You are on page 1of 8

Епидемиологија 1 колоквиум

1. Дефиниција за епидемиологијата -наука за распросранетоста и причинителите на


нарушувањата на здравјето, како и нивно спречување и сузбивање
2. Епидемиолошките истражувања се делат на 2 групи
 Опсервациони (вклучуваат дескриптивни и аналитички студии)
 Експериментални (се користат за испитување на ефикасноста на терапевтските средства и
ефикасноста на мерките на превенција)
3. Спорадичност-појава на поединечни случаи на болеста која не е афтохтона, односно која на
таква територија е внесена од некое друго подрачје.
4. Ендемија-постојано присуство на болеста на одредено подрачје или популациона група и
вообичаена зачестеност на одредена болест во таквото подрачје.
5. Епидемија-појава на болест или друг настан поврзан со здравјето во број кој ја надминува
вообичаената зачестеност во одредена популација.
6. Карактеристики на епидемијата
-пореметувањето на здравјето не мора да има заразна етиологија
-не е неопходно бројот на заболени да биде голем, битно е да е невообичаен во однос на
посматраната популација и временскиот период
-појава и на само 2 случаи не некои болести во цела емја може да значи епидемија ако
станува збор за заболување кое кај нас го нема и ако барем еден од болните е автохтон.
7. Пандемија-е епидемија која се јавува на широко подрачје во светски рамки и обично
погодува голем број на луѓе
8. Видови на епидемии според видот и начинот на експозиција
 епидемија на краткотраен извор ( епидемијата е експлозивна, бројот на заболени брзо
расте,кај лица изложени на заедничкиот извор Пр. Труење со храна во сендвичара, труење
со печурки)
 епидемија од постојан извор ( каде изложеноста почнува нагло,има континуиран карактер,
се додека не се отстранат причините кои до неа довеле.Пр.загадување на локален
водоснабдителен објект)
 прогресивни епидемии (се поврзани само за биолошки агенси, настануваат најчесто со
пренесување со контакт)
9. Епидемиски процес-се дефинира како појава, одржување и настанување на заболувањата
во хуманата популација

