You are on page 1of 18

Доц.

Д-р Валентина Симоновска


ЗДРАВСТВЕНО-ВОСПИТНИ МЕТОДИ

 Под поимот здравстено-воспитни методи се подразбираат


техники и постапки на работа со индивидуални лица (поединци)
или групи, кои овозможуваат успешно менување на знаењата,
ставовите и навиките поврзани со здравјето. Во текот на
здравствено-воспитниот процес се применуваат различни видови
на здравствено-воспитни методи.
Различни автори на различни начини ги делеле методите на работа
со луѓето. Една од најстарите поделби на овие методи е
поделбата на:
 Дидактички и
 Сократови методи на работа
 Дидактичкиот метод на работа подразбираат класичен ,,екс
катедра,, пристап и структурно изнесување на материјалот,
додека сократовите методи означуваат модерни методи кои
подразбираат прашања и одговори, односно водење на
дискусија.
ЗДРАВСТВЕНО-ВОСПИТНИ МЕТОДИ

 Друга поделба е поделбата на:


- Индивидуални
- Групни и
- Масовни здравствено воспитни методи.
 Здравствено-воспитните методи и нивната содржина треба да бидат
прилагодени на слушателите, на нивното културно ниво и нивото на
образование, како и на проблемите кои со нив се обработуваат.
Здравствениот воспитувач во текот на сложениот процес на
пренесување на знаење може да ги комбинира здравствено-воспитните
методи во соработка со слушателите.
 Додека првата поделба на здравствено-воспитните методи се однесува
на начинот на работа, втората поделба зборува воглавно за бројот на
лицата со кои се работи.
 Масовните методи се однесуваат на користење на масовните медиуми
или методот на предавање, групните методи на работа со група и
идивидуалниот метод е методот на интервју или друг метод на работа
со поединецот.
Индивидуални методи на работа
 Разговорот меѓу две или повеќе лица претставува вербална
комуникациска вештина при која преку дискусија се
изнесуваат аргументи за докажување на одредени ставови
односно за освојување на одредена позиција. Во текот на тоа
комуницирање едни добиваат а други губат. Здравствените
работници многу често водат разговор ,,во четири очи,,
(интрвју), што претставува формален интервју, додека
поретко се применува планираниот интервју, кој се води на
стручен начин.
 Формално интервју
 Формалното интервју е официјален разговор на лекарот со
пацентот и има одреден облик на сослушување, бидејќи
пациентот воглавно зборува за себе. Оттаму оваа состојба не
претставува соодветен момент за спроведување на
здравтвено-воспитување. Постои психолошка бариера кои
самиот лекар во својство на испитувач ја наметнува,
независно колку е голема потребата и интересот на
пациентот.
 Планирано интервју

 Планираното интервју е неофицијален разговор кој го користат не


само здравствените воспитувачи и психоаналитичари, туку и
истражители и добри дипломати. Претставува еден од најважните
методи на работа со луѓето кој треба да се води на стручен и
научен начин и бара не само познавање на принципите, туку и
практично искуство. За водење на овој тип на интервју, покрај
добро подготвени лица, потребно е да се подготват и прашања
по одреден редослед, неопходно е да се има повеќе време на
располагање за да се води евиденција за секое интерву, да се
направи анализа на белешките која ќе помогне објективно да се
согледаат состојбите со личноста и нејзините проблеми. Посебно е
значајно да се избегнува висок тон, агресивност и конфликтни
состојби.
 Групите се формираат од поединци кои имаат ист мотив или
проблем и се заитересирани за оваков тип на работа. За да се
обезбеди ефикасна работа во групите потрбно е да се
обезбедат следните функции:
а)организатор или лице кое ќе делегира задачи, односно ќе
ги стимулира сите учесници активно да партиципираат во
задачите
б)записничар кој ќе запишува се што групата се договорила и
на тој начин ги контролира процесите односно фазите на
работа
в)надгледувач кој и самиот учестувајки во работата има за
задача да го надгледува учеството во работата на секој член
пооделно
Групата работи во сесии и тоа со динамика од еднаш или два
пати неделно, а бројот на сесиите зависи од успешноста на
работата на групата. Групата работи се додека не се разреши
проблемот за кој е формирана. Должината на сесиите по
правило треба да биде од 1,5 до 2 саати.
 Мала група
 Малата група е составена од 7 до 15 членови. Здравствениот
воспитувач преку работата во мала група треба да го поттикне,
развива и одржува интересот за одреден здравствен проблем
преку организаторот така и преку работата на поедините членови
во групата.

