You are on page 1of 4

ПОИМИ

Тема 1: Епидемиологија на заразните болести и Тема 2:Заразни


болести,Општа инфектологија
1.Морбидитет- претставува однос на бројот на заболените во одреден
временски интервал спрема бројот на населението.
2.Морталитет- претставува однос на бројот на умрени во одреден
временски интервал спрема бројот на население.
3.Леталитет- претставува однос на умрени и заболени од иста болест.
4.Епидемија- бројот на заболени е поголем од вообичаениот.
5.Индексен случај (Index case)- претставува првиот случај од кој почнува
да се шири инфективната болест.
6.Епидемиско огниште- претставува најмалку два меѓусебно поврзани
случаи на инфективно заболување предизвикани од ист инфективен агенс.
7.Ендемија-појава кога одредено инфективно заболување е редовно
присутно на некое подрачје.
8.Пандемија-кога инфективното заболување зафаќа поголема
територија(пр. На контитенти)
9.Спорадично јавување- појава кога болестите се јавуваат поединечно,
негрупирано, без временско и просторно поврзување.
10.Зоонози или антропозоонози- заеднички инфективни болести кај
човекот и животните.
11.Токсемија(интоксикација)-труење со бактериски токсини на
организмот без создавање локални патолошки промени.
12.Индекс на контагиозност- означува број на заболени лица врз 100
лица изложени на инфекција.
13.Бактериемија- присуство на бактерии во крвотокот.
14.Септикемија- болна состојба предизвикана од разни бактерии и
нивните токсини во ткивата и крвотокот.
15.Сепса- состојба кога се размножуваат микроорганизмите во крвотокот.
16.Алиментарен пат- пренесување на инфекцијата преку
контаминирана храна.
17.Трансмисивен пат-пренесување на инфекцијата преку
вектори(инсекти).
18.Артефицијален пат- пренесување на инфекцијата преку
предмети(шприцеви, игли, катетри).
19.Биолошка војна- примена на микроорганизми или нивните токсини за
уништување на живата сила на противникот и на животните и растенијата.
20.Синдром- збир на повеќе симптоми карактеристични за група болести
од различна етиологија.
21.Febris continua- хиперпирексијакојатраесоденови,
дневнитеколебањасепомалиод1°C.
22.Febrisremittens- дневни разлики поголеми од 1°C но не достига до
нормалата.
23.Febrisintermittens-дневни осцилации поголеми од 1°C а достигнуваат
до нормалата дури до субфебрилни периоди.
24.Монофазична температурна крива- постепено скалесто покачување
и постепено намалување на телесната температура.
25.Бифазична температурна крива- се прикажани два фебрилни запци
кои личат на камила со два грба.
26.Febrisrecurens- температурна крива со фебрилни и афебрилни периоди.
27.Егзантем- ефлоресценција која се јавува на кожата.
28.Енантем-ефлоресценција која се јавува на лигавицата.
29.Дифузен исип- исип на поголема регија.
30.Местимичен исип- ако меѓу исипаните места има и здрава кожа.
31.Центрифугален-ширење на исипот од центар кон периферија.
32.Центрипетален- ширење на исипот од периферија кон центар.
33.Макула-ситна црвена ефлоресценција која лежи на ниво на кожата.
34.Папула- ефлоресценција над нивото на кожата.
35.Везикула-ефлоресценција исполнета со серозна ткивна течност.
36.Пустула- везикула исполнета со гној.
37.Краста-секуднарна ефлоресценција која настанува со сушење на
серум, крв, гној.
38.Цикатрикс(белег)-последица на новосоздадено сврзно ткиво каде што
бил разорен дел од епидермот.
39.Инкубација- стадиум на навлегување на микроорганизмите во човекот
до појава на првите клинички симптоми.
40.Иницијален стадиум-збир на некарактеристични симптоми кои со
едно име се викаат општ инфективен синдром.
41.Стадиум на развиена болест- се манифестира со специфични
симптоми.
42.Стадиум на регресија на болеста- симптомите го губат интензитетот
и се повлекуваат.
43.Стадиум на реконвалесценија- закрепнување на организмот.
44.Рекрудесценции- влошување на клиничките симптоми во регресијата.
45.Рецидиви- повторно јавување на симптомите во фаза на
реконвалесценија на болеста.
46.Егзацербација-повторно јавување на клиничките симптоми по
завршувањето на болеста.
47.Типични симптоми- патогномични, карактеристични симптоми за
одредена болест.
48.Атипични симптоми-се јавуваат при лесни клинички форми.
49.Инапарентни инфекции-еволуција на заразната болест без појава на
клинички симптоми.
50.Латентни инфекции- предизвикувачот е присутен во организмот но
не дава никакви симптоми.
51.Фудројантна клиничка слика- тешка клиничка слика
52.Рудиментација-болеста завршува во одреден клинички стадиум.
53.Специфична терапија- терапија која го уништува причинителот на
заразната болест.
54.Неспецифична терапија- терапија за одржување на кондицијата на
болниот.
55.Хемиотерапевтици- супстанции кои имаат антимикробно дејство кои
се користат за спречување и лечење на заразните болести.
56.Сулфонамиди-бактериостатски антимикробни средства за лекување на
бактериски и уринарни инфекции.
57.Антибиотици-хемиски соединенија од живи микроорганизми или
добиени по синтетски пат.
58.Антимикотици-лекови кои се користат за инфекции предизвикани од
габички.
59.Антивирусни средства-лекови со ограничена употреба кои се
користат како вирусостатици.
60.Серум- претставува течен дел од крвта кој што се добива спонтано со
згрутчување и одделување на корпускуларните делови на крвта.
61.Имуни серуми-содржат специфични антитела на одредени инфективни
агенси и се користат за лекување и пасивна заштите на експонираните
лица.
62.Вакцини- специфични антигени супстанции кои содржат живи,
ослабени (анеуирани), мртви микроорганизми или нивните токсоиди со
цел да се заштитат предиспонираните лица од соодветните заразни
болести.

Михаела Тодева III-2 м.с

You might also like