You are on page 1of 2

Типови на шизофренија

Шизофренија симплекс - основни карактеристики на овој облик на


шизофренија се постепеноста во разојот, забавен тек, прогресивност во пропаѓањето и
осиромашување на личноста - се до појава на шизофреничка деменција. Овој тип
шизофренија многу е тешко да се дијагностицира и не е толку чест.

Дезорганизирана шизофренија (Hebephrenia) - се карактеризира со


неразбирлив говор кој е последица на нелогичности во говорот и скокање од тема на
тема, изразено пореметување на однесувањето како детинесто однесување, изразена
возбуденост која нема врска со надворешните стимули, проблеми во однесувањето
насочено кон целта, така што постојат тешкотии во изведувањето на активности од
секојдневниот живот, како личната хигиена, грижа за просоторот во кој живеат.
Личноста може да изгледа нечисто, да се облекува на особено чуден начин, на пример
да носи повеќе капути во летно време, може да биде присутно јасно несоодветно
сексуално однесување, непредвидливо и непоттикнато од надворешните настани,
возбудување, како викање и пцуење, проблеми во чувствата, како отапеност на
чувствата или неадекватни чувства.  Се смета дека ова е најтешката форма на
шизофренија бидејќи лицата кои страдаат од неа многу тешко функционираат
нормално и многу тешко ги извршуваат секојдневните задачи.

Параноичен тип на шизофренија - овој тип најчесто се јавува кај постари


личности, обично по триесеттата година од животот. Но тоа не ја исклучува можноста
овој облик на шизофренија да се појави и кај помладите лица. Основна карактеристика
на оваа психоза е постоењето на прогонувања кои се пропратени со разноврсни
облици на халуцинации, најчесто дека властите ги пратат, дека секаде за нив се
зборува, дека во весниците се пишува за нив, дека нивните непријатели со сите сили
се борат да ги уништат, дека некој ги хинотизира, дека му се смее во лице, т.е. постои
организиран заговор против нив. Таквите идеи создаваат несигурност, неискреност,
претпазливост и сомничавост, па затоа болните се одвојуваат од опшеството, стануваат
максимално претпазливи со постојана внатрешна напнатост.

Халуцинациите се јавуваат во областите на сите сетила. На храната и е променет


вкусот, нешто ги боцка по јазикот, т.е. мислат дека некој ги труе со храната. Овие
сензации го зголемуваат постоењето на пароноидни идеи, така што болните преземаат
мерки за претпазливост, ги заменуваат чиниите со други лица, чекаат некој друг да
почне прв да јаде, или одбиваат храна, менуваат ресторани, додека на крај не се
одлучат сами да си готват.

Исто така, постојат и мирисни халуцинации. Болните чуствуваат некој чуден мирис, гас,
кој ги гуши, отровни гасови во воздухот. Тие веруваат дека некој со отров преку
воздухот сака да ги убие. Поради тоа, често ги затвораат сите отвори во својот дом,
држат мрамче преку носот и устата, го напуштаат својот дом.
Обемот на различните халуцинации во тешки облици на оваа психоза ги мачи болните
до вистинско лудило на физичко прогонување. Можни се и акустични халуцинации,
при што гласовите секогаш имаат улога на средината на болниот. Тие се по правило
наметливи, непријатни, го вреѓаат болниот, му се закануваат, го оговараат, исмејуваат,
понижуваат, го уценуваат и сакаат психички да го исцрпат и онеспособат.

Во текот на еволуцијата на болеста можни се благи ремисии, но обично болеста


добива хроничен тек. Болните стануваат максимално недоверливи, сомничави,
избегнуваат контакт со било кој.

Кататоничен вид на шизофренија - се карактеризира со јасни симптоми на


пореметување на движењето на телото, без разлика дали постои отсуство на движења
или претерана подвижност. Симптомите на моторната неподвижност со восочна
витливост, кога екстремитетите можат да се свиткуваат како да се од восок, има
потполна моторна укоченост. Кога личноста нема движења, тоа се нарекува ступор.
Кога постои засилена моторичка активност, тогаш таа е бесмислена, затоа што не е
предизвикана од надворешни влијанија. Кај заболените може да постои негативизам
кој се однесува на бесцелен отпор кон сите барања, или одржување на постојана
положба на телото и покрај придвижувањата или незборување, што се нарекува
мутизам. Може да постојат необични движења на завземање на положба на телото,
повторување на зборови кое се нарекува ехолалија и повторување на движењата на
други лица, кое се нарекува ехопраксија. Овој тип на шизофренија е многу редок во
поново време.

You might also like