Физиологија на полови жлезди фармац

You might also like

You are on page 1of 2

Физиологија на машки полови жлезди

Почнувајќи од десетата година од животот хипофизата започнува лачење на гонадотропни


хормони со што започнува функционална активност на половите жлезди.Машко дете полна
полова зрелост ја постигнува во период на пубертетот.Пред пубертетот ,со сегашните
биолошки методи не е откриено присуство на гонадотропните хормони во урината.
Фоликулостимулирачкиот хормон FSH што го лачи аденохипофизата,дејствува врз
герминативниот епител на семените каналчиња и го регулира процесот на
сперматогенеза.Хормонот на аденохипофизата што ги стимулира интерстицијалните
клетки во тестисите ,предизвикува лачење на машки или андрогени хормони и сосема
мали количини на женски полови хормони (естрогени).Тестисот лачи многу повеќе
андрогени хормони ,а највеќе тестостерон кој има и најсилно физиолошко дејство во
организмот.Еден мал дел (околу 5%)од вкупната количина на излачен тестостерон во
организмот го лачи кората на надбубрежните жлезди.
Сите андрогени хормони спаѓаат во групата на стероидни хормони.Основен продукт од кој
тие се создаваат е холестерин.Во крвта тестостеронот се врзува еден бета -
глобулин.Разградувањето на тестостеронот во организмот главно се врши во хепарот при
што се создаваат 17-котостероиди.Тие потоа се врзуваат со гликокоронидите и сулфатите
и како такви се исфрлаат со урината.
Дејство на тестостеронот во интраутериниот период:Мали количини на тестостеронот
што се лачи во тестисите во тек на интраутериниот период се одговорни за развиток на
машки полови органи ,за развиток на простатата,полови меурчиња и половите
канали.Тестостеронот е одговорен и за спуштање на тестисите од абдоминалната
празнина во мадното ќесе .
Дејство на тестостеронот кај деца и возрасни :Тестостеронот во организмот обезбедува
нормален развој и функционирање на половит органи ,појава на секундарни полови белези
кај машките ,нормално одвивање на сперматогенезата и засилување на анаболните
процеси во организмот (ја стимулира синтезата и истовремено ја успорува разградбата на
протеините во организмот)
Влијание на примарните полови белези: Машкиот полов орган и скротумот со тестисите
се зголемуваат под влијание на тестостеронот.

Влијание врз секундарните полови белези


Растење и распоред на влакната -растење на брада и мустаќи,растење на влакна под
пазувите,растење на влакна во пределот на пубисот од машки тип (влакната растат кон
папокот ),растење на влакна по телото.
Ќелавост доколку се лачат поголеми количини на тестостеронот и доколку постои генетска
предиспозиција се јавува ќелавост.
Влијание врз гласот -поради растење на гркланот и задебелување на лигавицата на
гласните жици ,гласот мутира и станува длабок ,типично машки.
Други својства на тестостеронот -има влијание врз процесите на растењето.Во
предпубертетниот период годишен прираст во висина изнесува 5 см во просек ,а во
периодот на пубертет 7,5 см.
Во периодот на пубертетот и 4-5 години по него се забележува зголемување на простатата
и семените ќеси.Се забележуваат и психички промени .Тие се манифестираат главно преку
зголемена активност и самоувереност,се јавува либидо (лат.libido-сексуална страст)и
сексуална потентност (способност за оплодување )
Анаболното дејство на тестостеронот во периодот на пубертетот и по него го стимулира
протеинскиот метаболизам и доведува до зголемување на мускулната маса кај
мажите.Тестостеронот дејствува и врз метаболизмот на коските.Лачењето на големи
количини тестостерон кај дете кое расте,го забрзува растењето ,меѓутоа,тој го забрзува и
процесот на сраснување на диафизита со епифизите што во крајна линија не дозволува
човек да израсне онолку колку што ,можел ,кога не би се лачел тестостеронот.
Кај деца кај кои пубертетот доаѓа порано,порано завршува и процесот на растење и
обратно.Поголем број на еритроцитите кај машките се објаснува со дејствувањето на
тестостеронот врз метаболитичките функции во организмот.
Појава на пубертет се должи на дејството на половите хормони.Доколку пубертетот се
случи порано отколку што е нормално ,тогаш станува збор за ран пубертет.Ако се појави
подоцна ,тогаш станува збор за задоцнет пубертет.Со инволуција на машките полови
жлезди се гаси и половата активност и овој период од животот се нарекува машки
климактериум.
Хипофункција на машки полов жлезди – хипогонадизам- Доколку во време на пубертет
не дојде до лачење на машки полови хормони ,тогаш,секундарните полови белези нема да
се јават ,а половите органи ќе останат неразвиени.(инфантилни).Поради отсуство на
тестостеронот процесот на растењето трае долго што на телото му дава типичен
евнуховиден изглед.
Регулација на концентрација на андрогени хормони во крвта-регулацијата на машките
полови хормони во организмот се одвива по пат на негативна повратна врска .Покачената
концентрација на андрогените хормони во крвта дејствува инхибиторно врз секрецијата на
гонадотропните хормони од страна на аденохипофизата.Ова свое инхибиторно
дејство ,андрогените го вршат преку хипоталамусот успорувајќи го ослободувањето на т.н.
Releasing хормони.

You might also like