You are on page 1of 7

Тумори на хипофиза

Тамара Ѓорѓиевска
Што е хипофиза
• Хипофизата е жлезда со големина на грашок,
која е лоцирана на базата на черепот (под
мозокот) и веднаш позади коренот на носот. Таа
е безбедно сместена во коскена шуплина
наречена sella turcica, а со хипоталамусот (дел
од мозокот) е поврзана преку тенка петелка.
Хипофизата уште се нарекува и главна жлезда,
затоа што таа практично преку секреција на
хормони го контролира метаболизмот, растот,
сексуалното созревање (влегување во
пубертет), репродукцијата, крвниот притисок и
други витални физиолшки процеси и функции.
• Најчестиот вид на нарушување на хипофизата е
вообичаено бениген тумор – аденом. Покрај
Нарушувања аденомите, некои од почестите состојби се и
Краниофарингеом, Синдром на празно седло
на хипофиза (Empty sella syndrome), Синдром на Шихан,
Мултипла ендокрина неоплазија, Лимфоцитен
хипофизитис,
Бенигни тумори на хипофиза (аденоми)
• Овие тумори се прилично чести кај возрасната популација, уште се
нарекуваат и аденоми, а не претставуваат тумори на
мозокот! Многу често овие аденоми постојат долги години пред да се
дијагностицираат, а некои од нив никогаш нема да предизвикаат
симптоми и ќе останат неоткриени. Постојат два вида на аденоми на
хипозифата – функционални и нефункфионални. Функционалните
произведуваат зголемено (најчесто ексцесно) количество на еден или
повеќе хормони, додека нефункционалните не произведуваат хормони.
• Проблемите кои ги создаваат аденомите на хипофиза најчесто се делат
во три групи:
• Хиперсекреција на хормони – кога еден или повеќе хормони се
создаваат во огромни количества, тука станува збор за функционален
аденом.
• Дефицит на хормони – недоволното лачење или целосен недостаток на
одреден хормон е предизвикано од голем аденом на хипофизата кој го
притиска здравото хипофизно ткиво и со тоа влијае на способноста на
жлездата да лачи хормони.
• Мас ефекти на тумор – се случува кога аденомот на хипофизата
неконтролирано расте и ги притиска околните структури на мозокот и
може да предизвика главоболки и нарушувања на видот
• Кои се симптомите на тумори на хипофизата?
• Симптомите предизвикани од тумор на хипофизата варираат во
зависност од големината на туморот и евентуалната секреција на
хормони. Листата на можни симптоми е навистина долга, а може
да вклучи: главоболки, нарушен вид, замор, вртоглавици,
нерегуларен менструален циклус кај жените, сексуална
дисфункција кај мажите. Специфичните симптоми кои зависат од
вишокот на хормони кои се лачат се уникатни и лесно
препознатливи од страна на ендокринолозите.
• Кој е третманот за тумори на • Како се дијагностицираат
хипофиза? тумори на хипофиза?
• Третманот зависи од видот на туморот,
неговата големина, симптомите кои ги • Откако ќе ги наведете
предизвикува, како и возраста и симптомите, вашиот
општата здравствена состојба на ендокринолог ќе ги назначи
пациентот. Вашиот ендокринолог ќе ги соодветните хормонски
земе во предвид сите овие аспекти и испитувања. Потоа назначува и
заедно со вас ќе ја донесе правилната
одлука и ќе го избере соодветниот магнетна резонанца (МР) на
третман. хипофизата со цел да се направи
целосна евалуација на жлездата.
БЛАГОДАРАМ НА
ВНИМАНИЕТО

You might also like