You are on page 1of 49

ПРИРАЧНИК ЗА

ВРСНИЧКА ЕДУКАЦИЈА ЗА
МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ
-РЕВИДИРАНА ВЕРЗИЈА-
ПРИРАЧНИК ЗА ВРСНИЧКА ЕДУКАЦИЈА
ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ
***ПРОГРАМА ЗА НЕФОРМАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ***

Изработено за потребите на програмата за врсничка едукација за


ментално здравје во имплементација на
Здружение на граѓани Младите можат – Скопје

Поддржано од:

Скопје, 2022
Импресум
Издавач:
Здружение на граѓани Младите можат

За издавачот:
Анита Николовска
- Извршен директор на Здружение на граѓани Младите можат

Автор:
Кристијан Ангелески

Рецензент:
Тиана Ивановска

Дизајн:
Незир Ќеримоски
Содржина:
стр.1 Рецензија

стр.2 Вовед

стр.4 Кој и како да го користи овој прирачник?

стр.6 Област 1: Ментално здравје

стр.9 Работилница 1: “Да зборуваме за ментално здравје”

стр.11 Работилница 2: „Ментално здравје како


интегрален дел од целокупното здравје“
стр.15 Област 2: Грижа за себе

стр.17 Работилница 1: „Мојата цел е...”

стр.20 Работилница 2: Себе-рефлексија

стр.23 Област 3: Врски и односи

стр.26 Работилница 1: „Бура на идеи - 4 теми”

стр.28 Работилница 2: “Полиња на приватност”

стр.31 Област 4: Промени и поддршка

стр.35 Работилница 1: “Јас во иднина”

стр.37 Работилница 2: “Магично стапче”

стр.39 Како да се понуди прва психолошка помош?

стр.41 Енерџајзери (игри за подигнување на енергијата на групата)

Листа на извори и користени оригинални и/или адаптирани


стр.43
материјали при изработка на прирачникот
Оваа публикација е направена со финансиска поддршка на Европската Унија.
Нејзината содржина е одговорност на ЗГ Младите можат и не ги одразува
ставовите на Европска унија.
Рецензија:

Содржината во овој прирачник за врсничка едукација е многу корисна и полезна за сите


оние кои ќе минуваат низ страниците на истиот. Модулите се конципирани на високо ниво,
склопени на начин на кој нудат првична психолошка поддршка за секој читател. Четирите
модули кои се одбрани, во голема мера одговараат на голем број предизвици од доменот
на менталното здравје, со кои се соочуваат младите во текот на образованието во средните
училишта. Вклучително, врсничката едукација овозможува со помош на хоризонтален пристап
на принципот врсник-врсник да ги доближи овие информации намалувајќи го отпорот кон
примање на овој тип на содржини.

Информациите користени за креирање на овој прирачник се од високо релевантни извори. Исто


така користена е модерна содржина која во целост се совпаѓа и ги опфаќа актуелните теми
од секојдневието на средношколците. Вежбите се интерактивни, забавни и придонесуваат за
активно внимание кај слушателите.

Рецензент:
Тиана Ивановска

Дипломиран психолог на Факултет за Психологија при Универзитетот св. Кирил и Методиј во


Скопје.

Магистер по науки на тема Менаџмент на човечки ресурси и организациски науки на


Економскиот факултет при Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје.

Гешталт психотерапевт под супервизија на „Гешталт институт Скопје“, Северна Македонија

Сопственик и основач на „СебеСложувалка“.

1
Вовед

Не е секогаш лесно да објасниме како се чувствуваме. Зарем не? Нашите емоции,


чувства, погледот кон нештата, па дури и кон самите себеси... Тие постојано се
менуваат. Како би опишал што значи да бидеш ти? Или што се случува во твојата
глава? Што е ментално здравје? Што е потребно за да го негуваш твоето ментално
здравје?

За прирачникот
За една личност да има целосна благосостојба и добра грижа за своето здравје треба активно
да се посвети и на негувањето на менталното здравје. Менталното здравје е клучен дел од
општата добросостојба на децата и адолесцентите, но сепак, пристапот на средношколците
кон услуги кои им овозможуваат грижа и/или подобрување на нивното ментално здравје е
ограничен. Ограниченоста на пристапот се должи на повеќе фактори и еден клучен фактор е
нивото на информираност на темата и начинот на кој што пристигаат до тие информации.

По креирањето на првата верзија на прирачникот, одлучивме да продолжиме да ја


разгледуваме проблематиката, особено по произлезените нови проблеми и предизвици за
време на пандемијата од Ковид-19 и константното појавување на нови кризи локално и
глобално. За таа цел, водевме долготраен процес на јавни дискусии и тркалезни маси, кои
дополнети со деск анализа резултираа со документ за јавна политика кој се насочи кон
влијанието на различните средини врз менталното здравје на младите. Целиот процес ги
анализираше врсничките, семејните и училишните средини, и како тие влијаат врз
добросостојбата на младите, што потоа не доведе до друга анализа која се насочи кон
пристапот до услуги за ментално здравје во средните училишта.

На почетокот од 2022 година, пред да започнеме со ревидирање на прирачникот за ментално


здравје сакавме да добиеме подобар увид во веќе постоечките системи кои се достапни на
младите. Преку деск анализа, фокус групи, интервјуа со психотерапевти и прашалници за
млади ја изработивме анализата „Средношколците и пристапот до услуги за ментално
здравје – Анализа на моменталната состојба“ која ни даде подобар и емпириски поддржан
увид во состојбата.

Имајќи ги во предвид сите претходни искуства на терен, подготвениот документ за јавна


политика и анализата следен чекор беше ревидирањето на прирачникот за врсничка
едукација за ментално здравје. Овој прирачник е изработен со помош на консултативен
процес и во истиот учествуваа младински работници, наставници, обучувачи, врснички
едукатори, психолози и млади кои со својот допринос несомнено придонесоа кон финалната
изработка на вежбите и приспособување согласно профилот на млади, нивната динамика и
квалитет на живот.

Во оваа втора верзија од прирачникот вклучени се експерти од полето на врсничка едукација


и ментално здравје кои направија преглед на претходното искуство и придонесоа во
подобрување на неговата содржина.

2
За проектот
Подржани од Schüler Helfen Leben во 2019 година преку проектот “YOU(th) CAN DO IT BETTER!”
за прв пат го направивме овој прирачник. Целта на проектот е да им понуди на младите
платформа за личен и професионален развој, себе спознавање, себе реализација и станување
на најдобрата верзија од себеси. Да им овозможи да станат способни и решителни млади луѓе
кои се справуваат со секојдневните предизвици,да се развијат во агенти на позитивни
промени, односно да станат врснички едукатори кои гласно ќе зборуваат за важноста на
негувањето на нашето ментално здравје.

„Идентификувај » Инспирирај » Делувај“ – пристап кон младинските проблеми по кој Младите


можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти.
Во текот на цела 2019та година Младите можат го реализира проектот “YOU(th) CAN DO IT
BETTER!” посветен на промовирање на важноста за грижа за менталното здравје помеѓу
младите средношколци во градот Скопје. Преку овој проект најпрво ги инспирираме младите
да се грижат за своето ментално здравје на средношколците, по што ќе се делува на
адресирање кај соодветните чинители и нивно надминување.

Во периодот од 2020 до 2022 година продолживме со реализација на врсничките едукации


преку следење на прирачникот и обучување на нови едукатори, но поради пандемијата истите
беа прилагодени за онлајн пристап. За во 2022 година веќе да се вратиме на повторна
реализација на едукациите како што е предвидено со прирачникот. Но, имајќи ги во предвид
сите новости и промени кои се случија во минатиот период беше потребно прилагодување и
ревидирање на прирачникот. Овој пат тоа го направивме со помош на Европската Унија преку
ИПА проектот “All for You(th)”.

Главната цел на проектот “All for You(th)!” е подобрен образовен систем во Северна
Македонија со прифатени и имплементирани политики за ментално здравје, кариерно
советување и зајакнати животни вештини помеѓу младите луѓе. Во насока на врсничката
едукација за ментално здравје, покрај задржување на истите цели и мотиви како од 2019
година, овој пат имавме идеја да го прегледаме целиот процес и да ги ревидираме и
прилагодиме деловите кои повеќе не соодветствуваат на моменталната состојба и знаењето
за менталното здравје кај младите.

За Младите можат
Младите можат е здружение на граѓани, формирано од млади за млади во 2009 година во
Скопје. Постоиме 13 години и имаме над 1000 млади луѓе годишно кои се дел од нашите
активности и кои секојдневно придонесуваат во работата на организацијата. Постоиме за да
им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани
кои веруваат дека МОЖАТ самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните
промени и развојот на општеството. Веруваме дека младите луѓе можат да земат активно
учество во развојот на своите заедници и преку младински и социјален активизам како
можни алатки за општествена промена можат да одговорат на своите потреби во заедницата.

3
Кој и како да го користи овој прирачник?

Прирачникот за врсничка едукација за ментално здравје е наменет за врсничките едукатори


кои поминале стандардизирана обука од Здружението на граѓани „Младите можат“ од Скопје
и сe обучени едукатори за работа на неформалната програма за врсничка едукација за
ментално здравје.

Овој прирачник е наменет за работа со млади во средно училиште. Времетраењето на


работилниците е дизајнирано согласно времетраењето на училиштен час (45 минути).
Програмата од првата тематска област до четвртата е наменета да се спроведува со една
иста група учесници и бројот не треба да надминува 20 присутни. Секоја работилници се
спроведува од двајца едукатори. Одговорните лица од „Младите можат“ вршат мониторинг
на програмата и реализацијата на работилниците.

