот за здравствено осигурување на
Македонија (ФЗОМ) склучува договор со матичните лекари со кој тие имаат обврска и за извршување
планирани превентивни активности кои содржат и здравствено воспитание; таквите обврски зафаќаат до
30 % од надоместокот што го добиваат матичните лекари.
- Кадри од образованието: образовната дејност има значајна извршна и стручно-методолошка
улога во здравственото воспитание со формални и со воннаставни содржини. Историски гледано во
различни периоди (на територијата на Македонија од 1925 г. до денес) со различен обем и опфат е
користен овој сектор за здравствено воспитание. Денес кога родителите сѐ повеќе се ангажирани надвор
од домот нагласена е потребата од вклучување на здравственото воспитание во текот на наставниот
процес почнувајќи од програмите во предучилишните установи па се до средношколските и
високошколските установи. Образовните (просветните) кадри со едуцирање за здравствено-воспитна
активност и со програмски организиран пристап можат многу да придонесат и да дадат врвни резултати
во здравственото воспитание.
- Волонтери: овие луѓе субјективно се подготвени за активности и со нивно правилно насочување
кон задачите придонесуваат за реализација на програмите за здравствено воспитание. Често тоа се
активисти во разни хуманитарни асоцијации и сл. Во планирањето е потребно со сигурност да се утврди

7
нивниот број и стручност и соодветно да се ангажираат сите заинтересирани (како предавачи, едукатори
и сл.).
- Анимирани поединци и групи: тоа се луѓе кои еднократно се вклучуваат и ја прифаќаат
програмата за здравствено воспитание на локално ниво и согласни се да агитираат и да ги мотивираат
идните учесници во процесот на здравствено воспитание. На почетокот се организира јадро за
програмата (градење капацитети), а потоа се ангажираат поголем број поединци и групи.
- Лидерската поддршка од функционерите во официјалните институции во државата (на сите
рамништа), важна е како дополнителен кадровски ресурс; овие лица активно помагаат да се реализира
програмата, а по потреба придонесуваат и да се отстранат евентуални пречки.

2.4.2 Технолошко-технички ресурси (логистика): тука се подразбираат сите потребни услови,


комуникациски канали, опрема, транспорт, простории и друго, кои служат за реализација на
здравственото воспитание. Потенцијални ресурси се и оние кои се присутни кај населението и кои
дополнително ќе станат достапни по неговото вклучување, односно прифаќање на програмата.

2.4.3 Финансирањето на програмата може да биде од разни извори: државен буџет (напр. во
формалното образование), фондови (на пр. во неформалното образование), приватно, донации,
хуманитарно, а често е и комбинирано. Финансирањето треба прецизно да се планира. Предложениот
буџет ретко може дополнително да се менува и приспособува во новонастаната динамика и потреба
(зголемување на финансиските трошоци често е потребно, а ретко е остварливо).
Потребно е прагматично искористување на можностите за вклучување на програмата во други
акции, кои се спроведуваат во заедницата за синергична ефективна и ефикасна заедничка реализација.
Тие секогаш треба да се разгледуваат и да се искористат.

3. ПРАКТИКУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНОTO ВОСПИТУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА


МАКЕДОНИЈА

„Во младоста треба да го пресечеш стапот на кој


ќе се потпираш во староста“~ Конфучие ~

Преку практичниот приказ на менаџирањето на здравственото воспитување во темата, се изучува


моделот кој понатаму преку воопштување и/или конкретизирање се користи како теориска основа за ова
прашање. Владата на Република Македонија ја има потпишано Милениумската декларација и има
извештај за милениумските развојни цели на Обединетите нации во областа на здравството и објавени
информации за завршени и проекти за здравствената заштита кои се во тек (некои од нив се под
покровителство од Светска банка, Глобален фонд против СИДА, ТБЦ и маларија, УНИЦЕФ, Програмата
за рано детство и Светската здравствена организација).
На прашањето: „Дали граѓаните здравствено се воспитани?“ има многу разни филозофски
одговори со свои оправдувања. Статистичките податоци покажуваат дека е потребно поголемо знаење,
свест и акција да се споведат (преку постари, а исто така и преку модерни) активности за добро здравје и
за борба против заболувања, како и за состојби кои можат да бидат превенирани (на пр. непушењето,
здравата исхрана, спортувањето, имунизацијата). Анализата на морбидитетот во Република Македонија
покажува дека во значителен обем се застапени заболувања кои можат да бидат превенирани и нивниот
број да биде помал (на пр. кардиоваскуларните болести и повредите).
Практикување здравствено воспитание во рамките на формалното образование во Република
Македонија, почнувајќи од втората половина на 20-от век, па наваму е со променлив опфат, интензитет и
содржини. Во РМ по Втората светска војна се започнува со масовни локални курсеви во сите заедници
(во градовите за работниците, во селата за земјоделците и сточарите, за жени, за неписмено население, и
сл.). Согледувајќи ја состојбата во економијата, образованието и здравството во тоа време, тогашната
програма за здравствено воспитание започнува со фазата за сеопшто здравствено просветување, кон која
многу брзо се додава и фазата на здравствено образование. Денес кога правиме пресек на здравото
однесување во заедицата констатираме дека голем дел од населението има познавање за основните

8
стандарди за зачувување на здравјето. Меѓутоа и денес предизвик претставуваат ставовите и
однесувањето односно примената на тие стандарди. Во време кога за многу економско-технолошки
процеси е познато нивното придружно штетно дејство мора или да се подобруваат процесите или да се
вложуваат значајни ресурси за превенирање и заштитување или да се напушти нивното користење.
Многу поединци имаат сознанија за штетните последици од некои нивни навики, меѓутоа потребно е да
се вложат напори тоа и да го променат.
По извесна пауза, во почетокот на XXI век во Република Македонија воведени се наставни
предмети во основните и средните училишта. Во наставните програми (од I до IX одделение) има
предмети кои содржат теми од областа поврзана со здравјето. Како изборни предмети се понудени:
унапредување на здравјето и вештини за живеење за кои има и прирачници и преку кои учениците
стекнуваат знаења и вештини за унапредување на здравјето.
Во исто време во областа на неформалното образование и воспитание координирано се
спроведуваат многубројни проекти за здравствено воспитание спроведувани првенствено од граѓански
организации (често со донации од странски или меѓународни институции). Некои од овие проекти се
спроведуваат во соработка со државни институции. Во Република Македонија, курикулуми кои содржат
наставен предмет или наставни содржини за менаџирање на здравственото воспитание во формалниот
образовен систем има развиено во средните медицински училишта, во високите медицински школи и на
медицинските факултети и школи (очигледно наменети за здравствените професионалци). Така на
пример, целта, потребниот фундамент за овој наставен предмет да се пренесе кај повеќе струки, се
реализира како модул во рамките на курс за социјалните и бихевиоралните науки за здравјето, како дел
од курикулумот на постдипломските студии во Центарот за јавно здравје, при Медицинскиот факултет
во Скопје, при што вградени се теми, семинари и работилници од областа менаџмент на здравственото
воспитание во заедниците. Се очекува новите генерации јавноздравствени менаџери многукратно да го
мултиплицираат своето знаење, вештини и влијание во заедницата за континуирано сеопфатно
практикување на здравственото воспитание. Евидентирано е дека и во курикулуми на некои други
струки се вградуваат теми од оваа област (на пример на Факултетот за социјана работа и социјална
политика, на Интердисциплинарните студии за јавна администрација, и др.).
Воведување соодветен облик на задолжителна здравствена едукација во рамките на сите средни
училишта е препорака и важен заклучок. Зборувајќи за состојбата во задолжителното образование се
нагласува потребата системски и плански да се спроведува здравствена едукација во училиштата, а
доживотното учење и спроведувањето на здрави практики да бидат вградени во стилот на секојдневното
живеење. Во училиштата паралелно со образовниот курикулум има и многу физички простори преку кои
се пласираат здравствено воспитни содржини (на пр. простор за спортување, уредни санитарни јазли,
организирана исхрана и сл.).

4. СОДРЖИНИ, ПОДРАЧЈА НА ДЕЈСТВУВАЊЕ И ИНСТИТУЦИОНАЛНА


НАДЛЕЖНОСТ НА ЗДРАВСТВЕНОТО ВОСПИТАНИЕ

„Личната среќа е невозможна без среќа на другите“ ~ Чернишевски ~

Фазите на менаџирањето со здравственото воспитание опфаќаат и определување на содржините,


подрачјата на дејствување и институционалната надлежност.
Содржините во здравственото воспитание се темелат врз сите научни и стручни докази и
искуства, кои се однесуваат на зачувувањето и унапредувањето на здравјето, раното откривање,
лекување и рехабилитација на заболените и повредените, како и изнаоѓање мерки и постапки за
ресоцијализација на личноста по оздравувањето и враќање во животната и работната средина. Во
познатите фази на нормален физиолошки раст и развој на човекот, содржините на здравственото
воспитание треба да се приспособар на потребите на луѓето и нивните интереси.
Содржините на здравственото воспитание може да се поделат во 3 подрачја:
- институционална надлежност за здравствено-воспитни активности во здравствените установи;
- содржини на здравственото воспитание кај одделни групи од населението (доенчиња и мали
деца, училишни деца и младинци, жени, работници, стари лица и др.);

9
- подрачје на здравственото воспитание за спречување и сузбивање на болестите кои имаат
социјално-медицинско значење, примена на здравственото воспитание во хигиено-епидемиолошката
заштита на населението, како и во решавањето на социекономските и социјалните потреби и проблеми
(брак и семејство, стил на живеење, самоедукација, обичаи, навики, предрасуди, животен стандард итн).
Прецизното определување на подрачјата на здравственото воспитание придонесува за
специфичен пристап во здравственото воспитание. Тоа на менаџерите им овозможува подобро
планирање. Притоа се спроведуваат правилата за планирање, работа во заедницата, социјална
психологија, образовен процес итн. Специфичниот начин на живеење и културата на подрачјето влијаат
во определувањето на содржините и процесите на здравственото воспитание.
Генерално институционалната надлежност ја делат здравствениот сектор, секторот за
образование и јавниот сектор. Понатаму во учебникот се изучуваат организациските облици во кои се
спроведува здравствено воспитание.

5. ЗДРАВСТВЕНА ЕДУКАЦИЈА ВО ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

„Кој не ја цени и сака слободата и вистината, може да постане моќен човек,


но голем - никогаш“ ~ Волтер ~

Менаџерот на здравствената установа планира, организира и контролира здравствено


едукативна програма која се одвива во самата установа и надвор од неа, за населението во локалната
заедница. Здравствените работници, во согласност со законoт и работните задачи должни се да
спроведуваат интегрална здравствена едукација. За време на средбата со пациентите во здравствената
установа се аплицираат здравствено-едукативни содржини. Притоа плански, континуирано се користат
комбинирани техники и соодветни методи и наставни средства. За секој медицински работник се
определуваат здравствено-едукативни задачи според тоа кои се корисниците. Со пациентите во
примарната здравствена заштита најчесто се користи индивидуалниот метод на обука, давање упатства и
појаснувања или планиран разговор и интервју. На секундарно и терцијарно ниво се користат посложени
и групни методи за здравствена едукација. Здравствено-едукативниот амбиент во здравствената установа
исто така мора да биде осмислен. Придружната опрема, сликите, шемите и пораките во просториите на
установата се важни за оваа цел. Амбиентот примарно не треба да потсетува на болест, туку да асоцира
на здравје. Потребно е сѐ да биде осмислено за да се влијае во формирањето позитивни ставови кај
корисниците, преку: амбиентот во ходниците, чекалните, во работните простории (ординација, соба за
интервенции, советувалиште и сл.) и во санитарниот дел од здравствената установа. На пример: во
просториите за медицински интервенции, се аплицираат само содржини преку кои се упатуваат
корисниците заради поедноставно договарање и соработка со медицинскиот работник во врска со
медицинската интервенција која се прави таму. Доколку се работи со деца-пациенти, амбиентот се
уредува со содржини кои максимално го окупираат вниманието и ги релаксираат децата, затоа што тие
лесно се трауматизираат и имаат непријатни искуства од медицинските интервенции. Уредноста на
санитарниот дел од здравствената установа има големо значење. Опременоста, изгледот и чистотата на
санитарните јазли придонесуваат за позитивни навики кај корисниците. Исправноста на уредите,
присуството на сапун, хартиени брисачи и тоалетна хартија се многу важни. Постојната состојба може да
се подобри, иако во некои ситуации таа е одлична, во други е добра, а во трети е лоша и затоа посебно е
опишано значењето во здравствената едукација и давањето пример. Одговорниот менаџер го контролира
работникот кој се грижи за хигиената, опременоста и изгледот во тој дел. Тој планира и воведува
современа опрема и нови средства за чистење и дезинфекција како и доедукација на работниците-
извршители.
Здравственото воспитание во Р. Македонија е зацртано во закони (на пр. Закон за здравствена
заштита), како секојдневна активност и обврска на здравствените работници во здравствените установи,
на сите три нивоа на здравствена заштита. Според специфичностите на местото на кое се реализира
здравствено воспитание (темите, целните групи, задачите, методите, средствата, времето), тоа се планира
и извршува преку следните здравствени установи: вонболнички здравствени установи, болнички

10
здравствени установи, здравствени установи со превентивно-медицинска дејност (Институт за јавно
здравје, Центар за јавно здравје, Институт за социјална медицина и др.).

