You are on page 1of 7

Во првите мугри Енкиду му вели на

Гилгамеш : Сон сонив ноќва јас.


Тој во сонот раскажува повеќе случки.
Еа и шамаш се собраа на советување.
Ана му збори на Енлил : го прободија
небесниот бик, го убија и Хумбаба, поради
тоа што едниот од нив мора да умре.
А Енлил одговори вака : од двајцата Енкиду
треба да умре, Гилгамеш нека живее уште.
Гилгамеш се растажува и почнува да плаче за својот
другар Енкиду кој го сака како брат.
Енкиду вели : единствен мој брате, крв на крвта моја !
Ке тргнам кон дрхот на смртта, зад мене вратата
ќе се затвори и никогаш повеќе нема да те видам.
Потоа Гилгамеш го крева својот глас и му одговара :
зол дух ќе падне врс тебе, пријателе драг. Несреќа
ти досудија големите богови !
Лежи бидејки челото ти гори. Потоа Енкиду легна и
врела треска му ја зафати главата.
Енкиду почна да и зборува на капијата како на човек :
капијо од кедрови, двапати по дваесет часа сум
трчал да го изберам твоето дрво. Колкав пат и
страдање.
Прочуен мајстор вешто ја направи твојата брава.
Сепак кога би знаел, о врато дека ти ке бидеш мојата
пропаст, ќе те исечкав на илјада парчиња и ќе те
изгорев. Гилгамеш слушајки ги овие зборови му
прозборе на Енкиду : меѓу сите жители на
утврдениот и прочуен Урук, зошто токму главата
на кралот да ботее таква тешка клетва.
Енкиду почнува да го објаснува грозниот
сон на Гилгамеш.
Објаснува како орел со челични канџи го
зграпчува и го носи. Тој лета и паѓа по
некое време. Се буди исплашен и сонот по
некое време почнал да му се исполнува.
Енкиду лега единаесет дена изнемоштен и
потоа умира.

You might also like