Прирачникот е составен од 4 тематски области со по две работилници


за секоја област:

1. Ментално здравје

2. Личен менаџмент – грижа за себе

3. Врски и односи

4. Промени и поддршка

Секоја од тематските области е составена од два дела: теорија и работилници.


Теоријата е напишана со помош на експерти и психолози кои работат со млади на темите кои
се обработуваат во прирачникот и истата е наменета да им помогне на врсничките едукатори
кои ќе ги спроведуваат едукациите и поткрепи со релевантни информации. При дизајнирање
на работилниците користени се меѓународните стандардите за врсничка едукација на
меѓународната младинска мрежа за врсничка едукација Y-PEER и сите работилници се
дизајнирани користејќи креативни и иновативни алатки за реализација на врсничка
едукација.

4
Структурата на работилниците е следна:

Игра за запознавање
Служи учесниците да се запознаат меѓусебе и да се воспостави
пријатна работна околина.

Централна активност
Допринесува кон постигнување на целите на работилницата;
од учениците бара активно да се вклучат;
се користат различни методи за поттикнување на групата
да во своја служба дојде до нови знаења, ставови и вештини.

Дискусија и заклучок
Им помага на едукаторите да развијат дискусија и произлезе
заклучокот од самите учесници на работилницата, во случај да не е
јасен концептот едукаторот појаснува за учесниците и им помага
самостојно да дојдат до заклучок.

Завршна активност
Претставува активност за раздвижување на групата во вид
на енерџајзер најчесто.

Рефлексија
Допринесува кон сумирање на наученото и се поврзува
со секојдневниот живот во насока на како наученото може
да се примени.

Во изработката на овој прирачник користени се оригинални и/или адаптирани материјали од


повеќе извори кои може да се најдат во прилог.
Важно е при реализација на работилниците да се разбере културо-социолошкиот аспект на
околината каде се спроведуваат работилниците и профилот на учесниците во истите.

5
Област 1: Ментално здравје

Во област 1, „Ментално здравје“ ќе имате можност да се запознаете со факти во


однос на менталното здравје како клучна компонента на целокупното здравје,
значајноста на грижата за метално здравје како и начините на кои може да се
грижиме за нашето ментално здравје. Важно е учесниците да ја разберат значајноста
на менталното здравје и да ја продлабочат свесноста за грижа за ментално здравје
како и пристапот до услуги за советување и поддршка.

Што е ментално здравје?


Менталното здравје е составен дел од здравјето, не постои здравје без ментално здравје.
Менталното здравје е повеќе од отсуство на нарушувања. Во општеството е широко
распространет митот дека менталното здравје е во голема мера биолошки условено и дека
претставува непроменлива состојба. Меѓутоа вистината е дека всушност зависи од голем број
на социоекономски, биолошки и средински фактори. Иако фокусот на психологијата во
далечното минато бил исклучиво на третирање на менталните растројства и негативните
состојби, денеска фокусот кон позитивна психологија е во пораст. Постојат се поголем број на
иницијативи чија цел е унапредување и грижа за менталното здравје, култивирањето на
позитивни емоции и добросостојба. Концептите на менталното здравје вклучуваат
субјективна добросостојба, компетентност, автономност, само-ефикасност и способност да се
оствари интелектуалниот и емоционалниот потенцијал.
Според истражување на Светската Здравствена Организација - СЗО, приближно половина од
светското население е засегнато од проблеми со менталното здравје кои имаат влијание врз
самодовербата, односите со другите и способноста да функционираат во секојдневниот
живот.
Доброто ментално здравје е клучно за нашата способност да размислуваме, да ги разбереме,
изразиме и регулираме емоциите, да градиме позитивни односи со другите, да се справуваме
со предизвици и да уживаме во животот.

Дали физичкото здравје е позначајно од менталното здравје?

Физичкото и менталното здравје се подеднакво значајни и меѓусебно поврзани!


Кога станува збор за здравје и добросостојба голем број од луѓето се повикуваат на физичкото
здравје. Физичкото здравје се приоретизира по цена на менталното здравје. Како
спротивност на тоа, потребно е менталното здравје да го третираме на начин подеднаков со
физичкото, насочувајќи се кон превенирање на проблемите преку откривање на причините
кои довеле до таа состојба.
Да се биде во добро ментално здравје зависи од повеќе фактори како: животни искуства,
односите со другите, физичкото здравје и средината. Како што луѓето доживуваат физичка
болка и проблеми тие исто така искусуваат емоционални или проблеми со менталното
здравје кои влијаат врз нивното мислење, расположение и однесување.
Проблемите со ментално здравје може да бидат позастапени отколку што мислиме. Голем
број од предизвиците со менталното здравје остануваат затскриени и непријавени. Постојат
повеќе причини за истото. Едната од нив е стигматизацијата и неинформираноста во
општеството во однос на менталното здравје.

6
Влошеното физичко здравје може да води кон зголемен ризик за развивање на проблеми со
менталното здравје. Исто така и влошеното ментално здравје може да има негативно
влијание и да води кон ризик за развивање на проблеми со физичкото здравје.
Истражувањата кажуваат дека постои поврзаност помеѓу менталното здравје и одредени
физички хронични состојби кои влијаат на квалитетот на животот. Пр.: Ако некој доживува
хронична анксиозност и депресија, тоа може да влијае на спиењето и да го доведе физичкото
здравје во ризик.
Исто така истражувањата покажуваат дека луѓето кои се соочуваат со проблеми поврзани со
менталното здравје имаат намален имунитет, што исто така претставува ризик за одржување
на добро физичко здравје.
Откако проблемите со менталното здравје се соодветно третирани се подобрува и физичкото
здравје.
Разбирањето на поврзаноста помеѓу умот и телото е првиот чекор кон развој на стратегии за
унапредување на целокупното здравје.

Зошто е важно да се грижам за менталното здравје?


Бенефитите од грижата за сопственото ментално здравје се многубројни.
Терминот грижа за себе се опишува како активности кои една личност ги презема со цел да
достигне оптимално физичко и ментално здравје.
Практикувањето на грижа за себе, не секогаш е едноставно. Во денешното живеење, поради
пренатрупаност на дневниот распоред, времето посветено на технологијата, луѓето
посветуваат се помалку време на самите себе. Персоналното време е честопати е последно
на агендата. Значајно е да се грижиме за сопственото тело како и ум секојдневно, не само
кога се чувствуваме лошо.
Менталното здравје е значаен дел од животот бидејќи влијае на нашите мисли, однесување и
емоции. Грижата за менталното здравје или грижата за себе подразбира унапредување на
продуктивноста и ефективноста во секојдневните активности на училиште и надвор.
Преку грижата за сопственото ментално здравје индиректно работиме кон креирање на
позитивни релации со другите, полесно се прилагодуваме кон промени и полесно се
справуваме со потешкотиите.

На кој начин можам да се грижам за менталното здравје?


Разбирањето на значајноста на менталното здравје е првиот чекор од грижата за сопственото
ментално здравје и грижата за себе!
Не постои еден најдобар начин за грижа за менталното здравје.
Грижата за менталното здравје треба да биде секојдневен процес и претставува преземање
на сет активности со цел релаксација и одржување на емоционалната добросостојба.
Честопати луѓето се повеќе фокусирани кон задоволување на очекувањата и потребите на
другите од опкружувањето, а ги занемаруваат сопствените потреби. Ова во голема мера
влијае врз рутината за грижа за себе која ја градиме и може да има негативно влијание врз
добросостојбата. Грижата за себе се смета за важен дел од градењето на резилиентност или
отпорност при соочување со предизвици. Луѓето кои се посветуваат првенствено на
сопствените потреби подобро се справуваат со стресот во секојдневието.
Постојат голем број на стратегии во однос на грижа за себе, но целта е секој индивидуално да
ја открие стратегијата која е најефективна за него и да ја имплементира во секојдневната
рутина што води кон долгорочни позитивни промени.

7
Грижата за себе и менталното здравје не треба да претставува форсирање да се ангажираме
во активности кои не ги уживаме. Целта на активностите е да ни дадат енергија и да ја
намалат анксиозноста.

Дел од активностите кои водат кон унапредување на менталното здравје се:


Физичката активности, здрав режим на исхрана, здрав режим на спиење, отворениот
разговор со блиски луѓе во однос на тоа како се чувствуваме, водење на дневник за личен
развој, одржување и негување на пријателските односи, слободни активности кои не прават
да се чувствуваме исполнети, паузирање кога тоа ни е потребно, разговор со професионално
лице назначено за пружање на услуги за ментално здравје во училиштето.

Менталното здравје во време на Ковид-19 пандемијата


Пандемијата Ковид-19 неминовно го промени стилот и квалитетот на живот на сите жители на
земјената планета. Психолозите овој период сакаат да го наречат „брза, непредвидлива бура“
кога станува збор за ментално здравје и влијанието во животот на сите. Многу од земјите во
светот воведоа мерки за спречување на трансмисијата на вирусот меѓутоа мал дел дадоа
препораки или изрекоа мерки како да се постапува со менталното здравје на луѓето за време
на пандемијата. Со објавување на мерките за превенција од Ковид-19, во голема мера беа
лимитирани можностите луѓето физички да се соберат и да имаат различни интеракции
помеѓу себе, а тоа резултираше со намалени социјални контакти и директно влијаеше на сите,
насекаде. Човекот како социјално битие креира контакти и остварува различни типови на
врски со другите лица од средината во која живее со цел да го постигне својот максимум
индивидуален и интелектуален потенцијал. Неминовно се забележува дека ефектот на
пандемијата Ковид-19 зазема централен фокус во развојот на општествата и земјата како
целина. Не може а да не се забележи дека Ковид-19 ги промени дневните навики на сите,
вклучувајќи ја и грижата за менталното здравје. Различни истражувања испраќаат различни
препораки меѓутоа клучната која произлегува од сите заедно е дека менталното здравје мора
да биде во фокусот на развојот на сите идни настани со цел секој да може да се грижи за себе,
да се грижи за својата околина со цел да може да живее во добросостојба и да го постигне
својот максимум потенцијал.