1
Епидемиологија 1 колоквиум
10. Епидемиолошки модели на заболување- здравје и болест е резултат на постојано дејство
на сили и нивни меѓусебни интеракции во состав на еколошкиот систем.
-со цел подобро да се прикажат патиштата и начините со кои се манифестира
повеќекратната интеракција на еколошките фактори има неколку еколошки модели
11. Еколошки модели:
 Еколошки тријас (Гордонов тријас) кој го сочинуваат:
-агенс- причинител на заболувањето
-домаќин- (пол, возраст, професија, навики, религија и др)
-средина- (биолошка, физичка и социјално економска)
*промената на било кое ниво од овој модел ја пореметува рамнотежата и како резултат на
тоа доаѓа до опаѓање или пораст на зачестеноста на заболувањето
*еколошкиот тријас пошироко е претставен со затворен ланец на инфекција (по Вогралик)
кој е модификација на еколошкиот тријас и каде меѓусебната поврзаност на пет составни
алки го исполнува условот за појава на болеста.
 Вограликов синџир-со испаѓање на било која алка од синџирот на инфекција ќе
оневозможи појава на заразни заболувања.
 Модел на точка и мрежа на причинители- имаат примена во проучувањето на хроничните
незаразни заболувања кои не се врзани за специфични агенси
 Моделот на точка средишен дел го претставува човекот,околу центарот она што го
опкружува човекот е средината поделена на биолошка, физичка и социјално-економска
 Мрежа на причинители-заболувањето не зависи од еден фактор туку од низа на
предизвикувачки компоненти поврзани во ланец.
12. Агенс-може да се смета како синоним за причинител, неговото присуство во голема
количина или релативно отсуство е нужен услов за настанување на заболување.
13.Класификација на агенсите
*инфективни (биолошки кои се предизвикувачи на заразни болести: вируси, рикеции,
бактерии, протозои и метазои) *неинфективни (физички, хемиски)
***физички: ниска и висока Т, нејонизирачко и јонизирачко зрачење, механичка сила, звук,
потрес, вибрации и др.
***хемиски: -отрови од егзогено потекло:олово, жива, киселини, бази, бензол, фенол,
отрови од змии и инсекти и др.
-ендогени интоксикации
2
Епидемиологија 1 колоквиум
14. За појава на заразно заболување, тек и исход значајни се: начин на излачување од
организмот, начин на влез во организмот, патогеност, вируленција, контагиозност и
инфективна доза(одредена количина на предизвикувачот).
15. Инфективност- способност на агенсот да продре во домаќинот, да се одржува и
размножува, односно развива во него.
16. Патогеност- е физиолошка особина на видот и претставува способност на биолошкиот агенс
да предизвика заболување во осетлив организам
17. Вируленција- е степен на патогеност и е променлива особина на микроорганизмите.
18. Контагиозност- е способност на биолошкиот агенс да се пренесува од еден на друг
организам и евентуално да предизвика заболување во новиот домаќин.
19. Домаќинот во еколошкиот тријас е резервоар или извор на зараза
20. Резервоар на инфекција е: било кое лице, животно во кое инфективниот агенс нормално
живее и од кое може да се пренесе на осетлив домаќин.
21. Извор на инфекција е жив организам од кој инфективнит агенс во одреден момент се
пренесува на осетлив домаќин и доведува до инфекција.
22. Инфекција е продирање и развој на инфективниот агенс во телото на човекот или
животното.
23. Човекот може да биде резервоар на инфекција:
*кога е болен (во период на инкубација, во тек на болест)
*како клицоносител (после прележана болест, како контактен или здрав клицоносител)
24. Инкубација е интервал кој поминува од продорот на инфективниот агенс во организмот на
домаќинот па до првите симптоми, може да биде со краткотраење (настинка, грип) и долго
(хепатит Б и Ц, сида)
25. Инапарентна инфекција- инфекција на домаќинот без појава на препознатливи знаци и
симптоми на болеста.
26. Манифестна инфекција- кога ги има сите симптоми и знаци на болеста.
27. Клицоносител е лице кај кое инфекцијата се задржува на ниво на колонизација.
28. Клицоносителството по прележана болест може да биде: акутно и хронично
*акутни клицоносители се лица кои после клиничко оздравување, кратко време, најмногу
до 3 месеци излачуваат клици (дизентерија, тифус, салмонелоза)
*хронични излачување на клици и после 3 месеци а може да трае повеќе години а
понекогаш и до крај на животот.
3
Епидемиологија 1 колоквиум
29. Заболувања на животните од кои може да заболи човекот (антропозоонози) се :
*бактериски (бруцелоза, туларемија, лептоспироза)
*вирусни (шап, лигавка, беснило)
*рикециски, протозоални, хелминтози и габични кои се помалку застапени
30. Влезни места на инфекции се:
 Слузокожа на респираторен тракт
 Слузокожа на дигестивен тракт
 Кожа
 Надворешни (видливи) слузокожи
31. Диспозиција- склоност на домаќинот према одредени заболувања, таа допридонесува за
појава и одржување на заразните заболувања во природата.
 Еден од начините на мерење на склоноста према поедини заболувања е индексот на
клиничка манифестација-број на лица со клинички манифестни инфекции од сто осетливи
и изложени на зараза.
32. Фактори на диспозиција се: возраст, пол, расна и верска припадност, професија, социјално
економски статус, начин на исхрана, др. заболувања, умор, стрес и др.
33. Колективен имунитет- отпорност на одредена група или заедница према некоја болест
34. Степенот на колективниот имунитет кој е потребен за да се спречи појава на болест
зависи од: способноста на поединецот да пренесе зараза, должината на неговата заразност,
величината и видот на колективот и односот во него.
35. Екологија- наука за односот на живите единки и средината која ги опкружува
36. Абиотската средина опфаќа се она што ја чини неживата природа како вода кислород,
минерали кои живите организми ги преземаат од надворешната средина.
 Геолошките фактори можат да имаат директно влијание на здравјето кое се одразува
на ендемската гушавост, ракот на белодробието, оштетување на срцето на младите
 снабденоста со вода, нејзино прочистување
 Индиректно составот на почвата влијае на пореметувањњ на здравјето поврзано со
начинот на исхрана
 Географските фактори опфаќаат лоцираност на теренот и неговата конфигурација
 Климатските фактори делуваат на здравјето затоа што доведуваат до топлотен удар,
смрзнатини
37. Биотската средина ја претставуваат живите организми и нивната организација.
4
Епидемиологија 1 колоквиум
38. Екосистем-сите живи суштества на одредена територија кои заедно со факторите на
неживата средина сочинуваат одредена животна заедница.
39. Дескриптивната епидемиологија се занимава со: испитување на зачестеноста и
дистрибуцијата на заболувањата во однос на карактеристиките на заболени и умрени како и
времето и местото на појавата на заболувањето.
40. Податоците собрани со дескрипција се користат:
-во проучување на болести од непозната етиологија
-во истражување на факторите кои довеле до заболување
-во организација на здравствените служби
41. Дескриптивната метода опфаќа податоци за :
-лица (КОЈ заболел)
-место (КАДЕ се јавува пореметувањето на здравјето)
-време (КОГА тоа се случило)
42. Карактеристики на лицето: возраст, пол, брачна состојба, националност, верска
припадност, образовно ниво, професија, социјално-екон.стат и др.
43. Карактеристики на местото на заболување: тука се разликите помеѓу:
-поедини територијални единици (региони, општини, градови, села)
-север и југ, планински и рамничарски предели и др.
44. Време на јавување : неколку видови на хронолошки анализи :
 Сезонси осцилации-кај најголем број на заразни болести, цревните заболувања
достигнуваат свој максимум во летно-есенски период, респираторните-доцна есен
 Секундарни варијации-промена на зачестеноста на пореметување на здравје во текот
на долги временски периоди
 Циклични варијации-промена на зачестеноста која покажува одредена периодичност
45. Епидемиолошка анкета- најпознат и најчест користен начин на прибирање податоци во
епидемиологијата. Опфаќа:
-општи податоци (име, презиме, адреса, матичен број)
-демографски податоци (пол, возраст, професија)
-податоци за заболувањето (дата на заболувањето, симптоми и знаци)
-лична и фамилијарна анамнеза (прележани болести, вакцини, серум)
-останати податоци

