You are on page 1of 1

Гилгамеш владател, јунак и човек 

     Големата сила, моќ, надваласт не е се во животот. Пријателството и љубовта се оние кои ни


го прават секој ден весел и поисполнет со среќа. Па дури и еден полубог како што е Гилгамеш
има потреба од некој кој ќе биде постојано со него во добро и во лошо, а тоа е секако неговиот
најдобар пријател Енкиду. 

     Откако Енкиду ќе се појави, животот на Гилгамеш целосно ќе се промени. Најпрво гледаме


еден горд полубог кој буди стравопочит кај луѓето, кој има бескрајна сила и моќ. Истовремено
бил и тиранин, страсник и насилник, човек јунак, непокорник, но и злоделец. Нешто што ќе го
идигне човечкото над божеството. Наеднаш како да гледаме друга личност, личност која
чувствува љубов, среќа и болка, која би го дала својот живот за едно суштество кое што така
ненадејно се појави и му стана пројател. 
Гилгамеи Енкиду се претвараат во непобедливи јунаци кои се борат за доброто и среќата на
народот. Со заеднички сили го убиваат митолошкото чудовиште Хумбаба, грозниот чувар на
Кедровата гора, чудовиште кое не само на народот, туку и на боговите им носел неволји.
Храброста која што ја поседувале им дозволила да се спротивстават и на боговите, кои
одлучуваат за нивната судбина. Гилгамеш ја одбива љубовта на Иштар.Таа го испраќа
болшебниот небесен бик како казна. Јуначки со Енкиду повторно победуваат. Поминувајќи го
целото време заедно со Енкиду, ги делат моментите на борба и слава, едноставно не можат еден
без друг. 
Енкиду е смртник, еден ден ќе пристигне и неговата смрт... Ден на разделба кога Гилгамеш ќе
остане сам. Тој не може да ја поднесе огроманата болка. Човечкото во него се бунтува и неговата
душа не може да ја поднесе загубата, на некој кој оставил толку длабока трага во неговото
срце. 
Неговите чувства на очај и тага ја достигнуваат кулминацијата, посилни од него и воден од
истите тој тргнува во потрага по бесмртноста. 
Неможејќи да трпи тага и болка тој го минува целиот свет за да ја пронајде тајната со која ќе му
помогне да стане бесмртен. 

Неможејќи да се помири со својата следна загуба, тој ја сфатил целта на животот, односно
зборовите на богињата Иштар: 

„... Што ќе ти е тревката на бесмртноста? 


Врати се дома кај жената и децата. 
Направи ги задоволни 
и ти биди задоволен. 
Оди кај пријателите и направи ги среќни 
и ти биди среќен. 
А бесмртноста остави им ја на боговите...“ 

You might also like