8
Работилница 1: “Да зборуваме за ментално здравје”

Цели:
По проследување на оваа сесија од учесниците се очекува да:
- Разберат што означува ментално здравје и која е суштината на концептот на
ментално здравје;
- Развијат позитивен став кон грижата за ментално здравје;
- Разберат различноста во размислувањата и акциите кои ги преземаме „Што е тоа што
го знаеме и што е тоа што го правиме“.

Материјали:

Мало топче Флипчарт Маркери Креп трака

Игра за запознавање (5 минути)


Играта за запознавање ја почнуваат едукаторите подавајќи си го малото топче и секој го
кажува своето име и нешто за името: дали знае како го добил/а името, што означува името,
дали му/и се допаѓа и дали би го менувал/а и слично. Потоа топчето го подаваат на
учесниците во групата и секој се претставува и зборува за своето име.

Централна активност (10 минути)


Учесниците се делат во помали групи, најмалку три. Оптимален број на учесници по група е
5-7. Во случај да групата е помала од 15 учесници, се води грижа да се распределат во еднакво
бројни групи.

На групата им се даваат инструкции дека ќе се работи бура на идеи во помали групи во


времетраење од 10 минути. Од групите се бара да напишат што е можно повеќе зборови кои
ги поврзуваат со здравје генерално и со ментално здравје и да изберат член кој подоцна ќе ја
презентира работата на групата и појасни термините кои се запишани.

Кога ќе поминат 8 минути, едукаторот ги потсетува групите дека имаат уште 2 минути за
работа.
Презентација на групната работа (10 минути)
Секоја од групите ја презентира својата работа во времетраење од максимум 2 минути.

9
Дискусија и заклучок (15 минути)
1. Како се чувствувавте додека работевте во мали групи?
2. Како ги поврзувате зборовите на хартијата со терминот здравје?
3. Што е здравје општо земено, а што е ментално здравје?
4. Кога треба да се грижиме за своето ментално здравје? Дали само кога нешто не е во
ред со него?
5. Како се грижиме за своето ментално здравје?
6. Зошто е важно да се грижиме за своето ментално здравје?

Заклучок
Доброто здравје претставува синергија помеѓу менталното и физичкото здравје на една
индивидуа. Менталното здравје претставува чувство за живеење во добросостојба односно
секое лице да е способно да го оствари својот максимум интелектуален и емоционален
потенцијал. Важно е секоја индивидуа да изгради позитивен пристап кон менталното здравје
односно да ги разбере различноста во размислувањата, акциите и реакциите кои се креирани
во различни ситуации. Кога станува збор за ментално здравје, треба да се разбере
различноста во размислувањата и акциите кои ги преземаме односно што е тоа што го знаеме
и што е тоа што го правиме.

Што е ментално здравје, позитивен пристап кон ментално здравје, разбирање на различноста
во размислувањата и акциите кои ги преземаме „Што е тоа што го знаеме и што е тоа што го
правиме“.

Рефлексија (5 минути)

1. За што зборувавме / што правевме денес?

2. Како се чувствувате?

3. Што научивте?

4. Како можеме наученото да го примениме?

10
Работилница 2: „Ментално здравје како интегрален
дел од целокупното здравје“

Цели:

По проследување на оваа сесија од учесниците се очекува да:


- Се стекнат знаење за стигматизирани факти во однос на менталното здравје и рушење на
митовите;
- Разберат дека менталното здравје претставува интегрална компонента на целокупното
здравје (физичка, ментална и социјална благосостојба);
- Ја продлабочат свесноста и важноста на пристапот до услуги за грижа за ментално здравје.

Материјали:

Мало Бели листови Стикери Табла


топче и селотејп (мали шарени ливчиња) и креда

Игра за запознавање (5 минути)


За оваа игра за запознавање едукаторите поделуваат мали шарени ливчиња и им даваат
инструкција на учесниците секој да си го напише своето име и потоа секој да го свитка
ливчето во вид на топка снег. Едукаторите даваат знак кога да започне бурата на топки снег.
Бурата трае 15 секунди и топките снег се расфрлуваат континуирано низ просторијата. Кога ќе
поминат 15 секунди, секој треба да земе една топка снег и да го најде лицето чие име е
напишано. Учесниците имаат за задача накратко да се запознаат со своите врсници и потоа
на кратко се презентираат во пар пред групата.

Централна активност (10 минути)


Учесниците се делат во минимум 4 групи, не помалку од 3 лица во една група. Во случај да
вкупниот број на лица е помал од 10, едукаторите ги делат учесниците во две групи.
Едукаторите на лист ги имаат напишано изјавите и истите им ги делат на групите. Во
зависност од бројот групите, едукаторите се грижат секоја група да добие ист број на изјави.
Учесниците имаат за задача да ги прочитаат изјавите и да дискутираат дали е мит или факт
изјавата. Едукаторот и кажува на групата дека имаат 10 минути за дискусија на изјавите.

Додека групите дискутираат, едукаторот ја дели таблата на две половини. На едната страна
пишува „факт“, на другата „мит“.

По истекување на 10 минути, групите имаат за задача да ги закачат изјавите на половината


„факт“ доколку сметаат дека таа изјава е факт или на половината „мит“ доколку сметаат дека
таа изјава е мит.

11
Откако ќе се залепат сите изјави на таблата, едукаторот чита изјава по изјава и дава
појаснување. Во случај да некоја изјава е погрешно класифицирана, едукаторот ја преместува
во соодветната половина на таблата. По појаснување и правилно класифицирање на изјавите,
следи дискусија.

Дискусија и заклучок (15 минути)


1. Како се чувствувавте додека работевте во групи? Дали вашите размислувања беа
поразлични од размислувањата на вашите соученици?
2. Дали според вас беше едноставно да се препознае дали изјавата е мит или факт?
3. Дали во вашата околина некогаш се зборувало за ментално здравје? Во однос на кои
аспекти?
4. Дали вашето мислење во однос на значајноста на менталното здравје се промени? Во
однос на кои аспекти?
5. Како се грижевте за вашето ментално здравје во време на Ковид-19 пандемијата?
6. Кои други активности според вас се дел од грижата за менталното здравје?
7. Дали сметате дека луѓето околу вас посветуваат доволно внимание на менталното
здравје?

Заклучок
Менталната, физичката и социјалната добросостојба се интегрална компонента од
целокупното здравје кое не претставува само отсуство на болест. На менталното здравје
треба да му придаваме подеднаква значајност и грижа како и на физичкото здравје. Исто така
постојат и служби за советување за грижа и нега за ментално здравје до кои имаме пристап
во училиштето и во нашата околина.

Рефлексија (5 минути)

1. За што зборувавме / што правевме денес?

2. Како се чувствувате?

3. Што научивте?

4. Како можеме наученото да го примениме?

12
Работен лист за едукатори:
Митови и факти за ментално здравје

МИТ
ИЗЈАВА 1
Менталното здравје претставува само отсуство на проблеми и болести.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Менталното здравје не претставува само отсуство на ментални нарушувања. Менталното
здравје подразбира и негување на добросостојба преку која ќе ги оствариме сопствените
потенцијали и способности и ќе живееме поквалитетен живот.

ФАКТ
ИЗЈАВА 2
Менталното здравје е подеднакво значајно со физичкото здравје.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Менталното здравје е исто толку значајно како и физичкото здравје. И двете се компонента
на целокупното здравје и се меѓусебно неразделни. Влошеното физичко здравје има
негативно влијание врз менталното здравје и обратно.

МИТ
ИЗЈАВА 3
Предизвиците со менталното здравје се ретки.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
1 од 4 луѓе се соочуваат со предизвици со менталното здравје. Само бидејќи проблемите
поврзани со менталното здравје не секогаш се видливи, не значи дека не се присутни.

МИТ
ИЗЈАВА 4
Само возрасните искусуваат проблеми со менталното здравје.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Младите исто како и возрасните се соочуваат со предизвици поврзани со менталното
здравје. Потребите на младите луѓе не треба да бидат занемарувани или минимизирани.
Секој животен период носи сопствена тежина, предизвици и фактори на стрес.

13
МИТ
ИЗЈАВА 5
Ковид-19 влијае само на менталното здравје на младите лица.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Пандемијата Ковид-19 подеднакво влијае на сите. Млади и возрасни. За да се обезбеди
безбедна средина за сите, луѓето треба да се грижат подеднакво за своето физичко и
ментално здравје.

ФАКТ
ИЗЈАВА 6
Јас можам да придонесам за унапредување на менталното здравје на другите.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Постојат повеќе работи кои што може да ги направиме за другите во поглед на
унапредување на менталното здравје. Дел од нив се: комуникација и проверување на
нашите пријатели и како се чувствуваат, слушање без судење, еднаков третман на сите и
покажување на интерес за работите со кои се соочуваат.

МИТ
ИЗЈАВА 7
Менталното здравје или го имаме или го немаме, не можеме да направиме многу за
унапредување.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Постојат повеќе акции кои може да ги преземеме, а кои придонесуваат кон унапредување
на менталното здравје: физичка активност, здрав режим на исхрана и спиење,
практикување на слободни активности кои не исполнуваат, опкружување со луѓе кои ни се
значајни, отворена комуникација со блиски луѓе во однос на предизвиците со кои се
соочуваме.

ФАКТ
ИЗЈАВА 8
Ковид-19 влијае на нашето физичко и ментално здравје.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Ковид-19 зазема голема улога во нашето физичко и ментално здравје. Во случај да сме во
директен контакт потребна е медицинска грижа и нега, додека поддршката за менталното
здравје потребно е да биде постојана без разлика дали сме/биле во контакт со Ковид-19
или не. Превенцијата и почитувањето на официјалните препораки од релевантните
институции се од големо значење со цел да се осигураме дека средината е безбедна за
сите.