 Голема група
Под голема група се подразбира секое групирање каде
слушателите или членовите на групата бројат до 30 лица. Како
пример за работа во голема група во здравствено-воспитната
активност најчесто се земаат предавањата, конференциите,
драмски претстави и др. Здравтвено-воспитниот процес со овој
метод на работа овозможува само зголемување на интересот за
одреден проблем.
 Предавање
 Предавањето претставува метод на усмено пренесување на одредена
материја на слушателите. Тоа претставува најчесто користен, но не и
најефективен метод при кој се присутни 20-30 слушатели во
времетраење од 20-60 минути. Предавањето има свои предности но и
недостатоци. Предност на предавањето е тоа што групата слушатели
се наоѓа на едно место и сите тие се насочени односно фокусирани
на проблемот. Исто така со предавањето може да се помине поголемо
количество на информации за кратко време, а предавачот лесно го
прати текот и времето на презентацијата. Слушателите се чувствуваат
удобно и предавањето може да се изведе пред голема група
слушатели.
 Недостатоци на предавањето се тоа што предавањето е еднострана
комуникација односно претставува пасивен процес. Доколку долго
трае станува досаден процес, со кој тешко се совладуваат
практичните вештини и помалку се памети во однос на активното
учење.
 Успешно предавање е предавање кое е добро организирано, има
јасна цел и кое е лесно разбирливо. Предавачот поставува прашања
на слушателите и тој го одредува темпото на предавањето кое
одговара на слушателите. Предавачот може да го видат и да го
слушнат сите слушатели и тој се прилагодува на нивните потреби.
Предметот и јазикот со кои се одржува предавањето одговараат на
познавањата на слушателите.
 Видео конференција

 Видео конференција претставува процес на пренесување на слика и


звук во релативно вистинско време меѓу две локации. Тоа
овозможува интеракција меѓу учесниците на двете локации слична на
онаа која би се одвивала кога тие би биле во иста просторија. Видео
конференцијата е начин на поврзување на едно лице или група
луѓе преку телекомуникациска мрежа и видео технологија така да
истите имаат чувство на истовремено присуство во облик на жива
видео врска. Првата видео конференција била возможна да се случи
во време кога е создаден првиот телевизор, но биле потребни
најмалку два меѓусебно поврзани телевизори. Пример за видео
конференција која денес најчесто ја среќаваме е онаа кога ТВ
репортерите се јавуваат од далечни локации.
 Во 1980-те години пренесување на видео содржина била овозможена
преку ИСДН дигиталната мрежа. Од 1990-те години до денес рапидно
се развивала потребната технологија за видео конференција па така
денес постојат бесплатни програми (Net meeting, MSN Mesinger и др.)
преку интернет протокол за да се изврши пренос на видео
конференција.
 Метод на животна демонстрација
 Со овој метод на работа во здравствено-воспитниот процес се
подразбира учење преку пренесување на одредено искуство.
Односно под животна демонстрација се подразбира
демонстрирање на одреден пример или настан од секојдневната
пракса.
 Играње на туѓа улога
 Овој метод на работа најчесто се користи кога се припремаат
лица кои ќе работат со луѓе. Играњето на туѓа улога секогаш
се спроведува во група со мал број на слушатели, односно
мала група. За изведување на овој метод потрбни се одредени
подготовки. Стручно лице како советник дава задачи усмено
или писмено, индивидуално на сите членови на групата,
пооделно така да другите не ја знаат улогата на останатите а тој
ја знае.
 Животните ситуации кои изобилуваат со отпор и тешкотии како
што се интересни примери од лекарската ординација,
болничкото одделение или домашната посета претставуваат база
за понатамошен развој на оваа социодрама.
 Здравствено воспитните средства претставуваат многу
значајно подрачје од здравствено воспитниот процес.

 Многу често во пракса пооделни здравствено-воспитни


средства се идентификуваат со поимот на здравствено
воспитание, и на тој начин доведуваат до неуспешно
спроведување на оваа тешка задача. Така на пример, се
мислело дека доволно е луѓето да бидат само информирани за
нешто, а со тоа и успехот ќе биде загарантиран. Од сето тоа
не се добиени очекувани резултати, бидејќи луѓето и
понатаму ги задржале нездравите навики и истите не биле
придобиени за водење на здрав живот.
 Исто така и неправилната примена на здравствено-воспитните
средства често предизвикува спротивни ефекти од посакуваните:
наместо да се усвојат одредени нови предложени хигиенски
принципи, се јавува отпор, па дури и непријателство или наместо
усвојување на посовремено сваќање, доаѓа до потенцирање на
конвенционалното и назадното (бумеранг – ефект).
 Така секој профециналец односно секое стручно лице користи
некаква алатка. Парчето креда во раката на наставникот или
четкичката во раката на сликарот се средства кои им
овозможуваат на овие лица да го создадат своето дело. Секое
помошно средство има свои карактеристики. Спрема ова и
здравствено-воспитните средства се средства кои ги користи
здравствениот воспитувач и тие се многубројни и разновидни и
претставуваат различни облици на практично изразување на
човекот. Тоа значи дека здравствениот филм, слика или печатен
материјал, здравствениот воспитувач ги употребува како
средство. Исто така и неправилната примена на здравствено-
воспитните средства често предизвикува спротивни ефекти од
посакуваните: наместо да се усвојат одредени нови предложени
хигиенски принципи, се јавува отпор, па дури и непријателство
или наместо усвојување на посовремено сваќање, доаѓа до
потенцирање на конвенционалното и назадното (бумеранг –
ефект).
 Здравствено воспитните средства, спрема изнесеното, се орудие кое
ако се примени со соодветен метод, може да влијае на промена на
ставовите и навиките на поединецот и населението, како и на
стекнување на нови знаења во врска со здравјето.