5.1 Специфичности на здравственото воспитание во примарната и секундарната


здравствена заштита (ПЗЗ, СЗЗ)

Во вонболничките здравствени организации здравствено-воспитната работа се спроведува во


зависност од видот на организационата единица: во ординација, поликлиника, (матичните лекари по
општа медицина, педијатрија, гинекологија, матичен стоматолог), служба за медицина на трудот,
училишна медицина, патронажна дејност, служба за домашно лекување и во специјалистички ординации
(здравствени домови и приватни здравствени установи). Пациентите најчесто кратко се задржуваат во
ординацијата. Таму се препорачува примена на методот на интервју и методот на животна
демонстрација, со примена на потребни здравствено воспитни средства. Лекарите планираат и
реализираат и здравствено воспитни активности со групи надвор од ординациите (најчесто во училишта).
Според СЗО и Стратегијата ,,Здравје за сите“ примарната здравствена заштита има посебно
значајно место во системот на здравствена заштита, преку улогата во унапредувањето на здравјето на
поединецот, семејството и целокупната заедница, со доближување на здравствената заштита најблиску
до местото на живеење, образование и работа. Во работата на примарната здравствена заштита посебно
место зазема здравственото воспитание за активно вклучување на граѓаните за здрав начин на живеење.
Главни задачи и здравствено-воспитни активности во примарната здравствена заштита се:
- унапредување на здравјето, превенција, лекување и рехабилитација;
- рано откривање на здравствените проблеми;
- откривање на ризичните фактори од надворешната средина, кои влијаат врз здравјето и примена
на здравствено-воспитни активности со цел за унапредување на исхраната, подобрување на
водоснабдувањето, диспозиција на отпадните материи, санитација на околината, правилна физичка
активност, здравствена заштита на одделни групи од населението, имунизација и др.;
- соработка со други сектори, специјалистичко-консултативната дејност, болничката здравствена
служба итн.

5.2 Дејност за општа медицина и специјалистичко-консулативни дејности

Носител на здравствено-воспитната активност во овие дејности е лекарот, заедно со својот тим


(медицинска сестра и патронажна сестра). Тие ги извршуваат активностите од нивната надлежност во
здравствените установи, во домовите на пациентите и на теренот. Особено е значајна активноста во
селските подрачја. Менаџирањето за здравствено воспитание определува приоритетни области во кои се
планираат темите ориентирани кон општото население или кон негови групи. Генерално темите се
насочени за:
-подучување на родителите за унапредување на здравјето на нивните деца (давање совети за
исхраната, негата, превенција од рахитис, анемија, имунизација и др.);
- давање совети на родителите и наставниците во училиштата за унапредување на здравјето на
училишните деца и младинци и создавање поволни услови за живот и работа во таа средина;
- работа на унапредување на здравјето на жените, особено за време на бременост, породување и
леунство, со укажување за принципите на планирање на семејството и контрацепцијата, хигиена на
бременоста, правилната исхрана и др.;
- унапредување на здравјето на работниците, здрави услови во работната средина и редовна
контрола на здравјето;
- вклучување на општествената заедница и невладините организации за запознавање и решавање
на здравствените проблеми;
- спроведување превентивни мерки за спречување и сузбивање на акутните заразни болести и
масовните хронични незаразни болести;
- спроведување и на други активности, според потребите на населението, на подрачјето на
дејствување на службата.

11
5.3 Здравствени установи со диспанзерски модел на организација и работа

Диспанзерскиот модел на работа, со активен пристап на превентивно-медицинска работа и


активности, треба да се применува на сите рамништа на здравствена заштита. Преку него во пракса се
реализира социјално-медицинскиот метод. Тој подразбира следење и проучување на здравствената
состојба, на хигиенските прилики и услови за живеење и работење како и спроведување мерки за
целосна куративна и превентивна здравствена заштита. Здравствено-воспитната активност во моделот на
диспанзерска работа вклучува различни здравствено-воспитни задачи, заради различните специфики и
здравствени проблеми, кои ги имаат одделните дејности во ПЗЗ и во специјалистичко-консултативните
дејности. Иако со измените на Законот за здравствена заштита не се предвидени облици на здравствени
установи или организациски единици во нив со назив диспанзер, преку опис и попис на работните задачи
опфатени се мерките кои по дефиниција ги опишува диспанзерскиот модел. Во овој текст посебно се
разгледува содржината на здравствено-воспитните програми на одделните традиционални
организациони единици со диспанзерски модел на работа која треба да биде опфатена во соодветните
дејности и за одделните специфични групации од населението:

5.3.1 Диспанзерскиот модел во дејноста за здравствена заштита на децата подразбира


спроведување куративна дејност во организациони единици за болни деца и превентивна дејност во
советувалиште за здрави деца. Во педијатриска и училишна медицинска единица, заради здравствено
воспитание се применуваат различни методи и средства. Посебно е погоден методот на „животна
демонстрација“ (кој во пракса ја реализира кинеската поговорка: „ако слушам - ќе разберам, ако видам -
ќе запомнам, кога ќе изведам - тогаш ќе научам”). Таму плански се опфаќаат повеќе теми за здравствено
воспитание, какви што се:
- бременост и мајчинство (совети за време на бременоста, раѓањето, леунството);
- подучување на мајките за превенција од заболувања карактеристични за возраста на детето (пр.
рахитис, забен кариес, превенција на зглобот на колкот и др.);
- подучување на сите членови во семејството за обезбедување потребни услови за правилен раст
и развој на децата;
- исхрана на доенчето (доење и друга храна, нејзино приготвување, последици од неправилна
исхрана);
- нега на доенче (капење, повивање, нега и тоалета на папочето);
- улога на семејството во воспитувањето на детето и обука за примена на хигиено-диететски
режим и други постапки во терапијата и рехабилитацијата на заболените и хендикепираните деца;
- улога на систематските прегледи, имунизацијата и спречување и сузбивање на заразните
болести;
- следење на психофизичкиот развој.
Здравственото воспитание може да се спроведе преку проекти, работилници, курсеви (курс мајка
и дете), кои можат да започнат во здравствената единица за жени (за време на бременост) и да
продолжат во советувалиште за деца (по породувањето). Курсевите ги планираат и спроведуваат тимови
од: гинеколози, акушери, педијатри, лекари од општа медицина и медицинските сестри или акушерки.

5.3.2 Диспанзерскиот модел во дејноста за училишни деца и младина е поврзан со целта на


здравственото воспитание на училишните деца и младинци за изградба на здрави сестрано развиени
личности, способни да се грижат за себе, за здравјето, за околината и заедницата. Во пракса, во
Македонија, денес, училишната медицина во рамките на превентивните програми, има нагласена улога
во делот за систематски прегледи, вакцинации и здравствено воспитание. Во согласност со педагошките
правила и диспанзерскиот модел за работа на дејноста за училишна медицина, се планираат методите и
средствата за здравствено воспитание. Содржините зависат од општо познатите здравствени проблеми за
возраста, како и од конкретно присутните на подрачјето кај оваа категорија од населението. Најчести
проблеми со кои се соочуваат училишните деца и младинци се: болести од незаразно потекло (анемија,
кариес, нарушување на исхраната со здебеленост или потхранетост), деформитети на 'рбетот,
нарушувања на видот (миопија), вродени срцеви мани, рамно стапало, нарушување на говорот и др.); и
инфективни болести (заразна жолтица-хепатит, исипни грозници, ентероколитис и др.).

12
Активностите се насочени кон непосредно поттикнување, развивање ставови на однесување врз
база на другарство и хумани односи меѓу половите и активирање и слободно размислување. Најчести
здравствено-воспитни теми наменети за училишните деца и младинци се: поим за здравје и здравствена
култура; хигиена и хигиенски навики; значење на правилна исхрана; сон, одмор и рекреација; заразни
болести (причини, ширење и заштита); сексуално-преносливи болести; водоснабдување и диспозиција на
отпадните материи; хумани односи меѓу половите; менструација и хигиена; имунизација; насилствата
меѓу младите и превенција; заштита од кариес и хигиена на забите; бременост и заштита, љубов, брак
итн. Темите и пристапот се усогласуваат според возраста на учениците. Во спроведувањето на
активностите најзначајно место имаат лекарите специјалисти по училишна медицина, лекарите по општа
медицина, медицинските сестри, педагозите, психолозите, наставниците и др. Во образовните
институции најдобро е здравственото воспитание да биде посебен предмет, или темите да се вклопени во
сродни предмети за сите одделенија/класови на задолжителното образование (основно и средно).

5.3.3 Диспанзерски модел во дејноста за здравствена заштита на жените (специјалистичка


служба по гинекологија во примарната и во секундарната здравствена заштита). Целта на
здравственото воспитание во службата за заштита на здравјето на жените е, преку диспанзерскиот модел
на работа, да се унапреди здравјето на жената, посебно за планирање на бременост, за време на
бременост, породување и леунство. На тој начин се постигнува жената:
- да добие информации за нејзините права, статусот во општеството, правата од здравствено
осигурување;
- да осознае дека здравјето претставува најголема општествена вредност;
- да ја користи здравствената служба за контрола на своето здравје;
- да ја знае (прифати) контрацепцијата како мерка за заштита од бременост;
- да презема мерки за рано откривање на малигните неоплазми (самопреглед на дојка и др.);
- да ја користи здравствената служба кога ѝ е нарушено здравјето.
Кај жените се сретнуваат значајни здравствени проблеми, како што се: несакана бременост,
(голем број) абортуси, малигни неоплазми на гениталните органи, воспалителни промени, нарушување
на менструалниот циклус, насилство од сексуалниот партнер итн. Темите за здравствено воспитане се
одбираат како општи и приоритетни за локалната популациска група. Најчести содржини се:
- анатомија на женските генитални органи;
- оплодување, забременување и планирање на семејството (контрацепција);
- запознавање на факторите кои влијаат на интраутериниот развој на плодот;
- абортусите и штетните последици;
- превенција на воспалителните промени;
- рано откривање на малигни неоплазми на дојката и гениталните органи.
Освен во службата за гинекологија, здравствено-воспитни активности за жените се спроведуваат
и во дејноста општа медицина (особено на селско подрачје), како и во рамките на поливалентната
патронажна дејност. Носители на здравствено-воспитните задачи се гинеколози, акушери, лекари по
општа медицина, акушерки и медицински сестри. Добар метод на работа е организирањето здравствени
работилници и курсеви.

5.3.4 Диспанзерскиот модел на дејноста за здравствена заштита на работниците, во ПЗЗ и


Институт за медицина на трудот. Здравствено-воспитната работа во претпријатијата има посебни
специфики. Во одделни работни средини со различни техничко-технолошки процеси присутни се
различни штетни агенси. Иако со Законот за здравје и безбедност за работа прецизно се регулирани
обврските, на многу работници не им се познати здравствените ризици на работното место (содржани во
изјавата за безбедност при работа). Кај некои од нив се појавуваат здравствени проблеми како резултат
од лоши работни услови, недоволна адаптација и заштита, несоодветна исхрана, нередовно добивање
плата итн. Појавата на инвалидност од професионални болести и несреќи на работните места не е мала.
Здравственото воспитание во претпријатијата се спроведува преку диспанзерскиот модел за
функционирање на дејноста. Тоа опфаќа активности за:

13
- подучување на работодавачите и работниците за воведување и практикување соодветни здрави
услови за живот и работа, примена на сите потребни мерки за заштита при работа и подобра адаптација
на работното место;
- подигање на здравствената свест и култура на работниците;
- подучување (континуирана едукација) на работодавачите, раководителите и работниците за
добра производна пракса и спроведување стандарди (на пр. ISO).
Здравственото воспитание во претпријатијата го спроведуваат стручни тимови: лекари
специјалисти по медицина на трудот, лекари од општа медицина, медицински сестри, психолози,
социјални работници и др. Поради поширокото значење за заедницата, работниците кои работат во
прехранбената индустрија работат под посебен режим. При вработување тие посетуваат курс за знаење
на хигиенскиот минимум во тие претпријатија, односно за запознавање со условите за хигиенско
одвивање на процесот на работа.
Здравјето на работниците има многу конкретна економска димензија. Менаџерите задолжени за
здравствена едукација на населението (на пр. Дирекцијата за храна при Министерството за здравство)
подготвуваат стратешки, регионални и локални програми преку кои работниците се едуцираат за
заштита на своето здравје, за примена на стандардите во производството и за заштита на околината.
Првенствено од економски причини, во работните колективи луѓето се мотивирани да спроведуваат
правилни постапки кои произлегуваат од специфични потреби на многу работни места и, притоа, по
потреба ги менуваат нивните ставови и навики во согласност со условите во колективот. Менаџерите и
нивните советници ги вградуваат овие сознанија во соодветни проекти и активности за здравствена
едукација на персоналот. Се применува здравствен, психосоцијален, педагошки и економски пристап со
континуирана едукација на сите вработени. За одделни професионални дејности се формираат
консултантски тимови кои ги определуваат приоритетите, моделите и содржините во здравственото
воспитание. Консултанти се медицинари (лекари специјалисти по медицина на трудот и други), педагози,
социолози, инженери за заштита при работа, економисти, правници и др.
Евидентни се здравствените проблеми условени од технологијата во одредени занимања,
првенствено во хемиската индустрија, металургијата, рударството, градежништвото, сообраќајната
логистика, земјоделското стопанство и сл. Се следи морбидитетот и морталитетот кои се директно
поврзани со работното место, се прават анализи и се преземаат потребни активности. Како најчести се
наведуваат заболувања од негативното влијание на работната средина и неадаптираноста, повредите на
работа, нервозите, мобингот, интерперсоналните судири и стресот. Регистрирани се случаи во кои
сигурноста и здравјето на персоналот и нивната социјално-економска состојба се подредени на пазарните
закони и профитот. Затоа здравственото воспитание, како дел од промоцијата на здравјето, има за цел и
подигнување на свеста и влијанието на работниците за подобрување на состојбата.
Доброто здравје на популацијата која произведува или дава пазарни услуги директно влијае на
севкупната благосостојба на населението. Новите технички и технолошки ризици наложуваат и
поседување на нови знаења, вештини, мерки и опрема за заштита на здравјето. Постојаниот недостиг на
време, брзањето и оддалеченоста на работните места се дополнителни негативни фактори за оштетување
на здравјето на работниците.
Медицината на трудот и инспекцијата на трудот се консултанти и извршители во врска со
зачувувањето и унапредувањето на здравјето на работниците во претпријатијата. Во акциите за
спроведување здравствена едукација во претпријатијата потребно е да биде вклучена и локалната
здравствена служба, матичните (избрани, семејни) доктори како и инженери од посебни технички и
технолошки струки. При планирањето, специфично се согледуваат проблемите и приоритетите и се
анализираат резулататите од систематски и контролни прегледи и вкупниот морбидитет и морталитет на
работниците. Најчесто здравствената едукација се спроведува преку групни методи. Индивидуалните
методи се применуваат како советување за време на консултации и прегледи во лекарските ординации.
Пример претставува веќе споменатата здравствена едукација во прехранбената индустрија и рестораните
за јавна исхрана. Со посебен пропис е регулирано за одредени работни места вработените да поседуваат
сертификат за завршена едукација за здравствен (хигиенски) минимум за производство или работа со
хранливи продукти. Со континуирана едукација се осовременуваат нивните знаења и вештини, а со
контрола се придонесува за правилно спроведување на стандардите. Проектите и кампањите за
доедукација или преквалификација опфаќаат области, теми, методи и наставни средства за здравствена