14
Област 2: Грижа за себе

Во област 2, „Грижа за себе“ ќе имате прилика да зборувате за повеќе аспекти во


насока на што ми е важно, како знам дека ми е важно, зошто е важно да се грижам за
себе, како преку поставување на цели и работа да ги достигнам, се грижам за себе.
Грижата за себе како предуслов за грижа за другите.

Што е личен менаџмент?


Најчесто кога се зборува за личен менаџмент се подразбира на менаџирање на обврските
наспрема времето кое е на располагање, но не секогаш тоа е така. Во оваа насока, за личен
менаџмент можеме да зборуваме и за цели (лични и професионални), приоритети (лични,
општествени, семејни, пријателски итн.), емоции и чувства и како се справувам со истите и
многу повеќе нешта поврзани со секојдневниот живот.

На самиот почеток размислувајте во насока на културолошкиот аспект и моментум во кој


живеат младите кои ќе ги посетуваат едукациите во рамки на програмата. Во различни
култури од каде може да потекнуваат младите, различните искуства, различно се вреднуваат.
Бидете свесни и запознајте ги традицијата, обичаите, општо прифатените вредности и начинот
на однесување кој е прифатлив за младите и останатите лица во средината во која живеат.

Што се тоа емоции и чувства?


Во секојдневниот живот термините емоција и чувство се користат како синоними, а не како
различни поими. Ова е неточно и може да се појави како проблем затоа што доколку ја знаеме
разликата меѓу овие два поима ќе може полесно да пристапиме кон подобрување на
нездравото однесување и рационално решавање на проблеми.
Емоциите се едната страна на паричката додека чувствата се другата страна - наједноставна
метафора преку која може лесно да се воочи поврзаноста, но и разликата помеѓу емоциите и
чувствата. Иако се две страни на иста паричка и се поврзани, сепак се различни страни.
Емоциите се карактеризираат со тоа што се појавуваат многу брзо откако ќе се почувствува
дразбата, затоа може да се каже дека тие се аларм на телото и систем за преживување.
Откако ќе се испроцесира дразбата, ќе разбереме што се случило, зошто чувствуваме нешто
на еден или друг начин, тогаш веќе зборуваме за чувства. Едноставно кажано, чувствата се
продукти на процес на „преработка“ на емоции од страна на мозокот. Завршниот производ
зависи од лични искуства, верувања, сеќавања и мислења поврзани со обработуваната
емоција. Главната разлика е тоа што чувствата се „градат“ малку по малку, можат да се
променат и да траат денови, недели месеци или можеби години, додека емоциите се нешто со
кое сме родени, затоа и тие се манифестираат посилно и се универзални.
Во една реченица, чувствата се субјективен поглед на настаните, емоциите се еволуциски.

15
Зошто е важно да ги вербализирам моите емоции и чувства?
Во некои случаи се обидуваме да ги направиме чувствата „неважечки“ и ги игнорираме. Тоа
го правиме со тоа што не сакаме да зборуваме за нив, на овој начин мислиме дека тие ќе
исчезнат, но, има причина зошто се чувствуваме на начинот на кој што се чувствуваме,
можеби е мала или неважна за вас, во секој случај доколку се потисне може да се појави
поголем проблем.
Со зборувањето за вашите чувства, си дозволувате да ги прифатите. Прифаќањето на вашите
чувства како реални пак, овозможува да започне процесот на откривање на начини на
менаџирање и решавање на проблеми кои може да настанат од тие чувства. Откако ќе ги
вербализирате вашите чувства ќе почувствувате олеснување и ќе овозможите да ја добиете
потребната поддршка од луѓето со кои сте ги споделиле.
Една од најважните придобивки е што ќе ја имате целосната контрола врз емоциите и
чувствата на овој начин. Се додека ги држите во себе тие ве влечат надолу. Како се
чувствувате одредува како мислите, а како мислите влијае како се однесувате. Кога ќе
дозволите чувствата да имаат контрола врз вас, тие ја преземаат и контролата на тоа што
мислите и како се однесувате. Доколку одлучите да зборувате за тоа, повеќе не им
дозволувате на чувствата да ве контролираат туку почнувате вие да ги контролирате нив.

Зошто е важно да се грижам за себе?

Грижата за самите себеси не е само важна туку е и круцијална. Доколку тоа го правиме на
правилен начин, може да ни помогне да направиме прогрес многу побрзо заради повеќе
причини:

- Рационално однесување: посветување време на подобрување на емоционалната


интелигенција, запознавање со личните емоции и чувства, овозможува правилно
однесување во секоја ситуација.

- Превенира burnout (прегореност): кога се форсираме самите себеси доаѓаме до состојба


на премногу измешани емоции и чувства и наместо да се обидеме да ги разбереме,
решението го наоѓаме во откажување.

- Ги намалува негативните ефекти предизвикани од стрес: константната изложеност на


стрес, по одредено време, го ослабнува телото и психолошкото здравје. Со вистинската
грижа може да се запре влијанието на стресот за тој да не ја намали способноста на
телото да функционира.

- Овозможува рефокусирање: правење пауза од комплицирани проблеми за да се дојде


до рационално решение по “одморот“.

16
Работилница 1: „Мојата цел е...”

Цели:

По проследување на оваа сесија од учесниците се очекува да:


- Разберат дека грижа за себе е поставување на сопствени цели;
- Знаат дека за да се направи промена, потребно е да се започне со чекори кои ќе водат до
промената и
- Изградат позитивен став кон промените и грижата за себе.

Материјали:

Отпечатен Работен лист


Пенкало/молив
за учесници – Мојата цел е

Централна активност (20 минути)


На учесниците индивидуално им се дели работен лист. Инструкцијата која ја дава едукаторот
е секој, индивидуално, да помисли на една цел која сака да ја постигне. Листот се пополнува
од првото поле „јас сум“ каде учесниците треба во најмногу 3 реченици да се опишат себе си.
Продолжува со „Што сакам да постигнам“ каде се наведува целта, кои се чекорите кои треба
да се направат – се пополнува времепловот (чекорите на линијата) и на крај се пополнуваат
дневните навики, односно што на дневна основа со мали чекори може да се направи за да се
грижиме за себе и така да ги достигнеме целите кои ги поставуваме.
Едукаторот најавува дека за оваа индивидуална работа се предвидени 20 минути.
По 15 минути дава знак дека е потребно да се привршува со работата.
По истекување на времето, едукаторот ги поканува учесниците, кој/а сака да го сподели
својот работен лист со групата.

17
Дискусија и заклучок (20 минути)
1. Како се чувствувавте додека работевте индивидуално?
2. Како ја избравте целта? Зошто?
3. Како ги наведовте чекорите? Зошто?
4. Како одлучивте кои дневни навики ќе ги наведете односно сакате да ги
подобрите/воведете/унапредите? Зошто?
5. Зошто треба да се грижиме за себе, нашите приоритети/цели и што нам ни е важно?

Заклучок
Различните искуства и животни ситуации не водат кон тоа да различно приоретизираме во
животот односно различно да се грижиме за себе. Важноста на грижата за себе и своите
приоритети е од големо значење за секоја индивидуа со цел да може да го постигне својот
максимум потенцијал и да живее во добросостојба. „Се грижам за себе, за да можам да се
грижам за другите“ е главниот фокус при грижата за себе.

Рефлексија (5 минути)

1. За што зборувавме / што правевме денес?

2. Како се чувствувате?

3. Што научивте?

4. Како можеме наученото да го примениме?

18
Јас сум: Цел:
(што сакам да направам?)

А Што треба да направам? Б

19
Како да стигнам од „А” до „Б”?
Работилница 2: Себе-рефлексија

Цели:
По проследување на оваа сесија од учесниците се очекува да:
- Да ја зајакнат позитивната слика за себе и што ним им е важно;
- Да имаат позитивен пристап кон себе и себе-рефлексијата и
- Да изградат позитивен став кон грижата за себе.

Материјали:

Испечатен Работен лист Пенкала/моливи


– Себе рефлексија

Централна активност (15 минути)


На учесниците индивидуално им се дели работен лист. Инструкцијата која ја дава едукаторот
е секој, индивидуално, да го разгледа работниот лист и да го пополни за себе. Едукаторот
најавува дека за оваа индивидуална работа се предвидени 15 минути. По 10 минути дава знак
дека е потребно да се привршува со работата односно дека има уште 5 минути време за
работа.
По истекување на времето, едукаторот ги поканува учесниците, кој/а сака да го сподели
својот работен лист со групата.

Дискусија и заклучок (20 минути)


1. Како се чувствувавте додека работевте индивидуално?
2. Од каде почнавте да го пополнувате листот? Кое поле прво го одговоривте? Зошто?
3. Кое поле ви беше најтешко да го пополните и зошто? Кое поле ви беше најлесно да го
пополните и зошто?
4. Како одлучивте што ќе напишете во полето „За мене најважно е...“? Зошто?

20
Заклучок
Важноста за посветување внимание, време и правење на себе-рефлексија. Важноста од грижа
за себе и придобивките од свесноста за себе и својата околина. Грижата за себе како клучен
фактор да една индивидуа живее во добросостојба.

Рефлексија (5 минути)

1. За што зборувавме / што правевме денес?

2. Како се чувствувате?

3. Што научивте?

4. Како можеме наученото да го примениме?

21
Работен лист за учесници – Себе-рефлексија
Ако цел ден можам да правам што сакам, јас...

За мене, изгубено време е кога...

Најмногу сакам да...

Јас ги имам следните способности и таленти...

Кои од моите способности и таленти ги користам и развивам?

