You are on page 1of 1

Душевната тага на Гилгамеш – вознемиреност и страв 

 Јунакот на Сумерската епика – Гилгамеш бил цар, владетел, бог со човечки


белези и јунак со скршено срце. 
      Гилгамеш е историска личност кој ја почувствувал власта и убавината на
јуначките подвизи, ама не му било судено да биде бесмртем. Како цар имал
голема физичка сила, го угнетувал својот народ сè до оној момент кога се
сретнал со дивиот човек Енкиду. Тоа дружење го изменило неговиот див
карактер и тој се прочул со многу подвизи и добри дела. Со Енкиду Гилгамеш
ја извојувал најголемата победа во својот живот против чудовиштето Кумбабу,
кое било чувар на кедровата шума. Кога Енкиду умрел, Гилгамеш се оддал на
размислување за смислата на човековото постоење, за бесмртноста, за славата
и за тагата, Гилгамеш – човекот силник и похотник ја почувствувал болката и
радоста кога најмалку очекувал. Иако две третини бог тој е суден да ја носи
судбината на смртните да го одживее проклетството на боговите. Голема е
болката за загубниот пријател, од која осознава дека и најхрабрите јунаци не
се бесмртни. Затоа во страв и вознемиреност се прашува: „Зар и тој вака ќе
замине еден ден, и тој ќе умре, но кој ќе жали за него“. Гилгамеш со неизвес-
ност ќе тргне по трнливиот пат на пречки, искушенија и опасноста да ја бара
„трефката на вечноста “. Според него бесмртните човекови добри дела кои се
симбол на бедемите на градот Урук треба да го надживеат јунакот. Иако е
искрен во својата тага, тој е упорен во преголемата желба за „вечениот живот “.
Душевната тага на Гилгамеш прераснува во голема вознемиреност и страв. Не
може да се препознае храбриот ловец со наведната глава, уплашен, со душа
преполна јадови и заскитен поглед. Но тоа не е од страв туку од болка кон
изгубениот пријател и брад. Стравот од помислата за сопствената смрт е уште
потешка болка во душата на Гилгамеш. 
     Иако поминале илјадници години неговиот глас допира и до нас, искрено и
чисто поминувајќи низ дебелите слоеви на земјата, време и заборав. Преку
душевната тага на Гилгамеш откриваме едно вечно човечко чувство – тага по
изгубениот близок пријател, што секој човек во секое време го чувствува. 

You might also like