You are on page 1of 18

ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР „Младен Костиќ“ – АСПЕКТИ, Скопје

Подружница: Аспекти – Исток, Кочани

СЕМИНАРСКА РАБОТА
Тема: „Тераписки процес“

Едукант: Сузана Л. Ефтимова


педагог, гешталт советник,

гешталт терапевт во едукација


Супервизор: м-р. Радмила Манчевска
психолог, психотерапевт
“Едноставната дефиниција за терапискиот процес во
гешталт терапијата е: контакт + свесност + експеримент
= гешталт терапија
”Polster, E. &M. (1974)

Развојот на свесноста е основата во Гешталт терапијата.


Свесноста е холистички процес на контакти и повлекувања и
давање значења кои заземаат место внатре во нашата севкупна
личност. Развојот на свесноста ни овозможува запознавање на
себе или ни овозможува да откриеме кои сме. Свесноста се
развива на многу различни начини во гешталт советувањето и
терапијата, но тие подразбираат свесна фокусираност на
сегашноста, на текот на искуствата, на СЕГА. Развивањето на
свесноста често бара успорување на внатрешните процеси кај
луѓето и им дозволува да бидат во допир со своето суштинско
постоење. Свесноста е облик на доживување на искуствата. Таа е
процес на воспоставување на контакти со најважните збиднувања
во
полето индивидуа/средина со полна сензомоторна, емоционална,
когнитивна и енергетска поддршка.
Свесноста претставува спонтано доживување на она што се
случува во нас, она што го правиме, чувствуваме и
планираме. Свесноста претставува состојба на свеста која
се развива спонтано, кога вниманието на организмот се
насочува кон одредена област на контакт на организмот со
околината.
Свесноста е ефикасна само кога се темели на доминантната
сегашна потреба на организмот.
Свесноста секогаш е „ОВДЕ И СЕГА“ и секогаш е
променлива. Свесноста е неопходна за да може личноста да
изврши избор или да донесе одлука.
Како ќе се одвива комуникацијата помеѓу луѓето и каков ќе
биде исходот зависи и од свесноста на личноста, а тој
степен е различен кај различни луѓе.
Тераписки процес
Една од основните цели на гешталт терапијата е постигнување на
свесност и таа се остварува со експериментирање и со користење
на многубројни техники. Во терапискиот процес е многу важно
терапевтот да се чувствува слободен и терапискиот процес да го
планира од момент во момент и да не дозволи да навлезе во некој
шаблон кој ќе му оневозможи на клиентот нови доживувања. Во
текот на терапискиот процес клиентите се учат да ја користат
свесноста во секојдневното функционирање.
Цел на терапискиот процес и гешталт терапијата е оспособување
на човекот да ги користи сите свои потенцијали, истите да ги
развива и да ги користи за постигнување на поисполнет живот со
секојдневни задоволства. Ова се постигнува со развивање на
свесноста во која се вклучени познавањето на средината,
одговорноста за изборот, прифаќањето и способноста за контакт.
Свесноста за тоа што правиме и како правиме ја носи моќта на
промената и интеграцијата.
Гешталт терапијата е заснована на тоа дека секој човек има
потенцијал во себе да се справи со проблемите и препреките во
животот, па оттаму оваа терапија е насочена кон развој на
саморегулацијата на клиентот.
Гешталт терапијата не е насочена дирекно кон промена на
однесувањето, променaта се постигнува преку истражување.
Методологијата е феноменолошка и дијалошка, фокусирана на
контактот, барајќи јаснотија и фокусирање на свесноста. Оваа
терапија не е насочена само кон клиентот, туку подеднакво го
вклучува и терапевтот. Промени се случуваат и кај едниот и кај
другиот, тие заедно прават една кокреација и контакт меѓу реални
луѓе. Она што се појавува во контактот меѓу учесниците станува
фокус на експериментирање и дијалог. Основни принципи во
гешталт терапијата се: јас–ти однос,што–како,овде–сега.
Јас-ти односот е специфична форма на средба и најверојатно
најразвиената форма на контакт. Оваа релација значи
хоризонтален и дијалошки однос, во кој терапевтот и
клиентот зборуваат ист јазик на непосредното искуство.
Следниот принцип се однесува на тоа што клиентот прави и како го
прави тоа. Терапевтот непосредно споделува со клиентот што
гледа за време на сеансата и со тоа ја насочува свесноста на
клиентот. Директното искуство е средство во гешталт терапијата, а
експериментот начин на кој се истражува тоа искуство. Клиентот во
терапијата доаѓа до свесност за моменталното доживување,
сеќавање, сензација, планови, фантазии, па оттука доаѓа и
важноста на принципот на СЕГА и ОВДЕ. Сега и овде јас
контактирам со светот околу себе, сега и овде јас се сеќавам на
минатото и ја планирам иднината. Сегашноста е процес на
непрекинато движење од минатото кон иднината.
 Целта на терапијата и терапискиот процес е зголемување на
свесноста кај клиентот за полесно соочување и решавање на
животните проблеми. Клиентите најчето се јавуваат на терапија
поради следните причини:
промена на својот начин на мислење, реагирање, однесување,
бројни незадоволства, животни проблеми, незадоволени потреби,
разни очекувања и др.
Гешталт теоријата на промена е базирана на парадоксалната
претпоставка дека луѓето се менуваат станувајќи попотполно
тоа што се, не обидувајќи се да се претстават како некој или
нешто што не се.

