You are on page 1of 4

РАЗМНОЖУВАЊЕ НА РАСТЕНИЈАТА

Размножување или саморепродукција е едно од основните својства на сите живи


организми,со што се овозможува одржување на видот низ генерациите.
Со размножувањето од родителите настануваат нивни потомци слични помеѓу себе и со
своите родители.
Сите организми животот го почнуваат со една клетка.
ПОЛОВО РАЗМНОЖУВАЊЕ
Полово размножување се одвива при спојување на две полови клетки(гамети) и добивање
на зигот.
Половите клетки за разлика од телесните клетки имаат половичен број хромозоми и
настануваат при мејотична делба.
Кај растенијата женските гамети(јајце клетки) настануваат во архегониуми(женски органи).
Машките полови клетки(спермиуми) се формирааат во антеридиуми(машки органи).
Јајце клетките се големи и неподвижни,а машките се мали и подвижни.
ЕВОЛУЦИЈА НА ПОЛОВИОТ ПРОЦЕС
-Кај некои едноклеточни организми половите клетки не се разликуваат надворешно од
вегетативните клетки.
-Изогамија-кога половите клетки се разликуваат од вегетативните клетки,меѓутоа машките и
женските гамети се исти меѓусебно и се наречени изигамети.
-Анизогамија-кога гаметите морфолошки и физиолошки се разликуваат и едните се
микрогамети,а другите макрогамети. Сите се подвижни-анизогамети.
-Оогамија-кога јајце клетката е голема и неподвижна,а спермиумот е мал и подвижен-
оогамети.
-Коњугација
СМЕНА НА ГЕНЕРАЦИИ КАЈ РАСТЕНИЈАТА
Кај некои растенија застапено е бесполово и полово размножување,придружено со смена на
хаплоидна генерација или гаметофит наречена полова генерација со диплоидна генерација
или спорофит наречена бесполова генерација.
Во еволуцијата на растенијата има постепена редукција(скусување) на гаметофитната
генерација,а кај спорофитната генерација има прогресивен развиток.
Бесполово размножување
Кога еден организам потекнува од една или група телесни клетки на еден родителски
организам,велиме настанал по бесполов пат.
1.Со делба на матичната (мајчина) клетка при што се добиваат две нови клетки-кај
бактерии,алги и др.
2.Пупење кај квасните габи.
3.Размножување со спори кај алги,мовови и папрати.
Клонови-генетички идентични потомци добиени со бесполово размножување.
Бесполовото размножување кај растенијата може да биде од природен и вештачки
карактер.
1.Ако се случува природно,бесполовото размножување се нарекува вегетативно
размножување.
2.Вештачко бесполово размножување е кога човекот манипулира со процесот на
вегетативното размножување.Пример расадување на компири,лук,кромид,јагоди,винова
лоза,тоа значи со помош на вегетативни органи (метаморфозирани стебла,корења).
-Калемење е вештачки начин на бесполово размножување кај дрвенестите растенија.
НАДРАЗЛИВОСТ И ДВИЖЕЊА КАЈ РАСТЕНИЈАТА
Движењето е едно од основните својства на живите суштества. Разликите во процесите
на движењето меѓу растенијата и животните се последица во разликите во исхраната.
Според тоа, дали се движи целиот организам или само одделни органи се разликуваат
два типа движења кај растенијата:
1. локомоторни - Со локомоторното движење се поместува целиот организам при
што тој го менува просторот.
На пр. бактериите, модрозелените алги, дијатомеите, камшичестите алги, зооспорите на
габите и алгите и сперматозоидите на мововите, папратите и некои голосемени растенија.
Кај вишите растенија ваквите движења отсуствуваат.
Локомоторни движења се таксиите кои се предизвикани од некои надворешни дразби. Ако
движењето е кон изворот на дразбата, таксиите се позитивни, а ако движењето е во спротивна
насока од изворот на дразбата, таксиите се негативни. Пример:
а) фототаксии – се движења предизвикани од светлината
б) хемотаксии – се движења предизвикани од хемиски материи
в) хидротаксии – движења предизвикани од влага
Најмалото количество на одредена материја која предизвикува движење на соодветен
организам или клетка претставува праг на движењето.
2. органомоторни -Овие движења се карактериситични за вишите растенија, каде
одделни органи со движење заземаат соодветна положба во просторот за вршење одредена
функција. Тие движења можат да бидат:
- индуцирани (предизвикани)
- автономни (спонтани)
• ИНДУЦИРАНИ ДВИЖЕЊА- Овие движења се предизвикани од надворешни фактори на
средината како: температура, светлина, земјина тежа и др. од индуцираните движења
попознати се :
o Тропизми – индуцирани движења со кои органите се ориентираат во просторот
и заземаат најпогодна попложба, а се карактеризираат по тоа што движењата
се насочени кон изворот на дразбата. Такви се:
- геотропизам – движење условено од земјината тежа (гравитација). Пример –
никнење на семките од гравот.
- фототропизми – движења што се изведуваат со дразбите на светлината. Пример –
под дејство на светлината листовите се поставуваат во одредена положба во однос на
светлината.
- хемотропизми – движења на растителните органи под дејство на хемиски дразби.
Еден вид хемотропизам е аеротропизмот односно движење кон поголема концентрација
на кислород.
- хидротропизам – движење кон одредена концентрација на влага во почвата.
- тигмотропизам – движење под дејство на механички дразби.
o Настии – движења кои не настануваат како резултат на нееднаквиот растеж на
органите туку се одвиваат како резултат на нееднаквиот тургор на клетките.
Такви движења се:
- термонастии – движења предизвикани со промена на температурата. Пример –
цветањето на цветовите.
- фотонастии – движења предизвикани од варирањето на интензитетот на светлината.
Пример кај цветовите.
- никтинастии – движења карактеристични за листовите условени од дневно ноќната
ритмика.
- сеизмонастии – движења предизвикани со допир. Пример кај мимозата и
инсектојадните растенија.
• АВТОНОМНИ- Тоа се движења кои не зависат од надворешните услови и се јавуваат
како резултат на растење или промена на тургорот. Такви се:
o Нутации – движења кои се јавуваат како резултат на нееднаквото растење на
органите од сите страни. Пример такви се циркумнутациите, карактеристични
за стеблото на увивните растенија (увивни растенија се оние кои што се виткаат
околу други стебла)
o Варијациски движења – движења кои се јавуваат како последица на промена
на тургорот.