Најдобар/а сум во...

За мене најважно е...

22
Област 3: Врски и односи

Во област 3, „Врски и односи“, ќе имате прилика да зборувате за периодот на


адолесценција и какви врски и односи воспоставуваат младите во тинејџерските
години. Важно е учениците да разберат дека сите врски во тој период ни помагаат на
различни начини да се запознаеме себе си и разбереме каква интеракција
воспоставуваат со различни актери во нивната околината вклучувајќи ги и врсниците.
Во оваа област ќе зборувате и за како да се изградат добри и долготрајни врски како
и кои се ефектите од лошите, а кои од добрите врски.

Младите во периодот на адолесценција и пубертет се соочуваат со динамични


промени на дневна основа. Размислуваат за себе и за другите во насока на
осознавање на околината и светот околу себе. Во периодот на динамични промени
младите кај себе ги развиваат когнитивните вештини и социјални стратегии за да
може да ги разберат меѓучовековите односи. Најчесто врските со родителите,
пријателите и врсниците се менуваат како резултат на искусување на транзицијата од
дете кон возрасен. Сите актери во процесот на созревање имаат влијание врз
младите и нивниот развој. Истражувањата покажуваат дека младите тежнеат кон
градење поблизок однос со своите врсници, додека истовремено покажуваат
независност во семејството.

Какви врски градиме?

Семејство и родители
Врската која младите ја имаат со своите родители според психолозите влијае врз нивниот
развој и врз перцепцијата за градење и негување врски во иднина. Добрите врски во
семејството особено оние со родителите може да допринесат кон развој на комуникациски и
социјални вештини. Во периодот на адолесценција развојот на различни вештини може да
допринесе кон поедноставен премин од детство во зрелост и рефлектира врз психолошкото
одвојување од родителите и допринесе кон психосоцијалниот развој на личноста. Отсуството
на еден или двата родителите не е предиспозиција за лош развој на личноста. Поддршката од
останатите членови во потесното семејството може да биде од големо значење за младата
личност. Различни фигури како браќа, сестри, други роднини од потесно и пошироко
семејство, како и други возрасни лица може да влијаат позитивно кон развојот на личноста.

Врсници и пријатели
Во периодот на развој особено во тинејџерските години, врсниците и пријателите имаат
големо значење за младите. Најчесто во овој период, младите експериментираат и се
соочуваат со нови сутиации кои не им се познати и им се потребни различни социјални
вештини од оние кои кои ги користеле претходно. Понекогаш се забележува дека во овој
период младите високо ги вреднуваат своите врсници како група и истите
некогашподеднакво или повеќе важни и од семејството.

23
Заедно со врсниците, адолесцентите, најчесто се чувствуваат послободни и
експериментираат различни улоги без да се почувствуваат загрозено. Понекогаш врсниците
се перцепираат како барометар за своите верувања и вредности. На индивидуално
нивогрупата на врсници завзема голема улога во насока на oслободување од стресот при
креирање нови познанства и пријателства и може да биде важна бидејќи се перцепира како
сигурно место. Врсничките групи нудат чувство на припадност, поддршка, доверба, ја
поттикнуваат самодовербата и претставуваат можност да се биде популарен и признат.

Истражувањата покажуваат дека влијанието на групата опаѓа во текот на адолесценцијата.


На лично ниво, се јавува поголема потреба за самостојност, личноста станува сигурна во себе
и верува во своите квалитети. Потребата за одобрување и сигурноста која ја даваат врсниците
опаѓа, самодовербата се зголемува и идентитетот на индивидуата се потврдува. Како една од
причините зошто групата го губи своето влијание врз поединецот е појавата на потреба за
интимна размена.

Значајно е да се напомене дека во овој период родителите имаат улога во развојот и во


односите помеѓу индивидуата како поединец и групата на врсници. Родителите се често
повеќе вреднувани за советите кои ги даваат особено кога се во прашање важни одлуки и
избори додека врсниците почесто комуницираат со своите врсници за помош и поддршка на
дневна основа.

Романтични врски
Во периодот на адолесценција, се појавува потреба за експериментирање и интимност што
понекогаш води кон воспоставување на интимно-партнерска врска. Генерално верувањето е
дека овие врски се кратки и не многу суштински. Иако навидум овие врски изгледаат не
сериозно, тие заземаат голема улога во развојот на личноста и перцепцијата за себе и
околината кај младите. При воспоставување на адолесцентна романтична врска, младите
експериментираат, искусуваат непознати однесувања и неретко се впуштаат во непознати
случувања. При различните случувања, тинејџерите доживуваат емоции кои се од силен и
значаен карактер за нив. Кога емоциите се позитивни, врската најчесто ја перцепираат како
поттик и поддршка за понатаму, додека доколку се негативни може да се чувствуваат
исплашено и стресно. Отворената комуникација е клучна за развојот на врските како и за
развојот на личноста и може да допринесе во решавање на потенцијални предизвици и
проблеми кои може да се појават.

Како ги негуваме врските? Како комуникацијата влијае врз врските?


Кои постапки водат кон добра/лоша врска?
Во различна литература може да се пронајдат различни насоки како можеме да ги негуваме
врските, кои квалитети треба да ги содржат различни врски како и кои постапки може да
водат кон лоша/добра врска.

Без разлика за каков вид на врска станува збор комуникациската способност е клучна за
правилно артикулирање на очекувањата, потребите, надминување на предизвиците и
проблемите кои може да се појават. Под комуникациска способност се подразбира
способноста да се приспособиме во различни ситуации на комуникација. Заедно со
комуникациската способност доаѓа и соодветното приспособување со цел да се осигураме
дека при комуницирањето јазикот и јазичните средства се разбирливи за сите, содржината е
јасна и начинот на кој се комуницира е познат за сите вклучени во процесот (може да

24
комуницираме во пар – 2 лица или во група 2 и повеќе лица). Децентрацијата како способност
да се ставиме на местото на другата личност или дргуите личности е можеби најважен фактор
во процесот на комуникација и допринесува кон тоа подобро да се разбереме себе си и
другите.

Процесот на комуникација е двонасочен: се изразуваме себе си и ги слушаме другите, при што


мора да се внимава истиот да е рамноправен и партнерски за размената да биде јасна со
акцент на почитување на сечие мислење.

Кога станува збор за градење на добра врска се очекува да врските ги имаат следните
квалитети:

Рамноправност Искреност Почит Доверба Поддршка

Отсуство на некои од квалитетите може да влијае кои разнишување на врските , допринесе


кон деструктивна комуникација и доведе до лоша врска.

За да се осигураме дека градиме однос треба да ги избегнуваме следните комуникациски


замки:
1. Осудување и критикување
2. Морализирање и наведување користејќи „Би требало...“
3. Етикетирање
4. Наредување

Следните комуникациски техники може да помогнат за добра и квалитетна комуникација:


1. Активно и пасивно слушање – активното слушање влијае во комуникацијата и дава
впечаток дека се разбрани чувствата, идеите, потребите, додека пасивното го охрабрува
разговорот, но не секогаш воспоставува двонасочна комуникација и
2. Слушање со емпатија - се разбираат чувствата, потребите и барањата од другата страна).

Како влијаат добрите / лошите врски на личноста?


Несомнено е дека сите врски кои се воспоставуваат влијаат на еден или друг начин врз
индивидуите. Од аспект на адолесценција, периодот кога личноста не е повеќе дете, но не е ни
возрасна личност постојат повеќе предизвици кои може да произлезат од различните врски.

Добрите врски стимулираат, мотивираат, ја потврдуваат важноста и вредноста на личноста,


допринесуваат кон развојот и позитивниот поглед кон светот и околината.

Лошите врски (оние кои негативно влијаат) креираат чувство на несигурност, осаменост,
страв, не поттиснуваат и не дозволуваат да пораснеме на вредносно ниво кон себе и ја
искривуваат сликата за себе, светот и околината.

Важно е да разбереме дека врските се комбинација од различни случувања во кои голема


улога завземаат очекувањата, потребите, карактеристиките на личностите, начинот на
комуницирање и перцепциите на секого одделно. Навремено комуницирање на
недоразбирањата и воспоставување на соодветна комуникација во случај на конфликт (без
разлика од каков карактер е истиот) се клучни за сите типови на врски.

25
Работилница 1: „Бура на идеи - 4 теми”

Цели:
По проследување на оваа сесија од учесниците се очекува да:
- Ги препознаваат различните типови на врски
- Изградат позитивен став кон комуницирање со своите врсници, зборување за
предизвиците и артикулирање на своите потреби во насока на градење на добар однос и
квалитетна врска
- Бидат свесни дека одредени постапки и/или начини на однесување можат да доведат кон
подобар/полош однос со своите врсници

Материјали:

Флипчарт хартија Маркери Креп трака

Централна активност (20 минути)

Поделете ја групата во 4 помали групи и на секоја од групите дадете им флипчарт хартија и


маркери. Секоја од групата влече по една тема од долунаведените:
1. Какви врски воспоставуваат младите?
2. Кои причини може да доведат младите да одлагаат или избегнуваат контакт со своите
врсниците?
3. Зошто е важно младите да воспоставуваат врски?
4. Што е тоа што ги прави врските силни и долготрајни?

На групата им се дава инструкција дека треба да запишат што е можно повеќе идеи/работи на
кои ќе се сетат во период од 10 минути и да изберат еден член кој ќе остане во истата група во
следните фази. Кога ќе поминат 8 минути известете ја групата дека има уште две минути за
работа. По 10 минути, замолете ги членовите на групите да ротираат во насока на стрелките
на часовникот, со исклучок на едниот член кој ќе остане во својата почетна група (група 1 оди
во група 2, група два во група 3 итн.). На членовите од групите кои ротираат им се дава
инструкција да ги прочитаат запишаните работи од групата во која доаѓаат, доколку нешто не
е јасно да го прашаат членот кој останал од самата група и да надополнат со свои идеи кои
претходно не се запишани на флип чартот согласно темите на групите. Ротација се прави на
секој 3 минути се додека членовите не се вратат во своите почетни групи.