Промената се случува кога некој ќе стане тоа што е, а не


кога ќе се обиде да стане тоа што не е” (Beisser, 1970) “.
Елементи на терапискиот процес
 Манифестирање, изразување –
е прв чекор во терапискиот процес, со што се овозможува
набљудување на внатрешните доживувања наклиентот ( боја на
гласот, зборови, претстави, дишењ, движење, мимика, гестови)
 Диференцијација –
чекор во терапискиот процес со што му се овозможува на Клиентот
да стане свесен за своите отуѓени и отфрлени аспекти или делови,
преку примена на разни тераписки постапки.
 Афирмација, прифаќање –
Терапевтот го води клиентот кон прифаќање на своите оттуѓени и
отфрлени аспекти од својата личност и прифаќање на оние делови за
кои станува свесен низ терапискиот процес.
 Избор –
е следниот чекор, каде клиентот прави избор на своите
постапки или цели во терапискиот процес.
 Интегрираност –тоа е последниот чекор на терапискиот

процес кој бара идентификување со своите витални функции, а не


само идеи, чувства или активности. Прифаќање на истите води
кон интегрираност и целовитост, а секое неприфаќање или
отфрлање води кон отуѓување или алиенација.
Средства во терапискиот процес

Во терапискиот процес разни средства всушност


преставуваат разни видови на еден ист процес
саморегулација. Тие средства се:
 Свесност
 Експериментирање
 Контакт
Техники за зголемување на свесноста
според Перлс и Левитски