РАСТЕЊЕ НА РАСТЕНИЈАТА
Растењето на растителните органи и на целото растение настанува како резултат на растење и
размножување на клетките,со што се зголемува волуменот на растителните клетки.
Фази на растење:
1.Фаза на делби-способноста за делба ја задржуваат клетките на меристемското ткиво од кое
се диференцираат сите други ткива(кај коренот и стеблото).
2.Фаза на издолжување-клетките завршуваат со делба и почнуваат да се формираат вакуоли.
3.Фаза на диференцирање-клетките добиваат конечен облик и градба и преземаат одредена
функција.
РАЗВИТОК НА РАСТЕНИЈАТА
При развитокот настенуваат морфолошки промени кои доведуваат до појава на нови структури
во клетката и нови органи на растението.
Фази на развитокот:
1.Ембрионален развиток-започнува по делбите на зиготот,при што се формира
ембрион,котиледони,зачетоци на коренче,стебленце и листови и ендосперм кој се формирал
пред оформување на ембрионот.Ембрионот и ендоспермот се заштитени со семена
обвивка.стр.242 слика6.5
2.Постембрионален развиток-процес на развиток на ембрионот(никулецот) во нова единка.Се
одвива во следниве стадиуми:
-’Ртење на никулецот-сложени биохемиски процеси,зголемена митотична активност со што се
зголемуваат деловите на никулецот во семето.
-Вегетативен стадиум-се формираат вегетативни органи котен,стебло и листови.
-Репродуктивен стадиум-се формираат репродуктивни органи цвет,плод и семе.
Фактори потребни за преминување на растенијата од вегетативен во репродуктивен
стадиум:
јаровизација-Ј-третман на ниска температура во фазата на ‘ртење.
-Фотопериодизам-интензитет и времетраење на осветлувањето.Според тоа растенијата се
поделени на:фотопериодиски неутрални,растенија со кус ден и растенија со долг ден.
РАСТИТЕЛНИ ХОРМОНИ-(ФИТОХОРМОНИ):
Во растителниот организам се создаваат органски материи, кои иако се во мали количини го
поттикнуваат или инхибираат растењето и развитокот на растението и се наречени регулатори
на растењето и развитокот или фитохормони.Такви се:
1.Ауксини-се наоѓаат на ткивото на врвовите со кои растат стеблата, листовите и коренот и во
семеновите зачетоци на плодникот.Поттикнуваат формирање на адвентивни
корења,образување на плод и синхронизирано созревање и опаѓање на плодовите.
2.Гиберилини-влијаат врз никнењето на семато,на издолжувањето на стеблото и се
регулатори на цветање и плодоносење.
3.Цитокинини-поттикнуваат цитокинеза(делба на цитоплазмата),ја регулираат делбата,
растењето и диференцирањето на клетката. на клетката.
4.Етилен-тоа е гас кој се ослободува од зрелите плодови и предизвикува зреење на соседните
плодови.
5.Апсцисинска киселина-за разлика од предходните овој хормон дејствува инхибиторно врз
процесот на растење.
6.Ретарданти-материи кои го забавуваат растењето на растенијата,никнењето на семките и
др.физиолошки процеси.
СТАРЕЕЊЕ НА РАСТЕНИЈАТА
Кај едноклеточните организми стареење се манифестира кога во животната средина се
натрупуваат токсини и тие ја губат способноста за делба и изумираат.
Кај многугодишните организми кои имаат специјализирани ткива за вршење на одредна
функција, по извесен период на активно функционирање стареат и умираат.Пример-отпаѓање
на листовите,созревање на плодовите,изумирање на надземните делови кај некои
растенија,развиток на туморални клетки.Сето тоа е условено од промените во количеството на
растителните хормони во текот на животот на растението.

You might also like