You are on page 1of 4

Поим за нормалност

Здравјето е состојба на целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само


отсуство на болест и изнемоштеност. Оваа дефиниција е дадена од Светската здравствена
организација (СЗО) и го опишува човековото здравје во неговата сеопфатна смисла.
Според тоа, нормална или здрава личност би била онаа која нема болки и потешкотии на
телесен план, добро се чувствува на емотивен план (контрола на емоциите), поседува
работни способности, има добри односи со другите лица, има чувство на припадност во
семејството и пошироката општествена заедница.
Психички нарушувања
Поимот „Психолошки нарушувања“ или нарушувања на менталното здравје се однесува
на влошена состојба на менталното здравје кај личноста, која вклучува здравствени и
психички потешкотии. Симптомте кои се јавуваат кај личноста, вклучуваат
пореметување на расположението, неефикаснот при размислувањето, влошено
помнењето, проблеми во однесувањето, променливи или негативни емоции-
доживувањата, проблеми со личната ефикасност, влошени или намалени односи со
другите лица, демотивација и сл.
Зависно од интензитетот и манифестирањето на ваквите потешкотии, зборуваме за три
групи на психички нарушувања: неврози, психози и нарушувања во карактерот и
однесувањето. 1.Неврозата е состојба кај која постојат психички промени кај личноста, кај
кои не постои патолошки органски супстрат, кај која се јавува шаренило од психички
страдања од субјективен карактер со последици по функционирањето на личен,
професионален и социјалн план..
-Постојат повеќе видови неврози, меѓу кои спаѓаат:
Анксиозните нарушувања се карактеризираат со прекумерен страв, загриженост и се
поврзани со нарушувања во однесувањето. Постојат неколку различни видови на
анксиозни нарушувања, како што се: генерализирано анксиозно растројство (се
карактеризира со прекумерна грижа), панично растројство, социјално анксиозно
растројство, опсесивно-компулсивно нарушување.
Панично растројство. Личноста која страда од панично растројство, има кратки напади
на интензивен ужас и страв, често проследени со тресење, конфузија, вртоглавица, гадење
или отежнато дишење. Нападите може да бидат поттикнати од стрес, ирационални мисли,
општ страв или страв од непознатото.
Социјално анксиозно растројство. Кај лицата кои страдаат од социјално анксиозно
растројство, секојдневните социјални настани и интерации (започнување разговор,
зборување на телефон, одење на работа, одење во продавница, запознавање со нови лица,
разговор за работа ) предизвикуваат значителни интензивни емоции на вознемиреност,
страв и срам. Тие имаат чувство како да се ,,под лупа” од страна на социјалната средина и
доживуваат страв дека ќе бидат осудени и оценете негативно. Може да се појават
избегнување на социјални ситуации, негативни мисли, физички симптоми (потење,
тресење, забрзано чување на срце) и сл,
Опсесивно-компулсивно растројство. Карактеристичните симптоми на опсесивно-
компулсивното растројство вклучуваат присилни мисли и присилни работи. Опсесивните
сиптоми ги карактеризираат наметливи, повторувачки, несакани мисли, идеи, предлози и
поттикнувања кои се вознемирувачки и од кои лицето не може да се ослободи.
Компулзиите опфаќаат повторувачко однесување, кое може да биде лесно воочливо (на
пример, миење раце) и ментално присутно (на пример, броење).
Фобии. Најголема категорија е онаа на фобиите, која ги вклучува сите случаи во кои
стравот и анксиозноста се предизвикани од специфичен предмет или ситуација. Фобијата
е интензивен страв или аверзија. Вообичаени фобии се страв од летање, од крв, вода,
тунели, инсекти, висина, отворен простор и сл.
Депресија. Депресијата се разликува од вообичаените промени на расположението и
краткотрајните емоционални одговори на предизвиците во секојдневниот живот. За време
на депресивна епизода, лицето доживува депресивно расположение (чувство на тага,
раздразливост, осаменост) или губење на задоволство или интерес за активности во
поголемиот дел од денот, речиси секој ден, најмалку две недели.
Психосоматски заболувања- Причината кај психосоматските заболувања е психата, а како
резултат на тоа се јавуваат телесни промени. На пр. при долготраен стрес се јавува
зголемен крвен притисок, главоболки, забрзана работа на срцето, патолошки појави на
гастроинтестиналниот тракт (хелокобактер пилори). Лекувањето на овие заболувања се
одвива во две насоки: се лекува заболениот орган и се отстранува психогениот фактор кој
што довел до заболувањето.
2.Под психози се подразбира група на најтешки психички пореметувања. Кај пациентот
постои распад на егото и тешки нарушувања на личноста. Тие го ограничуваат контактот
со реалниот свет или сосема го прекинуваат. Пациентите може да бидат агресивни, па
оттука опасни за себе и околината. Пациентите не се во состојба да ги извршуваат своите