 Здравствено–воспитните средства имаат двојна улога:

 а) да му помогнат на здравствениот работник (воспитувач) во


работата и

 б) да му помогнат на едуцираното лице полесно да научи


 Доколку овие цели не се постигнати, не би можеле да
потврдиме дека се работи за соодветни здравстено-воспитни
средства.
 Во здравственото воспитание се користат голем број на
разлчни помошни средства кои влијаат на едно или на повеќе
сетила. Според тоа постојат здравствено-воспитни средства
кои влијаат само на сетилото за вид, сетилот за слих, или
сетилото за допир. Исто така постојат и комбинирани средста
кои истовремено може да делуваат на две или повеќе сетила.
Од големо практично значање за здравствениот работник т.е
воспитувач е да знае кој вид на средство најмногу одговара во
одредаена задача.
Човековите сетила се органи преку кои секој човек добива
слика за надворешниот свет.

Во филогенетскиот развој едни од овие сетила се развиле


порано, додека други се развиле покасно.

На пример сетилото за допир е најстаро во овој развој па


оттаму и дразбата која се пренесува по овој пат е најјака за
човекот. На секој од нас му е позната желбата и потребата да
го допре предметот кој прв пат го гледа. Кај прмитивните луѓе
и кај децата тоа е повеќе изразено ,, Дај ми да го видам тоа,,
значи ,, Дај ми да го допрам,,. На овој начин во свеста се
добива најпотполна претстава. Понатаму седуваат: видот,
слухот, вкусот и мирисот.
 Да споредиме два вида на здравствено-воспитни средства во
пракса, па ќе ни биде појасно од колкаво значање е сето ова:

 Еден вербален симбол (збор), кој делува на слухот, означува


еден предмет на пр. едно заштитно средство при работа (наочари,
нараквици и др.). Работникот кој не го користел тоа заштитно
средство, нема да има јасна представа во свеста ако само го
слушне името на тоа заштитно средство. Многу појасно ќе му биде
ако ја види неговата слика. На тој начин сме му прикажале како
тоа срество очигледно изгледа. Но многу поцелосен впечаток ќе
се постигне ако му се покажат самите наочари. На тој начин
работникот ќе ги воочи сите поединости на наочарите, ќе ги
прегледува во рацете и на крај ќе ги стави на очи. Бројот на
впечатоци во првиот и последниот случај не може да се спореди.
Секако дека моделот -наочари– ќе биде најефикассно средство на
здравствено проучување во овој случај.
 Ефикасноста се однесува на тоа дека едно здравствено-
воспитно средство треба да делува на повеќе сетила
истовремено, првенствено на сетилото за допир, а потоа на
сетилото за вид и слух. Таквите средства се нарекуваат
нагледни средства.

 Никако не треба да го заборавиме и другиот аспект на


ефикасноста на здравствено-воспитното средство. Во горниот
дел од текстот ја проучувавме ефикасноста на здравствено–
воспитното средство од аспект на едуцираното лице. Меѓутоа
од страна на здравтвениот воспитувач т.е лицето кое едуцира
здравствено- воспитното средство има и друга вредност – во
колкава мера тоа здравствено-воспитно средство го
заштедува напорот на едукаторот.
 Вербалните симболи бараат голем труд од здравствените
воспитувачи. За да се постигне сакана цел, за да се објасни некој
поим, да се научи на нешто лицето кое се едуцира, за да се
оствари некоја активност, потрбно е многу напор. Ако покрај
вербалниот симбол или поим е додаденена некоја илустрирана
слика, модел или филм или некое друго нагледно средство, ќе
се олесни напорот на воспитувачот, бидејќи едуцираното лице,
полесно, побрзо и подобро ќе го прими тоа што и му се
предлага. Доколку едно здравствено-воспитно средство влијае на
повеќе сетила истовремено дотолку ќе се заштеди и напор и
време на здравствениот воспитувач.

You might also like