14
едукација. За групи кои опфаќаат работни места со слична проблематика (еднаков здравствен ризик) се
планираат повремени курсеви. Вработените треба да бидат инволвирани за интерактивно учество во
едукативните процеси уште од оперативното планирање па се до евалуацијата. Тие со својот интерес,
прашања и укажувања на примери и практични проблеми придонесуваат за остварување на целите.
Амбиентот во потесната и пошироката околина на работните места во претпријатијата потребно е да
биде исполнет со еколошки примери и здравствено воспитни пораки кои укажуваат за примена на
стандардите. Сепак, од педагошки аспект, се посочува искуството, дека премногу чести повторувања на
исти содржини можат да произведат одбивни ставови и намалување на интересот кај работниците.

5.4 Здравствена едукација во рамките на здравствено советувалиште

Здравствено советувалиште може да биде самостојно (на пр. раководено од невладина


организација), или дел од друга институција или дел од здравствена установа.
Менаџерите и на примарно и на секундарно ниво на здравствена заштита треба да организираат
здравствени советувалишта за работа со специфични групи од населението. Советувалиштето најчесто е
посебно определен и опремен дел од здравствената установа (сместен во ист или друг објект). Таму
персоналот и средствата се насочени за унапредување и зачувување на здравјето кај специфични здрави
групи или пак за рехабилитација, адаптација и ресоцијализација за кои може да се организира и работна
терапија. Персоналот може да биде со цело работно време или преку повремено работно ангажирање
(part time). Здравственото советувалиште работи според подготвена специфична програма. Тоа е
опремено со дидактички (наставни) средства за обуки и едукација. Често тоа може да биде SOS центар со
бесплатно телефонско јавување и анонимно советување. Се користат едукативни методи и средства кои
се непосредно приспособени за секоја лекција од програмата (проектот). Во нив се работи со поединци
или мали групи, како што се млади мајки, здрави деца или луѓе засегнати од некој здравствен проблем и
сл. Важно е содржините да се обновуваат, приспособуваат и осовременуваат и плански организирано да
се спроведува здравствена едукација и обука за вештини важни за здравјето.

5.5 Здравствено воспитание во рамките на патронажната здравствена дејност

Зачетоците на организирано дејствување на патронажната служба датираат од крајот на 19-от


век. Патронажната здравствена служба како дел од јавното здравство, во теренски услови (надвор од
здравствена установа) спроведува здравствена дејност со нагласена превентивна улога (здравствено
воспитание, обука и теренски прегледи, а во помал обем се извршуваат и куративни услуги слично на
задачите на службата за домашна посета). Поливалентната патронажна дејност има поширок дијапазон
на превентивни здравствени услуги за унапредување на здравјето. Преку неа се спроведува сеопфатна
едукација и обука како и превентивни лекарски прегледи во рамките на мала или поголема заедница
(едно семејство, еден клуб и сл.) или со поединци со специфични услови или потреби. Преку теренската
работа се следи и контролира и примената на пласираното знаење и се информираат планерите за
анализирање и препланирање.
Менаџерот на патронажната служба соработува со менаџерите на другите здравствени служби
(куративни и превентивни) и заеднички ги планираат здравствeно едукативните програми, проекти и
активности. Затоа патронажната служба како самостојна или како дел од друга здравствена установа, на
локално ниво треба да биде широко застапена и максимално да се користи во сите услови и амбиенти
како што се: приватните домови или институции за колективно домување (домови за самци и/или за
стари луѓе и сл.), во претпријатијата, во хуманитарни здруженија, спортски клубови, пензионерски
друштва и сл.
Патронажното лице (најчесто патронажна сестра) остварува непосреден контакт со луѓето на кои
им пружа услуги во нивниот секојдневен амбиент. Контактот е со поединци и/или со сите членови на
едно семејство или група. Во тие ситуации се врши лично запознавање, се согледуваат материјалните,
социјалните и културолошките услови на живеење и работа. Со непосреден увид се добиваат
информации за многу факти од животните активности и навиките како и за хигиената на исхраната,
водоснабдувањето, отстранувањето на течниот и цврстиот отпад, санитарниот јазол и сл.; тие сознаија се
користат за планирање и спроведување конкретни активности за унапредување на здравјето.

15
Кога патронажната активност се одвива во домот на корисникот се поставуваат одредени цели.
Кога во домот има новороденче целите се:
- подучување за правилна нега и исхрана на доенче или мало дете со нормаленразвој или со
одредени специфичности во развојот;
- обука за правилно поставување на пелените со нагласување на превенција од лош развој на
зглобот и исчашување на колковите;
- едукација за превенција од одредени заразни заболувања и за примена на календарот на
задолжителните имунизации;
- едукација и обука за здраво однесување во средината.
Во такви услови се применува метод на обука преку (животна) демонстрација за правилно и
детално спроведување на ралични заштитни мерки. На пример: за време на обуката за подготвка на
хранливите продукти во оброци се нагласуваат мерки и активности преку кои се зачувуваат одредени
материи од уништување во процесот на складирањето и подготовката, или за збогатување на храната со
состојки кои се потребни во поголеми количини за превенција и третман при некои специфични состојби
на организмот или во одредени биолошки фази на растот и развојот.
За патронажната дејност е задолжен патронажен тим од примарната здравствена заштита.
Кадрите во тимот, треба да имаат континуирана медицинска едукација и пошироки познавања од
социологијата, психологијата и педагогијата.
На теренот најчесто активностите ги спроведуваат патронажни медицински сестри кои под
контрола на лекарите непосредно спроведуваат делови од програмите. Овој персонал остварува
повеќенасочна релација, односно врска помеѓу корисниците и здравствената служба и другите дејности и
служби (на пр. педијатар, гинеколог, педагог, психолог, социолог, социјален работник, ветеринар, јавна
администрација, Црвен крст, училишта и др.) како и со менаџерите на службата.
Менаџерите изготвуваат годишни, среднорочни и стратегиски програми за поливалентната
патронажна дејност во согласност со спецификите на теренот и заедницата за која се организира оваа
дејност. Тие користат показатели и прават анализи и проценки на состојбите и конкретните потреби во
заедницата. Иницијативата и самостојните адаптирања од страна на извршителите не смее да стане
правило, а од друга страна не смее да биде во целина неприфатлива.
Во програмите, проектите и активностите се планираат и користат различни методи на работа со
современи нагледни средства приспособи на потребите, можностите и културните услови во конкретната
заедница. Областите, темите и лекциите се во зависност од целта и субјектите за кои се организира
патронажната дејност. Приоритетите во патологијата на населението одредуваат дел од задачите на
патронажната служба. Се дефинира ниво на стручност и минимален потребен број посети, контакти и
прегледи кај вулнерабилни поединци и групи, како што се: бремени жени, жени непосредно по
породувањето, новороденчиња и мали деца, лица во длабока старост, специфични групи (пр. заболени од
болести со изразено социјално медицинско значење), кај одредени заедници и сл.
Во некои средини и во зависност од условите и потребите патронажниот персонал се овластува и
оспособува за давање и извесни технички и административни здравствени услуги и за помош и
координација за згрижување болни поединци и прием во болница или за барање помош од социјалниот
работник и сл.
Во услови кога здравствените менаџери на различни нивоа планираат програми кои ќе се
спроведуваат на теренот, во заедниците со локален, регионален или национален обем, потребно е да
координираат ангажирање и на поливалентната патронажна служба и да користат искуства и
информации со кои располага таа. Патронажната сестра која веќе имала посети кај населението полесно
може да мотивира голем број луѓе да се вклучат во некоја конкретна здравствено-воспитна акција која се
спроведува во таа заедница. Населението полесно го прифаќа патронажниот персонал кој веќе имал
искуство, па така и новите здравствени програми можат посигурно да функционираат на теренот.
Теренската работа на патронажниот персонал има одредени специфичности и потешкотии кои
мораат да се познаваат и во зависност од конкретните услови да се предвидат и отстрануваат. Така
оддалеченоста на корисниците условува потреба од организиран превоз. Специфичните климатски
услови и пристапноста на патиштата во некои терени можат да бидат доста тешки. Потребно е добро да
се познаваат културолошките и карактерните особини на корисниците и според тоа соодветно да се
постапува. Средбите и контактот со корисниците мора да биде со благовремено договорање на

16
термините заради одбегнување ситуации на неуспешна посета поради отсуство на корисниците. Доколку
менаџерите повремено или почесто го ангажираат патронажниот персонал за дополнителни други
активности патронажните програми ќе бидат запоставени и резултатите ќе бидат помали. Потребно е да
се практикуваат стандарди за службата: соодветна обука за стандардизирана постапка со корисниците и
поседување соодветна исправна опрема и средства за работа на терен и правилно мотивирање и
континуирана едукација на персоналот. Потребно е менаџментот да обезбеди и соодветни работни
услови во здравствената установа: работен простор за подготвка и анализи, мебел, картотека, депо за
податоците и сл.
Како пример овде се опишани информациите кои ги согледува патронажната сестра за време на
посета во едно семејство:
- здравствената состојба на сите членови и на секој член поединечно како и нивното здравствено
однесување (стил на живеење);
- влијание на факторите од надворешната средина (околината);
- дали семејството како заедница добро функционира и практикува здраво живеење;
- како семејството ги решава здравствените проблеми и со кого соработува.
Во патронажните активности се применуваат најпогодни методи и средства (на пр. интервју,
групна дискусија и животна демонстрација). Поливалентната патронажна дејност треба да ги поврзува
здравствено-воспитните програми во локалната заедница, училиштето, претпријатијата и домовите и на
тој начин се заоктужува здравственото воспитание со поединецот, семејството и заедницата како целина.

5.6 Здравствена едукација во рамките на стоматолошката дејност

Менаџерите кои планираат и организираат здравствена едукација за локален, регионален или


национален обем, во рамките на своите задачи, во здравствените установи, во образовните институции и
кај општото население го опфаќаат и здравјето на устата и забите. Од стручен аспект, во прв ред,
спроведувањето на овие задачи е преку стоматолошката дејност. Населението мора да ги познава
правилата за хигиената на устата и забите, некои начини за превенција од заболувања и основите на
временскиот и анатомскиот развој и раст на забите, како и факторите кои имаат влијание врз тие
процеси. Денес во голема мерка тука го наоѓаат својот интерес и многуте големи производители на
средства за масовна лична употреба во домот, кои преку одлични рекламни пораки, покрај
рекламирањето, спроведуваат и здравствена пропаганда, информирање, едукација па и обуки. Сепак,
точната информација е многу важна и за децата и за родителите (на пример: кој вид на четкичка е добар,
како таа правилно се користи, како храната влијае врз здравјето на забите, големото значење на
редовната стоматолошка контрола на забите и усната празнина).
Докторите на стоматологија остваруваат здравствено-едукативна програма за време на
индивидуални посети или при систематски прегледи на пациентите (на пр. на ученици, кај одредени
професии и други групи). Тие организираат и спроведуваат предавања, трибини, разговори и сл. За разни
методи и техники тие користат соодветни наставни средства (постери, мултимедијална техника, модели),
односно (животна) демонстрација, нагледно четкање на забите и одржување на хигиената и нега на
усната празнина и сл.
Другиот стоматолошки персонал (стоматолошка сестра-техничар и сл.) исто така се вклучува во
делови од едукативните програми како при поединечни контакти пред и по стоматолошкиот преглед или
интервенција, така и при нагледно покажување правилни постапки од таа област пред организирани
мали групи слушатели. Тие, исто така, може да дистрибуираат здравствено-пропагандни материјали:
летоци, тест пакувања на паста за заби или вода за уста и сл.

