You are on page 1of 11

Вируси

Вирус
Вирус (од лат. virus - „токсин“ или „отров“) е
подмикроскопска честичка која не е способна да
расте и да се размножува надвор од клетката
 домаќин. Вирусите можат да ги инфицираат сите
животни форми, од животни и растенија до 
микроорганизми, вклучувајќи ги бактериите и 
археите.
Етимологија
Зборот вирус потекнува од латинскиот збор vīrus кој во превод значи отров,
смрдеа, слуз. Зборот има индоевропски корен кој е ист за: санскритскиот
 израз viṣa – отров, авестискиот израз vīša – отров, и старогрчкиот
 израѕ ἰός – отров.[10] Зборот, со ова значење, за првпат бил употребен на 
англиски јазик во 1398 година во преводот на Џон Тревиза на делото De
Proprietatibus Rerum од Бартоломеј Англински. Терминот вирулентен,
потекнува од латинскиот збор virulentus (отровен) и датира од околу 1400-
тата година.[11] Со значењето на „агенс кој предизвикува инфективно
заболување“ првпат се споменува во 1728 година,[10] многу пред откривањето
на вирусите од страна на рускиот ботаничар и еден од основачите на
вирологијата, Димитриј Ивановски, во 1892 година. Етимолошки се користат
уште и изведените изрази: придавката вирални, која е во употреба од 1948
година[12] и терминот virion (вирион) кој е во употреба од 1959 година[13] и се
користи да опише стабилна, инфективна вирална честичка која е ослободена
од клетка и е способна да инфицира друга истородна клетка.
ДНК вируси
Репликацијата на геномот на повеќето ДНК вируси се одвива
во јадрото на клетката. Доколку клетката има соодветен
рецептор на нејзината површина, овие вируси влегуваат во неа
или преку директна фузија со клеточната мембрана (на
пример, херпесвирус) или преку ендоцитоза посредувана од
рецепторот. Повеќето ДНК вируси се целосно зависни од
механизмите за синтезирање на ДНК и РНК молекулите во
клетките на домаќинот и механизмите за процесирање на РНК
молекулите. Вирусите со поголеми геноми можат да кодираат
голем дел од ензимите и протеините кои ја сочинуваат
транскрипционата и транслационата машинерија. Во
еукариотските клетки вирусниот геном мора прво да ја
премине јадрената мембрана за да дојде до ДНК на домаќинот.
РНК вируси
Кај нив репликацијата обично се случува во
цитоплазмата. РНК вирусите можат да се групираат во
четири различни групи во зависност од механизмот
на репликација. Поларноста (без разлика дали може
или не може директно да се користи од рибозомите за
синтеза на протеини) на вирусите со едноверижна
РНК во голема мера го одредува механизмот на
репликација; другиот критериум е дали генетскиот
материјал е едноверижна или двоверижна нуклеинска
киселина. Сите РНК вируси ги користат сопствените
РНК репликази за копирање на своите геноми.
Класификација
Ред (-virales)Фамилија (-viridae)
Потфамилија (-virinae)
 Род (-virus)
 Вид (-virus)
Историја на вирусите
 Почетоците на вирологијата се тесно поврзани со откривањето на бактериските филтри. 
Луј Пастер, не можејќи да го најде предизвикувачот на беснило, шпекулирал дека патогениот
агенс бил толку мал што не можел да се види со микроскоп.[15] Во 1884 година, францускиот
микробиолог Шарл Шамберлан ги пронашол филтрите од груб порцелан, денес познати како
Шамберланови или Пастер-Шамберланови филтри. Порите на овие филтри биле толку мали
што бактериите не можеле да поминат низ нив, така што филтерот целосно ги отстранувал
бактериите кои се наоѓале во растворот.[16] Овие филтри од порцелан и кременова земја
(инфузориска или дијатомејска земја) значително помогнале во откривање на вирусите,
дотогаш непознати причинители на неколку заразни болести. Во 1892 година, рускиот научник
Димитриј Јосифович Ивановски го искористил овој филтер за да го проучи вирусот на
мозаичната болест на тутунот. Неговите експерименти покажале дека екстрактите од
инфицирани листови на тутун остануваат заразни и по филтрацијата, а во филтратот не
можеле да се видат причинителите ни со тогашните најсовршени микроскопи.[16] Резултатите на
Ивановски ги потврдил холандскиот микробиолог Мартинус Бејеринк во 1898 година. Тој,
инфективните агенси кои поминувале низ филтрите, а не можеле да се видат под микроскоп,
но можеле да се размножуваат во клетки кои се делат, ги нарекол contagium vivum
fluidum (растворлив жив микроб) и повторно го вовел зборот вирус.[16] Бејеринк тврдел дека
вирусите се со течна природа, а неговата теорија многу подоцна била побиена од 
Вендел Стенли, кој докажал дека вирусите се честички. Во 1898 година, германските
бактериолози Фридрих Лефлер и Пол Фрош го откриле причинителот на шап и лигавка, без да
го набљудуваат со микроскоп.
Димитриј Јосифович
Ивановски, руски физиолог
и микробиолог,
основоположник на
вирологијата.
Изработка од Мирослав Илиевски II-2 БРОЈ 7

You might also like