Professional Documents
Culture Documents
Тематски е
поврзана со времето кога Грците ја започнале колонизацијата на островите
воЕгејско Море и на Мала Азија. Оваа колонизација била предизвикана од
зголемувањето на населението на Балканскиот Полуостров, кое почнало да
бара земји за населување и да ги напаѓа и ограбува соседите.
Содржинската основа на епопејата ја сочинуваат настани од времето
на Тројанската војна, што се случила во периодот од 13 век п.н.е. до 12 век
п.н.е. Според митот за Tројанската војна, Парис, синот
на тројанскиот цар Пријам, ја грабнал Eлена, жената
на спартанскиот царMенелај, и ја однел во родниот град Илион (Троја).
Сите грчки јунаци од одделните полиси на чело со Агамемнон, царот на
Арг, се кренале против ова нечесно дело на Парис за да му се одмаздат.
Така почнала војната што траела десет години. За заповедник на грчката
(ахајската) војска бил поставен Агамемнон. Настаните за кои се раскажува
во „Илијада” се случиле во последната, десетта година од војната,
односно се опева само 51 ден.[1] Илијада се смета за едно од најстарите
дела од западната литература зачувани до денес, а пишаната верзија
датира од околу осмиот век п.н.е.[2]
Кратка содржина
Аристократијата
На страниците на “Илијада“ се прикажани голем број личности. Повеќето
од нив се цареви, војсководци, богови, свештеници и ретко некој човек од
народот, како војникот Терсит. Хомеровите цареви (василевси) не се од
типот на европските монарси, тие се избрани водачи на племињата.
Општеството за кое раскажува Хомерсè уште не е класно општество. Тоа е
време кога се распаѓа родовското општествено уредување и се создаваат
робовладетелски односи. Хомеровите цареви се првите никулци на
робовладетелската аристократија. Тие се големци, горди луѓе, свесни за
својата моќ, бидејќи се израснати во битки за освојување туѓи територии.
Ропството на воените заробеници веќе била прифатена појава. Тие се
самоуверени и не признаваат друг суд, освен судот на својот меч.
Агамемнон, заповедникот на грчката флота, е горделив. Тој со презир го
истерува свештеникот Хрис, кога тој дошол да го моли да му ја врати
ќерката Хрисеида, која му припаднала како дел од пленот кога Ахајците го
зазеле градот Теба. Моќта ги прави многу надмени. Агамемнон не трпи
приговори ни од Ахил, најголемиот грчки јунак. Кога Ахил го убедува да ја
врати Хрисеида, за да престане поморот во грчката војска, тој се
согласил, но во замена му ја одзел робинката Брисеида, сакајќи на тој
начин да ја покаже својата надмоќ. Робовладетелската аристократија е
многу лакома за богатство. Ограбувањето било основна побуда при
водењето на војните. Тоа и ги довело под ѕидините на Илион (Троја). Тие
не се откажуваат лесно од пленот. Агамемнон кога е принуден да ја врати
Хрисеида го заплашува Ахила:
„Или пак ти да имаш дар, а јас овдека вака лишен да седам, штом мене
ми велиш неа да ја вратам? Но, ќе ми доделат дар Ахајците силни и смели
достоен, угледувајќи ми мене што срце ми сака; ако не дадат тие, јас
самиот можам да дојдам, твојот дар ил’ од Ајант, ил’ од Одисеј да го
земам и да го носам, а тој ќе се лути кај кого ќе дојдам.“
Во битките сите тие се храбри, тоа им е главната одлика. Освен јунаштвото
и физичката сила, што ги почитувале над сè, умееле да ја почитуваат и
мудроста нафилозофот, инспирацијата на поетот и ораторството на
ораторот. Богатиот живот и слободното време им овозмножиле да се
здобијат со естетски вкус и имале чувство за убавина и хармонија, кои
доаѓале до израз во изгледот на облеката и оружјето што го носеле. Дури
и штитот на Ахил, наменет пред сè за војување, бил украсен и
претставувал уметничко ремек-дело. Ја почитувале поезијата, поетот бил
неопходен украс на секоја гозба и го сметале за избраник на боговите.
Претставниците на грчката
аристократија Агамемнон, Менелај, Ахил, Диомед, браќата Ајанти, Одисеј и
други, биле со големи лични квалитети.
Боговите
Олимписките богови и божици се мешаат во голема мерка и имаат голема
улога во животот на луѓето. Во „Илијада“ боговите се прикажани со
карактери на луѓе: завидливи, љубоморни, подготвени за одмазда. Речиси
секоја акција во „Илијада“ е водена или предизвикана од боговите. Така,
на пример, по налог на Зевс, Хефестго кова чудесното оружје на Ахил со
кое тој излегува на бојното поле после смртта на Патрокле; а Хермес доцна
во ноќта го води кралот Пријам до шаторот на Ахил.