5.7 Здравствена едукација во рамките на аптекарска дејност и фармацевтска индустрија

Менаџирањето на здравствената едукација на национално ниво плански треба да ја опфати и


работата на аптеките на локално ниво, на веледрогериите на регионално ниво и на фармацевтските и
козметичките производители на национално ниво.
Аптекарската дејност (служба) е многу погодна средина за здравствено воспитна работа. Во
аптеките, населението набавува лекови, санитетски, помошни, козметички и слични производи (во

17
согласност со одобрението за промет). Здравствено-воспитна активност во аптеките се спроведува и
преку информативни и едукативни постери, брошури и летоци. Во нив има општи хигиенски и
здравствени содржини кои често тематски се поврзани со некој од производите кои можат да се купат во
аптеката. Информациите можат да бидат подетални за некое заболување или за практикување мерки за
здраво живеење или во врска со користењето лекови и помошни лековити средства и додатоци за
храната. Корисниците се подучуваат преку индивидуално усмено советување како да ги користат
производите од аптеката; може да се вршат промоции на производи за одржување на личната хигиена и
козметиката и сл. Покрај спроведувањето планска здравствена едукација, во аптеките е потребно и
контролирање на придржувањето кон забраната за рекламирање одредени производи.
Фармацевтската индустрија денес вложува значителни средства за континуирана едукација на
медицинските професионалци и за едукација на населението, често поврзана со маркетинг на своите
производи. Планерите од јавното здравство, заради здравствена едукација на национално ниво, е
потребно е да соработуваат со фармацевтските производители и да ги усогласуваат плановите и
активностите во корист на потребите на населението како и во корист на производството и
потрошувачката.
Сѐ позачестено е дејствувањето на фармацевтската индустрија и приближувањето кон целни
групи или општото население преку Интернет, со поставување информативни и/или едукативни веб
страници со можност за интерактивна комуникација.

5.8 Здравствена едукација во рамките на специјалистичките служби од


превентивната дејност

Во Република Македонија специјализираната превентивна здравствена заштита (јавно здравство)


е организирана на секундарно и терцијарно ниво. Водечки специјалности се социјално-медицинската,
хигиената со медицинска екологија и епидемиологијата. Во рамките на здравствените региони
функционираат јавноздравствени установи како центри за јавно здравје (некои од нив имаат и
дисперзирани единици), а на национално ниво функционира републичка установа за јавно здравје како
Институт за јавно здравје и еден Институт за превентивна медицина во рамките на Министерството за
одбарна. Менаџерите во другите здравствени институции, владината администрација и други институции
соработуваат со овие установи за прашањата за здравствена едукација на населението.
Превентивните дејности, преку сите нивни капацитети (служби и институции), како дел од
вкупниот национален здравствен систем, имаат законско, професионално, морално и ексклузивно право
и обврска во најширок обем да изведуваат здравствена едукација. На секундарно ниво тука се
првенствено центрите за јавно здравје. Во нив здравственото воспитание е програмска задача која во
голем обем се спроведува во службата за социјална медицина (одделение за здравствено воспитание).
Здравствено-воспитните содржини се презентираат во установата и во различни средини на теренот,
притоа се води уредна евиденција и се врши евалуација. Социјално-медицинската служба прибира
податоци и изготвува извештаи и за реализирано здравствено воспитание од сите други институции и
установи кои се наоѓаат во регионот кој е во нејзина надлежност. Во зависност од локалните и општите
потреби се определуваат темите, целните групи, реализаторите, се користат различни методи и средства.
Менаџерите преку овие служби обезбедуваат општа општествена, интерсекторска, законодавна и
административна поддршка, од нив добиваат индикатори и анализи кои ги користат во планирањето,
програмирањето, реализацијата и евалуацијата на програмите за здравствена едукација на населението.
Тука постои големо ангажирање во процесот за здравствена едукација на населението заради
остварување превентивни цели на сите нивоа на превенција. Многу е значајно во превентивните
здравствени институции да се воспостави, опреми, одржува и користи медиотека за современа
здравствена едукација. За таа намена се формираат и специјализирани изложбени поставки и музеи. Во
наставните кабинети се подготвува и изведува едукација за актуелни и трајно значајни здравствени
прашања и проблеми со поголемо социјално медицинско значење, какви што се одржувањето на доброто
здравје или хроничните дегенеративни заболувања, повредите и заразните болести. Покрај здравството,
во заеднички активности се интегрира и стопанството, образованието и владината администрација. Се
развиваат и приспособуваат и методите и средствата за здравствена едукација и обука.

18
На повисоко, терцијарно ниво во Република Македонија, високоспецијализирана превентивна
здравствена установа за јавно здравје е Институтот за јавно здравје. Во продолжение се изнесува дел од
работата за здравствено воспитание во неговата организациска единица Сектор за социјална медицина -
Одделение за здравствено воспитание:
- спроведува здравствено-воспитна дејност преку изработка на глобални и специфични
републички програми за здравствено воспитание;
- учествува во спроведување на конкретни активности на терен во врска со спроведување на
одделни програми;
- ја следи реализацијата и евалуацијата на резултатите;
- планира и координира акции за промоција на здравјето;
- соработува со СЗО заради остварување на активности во врска со промоцијата на здравјето;
- дава стручно-методолошка помош;
- учествува во образовната дејност и едукацијата на здравствените кадри од сите профили, од
областа на здравственото воспитание;
- непосредно соработува со средствата за јавно информирање, хуманитарните организации,
здруженија и асоцијации од земјата и од странство;
- спроведува публицистичка дејност преку изработка на публикации и здравствено-воспитни
средства (брошури, плакати, летоци и др.);
- врши истражување од областа на историја на медицината.

5.9 Здравствено воспитание во болниците

Болниците првенствено се наменети за лекување на луѓе во стационарни услови. Се настојува


таму престојот да биде колку е можно пократок. Менаџментот во болниците опфаќа, помеѓу другото,
планирање, организирање и спроведување здравствено воспитание на пациентите. Преку здравствениот
и другиот персонал и болниот и семејството се запознаваат со карактеристиките на актуелната болест,
почнувајќи од превенцијата, пропустите, причините, раната и задоцнетата дијагностика, условите за
лекување и рехабилитација. При подолготрајно лекување во болница (на пример, во хостели), покрај
здравствената едукација, можат да се планираат и други проекти, како што се менување на навики,
ставови, работна терапија и сл.
Од првиот контакт, при приемот и сместувањето во болницата, се започнува со запознавање со
куќниот ред во просториите на болничкото одделение, режимот на исхрана, лична хигиена, одмор и
уредност на леглото и тераписките правила, секако доколку тоа го дозволува карактерот на болеста и
состојбата при приемот или тоа се спроведува постепено подоцна во текот на лекувањето. Посебно е
значајно да се планира здравствена едукација со родители (најчесто мајки) придружно сместени со болни
мали деца. Придружниците се едуцираат за максимално одржување на хигиената и спецификите во
негувањето на болниот и истовремено се подучуваат кон вештини за севкупно здраво живеење.
Се планираат активности и со лицата кои ги посетуваат болните (семејство, роднини, пријатели и
др.). За нив се планира минимално запознавање со режимот на посетите, времето, должината, куќниот
ред и хигиената, а се со цел да придонесат за побрзо заздравување на болниот и избегнување на ризикот
од пренесување контактни заболувања.
Плановите за здравствено воспитание на болните опфаќаат општи и специфични здравствени
теми. Конкретно се прават приспособувања за индивидуален пристап во зависност од претходните
знаења на болниот, а се организираат активности и за мотивирани мали групи. Нивото и интензитетот на
обуката се дозирани според фазата на болеста. Болницата има многу простори во кои може да се
пласираат нагледни средства за здравствена едукација. Може да се користи и интерна радио или
телевизиска програма и сл.
Сместувањето на пациентите во болница, покрај негата, лекувањето и рехабилитацијата,
овозможува и спроведување на здравствено воспитние во поинакви услови од оние во примарната
здравствена заштина. Има повеќе видови болнички установи: општи и специјални болници, клиники и
природни лекувалишта, дневна болница и хостел. Во овие установи можат да се користат различни
методи. Таму пациентите имаат слични здравствени проблеми, престојуваат подолго време, а се од
различни места на живеење и имаат различни ставови за болеста, и предрасуди. Нивната грижа за

19
болеста и желбата повеќе да научат за неа е мотив кој се користи за успешно здравствено воспитание.
Тешкотии произлегуваат од фактот дека во болница се хоспитализираат пациенти со поголемо
нарушување на здравјето. Тие се преокупирани со болеста и најмногу сакаат да научат за неа, па други
теми не ги интересираат, а можат да бидат и депримирани и да одбиваат соработка. Одвоеноста од
семејството, губење на личниот комфор и интимност (повеќе пациенти во иста соба) и ограниченото
одлучување за начинот на живот и потребите, како и недоволното познавање на пациентите помеѓу себе
(имаат различни предрасуди, обичаи, навики, систем на вредности и култура на однесување), ја отежнува
работата во групата. Приоритетот на итност во пружање на интервенциите и болничкиот амбиент кој
постојано потсетува на болест и неизвесност, се стресогени и може да причинат анксиозност. Од друга
страна некои здравствени работници немаат правилен професионален однос за воспоставување
постојани меѓусебни контакти со пациентите, немаат време за спроведување превентивни активости и за
унапредување на здравјето. Може да се случи пациентот да ја напушти болницата, без да дознае многу за
превенција на неговата болест (преку хигиено-диететски режим, совет, предавање, нагледни средства и
сл). Кај некој пациент, по приемот во болница, може да се потенцира или открие конфликт, без разлика
на претходната психичка стабилност, поради чувство на страв, напнатост, неизвесност (посебно кога е во
прашање хируршка интервенција). Во таква состојба болниот очекува од здравствените работници да
биде охрабрен и сфатен и постојано да добива информации за здравјето. За спроведување на
здравственото воспитание, важен е ставот и довербата на пациентите кон здравствените работници. Исто
така важен е и внатрешниот и надворешниот изглед на здравствената установа. Подобрување на
амбиентот и изгледот на болниците е мотив и стимулација на болните во борбата со болеста, поголемата
соработка со здравствените работници, што може да резултира со побрзо оздравување и натамошно
спречување и сузбивање на болестите. Добрите хигиенски услови се предуслов за стекнување позитивно
искуство, кое може да се искористи во здравствено-воспитната работа со пациентите. Секогаш
дијагностичко-терапевтски треман треба да биде придружен со здравствено-воспитни активности.
Притоа треба да се применат соодветни здравствено воспитни методи на работа, техники и средства.
Такви се: интервју, работа во мала група, дискусиони групи, предавање, здравствена изложба, користење
на библиотечен фонд, апликација на брошури, флаери и др. Се одбираат теми за: запознавање на
пациентите со нивната болест и давање совети за тераписките процедури, режимот на исхрана и др., за
промена на однесувањето кое води кон подобро здравје, за правилен начин на живот по излегување од
болница како и за појаснување на односот пациент - здравствен работник. Стручни медицински и
немедицински кадри учествуваат во спроведувањето на активностите за здравствено воспитание
(медицински сестри, лекари, клинички психолози, социјални работници и други соработници). Од
здравствено-воспитен аспект многу е важен изгледот на секој здравствен работник, а посебно на
медицинската сестра (униформата мора да биде чиста и уредна, да е направена од материјал кој се пере
на висока температура, суќната да биде пристојно долга, фризурата секогаш да биде уредна, а лицето
скромно нашминкано). Во контактот со болниот значаен е стилот на однесување на здравствениот
работник (пријатна боја на тонот на гласот, блага насмевка, почитување на професионалната тајна,
сочувствување со болката на болниот, разговорот да биде одмерен, да помага за надминување на стравот
итн), во спротивно, може да предизвикува страв, недоверба, па дури и агресивно однесување на болниот.

6. МЕНАЏИРАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНАТА ЕДУКАЦИЈА ВО ОДДЕЛНИ


НЕМЕДИЦИНСКИ ИНСТИТУЦИИ И ПРОФЕСИИ

„Општеството што ги потценува медицината, превенцијата и здравственото воспитание,


ги преценува своите сили“ ~ Веселин Борисов, Дончо Донев ~

6.1 Здравствена едукација во рамките на установи во кои престојуваат деца од


предучилишна возраст

Планирањето на здравствената едукација на национално ниво содржи дел кој ги опфаќа и


предучилишните установи (јасли, градинки, игротеки, предучилишни клубови и сл.). Во нив преку

20
вработениот персонал и преку поканети едукатори се спроведуваат специфични активности за
здравствена едукација со цел:
- децата навремено да развијат правилни сфаќања и ставови за важноста на здравјето;
- децата непосредно, на локално ниво, да се вклучат во организирани акции за унапредување и
чување на здравјето и животната средина, секако во согласност со возраста;
- децата да стекнат и спроведуваат позитивна практика на хигиенски начин на живеење,
откривање на штетните навики и фактори и за промена на погрешни знаења и ставови во врска со
здравјето, како и тие да се залагаат и да бараат од другите да ги поддржуваат.
Во овие институции многу е значајно амбиентот на средината во која престојуваат децата да биде
максимално уреден според хигиенските стандарди и да содржи здравствено-едукативни содржини.
Персоналот, во соработка со здравствени професионалци, хуманитарни организации и родители-
волонтери непосредно ги спроведуваат здравствените проекти и активности. Планот ги опфаќа оние
методи кои се најсоодветни за групата. Наставните средства исто така е потребно да бидат строго
селектирани и соодветни за возраста. Кај децата голема ефикасност се постигнува преку индивидуални,
групни и комбинирани методи и обука со демонстрација, играње „туѓа“ улога, куклен театар со
здравствени содржини и др. Децата се ангажираат активно да учествуваат, заеднички ги формираат
ставовите, донесуваат одлуки и преземаат обврски за зачувување на здравјето и околината.

