You are on page 1of 14

МЕНСТРУАЛЕН ЦИКЛУС

Ментор: Стојкица Тонева Ефремова


Изработил: Андреа Петрова IV-1
ШТО Е МЕНСТРУАЛЕН ЦИКЛУС?

• Под менструален циклус се подразбираат


сите циклични промени кои настануваат во
организмот на жената, сметано од првиот
ден на претходната до првиот ден на
наредната менструација. Нормално кај
повеќето жени, менструалниот циклус трае
28 дена, но од 24-35 се смета за
физиолошки. Цикличните промени се на
гениталните органи –овариуми, тубите,
вагината и на екстрагениталните-
дојки,црева, метаболизам на соли и вода.
ШТО Е МЕНСТРУАЦИЈА?

• Менструацијата е само една фаза од


менструалниот циклус. Првата
менструација е наречена menarche.
Нејзиното појавување зависи од
повеќе фактори како: работата на
штитната жлезда, хормонот за раст,
начинот на исхрана, климатски
услови, болести и др. Најчесто
првата менструација е на 11та или
13та година, а за нормално се смета
во граници од 10-16 годишна возраст.
• Првата менструација го означува и почетокот на
овулацијата во женското тело и е знак дека жената
може да забремени. Ако жената не забремени
ендометриумот и неоплодената јајце-клетка се
одделуваат од матката, се распаѓаат и ја напуштаат
матката во форма на менструално крвавење, кое
минува низ грлото на матката и вагината.
МЕНСТРУАЛЕН ИСЦЕДОК

• Месечно крварење или менструација значи


крварење од матката кое најчесто трае од 3-
5 дена , најмногу 7 дена. Менструацијата е
всушност пометнување на неоплодена јајце
клетка. Просечното количество на изгубена
крв изнесува од 30-180, а просечно од 50-
80мл. Менструалната крв е темна, не е
засирена и е помешана со слуз. Освен крв,
менструалниот исцедок содржи слуз,
парчиња од ендометриум, плочест епител,
вода, бактерии.
Менструација што трае помалку
од 3 дена и е оскудна по количина HYPOMENORRHOE
A

Менструација што трае подолго HYPERMENORRHOE


од 7 дена и е обилна по количина AMENORRHAGIA
ТЕГОБИ ЗА ВРЕМЕ
НА МЕНСТРУАЦИЈА

• Жената во времето на менструацијата може да


има различни субјективни тегоби: чувство и
тежина во карлицата, долниот абдомен, болка
во крстот, тежина и напнатост во дојките,
надразнување на мочен меур со често
мокрење, мачнина и грчеви во стомакот,
диспепсија, проливи.. Кај некој има и промена
во расположението цо смисла на депресија,
раздразливост. Некои жени имаат и
главоболка,несвестица,. Кај повеќето жени
тегобите се незначителни. Седиментацијата на
крвта е повисока, а бројот на леукоцити
намален.
ПРОМЕНИ НА ЕНДОМЕТРИУМОТ ВО
ТЕКОТ НА МЕНСТРУАЛНИОТ ЦИКЛУС

• - ФАЗА НА МЕНСТРУАЦИЈА –површинскиот слој на ендометриумот недостасува, тој е


излупен, ендометриумот е низок, крвните садови се отворени, постои крварење. Овсаа
фаза трае 3-7 дена.
• - ФАЗА НА РЕГЕНЕРАЦИЈА- трае неколку дена до 7 или 8 ден од циклусот. Овде има
регенерација на ендометриумот. Се обновува во целост, ја покрива празнината на матката,
но е тенок.
• - ФАЗА НА ПРОЛИФЕРАЦИЈА- од 7-14 ден на циклусот, до овулацијата. Ендометриумот
под дејство на естрогените станува подебел, жлездите на ендометриумот се продолжуваат,
а клетките на жлездите се цилиндрични. Васкуларизацијата е засилена.
• - ФАЗА НА СЕКРЦИЈА- Трае од овулацијата до наредната менструација. Ендометриумот
е под дејство на естрогените и прогестеронот. Во шуплините на жлездите кои се сега
назабени и силно искривени се насобира слуз, гликоген, маст. Ендометриумот е сосема
подготвен да го прими оплоденото јајце.
ОВУЛАЦИЈА

• Овулација е процесот во менструалниот циклус со кој зрелата фоликула


пука и исфрла јајце-клетка во јајцеводот. Кај жените, процесот на
овулација е контролиран од хипоталамусот на мозокот преку
ослободувањето на хормоните кои се лачат во предниот резен на
питуитарната жлезда, познат како лутеинизирачки хормон (ЛХ) и
фоликулно-стимулирачки хормон (ФСХ). Во фоликуларната пред-
овулациона фаза на менструалниот циклус, фоликулата во јајникот
претрпува низа трансформации предизвикани од ФСХ, од кои главно е
зголемувањето. После тоа, се формира отвор во фоликулата и јајце-
клетката излегува низ тој отвор. Овулацијата е предизвикана од скок на
количините на ФСХ и ЛХ кои се ослободуваат од питуитарната жлезда. Во
текот на пост-овулаторната фаза, јајце клетката патува низ јајцеводите кон
матката. Ако јајце клетката се оплоди од сперматозоиди, таа може да се
всади во ѕидот од матката во текот на следните 6-12 дена.
КОР ЕЛАЦИЈА ПОМЕ ЃУ П ОЕД ИНИ ФАЗИ ОД МЕНСТРУА ЛНИОТ
ЦИКЛУС НА ОВАР ИУМИ ТЕ И Е НДОМЕТРИУМОТ

• Од 1-14 ден на менструалниот циклус се одигруваат синхроно- истовремено


во овариумите фаза на созревање на фоликулите ои лачат есторгени хормони
и е наречена ФОЛИКУЛАРНА ФАЗА. Во исто време ендометриумот
пролиферира до 14 ден и е наречена пролиферативна фаза на
ендометриумот. Фоликуларната фаза во овариумот одговара на
пролиферативната фаза на ендометриумот.
• Од 14-28 ден во овариумите има лачење на прогестерон од жолтото тело и
затоа е наречена ЛУТЕИНСКА ФАЗА, а во ендометриумот се одигрува
секреција на ендометријалните жлезди и затоа е наречена секреторна фаза.
Секреторната фаза и лутеинската ја има само кај жени кој имале овулација.
ПЛОДНИ ДЕНОВИ
• Најплодниот период (периодот, за време на кој што се најголеми шансите за настанок на бременост
како резултат на сексуален однос) трае отприлика од 5 дена пред овулацијата до 1 или 2 дена по
неа. Ако се работи за просечен менструален циклус од 28 дена со лутеинска фаза од 14 дена, овој
период одговара на втората и почетокот на третата недела. Но мал број циклуси се токму како
просечниот. Постојат разновидни методи, кои се развиле за да им помогнат на жените да проценат
кои се нивните релативно плодни, а кои нивните релативно неплодни денови од циклусот што се
викаат системи за проценка на плодните денови.
• Жената за време на меструацијата треба
да биде ослободена од тежок физички
напор и психички напор. Сексуалниот
однос треба да се изостави. Не се
препорачува внесување на тампоним
поради насобирање на крв и можност за
инфекција поради задршката и
воспоставување на внатрешните
генитални органи. Се користи стерилна
влошка. За време на крварењето жената
не треба да користи алкохол и
презачинета храна бидејќи тоа може да го
зголеми крварењето.

You might also like