You are on page 1of 11

Влијанието на

наркотиците
Изработиле:Теодора Матеска
Никола Гостовиќ
Мартин Ѓорѓиоски
Анастасија Наумческа
Михаела Војновска
Ристе Брчиоски
Ефто Лазарески
Што се наркотици?

• Дрога — природна или синтетичка хемиска супстанција која влијае на


физиолошките и психичките (интелектуални, емоционални, мотивациони) функции.
Повеќекратна употреба води кон навикнување или (психичка и/или физичка) 
зависност. Земањето на некои дроги (хероин, крек, кокаин) брзо предизвикува 
зависност, а наглото прекинување на нивната употреба предизвикува појава на
апстиненцијален синдром.
• Според Светската здравствена организција, дрога е „секоја супстанција, која е во
состојба да, кога ќе се најде во жив организам, модификува една или повеќе
негови функции и да по повторната употреба предизвика психичка или физичка
зависност“. Дрогите главно делуваат на вегетативниот нервен систем.
• Многу денешни дроги низ историјата се користеле како лекови (хероин, марихуана
, хашиш, кокаин). Сумерите, Кинезите, Ацтеките и други народи користеле опиум,
кокаин и халуциногени габи за отстранување на болки, зголемување на физичката
издржливост на воините, како и во религиозни и други слични цели.
Што е наркоман и што претставува
наркоманијата?

• Наркоман е лице зависно од дрога.


• Наркоманијата се смета како ментално-хигиенски и општествен
проблем. Денес луѓе лаици и недоволно информирани мислат дека
земањето дрога е мода или болест на современото човештво, што е
многу погрешно. Денес изборот на дрога е многу голем, а и бројот
на оние кои ја консумираат е многу голем. Поради постојаното
земање изложени се на хронично труење, бидејќи тоа е супстанција
туѓа за организмот на човекот. Во почетокот земањето дрога не
претставува трајна физичка и психичка зависност, но подоцна
влегува во метаболизмот на клетките и без неа не може да живее.
Што е апстиненцијална криза?

• Доколку се прекине внесувањето дрога, се јавува апститенцијална


криза.Кризата може да се јави по 8 до 12 часа, а се карактеризира
со:нервоза ,главоболка,грчеви во мускулите,премор,
бессоница,гадење,повраќање и проливи,топли и студени бранови, забрзано
дишење, брзо намалување на крвниот притисок и однесувањето.По 36 до 72
часа се јавуваат халуцинација, силна вознемиреност, проследена со
исцрпеност.
• Постојат два типа на зависност:
-Психичка зависност е појава на чувство кое го менува расположението
на човекот.
-Физичка зависност е појава која побудува болка во организмот на човекот, а
се јавува по престанувањето на дејството на дрогата , односно недостаток на
дрога во организмот кој веќе е навикнат на тоа.
Видови дрога
• Светска здравствена организација ја дава следната поделба на психоактивните дроги:
• алкохол (алкохолни пијалоци и коктели)
• амфетамини
• барбитурати, хипнотици, седативи, транквилизанти
• халуциногени (ЛСД, мескалин, псилоцибин и др.)
• коноп (марихуана, ганџа и хашиш)
• кокаин (чиста материја и листови на растението кока)
• опијати (сиров опиум, хероин, морфиум, кодеин, синтетичкиот препарат метадон и петантин)
• испарливи средства и лекови богати со органски растворувачи (ацетон, гасолин, етер, хлороформ...)
• дроги карактеристични за поедини региони или нови дроги (крек, екстаза...)
• Според начинот на кој дрогите се третираат во законските одредби, можат да се поделат на легални и илегални. Во легални
дроги спаѓаат алкохолот и никотинот, како и многу лекови (пр. лекови за смирување, против болка, за спиење).
• Според психоактивните ефекти дрогите можат да се поделат во три групи: психодепресори, психостимулатори и халуциногени.
• Според зависноста дрогите се делат на тешки (опиум, морфиум, кодеин, хероин, кокаин, амфетамин...) и лесни (марихуана,
хашиш, псилоцибин, мескалин).
• Постоајт и два видови на дроги : оние кој дејствуваат депресивно и оние кој дејстуваат стимулативно.Некои од нив го
стимулираат централниот нервен систем т.е ја зголемуваат неговата будност(амфитамин,кокаин,екстази), додека
(хероинот,морфиумот и седативите) ја забрзуваат работата на нервниот систем.
Потекло на дрогата