6.2 Здравствена едукација во основните и средните училишта

Во врска со здравствената едукација во формалното, задолжително образование (анг. compulsory


education) преовладуваат мислењата дека е потребно системски и задолжително плански таа да се
спроведува во училишната популација. Менаџментот задолжен за здравствена едукација на населението,
преку национални програми, проекти и активности, стратифицирани според специфичните фази на
биолошкиот раст и развој на учениците потребно е да овозможи достигнување на целите на промоцијата
на здравјето, опфаќајќи ја оваа специфична популација која е во фаза на интензивно учење. Стручни
советници за планирање се лекарите специјалисти по училишна медицина, педагозите, социолозите и
дефектолозите. Училишната средина има големо влијание врз формирањето навики во овој специфичен
период од човечкиот живот. Тоа е она влијание кое му недостига на индивидуалното учење и учењето на
далечина. Стандардите кои ги пропишува училишната медицина за оваа средина мораат да бидат
максимално застапени во сите делови кои се поврзани со наставните и воннаставните училишни
активности. Во целост е потребно да се спроведуваат техничките услови за училниците, кабинетите,
мебелот, греењето, осветлувањето, вентилацијата, санитарните јазли, водоснабдувањето, организираната
исхрана на учениците и др.
Плановите нема целосно да ја постигнат целта доколку не се спроведува континуирана
доедукација на професионалните едукатори во училиштата, подобрување на нивната стручност и
вештини како и нивно мотивирање заради доследно пренесување на знаењата потребни за создавање
позитивни навики во врска со здравјето кај учениците. Здравствените професионалци се вклучуваат во
многу активности заедно со едукаторите од училиштата. Тие помагаат во правењето акциски планови, во
нивната реализација и во континуираната едукација.
Програмите и за оваа популација се засновуваат врз претходни анализи на ситуацијата (потреби,
барања, приоритети и специфичности) и вградување на искуствата од широката (меѓународната)
заедница. Специјалистите по училишна медицина соработуваат за овие прашања со менаџментот на
школите и со здравствениот менаџмент. Од анализите на систематските прегледи на учениците и
следењето на здравствената состојба и хигиенско-епидемиолошката состојба се извлекуваат заклучоци и
предлози за дефинирање или предефинирање на среднорочните програми. Наставните методи и средства
и тука е потребно да бидат соодветно испланирани и применети. Доколку се оформи здравствено
координативно тело во училиштето поцелосно ќе се остваруваат целите за здравствена едукација. Во тоа
тело потребно е да учествува персонал од училиштето, ученици, родители и стручни соработници.
На учениците им се потребни мултидисциплинарни информации од многу области на
општественото живеење, како што е сообраќајната култура, однесувањето на јавните места и сл. Доколку
во образовните курикулуми не постои посебен предмет за здравствено воспитание, потребно е
здравствено-едукативни содржини и пораки да се вградуваат во програмите на повеќе наставни

21
предмети. Со посебни здравствено-воспитни акции се постигнува саканото ниво на ментално и физичко
здравје и социјално однесување, во согласност со промоцијата на здравјето и стандардите кои означуваат
здрав стил на живеење.
Пласираните знаења имаат поголем ефект доколку се постигне и просторот и условите во кои се
наоѓаат учениците да има позитивно поучно влијание, на пр. чиста околина, добро организирана
исхрана, добри примери од персоналот во школите, воннаставни активности, спортски активности во
сала и на отворен простор (игралишта), библиотеки и сл.
За непосредно вклучување на учениците се планираат наставни и воннаставни активности од
областа на здравјето со експресија преку ликовна уметност, поставување тематски изложби, литературни
читања, подготовка на врсничка (peer) едукација, демонстрации, работилници и сл.
И во оваа област многу позитивни ставови учениците успешно пренесуваат на други лица од
своето опкружување, па така се зголемуваат ефектите. Исто така е важно на училишна возраст да се
изградат и спроведуваат животни навики кои придонесуваат за доброто здравје, па понатаму нема да има
потреба да се вложуваат големи напори заради промена на погрешно однесување кон личното здравје и
околината.
Унапредувањето и заштитата на здравјето на учениците може да се спроведува и контролира
преку училишна амбуланта. Медицинскиот персонал задачите ги извршува во соработка со училишниот
педагог и психолог, наставниците и родителите. Заштитата и контролата на здравјето се вршат преку
систематските прегледи (вклучително здравјето на устата и забите) и превентивни активности во
ординација и во домот (патронажните посети).

6.3 Здравствена едукација во рамките на неформални простори и настани

Планерот на здравствената едукација на локално, регионално или национално ниво мора да се


запознае со распоредот и местото на одредени општествени случувања и таму да организира
спроведување на здравствена едукација. Промоцијата на здравјето е составен дел на спортските и
културните манифестации, летните кампови и др. Се договараат и користат пропагандни, образовни и
здравствено-воспитни методи и средства, кои иако се во „втор план“ во однос на водечката активност,
придонесуваат за постигнување на целта. На билбордите, постерите, летоците треба да се вградуваат и
здравствено-воспитни содржини. Можат истовремено со другите масовни случувања да се истакнат
наменски билборди, постери или да се делат брошури или усмени совети на јавни места, во автобусите,
во самопослугите, маркетите и слично.

7. ПРОГРАМИ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ВОСПИТАНИЕ ЗА ОДДЕЛНИ ЗДРАВСТВЕНИ


ПОТРЕБИ И ПРОБЛЕМИ
(програмите само информативно се опишани затоа што секоја од нив има обем на
прирачник и не е рационално во целина да се прикажат во овој учебник)

„Нека храната ви биде лек, нека лекот ви биде храна” ~ Хипократ ~

7.1 Здравствено-воспитна работа за унапредување на исхраната

Здравствени проблеми можат да се појават како резултат од неправилна исхрана, од неквалитетна


или од расипана храна. Храната и водата се дел од основните биолошки потреби на човекот. Со
внесување на храна човековиот организам обезбедува енергија, раст и развој и заштита од болестите.
Храната понекогаш се подготвува на нездрав начин. Во светот се произведува и нуди храна, која е
генетски изменета. Се случува таа да не одговара на принципите за правилна исхрана заради што можат
да се појават здравствени проблеми. Во неразвиените земји луѓето страдаат од недостиг на храна и
умираат од глад, додека во развиените земји луѓето страдаат од прекумерна исхрана.
Како резултат од неправилна исхрана, при недостиг на енергетски, градивни и/или заштитни
материи, се појавуваат болести како: неухранетост, нарушување на растот и развојот, анемии, рахитис и

22
други. Како резултат од прекумерна калорична исхрана може да се појави: гојазност, хиперлипидемија,
хипертензија, појава на срцеви заболувања, шеќерна болест и др.
Воспитанието за исхраната и навиките за правилна исхрана започнуваат во семејството, а
продолжуваат во сите социјални средини во кои се движи човекот. Рационалната исхрана е приспособена
според возраста и потрошувачката на личната енергија. Исхраната се следи во однос на квалитетот,
квантитетот, санитарно епидемиолошките карактеристики, од економски, естетски и други аспекти.
Воспитанието за исхраната има за цел:
- запознавање со нутритивната вредност, составот на одделни продукти и правилата за исхрана;
- следење на ухранетоста;
- доследно спроведување на санитарниот надзор над сите фази на производството, чувањето и
прометот на продуктите;
- спроведување на сите потребни превентивни мерки како и здравствен надзор на здравствената
состојба на лицата кои работат со хранливите продукти;
Важни нутриционистички правила се: избор на видот и количината на храна, правилно
комбинирање на хранливите производи, начин на подготовка, вкус, време за користење на оброкот,
времетраење на оброците, начин на чување, количината на внесување течности, особено вода и сл.
Хипократ пред 2500 година советувал: „Нека храната ви биде лек, нека лекот ви биде храна” со
препорака во исхраната повеќе да се употребува „лек” а помалку „отров”.

7.2 Здравствено-воспитна работа за превенција на кардиоваскуларните заболувања

Болестите на срцето и крвните садови се застапени со висок процент кај возрасната популација и
се на прво место во морталитетната статистика. Како најчести фактори за нивно појавување СЗО ги
посочува следните: артериска хипертензија, пушење цигари, физичка неактивност, стрес,
хиперлипидемија, зголемена телесна тежина, дијабет, генетски фактори (фамилијарна предиспозиција),
конгенитални аномалии на срцето, ревматска треска и други заболувања на срцето.
Начинот на исхрана, количината на внес на храна во организмот, растојанието помеѓу оброците и
квалитетот, можат да бидат одговорни за појава на коронарните болести. Се смета дека покаченото ниво
на холестерол (ЛДЛ) може да биде фактор за појава на овие болести (атеросклероза). Нивото на
холестерол во крвта зависи од: наследни фактори, видот на мастите кои се внесуваат со исхраната,
количината на храна која се внесува и др. Мастите се важен извор на енергија и се од значење во
метаболизмот на витамините А, D, Е, К. Во некои масти се присутни есенцијални масни киселини.
Заситените масти во поголема мерка се одговорни за болестите од исхраната. Јаглените хидрати - шеќери
во исхраната се важен извор на енергија потребен за одвивање на животните функции. Вишокот шеќер
(внес во организмот во поголеми количини од енергетските потреби) се претвора во триглицериди, чие
зголемување може да предизвика појава на болести на крвните садови и срцето. Значаен фактор на
ризик е внесот на поголеми количини калории во исхраната. Затоа е потребно познавање на енергетската
вредност на животните намирници.
Физичката активност е неопходна за нормално одвивање на важните животни функции и како
регулатор на телесната тежина. Таа ја регулира потрошувачката на внесените енергетски материи,
дотокот на крв и важни материи кон срцевиот мускул, го намалува нивото на холестерол и триглицериди
во крвта и др. Слабата физичка активност е фактор на ризик за појава на болести на срцето и крвните
садови.
СЗО ги предлага следните мерки на превенција:
- здравствено воспитание за намалување на пушењето;
- регулирање на исхраната;
- физичка активност преку разни видови рекреација и спортување;
- превентивни мерки кои водат кон намалување на ризичните фактори (зголемен холестерол,
хипертензија, зголемена телесна тежина);
- унапредување на ефективни и прифатливи методи за дијагноза и рано откривање, лекување и
рехабилитација;
- унапредување на итната медицинска помош и патронажната дејност.

23
Здравствено-воспитната работа за превенција од кардиоваскуларните болести може успешно да
се спроведе преку соодветна програма (таб. 1).

Табела 1. ПЛАН за здравствено воспитание и превенцијата од кардиоваскуларните болести:


Содржина-тема Методи Средства Стручен тим Време/Место
1 Основни знаења за: Воведно Агитки, Лекар или Кабинет за
- функцијата на КВС, предавање и плакати, медицинска здравствено
- факторите на ризик и групна дијапозитиви, сестра со воспитание
- најчестите последици и дискусија филм и др. ВСС
заболувања
2 Основни правила на Воведно Агитки, Лекар или Кабинет за
исхрана за смалување на предавање, плакати, медицинска здравствено
факторите на ризик за групна дијапозитиви, сестра со воспитание
КВБ, и спречување на дискусија, филм и др. ВСС,
состојби на влошување и интервју Диететичар
компликации
3 Значење на правилно Воведно Агитки, Лекар Кабинет за
дишење за подобра предавање плакати, физиотера- здравствено
циркулација, телесно и групна дијапозитиви, певт, воспитание
душевно опуштање дискусија, филм и др. медицинска
интервју де- сестра со
монстрација ВСС
4 Правилно користење Воведно Агитки, Лекар или Кабинет за
на слободно време и предавање и плакати, медицинска здравствено
умерена физичка групна дијапозитиви, сестра со воспитание
активност дискусија филм и др. ВСС
5 Оспособување на Како На пр. апарат Медицинска Кабинет за
болните за самопомош, претходно + за мерење на сестра со здравствено
самоконтрола и самонега демонстра- крвен ВСС воспитание
ција притисок
Извор: Десанка Ракиќ: Здравствено воспитание, Графичко атеље „Кум“ Београд, 2001, стр. 199

Во прикажаниот план погоре времето не е прецизирано. Тоа зависи од бројот на слушатели и


местото на реализација. На пример, реализацијата во болничко одделение или болничка соба ќе зависи
од организацијата на работа и од здравствената состојба на пациентите кои се хоспитализирани (активно
подвижни или неможат сами да стануваат од креветот) и сл.

7.3 Здравствено-воспитна работа за превенција на малигните заболувања

Малигните неоплазми од социјално-медицински аспект ги имаат следните карактеристики: ги


има во голем број и на сите места; имаат катастрофални последици по здравјето и животот; лекувањето е
долготрајно и скапо; тие се економски товар за човекот и заедницата; сѐ уште не се доволно разјаснети
причините за нивното настанува, но некои од познатите фактори на ризик можат успешно да се
превенираат (таб. 2).
Здравствено-воспитните програми за превенција од малигните неоплазми се спроведуваат на
трите нивоа за примарна, секундарна и терцијарна превенција.
Според СЗО постојат 7 предупредувачки знаци за рак, и тоа:
- рани кои долго време не зарастуваат (на усните, во устата, на јазикот);
- невообичаено крвавење или исцедок од дојката, матката или друго место;
- појава на затврднат дел на дојката (јазол во ткаењето) или друго место;
- промена на бојата и раст на брадавицата или бемката;
- чести промени и пречки во органите за варење;
- засипнатост која трае подолго, често кашлање или отежнато голтање;
- чести тешкотии околу мокрењето или празнењето на цревата.

