You are on page 1of 13

Цел на истражување

 Преку анализа на моменталните законски рамки и политики,


онлајн анкети, специјализирани прашалници со психолози
психотерапевти и фокус групи со млади, да се идентификуваат
состојбите во кои се наоѓаат младите луѓе при пристапот до
услугите за негување на менталното здравје.
Анализата дава два сета на препораки:

 подобрување на информираноста на средношколците во однос на


менталното здравје,

 надминување на ограничувачкиот ефект кој врз нив може да го


има нивната непосредна околина.
 
1. Правно-институционална рамка
 1. Министерство за здравство
-Националната Комисија за ментално здравје;
-Универзитетската Клиника за психијатрија (оддел за детска и адолесцентна
психијатрија);
-Заводот за ментално здравје на деца и млади Скопје;
-Служба за ментално здравје на деца и млади Битола;
 2. Министерство за образование и наука
-Педагошка служба;
-Сектор за стратешко планирање и анализа за креирање на политики;
-Биро за развој на образованието.

 3. Министерство за труд и социјална работа.


2.Состојбата на терен
2.Состојбата на терен
2.Состојбата на терен
2.Состојбата на терен
2.Состојбата на терен
3. Заклучоци:
- Средината значително влијае врз одлуката на средношколците да
побараат помош во однос на ментално здравје.
- Кај средношколците сѐ уште постои срам и чувство на стигматизација
јавно да говорат за проблеми поврзани со менталното здравје.
- Улогата на училиштниот психолог е ограничена, дел од средношколците
имаат недоверба во таа институција, како и различна перцепција во однос
на капацитетот.
- Достапноста на приватни психолози и психотерапевти е ограничена на
поголеми средини.
- Кај средношколците постои ограничена информираност во однос на
достапноста на професионална поддршка, како резултат на несистемско
информирање.
- Можноста средношколците финансиски да си дозволат советување е
ограничена, без системски да се обезбеди поддршка за пристап.
Препораки
 Зајакнување на капацитетите на психолошко-педагошката служба со активна
вклученост на МОН
1)Зголемување на финансиските средства;
2)Ограничување на административните задачи кои ги обременуваат
вработените;
3)Разработка на модели за вклучување практиканти на психолошки советници и
психотерапевти под супервизија кои може да асистираат на психолошко-
педагошката служба;
 Засилување на напорите за имплементација на Националната стратегија за
унапредување на менталното здравје 2018-2025.
 Обезбедување на соодветен простор во училиштата, простор кој нема да ја
загрози дискрецијата на учениците кои имаат потреба да разговараат со
училишниот психолог;
Препораки
 Ревизија за степенот на реализација и надградување на децентрализираната
мрежа на стручни лица и детски психолози од страна на психолошко-
педагошката служба;
 Воспоставување пракса на редовни состаноци помеѓу училиштните психолози
и учениците
 Прилагодување на пристапите во однос на заштита на ранливите групи кои
диспропорционално се засегнати и ранливи на појави (врсничко насилство)
кои негативно влијаат врз нивното ментално здравје;
 Обезбедување на соодветен простор во училиштата, простор кој нема да ја
загрози дискрецијата на учениците кои имаат потреба да разговараат со
училишниот психолог;
Препораки
 Унапредување на наставните програми во средните училишта поврзани со
менталното здравје на три начини:
1) Ревизија на наставната програма
2) Осовременување на курикулумот во однос на ментално здравје
3) Осовременување на методите на настава
 Институционална поддршка, промоција и партнерство со иницијативи од граѓанскиот
сектор/младинските организации и средношколските здруженија насочени кон
зголемување на свеста кај младите за предизвиците од аспект на менталното здравје
 Поддршка и втемелување на препораките кои произлегуваат од меѓународните
организации
 Институциите да обезбедат поголема онлајн промоција за важноста на менталното
здравје и како младите можат да пристапат до соодветни услуги, имајќи предвид
дека интернетот е клучна платформа од која се информираат.

You might also like