You are on page 1of 9

Промени во телото на

жената за време на
цуклусот
Различното ниво на половите хормони во телото на жената
условува низа промени. Прогестеронот, кој се создава само во
фазата на жолтото тело, по овулацијата, влијае на
терморегулаторниот центар во меѓумозокот.
Во времето кога нивото на половите хормони (естрогените и прогестеронот) во
организмот највисоко, се насобира поголемо количество течност во
организмот.
Жената пред менстуацијата може да биде за 1-2kg потешка. Дојките се
поцврсти, брадавиците болно почуствителни, перисталтиката на цревата е
потрома, надуеност на мевот. Доколку овие промени се посилно изразени,
зборуваме за предменструациска напнатост (предменструална тензија).
Поради променетата хормонска состојба понекогаш постојат и промени во
психичката состојба, раздразливост, притиснатост, кои се последица на
промените во тонусот на нервниот систем.
Промени на ендометриумот во текот
на менструалниот циклус
1. Фаза на менстуација- површинкиот слој на ендометриумот е излупен, низок, крвните
садови се отворени, постои краврење (menses).
2. Фаза на регенерација- трае неколку дена (до 7-от или 8-от ден од циклусот), во текот на
кои ендометриумот регенерира, во целост ја покрива празнината на матката, но е тенок.
3. Фаза на пролиферација- од 7-от до 14-от ден на циклусот, т.е пред овулацијата.
Ендометриумот под дејство на естрогените станува подебел.
4. Фаза на секреција- трае од овулацијата до наредната менструација. Ендометриумот е
под дејство на естрогените и прогестеронот. Во шуплината на жлезидте се насобира слуз,
гликоген и маст. Пред менструацијата клетките на стромата стануваат големи и светли.
Корелација меѓу поедините фази од менструалнио
циклус на овариумте и ендометриумот
Во I-та фаза (1 до 14 ден) на циклусот во
овариумите има фаза на созревање на
фоликулите кои лачат естрогени хормони и е
наречена фоликуларна фаза. Во исто време
ендометриумот расте, пролиферира до 14-от ден
и е наречена пролиферативна фаза на
ендометриумот.
Во II-та фаза (14 до 28 ден) во овариумите се
лачи прогестерон од corpus luteum и е наречена
лутеинска фаза, а во ендометриумот има
секреција на ендометријалните жлезди и се вика
секреторна фаза.
Ана Сламкова

You might also like