24
Табела 2. Некои фактори на ризик за малигном на одделни локализации:
Локализација Фактори на висок ризик
Бели дробови Пушење, зрачење, пасивно пушење
Кожа Претерано сончање, светол тен, професионална изложеност
Дојка Години на старост, позитивна лична/фамилијарна анамнеза, исхрана
богата со масти, рана менарха/доцна менопауза
Делови од Позитивна лична/фамилијарна анамнеза, полипи, исхрана богата со
дебелото црево масти/малку диетални влакна, улцерозни колити, старост преку 50 г.
(колон/ректум)
Простата (машка Старост преку 50 г., позитивна фамилијарна анамнеза за рак на
жлежда) простата
Матка (внатрешен Хормонална супституциона терапија, рана менарха/доцна менопауза,
слој, ендометриум) старост преку 50 г.
Уста Цигари, прекумерна употреба на алкохол

Извор: Дивна Кекуш: Здравствено васпитање, ВМШ, Београд, 2005/06, стр. 107

Доколку се појават овие знаци потребна е брза реакција за благовремено откривање и


разрешување на ниво на примарната превенција. Секундарната превенција се однесува на употреба на
дијагностички методи со цел за рано откривање на малигните неоплазми, нивно навремено лекување и
рехабилитација. Програмите за секундарната превенција се однесуваат на: примена на скрининг тестови;
што поголема опфатеност на женската популација за рано дијагностицирање на малигни неоплазми на
дојката и женските генитални органи; што поголема опфатеност на машката популација за рано
откривање на малигни неоплазми на простата, бели дробови и дебело црево; редовни систематски
прегледи со поголема опфатеност и контроли на ризичните групи; спроведување на соодветна терапија
(цитостатска, хируршка, хемиотерапија, радиотерапија). Терцијарната превенција се однесува на
спроведување на правилна медицинска, професионална и психосоцијална рехабилитација, со цел
продолжување на животот на заболените од малигни неоплазми, смалување на трошоците за лекување,
намалување на инвалидитетот и предвремената смрт.
Во „Европски кодекс за борба против ракот” презентиран од СЗО дадени се следните совети:
непушење, умерено пиење алкохол, избегнување прекумерно изложување на сонце, придржување на
правилата за превенција и изложеност на познатите карценогени, консумирање свежо овошје и зеленчук
и други артикли богати со растителни влакна, избегнување гојазност и смалување внес на масна храна.
Активностите за здравствено воспитание на сите нивоа имаат за цел промоција на здравје,
унапредување на средината, вклучувајќи го семејството, училиштето и работните места. Важно е
информирање на населението за правилна исхрана, за штетните ефекти од консумирање алкохол,
пушењето и употребата на дрога. Акциониот план ги разработува темите, активностите, методите и
средствата, начините за мотивација и поддршка на сите лица да применуваат стил на живеење кој води
кон подобро здравје.

7.4 Здравствено воспитание како дел од превенцијата на ХИВ/СИДА

СИДА-та беше означена како ,,чума“, на XX век. Таа е глобален социомедицински проблем.
Лекувањето е многу скапо, засега не е секаде достапно, а резултатите се неизвесни. Добро програмирано
и спроведено здравствено воспитание сѐ повеќе резултира со подобро зачувување на здравјето.
Програмите се насочени кон семејството и во сите општествени групи (јавни простори, училишта,
работна средина, културно-забавни средини и сл.). Значајно е учеството на стручните лица и другите
авторитети, едукатори, peer едукатори, локални лидери, локални популарни личности (едуцирани за
спроведување на превенцијата од СИДА). Со едукацијата важно е да бидат опфатени луѓето со ,,ризично
однесување“, како што се: некои професии и „сексуални работници”, лица кои не практикуваат безбеден
секс, лица кои често менуваат сексуални партнери, корисници на дрога по интравенски пат, лица кои
работат со крв и крвни продукти и секрети без заштита и др.
Докажани патишта за пренос на ХИВ вирусот се:
- незаштитен сексуален однос (вагинален, анален);

25
- вертикално: од инфицирана мајка на дете (за време на бременост, породување, доење);
- преку инфицирана крв и прибор (на пр. интравенски наркомани, дупчење на делови на кожата
за обетки и пирсеви, тетовирање, акупунктура, прибор за бричење).
Според досегашните медицински сознанија ХИВ/СИДА не се пренесува преку: бакнеж, кашлање
и кивање, користење на тоалет, користење прибор за јадење, капење во базен, убод од комарец (напомена
сѐ уште во тек се многу испитувања).
За заштита од СИДА се препорачува: избор на проверен сексуален партнер и употреба на
кондом; користење интравенозен прибор за една употреба од страна на наркоман; користење само личен
прибор за бричење; контрола на приборот при користење козметички услуги, акупунктура, дупчење на
дел од кожата за обетки и пирсеви; да се избегнува секс во алкохолизирана состојба (поради намалена
критичност и зголемување на ризикот од небезбеден секс). Правила за чување на презервативи: рокот за
употреба да не е поминат; да се чува подалеку од топлина и сонце; да не се чува во џеб или во паричник
(телесната топлината го оштетува); да се провери дали е електронски тестиран.
Министерството за здравство на Република Македонија во соработка со здруженија на граѓани и
со поддршка од Глобален фонд спроведуваат обемни програми за заштита од ХИВ/СИДА. И многу други
проекти на здруженија на граѓани се насочени кон таа цел. Соработката во тие програми е потребна и
корисна.

7.5 Здравствено воспитание за сексуално воспитание и превенција на сексуално


преносни инфекции и болести

Во претходното потпоглавје посебно се зборуваше за менаџирање со здравственото воспитание


за заштита од ХИВ/СИДА поради нејзиното особено тешко и скапо лекување (социјално-медицински
проблем). Во овој дел се зборува за менаџирањето со превенцијата од сексуално преносливите болести за
кои значајно место има здравственото воспитание, заедно со унапредувањето на хуманите односи меѓу
половите и давање совети за заштита на репродуктивното здравје.
Хуманите односи меѓу половите можат да се објаснат како доживување на лична среќа и здрави
односи меѓу луѓето во семејството и во општествената заедница, со констатација дека односите меѓу
двата пола се најприродни односи. Здравственото воспитание во однос на развивање на хуманите односи
меѓу половите треба да се однесува на: давање совети во врска со предбрачно советување за меѓусебно
почитување и љубов, поделба на функциите во семејството (заштитна, воспитна, образовна, економска
итн.), со заедничко, координирано планирање на семејството. Ова советување треба навреме да се
започне во рамките на семејството. Со хуманизацијата меѓу половите се постигнува уште и стекнување
на знаења, зајакнување на вербата во себе и почитување на другите, како и позрело расудување,
поголема сигурност во донесување на одлуките и правилен избор на ставовите.
Унапредувањето на репродуктивното здравје се состои од повеќе активности кои се однесуваат
на едукација на поединецот во врска со: здрав начин на живот и полов развој, полово созревање и
сексуалност, превенција на болестите на гениталните органи, правилен избор на раѓање и одгледување
на децата, хармоничен фамилијарен живот исполнет со љубов и разбирање, без насилства и повреди.
Во периодот на адолесценција како физиолошка појава се случуваат многу промени поврзани со
однесувањето. Изборот на сексуалниот партнер и други доживувања во таа област понекогаш се
проследени со последици (практикување честа промена на сексуални партнери, евентуална определба за
прекин на несакана бременост со абортус, недоразбирања во семејството, конфликт со пријателите,
училиштето, социјалната средина) и други состојби кои можат да влијаат за ширење на сексуално
преносливи болести. Со здравствено воспитание се опфаќаат теми за: здрав стил на живот, љубов и
односи меѓу половите, планирање на семејството, забременување, бременост и нарушување во
остварување на репродуктивната функција, контрола на раѓањето - современи контрацептивни средства
и абортус, болести кои се пренесуваат по сексуален пат, ризичи начини на однесување. Така, преку
здравствено воспитание поединецот добива знаење за: сексуалната активност и искуства и возраста за
започнување со сексуален живот, изборот и бројот на сексуалните партнери, траење на сексуалната
врска, планирање на семејството, како и добро избрани информации за најчестите болести кои се
пренесуваат по сексуален пар и за превенцијата.

26
Менаџирањето со здравственото воспитание треба да им понуди одговори на младите луѓе за
прашањата:
- Кое е вистинско време за стапување во сексуални односи?
- Како да кажам ,,не“, кога не сакам да остварам сексуални односи со партнерот?
- Дали ќе знам да изберам вистински партнер?
- Која е најдобра заштита од бременост?
- Како да се заштитиме од пренесување на сексуално-преносливи болести?
- Како влијае абортусот врз репродуктивното здравје?
- Како изгледа сигурен секс?
- Со кого да се советувам и од кого да побарам помош?
Примена на сексуалното воспитување во рамки на образовниот процес често е табу тема.
Понекогаш во некои културолошки средини тоа воопшто не е дозволено. Активностите мора да бидат
добро подготвени и преку осмислени методи и техники со примена на најсоодветни наставни средства.
Темите опфаќаат и презентирање на болестите кои се пренесуваат по сексуален пат преку методи и во
обем скроен според возраста на слушателите и со нагласување на превенцијата за заштита од нив.

7.6 Здравствено воспитание во превенција и сузбивање на болестите на зависност

Болестите на зависност претставуваат значаен социјално-медицински проблем поради постојано


зголемување на бројот на зависници, поместување на зависноста кон помладите возрасни групи,
долготрајното и скапо лекување и сериозните последици по здравјето и животот на човекот, особено на
младата популација. Од особено значење се алкохолизмот, наркоманијата и никотинизмот.

7.6.1 Алкохолизам
Според СЗО алкохолизмот претставува повторно или епизодно, намерно внесување на алкохол,
во обем кој предизвикува штетни последици на социјално и економско ниво (таб. 3).

Табела 3. Преглед на проблемите поврзани со алкохолизмот


ПРОБЛЕМИ ПИЈАНСТВО ЗАВИСНОСТ
- епизоди на амнезија - цироза на црниот дроб
МЕДИЦИНСКИ - суицидно однесување - малигни болести
- разни акциденти - хипертензија
- епилепсија - туберкулоза
- мамурлук - психози
- делириум тременс
- шеќерна болест
- миопатии
- анемии
- социјална изолација - бездомништво
- агресија и пасивност - проблеми во бракот и семејството
СОЦИЈАЛНИ - насилство - проблеми со моралот
- апсентизам - сексуални проблеми
- криминал - апсентизам
- сексуални проблеми - проблеми на работа
- прекршоци во возење - кражби
- кражби - измами
ЗАКОНСКИ - дивеење - лажење
- вандализам - скитање
- криминал
- убиства

Извор: Кекуш Дивна: Здравствено васпитање, ВМШ, Београд; 2005/2006. стр. 126

Во врска со алкохолните пијалоци се разликува употреба од злоупотреба. Под употреба на


алкохолни пијалоци се подразбира повремено и умерено пиење алкохолни пијалоци во вообичаени
27
диететски количини (често тоа се објаснува со својства на одредена култура или средина). Под
злоупотреба на алкохолни пијалоци се подразбира секојдневно, неумерено и неконтролирано пиење
(најчесто жестоки пијалоци), поради што настанува облик на зависност и појава на алкохолизам како
болест со последици. Здравствено-воспитните активности се насочени за стекнување знаење за штетното
дејство на неконтролираното внесување алкохолни пијалоци врз здравјето и однесувањето на луѓето и за
стекнување соодветни позитивни ставови и однесување.
Постојат сигурни сознанија од стручњаците кои се занимаваат со оваа проблематика, дека
алкохолот има влијание врз сексуалното однесување. Затоа е многу значајно таква тема да се обработи со
младите во периодот на пубертет и адолесценција. Возраста ги прави младите несигурни во сексуалното
однесување и комуникацијата и изразувањето на емоциите спрема спротивниот пол. Голем број
адолесценти со цел да бидат похрабри и самоуверени консумираат алкохол, посебно при првото
сексуално искуство. Особено е значајно да им се објасни на младите дека со алкохолот се постигнува
чувство на поголема сексуална желба и потреба, но и тоа дека алкохолот ја смалува сексуалната моќ
(потенција), па треба внимателно да се објаснат последиците кои можат да настанат кај машката
популација, доколку првото сексуално искуство е негативно. Тие последици можат да резултираат со
импотенција, страв и настрано сексуално однесување. Кај женската популација последиците најчесто се
фригидност и менување на сексуалните партнери со надеж да се доживее очекуваното сексуално
уживање; можна е несакана бременост; проблеми со партнерот и родителите и др.

7.6.2 Наркоманија
Наркоманијата претставува состојба на периодична или хронична интоксикација предизвикна од
земање дрога. Наркоманијата е значаен социомедицински проблем. Таа е раширена, зафаќа се помлада
популација, предизвикува многубројни последици (предозираност и смрт, тешко и скапо лекување со
слаби резултати, а има и мал број институции за третман на зависниците) (таб. 4). Затоа здравственото
воспитние е најважна превентивна мерка. Со планска активност се пренесуваат информации, се стекнува
знаење за дрогите и последиците од нив, се формираат ставови, се учат вештини за заштита, обука на
младите, родителите, наставниците, пријателите и населението. Преку дестигматизација и препознавање
на корисниците, им се помага да се справуваат со тој проблем и последиците од него.