Стилот
Стилот во „Илијада“ е реалистички и испреплетен со фантастика. Хомер со
медицинска точност ги опишува местата на раните добиени во битките:
„...А синот Тидеев со раката грабна грамаден камен, што мажи не би могле
два да го носат, какви се луѓево сега, а оној и сам г’играл лесно со него
г’удрил Ајнеа по бедрото, каде што бутот внатре со колкот се врти, а
којшто го викаат чашка. Коската тој му ја скршил и обете жили ги скинал
каменот грубо му ја солупил кожата. Јунакот тогаш падна на колена в прав
и со силната рака ја фати земјата, црна пак ноќ му ги покрила обете очи.“
Реалистичкиот принцип предметите и појавите како и личностите да се
опишуваат во најситни подробности е присутен во сета епопеја.
Пластичноста нa описите се одликува со најпрецизна вистинитост. Штитот
на Ахил, што го исковал богот Хефест, со литографијата на него, е
опишан, во 130 стиха:
„Најпрвин почна штитот тој голем и јак да го прави вешто длабејќи го
сегде: наоколу сјаен му ковал триплочен раб, сиот светкав, а на него
сребрена рачка. Пет пак на самиот штит биле пластој, а врз него многу
мајсторско претставил дела со својата вештина вредна: земјата, морето и
небото тој г’изрезал згора, и неуморното сонце и таа Месечина полна уште
и ѕвездите сите што небото го накитуваат, тие Плејади, Хијади, и снажниот
онај Орион, и уште Мечката згора што Кола ја викаат други што се во
местото врти и спроти Ориона гледа“
Освен реалистичките описи се среќаваат и кога се опишуваат боговите.
Боговите имаат моќ да се преобразуваат во невидливи, во ликови на други
луѓе, во птици и растенија. Можеле да ги направат невидливи и луѓето
коишто ги штитат, ако се во опасност.[3] Божицата Артемида, кога
нејзиниот син Ехеј постоела опасност да загине во двобој, таа го обвила
во магла и го спасила. Бурата на небото е претставена вака:
„Страшно загрме Ѕевс од Ида и огнена искра фрли на небото страшно
загрме и гром страшен џитна на земјата пред нозете на коњите од Диомед
го џитна богот Зевс Страшен се крена пламен што вивна веднаш.“
Поетскиот јазик
Поетскиот јазик на Хомер е сликовит и богат со оригинални изразни
средства. За неговата сликовитост придонесуваат оригиналните епитети:
крилатни зборој, копитникоњи, гласовит борец, пресветлиот син,
зажарениот ветер и други. Особено се впечатливи сложените епитети:
брзоног Ахил, коњокротец Хектор, белолакта Андромаха, сјајноока Атина,
долгокоси тројки, многударовна жена, мажоморец Арес, далекуметна
Артемида, белоштитен јунак и други. Избројани се 153 куси и 197 развиени
споредби.[4] Хомеровите компарации најчесто се развиени во слика:
„Хектор се устреми ко орел од вишното небо, кога се урнува в поле низ
црните облаци долу, или за овчица тој, или плашливо зајаче да зграпчи,
така се впушти и Хектор мавтајќи со мечот свој остар.“
Контрастот и антитезата, што се среќаваат многу често, придонесуваат
читателот да ги открива расположенијата на ликовите, како во антитезата
кога Хектор прашува за Андромаха каде е:
„Ај, кажете ми мене по правина слугинки мои кај пошла од дома зар
Андромаха белолакта сега? Дали до своите золви и јатрви стокмени добро,
или до храмот Атенин си отишла, кај што и други многу краснокоси Тројки
ја молат божицата страшна. А домаќинката вредна му вратила збор и му
рекла: Хекторе кога ме прашаш по правина ќе ти кажам нито до своите
золви и јатрви стокмени добро нито до храмот Атенин си отиде, кај што и
други туку до велјата кула на Илион појде, штом дочу дека Тројанците
гинат од силната Ахајска војска.“
Втората одлика на стилот во „Илијада“ се честите архаизми, со кои се
добива свечен тон. Композицијата на „Илијада“ е сосем едноставна,
раскажувањето е спокојно и мирно, а на некои места со драматичност.
„Илијада“ содржински е целосно завршено дело. Целото дејствие се движи
околу гневот на Ахил и се развива во причинско-последична врска.
Во „Илијада“ за првпат се споменуваат географските поими кои и денес
постојат. Се споменуваат Пајонци, Пелагонците и реката Вардар (Аксиј).
Хомер ја опишува реката Вардар како „длабоковирна река, што со своите
води ја натопува земјата“, а Пајонците се „добри коњаници“ што се борат
со „долги копја“. Тие се борат на страната на Троја.
„Илијада“ на Хомер не ја читаме како соопштение за некој древен мит или
историска битка, туку како повест за јунакот и човекот Ахил со чии
чувства и гнев, тага и внатрешни судири, можеме да сочувствуваме, иако
сме далеку од јуначките сфаќања што ја определуваат неговата личност.
Судбината на Ахил и Хектор, судбината на убавата Елена и стариот Пријам,
се човечки судбини. И покрај херојските димензии на личностите, кога ја
читаме „Илијада“ се идентификуваме со нив, па и во митот и легендата
гледаме еден повисок одраз на животната реалност.