Пред да ја започнете дискусијата побарајте секоја од групите да ги разгледа промените кои


настанале од почетокот до оваа фаза на работата (Што е тоа што секој го запишал во својата
група, Што е дополнето од останатите учесници?)

26
Дискусија и заклучок (20 минути)
1. Како се чувствувавте додека работевте во групите?
2. Во која група ви беше полесно да запишете идеи? Во својата или во оние во кои
ротиравте? Зошто?
3. Какви врски воспоставуваат младите? Зошто?
4. Кои потреби ги имаме во рамки на врските? Дали секоја врска може /треба да ги задоволи
сите потреби? Каква врска какви потреби задоволува?
5. Кои постапки водат кон одржување на врските? Кои постапки водат кон разидување на
врските?
6. Кои квалитети треба да ги поседуваат различните врски за да се осигураме дека имаме
добар однос?

Заклучок
Воспоставувањето на различни врски со различни луѓе е нормална појава. Како можеме една
врска да ја зајакнеме и кои квалитети се очекува да ги поседува. Нашето однесување како
влијае врз одржувањето на врските и како различните врски влијаат на нас.

Рефлексија (5 минути)

1. За што зборувавме / што правевме денес?

2. Како се чувствувате?

3. Што научивте?

4. Како можеме наученото да го примениме?

27
Работилница 2: “Полиња на приватност”

Цели:
По проследување на оваа сесија од учесниците се очекува да:
- Ги препознаваат различните типови на врски
- Разберат како креираме различни врски и кое е влијанието од истите врз личноста и
неговото/нејзиното ментално здравје и добросостојба
- Направат краток преглед за кои информации им се лични и со кого ги споделуваат

Материјали:

Испечатен работен лист Пенкала/моливи


Работен лист – Полиња на приватност

Централна активност (20 минути)


На учесниците индивидуално им се дели работен лист. Инструкцијата која ја дава едукаторот
е секој, индивидуално, да го разгледа работниот лист и да го пополни за себе. Објаснете дека
учесниците во 6-те полиња (себе, семејство/блиски, партнер/ка, пријатели, познаници и
јавност) го забележуваат само бројот на изјавата. Појаснете дека некои од изјавите можеби се
лични и дека не се обврзувачки да ги забележат доколку не сакаат да споделат во моментот.
Пред да почнете, замолете ги учесниците да размислат кои лица во кој квадрат би ги ставиле.
Едукаторот најавува дека за оваа индивидуална работа се предвидени 15 минути. По 10
минути дава знак дека е потребно да се привршува со работата.
По истекување на времето, едукаторот ги поканува учесниците, кој/а сака да го сподели
својот работен лист со групата.

Дискусија и заклучок (20 минути)


1. Како се чувствувавте додека обележувавте која информација со кого би ја споделиле?
2. Како одредивте која личност која ја познавате во кој квадрат ќе ја вброите?
3. Од што зависеше која информација со кого ќе ја споделите, дали ќе споделите со јавноста
или со помалите квадрати?
4. Кои постапки влијаат врз тоа да изградиме и негуваме добар однос со личностите кои ги
познаваме и со врсниците?
5. Кои се лошите исходи кога имаме лош однос со врсниците? Кои се добрите исходи кога
имаме добар однос со врсниците?

28
Заклучок
При различни врски споделуваме различни работи. Важноста за градење доверба и негување
на истата. Различните врски и нивното влијание врз нас.

Рефлексија (5 минути)

1. За што зборувавме / што правевме денес?

2. Како се чувствувате?

3. Што научивте?

4. Како можеме наученото да го примениме?

29
Работен лист – Полиња на приватност

Себе Семејство/блиски Партнер/ка Изјави

1. Колку сте високи


2. Која е вашата тежина
3. Вашето незадоволство со
некои делови од вашето тело
4. Предизвиците во вашето
семејство
5. Вашите романтични искуства
6. Вашите дневни навики
7. Вашите професионални
аспирации (цели)
8. Вашите успеси и неуспеси
9. Вашите фантазии
10. Дали имате доволно пари да
го купите се она што ви е
потребно
11. Кои се вашите пасии
Пријатели Познаници Јавност 12. Вашиот резултат на тест за
интелегенција
13. Информација дали некогаш
сте побарале професионална
помош за вашата емотивна
состојба
14. Доколку сте ја тестирале
довербата на ваш
пријател/пријателка
15. Доколку сте ја тестирале
довербата на вашиот
партнер/партнерка
16. Кои се вашите сонови
17. Кои се вашите стравови

30
Област 4: Промени и поддршка

Во област 4, „Промени и поддршка“, ќе имате прилика да зборувате за промените со


кои се соочуваат младите во периодот на адолесценција, нивното влијание врз
личноста како и за какви промени младите сакаат да направат со цел да имаат
подобар квалитет на живот и живеат во добросостојба. Во оваа област важно е да се
појасни влијанието на промените и да се насочат младите да размислуваат дека
промените може да ги прават и во група меѓутоа и со помош на стручните служби во
училиштата (пример училишниот психолог), со возрасните и други стурчни лица.

Какви промени се случуваат во тинејџерските години?


(биолошки и психолошки – созревање)
Периодот на адолесценција е познат како период на промени кои се од различен карактер. Во
адолесценција младите доживуваат промени поврзани со физичкиот изглед и промени во
функционирање на телото. Исто така овој период е моментот кога започнува и психолошкиот
развој на личноста. Промените кои се случуваат на биолошко ниво – (хормонски статус),
појава на секундарни полови карактеристики како резултат на промени во хормонскиот
статус и развој на телото (големина на скелетот, висина, тежина, мускулатура..) се најзначајни
и играат голема улога во тоа како личноста се доживува себе си. Во периодот на
адолесценција сликата за себе има големо значење за индивидуата и адолесцентите се
соочуваат со предизвикот како промените да ги вклопат во сликата за себе.
Според истражувањата во раната адолесценција, до 15 години, младите се опишуваат себе си
со своите физички карактеристики (висина, тежина, изглед..) додека во доцната
адолесценција се опишуваат користејќи социјални и интелектуални карактеристики (искрен,
емпатичен, паметен...).

Како промените влијаат врз квалитетот на


нашиот живот и благосостојбата?

Влијанието на промените е на индивидуално ниво. Во зависност од дали е планирана или


непланирана, очекувана или неочекувана промената, влијанието истото може да биде
различно. Комплексноста на самата тема промени понекогаш отвара и многу повеќе
прашања. Кога станува збор за адолесценти, промените може да бидат секојдневни,
динамични, константни, инцидентни во зависност од стилот и квалитетот на живот,
динамиката на живеење, околината, личниот систем на вредности итн.
Настрана од промените кои се на биолошко и когнитивно ниво кои се очекувани во фазата на
адолесценција, младите со својот развој, желби и аспирации имаат потреба понекогаш да
направат промена кај себе или за себе со цел да го унапредат квалитето на живот согласно
нивното лично вреднување.
Адолесцентите имаат тенденција да сакаат да бидат подобри од ден во ден и да се
проектираат (замислуваат) себе си во иднина што е сосема нормално. Ваквиот тип на
проекции се всушност сликата за промената која сакаат да ја направат кај себе.

31
Промените може да бидат на лично ниво во насока да се запознаат подобро себе си, да
размислуваат што сакаат да надградат кај себе и какви социјални вештини сакаат да
развијат. Тоа што е важно да се напомене дека различните промени кои сакаат да ги направат
кај себе, бара да се направат промени и во рутините и навиките кои се веќе стекнати. Кога
промените се поволни и се прават за промена кон подобро, овозможуваат подобар квалитет
на живот, истите позитивно ќе влијаат и допринесат кон доживување поголема благосостојба
и уживање во секојдневието.

Покрај личните промени, младите може да размислуваат и за промена во средината,


професионалната ориентација, друштвото и врсниците со кои општат како и промени за
врските кои ги воспоставуваат. Овие промени се различни секоја за себе меѓутоа го бараат
истиот пристап и анализа со цел да се постигне промената која се сака да се направи. Без
разлика за каква промена да станува збор треба да се има во предвид дека некогаш има и
влијанија кои не директно зависат од личноста која сака да промени нешто и треба да се
направи по длабинска анализа кој и како може да влијае и во колкава мера на промената која
сакаме да ја направиме.

Промените како позитивна појава и


можност да созрееме и „пораснеме“
Кога размислуваме за промени, размислуваме во насока на динамика на случувања односно
што се треба да се случи за да дојдеме до промената која ја посакуваме. Овој процес може да
биде со многу чекори и постојано од нас да бара присуство и свесност за што се случува со
нас и околу нас или пак може да биде поспор и со едноставни чекори да работиме на
промената, се во зависност од каква е промената која сакаме да ја направиме. При чекорење
низ процесот и работење на промената секоја индивидуа поминува низ освестување,
спознавање и процес на учење за себе си.
На индивидуално ниво почетокот на промените претставуваат предизвик да се излезе од
комфорната зона истовремено и можност да пораснеме и созрееме. Кога се набљудува
индивидуата во својата комфорна зона, најчесто се работи за состојба која е добро позната и
претставува секојдневие. Поместувањето од комфорот може да биде предизвик за секого.
Како мотивација за да се направи промена, овој процес може да се разбере како игра со мото
„Без ризик нема награда“. Ризикот е да се откажеме од се она што не прави да се чувствуваме
сигурно и да не помести во зона каде ќе се предизвикаме себе си со цел да добиеме „награда“
односно да ја постигнеме промената која сакаме да ја направиме.
За да може да се намали стресот при првото искусување на отстапување од комфорната зона
може да се почне со мали промени. За почеток може да се размислува за кои карактеристики
ја отсликуваат индивидуата како единствена единствени, а кои ја прават да се чувствува
моќно и доминантно. По правење на оваа листа, индивидуата ќе има преглед за кои
карактеристики може да помогнат или отежнат да се направи промена. Во процесот на
правење промена, знаејќи ги своите карактеристики и користејќи ги истите во позитивна
насока, во моментите кога индивидуата излегува од комфорната зона, си овозможува себе си
да направи промени и ги постигне своите цели.