Табела 4. Најчести проблеми поврзани со употреба на дроги


ВИД НА ПРОБЛЕМИ ПОСЛЕДИЦИ
Заразување со ХИВ, хепатит Б и Ц, воспаление на вените,
ЗДРАВСТВЕНИ туберкулоза, последици од предозирање, оштетување на срцето и
други органи, загуба на телесната тежина, грчеви, повреди,
растројства на спиењето, сексуални растројства и др.
Вознемиреност, раздразливост, намалена способност за соочување
ПСИХОЛОШКИ со секојдневните тешкотии, нагли промени во расположението,
губење енергија и желба за работа, насилство, страв, депресија,
самоубиство итн.
Појава на семејна неслога, караници, брачни проблеми, напнатост во
СЕМЕЈНИ односите меѓу родителите и родителите и децата, разводи и
насилство во домот.
Оддалечување од старите другари, дружење со непознати лица,
СОЦИЈАЛНИ прифаќање друг стил на живеење, без водење сметка за нормите и
обичаите, како и барањата на другите.
Неуспех во образованието, бегање од училиште, повторување,
УЧИЛИШНИ/РАБОТНИ прекинување на школувањето. Намалена работна способност,
отсуство од работа, повреди на работа, судир со колегите.
ЗАКОНСКИ Нарушување на јавниот ред и мир, крадење и измами.
ФИНАНСИСКИ Позајмување пари, продавање покуќнина или семејни драгоцености.

Извор: UNDP: Семејството и дрогата, Проект за транзиција на здравствениот сектор, ,,Доминант“ Скопје; 2000. стр. 4

Како најчести причини за користење дрога се наведуваат следните: љубопитност, недостиг на


самопочитување, притисок од околината, незнаење и неинформираност, релативно лесна достапност на
28
дрогите, манифестирање на независност како знак на незадоволство и бунтување, долготрајна болест во
семејството, проблеми во училиштето, страв, недостиг на самодоверба за извршување на одредени
задачи.
Совети како да се препознае лице кое користи дрога (овие совети се најчесто наменети за
родителите):
- нагли и чести промени на расположението;
- губење желба за образованието (учењето, хобито, спортот, пријателите);
- дружење со лица кои земаат дрога;
- поспаност, дремливост, или веселост, преголема активност;
- често лажење;
- постојано барање пари, изчезнување на вредни предмети од домот;
- често заклучување во тоалет;
- носење кошули со долги ракави и кога е топло;
- носење темни очила навечер или кога е облачно;
- одбегнување на одговорност;
- запоставување на личната хигиена;
- слабеење и чести инфекции и болести;
- употреба на специјален јазик (,,наркомански жаргон“,);
- користење мали пликчиња со непознат прашок, алуминиумски фолии, хартии за правење на
цигари, цигари замотани од обете страни, лимунска киселина, шпиритусна ламба, лулиња, свеќи,
потемнети лажици, игли и шприцеви;
- чести повици на телефон од непознати лица;
- налети на лутина, бес или агресија;
- промена на ритамот сон-будност (спиење преку ден, ноќно бдеење, отсуствување од домот по
цели ноќи);
- изразување на чудни нејасни религиозни, политички, филозофски и други идеи.

Правилна постапка кога ќе се открие дека некој користи дрога е: да се побара помош од стручни
лица и институции, да не се чувствува вина кај родителите, да не се паничи, да не се применува
осудување, отфрлање и казнување (дестигматизација), да се реагира на мирен начин и да се соработува и
помогне за надминување на состојбата.

7.6.3 Пушење тутун


Пушењето претставува глобален социјално-медицински проблем. Тоа е дел на човековото
однесување кој тешко се надминува. Потребни се интензивни и екстензивни програми за здравствено
воспитание потпомогнати со строги законски мерки поради негативните социолошки, културолошки и
здравствени последици.
По дефиниција пушењето претставува психичка зависност која е предизвикана од дејството на
никотинот врз централниот нервен систем. Поради извесно стимулативно дејство, пушачот има желба
повторно да посегне по цигарата. Се смета дека пушењето може да предизвика и физичка зависност, која
е последица од вградување на никотинот во метаболизмот на човековиот организам, во работата на
ќелиите.
Најзначајни отровни состојки во тутунот се: никотин, катран, јаглен моноксид во чадот (и уште
многу други штетни состојки), како и многу поголемиот број штетни состојки кои се создаваат при
согорување на тутунот, хартијата и додатоците. Последиците од пушењето за поединецот и заедницата
се изразени преку: влијание врз работната способност, нарушено здравје (бронхити, малигни неоплазми,
појава на главоболки, вртоглавица и смалена концентрација), зголемено отсуство од работа, недостиг на
самодоверба, неодлучност, проблеми во сообраќајот, повреди и инвалидност, намален век на живеење и
др.
Пасивното пушење е исто така голема опасност по здравјето на младите. Тоа се случува со
вдишување чад во просторија во која се пуши. Преку анкетирање на младите, регистрирани се повеќе
причини зошто почнале да пушат. Меѓу нив најчесто споменувани се: љубопитност, поради друштвото
(да се биде ,,голем и важен“), неинформираност за штетните последици, необјаснети причини и сл.

29
Пушењето кај женската популација може да штети врз репродуктивната функција. Здравственото
воспитание треба да се одвива во рамките на програми за борба против пушењето. Организираната
здравствено воспитна работа има за цел спроведување на превентивни мерки против пушењето, особено
кај училишните деца и младинци и мерки за намалување на пушењето кај оние кои веќе пушат цигари.
Со тоа се очекува да се намали бројот на новорегистрирани пушачи на помлада возраст и одвикнување
од пушење или намалување на бројот на цигари кај пушачите. Познати превентивни мерки се:
- медиумски кампањи за објаснување на последиците од пушењето;
- зголемување на цената;
- забрана на пушење на јавни места;
- совети за штетноста на пушењето врз бременоста;
- спроведување едукативни програми за наставниците и родителите;
- стимулирање на спортски активности кај младите;
- соработка со Црвениот крст во масовни активности и одбележување на светскиот ден за борба
против пушењето;
- примена на законски прописи во врска со производството и продажбата на тутунот (ознаки за
штетноста);
- формирање истражувачки лаборатории и финасирање на научноистражувачки проекти за
откривање на нови штетни состојки во тутунот и проширување и докажување на сознанијата за
последиците од пушењето;
- совети до пушачите за прекинување на пушењето или намалување на бројот на испушени
цигари, избегнување на пушење во затворен простор, внесување на поголема количина течности
и витамини со цел намалување на последиците.

8. ПРОГРАМСКИ ПРИСТАП ЗА ЕРАДИКАЦИЈА НА БОЛЕСТИТЕ ПРЕКУ ПРИМЕР ЗА


БОЛЕСТ ПОВРЗАНА СО ХИГИЕНСКИТЕ УСЛОВИ И ОДНЕСУВАЊЕТО
(НАВИКИТЕ)

* Стратегијата е долгорочна основа на акциските планови.


* Акцискиот план може да содржи неколку програми.
* Програмата може да содржи неколку проекти.
* Проектите содржат активности и извршители.

8.1 Подготвителна фаза

Почетокот на програмата/проектот (во кој се содржани активностите кои ќе бидат извршени


според акцискиот план) започнува со подготвителната фаза. Таа содржи повеќе активности.

Формирање експертска група за координирање и спроведување на програмата.


За да се работи на програмата мултидисциплинарно, со користење на сите расположиви ресурси,
потребно е да се состави експертска група која ќе ја координира целата програма. Се ангажираат стручни
лица од медицинските гранки кои ја опфаќаат оваа проблематика (дерматовенеролози, педијатри,
инфектолози, епидемиолози) кои го идентификуваат проблемот, неговите димензии, начините и
постапките во лекувањето, како и перманентната здравствено воспитна работа поврзана со проблемот.
Во групата има специјалисти од превентивната медицина и наставни кадри и педагози и специјалисти по
училишна медицина. Во експертската група треба да се вклучат асоцијации кои волонтерски извршуваат
хуманитарни акции и кои се подготвени да финансираат. Во оваа група може да се анажираат и
стручњаци или групи кои се анимирани и/или ја поддржуваат програмата.

8.1.1 Анализа на состојбата. За релевантна анализа на состојбата со овој проблем кај


населението, потребни се точни показатели произлезени од ажурното пријавување во здравствената
служба и од дополнителни епидемиолошки истражувања. Во одредени групи и реони овие болести се
голем социјално медицински проблем.
30
8.1.2 Избор на приоритети и нивно модифицирање. Пред да се подготви програмата, врз
основа на анализите се определуваат приоритетите. Приоритетите се надополнуваат со внимателно
формулирани и реално остарливи целите на акцијата, како и мерките за намалување или ерадикација на
конкретната болест во популацијата.

8.2 Согледување на расположивите ресурси за спроведување на програмата

8.2.1 Кадровски ресурси. Потребно е од локалните и регионалните здравствени установи да се


ангажираат здравствени кадри со високо, више и средно образование, кои наменски ќе бидат вклучени во
спроведувањето на програмата во сите нејзини фази, како заради стручно методолошка помош, така и за
практично спроведување. Најмасовно треба да биде вклучен кадровскиот потенцијал од образовните
установи (училиштата) во практичното спроведување на акциите. Тие остваруваат контакт со голем број
ученици, потенцијални заболени од овие болести, и имаат увид во социоекономските прилики на
учениците. Тие се ангажираат на почетокот со здравствена пропагнада за програмата и натаму
продолжуваат со здравствено-воспитната работа. Потребно е да се ангажираат и волонтери, кои се
анимирани за програмата, за да воспостават комуникации со населението и да помогнат во
остварувањето на сите акции.

8.2.2 Технолошко-технички ресурси:


- ресурси во здравствената служба: најчесто здравствените установи не располагаат со доволно
здравствено-воспитни наставни средства, како и со кадри кои посебно би работеле само со оваа
проблематика. Во магацински простории на здравствените установи се чуваат пропагандни материјали за
дистрибуција до активистите, како и тераписките средства кои ќе се применуваат во лекувањето на
заболените за време на масовните акции. Здравствените установи често не располагаат со доволен број и
потребни видови транспортни средства за превоз на кадрите и средствата за пропаганда и лекување на
теренот;
- ресурси кај населението: доколку се прифатат поединци и групи волонтери за соработка во
програмата, поддршката е добредојдена. Тие може, на пример, да помогнат при транспортот на екипите и
средствата од здравствената служба. На почетокот со нив се спроведуваат потребни подготвителни
состаноци и обуки;
- вклучување во други здравствени акции: обемни превентивни програми се вакцинацијата и
систематските прегледи на населението, па затоа дел од пропагандните активности и дистрибуцијата на
материјали може заедно да се одвиваат за двете програми на кое било ниво (тековни програми за
хигиенизација на населби, училишта и сл.).

8.3 Поддршка и финансирање на програмата

8.3.1 Поддршка на програмата. На соодветен начин треба да се обезбеди поддршка на


програмата во средината и кај поединците, особено од функционерите, анимирани поединци и
институции, верски, спортски и професионални здруженија. Со добро организирана здравствена
пропаганда се подигнува свеста и добрата волја и се обезбедува помасовно учество со најразлични
облици во акциите.

8.3.2 Финансирање на програмата. Финансиската конструкција на програмата мора да биде


целосно заокружена до отпочнувањето на акциите, заради обезбедување материјални трошоци за
едукација, социјална мобилизација, за прегледи и лекови. Програмата и сите акции за населението мора
да бидат бесплатни. Средства доаѓаат од буџетот на државата и од донатори. Сите евентуални спонзори
точно се обврзуваат во финансиска и материјална смисла. Хуманитарните организации, фондации и
други потенцијални финансиери и институции кои располагаат со такви средства, треба преку
хуманитарна помош да се приклучат во реализацијата на програмата. Печатени материјали за социјална
мобилизација и упатства за однесување и лекување мора да се обезбедат во доволен тираж пред
почетокот на акцијата. Здравствената контрола преку целни прегледи мора да биде бесплатна,

31
доброволна и сеопфатна. Одредени услуги може да извршат волонтери, претпријатија и хуманитарни
организации (доброволно и без финансиски надомест).

8.4 Дефинирање на целите на програмата

Во рамките на програмата за ерадикација на заразни болести преку превентивна хигиенизација,


потребно е да се постават цели кои произлегуваат од приоритетите, а тоа се:

8.4.1 Кои знаења и информации треба да се дадат на населението? Главна цел на акцијата е
во рамките на постојните ресурси да се информира населението дека тие болести можат да се спречат со
редовна лична хигиена и хигиена на облеката и со некои други мерки, како и да се информира за
можностите за лекување. Преку здравствена пропаганда се упатуваат луѓето каде да се информираат,
како да се однесуваат за да се заштитат и како да бараат помош за лекување со современи средства.

8.4.2 Кои ставови и однесување треба да се сменат или позитивно да се насочат? Во


одделни групи од населението однесувањето во врска со овие болести е традиционално непроменето со
години. Има сфаќања дека овие болести се ,,срамни“ за поединецот и семејството, па затоа се прикриваат
и не се лекуваат, а со тоа се загрозува здравјето на другите и се намалува можноста за сузбивање и
ефикасно лечење ?. Се настојува да се сменат сфаќањата за овој проблем, особено за однесувањето кон
личната хигиена и хигиената на облеката и постелнината. Понатаму, се врши едукација за правилна
примена на лековите, без ризик за нивна злоупотреба (инцидентите се од небрежност или незнаење).

