You are on page 1of 1

Епидемиологија

Инциденцијата и преваленцијата на шизофренија варираат од истражување до


истражување. Според големиот број истражувања за инциденцијата, бројот на нови
случаи изнесува 15,2 на 100 000 жители, а преваленцијата на бројот на заболени во
определено време е значително повисока и изнесува 4-7 на 1000 лица. Ризикот за
заболување од шизофренија се движи од 0,3-2,0% , а најчесто цитираниот ризик за
заболувањето изнесува 1%. Во однос на поранешните истражувања, кога се тврдело
дека инциденцијата и преваленцијата на шизофренија се константни во сите култури,
денеска има истражувања кои покажуваат дека инциденцијата и преваленцијата се
поврзани со социјалните фактори, така што тие се повисоки кај лицата кои мигрирале
во урбана средина. Некои истражувања, исто така, покажуваат поврзаност на
сиромаштијата со повисоките стапки на инциденција и преваленција.

You might also like