професионални активности, бидејќи им се оштетени способностите за мислење, помнење,
чувствата и општо активноста.
Видови психози: Основна карактеристика на шизофренија е расцеп на личноста (шиз-
расцеп, френ-лице). Шизофренијата се развива по пат на сложени реакции меѓу
наследната предиспозиција и низа неповолни биолошки, психолошки и социјални
чинители. Симптоми: пореметен контакт со реалноста, оштетеност на интелектуални
способности, појава на халуцинации, присилни мисли, идеи на прогонување.
Манично депресивна психоза се одликува со промени и пореметувања најмногу во
емоционалното однесување. Тука се разликуваат две состојби: манична состојба-со
изразени чувства, интензивна веселост, богатство на идеи, сугестии, зголемена активност,
како и депресивна состојба- во која се јавуваат интензивни чувства на
тага,безвредност,вина, самоубистени идеи и сл.
Параноја претставува психичко растројство каде личност се карактеризира со прекумерна
осетливост, вознемиреност, страв, ирационалност како и тенденција доживеаните настани
да се претставуваат на поинаков начин до степен на ,,заблуда”. Пријателското однесување
на другите луѓе, може да се толкува како непријателско или сомнително, се јавува
претерана недоверба кон другите лица, личноста има изразена склоност кон конфликти и
секогаш инсистира дека е во право. Параноичното размислување подразбира страв од
прогон кај личноста или убеденост дека има постои некаква завера против неа.
3.Нарушувања во карактерот и однесувањето.
Дисоцијално растројство на личноста (психопатија, социопатија)
Главна особина на ова растројство е наклонетоста да се негираат и повредуваат правата
на другите луѓе, а притоа честопати се користат манипулативни и залажувачки постапки.
Пациентите дејствуваат агресивно, импулсивно, немаат чувство за емпатија кон другите, а
своите жртви ги означуваат како слаби личности. Овие лица честопати прават
деликвентни и незаконски дејствија. Преваленцијата кај населението изнесува помеѓу 1,5
и 3%.
Некои карактеристики на асоцијално (дисоцијално) растројство кај личноста:
импулсивност и агресивност; недостаток на совест и самоконтрола; недостаток на вина и
каење, непочитување на законот; промени во расположението, лажење и искривување на
вистината; манипулирање и злоупотреба на другите.
Нарушувањата во карактерот се откриваат од импулсивните делувања насочени против
средината, општествените норми и традиции,(проблеми со закон) во тоа случај зборуваме
за социопат. Додека пак, егоистичкото задоволување на сите агресивни и деструктивни
мотиви- тогаш тоа се психопати. Психопатите се карактеризираат со грубо однесување и
неосетливот кон другите луѓе (манифестираат деликвентни однесувања, криминал и
недозволени дела).
Причини: Наследноста (гените), последици од физички и психички заболувањa.; фактори
на околината односно детска траума или физичка/емоционална злоупотреба, негативната
социјализација во раното детство, лицата биле воспитувани претерано строго во
детството-строга казна или пак оставени сами на себе (запоставени).
Третман
Многу луѓе постигнуваат закрепнување преку учество во индивидуален или групен
третман. Поединците имаат потреба од третман кој е најсоодветен за нив.
Психотерапијата е терапевтски третман на психилошко нарушување, обезбеден од
обучен професионалец за ментално здравје. Психотерапијата ги истражува мислите,
чувствата и однесувањата, се обидува да ја подобри благосостојбата на поединецот.
Лековите не ги лекуваат целосно менталните нарушувања. Сепак, тоа може да помогне во
управувањето со симптомите. Лековите во комбинација со психотерапија, може да даде
ефикасни резултати. Медикаменти против анксиозност или смирувачи против
анксиозност за намалување на анксиозноста (на пр.либриум, валиум), се даваат во мали
дози. Антипсихотични медикаменти познати како големи смирувачи, се ефикасни во
омекнување на чудните сиптоми и антисоцијални однесувања (на пр.Хлорпомазин,
Флупхеназин и сл.), придружени со други форми на терапија даваат резултати.
Антидепресивните медикаменти ги намалуваат депресивните чувства, одново го
воспоставуваат вообичаеното спиење, јадење и ја намалуваат анксиозноста. Во мал број
случаи, хоспитализацијата може да биде неопходна за да се следи поединецот, прецизно
да се дијагностицира неговата состојба или пак да се прилагодат лековите доколку
психолошко нарушување се влошува. Група за поддршка е групна средба на која
членовите меѓусебно се водат кон заедничката цел за закрепнување. Групите за поддршка
често се состојат не од професионалци, туку од врсници кои страдале од слични искуства.
Планот за самопомош е уникатен здравствен план каде поединецот се осврнува на
неговата/нејзината состојба, со имплементирање на стратегии кои промовираат
благосостојба.

You might also like