32
Како различните околности може да влијаат
врз процесот на промена која ја правиме?
Постојат повеќе фактори од кои може да зависи процесот на правење промена во зависност
од каква е промената која сакаме да ја направиме.

Општествената клима и моменталното уредување


Моменталното општествено уредување може да влијае врз нас на лично ниво како и врз
нашите врсници, возрасните итн. Кога станува збор за промена за промени на лично ниво
можеби влијанието нема да е најголемо доколку сакаме да промениме нешто во своите
навики, приоритети, едукација и сл. Доколку станува збор за нешто кое е промена и сакаме да
го постигнеме во иднина а согледуваме дека во моментот општествената клима не е поволна,
може да влијае врз времетраењето и квалитетот на направената промена.

Здравствената состојба
Здравствената состојба зема голема улога кај сите индивидуи во квалитетот на живеење.
Кога се чувствуваме здраво, имаме енергија, сме расположени и сакаме да направиме чекор
за подобро утре. Во периодот на адолесценција, треба да сме свесни дека телото поминува
низ процес на промени на биолошко ниво и понекогаш истите тие може да влијаат на нашето
здравје и нашата проценка како се чувствуваме.
Во време на Ковид-19, здравствената состојба на многу лица беше директно афектирана од
вирусот. Во зависност од општата здравствена состојба, различни лица кои имаа контакт со
вирусот се соочија со различни ефекти. Иако ефектите беа со различен интензитет и
резултираа на различен начин, Ковид-19 во голема мера влијаеше на менталното здравје на
сите кои имаа или немаа контакт со вирусот. Следствено, многу лица се соочуваа различни
промени со кои на различен начин влијаеа на квалитетот на животот како резултат на
пандемијата со Ковид-19.

Менталната состојба
Менталната состојба игра голема улога во периодот на адолесценција. Во овој период
младите најчесто почнуваат да размислуваат за себе и за своите врсници, фантазираат за
различни ситуации и понекогаш несвесно се соочуваат со преувеличување на некои од своите
фантазии и мисли. Во момент кога индивидуата сака да започне промена важно е да се
чувствува спремно и свесно за каков процес започнува и што може да се случи низ истиот.
Грижата за менталната состојба при започнување на процесот

Концептот на правење промени покрај анализата која ќе се направи во насока на што е тоа
што сакаме да го подобриме и како тоа да го подобриме, бара да се разбере дека не секоја
промена се случува за кратко време (преку ноќ) и понекогаш треба да се биде трпелив/а и
упорен/а додека ја постигнеме целта која сме ја поставиле.

33
Со кого можеме да ги правиме промените?
Во периодот на адолесенција промените може да бидат предизвик за секого. Во одредени
моменти, адолесцентите не се подготвени да започнат да менуваат нешто сами и им е
потребна поддршка. Доколку се забележи дека за некоја промена адолесцентот не може сам
да ја направи и му е потребна поддршка, може тоа да го направи со своите врсници, пријатели,
семејство, партнер/партнерка или со поддршка на психологот кој работи во училиштето каде
се образува.

Покрај грижата за формалната едукација и совладување на едукативната материја,


професорите и училишните служби играат голема улога во личниот и професионален развој
на учениците. Адолесцентот најголем дел до своето време го поминува во училиште каде се
стекнува со формалното образование меѓутоа не сите училишта имаат центри за поддршка на
учениците и во ваквите случаеви голема улога зазема училишниот психолог.
Фигурата на училишен психолог е од витално значење за развојот и одржувањето на здраво
ментално здравје кај учениците во училиштето. Важно е да се разбере дека иако општо
прифатената состојба е дека учениците се проследуваат кај училишниот психолог само во
ситуации кога треба да им се изрече мерка која произлегува од непочитување на правилата
во училиштето, улогата на психологот не треба да биде перцепирана на овој начин.
Различните притисоци со кои се соочуваат адолесцентите може да ги доведат во некомфорна
позиција и да имаат потреба да разговараат за нештата кои ги мачат, им се препрека или
предизвик, но не можат да ги зборуваат со своите врсници.
Една од улогите која ја имаат психолозите е консултативна и советодавна работа со учениците
што подразбира дека училишниот психолог се грижи за менталното здравје на учениците, им
помага да го развијат својот потенцијал како и да ги развијат социјалните и комуникациски
вештини. Овој пристап може да допринесе кон конструктивно разрешување на предизвиците
со кои се соочуваат младите како и да ја подобри комуникацијата со врсниците и професорите
во училиштето.
Дилемата што по средното образование е една од темите кои може истотака да се
разговараат со училишните психолози. Проценката за избирање на професијата која највеќе
одговара согласно личните преференци и аспирации како и вештините и знаењата кои ги
поседува адолесцентот може да се направи со помош на училишниот психолог.

Во процесот на правење промени покрај сите споменати може да се вклучат и други лица,
професионалци од полето каде сакаат да се реализира промената, наставниците, возрасните
и сите останати.

34
Работилница 1: “Јас во иднина”

Цели:
По проследување на оваа сесија од учесниците се очекува да:
- Развијат слика за какви промени може да се случат во периодот на тинејџерските години
- Разберат дека различни промени, различно влијаат врз квалитетот на нашиот живот и
нашата благосостојба
- Развијат позитивен пристап за промените кои сакаат да ги направат и бидат свесни дека
промените можеме да ги правиме сами меѓутоа и со помош на врсниците и стручни лица
Материјали:

За секој учесник бел Дрвени боици


А4 формат лист или фломастери

Централна активност (20 минути)


На учесниците им се делат бели А4 листови, дрвени боици или фломастери и од нив се бара да
пронајдат свое катче во просторијата. Следи инструкција да размислат каде се гледаат себе
си во следните две години – „Јас за две години“. Објаснете дека може да размислат за своите
квалитети, знаења, начин и стил на живот, локација каде се наоѓаат и слично. Замислата за во
иднина може да се однесува на приватно и професионално поле.
Изразувањето нека биде од слободен карактер, со цртеж, користејќи бои, креативи, симболи,
форми, знаци итн. Доколку има можност, можете да пуштите и тивка музика за време на
индивидуалната работа.
Се препорачува едукаторите да набљудуваат што секој поединечно црта за време на
индивидуалната работа.

Кога ќе поминат 15 минути, известете ги учесниците дека имаат уште 2 минути за работа.

Во следните неколку минути, побарајте волонтери од групата кој би сакале да го споделат


својот цртеж и својата приказна.

35
Дискусија и заклучок (15 минути)
1. Како се чувствувавте додека работевте индивидуално?
2. Какви промени забележувате споредено од перспектива денес за две години?
3. Што е променето во начинот на кој се гледате себе си?
4. Дали има нешто што не се променило?
5. Какви се промените? Пријатни/непријатни? Бавни, брзи? Едноставни, сложени?
6. Колку околината ги забележува промените?
7. Како ги направивте промените? Сами или со помош на некој близок, стручна помош,
семејство?

Заклучок
Промените се нормална појава во периодот на адолесценција и сликата за какви промени
сакаме да направиме во голема мера влијае врз што сакаме да постигнеме во иднина.
Позитивните промени може да ни помогнат да се зајакнеме себе си. Промената е процес кој
можеме да го правиме и со лицата на кои им веруваме и може да не поддржат како семејство,
пријатели, врсници, стручно лице и училишниот психолог.

Завршна активност (5 минути)


Едукаторот дава инструкција сите да застанат во круг. Секој учесник се врти кон личноста од
левата страна и трудејќи се да остане сериозен и вели „Драги/драга, јас многу те сакам, но не
можам да ти се насмевнам“. Играта е од забавен карактер и служи за да ја подигне енергијата
на учесниците во групата.

Рефлексија (5 минути)

1. За што зборувавме / што правевме денес?

2. Како се чувствувате?

3. Што научивте?

4. Како можеме наученото да го примениме?

36
Работилница 2: “Магично стапче”

Цели:
По проследување на оваа сесија од учесниците се очекува да:
- Бидат запознаени со промените кои се случуваат во периодот на тинејџерските години
- Разберат дека различни случувања, состојби и работи ни помагаат или ни прават
потешкотија да направиме промена
- Развијат позитивен пристап за промените кои сакаат да ги направат и бидат свесни дека
промените можеме да ги правиме сами меѓутоа и со помош на врсниците и стручни лица

Материјали:

За секој учесник бел Кутија за собирање


А4 формат лист на листовите

Централна активност (20 минути)


На секој учесник/чка се подава 1 бел А4 формат лист. Едукаторот ги замолува учесниците да
замислат дека имаат „магично стапче“ и можат да ја направат секоја позитивна промена која
можат да ја замислат. Едукаторот нагласува дека треба да е анонимно, да нема имиња и
препорачува да се пишува во трето лице. Инструкцијата која ја доделува едукаторот за
размислување е „Ако имам магично стапче и можам да променам нешто... Што ќе биде тоа и
чија поддршка ќе ја правам промената?“ Од учесниците се бара да напишат краток параграф,
најмногу 5 реченици. Едукаторот нагласува дека за оваа активност учесниците имаат 15
минути, и кога ќе поминат 13, потсетува дека има уште 2 минути преостанати за работа. Кога
сите учесници ќе се готови, едукаторот ги замолува сите да ги превиткаат своите листови и да
ги остават во голема кутија поставена централно во просторијата. Откако сите учесници ќе ги
остават листовите, едукаторот ја промешува кутијата и поминува низ просторијата со цел
секој учесник да земе еден лист од кутијата и да прочита што е напишано. Едукаторот
нагласува дека секој треба во себе да прочита што е напишано. Кога групата ќе сигнализира
дека е готова, едукаторот може да покани 3-5 учесници да прочитаат што има напишано на
листот.