• Во 1500 год. п.н.е. Хипократ го споменува опиумот , како прв познат


наркотик.Славните морепловци:Васко де Гама, Марко Поло,Кристифер
Колумбо и др. враќајки се од прекуокеанските патувања, ја збогатиле
Европа со некои видови дрога.
• Во древните пишани споменици на старите народи се зборува за
религијата и за филозофските сфаќања на животот, за здравјето и
смртта , но и за човековите потреби , за промената на свеста за светот
на соништата и сл. Пронајдени се лекарски прецепти кои сведочат за
потребите на човекот , за победата на болката и за еликсирот на вечна
младост.
• Се ова укажува дека дрогата има дамнешно потекло.
Како изгледа еден зависник од дрога?

• Нашата социо-култуна средина не е имуна на различни влијанија од


надвор, така што ниту на проблемот со дрогата.
• Децата чии организам е постојано зависен од дрога , често се дружат со
другари кои се еднакви, исти на нив. Тие позајмуваат пари или пак
крадат. Се задолжуваат , изостануваат од училиште , непослушно и
агресивно се однесуваат , расеани се , заборавени , крадливци и
препродавачи , интровертни и неконтактибилни.
• Кај нив спиењето е нарушено , односно легнуваат многу доцна.Пијат
многу зашеќерено кафе . Нивниот физички изглед се менува ,имаат
подуени и влажни очи , со широко отворени зеници, поради што и носат
темни очила.Сите овие симптоми можат многу јасно да се препознаат .
Основни принципи, организација на
лекување и рехабилитација
• Лекувањето на наркоманите е тешко и долго. Околу 90% лекувани наркомани во рок од 6 месеци
повторно и се враќаат на дрогата. Постојат два вида наркомани кои се лекуваат:
• едни се принудени да дојдат и кај нив ефектот е мал
• вторите се оние кои доброволно доаѓаат и кај нив ефектот е подобар.
• Во современата концепција кај спречувањето на наркоманијата постои:
• рано откривање на лицата наркомани
• лекување на заболените
• спречување на илегално ширење на дрогата
• прекинување на веригата за внесување дрога од надвор
• спречување секакво производство на дрога во нашава земја
• поголема контрола на лицата кои се задолжени за наркотичните средства
• строго почитување на пропишаните норми за наркотични средства.
• Во спротивно, строго спроведување на казнените мерки, се во интерес на менталното и
телесното здравје на човекот
Рана превенција

• Училиштето е значајна алка во синџирот на субјектите кои


треба да учествуваат во превенцијата на наркоманијата.Тие
треба да учествуваат во превенцијата на наркоманијата. Треба
да се поттикнува зачленувањето и активното учпество во
активностите на невладините организации за борба против
зависностите.
• Програмата на училиштето треба да има превентивен карактер,
доколку таа е правилно поставена , ако учењето и работата
имаат творечки карактер.Тоа значи да се посвети внимание не
само на образовниот , туку и на воспитно-педагошкиот процес.
Препораки и превенција

• Препораки:
• Водењето здрав живот бара донесување на правилен избор во интерес на здравјето.
• На младите треба да им се дадат точни податоци за дрогите и ризиците поврзани со употребата
на илегални дроги.
• Добрите семејни односи претставуваат најсилен заштитен фактор за превенција на употреба на
дроги кај младите, превенција на деликвенција и ризичен секс. Блискиот однос меѓу
родителите и децата, заеднички поминатото време, следењето на децата од страна на
родителите, изразувањето на љубовта кон децата, но и почитувањето на правилата и
поставувањето граници (дисциплина) се значајни во градењето на здрава и силна личност и
превенција на употреба на дроги.
• Решавањето на проблемот на употреба на дроги бара учество на многу чинители
(мултисекторски пристап), тргнувајќи од семејството, институциите и пошироката заедница.
• Превентивните активности треба да се спроведуваат плански, континуирано, во согласност со
целните групи и потребите, и да бидат базирани на добра пракса.
• Посебно внимание треба да се посвети на третманот на лица кои употебуваат дрога, како и
намалувањето на стигмата и дискриминацијата. Зависноста од дрога претставува хронична
(долготрајна, повторувачка) болест и како таква треба да се третира.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ВНИМАНИЕТО!

You might also like