8.4.3 Кои акции да се покренат? Населението првенствено треба да се научи правилно да ја


одржува личната хигиена и хигиената на домувањето, со активно учество на сите членови во
домаќинствата. Возрасните да се обучат за правилна употреба на лековите, да ги препознаваат знаците на
болестите и сите заедно да се грижат за отстранување на појавата.

8.4.4 Кога да се очекуваат резултати од активностите? Доколку активностите бидат


правилно спроведувани, значајни резултати може да се очекуваат многу брзо (на пр. веќе по период од
еден месец). Поаѓајќи од природата на болестите, активностите од програмата мора да продолжат
подолго време, сѐ додека не се создадат услови за ерадикација на автохтоните случаи на овие
заболувања.

8.4.5 Кои се лимитирачки фактори во спроведувањето на програмата? Иако постои


оправдание за спроведување на ваква програма, реално е да се очекуваат одредени тешкотии, како за
одредени делови, така и во целина. Како евентуални ограничувачки моменти во спроведувањето може да
бидат:
- прашањето за позитивно мотивирање: за да се спроведе акција, важно е да се насочат личните
интереси спрема групните, затоа што се работи за заболеност на групата-колективот, а не само на
поединецот. Мотивирањето се врши во текот на пропагандата и самата едукација на населението;
- тешкотии во комуницирањето во групи со никакво или недоволно образование (особено
население од женскиот пол), недостиг на средства за масовно комуницирање, административни
потешкотии во реализацијата на програмата, работното време, навиките и традициите. Сите овие
моменти треба грижливо да се надминат за да може програмата успешно да се спроведува;
- географската изолираност на одредени предели поради неможноста за користење одредени
средства за превоз или лошите патишта кои понекогаш се непроодни;
- проблемот на односот спрема едукаторите и здравствените работници, односно какви се
ставовите на средината кон луѓе од ,,надвор“, независно од нивната мисија. Прашање е, како се примаат
нивните пораки, дали постои општа одбивност спрема едукаторите или пораките кои доаѓаат од нив и сл.

8.5 Детален план за изведување на програма


Најмасовната акција во реализацијата на програмата треба да трае две недели. Таква динамика е
потребна за да се задржи тенацитетот на населението во врска со овие болести. Подготвителната фаза

32
треба да трае оптимално потребно време. Треба да се воспостават контактите со групите и поединците,
кои треба да учествуваат во акцијата или пројавуваат подготвеност како волонтери да бидат носители на
одредени задачи. Потребно е да се подготви и населението за вклучување во програмата. Акциите во
периодот предвиден за пропаганда и едукација мора да бидат и интензивни и екстензивни.

8.5.1 Задачи на здравствените работници. Здравствените работници се носители на


програмата. Спроведуват целни прегледи во групи од населението; првенствено ги прегледуваат сите
ученици од основните училишта и предучилишните установи. Тие ги дистрибуираат лековите за лечење.
Водат евиденции и составуваат извештаи. Вршат едукација на едукатори и волонтери. Активно
спроведуваат здравствено воспитание и едукација на учениците, родителите и другото население за
превенција и лекување на овие болести. Докторите ги координираат активностите и работата на сите
учесници, со максимално ангажирање на патронажната служба.

8.5.2 Задачи на просветните работници. Просветните работници активно учествуваат во


спроведувањето на здравствената пропаганда и здравственото просветување во соработка со
здравствените работници. Плански, организирано, со евиденција дистрибуираат пропагандни материјали
во семејствата на учениците. Може да учествуваат и во дистрибуцијата на лековите под надзор на
докторите и да ја разјаснуваат нивната употреба. Упатуваат за правилно одржување на личната хигиена,
водат евиденции и сл.

8.5.3 Задачи за анимирани соработници и волонтерски асоцијации. Соработниците и


волонтерските асоцијации во рамките на стручните и други способности учествуваат плански во
акциите. Се ангажираат за масовно прифаќање на програмата. Ја организираат и спроведуваат
дистрибуцијата на пропагандни материјали. Вршат едукација и водат евиденции.

8.5.4 Задачи за единиците на локалната самоуправа (месни заедници) и локални асоцијации


- обезбедуваат поддршка и потребни услови за спроведување на програмата,
- обезбедуваат привремени магацини за материјалите и простории за преглед, контрола и
едукација на населението и сл.

8.5.5 Задачи на административните и управните органи. Административните и управните


органи (на пр. Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и др) треба да бидат
соодветно вклучени во програмата; целосно да ја поддржуваат и овозможуваат. Тие ги следат акциите,
интервенираат со потребни средства за континуирана работа и одржување на постигнатите резултати.
Тие ги набавуваат лековите и обезбедуваат потребни финансии.

8.6 Реализацијата на програмата

Соодветно треба да се испланира почетокот, според повеќе параметри и критериуми.


Временските услови се важни за да се елиминираат пречките поврзани со потребата од загреани
простории, непроодни патишта зиме и при големи дождови. За одредени групи од населението е важно
да се опфатат во време кога не се многу отсутни ниту ангажирани.
Во зимските месеци треба да тече здравствено-воспитната работа во училиштата, пропагандата
преку написи во весниците и списанијата, и во другите средства за масовна комуникација, печатење
агитки и нивна дистрибуција, едукација на едукатори, анимирање на поединци и групи и сл.
На пример, во февруари може да се подготвува дистрибуција на лекови и печатени агитки во
централните магацини, сумирање на материјалните задолежнија и водење магацинска контрола и се
пишуваат овластувања за лицата кои ќе преземаат материјали од магацините и сл. Посебно се
подготвуваат здравствените кадри во здравствените установи за одредени акции од програмата.
Истовремено течат подготовки во училиштата, со просветните работници, со други поединци, волонтери,
хуманитарни асоцијации, заради обезбедување услови, привикнување и вклучување во акциите.

33
Во март треба да се спроведуваат целни прегледи во училиштата, населбите, претпријатија и сл.;
да се дистрибуираат потребните лекови, со едукација за правилна употреба. За цело време се
спроведуваат пропагандните и едукативните акции.
Во април треба да се направи прецизна контрола на успешноста на акциите и по потреба
повторување со лекување. Фазата на следење на резултатите и одржување на позитивните промени е во
надлежност на здравствените работници.
Потоа следува изработка на прецизен извештај за бројот на опфатените со прегледите и
санацијата, опфатот на здравствено-воспитната активност од оваа програма, издадените лекови,
состојбата со населбите, групите и др. За текот на акциите, степенот на реализацијата и евентуален
предлог и натамошни мерки треба да се извести и населението, преку информации во средствата за
масовни медиуми. На тој начин се зголемува довербата и натамошната соработка со населението.

8.7 Евалуација на програмата

Процесот за евалуација на успешноста полесно се спроведува кога целите на програмата се јасно


дефинирани. Со проценка на секојдневните активности се прави квалитетен исчекор за решавање на
одредени недостатоци кои може да се појават и покрај доброто планирање. Мерењето на квалитетот на
успехот е полесно ако однапред се дефинираат бројчани скали, кои се пообјективни од описните мерила.
И кога се предлагаат евентуални корекции, тие полесно се искажуваат со бројки.
Во целите се дефинираат две различни групи на проблеми. Едната група мерки се во релативно
полесно мерливо подрачје, а тоа е намалување на морбидитетот. Другата група е посложена и се
однесува на здравственото воспитание и образование со зголемување на здравствената култура кај
населението, за која индикаторите не се јасно дефинирани, ниту достапни.
За евалуација се одредуваат критериуми според кои се оценува успешноста во која се додава и
самото создавање поволни услови за спроведување на програмата, односно сите подготвителни
активности. За критериумите се одредуваат индикатори преку кои се следи и цени спроведувањето на
програмата, како и постапките и времето за изведување на евалуацијата. Може да се очекува инверзија
на морбидитетот при првата евалуација, односно со целните прегледи да се откријат поголем број случаи
отколку интензитетот на заболувањата врз чија основа е започната програмата. Тоа најчесто е поради
подобрата идентификација на случаи кои и не се регистрираат во стандардните евиденции и извештаи,
односно надвор од дополнителните акции.
Успешноста на подготвителната фаза се оценува преку индикатори кои го покажуваат бројот на
одржаните организациски состаноци, семинари, бројот на учесниците на состаноците, бројот на
вклучените волонтери, анимирани членови, кооптирани институции, обезбедувањето материјални и
други ресурси неопходни за програмата и др.
Фазата на непосредно спроведување се оценува и следи преку показатели кои се однесуваат на
бројот на навистина вклучените учесници во програмата, потрошените средства, дистрибуираниот
здравствено-воспитен материјал, бројот на учесниците во доедукацијата и едукацијата на теренот, како и
преку индикатори за морбидитетот. Фазата на одржување се оценува преку индикатори за морбидитетот
кој е индиректен показател на нивото на самосвест и здравствена култура и за постапките кои ги презема
населението, особено на родителите кон децата, заради спречување односно рано откривање и барање
помош за овие болести. Преку проценките во сите фази се идентификуваат и пречките, се даваат
предлози, се преземаат акции за исправки, приспособување и менување на делови од програмата.
Евалуацијата ја изведува група експерти, која е одредена за процесот на планирање, преку
координирање и спроведување на програмата сѐ до завршната анализа.
За евалуација на здравствено-воспитната работа има ограничени бројчани индикатори.
Успешноста на овој дел од програмата не може да се процени во краток период. Процесот на здравствено
воспитание и образование е долготраен, а промените на свеста во врска со околината и здравото живеење
се постепени. За да има појдовна основа која подоцна се користи во евалуацијата на достигнатото ниво
на здравствена свест, може да се спроведе истражување, анкета на населението во врска со начинот на
живеење и концепцијата во врска со здравото живеење, со посебен осврт на спречувањето, раното
откривање и лекувањето на заразните болести. Истражувањето се спроведува во подготвителната фаза и
фазата на придобивање на населението за активно учество во програмата.

34
ЛИТЕРАТУРА

1. Caley LM. Using geographic information systems to design population-based interventions. Public Health Nursing
2004;21(6):547-554.
2. Цветанова Н, Малинска П. Здравствено воспитание. Македонска ризница:Скопје; 1998
3. Durch J, Bailey L, Stoto M, еds. Improving Health in the Community: A Role for Performance Monitoring.
Medical Academy Press; 1997.
4. Elwyn G, Greenhalgh T, Macfarlane. Groups – a guide to small group work in healthcare, management, education
and research. Abingdon, Oxon; Radcliffe Medical Press Ltd.; 2001.
5. European Commission by the International Union for Health promotion and education. The evidence of Health
promotion Effectiveness. Part two evidence book; London; 2000.
6. Figueras J, ed. Purchasing to Improve Health Systems Performance. Maidenhead: Open University Press; 2005.
7. Green A. An Introduction to Health Planning for Developing Health Systems. 3rd edn. Oxford: Oxford University
Press; 2007.
8. Hornby P, Forte P. Guidelines for Introducing Human Resource Indicators to Monitor 3. Health Service
Performance. Centre for Health Planning and Management: Keele University; UK; 2002.
9. Кекуш Д. Здравствено васпитање. Авторизирана скрипта. ВМШ Београд:Београд; 2005.
10. Kerzner H. Project Management - A Systems Approach to Planning, Scheduling, and Controlling. 8 th Edition. John
Wiley & Sons:New Jersey; 2003.
11. Милениумска декларација и извештај за милениумските развојни цели на Обединетите нации во областа на
здравството. Влада на Република Македонија. Достапно на: www.un.org.mk/MDG/MDGNew.htm
12. Национална програма за развој на образованието во Република Македонија 2005-2015. Министерство за
образование и наука на Република Македонија. Достапно на: http://www.npro.edu.mk/dokumenti/strategija-
mk.pdf
13. Non-vocational adult education in Europe. Executive summary of national information in Eurybase. Аavailable at:
http://www.eurydice.org/ressources/eurydice/pdf/0_integral/083EN.pdf
14. Paul R, Nosich G, Elder L. Critical thinking: How to prepare students for a rapidly changing world. Cotati, CA:
Foundation for critical thinking; 1995.
15. Прирачник за менаџмент и лидерство во здравството. Министерство за здравство, Проектна единица за
координација:Скопје; 2006.
16. Ракиќ Д. Здравствено васпитање. Кум Београд:Београд; 2001.
17. Resnick LB. Learning in school and out. Educational researcher; 1987:16(6)
18. СЗО Регионална канцеларија за Европа. Здравје 21. Европска серија Здравје за сите број 6. Копенхаген;
1999.
19. Томиќ Б. Здравствено васпитање. Институт за здравствено васпитање СР Србије; Београд; 1976.
20. Topping KJ. Thinking, reading, writing: a practical guide to paired learning with peers, parents & volunteers. New
York-London:Continuum International; 2001.
21. УНДП. Семејството и дрогата. Проект за транзиција на здравствениот сектор. Доминт Скопје; 2000.
22. WDR 1993. Investing in Health. World Bank: Public Management and the Essential Public Health Functions.
Policy Research Working Papers. Available at: http://econ.worldbank.org
23. Министерство за здравство на Република Македонија. Здравствена стратегија на Република Македонија
2020 – Сигурен, ефикасен и правичен здравствен систем. Достапно на: http://www.moh-
hsmp.gov.mk/uploads/media/Zdravstvena_strategija_na_Republika_Makedonija_2020.pdf

35

View publication stats

You might also like