37
Дискусија и заклучок (20 минути)
1. Како се чувствувавте додека работевте?
2. Како ви изгледаат промените кои некои учесници од групата сакаат да ги направат со
своето магично стапче?
3. Зошто се важни промените?
4. Што е тоа што најчесто ви помага/попречува вие да направите промена?
5. Кој може да нѐ поддржи кога сакаме да направиме промена? Како?

Заклучок
Промените се нормална појава во периодот на адолеценција и сликата за какви промени
сакаме да направиме во голема мера влијае врз што сакаме да постигнеме во иднина.
Позитивните промени може да ни помогнат да се зајакнеме себе си. Промената е процес кој
можеме да го правиме и со лицата на кои им веруваме и може да не поддржат како семејство,
пријатели, врсници, стручно лице и училишниот психолог. Менталното здравје е
инкорпорирано во нашето целокупно здравје и кога се креираат промените потребно е да се
грижиме за себе и за нашето ментално здравје.

Рефлексија (5 минути)

1. За што зборувавме / што правевме денес?

2. Како се чувствувате?

3. Што научивте?

4. Како можеме наученото да го примениме?

38
Како да се понуди прва психолошка помош?

Во случај да се соочите со ситуација каде е потребно да понудите прва


психолошка помош, следете ги основните три принципи.
Запомнете: Вие не сте стручни лица и не треба да влегувате или да креирате
небезбедна средина за вас или лицата на кои им е потребна помош.

Види
- проверете дали e безбедно односно дали има опасност
- проверете дали има луѓе со очигледни итни основни
потреби
- проверете дали има луѓе со сериозни реакции на
вознемиреност

Слушни
- пристапете им на луѓето на кои можеби им е потребна
поддршка
- прашајте за потребите и грижите на лицата на кои им
пристапувате
- слушајте ги лицата и помогнете им да се чувствуваат
смирени

Поврзи
- помогнете им на луѓето да ги споделат основните потреби
и да пристапат до неопходните услуги
- помогнете им на лицата да се справат со проблемите
- дајте информации
- поврзете ги луѓето со блиските/саканите и сервисите за
социјалната поддршка

39
Кога обезбедувате прва психолошка помош важно е да креирате безбедна
средина за сите. Следете ги следните правила со цел да помогнете без да
наштетите некому:

Разберете ја ситуацијата пред да помогнете.


Не ја форсирајте вашата помош.

Со почит поставувајте едноставни прашања за да разберете


како можете да помогнете.

Воспоставете комуникација со личноста во е криза.


Најдобар начин да се иницира комуникација е да се обезбеди практична
помош (понудете храна, вода, облека).

Бидете подготвени: Личноста во криза може да ве избегне,


да се впушти во агресивно однесување или да ја одбие вашата помош.

Почитувајте го правото на луѓето да донесуваат одлуки.

Дури и ако личноста во криза ја одбие вашата помош кога му е понудена,


покажете ја вашата подготвеност да му помогнете во иднина.

Бидете трпеливи, одговорни и чувствителни.

Зборувајте смирено и јасно и со јасни изрази.


Обезбедете точни, релевантни и соодветни информации за возраста
на личноста со која зборувате и прилагодите го вашиот вокабулар.

Земете ги во предвид културното потекло, полот, обичаите


и религијата на личноста.

Избегнувајте претпоставки, критики, проценки и ветувања.

Ако личноста во криза сака да зборува, подгответе се да слушате.

Не е неопходно постојано да разговарате со личноста во криза;


често, само физичката присутност им помага да се чувствуваат
посигурни и посигурни.

Чувајте ги доверливи сите информации што ги добивате од лицето.


Никогаш не споделувајте лични информации.

40
Енерџајзери (игри за подигнување
на енергијата на групата)

Во случај да енергијата на групата е намалена можете да искористите некој од


следните енерџајзери да ги размрдате и продолжите со работилницата.

Нека станат сите што...


Седнуваат сите учесници во круг со столчињата со тоа што еден учесник нема
столче и стои во средина. Тој учесник треба да каже „Нека станат сите што....” и
понатаму ја надополнува реченицата како што сака со цел да има учесници кои ќе
се пронајдат во неговото тврдење и треба да го променат своето место на седење
без да седнуваат на столчето што е веднаш до нив од лева или десна страна.
Наредниот учесник кој ќе го изгуби своето столче поставува друга реченица и така
натаму.

Пренеси го плесокот
Застануваат сите учесници во круг и еден од едукаторите пушта сигнал од неговата
десна страна во вид на плескање кое што треба да се совпадне со плескањето на
учесникот од неговата десна страна, а тој учесник да го пренесе плесокот понатаму
на учесникот до него, доколку нечиј плесок не се совпадне се почнува од почеток.
Така се продолжува додека не се исполни целиот круг. Постепено играта се
забрзува.

Подади го топчето
Учесниците се во круг и им се дава топче. Учесникот кој го држи топчето треба да му
го дофрли на некој друг со тоа што ќе каже „Здраво(името на оној кому му го подава“
a учесникот кој го прима топчето треба да каже „Фала (името на подавачот)“. Во
играта може да се вклучат повеќе топчиња, но помеѓу подавањата да има 30
секунди пауза.

41
Две паралелни линии
Побарајте од учесниците да застанат во две паралелни линии гледајќи се еден
наспрема друг со простор помеѓу нив. Секој од учесниците одејќи по ред треба да ги
одговори следниве прашања одејќи во просторот помеѓу двете паралелни линии:
Станав лав бидејќи...
Најдобриот проект на којшто имам работено е....
Станувањето лав ме има научено....
Кога луѓето ме прашуваат за Лавскиот интернационален клуб им кажувам...
Оваа година планирам да...
***Се поставува едно прашање се додека не го одговорат сите па потоа наредното.

Диригент
Учесниците се во круг и еден волонтер е надвор додека останатите се договараат да
изберат диригент на групата. Диригентот е должен да прави движења со телото
додека останатите го следат и ги прават истите движења. Волонтерот се обидува да
открие кој е диригентот. Откако ќе го открие диригентот е на местото на волонтерот,
а групата избира нов диригент.

Дали го сакаш својот сосед


Се ставаат столчиња на средината доволно за сите минус едно. Учесникот без
столче треба да му пријде на друг учесник и да го праша „Дали го сакаш својот
сосед“, a тој треба да одговори со да и не. Доколку одговори со не, учесниците од
негова лева и десна страна си ги менуваат местата, а оној што прашува треба да
проба за тоа време да седне на едно од местата кое е слободно. Доколку одговори
со да треба да дополни „Но, не ги сакам комшиите со...“ за другите учесници што
спаѓаат во тоа тврдење да станат и да си го променат столчето, но не смеат да
седнат на столчето од нивната лева или десна страна.

42
Листа на извори и користени оригинални
и/или адаптирани материјали при изработка
на прирачникот

UNFPA, United Nations Population Fund and Youth Peer Education Network. 2005. Standards for Peer
Education Programmes. 220 East 42nd Street, 18th Floor New York, NY 10017, USA: United Nations
Population Fund and Youth Peer Education Network (Y-PEER).

Health, World Federation for Mental. 2018. Young People and Mental Health. World Federation for
Mental Health .

UNFPA, United Nations Population Fund and Youth Peer Education Network. 2005. Training of Train-
ers Manual. New York, NY 10017, USA: United Nations Population Fund and Youth Peer Education Net-
work (Y-PEER).

Health, World Federation for Mental. 2016. Psychological and Mental Health First Aid for All . UK:
World Federation for Mental Health.

Patrick J. Michaels, Marcelino López, Nicolas Rüsch and Patrick W. Corrigan. 2009. “Constructs and
concepts comprising the stigma of mental illnes.” Во Psychology, society and education, од Universi-
dad de Almería. Spain: Universidad de Almería.

Трикиќ, З., Коруга,Д., Врањешевиќ, Ј. и др. 2011. Медијација меѓу врсници. Прирачник за
водачи на работилници од областа на образованието за вештини на медијација. Скопје:
ForumZFD&TCMC&GTZ.

Muuss, Rolf E. Porton, Harriet Velder, Eli. 1996. Theories of Adolescence. New York McGraw – Hill:
McGraw-Hill.

SANTROCK, JOHN W. 2019. ADOLESCENCE. 2 Penn Plaza, New York, NY 10121: McGraw-Hill Educa-
tion.

Ѓурчиновска, Марија. 2015. НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО МЕНТАЛНИОТ РАЗВОЈ. РСМ.

MHF, Mental Health Foundation UK. 2018. How to Look After Your Mental Health. Studio 2, 197 Long
Lane London SE1 4PD: Mental Health Foundation UK.

Patricia Brander, Laure De Witte, Nazila Ghanea, Rui Gomes, Ellie Keen, Anastasia Nikitina, Justina
Pinkeviciute. 2020. COMPASS Manual for human rights education with young people. Strasbourg:
Council of Europe.

Кениг, проф. д-р Николина. 2014. Прирачник за врснички едукатори на теми од областа на
сексуалното и репродуктивното здравје и права. Скопје: ХЕРА Асоцијација за здравствена
едукација и истражување Скопје, 2014 година.

43

You might also like