5
Епидемиологија 1 колоквиум
46. Аналитичка метода-со неа се тестира хипотезата за настанување на одредено заболување.
Се прави кај заболувања со непозната етиологија и испитаниците се делат во 4 групи:
-изложени лица
-изложени здрави
-неизложени заболени
-неизложени здрави
47. Анамнестички студии-за нив е карактеристишно дека се поаѓа од последиците т.е. од
болеста па потоа се наоѓаат факторите кој и претходеле. Оваа постапка опфаќа:
-избор на група на заболени и соодветна контролна група
-собирање на податоци за изложеност на агенсот
-утврдување на пропорции на изложеност на лицата во испитуваните групи
48. Контролната група можат да ја сочинуваат:
-пациенти од иста здравствена установа
-лица надвор од таа здравствена установа
49. Кохортни студии-со овој назив се означува група на луѓе кои ги поврзува некое заедничко
искуство или карактеристика.
50. Фази на изведување на кохортни студии:
-избор на кохорта
-обезбедување на информации за експонираност и поделба на изложени и неизложени
агенси
-пратење на зачестеност на заболување и утврдување на пропорција на заболени меѓу
изложени и неизложени лица на агенсот.
51. Постојат 2 пристапи за изведување на кохортни студии:
-проспективен (има долг период на пратење, агенсот веќе делувал но болеста се појавува
во иднина)
-ретроспективен ( нема долготрајно чекање, се избира кохорта во која агенсот веќе
делувал вво минатото а ефектот бил изразен пред почетокот на испитувањето)
52. Со анамнестичките и кохортните студии се проверува поврзаноста помеѓу
инкриминирана независна варијабла (причинител) и зависната варијабла (болест).
53. Лонгитудунални испитувања- судијата опфаќа подолг период на време
54. Студии на пресек или студии на преваленција-се поврзани со моментот на испитување

6
Епидемиологија 1 колоквиум
55. Експериментален метод-ја проверува исправноста на хипотезата до која се дошло со
дескриптивниот метод и која е тестирана претходно со аналитичкиот метод.
 со експеримент се тестира хипотезата за причинска поврзаност на некој фактор и
порметување на здравјето.
56. Има 3 основни форми на експеримент:
 Клинички експеримент (се изведува меѓу заболени лица кај кои се тестира
ефикасноста на некои лекови или терапевтски постапки)
 Теренски експеримент (опфаќа здраво лица кое има висок ризик да развие болест,се
користи за евалуација на ефектите на некое превентивно средство/постапка)
 Експеримент во општествената задница (форма на теренски експеримент кој ја
вклучува целата популација)
57. Постојат 3 основни форми на експеримент:
-Клинички експеримент (кај заболени,се тестира ефикасноста на одредени лекови,постапки)
-Теренски (кај здрави,за евалуација на ефектите на некое превентивно средство/постапка)
-експеримент во општествена заедница (форма на теренски експеримент кој ја вклучува
целата популацијата)
58. Патишта на пренесување на заразни заболувања:
-директен
-индиректен
59. Директен пренос:
-преку директен контакт (загадени раце, бакнеж, полов однос, новородено при излегување
низ родилниот канал, каснување)
-преку капков пат (капки на слуз од устата или носот при кивање, кашлање, смеење, пеење)
-преку трансплацентарен пат (преку плацентата од мајка на бебе)
-преку земјиште (различни излачевини на луѓе и животни)
60. Индиректен пренос:
-предмети и биолошки материјал
-вода
-храна
-воздух
-вектори

7
Епидемиологија 1 колоквиум
61. Видови епидемии врз основа на патиштата на пренесување за заразните болести :
-Контактни (зависат од механизмот на пренесување)
-Капкови или аерогени (преку воздух и се експлозивни и зафаќаат голем број на луѓе)
-Алиментарни (преку храна и се експлозивни, сите заболени се регистрираат во временски
период)
-Хидрични (преку вода)
-Трансмисивни (по пат на вектори).Преку вектори се пренесуваат на 2 начини: по пат на
инокулација (при цицање) или контаминација(со чешање ја внесува низ повредената
кожа)
62. Спречување на зар.бол-збир на мерки кои континуирано се спроведуваат со цел да се
превенираат појавите на пореметување на здравјето.
63. Сузбивање-збир на мерки против веќе присутно пореметување на здравјето со цел на
ограничување на неговото понатамошно јавување.
64. Мерки према уништување на агенсот се: стерилизација,дезинфекција,варење и
пастеризација на некои продукти, алтернативно уништување со чување на храна на
ниски температури.
65. Човекот како резервоар во спречување и сузбивање на з.б. :
 Здравствено воспитание
 Рано о
66.

You might also like