 Водење дијалог – помеѓу два аспекта на


селфот кои се наоѓаат во конфликт ( topdog I
anderdog );
 Изразување на спротивности - од клиентот
се бара да стапи во контакт со некој свои
импулси, кои биле прикриени, пригушени и да
одигра улога спротивна од дотогашната.
 Проба – се бара од клиентот да проба да каже
нешто, да направи нешто за кое дотогаш не
бил спремен и за кое чувствувал
страв,несигурност или отпор.
 Контакт-повлекувањe – се вежба свесноста
на клиентот за тоа како се повлекува, останува
во контакт и како користи отпори;
 Прифаќање на одговорност – кога клиентот
изнесува некое мислење или став, од него се
бара да прифати одговорност за тоа што го
кажал.
 Одење во круг - оваа техника е погодна за работа
во група. Од Клиентот се бара да направи со секој
член визуелен контакт и директно и отворено да изрази
некое свое мислење и чувство. При тоа комуникацијата
може да биде вербална или невербална (звуци,
играње, движење, гестови).
 Незавршени работи - кај клиентот се намалува
тензијата и се ослободува врзаната енергија која после
може да се насочи и за други активности.
 Повторување и појачување - од Клиентот се бара
повеќе пати да повтори еден гест или движење,
понекогаш и да го појача, со него му се овозможува
подобро да го разбере својот јазик на телото;
 Останување со одредено чувство - тоа може да биде
болно и драматично за Клиентот, но му овзможува
проширување на свесноста за разликата меѓу она што
само го замислува, од она што навистина го чувствува.
 Употреба на континуум на свесноста - оваа техника
е најдобар начин да се избегне прашањето ЗОШТО
(барање причина) и се нагласува ШТО и КАКО прави или
чувствува;
 Без озборување ( директно обраќање) - со ова се
овозможува директно обраќање на некоја личност ( преку
замислување дека е тука),соопштување на нешто за кое
дотогаш клиентот не е бил спремен да го направи, или го
правел во нејзино отсуство што може да се протолкува
како озборување. На овој начин на клиентот му се
овозможува мобилизирање на чувствата и доживување „ОВДЕ
И СЕГА“.
 Поставување на прашања - најчесто се добиваат
информации , но некогаш може да се покрие некое свое
мислење или став. Од клиентот се бара кога се
поставува прашање истото да го претвори во исказ, со
започнување во прво лице еднина т.е Јас...на тој начин
се овозможува директна и отворена комуникација, а не
манипулација.
 Нудење на реченици - на клиентот му се нуди
реченица и се бара од него да ја прифати и истражи
дали му одговара, дали се сложува со неа и дали буди
некое чувство или доживување кај него;
 Празно( жешко столче) - како најефикасна
техника, карактеристична за гешталт, која ја вовел Фриц
Перл и нејзината цел се состои во воспоставување на
контакт со оние делови на селфот кои се отсечени,
отфрлени и неприфатени.
Преку техниките кои се користат во терапискиот процес се
овозможува:

Свесност и интеграција –
што немора да значи и потполно решавање на проблемот.
Свесноста може да се случи за време на терапискиот процес, но може и
покасно.
Терапискиот процес кај различни клиенти е различен, често е
спор и долготраен и се одвива во етапи ( фази);
 Преку нивната употреба се доаѓа до нови облици на искуство,
 Во терапискиот процес се избегнува употребата на „ТРЕБА“ и се
заменува со „САКАМ“, а „НЕМОЖАМ“ со „НЕСАКАМ“.
 Како ќе се одвува терапискиот процес ќе зависи во голема мера од
вештината на терапевтот, неговата креативност и спремност за работа.
 Во терапискиот процес свесноста може да се насочи или зголеми и со
поставување на неколку волшебни прашања:



На што си свесен сега?
Што правиш?
Што сакаш?
Што очекуваш?
Како се чувствуваш?
Што избегнуваш?
Со помош на терапискиот процес
клиентите
учат:
 Како да ја зголемат својата свесност;
 Како да ја насочуваат свесноста и така да
откриваат што навистина се, наместо да се
обидуват да бидат нешто што не се, на тој
начин парадоксално доаѓа до промена;
 Како да ја зголемат својата подршка и да си
дадат подршка на самите себе, а не да ја
очекуваат од околината;
 Како да функционираат во целост;
 Како да се соочуваат со отпори и да преземаат
одговорност за нив и како да ги избегнуваат.
Заклучок
 Гешталт советувањето и психотерапијата се во
суштина креативни процеси кои ни овозможуваат и на
нас и на клиентите да се вклопиме во својата
суштинска инвентивност за да го излечеме минатото,
да го прошириме искуството, да ги преминеме
границите кои обично ги поставуваме на себеси и да
го трансформирате своето чувство за време и своите
можности.
Гешталт советувањето и психотерапијата ни
овозможуваат промена на својот начин на мислење,
реагирање, однесување, бројни незадоволства,
животни проблеми, незадоволени потреби, разни
очекувања , а со тоа посреќен и поисполнет живот.

ВИ БЛАГОДАРАМ

You might also like